кривични пријави Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichni-prijavi/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 08:05:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кривични пријави Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichni-prijavi/ 32 32 Бутелчанец и Косовар направиле голема дива депонија и ја палеле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/butelchanets-i-kosovar-napravile-golema-diva-deponija-i-ja-palele/ Thu, 17 Oct 2024 08:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=827874

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење, на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут, информираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.

На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, се вели во денешното соопштение.

Од Градот Скопје потсетуваат дека годинава поднеле повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани.

Апелираат до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

The post Бутелчанец и Косовар направиле голема дива депонија и ја палеле appeared first on Република.

]]>

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење, на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут, информираат од Град Скопје. Оттаму велат дека за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.
На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, се вели во денешното соопштение.
Од Градот Скопје потсетуваат дека годинава поднеле повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираат до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

The post Бутелчанец и Косовар направиле голема дива депонија и ја палеле appeared first on Република.

]]>
Тројца полицајци пукале со автоматски пушки од мерак, поднесени им се кривични пријави https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-politsajtsi-pukale-so-avtomatski-pushki-od-merak-podneseni-im-se-krivichni-prijavi/ Thu, 25 Jul 2024 09:32:53 +0000 https://republika.mk/?p=800123

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Имено, првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Тројца полицајци пукале со автоматски пушки од мерак, поднесени им се кривични пријави appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Јажинце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување на општа опасност“ по член 288 став 1 од Кривичниот законик, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Имено, првопријавениот А.Д. на 23.05.2022 и второпријавениот Д.Д. на 24.05.2022 во текот на работното време додека биле ангажирани во шумски предел кај место викано „Ѓинов Камен“, без да бидат исполнети законските услови за употреба на огнено оружје, пукале со службена автоматска пушка, која ја задолжиле пред излегувањето на смена, во присуство на други полициски службеници кои заедно со нив биле работно ангажирани. Исто така, првопријавениот А.Д. на 29.02.2024 и третопријавениот Ј.Б. на 08.03.2024, во време кога не биле работно ангажирани, во шумски предел во близина на место викано „Ѓинов Камен“, во присуство на неколку лица, рафално пукале со автоматска пушка.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник Ј.Б. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка. За полициските службеници А.Д. и Д.Д., поради изминување на роковите за водење на дисциплинска постапка, нема да биде поднесен предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Тројца полицајци пукале со автоматски пушки од мерак, поднесени им се кривични пријави appeared first on Република.

]]>
Кривични за пазарни инспектори кои не затвориле диви менувачници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichni-za-pazarni-inspektori-koi-ne-zatvorile-divi-menuvachnitsi/ Fri, 29 Mar 2024 14:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=760161

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ. Во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, Скопје, за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.

Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

The post Кривични за пазарни инспектори кои не затвориле диви менувачници appeared first on Република.

]]>

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ. Во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, Скопје, за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност. Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра. Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.  

The post Кривични за пазарни инспектори кои не затвориле диви менувачници appeared first on Република.

]]>
Кривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichni-za-direktorot-i-ushte-petmina-vraboteni-vo-natsionalen-park-pelister/ Tue, 28 Nov 2023 22:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=717340

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(39), И.С.(56), В.Ч.(57), Н.С.(53), Н.С.(31), сите од Битола и против ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“ и против М.Ш.(50), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавеното лице, во својство на одговорен шумарски инженер и претседател на управниот одбор на јавната установа, заедно со второ, трето, четврто и петтопријавениот извршиле сеча на зимзелена шума во заштитено подрачје – национален парк, и тоа вкупно 109 стебла молика и ела, со вкупна количина од 168,63 метри кубни, како и необележани 56 стебла молика во количина од 75,79 метри кубни и шест стебла ела во количина од 13,19 м3.

Додека, М.Ш., во својство на одговорно лице – директор во јавната установа, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности со тоа што не извршил должен надзор врз горепријавените.

The post Кривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“ appeared first on Република.

]]>

СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П.(39), И.С.(56), В.Ч.(57), Н.С.(53), Н.С.(31), сите од Битола и против ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“ и против М.Ш.(50), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Првопријавеното лице, во својство на одговорен шумарски инженер и претседател на управниот одбор на јавната установа, заедно со второ, трето, четврто и петтопријавениот извршиле сеча на зимзелена шума во заштитено подрачје – национален парк, и тоа вкупно 109 стебла молика и ела, со вкупна количина од 168,63 метри кубни, како и необележани 56 стебла молика во количина од 75,79 метри кубни и шест стебла ела во количина од 13,19 м3. Додека, М.Ш., во својство на одговорно лице – директор во јавната установа, постапил несовесно во вршењето на своите овластувања и должности со тоа што не извршил должен надзор врз горепријавените.

The post Кривични за директорот и уште петмина вработени во Национален парк „Пелистер“ appeared first on Република.

]]>
Кривични пријави за косовската министерка за образование поради пропусти на почетокот на школската година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/krivichni-prijavi-za-kosovskata-ministerka-za-obrazovanie-poradi-propusti-na-pochetokot-na-shkolskata-godina/ Mon, 04 Sep 2023 18:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=678741

Двете најголеми косовски опозициски партии, Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) најавија денеска кривични пријави против министерката за образование, Арберие Нагавци, поради, како што наведуваат, нејзините големи пропусти кои го попречуваат нормалниот почеток на новата учебна година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кривично гонење против министерката Нагавци, на одделни прес-конференции во косовското Собрание, најавија шефовите на пратеничките групи на двете партии, Абељард Тахири (ПДК) и Арбен Гаши (ЛДК), откако денеска беше одложена собраниската дебата за процесот со снабдување на основците со учебници за новата учебна година.

Вонредната седница на законодавниот дом, свикана на барање на опозицијата, беше одложена откако пратениците на владејачката Движење самоопределување (ЛВВ) не се појавија во собраниската сала, со што не беше обезбеден кворум за отворање расправа и евентуално носење одлуки во врска со дејствијата на Министерството за образование.

Шефот на пратениците на ПДК, Тахири ја обвини Нагавци дека со одлуката Министерството да не ги набавува учебниците, туку да ги субвеницонира родителите кои самите ќе ги купат истите за своите деца основци, лишила 210 илјади ученици од опремувањето со потребните книги и воедно не ја исполнила својата законска обврска.

Според Тахири, ЛВВ, на чие чело е премиерот Албин Курти, мораше да биде присутна на сеанцата на која се расправа за прашањето на учебниците, а по ваквото нејзино однесување „од сега натаму навистина нема ниедна единствена причина оваа легислатура да продолжи со работа“.

– Го деградираат Косово на секој можен план. Последниот удар е овој што го нанесуваат на образованието. И денеска тие не се засрамени од нас зашто не дојдоа на сеансата, тие се засрамени од родителите, од учениците, од граѓаните на Република Косово, рече Тахири.

ПДК ги повикува и родителите да поднесат приватни кривични пријави против министерката Нагавци, заради лишувањето на нивните деца од учебници.

И за другата опозициска партија, ЛДК, одлуката за субвенционирање на родителите за купување учебници е незаконска, поради што шефот на пратеничката група на таа партија, Арбен Гаши исто така најави кривична пријава за Нагавци.

Според Гаши, Владата на Курти е неспособна да ја менаџира ситуацијата со учебниците, со што им предизивика „непоправливи економски и емоционални штети на родителите“.

– Тие (пратениците на ЛВВ) постапија неинституционално, онемозвожувајќи му на Собранието да види каде се проблемите со учебниците и кои се преземените и непреземените дејствија на Владата. Оваа влада го прекршува Законот за учебници и Законот за предуниверзитетско образование. Тоа е многу тешко прекршување и поради тоа најверојатно ќе се соочи со кривичен прогон министерката за образование, рече Гаши.

Кривични пријави против министерката Нагавци најавија и неколку издавачки куќи, поради нејзината изјава дека ниту еден понудувач не ги исполнил условите на тендерот на Министерството за набавка на учебници.

The post Кривични пријави за косовската министерка за образование поради пропусти на почетокот на школската година appeared first on Република.

]]>

Двете најголеми косовски опозициски партии, Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) најавија денеска кривични пријави против министерката за образование, Арберие Нагавци, поради, како што наведуваат, нејзините големи пропусти кои го попречуваат нормалниот почеток на новата учебна година, јави дописникот на МИА од Приштина. Кривично гонење против министерката Нагавци, на одделни прес-конференции во косовското Собрание, најавија шефовите на пратеничките групи на двете партии, Абељард Тахири (ПДК) и Арбен Гаши (ЛДК), откако денеска беше одложена собраниската дебата за процесот со снабдување на основците со учебници за новата учебна година.
Вонредната седница на законодавниот дом, свикана на барање на опозицијата, беше одложена откако пратениците на владејачката Движење самоопределување (ЛВВ) не се појавија во собраниската сала, со што не беше обезбеден кворум за отворање расправа и евентуално носење одлуки во врска со дејствијата на Министерството за образование.
Шефот на пратениците на ПДК, Тахири ја обвини Нагавци дека со одлуката Министерството да не ги набавува учебниците, туку да ги субвеницонира родителите кои самите ќе ги купат истите за своите деца основци, лишила 210 илјади ученици од опремувањето со потребните книги и воедно не ја исполнила својата законска обврска. Според Тахири, ЛВВ, на чие чело е премиерот Албин Курти, мораше да биде присутна на сеанцата на која се расправа за прашањето на учебниците, а по ваквото нејзино однесување „од сега натаму навистина нема ниедна единствена причина оваа легислатура да продолжи со работа“. – Го деградираат Косово на секој можен план. Последниот удар е овој што го нанесуваат на образованието. И денеска тие не се засрамени од нас зашто не дојдоа на сеансата, тие се засрамени од родителите, од учениците, од граѓаните на Република Косово, рече Тахири. ПДК ги повикува и родителите да поднесат приватни кривични пријави против министерката Нагавци, заради лишувањето на нивните деца од учебници. И за другата опозициска партија, ЛДК, одлуката за субвенционирање на родителите за купување учебници е незаконска, поради што шефот на пратеничката група на таа партија, Арбен Гаши исто така најави кривична пријава за Нагавци. Според Гаши, Владата на Курти е неспособна да ја менаџира ситуацијата со учебниците, со што им предизивика „непоправливи економски и емоционални штети на родителите“. – Тие (пратениците на ЛВВ) постапија неинституционално, онемозвожувајќи му на Собранието да види каде се проблемите со учебниците и кои се преземените и непреземените дејствија на Владата. Оваа влада го прекршува Законот за учебници и Законот за предуниверзитетско образование. Тоа е многу тешко прекршување и поради тоа најверојатно ќе се соочи со кривичен прогон министерката за образование, рече Гаши. Кривични пријави против министерката Нагавци најавија и неколку издавачки куќи, поради нејзината изјава дека ниту еден понудувач не ги исполнил условите на тендерот на Министерството за набавка на учебници.

The post Кривични пријави за косовската министерка за образование поради пропусти на почетокот на школската година appeared first on Република.

]]>
Паднаа првите кривични пријави за трговци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/padnaa-prvite-krivichni-prijavi-za-trgovtsi/ Fri, 28 Apr 2023 14:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=635060

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство - Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување.

Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 1 јануари до 25 април година, значителен дел од набавената трговска стока - прехрамбени производи, евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на додадена вредност по даночна стапка од 5 проценти во износ од 5.636.379 денари и данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари.

Со така преземените дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 18.161.097 денари, се посочува во соопштението.

Од Финансиска полиција изразуваат благодарност до сите надлежни институции кои биле дел од оваа акција и најпрофесионално си ја завршиле работата.

УФП додава дека дополнително, проверки се вршат и во други правни субјекти на територијата на целата држава, а по завршување на истите со соодветни поднесоци ќе бидат известени надлежните јавни обвинителства.

Инаку, во изминатиoт период Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, спроведе проверки во поголем број на правни субјекти, а во врска со спроведување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 година и Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед бр. 41-3646/3 од 06.04.2023 година (Сл.Весник на РМ, бр.74/23) донесени од Владата, во текот на кои проверки беа констатирани незаконитости во надлежност на Управата за финансиска полиција, се додава во соопштението.

The post Паднаа првите кривични пријави за трговци appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција (УФП) до Основното јавно обвинителство - Скопје денеска поднесе три кривични пријави против три физички и три правни лица за постоење на основани сомневања за сторено кривично дело даночно затајување. Како што соопшти УФП, пријавените физички лица, во својство на управители на пријавените правни субјекти, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекнат со противправна имотна корист за себе и за правните субјекти, во периодот од 1 јануари до 25 април година, значителен дел од набавената трговска стока - прехрамбени производи, евидентирана на залиха во износ од 112.727.586 денари неосновано ја присвоиле за себе и не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правните лица како кусок, при што не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на додадена вредност по даночна стапка од 5 проценти во износ од 5.636.379 денари и данок на личен доход во износ од 12.524.718 денари.
Со така преземените дејствија, пријавените предизвикале штета на Буџетот во вкупен износ од 18.161.097 денари, се посочува во соопштението.
Од Финансиска полиција изразуваат благодарност до сите надлежни институции кои биле дел од оваа акција и најпрофесионално си ја завршиле работата. УФП додава дека дополнително, проверки се вршат и во други правни субјекти на територијата на целата држава, а по завршување на истите со соодветни поднесоци ќе бидат известени надлежните јавни обвинителства.
Инаку, во изминатиoт период Управата за финансиска полиција во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, спроведе проверки во поголем број на правни субјекти, а во врска со спроведување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало бр. 41-3467/3 од 03.04.2023 година и Одлука за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед бр. 41-3646/3 од 06.04.2023 година (Сл.Весник на РМ, бр.74/23) донесени од Владата, во текот на кои проверки беа констатирани незаконитости во надлежност на Управата за финансиска полиција, се додава во соопштението.

The post Паднаа првите кривични пријави за трговци appeared first on Република.

]]>
Спасовски: За многу скоро време цела група ќе биде комплетно разоткриена и ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-za-mnogu-skoro-vreme-tsela-grupa-ke-bide-kompletno-razotkriena-i-ke-bidat-podneseni-krivichni-prijavi-za-deloto-terorizam/ Sun, 26 Mar 2023 10:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=623761

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во неделното интервју за Радио Слободна Европа вели дека набрзо, група на македонски државјани ќе добијат кривична пријава за тероризам поради лажните дојави за бомби во училиштата.

За нас беше многу важно безбедноста на граѓаните, учениците на наставниот кадар да биде на највисоко можно ниво и во тој дел апсолутно не е променето ништо со протоколите, значи безбедноста мора да се сочува на едно високо ниво. Веќе поднесовме една кривична пријава против еден малолетник и практично навлегуваме во една група на лица коишто учествувале во праќањето на дојавите по електронски пат и токму користењето на ви пи ен адреси итн и сме во позиција за која за многу скоро време целата таа група ќе биде комплетно разоткриена, ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам. И ова како појава нас ни овозможи практично да направиме и промени во делот на протоколите за постапувањето, вели министерот Спасовски.

The post Спасовски: За многу скоро време цела група ќе биде комплетно разоткриена и ќе бидат поднесени кривични пријави за делото тероризам appeared first on Република.

Кривични пријави за 12 полициски службеници после акцијата на ГП „Табановце“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichni-prijavi-za-12-politsiski-sluzhbenitsi-posle-aktsijata-na-gp-tabanovtse/ Tue, 27 Dec 2022 10:06:58 +0000 https://republika.mk/?p=590439

Против 12 лица вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поднесена е кривична пријава за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 12 лица, и тоа: И.Н. (47), А.А. (41), Н.П. (40), Д.К. (43), В.Ф. (39), Х.К. (29), М.Ј. (28), Ф.К. (23), Ф.И. (36), А.Д. (28), Ј.Н. (38), сите од Куманово и А.С. (24) од Кратово, вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основани сомненија дека ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“ по член 394, „примање поткуп“ по член 357 во врска со член 23, „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 во врска со член 23 од Кривичниот законик, информираат денеска од МВР.

Оттаму посочуваат дека во рамки на криминалистичкото истражување од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради сознанија дека на Граничниот премин „Табановце“ од страна на група полициски службеници на организиран начин се вршат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување на 25-ти овој месец биле извршени претреси во службените простории на на Граничен премин „Табановце“ и во домовите на дел од кривично-пријавените.

По спроведената истрага за командирот, заменик командирот и за 10 полициски службеници во Полициската станица за граничен премин – Табановце, меѓу кои и раководител на смена, беа обезбедени материјални докази за нивна инволвираност во криминални активности, а при спроведените претреси кај лицата беа пронајдени предмети за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од кривични дела преку примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувања, се наведува во соопштението од МВР.

Членовите на оваа организирана криминална група, како што посочуваат од МВР, активно дејствувале на Граничниот премин „Табановце“ од септември 2020 година, како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист.

Секој член на оваа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од „заработката“ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело „примање поткуп“, се посочува во соопштението.

Од МВР информираат дека при претресите извршени на 25-ти овој месец по наредба од судија на претходна постапка, над лица, во нивните домови, останати поростории и возила, пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка.

По извршените претреси по наредба од јавен обвинител од слобода се лишени И.Н., А.А., Н.П., Д.К., Х.К., В.Ф., А.С., М.Ј. и Ј.Н..

The post Кривични пријави за 12 полициски службеници после акцијата на ГП „Табановце“ appeared first on Република.

]]>

Против 12 лица вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поднесена е кривична пријава за „злосторничко здружување“, „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги – Единица за корупција вчера до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 12 лица, и тоа: И.Н. (47), А.А. (41), Н.П. (40), Д.К. (43), В.Ф. (39), Х.К. (29), М.Ј. (28), Ф.К. (23), Ф.И. (36), А.Д. (28), Ј.Н. (38), сите од Куманово и А.С. (24) од Кратово, вработени во Полициска станица за гранични проверки – Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, поради постоење на основани сомненија дека ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“ по член 394, „примање поткуп“ по член 357 во врска со член 23, „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 и „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 во врска со член 23 од Кривичниот законик, информираат денеска од МВР.
Оттаму посочуваат дека во рамки на криминалистичкото истражување од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради сознанија дека на Граничниот премин „Табановце“ од страна на група полициски службеници на организиран начин се вршат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, во соработка со Одделот за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување на 25-ти овој месец биле извршени претреси во службените простории на на Граничен премин „Табановце“ и во домовите на дел од кривично-пријавените.
По спроведената истрага за командирот, заменик командирот и за 10 полициски службеници во Полициската станица за граничен премин – Табановце, меѓу кои и раководител на смена, беа обезбедени материјални докази за нивна инволвираност во криминални активности, а при спроведените претреси кај лицата беа пронајдени предмети за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од кривични дела преку примање поткуп и злоупотреба на службената положба и овластувања, се наведува во соопштението од МВР.
Членовите на оваа организирана криминална група, како што посочуваат од МВР, активно дејствувале на Граничниот премин „Табановце“ од септември 2020 година, како злосторничко здружување, при што за одредена парична награда, подароци и поволности кои ги добивале од лицата кои ја преминувале државната граница, координирано не преземале службени дејствија кои биле должни да ги преземат, при што се стекнале со голема противправна материјална и имотна корист.
Секој член на оваа криминална група имал точно определена улога, при што И.Н., А.А. и Н.П., со умисла ги поттикнувале полициските службеници Д.К., В.Ф., Х.К., А.Д., Ф.К и Ф.И. да вршат кривични дела, овозможувајќи им полесно функционирање, заштита од контроли и проверки и други поволности при работењето, а од коруптивните кривични дејствија добивале соодветен процент од „заработката“ во текот на денот. Кај пријавените А.С., Ј.Н. и М.Ј., пак, при извршените претреси е пронајдена одредена сума на парични средства која не смееле да ја поседуваат додека извршуваат работни задачи во кабината за гранични проверки, при што го сториле кривичното дело „примање поткуп“, се посочува во соопштението.
Од МВР информираат дека при претресите извршени на 25-ти овој месец по наредба од судија на претходна постапка, над лица, во нивните домови, останати поростории и возила, пронајдени и одземени биле вкупно 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка. По извршените претреси по наредба од јавен обвинител од слобода се лишени И.Н., А.А., Н.П., Д.К., Х.К., В.Ф., А.С., М.Ј. и Ј.Н..

The post Кривични пријави за 12 полициски службеници после акцијата на ГП „Табановце“ appeared first on Република.

]]>
За статуси и коментари на „Фејсбук“ ќе се гонат 4 лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-statusi-i-komentari-na-fejsbuk-kje-se-gonat-4-lica/ Thu, 29 Sep 2022 17:45:37 +0000 https://republika.mk/?p=555759

СВР Велес поднесе кривични пријави против Е.А.(43) од с.Горно Оризари, велешко и против И.З.(39), Д.А.(29) и И.С.(48), сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Како што соопштува МВР, пријавените, на 12, 15 и 17.07.2022 на нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук напишале коментари и објави со кои ширеле невистини и повикувале на омраза и нетрпеливост и насилство кон други лица или групи.

The post За статуси и коментари на „Фејсбук“ ќе се гонат 4 лица appeared first on Република.

]]>

СВР Велес поднесе кривични пријави против Е.А.(43) од с.Горно Оризари, велешко и против И.З.(39), Д.А.(29) и И.С.(48), сите од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Како што соопштува МВР, пријавените, на 12, 15 и 17.07.2022 на нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук напишале коментари и објави со кои ширеле невистини и повикувале на омраза и нетрпеливост и насилство кон други лица или групи.  

The post За статуси и коментари на „Фејсбук“ ќе се гонат 4 лица appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа што ќе изврши кривично дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-protiv-12-lica-za-uchestvo-vo-tolpa-shto-kje-izvrshi-krivichno-delo/ Thu, 07 Jul 2022 09:46:24 +0000 https://republika.mk/?p=525274

Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието на РСМ, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградата на Собранието на РСМ, зградата на Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема, од слобода беа лишени најпрво 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште 4 лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, по преземени мерки и активности, против 12 лица е поднесена кривична пријава во брза постапка.

Пријавените лица во текот на вчерашната вечер се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на едно лице му е изречена мерка притвор, а на седум лица мерка куќен притвор.

The post Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа што ќе изврши кривично дело appeared first on Република.

]]>

Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието на РСМ, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградата на Собранието на РСМ, зградата на Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема, од слобода беа лишени најпрво 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште 4 лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни, информираат од МВР. Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, по преземени мерки и активности, против 12 лица е поднесена кривична пријава во брза постапка. Пријавените лица во текот на вчерашната вечер се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на едно лице му е изречена мерка притвор, а на седум лица мерка куќен притвор.

The post Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа што ќе изврши кривично дело appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за шестмина битолчани: Во период од 3 години правеле осигурителни измами https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-shestmina-bitolchani-vo-period-od-3-godini-pravele-osiguritelni-izmami/ Sat, 12 Feb 2022 09:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=457442

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ј.(34), Л.М.(27), А.Т.(33), П.Ц.(24), Б.Б.(42) и М.Б.(42), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „осигурителна измама“, во врска со кривично дело „соизвршителство“.

Во периодот од 2017 до 2020 година пријавените, со различни осигурителни друштва, склучувале договори за штети причинети на трети лица (автомобилска одговорност) на луксузни патнички возила, при што со посебна доплата на премија за осигурување дополнително ги осигурувале и стаклата на возилата, со што ги довеле во заблуда осигурителните компании.

На тој начин пријавиле штети за собраќајни незгоди за исти возила само со променети сопственици, при што причиниле материјалната штета на осигурителните компании во вкупен износ од 1.875.068 денари.

The post Кривична пријава за шестмина битолчани: Во период од 3 години правеле осигурителни измами appeared first on Република.

]]>

СВР Битола поднесе кривична пријава против П.Ј.(34), Л.М.(27), А.Т.(33), П.Ц.(24), Б.Б.(42) и М.Б.(42), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „осигурителна измама“, во врска со кривично дело „соизвршителство“. Во периодот од 2017 до 2020 година пријавените, со различни осигурителни друштва, склучувале договори за штети причинети на трети лица (автомобилска одговорност) на луксузни патнички возила, при што со посебна доплата на премија за осигурување дополнително ги осигурувале и стаклата на возилата, со што ги довеле во заблуда осигурителните компании. На тој начин пријавиле штети за собраќајни незгоди за исти возила само со променети сопственици, при што причиниле материјалната штета на осигурителните компании во вкупен износ од 1.875.068 денари.

The post Кривична пријава за шестмина битолчани: Во период од 3 години правеле осигурителни измами appeared first on Република.

]]>
Парите ги ставале на сметките на сопругите: Кривични против 9 струмичани за нелегално тргување со отпад https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/parite-gi-stavale-na-smetkite-na-soprugite-krivichni-protiv-9-strumichani-za-nelegalno-trguvanje-so-otpad/ Mon, 31 Jan 2022 11:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=451900

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе четири кривични пријави против А.Ш.(39), Ѓ.Ш.(36), Е.Ш.(37), С.Ш.(30), И.Ј.(44), М.Р.(21), С.Р.(32), Ф.Р.(37) и С.Р.(32), сите од Струмица, заради постоење основи на сомнение за нелегално тргување со отпад, односно за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, информираа денеска од овој сектор на МВР.

Осомничените А.Ш., Е.Ш., И.Ј., С.Р. и Ф.Р. во текот на 2019, 2020 и 2021 година откупувале, собирале и складирале секундарни суровини (отпад) и хаварисани возила на повеќе локации во Струмица, кои подоцна ги носеле и ги продавале на лиценцирани правни лица за откуп на секундарни суровини, стои во информацијата.

Според полицијата, парите од изршената продажба правните лица ги уплаќале на сметки на осомничените Ѓ.Ш., С.Ш., М.Р. и С.Р. , најчесто сопруги на лицата кои ја вршеле продажбата, со што осомничените нелегално тргувале со отпад.

The post Парите ги ставале на сметките на сопругите: Кривични против 9 струмичани за нелегално тргување со отпад appeared first on Република.