кристина депо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristina-depo/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Aug 2023 17:24:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кристина депо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristina-depo/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот на новинари од кадарот на Арсовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vmro-dpmne-go-osudi-napadot-na-novinari-od-kadarot-na-arsovska/ Thu, 31 Aug 2023 17:24:05 +0000 https://republika.mk/?p=677699

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение испратено до медиумите најжестоко го осуди физичкиот напад од страна на раководителот на односи со јавност на Данела Арсовска врз новинарот Мартин Арсов, додека известувал за состојбите на градот.

Очекуваме оградување и јавно извинување на Арсовска, во спротивно ќе сметаме дека зад таквиот физички атак и попречување на работа на новинарите седи лично Арсовска под чија нарачка се врши линч на новинари. Наместо да се занимава со градот Арсовска нарачува и тепа новинари.

Ова е срам и брука за градоначалничката која добива срдечна, логистичка и политичка поддршка од Левица, Гром, СДСМ и ДУИ.

Бараме и другите партии да се оградат и да побараат јавно извинување на Арсовска поради атакот врз новинарите - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот на новинари од кадарот на Арсовска appeared first on Република.

]]>

ВМРО ДПМНЕ преку соопштение испратено до медиумите најжестоко го осуди физичкиот напад од страна на раководителот на односи со јавност на Данела Арсовска врз новинарот Мартин Арсов, додека известувал за состојбите на градот.
Очекуваме оградување и јавно извинување на Арсовска, во спротивно ќе сметаме дека зад таквиот физички атак и попречување на работа на новинарите седи лично Арсовска под чија нарачка се врши линч на новинари. Наместо да се занимава со градот Арсовска нарачува и тепа новинари. Ова е срам и брука за градоначалничката која добива срдечна, логистичка и политичка поддршка од Левица, Гром, СДСМ и ДУИ. Бараме и другите партии да се оградат и да побараат јавно извинување на Арсовска поради атакот врз новинарите - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ го осуди нападот на новинари од кадарот на Арсовска appeared first on Република.

]]>
Нападнат новинарот Мартин Арсов од Кристина Депо – задолжена за односи со јавност во Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/napadnat-novinarot-martin-arsov-od-kristina-depo-zadolzhena-za-odnosi-so-javnost-vo-grad-skopje/ Thu, 31 Aug 2023 16:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=677683

Новинарот на Сител, Мартин Арсов, на социјалните мрежи објави дека бил нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Кабинетот на скоспката градоначалничка, Данела Арсовска.

„Денеска по вклучувањето во живо во вестите, физички бев нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје. Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да чуе дали ќе кажам нешто лошо за Арсовска. Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Кога се доближив до неа, замавна и ми го удри телефонот. Откако ја прашав што прави и дека не смее да ме удира, таа дрско и безобразно ми рече дека има право, оти можело да ја снимам. Наместо да се извини, ми рече дека сум некултурен бидејќи сум ѝ се обратил со Ти. Дополнително, ми рече дека веќе нема да одговори на ниту едно прашање што би ѝ го поставил.
Барам да реагира Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ бидејќи ова е класична тортура и притисок врз новинарите“!

The post Нападнат новинарот Мартин Арсов од Кристина Депо – задолжена за односи со јавност во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Новинарот на Сител, Мартин Арсов, на социјалните мрежи објави дека бил нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Кабинетот на скоспката градоначалничка, Данела Арсовска.
„Денеска по вклучувањето во живо во вестите, физички бев нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје. Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да чуе дали ќе кажам нешто лошо за Арсовска. Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал само дел од соопштението што го напишала, а не целото. Кога се доближив до неа, замавна и ми го удри телефонот. Откако ја прашав што прави и дека не смее да ме удира, таа дрско и безобразно ми рече дека има право, оти можело да ја снимам. Наместо да се извини, ми рече дека сум некултурен бидејќи сум ѝ се обратил со Ти. Дополнително, ми рече дека веќе нема да одговори на ниту едно прашање што би ѝ го поставил. Барам да реагира Здружение на новинарите на Македонија – ЗНМ бидејќи ова е класична тортура и притисок врз новинарите“!

The post Нападнат новинарот Мартин Арсов од Кристина Депо – задолжена за односи со јавност во Град Скопје appeared first on Република.

]]>