Кристина Николовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristina-nikolovska/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Sep 2023 10:23:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристина Николовска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristina-nikolovska/ 32 32 Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика, прашуваат лингвисти-македонисти https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dali-nekoj-saka-da-ja-unishti-i-stranskata-makedonistika-prashuvaat-lingvisti-makedonisti/ Thu, 28 Sep 2023 10:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=685972

„Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика? Откако ниту еднаш не застана во одбрана на македонскиот јазик по нападите и негирањата изминатите години и откако го урниса интересот за студирање македонска книжевност во земјава, на истата личност, сега ѝ е дадена функција да раководи со странската македонистика. На предлог на новата ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, за директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, пред неколку дена била избрана Кристина Николовска“, се вели во реакцијата на македонисти - лингвисти испратена до медиумите.

„Претходно, Николовска раководела со Катедрата за македонска книжевност, а раководењето го завршила со само три запишани студенти оваа година. Се отвора прашањето дали ваквиот крах, под нејзино раководство, сега треба да им се случи и на катедрите и лекторатите по македонски јазик и литература на странските универзитети. Дали дури и натаму се водат битки за македонскиот идентитет и врие во спорот со Бугарија, некој сака македонскиот јазик да не постои на факултетите во Европа? Дали заради тоа, според новата ректорка не е компетентен ниту еден од професорите кои држат настава по македонски јазик на странци и вршат тестирање и сертифицирање? А соодветна е личност која не застанала во одбрана на македонскиот јазик и нема врска со странската македонистика, додека во јавноста е позната како шеф на кампањата 'Ден на дрвото'.

Кристина Николовска е личноста што не само што не кажала ниту еден збор за заштита на македонскиот јазик, туку и се криела од јавноста по слабиот интерес за студирање македонски јазик и литература во Македонија последните години, кога целата јавност се дигна на нозе за тоа што се случува. Од објавените податоци на веб-страницата на Факултетот може да се види дека по непрекинатиот слободен пад, токму оваа година, на крајот на нејзиниот мандат на Катедрата, со бројот на запишани студенти е допрено дното со најмал интерес во историјата. Ама веднаш потоа таа добила нова и уште поодговорна функција важна за државата – на ист начин да ги води студиите по македонски јазик и литература на странските универзитети. Затоа во академската средина и зачуденост зошто ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова предложила ваков „кадар“ за ваква позиција. За што е 'наградена' Николовска со новата функција? Дали Николовска има 'задача' што треба да ја изврши како директорка?

[caption id="attachment_685974" align="alignnone" width="420"] Кристина Николовска[/caption]

Но, веќе и отворено прашање дали на Ангелова воопшто ѝ е важна странската македонистика што е приоритет за државата. Или Ангелова има други приоритети заради кои е потребно да се случи крах на развивањето на студиите по македонски јазик во странство со кои ќе раководи Кристина Николовска. Оваа одлука, како што се зборува во ходниците на УКИМ, новата ректорка ја донела само неколку дена по почетокот на ректорскиот мандат, што уште повеќе зачудува и се отвора и дилема дали Николовска е нејзин избор или 'решение' на некој друг што ѝ диктирал на Ангелова. Ама дури и да е на некој друг, сепак решението е на Ангелова, што предизвикува загриженост меѓу лингвистите: дали на новата ректорка не ѝ е приоритет она што е државен интерес? А со тоа веќе е отворена и дилемата колку Универзитетот е независен под водство на Ангелова која прво што направила е поставувањето ваков 'кадар' на клучна позиција.

[caption id="attachment_685975" align="alignnone" width="630"] Биљана Ангелова[/caption]

Оваа одлука на Ангелова следи само неколку недели откако беше објавена веста дека додека кај нашите студенти сè послаб е интересот за изучување на македонскиот јазик, странците сè повеќе се заинтересирани за него и го изучуваат на странските универзитети. Дали ова е случајно?! Дали треба странците веќе да не се заинтересирани за македонскиот јазик? Затоа и прашањето кои и чии интереси застапуваат Ангелова и УКИМ со поставувањето на Николовска на толку важна позиција. Очигледно е дека со оваа одлука ги немале предвид државните интереси.

Ако се погледнат јавно достапните податоци со она што досега го работела новата директорка на Меѓународниот семинар, Кристина Николовска, веднаш ќе се забележи дека врвот на нејзината кариера воопшто не е поврзан со македонскиот јазик. Нејзиното највисоко достигнување е токму тоа што била шеф на кампањата 'Ден на дрвото'. Оваа кампања беше укината заради слаби резултати. Тогаш беше соопштено дека по потрошени многу државни пари, ефектот од таа кампања бил од 0 до 15 отсто успешност. Дали вака несоодветно ќе се трошат и парите што државата ги издвојува за странската македонистика – со 0 до 15 отсто успешност? И колку ова 'искуство' на Николовска според Ангелова е потребно за ваква одговорна позиција? Зошто ова искуство е посоодветно од она на професорите од Катедрата за македонски јазик кои со години предаваат македонски јазик на странци, а некои и држат настава по предмети за изучување на македонскиот јазик како странски? Дали нејзиното искуство со „Ден на дрвото“ е поважно од нивното во единствениот центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски – ЦЕТИС МАК, кој работи на Филолошкиот факултет 'Блаже Конески'?

Ако се погледне и на личниот профил на Николовска на Фејсбук ќе се забележи дека изминатиов период немала активности поврзани со македонскиот јазик на странски универзитети или со странци во Македонија. Сите нејзини активности биле само поетски настапи, рецитали и настапи на пијано во ресторан на хотел. Затоа и отворената дилема дали спротивно на државните интереси, Кристина Николовска сега треба да 'отсвири' и посмртен марш за странската македонистика во дуо со Биљана Ангелова. На кој инструмент свири Ангелова во дуото? Но, и кој го диригира посмртниот марш за странската македонистика?“, се вели во реакцијата.

 

The post Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика, прашуваат лингвисти-македонисти appeared first on Република.

]]>

„Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика? Откако ниту еднаш не застана во одбрана на македонскиот јазик по нападите и негирањата изминатите години и откако го урниса интересот за студирање македонска книжевност во земјава, на истата личност, сега ѝ е дадена функција да раководи со странската македонистика. На предлог на новата ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, за директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, пред неколку дена била избрана Кристина Николовска“, се вели во реакцијата на македонисти - лингвисти испратена до медиумите. „Претходно, Николовска раководела со Катедрата за македонска книжевност, а раководењето го завршила со само три запишани студенти оваа година. Се отвора прашањето дали ваквиот крах, под нејзино раководство, сега треба да им се случи и на катедрите и лекторатите по македонски јазик и литература на странските универзитети. Дали дури и натаму се водат битки за македонскиот идентитет и врие во спорот со Бугарија, некој сака македонскиот јазик да не постои на факултетите во Европа? Дали заради тоа, според новата ректорка не е компетентен ниту еден од професорите кои држат настава по македонски јазик на странци и вршат тестирање и сертифицирање? А соодветна е личност која не застанала во одбрана на македонскиот јазик и нема врска со странската македонистика, додека во јавноста е позната како шеф на кампањата 'Ден на дрвото'. Кристина Николовска е личноста што не само што не кажала ниту еден збор за заштита на македонскиот јазик, туку и се криела од јавноста по слабиот интерес за студирање македонски јазик и литература во Македонија последните години, кога целата јавност се дигна на нозе за тоа што се случува. Од објавените податоци на веб-страницата на Факултетот може да се види дека по непрекинатиот слободен пад, токму оваа година, на крајот на нејзиниот мандат на Катедрата, со бројот на запишани студенти е допрено дното со најмал интерес во историјата. Ама веднаш потоа таа добила нова и уште поодговорна функција важна за државата – на ист начин да ги води студиите по македонски јазик и литература на странските универзитети. Затоа во академската средина и зачуденост зошто ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова предложила ваков „кадар“ за ваква позиција. За што е 'наградена' Николовска со новата функција? Дали Николовска има 'задача' што треба да ја изврши како директорка? [caption id="attachment_685974" align="alignnone" width="420"] Кристина Николовска[/caption] Но, веќе и отворено прашање дали на Ангелова воопшто ѝ е важна странската македонистика што е приоритет за државата. Или Ангелова има други приоритети заради кои е потребно да се случи крах на развивањето на студиите по македонски јазик во странство со кои ќе раководи Кристина Николовска. Оваа одлука, како што се зборува во ходниците на УКИМ, новата ректорка ја донела само неколку дена по почетокот на ректорскиот мандат, што уште повеќе зачудува и се отвора и дилема дали Николовска е нејзин избор или 'решение' на некој друг што ѝ диктирал на Ангелова. Ама дури и да е на некој друг, сепак решението е на Ангелова, што предизвикува загриженост меѓу лингвистите: дали на новата ректорка не ѝ е приоритет она што е државен интерес? А со тоа веќе е отворена и дилемата колку Универзитетот е независен под водство на Ангелова која прво што направила е поставувањето ваков 'кадар' на клучна позиција. [caption id="attachment_685975" align="alignnone" width="630"] Биљана Ангелова[/caption] Оваа одлука на Ангелова следи само неколку недели откако беше објавена веста дека додека кај нашите студенти сè послаб е интересот за изучување на македонскиот јазик, странците сè повеќе се заинтересирани за него и го изучуваат на странските универзитети. Дали ова е случајно?! Дали треба странците веќе да не се заинтересирани за македонскиот јазик? Затоа и прашањето кои и чии интереси застапуваат Ангелова и УКИМ со поставувањето на Николовска на толку важна позиција. Очигледно е дека со оваа одлука ги немале предвид државните интереси. Ако се погледнат јавно достапните податоци со она што досега го работела новата директорка на Меѓународниот семинар, Кристина Николовска, веднаш ќе се забележи дека врвот на нејзината кариера воопшто не е поврзан со македонскиот јазик. Нејзиното највисоко достигнување е токму тоа што била шеф на кампањата 'Ден на дрвото'. Оваа кампања беше укината заради слаби резултати. Тогаш беше соопштено дека по потрошени многу државни пари, ефектот од таа кампања бил од 0 до 15 отсто успешност. Дали вака несоодветно ќе се трошат и парите што државата ги издвојува за странската македонистика – со 0 до 15 отсто успешност? И колку ова 'искуство' на Николовска според Ангелова е потребно за ваква одговорна позиција? Зошто ова искуство е посоодветно од она на професорите од Катедрата за македонски јазик кои со години предаваат македонски јазик на странци, а некои и држат настава по предмети за изучување на македонскиот јазик како странски? Дали нејзиното искуство со „Ден на дрвото“ е поважно од нивното во единствениот центар за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски – ЦЕТИС МАК, кој работи на Филолошкиот факултет 'Блаже Конески'? Ако се погледне и на личниот профил на Николовска на Фејсбук ќе се забележи дека изминатиов период немала активности поврзани со македонскиот јазик на странски универзитети или со странци во Македонија. Сите нејзини активности биле само поетски настапи, рецитали и настапи на пијано во ресторан на хотел. Затоа и отворената дилема дали спротивно на државните интереси, Кристина Николовска сега треба да 'отсвири' и посмртен марш за странската македонистика во дуо со Биљана Ангелова. На кој инструмент свири Ангелова во дуото? Но, и кој го диригира посмртниот марш за странската македонистика?“, се вели во реакцијата.  

The post Дали некој сака да ја уништи и странската македонистика, прашуваат лингвисти-македонисти appeared first on Република.

]]>
Николовска, Баковиќ и Чотриќ добитници на наградата „Ана Франк“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nikolovska-bakovikj-i-chotrikj-dobitnici-na-nagradata-ana-frank/ Thu, 24 Mar 2022 13:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=477713

Македонската писателка Кристина Николовска, Ивица Баковиќ од Хрватска и Александар Чотриќ од Србија се годинашни добитници на Меѓународната награда „Ана Франк“. Наградата се доделува за нивниот севкупен книжевен придонес на планот на културната комуникација, соработка и размена, а посебно за литературата за деца и млади.

Наградата ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Кристина Николовска е македонски поет, критичар, есеист, научен работник и редовен универзитетски професор. Таа е посветен афирматор на современата македонска литература и акутелен раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1992, а денес е член на Претседателството на ДПМ и секретар за меѓународна соработка. Автор е на голем број дела и добитник на значајни државни и меѓународни награди и признанија.

Ивица Баковиќ е доктор на науки на Одсекот за јужнословенски јазици и книжевност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб. Бил соработник на проектот Книжевните, јазичните и културолошките аспекти на хрватско-македонските односи, а е автор на антологијата Македонски раскази за деца, објавена во Загреб. Исто така, Баковиќ е преведувач на голем број дела од македонски на хрватски јазик.

Александар Чотриќ е писател за деца и млади и автор на голем број книги и антологии. Преведен е на повеќе од триесет јазици, а посебно е познат по своите афоризми за возрасни и деца. Преведува од македонски на српски јазик. Добитник е на низа награди и признанија. Живее и работи во Белград и Панчево.

 

The post Николовска, Баковиќ и Чотриќ добитници на наградата „Ана Франк“ appeared first on Република.

]]>

Македонската писателка Кристина Николовска, Ивица Баковиќ од Хрватска и Александар Чотриќ од Србија се годинашни добитници на Меѓународната награда „Ана Франк“. Наградата се доделува за нивниот севкупен книжевен придонес на планот на културната комуникација, соработка и размена, а посебно за литературата за деца и млади. Наградата ја доделуваат Издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје. Кристина Николовска е македонски поет, критичар, есеист, научен работник и редовен универзитетски професор. Таа е посветен афирматор на современата македонска литература и акутелен раководител на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1992, а денес е член на Претседателството на ДПМ и секретар за меѓународна соработка. Автор е на голем број дела и добитник на значајни државни и меѓународни награди и признанија. Ивица Баковиќ е доктор на науки на Одсекот за јужнословенски јазици и книжевност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб. Бил соработник на проектот Книжевните, јазичните и културолошките аспекти на хрватско-македонските односи, а е автор на антологијата Македонски раскази за деца, објавена во Загреб. Исто така, Баковиќ е преведувач на голем број дела од македонски на хрватски јазик. Александар Чотриќ е писател за деца и млади и автор на голем број книги и антологии. Преведен е на повеќе од триесет јазици, а посебно е познат по своите афоризми за возрасни и деца. Преведува од македонски на српски јазик. Добитник е на низа награди и признанија. Живее и работи во Белград и Панчево.  

The post Николовска, Баковиќ и Чотриќ добитници на наградата „Ана Франк“ appeared first on Република.

]]>