кривогаштани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivogashtani/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 09:25:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кривогаштани Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivogashtani/ 32 32 СДСМ: Запалено возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sdsm-zapaleno-voziloto-na-pretsedatelot-na-opshtinskata-organizatsija-krivogashtani/ Sat, 23 Nov 2024 09:38:16 +0000 https://republika.mk/?p=841035

СДСМ денеска информираше дека е запалено возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски и бара Министерството за внатрешни работи и сите останати надлежни институции веднаш да постапат и да ги пронајдат сторителите.

Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците. Во изминатиот период имаше серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци. Мора да има одговорност. Неприфатливо е ова насилство кое почнува да царува низ улиците само заради неспособноста на МВР да ја гарантира безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.

The post СДСМ: Запалено возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани appeared first on Република.

]]>

Николоски: На овој голем празник траат активностите на патот Кривогаштани – Крушево, борбата трае, да е вечна Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-na-ovoj-golem-praznik-traat-aktivnostite-na-patot-krivogashtani-krushevo-borbata-trae-da-e-vechna-makedonija/ Fri, 02 Aug 2024 10:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=802609

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати честитка по повод 2 Август, Илинден - Денот на Републиката.

На својот фејсбук профил покрај честитката министерот Николоски објави и видео од градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Кривогаштани -Крушево.

За многу години Илинден!

Добро утро на овој голем празник со ова видео од активностите на патот Кривогаштани - Крушево на кој се работи во моментов.

Борбата трае!

Да е вечна Македонија!, се вели во пораката на Николоски.

The post Николоски: На овој голем празник траат активностите на патот Кривогаштани – Крушево, борбата трае, да е вечна Македонија! appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати честитка по повод 2 Август, Илинден - Денот на Републиката. На својот фејсбук профил покрај честитката министерот Николоски објави и видео од градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Кривогаштани -Крушево.
За многу години Илинден!   Добро утро на овој голем празник со ова видео од активностите на патот Кривогаштани - Крушево на кој се работи во моментов.   Борбата трае!   Да е вечна Македонија!, се вели во пораката на Николоски.

The post Николоски: На овој голем празник траат активностите на патот Кривогаштани – Крушево, борбата трае, да е вечна Македонија! appeared first on Република.

]]>
Луда ноќ во Кривогаштани: Искршиле локал, запалиле „бмв“, па му се заканувале на командирот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/luda-nok-vo-krivogashtani-iskrshile-lokal-zapalile-bmv-pa-mu-se-zakanuvale-na-komandirot/ Wed, 22 May 2024 09:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=780669

Во понеделникот во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп.

Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема.

Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

The post Луда ноќ во Кривогаштани: Искршиле локал, запалиле „бмв“, па му се заканувале на командирот appeared first on Република.

]]>

Во понеделникот во 23.30 часот во с.Кривогаштани, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода М.Ј.(33) од с.Крушеани, З.К.(35) од с.Кривогаштани, М.М.(55) од Прилеп и С.Л.(56) од Прилеп. Тие се сомничат дека претходно во угостителски објект во с.Кривогаштани, сопственост на Б.Ѓ.(27) од с.Годивље, оштетиле дел од инвентарот, а подоцна запреле патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ, со употреба на сила му го одзеле, го однеле на ул.„Илинденска“ и го запалиле. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, а повредени лица нема.
Во врска со настанот, на 21.05.2024 во 03.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 20.05.2024 околу 23.30 часот М.М. и З.К. агресивно се однесувале кон командир на Полициското одделение Кривогаштани и му упатувале закани, додека тој извршувал службени дејства. По целосно расчистување и документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.
 
The post Луда ноќ во Кривогаштани: Искршиле локал, запалиле „бмв“, па му се заканувале на командирот appeared first on Република.

]]>
Пендаровски со граѓаните на Кривогаштани и Крушево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-so-graganite-na-krivogashtani-i-krushevo/ Thu, 04 Apr 2024 19:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=762358

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во првиот ден од кампањата се сретна со граѓаните на општините Кривогаштани и Крушево.

На средбата во Кривогаштани, Пендаровски посочи дека во последните пет години државата оди напред и дека мора така да продолжи и во следниот период, затоа што само така ќе успееме како држава да ги задржиме младите дома.

Пендаровски пред присутните потсети дека во изминатиот период по ниедна основа ги нема делено граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина.

„Никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши, сите сте мои сограѓани. Во првиот мандат бев претседател за сите и на сите граѓани. Во вториот мандат ќе бидам повторно претседател кој не дели, туку обединува“ порача Пендаровски.

Во Крушево, пред бројните граѓани, Пендаровски порача дека во последните пет години се исполнува аманетот од Крушевскиот манифест заеднички да ја градиме државата како модерна европска држава.

„Крушево е столбот на државата, коренот на државата. Овде е направена Крушевската Република, оттука тргнува идејата за заедништво. Крушевскиот манифест ден денеска е модел по кој сите ние се носиме и немаме намера да менуваме, освен неколкумина од опозицијата“ порача Пендаровски додавајќи дека во главната опозициска партија нема никаква промена, дека таму се уште се истите ликови, истата матрица.

Пендаровски, првиот ден од кампањата го заокружува со централен настан во Прилеп.

The post Пендаровски со граѓаните на Кривогаштани и Крушево appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во првиот ден од кампањата се сретна со граѓаните на општините Кривогаштани и Крушево. На средбата во Кривогаштани, Пендаровски посочи дека во последните пет години државата оди напред и дека мора така да продолжи и во следниот период, затоа што само така ќе успееме како држава да ги задржиме младите дома. Пендаровски пред присутните потсети дека во изминатиот период по ниедна основа ги нема делено граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина. „Никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши, сите сте мои сограѓани. Во првиот мандат бев претседател за сите и на сите граѓани. Во вториот мандат ќе бидам повторно претседател кој не дели, туку обединува“ порача Пендаровски. Во Крушево, пред бројните граѓани, Пендаровски порача дека во последните пет години се исполнува аманетот од Крушевскиот манифест заеднички да ја градиме државата како модерна европска држава. „Крушево е столбот на државата, коренот на државата. Овде е направена Крушевската Република, оттука тргнува идејата за заедништво. Крушевскиот манифест ден денеска е модел по кој сите ние се носиме и немаме намера да менуваме, освен неколкумина од опозицијата“ порача Пендаровски додавајќи дека во главната опозициска партија нема никаква промена, дека таму се уште се истите ликови, истата матрица. Пендаровски, првиот ден од кампањата го заокружува со централен настан во Прилеп.  

The post Пендаровски со граѓаните на Кривогаштани и Крушево appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска изврши увид во пренамената на општинската сала во Кривогаштани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-izvrshi-uvid-vo-prenamenata-na-opshtinskata-sala-vo-krivogashtani/ Sat, 30 Mar 2024 16:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=760429

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, беше во работна посета на Општина Кривогаштани, каде направи увид во проектите од Програмата за капитални дотации во културата, за кои Министерството има издвоено 7,5 милиони денари.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека со добиените средства општинската сала ќе се адаптира во мултифункционална сала за реализација на културни настани.

– Со градоначалникот, Мискоски направивме увид во завршната фаза од проектот со кој оваа општина за првпат од своето постоење доби средства од Министерството за култура, а со кој се изврши пренамена и адаптација на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни настани. Со тоа овозможуваме побогат културен живот за сите граѓани како и реализација на настани кои ќе придонесат за негување и заштита на богатата традиција на овој крај, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека со добиените средства од програмата за капитални дотации годинава ќе се реализира и проектот со кој ќе се уреди просторот околу библиотеката и музејот во оваа општина.

Костадиновска-Стојчевска го посети „Саемот на жената“, кој се одржа во Кривогаштани како завршен настан од серијата „Гласна и храбра 2“, во организација на Министерството за труд и социјална политика.

The post Костадиновска-Стојчевска изврши увид во пренамената на општинската сала во Кривогаштани appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Бојмацалиев и заменик министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, беше во работна посета на Општина Кривогаштани, каде направи увид во проектите од Програмата за капитални дотации во културата, за кои Министерството има издвоено 7,5 милиони денари. Костадиновска-Стојчевска истакна дека со добиените средства општинската сала ќе се адаптира во мултифункционална сала за реализација на културни настани.
– Со градоначалникот, Мискоски направивме увид во завршната фаза од проектот со кој оваа општина за првпат од своето постоење доби средства од Министерството за култура, а со кој се изврши пренамена и адаптација на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни настани. Со тоа овозможуваме побогат културен живот за сите граѓани како и реализација на настани кои ќе придонесат за негување и заштита на богатата традиција на овој крај, рече Костадиновска-Стојчевска.
Таа додаде дека со добиените средства од програмата за капитални дотации годинава ќе се реализира и проектот со кој ќе се уреди просторот околу библиотеката и музејот во оваа општина. Костадиновска-Стојчевска го посети „Саемот на жената“, кој се одржа во Кривогаштани како завршен настан од серијата „Гласна и храбра 2“, во организација на Министерството за труд и социјална политика.

The post Костадиновска-Стојчевска изврши увид во пренамената на општинската сала во Кривогаштани appeared first on Република.

]]>
Пожар во Општина Кривогаштани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozhar-vo-opshtina-krivogashtani/ Wed, 23 Aug 2023 14:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=675044

Силен пожар изби попладнево, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.

Како што соопшти Центарот за упраување со кризи (ЦУК), во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.

Еден полициски хеликоптер полета за гаснење на пожарот и набргу ќе почне да дејствува, информира ЦУК.

The post Пожар во Општина Кривогаштани appeared first on Република.

]]>

Силен пожар изби попладнево, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија. Како што соопшти Центарот за упраување со кризи (ЦУК), во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.
Еден полициски хеликоптер полета за гаснење на пожарот и набргу ќе почне да дејствува, информира ЦУК.
 
The post Пожар во Општина Кривогаштани appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска од Кривогаштани: Со првата капитална дотација од 4,5 милиони, Општината добива мултифункционален центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-od-krivogashtani-so-prvata-kapitalna-dotatsija-od-4-5-milioni-opshtinata-dobiva-multifunktsionalen-tsentar/ Mon, 24 Jul 2023 16:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=664825

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ја посети Општина Кривогаштани каде што разговараше со градоначалникот Николче Мискоски за реализацијата на инвестицискиот проект поддржан со капиталните дотации од Mинистерството за култура во износ од 4,5 милиони денари.

         На средбата, Костадиновска-Стојчевска ги поздрави иницијативата и максималниот ангажман на Општината, која, согледувајќи ги потребите на граѓаните, го предложи проектот за адаптација со пренамена на општинската сала во мултифункционална сала за реализација на културни активности и манифестации.

         Министерката за култура потенцираше дека станува збор за проект со кој Општината за првпат од своето постоење добива поддршка, а тоа е само уште една потврда за грижата на Министерството за култура за локалниот културен развој.

         „Еден од приоритетите на Владата и на Министерството за култура е подобрување на условите во кои се остварува културата во нашата држава. Вреднувањето и унапредувањето на културата и нејзината достапност за сите граѓани се од особено значење за реализацијата на проекти кои ќе ја подигнат свеста и ќе ја интензивираат соработката меѓу политичкиот, културниот и граѓанскиот сектор“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

         Таа додаде дека техничката и просторната опременост на институциите е предуслов за остварување квалитетна културна продукција и токму затоа, со капиталните дотации за општините во земјава се настојува да се помогне во опремувањето и осовременувањето на постојните, како и за изградба на нови објекти, кои се неопходни за непречена реализација на културните содржини.

         Градоначалникот Мискоски рече дека средствата добиени со капиталните дотации се потврда дека со вложувањето во проектите од областа на културата во руралните средини, значајно ќе се подобри  квалитетот на животот на граѓаните во општината и ќе се овозможи рамномерен регионален културен развој.

The post Костадиновска-Стојчевска од Кривогаштани: Со првата капитална дотација од 4,5 милиони, Општината добива мултифункционален центар appeared first on Република.

„Ој пијаницо к*рво к*восана“: Полицајци се истепале на Велигден, едниот бил подготвен да извади пиштол https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/oj-pijanitso-k-rvo-k-vosana-politsajtsi-se-istepale-na-veligden-edniot-bil-podgotven-da-izvadi-pishtol/ Wed, 19 Apr 2023 07:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=631955

Објавено е видео со тепачка меѓу полициски службеници во Кривогаштани, прилепско, кои се пресметувале во раните утрински часови на Велигден. Се слуша пцуење, се гледа моментот кога еден од нив се фаќа за пиштолот, а трет ги разделува и се труди да ги смири.

Како што информира СВР Битола, инцидентот се случил во неделата околу 04.45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани.

Нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Ј.(41) од с.Житоше и К.А.(45) од с.Житоше, двајцата полициски службеници, информираше СВР-Битола.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка, соопшти СВР-Битола.

The post „Ој пијаницо к*рво к*восана“: Полицајци се истепале на Велигден, едниот бил подготвен да извади пиштол appeared first on Република.

]]>

Објавено е видео со тепачка меѓу полициски службеници во Кривогаштани, прилепско, кои се пресметувале во раните утрински часови на Велигден. Се слуша пцуење, се гледа моментот кога еден од нив се фаќа за пиштолот, а трет ги разделува и се труди да ги смири. Како што информира СВР Битола, инцидентот се случил во неделата околу 04.45 часот, пред угостителски објект во Кривогаштани.