критична состојба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kritichna-sostojba/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 09:43:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png критична состојба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kritichna-sostojba/ 32 32 Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/trojtsata-povredeni-vo-novi-sad-se-ushte-se-vo-teshka-sostojba/ Tue, 05 Nov 2024 09:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=834268

Состојбата на тројцата повредени по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад се уште е сериозна. Поради трагедијата со загинувањето на 14 лица во Нови Сад велерва е најавен масовен протест, јави дописникот на МИА од Белград.

Директорот на Клиничкиот центар Војводина, Весна Туркулов изјави дека лекарите се уште се борат за животот на повредените.

Се уште се живи, што е охрабрувачка вест и тоа е добро, но состојбата се уште не е стабилизирана. Се прави дополнителна дијагностика, можни се некои дополнителни интервенции, но борбата за нивниот живот се уште трае, изјави д-р Туркулов.

Таа додаде дека тим од психолози и психијатри е вклучен и работи со семејствата за да им помогне во најтешките моменти.

Како што е најавено, опозицијата во 18 часот организира протест во близина на железничката станица.

Претставниците на активистичката група СвиЌе најавија дека за денешниот протест се планирани симболични активности и додадоа дека ќе одат „во се порадикални акции“.

Во понеделникот вечерта, активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) закачија транспарент на Градското собрание на големо бело платно на кое со црвена боја беше испишано „Крвави ви се рацете“.

Во понеделникот непознати сторители искршија излози во просториите на два месни комитети на Српската напредна странка во Нови Сад, и офарабаа неколку простории со црвена боја со зборовите „Убијци“.

Министерот за градежништво Горан Весиќ вчера поднесе оставка, иако порача дека „не е виновен“.

Опозицијата бара оставка и од премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

The post Тројцата повредени во Нови Сад се уште се во тешка состојба appeared first on Република.

]]>

ТОАРИЛУЦ: Четворица пациенти од сообраќајката на патот Скопје – Велес, од кои двајца беа во критична состојба, се успешно излекувани https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/toariluts-chetvoritsa-patsienti-od-soobrakajkata-na-patot-skopje-veles-od-koi-dvajtsa-bea-vo-kritichna-sostojba-se-uspeshno-izlekuvani/ Thu, 31 Oct 2024 11:06:32 +0000 https://republika.mk/?p=832730

Сите четворица пациенти, од кои двајца беа во исклучително тешка здравствена состојба и на механичка вентилација, хоспитализирани во Единицата за интензивно лекување -КАРИЛ, повредени во сообраќајка на автопатот Скопје-Велес се во добра здравствена состоба и надвор од животна опасност, соооштија од ТОАРИЛУЦ.

На 16 октовмри се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес во близина на Катланово. Загинаа тројца патници, а петмина беа префрлени в болница, откако се преврте комбе на автопатот Скопје-Велес. Во Велес следниот ден беше прогласен Ден на жалост.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/teshka-soobrakajka-na-avtopatot-skopje-veles-pred-tunelot-ima-zaginati/

Веднаш по хоспитализација на пациентите беше извршена тријажа, брза дијагностика и третман во соработка со Институт за радиологија, Клиниката за трауматологија, Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за дигестивни болести и Клиниката за урологија.
Благодарност за натчовечките напори на дежурните и редовните медицински тимови. Сите четворица пациенти од кои двајца беа во критична состојба се успешно излекувани, информираат од ТОАРИЛУЦ.

The post ТОАРИЛУЦ: Четворица пациенти од сообраќајката на патот Скопје – Велес, од кои двајца беа во критична состојба, се успешно излекувани appeared first on Република.

Возач на „БМВ“ без регистерски таблички прегазил жена на „Рузвелтова“ и побегнал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozach-na-bmv-bez-registerski-tablichki-pregazil-zhena-na-ruzveltova-i-pobegnal/ Thu, 22 Jun 2023 07:58:18 +0000 https://republika.mk/?p=653896

Возач на БМВ без регистарски таблички синоќа прегазил жена на улицата Рузвелтова во Скопје и побегнал од местото на настанот, велат извори во полицијата, која излегла на самото место.

Состојбата на жената е критична и укажана ѝ е медицинска помош.

Побегнатиот возач на БМВ-то подоцна бил фатен од полицијата, велат полициски извори.

Засега нема официјални информации за настанот.

The post Возач на „БМВ“ без регистерски таблички прегазил жена на „Рузвелтова“ и побегнал appeared first on Република.

]]>

Возач на БМВ без регистарски таблички синоќа прегазил жена на улицата Рузвелтова во Скопје и побегнал од местото на настанот, велат извори во полицијата, која излегла на самото место. Состојбата на жената е критична и укажана ѝ е медицинска помош. Побегнатиот возач на БМВ-то подоцна бил фатен од полицијата, велат полициски извори. Засега нема официјални информации за настанот.  

The post Возач на „БМВ“ без регистерски таблички прегазил жена на „Рузвелтова“ и побегнал appeared first on Република.

]]>
Aктерката Ен Хеч во критична состојба и тешки изгореници откако влетала во ѕид со автомобилот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/akterkata-en-hech-vo-kritichna-sostojba-i-teshki-izgorenici-otkako-vletala-vo-dzid-so-avtomobilot/ Sat, 06 Aug 2022 09:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=537352

Aктерката Ен Хеч е во критична состојба откако со нејзиниот автомобил удрила во ѕид од куќа во Лос Анџелес, по што возилото се запалило.

На снимката до која дојде TMZ, 53-годишната актерка е видена како вози во сино „мини купер“, возило кое подоцна влетува 30 метри внатре во двокатна куќа во Мар Виста.

Властите веруваат дека таа најверојатно удрила во тротоарот и летнала два метри од земјата, за на крај да забие со предниот дел на објектот.

Несреќата предизвика голем пожар во домот и, наводно, на пожарникарите им биле потребни 65 минути „да пристапат, да го ограничат и целосно да го изгаснат тврдоглавиот пламен во тешко оштетената структура“.

The post Aктерката Ен Хеч во критична состојба и тешки изгореници откако влетала во ѕид со автомобилот appeared first on Република.

]]>

Aктерката Ен Хеч е во критична состојба откако со нејзиниот автомобил удрила во ѕид од куќа во Лос Анџелес, по што возилото се запалило. На снимката до која дојде TMZ, 53-годишната актерка е видена како вози во сино „мини купер“, возило кое подоцна влетува 30 метри внатре во двокатна куќа во Мар Виста. Властите веруваат дека таа најверојатно удрила во тротоарот и летнала два метри од земјата, за на крај да забие со предниот дел на објектот. Несреќата предизвика голем пожар во домот и, наводно, на пожарникарите им биле потребни 65 минути „да пристапат, да го ограничат и целосно да го изгаснат тврдоглавиот пламен во тешко оштетената структура“.