Кристин Лагард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristin-lagard/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 09:14:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристин Лагард Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristin-lagard/ 32 32 Кристин Лагард: Реизборот на Трамп во САД е закана за Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kristin-lagard-reizborot-na-tramp-vo-sad-e-zakana-za-evropa/ Fri, 12 Jan 2024 09:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=732249

Реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД би претставувал „закана“ за Европа, изјави шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард.

Ако учиме од историјата, при што мислам на начинот на кој тој (Трамп) ги водеше првите четири години од неговиот мандат, ова е очигледно закана, изјави Лагард за телевизијата Франс 2.

Треба само да ги погледнете трговските тарифи, неговата посветеност на НАТО, неговиот став кон борбата против климатските промени“, нагласи Лагард.

На прашањето дали претседателството на Трамп може да ја остави Европа сама во поддршката на Украина против целосната инвазија на Русија, Лагард рече дека тоа е малку веројатно „бидејќи во американскиот Конгрес има голем број избрани членови кои се длабоко непријателски настроени кон ужасната војна на Русија против Украина и кои ќе продолжат да настојуваат за финансирање и поддршка на Украина“.

The post Кристин Лагард: Реизборот на Трамп во САД е закана за Европа appeared first on Република.

]]>

Реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД би претставувал „закана“ за Европа, изјави шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард. Ако учиме од историјата, при што мислам на начинот на кој тој (Трамп) ги водеше првите четири години од неговиот мандат, ова е очигледно закана, изјави Лагард за телевизијата Франс 2. Треба само да ги погледнете трговските тарифи, неговата посветеност на НАТО, неговиот став кон борбата против климатските промени“, нагласи Лагард. На прашањето дали претседателството на Трамп може да ја остави Европа сама во поддршката на Украина против целосната инвазија на Русија, Лагард рече дека тоа е малку веројатно „бидејќи во американскиот Конгрес има голем број избрани членови кои се длабоко непријателски настроени кон ужасната војна на Русија против Украина и кои ќе продолжат да настојуваат за финансирање и поддршка на Украина“.

The post Кристин Лагард: Реизборот на Трамп во САД е закана за Европа appeared first on Република.

]]>
ЕЦБ: Каматните стапки ќе останат високи се додека е потребно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/etsb-kamatnite-stapki-ke-ostanat-visoki-se-dodeka-e-potrebno/ Mon, 25 Sep 2023 17:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=685057

Шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард соопшти дека каматните стапки ќе останат доволно високи за да ја ограничат деловната активност „колку што е потребно“ за да се скроти инфлацијата бидејќи ценовните притисоци „остануваат силни“ во 20-те земји што го користат еврото.

Лагард рече дека „силното трошење за одмори и патувања“ и зголемените плати го забавуваат падот на цените иако економијата и понатаму е бавна.

Годишната инфлација во еврозоната е само благо намалена – од 5,2 отсто во јули на 5,3 отсто во август.

Остануваме решени навремено да ја вратиме инфлацијата во рамките на среднорочната цел од 2 отсто, рече Лагард пред Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент.

Според неа, инфлацијата се уште паѓа, но сепак се очекува да остане превисока уште долго време.

Минатата недела ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка на депозитите на четири отсто, што е рекордно високо ниво откако во јули минатата година беше минус 0,5 отсто.

Аналитичарите веруваат дека ЕЦБ би можела да ја зголеми стапката со оглед на знаците за растечка слабост во европската економија.

Другите централни банки, вклучително и Банката на Англија и Федералните резерви на САД, се воздржаа од зголемувањето на каматните стапки минатата недела додека се ближат до крајот на нивните брзи кампањи за ограничување на инфлацијата.

Инфлацијата избувна кога глобалната економија закрепна од пандемијата на Ковид-19, поради проблеми со синџирите на снабдување, а потоа Русија ја нападна Украина, што доведе до зголемени цени на енергенсите и храната.

The post ЕЦБ: Каматните стапки ќе останат високи се додека е потребно appeared first on Република.

]]>

Шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард соопшти дека каматните стапки ќе останат доволно високи за да ја ограничат деловната активност „колку што е потребно“ за да се скроти инфлацијата бидејќи ценовните притисоци „остануваат силни“ во 20-те земји што го користат еврото. Лагард рече дека „силното трошење за одмори и патувања“ и зголемените плати го забавуваат падот на цените иако економијата и понатаму е бавна. Годишната инфлација во еврозоната е само благо намалена – од 5,2 отсто во јули на 5,3 отсто во август. Остануваме решени навремено да ја вратиме инфлацијата во рамките на среднорочната цел од 2 отсто, рече Лагард пред Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент. Според неа, инфлацијата се уште паѓа, но сепак се очекува да остане превисока уште долго време. Минатата недела ЕЦБ ја зголеми референтната каматна стапка на депозитите на четири отсто, што е рекордно високо ниво откако во јули минатата година беше минус 0,5 отсто. Аналитичарите веруваат дека ЕЦБ би можела да ја зголеми стапката со оглед на знаците за растечка слабост во европската економија. Другите централни банки, вклучително и Банката на Англија и Федералните резерви на САД, се воздржаа од зголемувањето на каматните стапки минатата недела додека се ближат до крајот на нивните брзи кампањи за ограничување на инфлацијата. Инфлацијата избувна кога глобалната економија закрепна од пандемијата на Ковид-19, поради проблеми со синџирите на снабдување, а потоа Русија ја нападна Украина, што доведе до зголемени цени на енергенсите и храната.

The post ЕЦБ: Каматните стапки ќе останат високи се додека е потребно appeared first on Република.

]]>
Продолжува растот на каматите, инфлацијата се уште не е на врвот, вели претседателката на ЕЦБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prodolzhuva-rastot-na-kamatite-inflatsijata-se-ushte-ne-e-na-vrvot-veli-pretsedatelkata-na-etsb/ Fri, 02 Jun 2023 20:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=647240

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема јасни показатели дека базичната инфлација го достигнала својот врв и додаде дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи.

Во говорот на банкарска конференција во Хановер, Лагард се осврна на прекините во синџирот на снабдување по пандемијата на коронавирус.

Таа потсети дека растот на инфлацијата забрза на почетокот на 2022 година и дека во јули 2022 година почнаа да ги зголемуваат каматните стапки.

Лагард додаде дека инфлацијата се уште е многу висока и така ќе остане уште долго време.

„Затоа мораме да продолжиме со циклусот на зголемување на стапката додека не бидеме доволно уверени дека инфлацијата ќе достигне задоволително ниво“, рече Лагард.

The post Продолжува растот на каматите, инфлацијата се уште не е на врвот, вели претседателката на ЕЦБ appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард изјави дека нема јасни показатели дека базичната инфлација го достигнала својот врв и додаде дека зголемувањето на каматните стапки ќе продолжи. Во говорот на банкарска конференција во Хановер, Лагард се осврна на прекините во синџирот на снабдување по пандемијата на коронавирус. Таа потсети дека растот на инфлацијата забрза на почетокот на 2022 година и дека во јули 2022 година почнаа да ги зголемуваат каматните стапки. Лагард додаде дека инфлацијата се уште е многу висока и така ќе остане уште долго време.
„Затоа мораме да продолжиме со циклусот на зголемување на стапката додека не бидеме доволно уверени дека инфлацијата ќе достигне задоволително ниво“, рече Лагард.

The post Продолжува растот на каматите, инфлацијата се уште не е на врвот, вели претседателката на ЕЦБ appeared first on Република.

]]>
Лагард: Каматните стапки ќе растат, приоритет е инфлацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lagard-kamatnite-stapki-ke-rastat-prioritet-e-inflatsijata/ Mon, 06 Mar 2023 09:12:24 +0000 https://republika.mk/?p=616305

Каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени, со цел дополнително да се ограничи инфлацијата, изјави претседателот на Европската централна банка.

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, најави дека каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени со цел дополнително да се ограничи инфлацијата.

Според неа, тоа е одлуката на ЕЦБ, која беше навестена на последниот состанок посветен на монетарната политика, каде сите бројки вклучени во анализата потврдија дека е многу веројатно зголемување на каматните стапки.

„Главната стапка на инфлација се намали во последните месеци и ќе продолжи да се намалува во текот на следните неколку месеци. Но базичната инфлација, која ги исклучува енергијата и храната во еврозоната, е превисока. Мора да продолжиме да ги преземаме неопходните мерки за да ја вратиме инфлацијата на два отсто и тоа го правиме“, изјави Лагард во интервју за шпанската медиумска групација Восенто, пренесува Танјуг.

Таа потсети дека многу економски експерти не исклучуваат зголемување на каматите во 2024 година за над четири проценти. Според неа, тоа укажува дека се работи на сузбивање на инфлацијата, дека има напредок во таа работа, но дека има уште многу работа што треба да се заврши.

„Мојата главна грижа е инфлацијата. Не сакаме да ја уриваме економијата, тоа не е нашата цел, туку сакаме да ја скротиме инфлацијата. Зголемувањето на каматните стапки е нашата главна алатка за да го постигнеме тоа, бидејќи ја намалува побарувачката и ги намалува инфлаторните притисоци. Во моментов, економијата е отпорна, вработеноста е висока, а невработеноста е на најниско ниво на сите времиња“, рече Лагард.

„Сметаме дека владината поддршка треба да биде насочена кон тие ранливи категории, но привремено, за одреден период. Кога ситуацијата ќе се подобри, кога цените на енергијата паѓаат и кога цените на храната ќе се стабилизираат, тогаш владите треба да ја повлечат поддршката, бидејќи на тој начин граѓаните се охрабруваат да штедат енергија, наместо да ја користат како ништо да не чини“, рече Лагард.

The post Лагард: Каматните стапки ќе растат, приоритет е инфлацијата appeared first on Република.

]]>

Каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени, со цел дополнително да се ограничи инфлацијата, изјави претседателот на Европската централна банка. Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, најави дека каматните стапки најверојатно ќе се зголемат за 50 базични поени со цел дополнително да се ограничи инфлацијата. Според неа, тоа е одлуката на ЕЦБ, која беше навестена на последниот состанок посветен на монетарната политика, каде сите бројки вклучени во анализата потврдија дека е многу веројатно зголемување на каматните стапки. „Главната стапка на инфлација се намали во последните месеци и ќе продолжи да се намалува во текот на следните неколку месеци. Но базичната инфлација, која ги исклучува енергијата и храната во еврозоната, е превисока. Мора да продолжиме да ги преземаме неопходните мерки за да ја вратиме инфлацијата на два отсто и тоа го правиме“, изјави Лагард во интервју за шпанската медиумска групација Восенто, пренесува Танјуг. Таа потсети дека многу економски експерти не исклучуваат зголемување на каматите во 2024 година за над четири проценти. Според неа, тоа укажува дека се работи на сузбивање на инфлацијата, дека има напредок во таа работа, но дека има уште многу работа што треба да се заврши. „Мојата главна грижа е инфлацијата. Не сакаме да ја уриваме економијата, тоа не е нашата цел, туку сакаме да ја скротиме инфлацијата. Зголемувањето на каматните стапки е нашата главна алатка за да го постигнеме тоа, бидејќи ја намалува побарувачката и ги намалува инфлаторните притисоци. Во моментов, економијата е отпорна, вработеноста е висока, а невработеноста е на најниско ниво на сите времиња“, рече Лагард. „Сметаме дека владината поддршка треба да биде насочена кон тие ранливи категории, но привремено, за одреден период. Кога ситуацијата ќе се подобри, кога цените на енергијата паѓаат и кога цените на храната ќе се стабилизираат, тогаш владите треба да ја повлечат поддршката, бидејќи на тој начин граѓаните се охрабруваат да штедат енергија, наместо да ја користат како ништо да не чини“, рече Лагард.

The post Лагард: Каматните стапки ќе растат, приоритет е инфлацијата appeared first on Република.

]]>
Претседателката на Европската централна банка: Путин е виновен за инфлацијата во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelkata-na-evropskata-centralna-banka-putin-e-vinoven-za-inflacijata-vo-evropa/ Sat, 29 Oct 2022 16:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=567213

Европската централна банка мора да ги зголеми каматните стапки поради инфлацијата предизвикана од војната што рускиот претседател Владимир Путин ја води во Украина, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, пренесува „N1“, јавува Политико.

-Тоа е она што се обидува да го направи, да предизвика хаос и да ја уништи Европа што е можно повеќе. Енергетската криза предизвикува огромна инфлација која мораме да ја надминеме, изјави Лагард за ирската телевизија „RTE“.

Секој што се однесува така мора да биде воден од зли сили, рече Лагард и оцени дека „болниот руски претседател е застрашувачка личност“.

Зголемената инфлација во Европа дојде „од никаде“, посочи таа, а одлуката на ЕЦБ уште еднаш да ги зголеми каматните стапки ја објасни со борбата против инфлацијата.

Во септември инфлацијата низ еврозоната достигна 10 отсто, потсетува порталот Политико.

The post Претседателката на Европската централна банка: Путин е виновен за инфлацијата во Европа appeared first on Република.

]]>

Европската централна банка мора да ги зголеми каматните стапки поради инфлацијата предизвикана од војната што рускиот претседател Владимир Путин ја води во Украина, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард, пренесува „N1“, јавува Политико.
-Тоа е она што се обидува да го направи, да предизвика хаос и да ја уништи Европа што е можно повеќе. Енергетската криза предизвикува огромна инфлација која мораме да ја надминеме, изјави Лагард за ирската телевизија „RTE“.
Секој што се однесува така мора да биде воден од зли сили, рече Лагард и оцени дека „болниот руски претседател е застрашувачка личност“. Зголемената инфлација во Европа дојде „од никаде“, посочи таа, а одлуката на ЕЦБ уште еднаш да ги зголеми каматните стапки ја објасни со борбата против инфлацијата. Во септември инфлацијата низ еврозоната достигна 10 отсто, потсетува порталот Политико.

The post Претседателката на Европската централна банка: Путин е виновен за инфлацијата во Европа appeared first on Република.

]]>
Лагард: Криптовалутите се безвредни и треба да бидат регулирани за луѓето да не останат без ништо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lagard-kriptovalutite-se-bezvredni-i-treba-da-bidat-regulirani-za-lugjeto-da-ne-ostanat-bez-nishto/ Tue, 24 May 2022 20:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=506186

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, смета дека криптовалутите се „безвредни“ и дека нивната употреба треба да биде регулирана за да се спречи луѓето да ги вложат своите животни заштеди во нив.

Она што навистина ме загрижува кога станува збор за криптосредствата е дека тие инвестиции треба да ги направат луѓе кои се свесни дека можат да изгубат сè. Овие луѓе немаат разбирање за ризиците, кој ќе изгуби се, а кој страшно ќе се разочара, поради што мислам дека треба да бидат регулирани. Мојата скромна проценка е дека тие не вредат ништо, дека не се засноваат на ништо, дека не постои основен имот што би делувал како безбедносно сидро - изјави Лагард за Блумберг.

Лагард претходно беше резервирана кога станува збор за криптовалутите, барајќи поголема регулација на биткоинот. Минатата година таа изјави дека не го смета биткоинот за вистинска валута, додавајќи дека централните банки нема во скоро време да го чуваат во своите резерви, потсетува „Бизнис инсајдер“.

Лагард вели дека биткоин токенот се користел за некои „смешни работи“, вклучително и за перење пари.

На почетокот на мај имаше огромен пад на вредноста на криптовалутите, што ги наведе водечките пазарни „играчи“ да размислуваат за построга пазарна регулација.

The post Лагард: Криптовалутите се безвредни и треба да бидат регулирани за луѓето да не останат без ништо appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, смета дека криптовалутите се „безвредни“ и дека нивната употреба треба да биде регулирана за да се спречи луѓето да ги вложат своите животни заштеди во нив.
Она што навистина ме загрижува кога станува збор за криптосредствата е дека тие инвестиции треба да ги направат луѓе кои се свесни дека можат да изгубат сè. Овие луѓе немаат разбирање за ризиците, кој ќе изгуби се, а кој страшно ќе се разочара, поради што мислам дека треба да бидат регулирани. Мојата скромна проценка е дека тие не вредат ништо, дека не се засноваат на ништо, дека не постои основен имот што би делувал како безбедносно сидро - изјави Лагард за Блумберг.
Лагард претходно беше резервирана кога станува збор за криптовалутите, барајќи поголема регулација на биткоинот. Минатата година таа изјави дека не го смета биткоинот за вистинска валута, додавајќи дека централните банки нема во скоро време да го чуваат во своите резерви, потсетува „Бизнис инсајдер“. Лагард вели дека биткоин токенот се користел за некои „смешни работи“, вклучително и за перење пари. На почетокот на мај имаше огромен пад на вредноста на криптовалутите, што ги наведе водечките пазарни „играчи“ да размислуваат за построга пазарна регулација.

The post Лагард: Криптовалутите се безвредни и треба да бидат регулирани за луѓето да не останат без ништо appeared first on Република.

]]>
Лагард: Криптовалутите не вредат ништо https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/lagard-kriptovalutite-ne-vredat-nishto/ Tue, 24 May 2022 20:15:02 +0000 https://republika.mk/?p=506516

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо.

Мојата многу скромна проценка е дека тоа не вреди ништо. Тоа не се заснова на ништо. Нема основни средства што би дејствувале како сидро на безбедноста, изјави Лагард за криптовалутите во интервју за холандската емисија „College Tour“.

Лагард ги повика глобалните креатори на политики да воведат правила за заштита на неискусните инвеститори кои инвестираат во дигитални средства. Криптовалутите, особено биткоинот, изгубија повеќе од половина од својата рекордна вредност во ноември 2021 година.

Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека на крајот ќе бидат наградени, кои не ги разбираат ризиците, кои сето тоа ќе го изгубат и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што верувам дека треба да се регулира, рече Лагард.

Скептицизмот на поранешната шефица на Меѓународниот монетарен фонд кон криптовалутите не е нов. Таа претходно изрази загриженост поради влијанието на дигиталните валути врз животната средина, како и нивната потенцијална употреба во перење пари и избегнување санкции.

Претседателката на Европската централна банка денеска ги отфрли шпекулациите дека еврозоната се движи кон рецесија.

The post Лагард: Криптовалутите не вредат ништо appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо.
Мојата многу скромна проценка е дека тоа не вреди ништо. Тоа не се заснова на ништо. Нема основни средства што би дејствувале како сидро на безбедноста, изјави Лагард за криптовалутите во интервју за холандската емисија „College Tour“.
Лагард ги повика глобалните креатори на политики да воведат правила за заштита на неискусните инвеститори кои инвестираат во дигитални средства. Криптовалутите, особено биткоинот, изгубија повеќе од половина од својата рекордна вредност во ноември 2021 година.
Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека на крајот ќе бидат наградени, кои не ги разбираат ризиците, кои сето тоа ќе го изгубат и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што верувам дека треба да се регулира, рече Лагард.
Скептицизмот на поранешната шефица на Меѓународниот монетарен фонд кон криптовалутите не е нов. Таа претходно изрази загриженост поради влијанието на дигиталните валути врз животната средина, како и нивната потенцијална употреба во перење пари и избегнување санкции. Претседателката на Европската централна банка денеска ги отфрли шпекулациите дека еврозоната се движи кон рецесија.

The post Лагард: Криптовалутите не вредат ништо appeared first on Република.

]]>