кривичен суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichen-sud/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 13:16:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кривичен суд Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krivichen-sud/ 32 32 Прифатено обвинението за Палевски, судењето најверојатно ќе започне на четврти септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prifateno-obvinenieto-za-palevski-sudeneto-najverojatno-ke-zapochne-na-chetvrti-septemvri/ Mon, 02 Sep 2024 13:16:07 +0000 https://republika.mk/?p=812334

Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски, осомничен за две кривични дела – „убиство“ и две кривични дела – „грабнување“, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Оттаму дополнуваат дека јавноста ќе биде благовремено известена за евентуални промени во терминот за истиот кривично – правен настан каде претходно се обвинети 4 други лица за кои е оформен предмет кој е насрочен за 4 септември 2024 година.

Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Неодамна беше завршена и истрагата за Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство, како и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година

The post Прифатено обвинението за Палевски, судењето најверојатно ќе започне на четврти септември appeared first on Република.

]]>

Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски, осомничен за две кривични дела – „убиство“ и две кривични дела – „грабнување“, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост, информираат од Основен кривичен суд Скопје. Оттаму дополнуваат дека јавноста ќе биде благовремено известена за евентуални промени во терминот за истиот кривично – правен настан каде претходно се обвинети 4 други лица за кои е оформен предмет кој е насрочен за 4 септември 2024 година. Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Неодамна беше завршена и истрагата за Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство, како и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година

The post Прифатено обвинението за Палевски, судењето најверојатно ќе започне на четврти септември appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-krivichen-sud-se-pretvori-vo-institutsija-portparol-na-stavovite-na-sds-i-dui/ Mon, 19 Aug 2024 14:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=808006

Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор, а не избеган. Место да се засрамат, тие само докажуваат зошто и 2 посто рејтинг што го имаат им е премногу, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека наместо да ја префрлаат топката по инструкции на нивните ментори Заев и Ахмети личностите кои го пишуваат соопштението треба да размислат дали срамот кој го трпат да бидат поданици на најобични бандити, има цена и колкава е цената која тие, нивната репутација, репутацијата на чесните судии и државата ја плаќаат.

-Голема штета за македонското судство е што насилството на малкумина политичари со влијание во судството го нарушува рејтингот и на повеќето чесни и одговорни судии кои совесно си ја вршат работата.

Наместо да прават копи пејст на соопштенија од СДС нека се замислат што прават и нека почнат да си ја работат работата одговорно или нека ги остават способните да работат, а тие кои го имаат киднапирано судството веќе 7 години да се повлечат и да си сносат одговорност.

Треба да се запрашаат како е можно баш во овие 7 години рејтингот на судството да падне на 2 посто како што на СДС падна на 180 илјади гласови. Има паметни луѓе таму лесно е за сфаќање. Значи дека тоа што се случувало до сега не е добро и народот тоа го препознава. И од институција која не може да згреши, Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ.

Наша намера не е да се мешаме во работата на судството, но како и сите имаме право да коментираме и да носиме логични заклучоци кои и на малите деца им се јасни. Нема правда нема мир, се вели во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Да се однесуваше Кривичен суд одговорно, принципиелно и морално, Рамадани ќе беше во затвор, а не избеган. Место да се засрамат, тие само докажуваат зошто и 2 посто рејтинг што го имаат им е премногу, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека наместо да ја префрлаат топката по инструкции на нивните ментори Заев и Ахмети личностите кои го пишуваат соопштението треба да размислат дали срамот кој го трпат да бидат поданици на најобични бандити, има цена и колкава е цената која тие, нивната репутација, репутацијата на чесните судии и државата ја плаќаат.
-Голема штета за македонското судство е што насилството на малкумина политичари со влијание во судството го нарушува рејтингот и на повеќето чесни и одговорни судии кои совесно си ја вршат работата. Наместо да прават копи пејст на соопштенија од СДС нека се замислат што прават и нека почнат да си ја работат работата одговорно или нека ги остават способните да работат, а тие кои го имаат киднапирано судството веќе 7 години да се повлечат и да си сносат одговорност.
Треба да се запрашаат како е можно баш во овие 7 години рејтингот на судството да падне на 2 посто како што на СДС падна на 180 илјади гласови. Има паметни луѓе таму лесно е за сфаќање. Значи дека тоа што се случувало до сега не е добро и народот тоа го препознава. И од институција која не може да згреши, Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ.
Наша намера не е да се мешаме во работата на судството, но како и сите имаме право да коментираме и да носиме логични заклучоци кои и на малите деца им се јасни. Нема правда нема мир, се вели во соопштението на партијата.
 
The post ВМРО-ДПМНЕ: Кривичен суд се претвори во институција портпарол на ставовите на СДС и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Тошковски му одговори на Кривичниот суд: Определивме куќен притвор за странец https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-mu-odgovori-na-krivichniot-sud-opredelivme-kuken-pritvor-za-stranets/ Mon, 19 Aug 2024 14:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=807992

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговори по прозивката од Кривичниот суд кој топката ја префрли кај МВР.

„Факт број 1: Кривичниот суд определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол.

Факт број 2: Согласно член 163 став 5 од Законот за кривична постапка, „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“.

Факт број 3: Во овој случај, во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163.

Факт број 4: Во моето повеќегодишно искуство како адвокат, се имам сретнато со решенија за определување на куќен притвор каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата.

Факт број 5: Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка “куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки, при што последната проверка е извршена на 13.08.2024 година, кога лицето било на предметната адреса, за што од страна на полициските службеници е изготвен и соодветен службен материјал.

Ја повикувам јавноста, особено стручната фела, внимателно да го следи овој случај, бидејќи неговиот исход ќе биде од суштинско значење за воспоставувањето на правдата и довербата во судскиот систем во Македонија.“, вели Тошковски.

The post Тошковски му одговори на Кривичниот суд: Определивме куќен притвор за странец appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски одговори по прозивката од Кривичниот суд кој топката ја префрли кај МВР. „Факт број 1: Кривичниот суд определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол. Факт број 2: Согласно член 163 став 5 од Законот за кривична постапка, „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“. Факт број 3: Во овој случај, во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163. Факт број 4: Во моето повеќегодишно искуство како адвокат, се имам сретнато со решенија за определување на куќен притвор каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата. Факт број 5: Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка “куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки, при што последната проверка е извршена на 13.08.2024 година, кога лицето било на предметната адреса, за што од страна на полициските службеници е изготвен и соодветен службен материјал. Ја повикувам јавноста, особено стручната фела, внимателно да го следи овој случај, бидејќи неговиот исход ќе биде од суштинско значење за воспоставувањето на правдата и довербата во судскиот систем во Македонија.“, вели Тошковски.

The post Тошковски му одговори на Кривичниот суд: Определивме куќен притвор за странец appeared first on Република.

]]>
Kривичниот суд одговорноста за бегството на терористот од УЧК ја префрла на МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krvichniot-sud-odgovornosta-za-begstvoto-na-teroristot-od-uchk-ja-prefrla-na-mvr/ Mon, 19 Aug 2024 12:37:49 +0000 https://republika.mk/?p=807960

Основниот кривичен суд - Скопје преку соопштение изнесе пет факти во врска со екстрадиционата постапка на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, каде одговорноста за неговото бегство од куќен притвор ја насочува кон Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица.

Од Судот велат дека со решение на судија на претходна постапка Рамадани бил 15 дена во активен притвор, нагласувајќи дека тоа е максималното време кое некое лице го поминало во екстрадиционен притвор.

При донесување на решението за куќен притвор, појаснуваат од Основиот кривичен суд, судијата ја имал предвид веќе воспоставената судска пракса за постапување на нашите судски органи при идентично исти случаи, односно „на лица на кои првично им било определена мерка притвор, во сите одлуки на Кривичниот совет при надлежните судови е утврдено дека не се исполнети Законските претпоставки за екстрадиција, а овие одлуки се потврдени од Врховниот суд, согласно Законските одредби, може да биде обезбедено со поблаги мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција, додека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица“.

Заради тоа, додаваат, одговорноста (системска или индивидуална) за бегството треба да се бара кај органот кој го врши надзорот.

– Ниту МВР ниту, политичките партии, а ниту пак експертите не ја коментираат одлуката на судот за определување куќен притвор иако истото беше објавено од одредени медиуми, веројатно поради функционалноста на истата како и бројните пресуди против државата токму заради „злоупотреба“ на притворот. На крај лицето се дава во бегство од куќен притвор над кој надзор врши токму МВР, по што и следат бројните реакции и обвинувања на сметка на судот, наведуваат од Судот.

Судскиот систем во нашата земја не е директно засегнат за исходот од оваа постапка, велат од Кривичен, со оглед дека на ова лице не му се суди во земјава и нема оштетени македонски државјани. Сепак обврска на државата, додаваат, е во започнатата екстрадициона постапка да го почитува меѓународното право за што веќе има воспоставена судска пракса.

– Имено во идентичен ваков случај со лицето Томора Морине од 2019 – та година, лицето не било екстрадирано во Р.Србија, бидејќи истиот бил Косовски државјанин и делото за кое се терети било сторено во Р.Косово, па заради тоа надлежност за водење на постапката ја има Р.Косово, одлука која била потврдена од Врховниот суд на РСМ, велат од Кривичен.

Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август

The post Kривичниот суд одговорноста за бегството на терористот од УЧК ја префрла на МВР appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд - Скопје преку соопштение изнесе пет факти во врска со екстрадиционата постапка на поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани од Косово, каде одговорноста за неговото бегство од куќен притвор ја насочува кон Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица. Од Судот велат дека со решение на судија на претходна постапка Рамадани бил 15 дена во активен притвор, нагласувајќи дека тоа е максималното време кое некое лице го поминало во екстрадиционен притвор.
При донесување на решението за куќен притвор, појаснуваат од Основиот кривичен суд, судијата ја имал предвид веќе воспоставената судска пракса за постапување на нашите судски органи при идентично исти случаи, односно „на лица на кои првично им било определена мерка притвор, во сите одлуки на Кривичниот совет при надлежните судови е утврдено дека не се исполнети Законските претпоставки за екстрадиција, а овие одлуки се потврдени од Врховниот суд, согласно Законските одредби, може да биде обезбедено со поблаги мерки како куќен притвор, мерки за обезбедување присуство или гаранција, додека надзорот над куќниот притвор, согласно решението се доверува на МВР, односно надлежната полициска станица“.
Заради тоа, додаваат, одговорноста (системска или индивидуална) за бегството треба да се бара кај органот кој го врши надзорот.
– Ниту МВР ниту, политичките партии, а ниту пак експертите не ја коментираат одлуката на судот за определување куќен притвор иако истото беше објавено од одредени медиуми, веројатно поради функционалноста на истата како и бројните пресуди против државата токму заради „злоупотреба“ на притворот. На крај лицето се дава во бегство од куќен притвор над кој надзор врши токму МВР, по што и следат бројните реакции и обвинувања на сметка на судот, наведуваат од Судот.
Судскиот систем во нашата земја не е директно засегнат за исходот од оваа постапка, велат од Кривичен, со оглед дека на ова лице не му се суди во земјава и нема оштетени македонски државјани. Сепак обврска на државата, додаваат, е во започнатата екстрадициона постапка да го почитува меѓународното право за што веќе има воспоставена судска пракса.
– Имено во идентичен ваков случај со лицето Томора Морине од 2019 – та година, лицето не било екстрадирано во Р.Србија, бидејќи истиот бил Косовски државјанин и делото за кое се терети било сторено во Р.Косово, па заради тоа надлежност за водење на постапката ја има Р.Косово, одлука која била потврдена од Врховниот суд на РСМ, велат од Кривичен.
Блерим Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август

The post Kривичниот суд одговорноста за бегството на терористот од УЧК ја префрла на МВР appeared first on Република.

]]>
Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prigovorite-na-obvinetite-za-ubistvoto-na-vana-i-panche-se-odbieni-na-tatkoto-na-devojcheto-ke-mu-se-sudi-za-grabnuvane/ Mon, 08 Jul 2024 12:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=794606

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за по две кривични дела убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ, како и две кривични дела грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А. Ѓ., обвинет за едно кривично дело грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. во ноември минатата година.

По разгледување и ценење на актот, како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Врз основа на одобрениот обвинителен акт се формира кривично-правен предмет, кој во согласност со АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, соопшти Кривичниот суд.

Постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љ. П., е сè уште во фаза на обвинителска истрага, додаваат од Кривичниот суд.

The post Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување appeared first on Република.

]]>

Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В. М., Б. В. и В. К., обвинети за по две кривични дела убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ, како и две кривични дела грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А. Ѓ., обвинет за едно кривично дело грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В. Ѓ. и велешанецот П. Ж. во ноември минатата година. По разгледување и ценење на актот, како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост. Врз основа на одобрениот обвинителен акт се формира кривично-правен предмет, кој во согласност со АКМИС-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, соопшти Кривичниот суд. Постапката против првоосомничениот за двојното убиство, Љ. П., е сè уште во фаза на обвинителска истрага, додаваат од Кривичниот суд.

The post Приговорите на обвинетите за убиството на Вања и Панче се одбиени, на таткото на девојчето ќе му се суди за грабнување appeared first on Република.

]]>
Без вода Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и Кривичниот суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bez-voda-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-i-krivichniot-sud/ Wed, 28 Feb 2024 09:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=749171

Без вода утрово од 9:00 часот ќе биде комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" и  објектите на Основен суд I - Скопје и Основен Кривичен суд - Скопје.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Гоце Делчев“ 9 во близина на Правниот факултет на УКИМ.

Поради технички причини при санацијата на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Основен суд I - Скопје и Основен Кривичен суд - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.

The post Без вода Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и Кривичниот суд appeared first on Република.

]]>

Без вода утрово од 9:00 часот ќе биде комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" и  објектите на Основен суд I - Скопје и Основен Кривичен суд - Скопје. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде поради уличен дефект ф-150 мм на бул. „Гоце Делчев“ 9 во близина на Правниот факултет на УКИМ. Поради технички причини при санацијата на дефектот прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Основен суд I - Скопје и Основен Кривичен суд - Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.

The post Без вода Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” и Кривичниот суд appeared first on Република.

]]>
Триесет дена куќен притвор и дополнителни мерки на претпазливост за Незири и тројцата осомничени за упадот во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trieset-dena-kuken-pritvor-i-dopolnitelni-merki-na-pretpazlivost-za-neziri-i-trojtsata-osomnicheni-za-upadot-vo-m-nav/ Thu, 11 Jan 2024 16:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=732070

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје попладнево на четирите лица поврзани со случувањата во М-НАВ им определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот. Меѓу четирите лица е и Бекир Незири, советник во М-НАВ и член на ДУИ.

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, одржа седница во присуство на странките кои побараа јавна седница, а во однос на жалбите изјавени од јавниот обвинител против решенија на судии од претходна постапка од 04.01.2024 година со кои на четири лица им се определија мерки за претпазливост поврзани со случувањата во М-НАВ, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Советот, како што е наведено во соопштението, ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: жалбите на јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот.

Од Судот посочуваат дека надзорот над куќниот притвор, согласно решенијата е во надлежност на МВР, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата.

Заради доследно информирање на јавноста и сузбивање на сите шпекулации и недоразбирања, сметаме дека е потребно да нагласиме дека според сите досега доставени факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата. Но, како што нагласивме во претходното соопштение, факт е дека осомничените презеле одредени дејствија кои е потребно дополнително да се истражат за да се утврди фактичката состојба. Заради сето тоа, Советот донесе решенија за определување мерки со кои ќе обезбеди дополнителна гаранција за понатамошната достапност на овие четворица осомничени, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

The post Триесет дена куќен притвор и дополнителни мерки на претпазливост за Незири и тројцата осомничени за упадот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје попладнево на четирите лица поврзани со случувањата во М-НАВ им определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот. Меѓу четирите лица е и Бекир Незири, советник во М-НАВ и член на ДУИ.
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, денеска, одржа седница во присуство на странките кои побараа јавна седница, а во однос на жалбите изјавени од јавниот обвинител против решенија на судии од претходна постапка од 04.01.2024 година со кои на четири лица им се определија мерки за претпазливост поврзани со случувањата во М-НАВ, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
Советот, како што е наведено во соопштението, ценејќи ги приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка, донесе одлука со која: жалбите на јавниот обвинител делумно се прифаќаат и донесе решенија со кои на четирите лица им се определува мерка куќен притвор во траење од 30 дена, како и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање и Забрана за приближување или воспоставување односно одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот. Од Судот посочуваат дека надзорот над куќниот притвор, согласно решенијата е во надлежност на МВР, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата.
Заради доследно информирање на јавноста и сузбивање на сите шпекулации и недоразбирања, сметаме дека е потребно да нагласиме дека според сите досега доставени факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата. Но, како што нагласивме во претходното соопштение, факт е дека осомничените презеле одредени дејствија кои е потребно дополнително да се истражат за да се утврди фактичката состојба. Заради сето тоа, Советот донесе решенија за определување мерки со кои ќе обезбеди дополнителна гаранција за понатамошната достапност на овие четворица осомничени, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

The post Триесет дена куќен притвор и дополнителни мерки на претпазливост за Незири и тројцата осомничени за упадот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Милошоски за М-НАВ: Кривичниот суд е владин, а институциите не бараат одговорност кога станува збор за функционер од ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-za-m-nav-krivichniot-sud-e-vladin-a-institutsiite-ne-baraat-odgovornost-koga-stanuva-zbor-za-funktsioner-od-dui/ Tue, 09 Jan 2024 18:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=731268

-Од оваа влада не очекувам нешто многу освен одлуката за смена на директорите, овој скандал создаде лоша репутација за Македонија како држава која нема контрола на главната алка на воздушниот сообраќај и дека институциите немаат капацитет да побараат одговорност особено кога се работи за функционери на ДУИ, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во „За или против“ на Алфа телевизија.

Скандалите произлегуваат од самата влада и нивните инсталации во институциите и затоа не може таа да ги решава или да има одговорност, оти таа ги создава скандалите. Гледаме дека има принцип на неказнивност, заштита, релативизирање на сите овие скандали без разлика дали станува за Онкологија, Беса транс, М-НАВ, гледаме дека власта се обидува да купи време и секој еден скандал да се покрие со следниот кој ќе биде подраматичен за претходните да се заборават.

Милошоски истакна дека оваа влада е продуктивна само по број на скандали и висока инфлација, додека за скандалот во М-НАВ не очекува да има некаква одговорност.

Тој нагласи дека имаше упад во во контролна кула од која зависат илјадници животи и авиони, но не верува дека оваа власт ќе оди до кривична и судска одговорност.

Излегува дека кривичниот суд е владин и им суди на другите граѓани кои не се од владата, но кога станува збор за припадници од власта, овој случај заслужува притвор, четворица се во бегство, загрозен е авиосообраќајот, рече тој.

Додаде дека и сознанијата говорат дека нападнатиот контролор, самиот не се чувствуваат сигурни тој и семејството.

Ако во најбезбедната кула која има протоколи не сте безбеден и некој ве нападне, а потоа таа група не е во притвор, а четворица се во бегство, логично е да се заклучи дека не се чувствувате безбеден. Жално е за државава, овие контролори би требало да бидат најобезбедените лица во системот на воздушен сообраќај. Но и овој систем со оваа влада претрпе девалвација. Смена на власт, влада без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ Со голем број на пратеници во тој случај ќе значи еден од предусловите за ресетирање на институциите кои се девалвирани од ДУИ, изјави Милошоски.

The post Милошоски за М-НАВ: Кривичниот суд е владин, а институциите не бараат одговорност кога станува збор за функционер од ДУИ appeared first on Република.

]]>

-Од оваа влада не очекувам нешто многу освен одлуката за смена на директорите, овој скандал создаде лоша репутација за Македонија како држава која нема контрола на главната алка на воздушниот сообраќај и дека институциите немаат капацитет да побараат одговорност особено кога се работи за функционери на ДУИ, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во „За или против“ на Алфа телевизија.
Скандалите произлегуваат од самата влада и нивните инсталации во институциите и затоа не може таа да ги решава или да има одговорност, оти таа ги создава скандалите. Гледаме дека има принцип на неказнивност, заштита, релативизирање на сите овие скандали без разлика дали станува за Онкологија, Беса транс, М-НАВ, гледаме дека власта се обидува да купи време и секој еден скандал да се покрие со следниот кој ќе биде подраматичен за претходните да се заборават.
Милошоски истакна дека оваа влада е продуктивна само по број на скандали и висока инфлација, додека за скандалот во М-НАВ не очекува да има некаква одговорност. Тој нагласи дека имаше упад во во контролна кула од која зависат илјадници животи и авиони, но не верува дека оваа власт ќе оди до кривична и судска одговорност.
Излегува дека кривичниот суд е владин и им суди на другите граѓани кои не се од владата, но кога станува збор за припадници од власта, овој случај заслужува притвор, четворица се во бегство, загрозен е авиосообраќајот, рече тој.
Додаде дека и сознанијата говорат дека нападнатиот контролор, самиот не се чувствуваат сигурни тој и семејството.
Ако во најбезбедната кула која има протоколи не сте безбеден и некој ве нападне, а потоа таа група не е во притвор, а четворица се во бегство, логично е да се заклучи дека не се чувствувате безбеден. Жално е за државава, овие контролори би требало да бидат најобезбедените лица во системот на воздушен сообраќај. Но и овој систем со оваа влада претрпе девалвација. Смена на власт, влада без ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ Со голем број на пратеници во тој случај ќе значи еден од предусловите за ресетирање на институциите кои се девалвирани од ДУИ, изјави Милошоски.
 
The post Милошоски за М-НАВ: Кривичниот суд е владин, а институциите не бараат одговорност кога станува збор за функционер од ДУИ appeared first on Република.

]]>
Кривичен суд од утре ќе одлучува по жалбата на обвинителството за притвор за осомничените во врска со упадот во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichen-sud-od-utre-ke-odluchuva-po-zhalbata-na-obvinitelstvoto-za-pritvor-za-osomnichenite-vo-vrska-so-upadot-vo-m-nav/ Tue, 09 Jan 2024 16:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=731241

Основниот кривичен суд Скопје од утре ќе одлучува за жалбата на јавното обвинителство во врска со одлуката да не го прифати барањето за притвор за четворицата осомничени во врска со упадот во М-НАВ.

Како што информираа оттаму, жалбите се доставени до странките, рокот за одговор е до утре и откако ќе истече, Советот ќе заседава.

Жалбата следува откако Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе решенија со кои на четири лица осомничени за „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ во врска со нападот во М-НАВ, наместо мерката притвор побарано од Обвинителството, им определи мерки за претпазливост.

За инцидентот на 4 јануари, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Нападот се случи по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација (М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот.

Во врска со ова денеска се огласи и Судскиот совет од каде соопштија дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамки на своите законски надлежности ја следи работата на судовите.

Во меѓувреме, Управата за финансиска полиција денеска е на увид во М-НАВ, каде што, како што потврдија за МИА, вршат контрола и увид во работењето на М-НАВ врз основа на направениот извештај.

The post Кривичен суд од утре ќе одлучува по жалбата на обвинителството за притвор за осомничените во врска со упадот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд Скопје од утре ќе одлучува за жалбата на јавното обвинителство во врска со одлуката да не го прифати барањето за притвор за четворицата осомничени во врска со упадот во М-НАВ. Како што информираа оттаму, жалбите се доставени до странките, рокот за одговор е до утре и откако ќе истече, Советот ќе заседава. Жалбата следува откако Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе решенија со кои на четири лица осомничени за „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ во врска со нападот во М-НАВ, наместо мерката притвор побарано од Обвинителството, им определи мерки за претпазливост. За инцидентот на 4 јануари, Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај според член 303 став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Нападот се случи по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, на која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација (М-НАВ) се очекува да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција и однесувањето на менаџментот. Во врска со ова денеска се огласи и Судскиот совет од каде соопштија дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамки на своите законски надлежности ја следи работата на судовите. Во меѓувреме, Управата за финансиска полиција денеска е на увид во М-НАВ, каде што, како што потврдија за МИА, вршат контрола и увид во работењето на М-НАВ врз основа на направениот извештај.  

The post Кривичен суд од утре ќе одлучува по жалбата на обвинителството за притвор за осомничените во врска со упадот во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Кривиен суд: Нема доволно докази за упаѓачите во М-НАВ да завршат со мерки за претпазливост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivien-sud-nema-dovolno-dokazi-za-upagachite-vo-m-nav-da-zavrshat-so-merki-za-pretpazlivost/ Sun, 07 Jan 2024 08:26:09 +0000 https://republika.mk/?p=730567

Кривичниот суд ја објасни одлуката за осомничените за упадот и нападот во М-НАВ да им определи мерки на претпазливост, откога Обвинителството побара притвори.

Од тука велат дека Обвинителството не им доставило доволно докази за делото кое на осомничените им се става на товар, а истовремено судот посочува дека во истрагата се опфатени 8 лица, а само 4 во моментот биле присутни.

Тие велат дека свесни за јавниот интерес за случувањата во М-НАВ, како и реакциите кои произлегле од неправосилните одлуки на судот, јавноста мора да знае дека судот постапува пред се врз основа на приложена документација односно докази доставени до ОЈО и МВР, и врз основа на слободно судиско убедување.

„Во оваа смисла сметаме дека јавноста мора да се запознае со релевантните податоци за настанот внимавајќи притоа и на тајноста на истрагата, а со единствена цел да се отфрлат сите непроверени шпекулации кои се пласираат, а со кои се влијае врз судско обвинителската постапка.

Имено, неспорно е дека настан од кривично правен аспект постоел, па затоа со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка односно истрага од страна на надлежен обвинител, судот смета дека е неопходно да се обезбеди присуство на осомничените лица. Но, потребно е да се знае дека во наредбата за истрага за конкретниот настан опфатени се 8 лица, а до овој момент доставен е предлог за определување мерки за обезбедување присуство, како и докази за нивна инволвираност, само за четворица.

Во врска кривично правниот настан, истакнуваме дека, законското битие на кривичното дело од член 303 став 2 од КЗ, кое им се става на товар е дека:

„Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со која предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“,

Во конкретниот случај, според дадениот опис на преземените дејствија од страна на осомничените, а во склоп и на доставените докази во прилог на предлогот, во овој момент не прозилегува дека осомничените во целост ги исполниле условите предвидени во кривичното дело, односно дека со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт, или уништување или оштетување на уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќа.

Имено од страна на ОЈО Скопје не се доставени докази – медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата. Понатаму не е наведен начинот како преземените дејствија предизвикале или можеле да предизвикаат уништување или оштетување уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај. Воедно мора да се има предвид дека според вонредниот инспекциски надзор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), утврдено е дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај, како што и изјави директорот на Агенцијата – Томислав Тунтев.

Односно самиот предлог на Јавниот обвинител воопшто не води во правец на посоченото кривично дело.

Меѓутоа, според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање. Па заради тоа, се со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан кој се случил на 04.01.2024 година, судијата на претходна постапка определи мерки на обебзедување присуство од поблаг вид.

Воедно потребно е да се напомене дека, по добиената жалба од ОЈО Скопје за изречените мерки, дополнително ќе одлучува Кривичниот совет, кој може да ја потврди или преиначи одлуката“, велат од таму.

The post Кривиен суд: Нема доволно докази за упаѓачите во М-НАВ да завршат со мерки за претпазливост appeared first on Република.

]]>

Кривичниот суд ја објасни одлуката за осомничените за упадот и нападот во М-НАВ да им определи мерки на претпазливост, откога Обвинителството побара притвори. Од тука велат дека Обвинителството не им доставило доволно докази за делото кое на осомничените им се става на товар, а истовремено судот посочува дека во истрагата се опфатени 8 лица, а само 4 во моментот биле присутни. Тие велат дека свесни за јавниот интерес за случувањата во М-НАВ, како и реакциите кои произлегле од неправосилните одлуки на судот, јавноста мора да знае дека судот постапува пред се врз основа на приложена документација односно докази доставени до ОЈО и МВР, и врз основа на слободно судиско убедување.
„Во оваа смисла сметаме дека јавноста мора да се запознае со релевантните податоци за настанот внимавајќи притоа и на тајноста на истрагата, а со единствена цел да се отфрлат сите непроверени шпекулации кои се пласираат, а со кои се влијае врз судско обвинителската постапка. Имено, неспорно е дека настан од кривично правен аспект постоел, па затоа со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка односно истрага од страна на надлежен обвинител, судот смета дека е неопходно да се обезбеди присуство на осомничените лица. Но, потребно е да се знае дека во наредбата за истрага за конкретниот настан опфатени се 8 лица, а до овој момент доставен е предлог за определување мерки за обезбедување присуство, како и докази за нивна инволвираност, само за четворица.
Во врска кривично правниот настан, истакнуваме дека, законското битие на кривичното дело од член 303 став 2 од КЗ, кое им се става на товар е дека:
„Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со која предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“, Во конкретниот случај, според дадениот опис на преземените дејствија од страна на осомничените, а во склоп и на доставените докази во прилог на предлогот, во овој момент не прозилегува дека осомничените во целост ги исполниле условите предвидени во кривичното дело, односно дека со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт, или уништување или оштетување на уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќа. Имено од страна на ОЈО Скопје не се доставени докази – медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата. Понатаму не е наведен начинот како преземените дејствија предизвикале или можеле да предизвикаат уништување или оштетување уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај. Воедно мора да се има предвид дека според вонредниот инспекциски надзор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), утврдено е дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај, како што и изјави директорот на Агенцијата – Томислав Тунтев. Односно самиот предлог на Јавниот обвинител воопшто не води во правец на посоченото кривично дело. Меѓутоа, според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање. Па заради тоа, се со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан кој се случил на 04.01.2024 година, судијата на претходна постапка определи мерки на обебзедување присуство од поблаг вид. Воедно потребно е да се напомене дека, по добиената жалба од ОЈО Скопје за изречените мерки, дополнително ќе одлучува Кривичниот совет, кој може да ја потврди или преиначи одлуката“, велат од таму.

The post Кривиен суд: Нема доволно докази за упаѓачите во М-НАВ да завршат со мерки за претпазливост appeared first on Република.

]]>
Обвинителството побара, судот не одреди притвор за групата на Незири https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obinitelstvoto-pobara-sudot-ne-odredi-pritvor-za-grupata-na-neziri/ Fri, 05 Jan 2024 23:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=730249

Кривичниот суд не им определи мерка притвор на 4-цата осомничени кои не се во бегство откако вчера групата предводена од функционерот на ДУИ Беким Незири упадна во контролата на летање и нападна.

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против 4 лица кои вечерва беа спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ, по произнесување на обвинителот и осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост.

The post Обвинителството побара, судот не одреди притвор за групата на Незири appeared first on Република.

]]>

Кривичниот суд не им определи мерка притвор на 4-цата осомничени кои не се во бегство откако вчера групата предводена од функционерот на ДУИ Беким Незири упадна во контролата на летање и нападна. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за определување мерка притвор против 4 лица кои вечерва беа спроведни во судот, а осомничени за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ, по произнесување на обвинителот и осомничените во однос на предлогот, донесе решенија со кои на сите четири лица им се опредлуваат мерки за претпазливост.

The post Обвинителството побара, судот не одреди притвор за групата на Незири appeared first on Република.

]]>
Барањето Јанакиески да не оди во затвор испратено кај првиот човек на Кривичниот суд, Џолев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/baraneto-janakieski-da-ne-odi-vo-zatvor-isprateno-kaj-prviot-chovek-na-krivichniot-sud-dholev/ Wed, 05 Jul 2023 06:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=658203

Адвокатскиот тим на Миле Јанакиески го испрати барањето за спојување на сите притвори кои ги има издржано во период 4,8 години, за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години за случајот  „Титаник“. Ова се прави со цел тој да не оди на издржување на затворската казна.

Барањето е испратено до претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Во образложението, адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов наведува дека не во спротивност со Уставот и Кривичниот законик и дека против поранешниот министер за транспорт се покренати девет кривични предмети а само еден правосилно завршен познат во јавноста како „Насилство во Центар“. Останатите предмети пак  се во жалбена постапка.

Сметаме е неспорен факт дека постојат правосилни и извршени решенија за определување мерка притвор и куќен притвор кои се извршени во однос на обвинетиот кои се донесени од Основниот Кривичен суд-се наведува во барањето.

The post Барањето Јанакиески да не оди во затвор испратено кај првиот човек на Кривичниот суд, Џолев appeared first on Република.

]]>

Адвокатскиот тим на Миле Јанакиески го испрати барањето за спојување на сите притвори кои ги има издржано во период 4,8 години, за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години за случајот  „Титаник“. Ова се прави со цел тој да не оди на издржување на затворската казна. Барањето е испратено до претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Во образложението, адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов наведува дека не во спротивност со Уставот и Кривичниот законик и дека против поранешниот министер за транспорт се покренати девет кривични предмети а само еден правосилно завршен познат во јавноста како „Насилство во Центар“. Останатите предмети пак  се во жалбена постапка.
Сметаме е неспорен факт дека постојат правосилни и извршени решенија за определување мерка притвор и куќен притвор кои се извршени во однос на обвинетиот кои се донесени од Основниот Кривичен суд-се наведува во барањето.

The post Барањето Јанакиески да не оди во затвор испратено кај првиот човек на Кривичниот суд, Џолев appeared first on Република.

]]>
Апелација не му остана должна на Кривичен: Против одлуката на Апелација нема што да се изразува став https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/apelatsija-ne-mu-ostana-dolzhna-na-krivichen-protiv-odlukata-na-apelatsija-nema-shto-da-se-izrazuva-stav/ Tue, 04 Apr 2023 11:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=627087

Апелациониот суд му одговори на Кривичниот суд во врска со враќањето на предметот „Организатори за 27 април“ поради пропусти. Апелација смета дека судовите не смеат да си лоцираат вина еден во друг, а дека на Апелација е да дава напатствија кон првостепениот суд, а не обратно.

Ставот на Кривичен суд е нивни. Но, против одлуката на Апелација – нема што да се изразува став. Судовите не можат да комуницираат на тој начин, да лоцираат вина еден во друг. Апелација по закон има овластување да донесе пресуда односно решение, да укине пресуда, да даде напатствија, да образложи“, велат од Апелација.

Претходно, Кривичниот суд го впери прстот во петорката судии од Апелација кои ја укинаа пресудата и го вратија на судење предметот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-kontra-alepatsija-mu-odgovori-na-ministerot-analizirajte-poradi-koi-sushtestveni-povredi-predmetite-zastaruvaat/

Од Кривичен се надоврзаа на изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, кој посочи дека за одредени судии пропустите со суштествени повреди стануваат пракса.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mp-bara-sudskiot-sovet-da-gi-utvrdi-na-okolnostite-vo-koi-e-ukinatata-presuda-za-organizatorite-na-27-april/

The post Апелација не му остана должна на Кривичен: Против одлуката на Апелација нема што да се изразува став appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд му одговори на Кривичниот суд во врска со враќањето на предметот „Организатори за 27 април“ поради пропусти. Апелација смета дека судовите не смеат да си лоцираат вина еден во друг, а дека на Апелација е да дава напатствија кон првостепениот суд, а не обратно.
Ставот на Кривичен суд е нивни. Но, против одлуката на Апелација – нема што да се изразува став. Судовите не можат да комуницираат на тој начин, да лоцираат вина еден во друг. Апелација по закон има овластување да донесе пресуда односно решение, да укине пресуда, да даде напатствија, да образложи“, велат од Апелација.
Претходно, Кривичниот суд го впери прстот во петорката судии од Апелација кои ја укинаа пресудата и го вратија на судење предметот. https://republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-kontra-alepatsija-mu-odgovori-na-ministerot-analizirajte-poradi-koi-sushtestveni-povredi-predmetite-zastaruvaat/ Од Кривичен се надоврзаа на изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, кој посочи дека за одредени судии пропустите со суштествени повреди стануваат пракса. https://republika.mk/vesti/makedonija/mp-bara-sudskiot-sovet-da-gi-utvrdi-na-okolnostite-vo-koi-e-ukinatata-presuda-za-organizatorite-na-27-april/

The post Апелација не му остана должна на Кривичен: Против одлуката на Апелација нема што да се изразува став appeared first on Република.

]]>
Кривичен контра Алепација му одговори на министерот: Анализирајте поради кои „суштествени повреди“ предметите застаруваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-kontra-alepatsija-mu-odgovori-na-ministerot-analizirajte-poradi-koi-sushtestveni-povredi-predmetite-zastaruvaat/ Tue, 04 Apr 2023 11:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=627084

Апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување, и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе придонесат во неселективната борба со организираниот криминал и брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за Европскиот напредок, реагираат од Основниот кривичен суд Скопје, по одлуката на Апелација за предметот „Организатори на 27 април“.

Имајќи го во предвид соопштението на Апеалциониот суд Скопје во однос на одлуката за предметот во јавноста познат како „Организатори нa 27 април“, Кривичниот суд смета дека Апелациониот суд Скопје, можел брзо и мериторно да одлучи по жалбите на обвинетите лица, особено што причина за укинување на затворските казни е примената или неприментат на Законот за амнестија, како што е наведено во нивното соопштение, без притоа да навлага во анализа на доказите и утврдување на фактичката сосотјба, особено што предметот повеќе од една година се наоѓал во нивно надлежно постапување.

Доколку причината за укинување на пресудата е од техничка природа, односно примена на Законот за амнестија, тогаш судот можел веднаш да одлучи, пред се заради заштита на правата на обвинетите кои беа во притвор и под мерки, правата на оштетените кои се во исчекување на конечна одлука, но и заштита на самата постапка која може да застари. Мора да се има во предвид дека со укинување на пресудата и нејзино враќање на повторно постапување, се прават дополнителни трошоци, одолговлекување и загрозување на правото за судење во разумен рок, кое е на штета на сите нас, се вели во соопштението од Кривичниот суд.

Од Кривичен, исто така, посочуваат дека сите високо профилни предмети, без разлика на статусот на обвинетите, се водат во крајно транспарентна постапка со присуство на медиумите, невладините организации и претставниците на меѓународните организации кои ја следат и ценат работата на правосудните органи.

Нешто што е признаено и пофалено како пример и од меѓународнот фактор, но и од домашната јавност, што пак не е пример при одлучување во повисоките судови. Па во тој правец, но и во однос на јавните коментари, пред се од Министерот за правда, апелираме да се внимава со избрзаните, непроверени и штетни изјави кои не одат во правец на издигнување на судството и судиите и градење на респектабилна репутација во општеството, напротив ја деградираат независноста и непристрасноста. Зачудува што ваквите „добронамерни“ критики не доаѓаат во време кога судењата се одржуваат пред очите на јавноста туку откако Апелациониот суд, повеќе од една година чекање, носи одлука, се вели во соопштението од Основиот кривичен суд Скопје.

Во правец на изјавата на Министерот за правда, се вели во соопштението, како суд ги повикуваме медиумите и стручната јавност да анализираат каде и заради кои „суштествени повреди“ предметите со години чекаат правосилност и застаруваат, а граѓаните ја губат довербата во судството.

Апелациониот суд Скопје вчера ги уважи жалбите и ја укина првостепената пресуда за случајот Организатори на 27 Април од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ и тоа 6 и пол години казна затвор за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, 6 години и три месеци казна затвор за екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор за министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека на екс директорот на УБК Владимир Атанасовски шест години казна затвор.

The post Кривичен контра Алепација му одговори на министерот: Анализирајте поради кои „суштествени повреди“ предметите застаруваат appeared first on Република.

]]>

Апелационите судии, наместо административно да ги враќаат предметите на докомплетирање или на повторно постапување, и повеќе од една година да не постапуваат по истите, имаат законска можност, но и обврска, мериторно да одлучуваат со што ќе придонесат во неселективната борба со организираниот криминал и брза и ефикасна правда што е заложба на целата држава и предуслов за Европскиот напредок, реагираат од Основниот кривичен суд Скопје, по одлуката на Апелација за предметот „Организатори на 27 април“. Имајќи го во предвид соопштението на Апеалциониот суд Скопје во однос на одлуката за предметот во јавноста познат како „Организатори нa 27 април“, Кривичниот суд смета дека Апелациониот суд Скопје, можел брзо и мериторно да одлучи по жалбите на обвинетите лица, особено што причина за укинување на затворските казни е примената или неприментат на Законот за амнестија, како што е наведено во нивното соопштение, без притоа да навлага во анализа на доказите и утврдување на фактичката сосотјба, особено што предметот повеќе од една година се наоѓал во нивно надлежно постапување.
Доколку причината за укинување на пресудата е од техничка природа, односно примена на Законот за амнестија, тогаш судот можел веднаш да одлучи, пред се заради заштита на правата на обвинетите кои беа во притвор и под мерки, правата на оштетените кои се во исчекување на конечна одлука, но и заштита на самата постапка која може да застари. Мора да се има во предвид дека со укинување на пресудата и нејзино враќање на повторно постапување, се прават дополнителни трошоци, одолговлекување и загрозување на правото за судење во разумен рок, кое е на штета на сите нас, се вели во соопштението од Кривичниот суд.
Од Кривичен, исто така, посочуваат дека сите високо профилни предмети, без разлика на статусот на обвинетите, се водат во крајно транспарентна постапка со присуство на медиумите, невладините организации и претставниците на меѓународните организации кои ја следат и ценат работата на правосудните органи.
Нешто што е признаено и пофалено како пример и од меѓународнот фактор, но и од домашната јавност, што пак не е пример при одлучување во повисоките судови. Па во тој правец, но и во однос на јавните коментари, пред се од Министерот за правда, апелираме да се внимава со избрзаните, непроверени и штетни изјави кои не одат во правец на издигнување на судството и судиите и градење на респектабилна репутација во општеството, напротив ја деградираат независноста и непристрасноста. Зачудува што ваквите „добронамерни“ критики не доаѓаат во време кога судењата се одржуваат пред очите на јавноста туку откако Апелациониот суд, повеќе од една година чекање, носи одлука, се вели во соопштението од Основиот кривичен суд Скопје.
Во правец на изјавата на Министерот за правда, се вели во соопштението, како суд ги повикуваме медиумите и стручната јавност да анализираат каде и заради кои „суштествени повреди“ предметите со години чекаат правосилност и застаруваат, а граѓаните ја губат довербата во судството. Апелациониот суд Скопје вчера ги уважи жалбите и ја укина првостепената пресуда за случајот Организатори на 27 Април од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ и тоа 6 и пол години казна затвор за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, 6 години и три месеци казна затвор за екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор за министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека на екс директорот на УБК Владимир Атанасовски шест години казна затвор.

The post Кривичен контра Алепација му одговори на министерот: Анализирајте поради кои „суштествени повреди“ предметите застаруваат appeared first on Република.

]]>
Оформен предмет за Даравелски во Кривичен суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/oformen-predmet-za-daravelski-vo-krivichen-sud/ Tue, 21 Feb 2023 15:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=611586

Повторување на постапка за поранешниот директор на Царина Драган Даравелски е дозволено. Оформен е предмет, и ќе видиме, ќе се цени дали има пречки за водење на постапката, а тоа е застареност на делото. Ќе видиме, но сега за сега се чека да се закаже рочиште, па ќе видиме, велат од Основниот кривичен суд.

Од Основниот кривичен суд, денеска на брифинг со медиуми, во однос на случајот со Даравелски, посочуваат дека одлуката е согласно вториот протокол на Европската конвенција за екстрадиција, согласно што нашата држава дала гаранција на правото за повторно судење во 2015 година, кога бил приведен во Белград и било побарано негова екстрадиција.

Ставот два од истиот член упатува вели дека „кога замолената страна ќе го извести лицето за кое што е побарана екстрадиција, за тоа дека е донесена пресуда во негово отсуство, ова известување страната молител нема да го смета за формална нотификација“. Тоа значи дека не тече рокот од една година, иако сите знаеме дека бил во притвор, знаел и бил известен за пресудата, појаснуваат од Кривичен суд.

Двата услови, посочуваат од Кривичен суд, се исполнети во член 456 – Повторување на постапка на лице судено во отсуство од Законот за кривична постапка од 2013 година, кој што го применуваме.

Ставот 1 од член 456 гласи „Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство, ќе се повтори и надвор од условите предвидени во членот 364 од овој закон, ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство“, додека став 2 од истиот член гласи „надвор од случаите предвидени во ставот (1) на овој член судот во секој случај ќе дозволи повторување на постапката, доколку против лицето осудено во отсуство во тек е постапка за екстрадиција и доколку државата во која се наоѓа лицето бара гаранции дека на лицето ќе му се дозволи право на повторно судење во негово присуство“.

Ова истото, посочуваат од Кривичен, е во однос и на аболицијата.

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, дозволи повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година.

Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.

Тој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава откако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија.

The post Оформен предмет за Даравелски во Кривичен суд appeared first on Република.

]]>

Повторување на постапка за поранешниот директор на Царина Драган Даравелски е дозволено. Оформен е предмет, и ќе видиме, ќе се цени дали има пречки за водење на постапката, а тоа е застареност на делото. Ќе видиме, но сега за сега се чека да се закаже рочиште, па ќе видиме, велат од Основниот кривичен суд. Од Основниот кривичен суд, денеска на брифинг со медиуми, во однос на случајот со Даравелски, посочуваат дека одлуката е согласно вториот протокол на Европската конвенција за екстрадиција, согласно што нашата држава дала гаранција на правото за повторно судење во 2015 година, кога бил приведен во Белград и било побарано негова екстрадиција.
Ставот два од истиот член упатува вели дека „кога замолената страна ќе го извести лицето за кое што е побарана екстрадиција, за тоа дека е донесена пресуда во негово отсуство, ова известување страната молител нема да го смета за формална нотификација“. Тоа значи дека не тече рокот од една година, иако сите знаеме дека бил во притвор, знаел и бил известен за пресудата, појаснуваат од Кривичен суд.
Двата услови, посочуваат од Кривичен суд, се исполнети во член 456 – Повторување на постапка на лице судено во отсуство од Законот за кривична постапка од 2013 година, кој што го применуваме. Ставот 1 од член 456 гласи „Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство, ќе се повтори и надвор од условите предвидени во членот 364 од овој закон, ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство“, додека став 2 од истиот член гласи „надвор од случаите предвидени во ставот (1) на овој член судот во секој случај ќе дозволи повторување на постапката, доколку против лицето осудено во отсуство во тек е постапка за екстрадиција и доколку државата во која се наоѓа лицето бара гаранции дека на лицето ќе му се дозволи право на повторно судење во негово присуство“. Ова истото, посочуваат од Кривичен, е во однос и на аболицијата. Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, дозволи повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство. Тој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава откако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија.

The post Оформен предмет за Даравелски во Кривичен суд appeared first on Република.

]]>
Кривичен му врати на Боки 13: Манипулираш, судијата Ставрев не потпиша оти користеше боледување https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-mu-vrati-na-boki-13-manipulirash-sudijata-stavrev-ne-potpisha-oti-koristeshe-boleduvane/ Fri, 17 Feb 2023 12:15:05 +0000 https://republika.mk/?p=610148

Кривичен суд излезе со контра обвинување во кое посочува дека Бојан Јовановски ја манипулира јавноста, а штетата ја сноси покојниот судија Огнен Ставрев. Тие го повторуваат она што и Јовановски го кажа, дека станува збор за неправосилно решение. Потврдуваат дека решението на кое стои името на покојниот Ставрев, а до него и ознака „с.р.“ што значи своерачно, го потпишала судијката Бранка Наумоска.

„Конкретното решение е донесено од судијата Ставрев по анализа на целокупната медицинска документација и мислења. Но, со оглед да, заради здравствени причини судијата замина на боледување, писмено изготвеното решение било потпишано од вториот судија во одделот, судија – Бранка Наумоска, користејќи ја претходно усогласената судска пракса и Правното мислење на Врховниот суд на РСМ“, велат од Кривичен суд.

Во правното мислење стои: „Кога во законот нема експлицитна одредба што со предметите кои му се доделени во работа, ќе се постапува на следниот начин: – во предметите каде е објавена одлуката, а писмено не е изготвена и потпишана од судијата, со Одлука Претседателот на судот ќе определи судија, кој писмено ќе ја изработи одлуката, во состав на судот – советот кој го пресудил предметот и ќе ја потпише со запирка. – во предметите каде одлука не е објавена, и кај оние предмети каде главниот претрес е завршен, одлуката не е објавена, а е изготвена во АКМИС и не е верификувана, ќе се преотвори нов главен претрес и ќе се донесе и објави одлука од судијата – (советот) на кој тој предмет му е доделен во работа“.

Од Кривичен суд дополнуваат дека Јовановски е лекуван и хоспитализиран во болница. Се повикуваат и на мислењето дадено од јавниот обвинител.

Заради целосно запознавање со случајот, правниот тим на Јовановски, потребно е до медиумите да ја достави целокупната медицинска документација вклучувајќи го и милењето на Лекарскиот колегиум составен од повеќе професори од ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, изготвено на 23.01.2023 г. по барање на судот, а во кое е наведено дека „општата здравствена состојба на осуденото лице НЕ е компромитирана со оглед на неговите претходни зафати и е потребно нејзино понатамошно следење “, како и мислењето на надлежниот Јавен обвинител кој смета дека врз основа на приложената документација, барањето за прекин треба да биде одбиено. Јавноста воедно треба да биде запознаена дека осудениот Јовановски во изминатите 6 месеци, со дозвола на судот, неколку пати бил хоспитализиран и му се дозволени сите, неопходни прегледи поврзани со неговата здравствена состојба. Истиот за целиот овој период почнувајќи од 25. 07. 2022 година, со неколку прекини, па до денес е времено згрижен во соодветна клиника. Заради сето тоа судот апелира да не се манипулира со јавноста на „морбиден и мононструозен“ начин, како што квалификува Јовановски, особено што се злоупотребува и името на покоен судија“, додаваат од Кривичен суд.

The post Кривичен му врати на Боки 13: Манипулираш, судијата Ставрев не потпиша оти користеше боледување appeared first on Република.

]]>

Кривичен суд излезе со контра обвинување во кое посочува дека Бојан Јовановски ја манипулира јавноста, а штетата ја сноси покојниот судија Огнен Ставрев. Тие го повторуваат она што и Јовановски го кажа, дека станува збор за неправосилно решение. Потврдуваат дека решението на кое стои името на покојниот Ставрев, а до него и ознака „с.р.“ што значи своерачно, го потпишала судијката Бранка Наумоска. „Конкретното решение е донесено од судијата Ставрев по анализа на целокупната медицинска документација и мислења. Но, со оглед да, заради здравствени причини судијата замина на боледување, писмено изготвеното решение било потпишано од вториот судија во одделот, судија – Бранка Наумоска, користејќи ја претходно усогласената судска пракса и Правното мислење на Врховниот суд на РСМ“, велат од Кривичен суд. Во правното мислење стои: „Кога во законот нема експлицитна одредба што со предметите кои му се доделени во работа, ќе се постапува на следниот начин: – во предметите каде е објавена одлуката, а писмено не е изготвена и потпишана од судијата, со Одлука Претседателот на судот ќе определи судија, кој писмено ќе ја изработи одлуката, во состав на судот – советот кој го пресудил предметот и ќе ја потпише со запирка. – во предметите каде одлука не е објавена, и кај оние предмети каде главниот претрес е завршен, одлуката не е објавена, а е изготвена во АКМИС и не е верификувана, ќе се преотвори нов главен претрес и ќе се донесе и објави одлука од судијата – (советот) на кој тој предмет му е доделен во работа“. Од Кривичен суд дополнуваат дека Јовановски е лекуван и хоспитализиран во болница. Се повикуваат и на мислењето дадено од јавниот обвинител.
Заради целосно запознавање со случајот, правниот тим на Јовановски, потребно е до медиумите да ја достави целокупната медицинска документација вклучувајќи го и милењето на Лекарскиот колегиум составен од повеќе професори од ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, изготвено на 23.01.2023 г. по барање на судот, а во кое е наведено дека „општата здравствена состојба на осуденото лице НЕ е компромитирана со оглед на неговите претходни зафати и е потребно нејзино понатамошно следење “, како и мислењето на надлежниот Јавен обвинител кој смета дека врз основа на приложената документација, барањето за прекин треба да биде одбиено. Јавноста воедно треба да биде запознаена дека осудениот Јовановски во изминатите 6 месеци, со дозвола на судот, неколку пати бил хоспитализиран и му се дозволени сите, неопходни прегледи поврзани со неговата здравствена состојба. Истиот за целиот овој период почнувајќи од 25. 07. 2022 година, со неколку прекини, па до денес е времено згрижен во соодветна клиника. Заради сето тоа судот апелира да не се манипулира со јавноста на „морбиден и мононструозен“ начин, како што квалификува Јовановски, особено што се злоупотребува и името на покоен судија“, додаваат од Кривичен суд.

The post Кривичен му врати на Боки 13: Манипулираш, судијата Ставрев не потпиша оти користеше боледување appeared first on Република.

]]>
Боки 13 најави мега скандал за Кривичниот суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/boki-13-najavi-mega-skandal-za-krivichniot-sud/ Thu, 16 Feb 2023 15:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=609856

Правниот тим на Бојан Јовановски познат како Боки 13 испрати писмо до повеќе медиуми во кое се најавува објавување на мега-скандал поврзан со кривичниот суд.

Во кусото соопштение се вели дека се работи за фалсификат за кој постои комплетна документација и докази!

Утре на ден 17 февруари 2023 година ќе биде доставено соопштение за јавност од страна на Бојан Јовановски со прекари Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, во кое за јавноста ќе биде обелоденет скандал од невидени размери за сторен фалсификат од страна на Основниот кривичен суд, во поткрепа на истото, а во прилог на соопштението ќе биде доставена комплетна документација и докази, се вели во соопштението од правниот тим на Бојан Јовановски.

The post Боки 13 најави мега скандал за Кривичниот суд appeared first on Република.

]]>

Правниот тим на Бојан Јовановски познат како Боки 13 испрати писмо до повеќе медиуми во кое се најавува објавување на мега-скандал поврзан со кривичниот суд. Во кусото соопштение се вели дека се работи за фалсификат за кој постои комплетна документација и докази!
Утре на ден 17 февруари 2023 година ќе биде доставено соопштение за јавност од страна на Бојан Јовановски со прекари Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, во кое за јавноста ќе биде обелоденет скандал од невидени размери за сторен фалсификат од страна на Основниот кривичен суд, во поткрепа на истото, а во прилог на соопштението ќе биде доставена комплетна документација и докази, се вели во соопштението од правниот тим на Бојан Јовановски.

The post Боки 13 најави мега скандал за Кривичниот суд appeared first on Република.

]]>
Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-sudrija-krivichniot-sud-i-zatvorot-vo-struga-za-nesproveduvanjeto-na-mijalkov-kje-se-ispituva/ Fri, 23 Dec 2022 07:41:59 +0000 https://republika.mk/?p=588982

Неспроведувањето на обвинетиот Сашо Мијалков од Затворот Струга на вчерашното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје ќе го испитува Управата за извршување на санкции. Додека за Затворот во Струга ова е техничка грешка на Кривичен, од Судот велат дека тој бил уредно поканет.

Управата за извршување на санкции вчера најави дека ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.

]Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.

Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, во одговор на МИА, вели дека станува збор за техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје.

Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено, и потоа, на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но, и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, рече директорот Куља за МИА.

Од Кривичен, пак, велат дека на 14.12.2022 година затворот во Струга има примено наредба за спровод на обвинетото лице за денешната расправа.

На денешната главна расправа, судечкиот совет пред странките ја прочита повратницата од Затворот Струга на која е наведено дека на 14.12.2022 година имаат примено наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за спровод на посоченото лице на денешната расправа, велат од Кривичен суд.

Подоцна Кривичен, во соопштение до медиумите, ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга.

Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.

Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За предметот „Титаник 2“, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Следното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје е закажано на 26.12.2022 година.

Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ и ги врати на повторно судење.

The post Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува appeared first on Република.

]]>

Неспроведувањето на обвинетиот Сашо Мијалков од Затворот Струга на вчерашното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје ќе го испитува Управата за извршување на санкции. Додека за Затворот во Струга ова е техничка грешка на Кривичен, од Судот велат дека тој бил уредно поканет. Управата за извршување на санкции вчера најави дека ќе ги преземе сите активности што се во нејзина надлежност и ќе направи вонреден надзор со цел да се утврди фактичката состојба поради која обвинетиот Сашо Мијалков не е спроведен од затворот Струга на судење за случајот „Титаник 2“.
]Ќе се утврдува одговорност и ќе бидат санкционирани сите кои направиле пропусти, намерни или ненамерни. За извршениот вонреден надзор, јавноста ќе биде дополнително информирана, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкции.
Директорот на затворот во Струга, Ваљон Ќуља, во одговор на МИА, вели дека станува збор за техничка грешка во датумите од страна на Кривичниот суд во Скопје.
Станува збор за техничка грешка од страна на Кривичниот суд. Во нашата институција сме примиле наредба за спровод на осудениот Сашо Мијалков на 28.11.2022 година за одредено судско рочиште на 12.12.2022 година. По оваа наредба ние сме постапиле и сме го испратиле осудениот Мијалков на рочиште. Ова судско рочиште е одложено, и потоа, на 14.12.2022 година во нашата институција пристигна пак барање од Кривичниот суд за истото лице, но, и во ова барање, датумот на судското рочиште е истиот од претходното барање, значи 12.12.2022 година. Значи евидентно е дека станува збор за техничка грешка, рече директорот Куља за МИА.
Од Кривичен, пак, велат дека на 14.12.2022 година затворот во Струга има примено наредба за спровод на обвинетото лице за денешната расправа.
На денешната главна расправа, судечкиот совет пред странките ја прочита повратницата од Затворот Струга на која е наведено дека на 14.12.2022 година имаат примено наредба од Основниот кривичен суд Скопје, за спровод на посоченото лице на денешната расправа, велат од Кривичен суд.
Подоцна Кривичен, во соопштение до медиумите, ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга. Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи дата за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.
Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
За предметот „Титаник 2“, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание. Според обвинението Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев. Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење. Следното рочиште за „Титаник 2“ во Основниот кривичен суд Скопје е закажано на 26.12.2022 година. Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ и ги врати на повторно судење.

The post Се судрија Кривичниот суд и затворот во Струга за неспроведувањето на Мијалков ќе се испитува appeared first on Република.

]]>
Кривичен ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichen-ja-objavi-povratnicata-od-dostavata-na-naredba-za-sprovod-od-zatvorot-struga/ Thu, 22 Dec 2022 13:48:41 +0000 https://republika.mk/?p=588887

Судечкиот совет кој постапува по предметот, на денешната главна расправа, по добивање на информацијата дека обвинетиот не е спроведен од Затворот Струга, пред сите присутни странки и јавноста на судењето ја прикажа Повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14.12.2022 година, а на која под графата Евиденција (ЕВ) за време е наведен датумот 22.12.2022 година, што е показател за денот кога треба да се изврши спроводот, а која ја објавуваме во прилог на соопштението, информираат од Основниот кривиче суд во Скопје, во однос на денешната одложена расправа за предметот „Титаник 2 “ и неспроводувањето на еден од обвинетите кои издржуваат казна затвор во Затвор Струга.

Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи датум за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.

-Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

За сите овие детали Кривичниот суд ја извести Управата за извршување санкции при Министерството за правда, а со цел одржување на текот на расправата насрочи следно продолжување на 26.12.2022 година.

The post Кривичен ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга appeared first on Република.

]]>

Судечкиот совет кој постапува по предметот, на денешната главна расправа, по добивање на информацијата дека обвинетиот не е спроведен од Затворот Струга, пред сите присутни странки и јавноста на судењето ја прикажа Повратницата од достава на наредба за спровод, примена во затворот на 14.12.2022 година, а на која под графата Евиденција (ЕВ) за време е наведен датумот 22.12.2022 година, што е показател за денот кога треба да се изврши спроводот, а која ја објавуваме во прилог на соопштението, информираат од Основниот кривиче суд во Скопје, во однос на денешната одложена расправа за предметот „Титаник 2 “ и неспроводувањето на еден од обвинетите кои издржуваат казна затвор во Затвор Струга. Од Судот, наведуваат дека од судската пракса по која се постапува, наредбата може да содржи датум за насрочена прва главна расправа, а за сите понатамошни наредби важи Евидентниот број на повратницата која ја добива Затворот.
-Во однос на објаснувањето на Затворот Струга дека наредбата се однесува за 12.12.2022 година ( кога се одржала последната расправа), особено е важно да се истакне дека Затворот истата ја примил на 14.12.2022 (евидентно од повратницата) па нејасно е како би ја спровеле наредбата два дена подоцна. Дотолку повеќе што на судењето одржано на 12.12.2022 година во присуство и на обвинетиот, неговите бранители како и спроводната служба од Затворот Струга е нагласено дека следната расправа е насрочена за 22.12.2022 година и сите пристуни се сметаат за уредно повикани, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.
За сите овие детали Кривичниот суд ја извести Управата за извршување санкции при Министерството за правда, а со цел одржување на текот на расправата насрочи следно продолжување на 26.12.2022 година.

The post Кривичен ја објави повратницата од доставата на наредба за спровод од Затворот Струга appeared first on Република.

]]>
Основниот кривичен суд Скопје доби судница целосно опремена со ИКТ опрема https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osnovniot-krivichen-sud-skopje-dobi-sudnica-celosno-opremena-so-ikt-oprema/ Fri, 28 Oct 2022 10:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=566702

Основниот кривичен суд Скопје доби уште една целосно опремена судница со ИКТ опрема, со што заврши проектот за опремување на пет судници во различни основни судови низ државата со дигитални алатки со кои се подобрува транспарентноста и ефикасноста во работата на судовите.

Во рамки на оперативниот план за дигитализација на правосудството, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, опремени се судниците во Основниот кривичен суд во Скопје, Основниот граѓански суд во Скопје, како и основните судови во Кавадраци, Струмица и Штип.

На промоцијата на судницата 23 во Основниот кривичен суд во Скопје, министерот за правда Никола Тупанчески, нагласи дека државата е одлучна во процесот на дигитализација на правосудството, и дека се обезбедени средства и за сите судови е набавен потребниот софтвер.

Интензивно работиме на опремување на кривичната судница во Идризово, со целосно опремување и користење на дигиталните алатки, со што ќе се забрзаат целокупните постапки кои се водат. Истовремено, се прави и надградба на АКМИС системот, порача Тупанчески.

Тој посочи дека Судницата е само една од алатките за подобрување на транспарентноста и ефикасноста во работата на судот.

Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која, изрази задоволство од финиширање на проектот за опремување на пет судници со ИКТ опрема во пет судови.

Мисијата го поддржува процесот на дигитализација на правосудството. Тука сме да споделиме визија дека мали чекори како опремување на пет судници со видео и аудио опрема може да придонесе во зголемување на транспарентноста на судовите. Додадена корист е можноста за судење на далечина и го зголемува пристапот до правда, истакна Која.

Со завршување на овој проект, Која ги поттикна властите, да продолжат со работа за создавање одржливи решенија за употреба на опремата и обезбедување на поголема транспарентност и пристап до правда.

Претседателот на Основен кривичен суд Скопје, Иван Џолев, нагласи дека со оваа донација Судот доби уште една судница опремена по сите европски технички стандарди.

Со ваквите судници се подобруваат условите за работа не само на судиите, туку и на обвинителите и медиумите, што особено ни е важно, бидејќи со тоа се зголемува јавноста на процесот, истакна Џолев.

Претседател на ИКТ Советот, судијата Лазар Нанев рече дека ова не е крај, туку почеток на една нова визија, што се нарекува македонско европско правосудство.

Да ги унапредиме нашите вредности, да ги подобриме условите за работа на нашите судови и да го подобриме пристапат до правда на граѓаните. Да ги искористиме можностите кои ги носи новото време, порача Нанев.

Нанев, исто така, го повика министерот да го продолжи процесот и да се направи целосна дигитална трансформација на сите судници во земјава.

The post Основниот кривичен суд Скопје доби судница целосно опремена со ИКТ опрема appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд Скопје доби уште една целосно опремена судница со ИКТ опрема, со што заврши проектот за опремување на пет судници во различни основни судови низ државата со дигитални алатки со кои се подобрува транспарентноста и ефикасноста во работата на судовите. Во рамки на оперативниот план за дигитализација на правосудството, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, опремени се судниците во Основниот кривичен суд во Скопје, Основниот граѓански суд во Скопје, како и основните судови во Кавадраци, Струмица и Штип. На промоцијата на судницата 23 во Основниот кривичен суд во Скопје, министерот за правда Никола Тупанчески, нагласи дека државата е одлучна во процесот на дигитализација на правосудството, и дека се обезбедени средства и за сите судови е набавен потребниот софтвер.
Интензивно работиме на опремување на кривичната судница во Идризово, со целосно опремување и користење на дигиталните алатки, со што ќе се забрзаат целокупните постапки кои се водат. Истовремено, се прави и надградба на АКМИС системот, порача Тупанчески.
Тој посочи дека Судницата е само една од алатките за подобрување на транспарентноста и ефикасноста во работата на судот. Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која, изрази задоволство од финиширање на проектот за опремување на пет судници со ИКТ опрема во пет судови.
Мисијата го поддржува процесот на дигитализација на правосудството. Тука сме да споделиме визија дека мали чекори како опремување на пет судници со видео и аудио опрема може да придонесе во зголемување на транспарентноста на судовите. Додадена корист е можноста за судење на далечина и го зголемува пристапот до правда, истакна Која.
Со завршување на овој проект, Која ги поттикна властите, да продолжат со работа за создавање одржливи решенија за употреба на опремата и обезбедување на поголема транспарентност и пристап до правда. Претседателот на Основен кривичен суд Скопје, Иван Џолев, нагласи дека со оваа донација Судот доби уште една судница опремена по сите европски технички стандарди.