кривична Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichna/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Oct 2024 14:34:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кривична Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichna/ 32 32 Се претставувал како адвокат, иако функцијата му била во мирување: Охриѓанец заработи кривична https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-pretstavuval-kako-advokat-iako-funktsijata-mu-bila-vo-miruvane-ohriganets-zaraboti-krivichna/ Mon, 21 Oct 2024 14:34:13 +0000 https://republika.mk/?p=829513

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.

Пријавениот, иако адвокатската функција му била ставена во мирување поради тоа што бил правобранител, сепак во три наврати застапувал странки во постапки пред надлежен суд.

Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати, и тоа во предмет, лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело, појаснуваат од МВР.

The post Се претставувал како адвокат, иако функцијата му била во мирување: Охриѓанец заработи кривична appeared first on Република.

]]>

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. Пријавениот, иако адвокатската функција му била ставена во мирување поради тоа што бил правобранител, сепак во три наврати застапувал странки во постапки пред надлежен суд. Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати, и тоа во предмет, лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело, појаснуваат од МВР.

The post Се претставувал како адвокат, иако функцијата му била во мирување: Охриѓанец заработи кривична appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за 18 полицајци и вработени на патарината Романовце! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-18-politsajtsi-i-vraboteni-na-patarinata-romanovtse/ Tue, 01 Oct 2024 08:35:38 +0000 https://republika.mk/?p=821241

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против 18 службени лица (12 – дванаесет се полициски службеници – припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, додека останатите шест се вработени како службени лица на наплатна рампа Романовце при Јавното претпријатие за Државни патишта) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик.

По преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници премин без да се изврши наплата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, односно ја искористиле својата службена положба на полициски службеници и прибавиле материјална корист со неплаќање билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка

The post Кривична пријава за 18 полицајци и вработени на патарината Романовце! appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против 18 службени лица (12 – дванаесет се полициски службеници – припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, додека останатите шест се вработени како службени лица на наплатна рампа Романовце при Јавното претпријатие за Државни патишта) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик. По преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници премин без да се изврши наплата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, односно ја искористиле својата службена положба на полициски службеници и прибавиле материјална корист со неплаќање билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, согласно своите надлежности и овластувања, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка

The post Кривична пријава за 18 полицајци и вработени на патарината Романовце! appeared first on Република.

]]>
Фирмата концесионер на Дрин Ахмети добивала и милионски тендери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmata-kontsesioner-na-drin-ahmeti-dobivala-i-milionski-tenderi/ Sat, 27 Jul 2024 13:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=800805

Милионски тендери добивала фирмата „Еверест ЏД“ на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за која пред некој ден заработи кривична пријава од МВР, бидејќи се сомничи дека како нејзин директор извршил злоупотреба на концесија за рудник кај Кичево и со тоа го оштетил буџетот за 1,6 милиони денари или околу 26.000 евра. Ова денеска го обелодени ВМРО-ДПМНЕ и прстот го впери кон поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој доаѓа од истата партија, бидејќи не ја одземал концесијата на фирмата за експлоатација на минерални суровини и со тоа овозможил да ги добива тендерите.

„Дрин Ахмети преку „Еверест ЏД“, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери“, изјави Лефков.

Според податоците на Бизнис мрежа, фирмата „Еверест ЏД“ е формирана во 2005 година. Најпрвин имала седиште во село Зајас, кое е родно место на Ахмети, потоа во соседното Букојчани за од август лани да се префрли со адреса во Скопје. Дрин Ахмети станал нејзин директор и сопственик во 2017 година. Лани фирмата имала добивка од 129.000 евра.

Откако Дрин Ахмети ја преземал, тендер склучила со „Комуналец“ од Кичево во вредност од 47,500 евра за набавка на ризла и камен за ѕидање. Потоа ја започнала соработката со АД ЕСМ и добила договори за четири тендери во износ од речиси 125.000 евра. Последниот договор и е со „Водовод и канализација“ од Прилеп за над 15.000 евра.

„Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи“, додаде Лефков.

Дрин Ахмети вчера реагираше дека владеачката партија шири невистини кои и му штетат на личниот углед и на имиџот на фирмата, а притоа ги сподели и сите уплати на „Еверест ЏД“ за концесиски надоместок за простор и експлоатација за периодот 2016 до 2024 година.

Освен Дрин Ахмети, во кривичната пријава е опфатен и претходниот директор на фирмата, Бесиан Ахмети кој всушност ја отстапил „Еверест ЏД“ на неговиот брат. Тој вчера беше разрешен од неговата функција прв секретар на македонската амбасада во Брисел поради кривичната пријава против него. Пријави има и за неколкумина вработени во министерството за економија за несовесно работење, бидејќи биле должни да вршат надзор на концесијата. Обвинителството ги истражува наводите.

The post Фирмата концесионер на Дрин Ахмети добивала и милионски тендери appeared first on Република.

]]>

Милионски тендери добивала фирмата „Еверест ЏД“ на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за која пред некој ден заработи кривична пријава од МВР, бидејќи се сомничи дека како нејзин директор извршил злоупотреба на концесија за рудник кај Кичево и со тоа го оштетил буџетот за 1,6 милиони денари или околу 26.000 евра. Ова денеска го обелодени ВМРО-ДПМНЕ и прстот го впери кон поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој доаѓа од истата партија, бидејќи не ја одземал концесијата на фирмата за експлоатација на минерални суровини и со тоа овозможил да ги добива тендерите. „Дрин Ахмети преку „Еверест ЏД“, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери“, изјави Лефков. Според податоците на Бизнис мрежа, фирмата „Еверест ЏД“ е формирана во 2005 година. Најпрвин имала седиште во село Зајас, кое е родно место на Ахмети, потоа во соседното Букојчани за од август лани да се префрли со адреса во Скопје. Дрин Ахмети станал нејзин директор и сопственик во 2017 година. Лани фирмата имала добивка од 129.000 евра. Откако Дрин Ахмети ја преземал, тендер склучила со „Комуналец“ од Кичево во вредност од 47,500 евра за набавка на ризла и камен за ѕидање. Потоа ја започнала соработката со АД ЕСМ и добила договори за четири тендери во износ од речиси 125.000 евра. Последниот договор и е со „Водовод и канализација“ од Прилеп за над 15.000 евра. „Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи“, додаде Лефков. Дрин Ахмети вчера реагираше дека владеачката партија шири невистини кои и му штетат на личниот углед и на имиџот на фирмата, а притоа ги сподели и сите уплати на „Еверест ЏД“ за концесиски надоместок за простор и експлоатација за периодот 2016 до 2024 година. Освен Дрин Ахмети, во кривичната пријава е опфатен и претходниот директор на фирмата, Бесиан Ахмети кој всушност ја отстапил „Еверест ЏД“ на неговиот брат. Тој вчера беше разрешен од неговата функција прв секретар на македонската амбасада во Брисел поради кривичната пријава против него. Пријави има и за неколкумина вработени во министерството за економија за несовесно работење, бидејќи биле должни да вршат надзор на концесијата. Обвинителството ги истражува наводите.

The post Фирмата концесионер на Дрин Ахмети добивала и милионски тендери appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-pozharot-na-mostot-belasitsa/ Fri, 10 May 2024 10:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=776731

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска објави дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица“ кој избувна на 11 мај минатата година.

На 11 мај 2023 година на ул. „Беласица“ во Скопје, поточно под мост "Беласица“ предизвикан е пожар на просторијата за компензација на тополовод во истиот мост, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ - снабдување со топлина, при што предизвикани се и топлински оштетувања на наведениот топловод како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот.

Со наведеното дејствие извршено е кривично дело "Тешки дела против општата сигурност" по чл. 292 од КЗ, а во врска со кривично дело "Предизвикување општа опасност" по чл. 288 од КЗ за што од страна на Единица за насилен криминал при СВР Скопје преземени се опсежни оперативни мерки за откривање на сторителот на истото.

По изготвувањето на анализи во Одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место (отпушоци од цигари и запалка) од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица, при што е утврден сторителот на горенаведеното кривично дело, лицето И.Х. (37) од Скопје и против истиот на 10.05.2024 година до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава.

Пријавениот И.Х. од 12.09.2023 година се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ "Скопје" поради сторено кривично дело "Тешка кражба" по чл. 236 од КЗ, објави Тошковски.

The post Кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица” appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска објави дека е поднесена кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица“ кој избувна на 11 мај минатата година. На 11 мај 2023 година на ул. „Беласица“ во Скопје, поточно под мост "Беласица“ предизвикан е пожар на просторијата за компензација на тополовод во истиот мост, на левиот брег на реката Вардар, кој се проширил на термичката изолација и топловодните цевководи кои се дел од топлификациска мрежа на ЕСМ - снабдување со топлина, при што предизвикани се и топлински оштетувања на наведениот топловод како и видливи оштетувања на конструктивните елементи на мостот. Со наведеното дејствие извршено е кривично дело "Тешки дела против општата сигурност" по чл. 292 од КЗ, а во врска со кривично дело "Предизвикување општа опасност" по чл. 288 од КЗ за што од страна на Единица за насилен криминал при СВР Скопје преземени се опсежни оперативни мерки за откривање на сторителот на истото. По изготвувањето на анализи во Одделот за форензички испитувања на подигнатите траги од лице место (отпушоци од цигари и запалка) од страна на полициски службеници извршен е разговор со повеќе лица, при што е утврден сторителот на горенаведеното кривично дело, лицето И.Х. (37) од Скопје и против истиот на 10.05.2024 година до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава. Пријавениот И.Х. од 12.09.2023 година се наоѓа на издржување казна затвор во КПУ "Скопје" поради сторено кривично дело "Тешка кражба" по чл. 236 од КЗ, објави Тошковски.

The post Кривична пријава за пожарот на мостот „Беласица” appeared first on Република.

]]>
Кривична против полицаец од Крушево, нападнал полицајци и се заканувал на неколку лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-protiv-politsaets-od-krushevo-napadnal-politsajtsi-i-se-zakanuval-na-nekolku-litsa/ Thu, 11 Apr 2024 15:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=765033

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против 51-годишниот А.А. од Крушево, полициски службеник во Полициската станица Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР.

На 31.03.2024 во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р.Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево, соопшти МВР.

По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и дадени се задолжителни мерки да се отстрани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

The post Кривична против полицаец од Крушево, нападнал полицајци и се заканувал на неколку лица appeared first on Република.

]]>

ОВР Крушево поднесе кривична пријава против 51-годишниот А.А. од Крушево, полициски службеник во Полициската станица Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, извести МВР. На 31.03.2024 во Крушево, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а претходно со остар предмет им се заканил на М.С., Е.С. и Р.Р., тројцата од Прилеп и на С.Г. од Крушево, соопшти МВР. По извршени проверки, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР и дадени се задолжителни мерки да се отстрани од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

The post Кривична против полицаец од Крушево, нападнал полицајци и се заканувал на неколку лица appeared first on Република.

]]>
Финансиска полиција со кривична пријава против претседател на УО и три службени лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/finansiska-politsija-so-krivichna-prijava-protiv-pretsedatel-na-uo-i-tri-sluzhbeni-litsa/ Tue, 08 Aug 2023 11:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=669962

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднела кривична пријава против едно физичко лице во својство на претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Македонија.

Во текот на 2021 година во судска постапка пред Апелационен суд во Гостивар со намера да се стекне со противправна имотна корист првопријавеното физичко лице лажно прикажал факти, односно второпријавениот, третопријавениот во својство на овластени ветеринари и четвртопријавениот во својство на в.д директор на Јавно претпријатие со искористување на своите службени положби прибавиле противправна имотна корист за првопријавениот на начин што во два записници од Агенција за храна и ветеринарство на Р.Македонија и еден Записникот од Јавно претпријатие, внеле невистинити податоци и истите ги овериле со свој печат и потпис, а првопријавениот ги употребил во судска постапка и по основ на штета, се здобил со противправна имотна корист од 5.905.636,00 денари на штета на Буџетот на Република Македонија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.

The post Финансиска полиција со кривична пријава против претседател на УО и три службени лица appeared first on Република.

]]>

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднела кривична пријава против едно физичко лице во својство на претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Македонија.
Во текот на 2021 година во судска постапка пред Апелационен суд во Гостивар со намера да се стекне со противправна имотна корист првопријавеното физичко лице лажно прикажал факти, односно второпријавениот, третопријавениот во својство на овластени ветеринари и четвртопријавениот во својство на в.д директор на Јавно претпријатие со искористување на своите службени положби прибавиле противправна имотна корист за првопријавениот на начин што во два записници од Агенција за храна и ветеринарство на Р.Македонија и еден Записникот од Јавно претпријатие, внеле невистинити податоци и истите ги овериле со свој печат и потпис, а првопријавениот ги употребил во судска постапка и по основ на штета, се здобил со противправна имотна корист од 5.905.636,00 денари на штета на Буџетот на Република Македонија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.

The post Финансиска полиција со кривична пријава против претседател на УО и три службени лица appeared first on Република.

]]>
Кривична против четири лица поради изготвување лажен купопродажен договор за патничко возило https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-protiv-chetiri-litsa-poradi-izgotvuvane-lazhen-kupoprodazhen-dogovor-za-patnichko-vozilo/ Thu, 06 Jul 2023 15:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=658722

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица поради изготвување на лажен купопродажен договор за патничко возило.

Како што информираат од МВР, поднесена е кривична пријава против А.М. (50) од Тетово поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела - „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, како и против Х.И.(44) од с.Голема Речица, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела - „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и помагање во врска со кривично дело „фалсификување исправа“.

Исто така, поднесена е кривична пријава и против К.А.(36) од с.Голема Речица поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела - „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и Н.Т.(43) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“.

Имено, првопријавениот А.М., во својство на адвокат и третопријавениот К.А. на 17 мај оваа година направиле лажен купопродажен договор за патничко возило како да е склучен помеѓу едно лице од с.Требош - како продавач и пријавениот К.А. и уште едно лице - како купувачи.

Како што соопштија од МВР, при изготвување на договорот А.М. изготвил и Изјава на име на Х.И., а потоа истата ја заверил кај нотар. Потоа, Н.Т. во својство на нотар направил препис на Договорот, но наведените податоци не се совпаѓале со податоците кои биле наведени во штембилот, а потоа и препис на документ кој не бил оригинал, бидејќи купопродажен договор не постоел, со што со извршениот препис, купопродажниот Договор станал валиден, додека третопријавениот К.А. направениот препис го употребил на технички преглед и патничкото возило „голф 5“ го префрлил на свое име, а потоа го продал на друго лице.

Исто така, второпријавениот Х.И., сакајќи да го продаде возилото, го зел од Н.И., а по неколку денови Х.И., му го дал на А.М. возилото со клуч и сообраќајна дозвола на име на Н.И., по што истиот направил лажен договор и возилото му го продал на третопријавениот К.А., се вели во соопштението на МВР

The post Кривична против четири лица поради изготвување лажен купопродажен договор за патничко возило appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица поради изготвување на лажен купопродажен договор за патничко возило. Како што информираат од МВР, поднесена е кривична пријава против А.М. (50) од Тетово поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела - „фалсификување исправа“, „употреба на исправа со невистинита содржина“, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“, како и против Х.И.(44) од с.Голема Речица, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела - „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и помагање во врска со кривично дело „фалсификување исправа“. Исто така, поднесена е кривична пријава и против К.А.(36) од с.Голема Речица поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела - „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и Н.Т.(43) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“. Имено, првопријавениот А.М., во својство на адвокат и третопријавениот К.А. на 17 мај оваа година направиле лажен купопродажен договор за патничко возило како да е склучен помеѓу едно лице од с.Требош - како продавач и пријавениот К.А. и уште едно лице - како купувачи. Како што соопштија од МВР, при изготвување на договорот А.М. изготвил и Изјава на име на Х.И., а потоа истата ја заверил кај нотар. Потоа, Н.Т. во својство на нотар направил препис на Договорот, но наведените податоци не се совпаѓале со податоците кои биле наведени во штембилот, а потоа и препис на документ кој не бил оригинал, бидејќи купопродажен договор не постоел, со што со извршениот препис, купопродажниот Договор станал валиден, додека третопријавениот К.А. направениот препис го употребил на технички преглед и патничкото возило „голф 5“ го префрлил на свое име, а потоа го продал на друго лице.
Исто така, второпријавениот Х.И., сакајќи да го продаде возилото, го зел од Н.И., а по неколку денови Х.И., му го дал на А.М. возилото со клуч и сообраќајна дозвола на име на Н.И., по што истиот направил лажен договор и возилото му го продал на третопријавениот К.А., се вели во соопштението на МВР

The post Кривична против четири лица поради изготвување лажен купопродажен договор за патничко возило appeared first on Република.

]]>
Кривична за командир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-komandir-vo-tetovskata-kasarna-pottiknal-vojnik-da-pobara-3-000-evra-mito-za-izbor-na-ofitser/ Sat, 24 Jun 2023 11:10:50 +0000 https://republika.mk/?p=654671

МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РСМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка, а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот.

Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода, информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.

The post Кривична за командир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер appeared first on Република.

]]>

МВР поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во Министерство за одбрана како командир во тетовска касарна, бидејќи постои основано сомнение дека поттикнувал кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 23 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 18 и 19 мај во Скопје, со умисла поттикнал една осомничена -професионален војник во Армијата на РСМ, директно да побара и да прими парични средства во износ од 3.000 – 4.000 евра, од еден оштетен за да изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. За таа осомничена обвинителството веќе поведе постапка, а во текот на истрагата обезбеди докази кои даваат основано сомнение за поттикнувачот. Таа, сакајќи да му помогне на нејзин колега – кандидат на конкурс за прием на офицери, го контактирала сега осомничениот, а тој и кажал дека ако сака оштетениот да биде избран, тој ќе треба да плати 3.000-4.000 евра. Се договориле паричните средства оштетениот да и ги предаде на осомничената, а таа да му ги предаде на командирот од Тетово. При примопредавање на средствата, осомничената беше затекната и лишена од слобода, информираат од Обвинителството. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор и за осомничениот за кого денеска беше отворена истрага.

The post Кривична за командир во тетовската касарна, поттикнал војник да побара 3.000 евра мито за избор на офицер appeared first on Република.

]]>
Кривична за полицаецот кој го удри Талески со пендрек по глава https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-politsaetsot-koj-go-udri-taleski-so-pendrek-po-glava/ Fri, 19 May 2023 08:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=642541

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот на 13.05.2023 година, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.

The post Кривична за полицаецот кој го удри Талески со пендрек по глава appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот на 13.05.2023 година, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка.

The post Кривична за полицаецот кој го удри Талески со пендрек по глава appeared first on Република.

]]>
Градот Скопје поднесе кривична за „Титан Усје“ за загадување https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradot-skopje-podnese-krivichna-za-titan-usje-za-zagaduvane/ Wed, 18 Jan 2023 08:53:23 +0000 https://republika.mk/?p=598159

Денес градот Скопје ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице – Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите обврски за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух.

Имено, цементарницата „Титан Усје“ испуштала значително поголема концентрација на ПМ10 честици од котлите за загревање кои работеле на мазут, наместо на природен гас, при мерењата извршени на 3 и 4 јануари. Односно, наместо дозволениот максимум од 50 микрограми/м3, од оџакот се испуштале 121 микрограми/м3 секој час.

Исто така, забележано е зголемување на испустот на азотни оксиди за најмалку два пати, односно наместо дозволените 350 мг/м3, се испуштале 711 мг/м3 секој час.

Производниот процес на цементарницата „Титан Усје“ е непрекинат и се одвива секој час од секој ден во текот на годината.

Поради овие дејствија, против цементарница „Титан Усје“ и одговорното лице Борис Хрисафов, на иницијатива на градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, денес се поднесе кривична пријава согласно членот 234 од Кривичниот законик „Тешки дела против животната средина и природа“ во врска со член 218 од истиот закон насловен како „Загадување на животната средина и природа“. За овие дела е предвидена затворска казна.

Апелираме до Основното Јавно Обвинителство во Скопје, темелно да ги истражи наводите и да постапи по истата соодветно. Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, и кои не смеат да бидат амнестирани од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања, велат од Град Скопје.

 

The post Градот Скопје поднесе кривична за „Титан Усје“ за загадување appeared first on Република.

]]>

Денес градот Скопје ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице – Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите обврски за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух. Имено, цементарницата „Титан Усје“ испуштала значително поголема концентрација на ПМ10 честици од котлите за загревање кои работеле на мазут, наместо на природен гас, при мерењата извршени на 3 и 4 јануари. Односно, наместо дозволениот максимум од 50 микрограми/м3, од оџакот се испуштале 121 микрограми/м3 секој час. Исто така, забележано е зголемување на испустот на азотни оксиди за најмалку два пати, односно наместо дозволените 350 мг/м3, се испуштале 711 мг/м3 секој час. Производниот процес на цементарницата „Титан Усје“ е непрекинат и се одвива секој час од секој ден во текот на годината. Поради овие дејствија, против цементарница „Титан Усје“ и одговорното лице Борис Хрисафов, на иницијатива на градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, денес се поднесе кривична пријава согласно членот 234 од Кривичниот законик „Тешки дела против животната средина и природа“ во врска со член 218 од истиот закон насловен како „Загадување на животната средина и природа“. За овие дела е предвидена затворска казна.
Апелираме до Основното Јавно Обвинителство во Скопје, темелно да ги истражи наводите и да постапи по истата соодветно. Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, и кои не смеат да бидат амнестирани од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања, велат од Град Скопје.
 

The post Градот Скопје поднесе кривична за „Титан Усје“ за загадување appeared first on Република.

]]>
Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-za-maloletnik-od-skopje-za-terorizam-za-dojavite-na-bombi-vo-skopski-uchilishta/ Mon, 05 Dec 2022 12:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=582189

Денеска (05.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик.

Имено, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во перод од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04.11.2022, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адреса на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта.

Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14.09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со заканувачка содржина.

Од страна МВР-ОСОСК-СБПТНЕР-Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле порака, при што не се пронајдени експлозивни направи.

Со цел обезбедување на докази, од страна на Секторот за борба против тероризам насилен екстремизам и радикализам во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Секторот за меѓународна полициска соработка преземени се мерки, при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 04.11.2022 година во 11.17 часот од IP адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д.К.Ч.(43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице.

Врз основа на издадени наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 07.11.2022 година е извршен претрес на дом и други простории каде живее Д.К.Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот., а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед во електронските уреди кои ги користи кривично пријавениот, при што е утврдено дека на 04.11.2022 година преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување на пакет од провајдерот за користење на безбедна електронска пошта.

На 07.11.2022 во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го призна и го појасни начинот на извршување на кривичното дело.

 

The post Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта appeared first on Република.

]]>

Денеска (05.12.2022) Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот малолетник инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во перод од 26.10.2022 до 02.11.2022 година, на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 04.11.2022, од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адреса на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта. Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14.09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со заканувачка содржина. Од страна МВР-ОСОСК-СБПТНЕР-Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле порака, при што не се пронајдени експлозивни направи. Со цел обезбедување на докази, од страна на Секторот за борба против тероризам насилен екстремизам и радикализам во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Секторот за меѓународна полициска соработка преземени се мерки, при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 04.11.2022 година во 11.17 часот од IP адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д.К.Ч.(43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице. Врз основа на издадени наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 07.11.2022 година е извршен претрес на дом и други простории каде живее Д.К.Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот., а од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед во електронските уреди кои ги користи кривично пријавениот, при што е утврдено дека на 04.11.2022 година преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување на пакет од провајдерот за користење на безбедна електронска пошта. На 07.11.2022 во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го призна и го појасни начинот на извршување на кривичното дело.  

The post Кривична за малолетник од Скопје за „тероризам“, за дојавите на бомби во скопски училишта appeared first on Република.

]]>
Предметот во фиока, нозете на биро: Кривична пријава за вработена во Општина Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/predmetot-vo-fioka-nozete-na-biro-krivichna-prijava-za-vrabotena-vo-opshtina-delchevo/ Fri, 02 Dec 2022 15:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=580997

Кривична пријава за вработена во Општина Делчево, поради основи на сомнение за ,,несовесно работење во службата”.

Поради основи на сомнение за „несовесно работење во службата“ Надворешната Канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ. (57) од Делчево за сторено дело кое е казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.

Осомничената која е вработена во Општина Делчево, како што се наведува во информацијата од полицијата, постапила спротивно на Законот за градење, одолговлекувајќи ја постапката по две електронски барања за издавање на Одобрение за градење на фотонапонска централа од страна на инвеститор од Делчево.

По одговорот на забелешките од барателот, 57-годишната делчевка изготвила Решение со кое барањето било одбиено, а истото решение по жалба на барателот второстепениот орган го поништил. Во повторената постапка, осомничената изготвила Одобрение за градење врз основа на истите прилози и идентична фактичка состојба, а кое станало прависилно на 25.08.2022, стои во информацијата од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.

Со ваквото постапување, како што додаваат оттаму, Љ.Ѓ. нанела штета на инвеститорот во висина 175.485 евра.

The post Предметот во фиока, нозете на биро: Кривична пријава за вработена во Општина Делчево appeared first on Република.

]]>

Кривична пријава за вработена во Општина Делчево, поради основи на сомнение за ,,несовесно работење во службата”. Поради основи на сомнение за „несовесно работење во службата“ Надворешната Канцеларија за криминалистички работи Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Љ.Ѓ. (57) од Делчево за сторено дело кое е казниво по чл.353-в од Кривичниот законик. Осомничената која е вработена во Општина Делчево, како што се наведува во информацијата од полицијата, постапила спротивно на Законот за градење, одолговлекувајќи ја постапката по две електронски барања за издавање на Одобрение за градење на фотонапонска централа од страна на инвеститор од Делчево.
По одговорот на забелешките од барателот, 57-годишната делчевка изготвила Решение со кое барањето било одбиено, а истото решение по жалба на барателот второстепениот орган го поништил. Во повторената постапка, осомничената изготвила Одобрение за градење врз основа на истите прилози и идентична фактичка состојба, а кое станало прависилно на 25.08.2022, стои во информацијата од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево.
Со ваквото постапување, како што додаваат оттаму, Љ.Ѓ. нанела штета на инвеститорот во висина 175.485 евра.

The post Предметот во фиока, нозете на биро: Кривична пријава за вработена во Општина Делчево appeared first on Република.

]]>