Кристина Николова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristina-nikolova/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Aug 2023 07:32:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристина Николова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristina-nikolova/ 32 32 Излезе од печат критичко-есеистичката книга „Сто години Шопова светлина“ од проф. д-р Кристина Николовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izleze-od-pechat-kritichko-eseistichkata-kniga-sto-godini-shopova-svetlina-od-prof-d-r-kristina-nikolovska/ Thu, 17 Aug 2023 07:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=672866

Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат критичко-есеистичката книга „Сто години Шопова светлина“ од проф. д-р Кристина Николовска, во која авторката го проследува животниот и творечкиот пат на големиот македонски врвен поет, општественик, преведувач духовен подвижник и дипломат, Ацо Шопов.

На страниците од своето најново научно дело, авторката ги согледува и растајнува поетичките и стилистичките доминанти на големиот поет преку неколку метотодолошки постапки. За посеопфатно да се осознае поетичката суштина, таа длабоко навлегува во „внатрешните“ процеси на поезијата. Всушност, го открива Шопов како бесконечен „рудник“ на научни сознанија од кој преку соодветни процедури има можност да се откијат, дефинираат, опишат и толкуваат длабинските слоеви на оваа  повеќеслојна и комплексна поезија.

Кристина Николовска е писателка, теоретичар на литературата, експерт за креативна култура, универзитетски професор. Добитник е на книжевни признанија, меѓу кои и на наградата за дебитанска книга на Струшките вечери на поезијата во 1988 година и на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики и есеи што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.

 

The post Излезе од печат критичко-есеистичката книга „Сто години Шопова светлина“ од проф. д-р Кристина Николовска appeared first on Република.

]]>

Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат критичко-есеистичката книга „Сто години Шопова светлина“ од проф. д-р Кристина Николовска, во која авторката го проследува животниот и творечкиот пат на големиот македонски врвен поет, општественик, преведувач духовен подвижник и дипломат, Ацо Шопов. На страниците од своето најново научно дело, авторката ги согледува и растајнува поетичките и стилистичките доминанти на големиот поет преку неколку метотодолошки постапки. За посеопфатно да се осознае поетичката суштина, таа длабоко навлегува во „внатрешните“ процеси на поезијата. Всушност, го открива Шопов како бесконечен „рудник“ на научни сознанија од кој преку соодветни процедури има можност да се откијат, дефинираат, опишат и толкуваат длабинските слоеви на оваа  повеќеслојна и комплексна поезија. Кристина Николовска е писателка, теоретичар на литературата, експерт за креативна култура, универзитетски професор. Добитник е на книжевни признанија, меѓу кои и на наградата за дебитанска книга на Струшките вечери на поезијата во 1988 година и на наградата „Димитар Митрев“ за најдобра книга критики и есеи што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.  

The post Излезе од печат критичко-есеистичката книга „Сто години Шопова светлина“ од проф. д-р Кристина Николовска appeared first on Република.

]]>