кривично гонење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichno-gonenje/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Jan 2024 18:26:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кривично гонење Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichno-gonenje/ 32 32 Трамп порачува дека кривично ќе го гони претседателот Бајден доколку се врати во Белата куќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-porachuva-deka-krivichno-ke-go-goni-pretsedatelot-bajden-dokolku-se-vrati-vo-belata-kuka/ Tue, 09 Jan 2024 18:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=731275

Доналд Трамп предупреди дека може да го гони Џо Бајден доколку се врати во Белата куќа, додека неговите адвокати се подготвуваа да расправаат во судот во Вашингтон дека на Трамп треба да му се даде имунитет од кривично гонење за обидот да ги поништи изборите во 2020 година.

Поранешниот американски претседател нема да има шанса да зборува, бидејќи неговите адвокати се обидуваат да ги убедат тројцата судии на федералниот Апелациски суд дека случајот треба да биде отфрлен пред да се тргне со судење во март.

Американското Министерство за правда долго време има став дека актуелните претседатели не можат да бидат гонети за активности што ги преземаат додека се на функцијата, а Трамп смета дека тој став треба да се однесува и на поранешните претседатели.

Доколку случајот против него не се отфрли, Трамп наведува дека би можел да го гони демократскиот претседател Бајден доколку победи на претседателските избори во ноември.

-Доколку јас не добијам имунитет, тогаш и расипаниот Џо Бајден нема да добие имунитет, рече Трамп во видеото објавено на социјалните мрежи.

„Џо би бил зрел за обвинение“, додаде тој.

Трамп е најголем фаворит во трката за републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година.

Се очекува адвокатите на Трамп да му кажат на советот од тројца судии на Апелациониот суд во округот Колумбија дека случајот треба да биде отфрлен.

Ако се дозволи гонење на поранешните претседатели, тврдат тие, „би започнале циклуси на обвиненија и политички мотивирани гонења“.

Специјалниот обвинител во истрагата против Трамп, Џек Смит тврди дека одобрувањето на ваков сеопфатен правен штит ќе им даде на идните претседатели дозвола за извршување кривични дела, како што е прифаќање мито или нарачување на ФБИ да подметнуваат докази против политичките противници.

Смит тврди дека Трамп се однесувал како претседателски кандидат, а не како претседател, кога извршил притисок врз службените лица да ги поништат резултатите од изборите и ги повикал неговите приврзаници да маршираат во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Барањето на Трамп за имунитет веќе беше отфрлено од американската окружна судијка Тања Чуткан.

The post Трамп порачува дека кривично ќе го гони претседателот Бајден доколку се врати во Белата куќа appeared first on Република.

]]>

Доналд Трамп предупреди дека може да го гони Џо Бајден доколку се врати во Белата куќа, додека неговите адвокати се подготвуваа да расправаат во судот во Вашингтон дека на Трамп треба да му се даде имунитет од кривично гонење за обидот да ги поништи изборите во 2020 година. Поранешниот американски претседател нема да има шанса да зборува, бидејќи неговите адвокати се обидуваат да ги убедат тројцата судии на федералниот Апелациски суд дека случајот треба да биде отфрлен пред да се тргне со судење во март. Американското Министерство за правда долго време има став дека актуелните претседатели не можат да бидат гонети за активности што ги преземаат додека се на функцијата, а Трамп смета дека тој став треба да се однесува и на поранешните претседатели. Доколку случајот против него не се отфрли, Трамп наведува дека би можел да го гони демократскиот претседател Бајден доколку победи на претседателските избори во ноември. -Доколку јас не добијам имунитет, тогаш и расипаниот Џо Бајден нема да добие имунитет, рече Трамп во видеото објавено на социјалните мрежи. „Џо би бил зрел за обвинение“, додаде тој. Трамп е најголем фаворит во трката за републикански претседателски кандидат на изборите во 2024 година. Се очекува адвокатите на Трамп да му кажат на советот од тројца судии на Апелациониот суд во округот Колумбија дека случајот треба да биде отфрлен. Ако се дозволи гонење на поранешните претседатели, тврдат тие, „би започнале циклуси на обвиненија и политички мотивирани гонења“. Специјалниот обвинител во истрагата против Трамп, Џек Смит тврди дека одобрувањето на ваков сеопфатен правен штит ќе им даде на идните претседатели дозвола за извршување кривични дела, како што е прифаќање мито или нарачување на ФБИ да подметнуваат докази против политичките противници. Смит тврди дека Трамп се однесувал како претседателски кандидат, а не како претседател, кога извршил притисок врз службените лица да ги поништат резултатите од изборите и ги повикал неговите приврзаници да маршираат во Капитол на 6 јануари 2021 година. Барањето на Трамп за имунитет веќе беше отфрлено од американската окружна судијка Тања Чуткан.

The post Трамп порачува дека кривично ќе го гони претседателот Бајден доколку се врати во Белата куќа appeared first on Република.

]]>
ДКСК побара кривично гонење на Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за незаконски хонорарни и редовни вработувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-pobara-krivichno-gonenje-na-dragi-rashkovski-i-muhamed-zekjiri-za-nezakonski-honorarni-i-redovni-vrabotuvanja/ Wed, 01 Jun 2022 10:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=509709

Државната комисијата за спречување на корупцијата на денешната седница донесе одлука да предложи кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за незаконски ангажирања на лица за работа со договор на дело, и ангажирања преку приватна агенција за привремени вработувања, како и за ангажман на лица за вршење на интелектуални услуги.

Претседателката Билјана Ивановска, нa денешната седница на Комисијата реферирајќи за овој предмет рече дека ДКСК ќе побара кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба, според членот 353 од Кирвичниот закон.

Ивановска појасни дека Комисијата извршила увид во документацијата и утврдиле дека во периодот 2017-2021 година на име договори за авторско дело и преку приватни агенции за вработување се потрошени 2,5 милиони евра. Во 2018 година биле ангажирани, за потребите на генералниот секретаријат на Владата, 119 лица преку договор за авторско дело и 25 преку приватна агенција за вработување, во 2019 година 103 договори за авторско дело и 32 преку приватна агенција за вработување, во 2020 година – 118 авторски договори и 36 преку приватна агенција за вработување и 2021 – 78 авторски договори и 18 преку агенција за приватни вработувања. Ивановска дополни и дека секогаш се користени услугите на иста приватна агенција за вработување и иста агенција за давање услуги од интелектуална сопственост.

Притоа, рече таа, се користени дискрециони овластувања од страна на генералните секретари Рашковски и Зеќири, со што е загрозена транспарентноста на вработувањата во јавниот сектор, и дека била присутна појавата лица кои претходно биле вработени со авторски договори потоа биле примани во редовен работен однос, претходно стекнувајќи се со предност пред останатите кандидати кои се јавиле на конкурсите.

Ивановски посочи и дека Комисијата дошла до факти дека извршените задачи не соодветствувале со авторски дела, што е уште една основа да постапува Обвинителството.

На одлуката се спротивстави членот на ДКСК Шемси Салаи кој рече дека Комисијата треба само да укаже на појавата, но Ивановска одговори дека било разговарано со обвинители и дека има простор за постапка, и дека на сите договори се потпишани две исти личности: Рашковски и Зеќири и дека е нивна одговорноста за состојбата која довела, рече, до големи оштетувања на буџетот.

Ако владата сака да има заштеди во буџетот, треба да знае како да постапува во иднина. Имаме сомневања за кривично дело и сме должни да постапиме, рече претседателката Билјана Ивановска на седницата.

The post ДКСК побара кривично гонење на Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за незаконски хонорарни и редовни вработувања appeared first on Република.

]]>

Државната комисијата за спречување на корупцијата на денешната седница донесе одлука да предложи кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за незаконски ангажирања на лица за работа со договор на дело, и ангажирања преку приватна агенција за привремени вработувања, како и за ангажман на лица за вршење на интелектуални услуги. Претседателката Билјана Ивановска, нa денешната седница на Комисијата реферирајќи за овој предмет рече дека ДКСК ќе побара кривично гонење за екс-генералните секретари на Владата Драги Рашковски и Мухамед Зеќири, за злоупотреба на службената положба, според членот 353 од Кирвичниот закон. Ивановска појасни дека Комисијата извршила увид во документацијата и утврдиле дека во периодот 2017-2021 година на име договори за авторско дело и преку приватни агенции за вработување се потрошени 2,5 милиони евра. Во 2018 година биле ангажирани, за потребите на генералниот секретаријат на Владата, 119 лица преку договор за авторско дело и 25 преку приватна агенција за вработување, во 2019 година 103 договори за авторско дело и 32 преку приватна агенција за вработување, во 2020 година – 118 авторски договори и 36 преку приватна агенција за вработување и 2021 – 78 авторски договори и 18 преку агенција за приватни вработувања. Ивановска дополни и дека секогаш се користени услугите на иста приватна агенција за вработување и иста агенција за давање услуги од интелектуална сопственост. Притоа, рече таа, се користени дискрециони овластувања од страна на генералните секретари Рашковски и Зеќири, со што е загрозена транспарентноста на вработувањата во јавниот сектор, и дека била присутна појавата лица кои претходно биле вработени со авторски договори потоа биле примани во редовен работен однос, претходно стекнувајќи се со предност пред останатите кандидати кои се јавиле на конкурсите. Ивановски посочи и дека Комисијата дошла до факти дека извршените задачи не соодветствувале со авторски дела, што е уште една основа да постапува Обвинителството. На одлуката се спротивстави членот на ДКСК Шемси Салаи кој рече дека Комисијата треба само да укаже на појавата, но Ивановска одговори дека било разговарано со обвинители и дека има простор за постапка, и дека на сите договори се потпишани две исти личности: Рашковски и Зеќири и дека е нивна одговорноста за состојбата која довела, рече, до големи оштетувања на буџетот.
Ако владата сака да има заштеди во буџетот, треба да знае како да постапува во иднина. Имаме сомневања за кривично дело и сме должни да постапиме, рече претседателката Билјана Ивановска на седницата.

The post ДКСК побара кривично гонење на Драги Рашковски и Мухамед Зеќири за незаконски хонорарни и редовни вработувања appeared first on Република.

]]>