кривина пријава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivina-prijava/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 08:54:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кривина пријава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivina-prijava/ 32 32 Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-krazhba-na-elektrichna-energija-toplinska-energija-ili-priroden-gas/ Mon, 19 Aug 2024 08:54:48 +0000 https://republika.mk/?p=807873

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” по член 235-а од Кривичниот законик.

На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” по член 235-а од Кривичниот законик. На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас” appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против 12 лица, кај полицајците уапсени за примање поткуп биле најдени 20 илјади евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-12-litsa-kaj-politsajtsite-uapseni-za-primane-potkup-bile-najdeni-20-iljadi-evra/ Tue, 27 Dec 2022 15:30:44 +0000 https://republika.mk/?p=590639

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 12 лица за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ кои биле вработени во полициската станица за гранични проверки – Табановце. Ова по завчерашната акција на граничниот премин на српско-македонската граница и во домовите и во возилата на осомничените, каде што се најдени околу 20 илјади евра.

Според соопштението од МВР, станува збор за И.Н.(47), А.А.(41), Н.П.(40), Д.К.(43), В.Ф.(39), Х.К.(29), М.Ј.(28), Ф.К.(23), Ф.И.(36), А.Д.(28), Ј.Н.(38), сите од Куманово и А.С.(24), од Кратово, меѓу нив и командирот, заменик командирот и раководител на смена. Истрагата ја води надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„По спроведената истрага за командирот, заменик командирот и за 10 полициски службеници во Полициска станица за граничен премин Табановце, меѓу кои и раководител на смена, беа обезбедени материјални докази за нивна инволвираност во криминални активности, а при спроведените претреси кај лицата беа пронајдени предмети за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од кривични дела преку примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувања“, велат од МВР.

Според истрагата, членовите на оваа организирана криминална група активно дејствувале на Граничниот премин Табановце од септември 2020 година како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист.

„Секој член на оваа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од ‘заработката’ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело Примање поткуп“, додаваат од полицијата.

Од Обвинителството велат дека дел од осомничените полицајци, кои работеле на пасошка контрола, земале мито од граѓани на кои им недостасувале документи, како зелен картон, полномошно за возилото, пасош, возачка дозвола итн.

„Првоосомничениот, најпрвин како раководител на смена, а потоа и како командир на ПС ги распоредувал или влијаел да бидат распоредени останатите тројца осомничени на работни места во кабини каде што има поголема фреквенција на патници за влез и излез од државата. Тројцата како полициски службеници кои вршеле пасошка контрола имале задача да бараат и примаат подарок од 5, 10 ,20 или 30 евра за себе и за првоосомничениот за да извршат службено дејствие кое не смееле да го извршат – да пропуштат возила што немале зелен картон за влез и за излез во државата, немале полномошно за управување со возилата, немале патни исправи, возачки дозволи или друг задолжителен документ. Така, од почетокот на 2020 година сѐ до 25.12.2022 година во повеќе наврати примиле поткуп, а од примените парични средства секој месец на првоосомничениот му давале по 150 евра“, соопштија од Обвинителството.

При претресите извршени на 25 декември по Наредба од Судија на претходна постапка, над лица, во нивните домови, останати простории и возила, пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка.

Во текот на вчерашниот ден предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изрекување на мерката притвор за четворицата осомничени, додека за петмина за кои се води скратена постапка предложи мерки за обезбедување на присуство.

The post Кривична пријава против 12 лица, кај полицајците уапсени за примање поткуп биле најдени 20 илјади евра appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 12 лица за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ кои биле вработени во полициската станица за гранични проверки – Табановце. Ова по завчерашната акција на граничниот премин на српско-македонската граница и во домовите и во возилата на осомничените, каде што се најдени околу 20 илјади евра. Според соопштението од МВР, станува збор за И.Н.(47), А.А.(41), Н.П.(40), Д.К.(43), В.Ф.(39), Х.К.(29), М.Ј.(28), Ф.К.(23), Ф.И.(36), А.Д.(28), Ј.Н.(38), сите од Куманово и А.С.(24), од Кратово, меѓу нив и командирот, заменик командирот и раководител на смена. Истрагата ја води надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. „По спроведената истрага за командирот, заменик командирот и за 10 полициски службеници во Полициска станица за граничен премин Табановце, меѓу кои и раководител на смена, беа обезбедени материјални докази за нивна инволвираност во криминални активности, а при спроведените претреси кај лицата беа пронајдени предмети за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од кривични дела преку примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувања“, велат од МВР. Според истрагата, членовите на оваа организирана криминална група активно дејствувале на Граничниот премин Табановце од септември 2020 година како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист. „Секој член на оваа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од ‘заработката’ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело Примање поткуп“, додаваат од полицијата. Од Обвинителството велат дека дел од осомничените полицајци, кои работеле на пасошка контрола, земале мито од граѓани на кои им недостасувале документи, како зелен картон, полномошно за возилото, пасош, возачка дозвола итн. „Првоосомничениот, најпрвин како раководител на смена, а потоа и како командир на ПС ги распоредувал или влијаел да бидат распоредени останатите тројца осомничени на работни места во кабини каде што има поголема фреквенција на патници за влез и излез од државата. Тројцата како полициски службеници кои вршеле пасошка контрола имале задача да бараат и примаат подарок од 5, 10 ,20 или 30 евра за себе и за првоосомничениот за да извршат службено дејствие кое не смееле да го извршат – да пропуштат возила што немале зелен картон за влез и за излез во државата, немале полномошно за управување со возилата, немале патни исправи, возачки дозволи или друг задолжителен документ. Така, од почетокот на 2020 година сѐ до 25.12.2022 година во повеќе наврати примиле поткуп, а од примените парични средства секој месец на првоосомничениот му давале по 150 евра“, соопштија од Обвинителството. При претресите извршени на 25 декември по Наредба од Судија на претходна постапка, над лица, во нивните домови, останати простории и возила, пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка. Во текот на вчерашниот ден предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изрекување на мерката притвор за четворицата осомничени, додека за петмина за кои се води скратена постапка предложи мерки за обезбедување на присуство.

The post Кривична пријава против 12 лица, кај полицајците уапсени за примање поткуп биле најдени 20 илјади евра appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против 17 лица поради насилство во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-17-lica-poradi-nasilstvo-vo-kumanovo/ Sat, 19 Nov 2022 17:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=575915

Обвинителството отвори постапка за насилство во група во Куманово.

Во врска со настан регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи во Куманово, Основното јавно обвинителство Куманово постапува по кривична пријава против вкупно 17 лица.

Против 10 пријавени надлежен јавен обвинител веќе поведе постапка за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот законик. До судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово за нив е поднесен предлог за определување мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавуваат во суд. За останатите пријавени, меѓу кои има и малолетни лица, одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена в понеделник, велат од Обвинителството.

The post Кривична пријава против 17 лица поради насилство во Куманово appeared first on Република.

]]>

Обвинителството отвори постапка за насилство во група во Куманово. Во врска со настан регистриран на видео снимки објавени на социјалните мрежи во Куманово, Основното јавно обвинителство Куманово постапува по кривична пријава против вкупно 17 лица.
Против 10 пријавени надлежен јавен обвинител веќе поведе постапка за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 од Кривичниот законик. До судијата на претходна постапка од Основниот суд Куманово за нив е поднесен предлог за определување мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, привремено одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница и обврска повремено да се јавуваат во суд. За останатите пријавени, меѓу кои има и малолетни лица, одлуката за натамошниот тек на постапката ќе биде донесена в понеделник, велат од Обвинителството.

The post Кривична пријава против 17 лица поради насилство во Куманово appeared first on Република.

]]>