кривичен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichen/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jan 2024 11:26:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кривичен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichen/ 32 32 Кривичен совет одлучува по жалбата на Обвинителството за инволвираните во нападот во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichen-sovet-odluchuva-po-zhalbata-na-obvinitelstvoto-za-involviranite-vo-napadot-vo-m-nav/ Thu, 11 Jan 2024 11:26:56 +0000 https://republika.mk/?p=731903

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје денеска одлучува по жалбата на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, за случувањата во М-НАВ.

За нападот во зградата на М-НАВ и напад на вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор, на што обвинителството поднесе жалба.

За останатите четворица, како што информираат од Обвинителство, се уште се трага по централен распис на територија на државата.

Обвинителот Дејан Петрески, во изјава за Канал 5, рече дека обвинителството останува на ставот дека Судот за овој случај треба да определи посилни мерки за четворицата осомничени.

По повод поднесената жалба од ОЈО Скопје беше одржана јавна седница, на која Обвинителството остана на сите наводи, претходно детално образложени во предлогот за определување на мерка притвор, како единствена мерка за обезбедување присуство неопходна во оваа фаза од кривичната постапка. Детално ги образложи, како наводите во писмениот предлог, така и во наводите во жалбата и во овој момент обвинителството смета дека неопходна мерка за обезбедување присуство на осомничените во текот на кривичната постапка е токму мерката притвор - изјави Петрески.

За останатите четворица осомничени, Петрески, посочи дека активно се преземаат мерки за нивно обезбедување, но и за идентификување и на останатите лица и нивно обезбедување во текот на кривичната постапка.

Бранителот на Беким Незири, адвокатот Еленко Миланов во изјава за медиуми пред Судот, рече дека целиот настан и „фама околу настанот“ е започнат со дезинформација, а тоа е дека настанот се случил во контролната кула на М-НАВ.

Во овој настан ниту има нешто што се случува во контролната структура, ниту има нешто што се случува во близина на таа контролна кула, ниту пак со лице кое што во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи целата оваа фама и разногласие - вели тој.

Незири, посочи Миланов, се јавил во рок од половина час од поканата во полициска станица и дал изјава.

Тој е тука. Еве и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека ниту мисли да бега, туку сака да го докаже она што реално се случило во кое што тој нема апсолутно никаков допринос затоа што и тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество, ниту пак од лице кое што влегува со него во зградата на М-НАВ - изјави Миланов.

За упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје на 4 јануари годинава, владата по седницата одржана на 9 јануари даде насоки за смена на раководните функции и спроведување на вонреден инспекциски надзор и ревизија на досегашното работење, додека за инцидентот, Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

Додека за дел од осомничените се трага, за четворица меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ, Судот им определи мерки за претпазливост, откако не го прифати предлогот на обвинителството, поради опасност од бегство и можност да влијаат врз постапката или да го повторат делото, да им биде определена мерка притвор.

Владата, на седницата од 9 јануари даде насоки за разрешување на претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски и му препорача на Надзорниот одбор на позицијата претседател на УО и извршен директор во СВН да го именува Хекуран Асани, а за член на УО и извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ. Исто така ѝ препорача на Агенцијата за цивилно воздухоповство да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и да го информира ресорното министерство и Владата, а исто така, го задолжи и Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје.

Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на ССКЛ на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ ќе поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

The post Кривичен совет одлучува по жалбата на Обвинителството за инволвираните во нападот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје денеска одлучува по жалбата на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, за случувањата во М-НАВ. За нападот во зградата на М-НАВ и напад на вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор, на што обвинителството поднесе жалба. За останатите четворица, како што информираат од Обвинителство, се уште се трага по централен распис на територија на државата. Обвинителот Дејан Петрески, во изјава за Канал 5, рече дека обвинителството останува на ставот дека Судот за овој случај треба да определи посилни мерки за четворицата осомничени.
По повод поднесената жалба од ОЈО Скопје беше одржана јавна седница, на која Обвинителството остана на сите наводи, претходно детално образложени во предлогот за определување на мерка притвор, како единствена мерка за обезбедување присуство неопходна во оваа фаза од кривичната постапка. Детално ги образложи, како наводите во писмениот предлог, така и во наводите во жалбата и во овој момент обвинителството смета дека неопходна мерка за обезбедување присуство на осомничените во текот на кривичната постапка е токму мерката притвор - изјави Петрески.
За останатите четворица осомничени, Петрески, посочи дека активно се преземаат мерки за нивно обезбедување, но и за идентификување и на останатите лица и нивно обезбедување во текот на кривичната постапка. Бранителот на Беким Незири, адвокатот Еленко Миланов во изјава за медиуми пред Судот, рече дека целиот настан и „фама околу настанот“ е започнат со дезинформација, а тоа е дека настанот се случил во контролната кула на М-НАВ.
Во овој настан ниту има нешто што се случува во контролната структура, ниту има нешто што се случува во близина на таа контролна кула, ниту пак со лице кое што во тој момент требало да извршува свои обврски во контролната кула. Тоа е првото и основно што ја направи целата оваа фама и разногласие - вели тој.
Незири, посочи Миланов, се јавил во рок од половина час од поканата во полициска станица и дал изјава.
Тој е тука. Еве и денеска се појави пред судот што јасно укажува дека ниту мисли да бега, туку сака да го докаже она што реално се случило во кое што тој нема апсолутно никаков допринос затоа што и тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество, ниту пак од лице кое што влегува со него во зградата на М-НАВ - изјави Миланов.
За упадот во објектот на Контролата на летање на аеродромот во Скопје на 4 јануари годинава, владата по седницата одржана на 9 јануари даде насоки за смена на раководните функции и спроведување на вонреден инспекциски надзор и ревизија на досегашното работење, додека за инцидентот, Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Додека за дел од осомничените се трага, за четворица меѓу кои и Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ, Судот им определи мерки за претпазливост, откако не го прифати предлогот на обвинителството, поради опасност од бегство и можност да влијаат врз постапката или да го повторат делото, да им биде определена мерка притвор. Владата, на седницата од 9 јануари даде насоки за разрешување на претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ Љубе Стаменковски и му препорача на Надзорниот одбор на позицијата претседател на УО и извршен директор во СВН да го именува Хекуран Асани, а за член на УО и извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ. Исто така ѝ препорача на Агенцијата за цивилно воздухоповство да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и да го информира ресорното министерство и Владата, а исто така, го задолжи и Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на „М-НАВ“ А.Д. – Скопје. Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на ССКЛ на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ ќе поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

The post Кривичен совет одлучува по жалбата на Обвинителството за инволвираните во нападот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Кривичен суд за М-НАВ: Во рок од 48 часа ќе се одлучува за предметот по добивање на одговор на жалба од одбраната https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-sud-za-m-nav-vo-rok-od-48-chasa-ke-se-odluchuva-za-predmetot-po-dobivane-na-odgovor-na-zhalba-od-odbranata/ Wed, 10 Jan 2024 14:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=731653

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната.

Со оглед на барањето на странките во постапката, но пред се заради доследно почитување на законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста, се посочува во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот, Судот информира дека до попладнево јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица освен за четворицата кои веќе се под мерки за претпазливост.

За нападот во зградата на М-НАВ и напад на вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор.

The post Кривичен суд за М-НАВ: Во рок од 48 часа ќе се одлучува за предметот по добивање на одговор на жалба од одбраната appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство – Скопје против решенија на судии од претходна постапка од 5 јануари, со кои на четири лица им определи мерки на претпазливост, а поврзани со случувањата во М-НАВ, во текот на денешниот ден оформи предмет по добивање на одговор на жалба од одбраната. Со оглед на барањето на странките во постапката, но пред се заради доследно почитување на законските одредби, судот во рокот од 48 часа ќе донесе соодветна одлука за што ќе ги информира странките и јавноста, се посочува во денешното соопштение од Кривичниот суд. Во однос на прашањата поврзани со други лица инволвирани во случајот, Судот информира дека до попладнево јавниот обвинител до судот нема поднесено дополнително барање за определување мерки и за други инволвирани лица освен за четворицата кои веќе се под мерки за претпазливост. За нападот во зградата на М-НАВ и напад на вработени, Кривичниот суд им одреди мерки за претпазливост на Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и уште три лица иако Јавното обвинителство бараше притвор.

The post Кривичен суд за М-НАВ: Во рок од 48 часа ќе се одлучува за предметот по добивање на одговор на жалба од одбраната appeared first on Република.

]]>
Утре протест пред Кривичен, се бара правда за малиот Мануел кој беше усмртен на „Пластичарска“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-protest-pred-krivichen-se-bara-pravda-za-maliot-manuel-koj-beshe-usmrten-na-plasticharska/ Thu, 23 Nov 2023 11:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=715488

За во петок (24 ноември) е најавен протест за правда на малиот Мануел кој беше усмртен на улицата „Пластичарска“ на 12-ти октомври годинава. Протестот ќе почне од собирното место пред теќето во Топаана, а ќе заврши пред Основниот Кривичен суд. Пред Кривичниот суд ќе се обратат двајца говорници, таткото на Мануел, Себастиан Асановски и претставник на институтот „Ромалитико“.

На 12 октомври, 21 годишниот Шукри Зеќири, со возило марка Мерцедес Е-320 на улица „Пластичарска” со брзина од 76 километри на час (26 километри час над дозволената брзина од 50 километри на час) го усмрти 10 годишниот Мануел Асановски и побегна од местото на трагедијата.

На 15 ноември, судијката Марија Клетничка донесе пресуда во која се наведува дека 21-годишниот Зеќири сторил кривично дело и му е определена затворска казна од 2 години и 3 месеци и 3 годишна забрана за управување со моторно возило по отслужување на казната.

Од „Ромалитико“ истакнуваат дека ваквите пресуди во коишто сторителите добиваат минимални казни, а има човечки жртви, како во случајот на Мануел, дополнително ја потврдуваат недовербата на граѓаните во правосудниот систем во државата.

-Укажуваме дека губењето на животот на 10 годишниот Мануел е трагедија и болка којашто ќе го следи семејството до крајот на животот и најмалку што може судот да направи за овој случај е да донесе праведна одлука за казна на сторителот.

Со организираниот протестен марш, Ромалитико, ромската заедницата и сите незадоволни од судскиот систем, а во овој случај незадоволни од одлуката на судијката Марија Клетничка донесена во петок (24 ноември), бараме:

1. Казната затвор да биде зголемена и да се земат околностите според кои е сторенокривичното дело;

2. Пристап до правда и правични пресуди за ромската заедница во случаи кога жртвата еРом/ка

3. Активноучество на ромската заедница во судската власт, стои во соопштението на „Ромалитико“.

The post Утре протест пред Кривичен, се бара правда за малиот Мануел кој беше усмртен на „Пластичарска“ appeared first on Република.

]]>

За во петок (24 ноември) е најавен протест за правда на малиот Мануел кој беше усмртен на улицата „Пластичарска“ на 12-ти октомври годинава. Протестот ќе почне од собирното место пред теќето во Топаана, а ќе заврши пред Основниот Кривичен суд. Пред Кривичниот суд ќе се обратат двајца говорници, таткото на Мануел, Себастиан Асановски и претставник на институтот „Ромалитико“. На 12 октомври, 21 годишниот Шукри Зеќири, со возило марка Мерцедес Е-320 на улица „Пластичарска” со брзина од 76 километри на час (26 километри час над дозволената брзина од 50 километри на час) го усмрти 10 годишниот Мануел Асановски и побегна од местото на трагедијата. На 15 ноември, судијката Марија Клетничка донесе пресуда во која се наведува дека 21-годишниот Зеќири сторил кривично дело и му е определена затворска казна од 2 години и 3 месеци и 3 годишна забрана за управување со моторно возило по отслужување на казната. Од „Ромалитико“ истакнуваат дека ваквите пресуди во коишто сторителите добиваат минимални казни, а има човечки жртви, како во случајот на Мануел, дополнително ја потврдуваат недовербата на граѓаните во правосудниот систем во државата.
-Укажуваме дека губењето на животот на 10 годишниот Мануел е трагедија и болка којашто ќе го следи семејството до крајот на животот и најмалку што може судот да направи за овој случај е да донесе праведна одлука за казна на сторителот.
Со организираниот протестен марш, Ромалитико, ромската заедницата и сите незадоволни од судскиот систем, а во овој случај незадоволни од одлуката на судијката Марија Клетничка донесена во петок (24 ноември), бараме: 1. Казната затвор да биде зголемена и да се земат околностите според кои е сторенокривичното дело; 2. Пристап до правда и правични пресуди за ромската заедница во случаи кога жртвата еРом/ка 3. Активноучество на ромската заедница во судската власт, стои во соопштението на „Ромалитико“.

The post Утре протест пред Кривичен, се бара правда за малиот Мануел кој беше усмртен на „Пластичарска“ appeared first on Република.

]]>
Поранешни државни функционери обвинети за организирање настани од 27 април повторно бараат амнестија: Судската одлука се очекува наскоро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshni-drzhavni-funktsioneri-obvineti-za-organizirane-nastani-od-27-april-povtorno-baraat-amnestija-sudskata-odluka-se-ochekuva-naskoro/ Fri, 03 Nov 2023 16:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=697884

Поранешните државни функционери кои се обвинети за организирање за упад во Собранието на 27 април 2017 година, уште еднаш побараа покриеност со Законот за амнестија од 2018 година, специјално дизајниран за лица инволвирани во овие настани. Од Основниот кривичен суд Скопје обелоденија дека тие заедно со нивните законски застапници ова барање го поднеле на рочиште на 3 ноември. Судот ќе ја соопшти одлуката на 14 декември, објави Слободна Европа.

Меѓу обвинетите за организирање на настаните од „27 април“ се Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, како и екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Владимир Атанасовски. Сите тие се соочуваат со кривично гонење за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Важно е да се напомене дека овие обвинети лица претходно побараа амнестија според законот од 2018 година. Но, нивното барање беше одбиено од Кривичниот суд со образложение дека не ги исполнуваат потребните услови. Потоа, тие поднеле жалба до Апелациониот суд, кој ја поништил одлуката на Кривичниот суд и наредил да се спроведе нова ревизија.

Овој судски процес, на кој на поранешните функционери им се суди за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година, сега се одржува по втор пат. Првично, тие добија затворски казни од шест до шест и пол години. Но, Апелација ја укина оваа пресуда, по што предметот беше вратен на повторно судење.

Извор: Слободна Европа

 

The post Поранешни државни функционери обвинети за организирање настани од 27 април повторно бараат амнестија: Судската одлука се очекува наскоро appeared first on Република.

]]>

Поранешните државни функционери кои се обвинети за организирање за упад во Собранието на 27 април 2017 година, уште еднаш побараа покриеност со Законот за амнестија од 2018 година, специјално дизајниран за лица инволвирани во овие настани. Од Основниот кривичен суд Скопје обелоденија дека тие заедно со нивните законски застапници ова барање го поднеле на рочиште на 3 ноември. Судот ќе ја соопшти одлуката на 14 декември, објави Слободна Европа. Меѓу обвинетите за организирање на настаните од „27 април“ се Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, како и екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). Владимир Атанасовски. Сите тие се соочуваат со кривично гонење за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. Важно е да се напомене дека овие обвинети лица претходно побараа амнестија според законот од 2018 година. Но, нивното барање беше одбиено од Кривичниот суд со образложение дека не ги исполнуваат потребните услови. Потоа, тие поднеле жалба до Апелациониот суд, кој ја поништил одлуката на Кривичниот суд и наредил да се спроведе нова ревизија. Овој судски процес, на кој на поранешните функционери им се суди за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година, сега се одржува по втор пат. Првично, тие добија затворски казни од шест до шест и пол години. Но, Апелација ја укина оваа пресуда, по што предметот беше вратен на повторно судење. Извор: Слободна Европа  

The post Поранешни државни функционери обвинети за организирање настани од 27 април повторно бараат амнестија: Судската одлука се очекува наскоро appeared first on Република.

]]>