Кристин Форсгрен Бенгтсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristin-forsgren-bengtson/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Aug 2022 11:34:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристин Форсгрен Бенгтсон Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristin-forsgren-bengtson/ 32 32 Османи ја испрати шведската амбасадорка, Форсгрен Бенгтсон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ja-isprati-shvedskata-ambasadorka-forsgren-bengtson/ Wed, 24 Aug 2022 11:34:17 +0000 https://republika.mk/?p=543630

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари проштална средба со амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која и изразил благодарност за нејзиниот континуиран ангажман во насока на интензивирање на билатералната соработка помеѓу двете пријателски земји за време на нејзиниот мандат.

Како што соопшти МНР, во рамки на разговорот, Османи ја потенцирал важноста на шведската развојна поддршка за реформските процесите во Македонија, особено во областа на владеење на правото, демократизација на општеството, развивање на пазарна економија, како и заштита на животната средина и ублажување на негативните последици од климатските промени.

Во соопштението се додава дека Османи се заблагодарил за принципиелната и конзистентна шведска поддршка за брз и мериторен напредок во пристапниот процес на Македонија кон полноправно членство во ЕУ, особено имајќи го во предвид претстојното шведско претседавање со Советот на Унијата во првата половина од 2023 година.

Дополнително, министерот Османи информирал дека Македонија ги депонирала во Стејт департментот на САД, инструментите за ратификација на протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО, со очекување процесот целосно да се заокружи и што поскоро приклучување на двете земји како полнопра вни членки во Алијансата.

The post Османи ја испрати шведската амбасадорка, Форсгрен Бенгтсон appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари проштална средба со амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која и изразил благодарност за нејзиниот континуиран ангажман во насока на интензивирање на билатералната соработка помеѓу двете пријателски земји за време на нејзиниот мандат. Како што соопшти МНР, во рамки на разговорот, Османи ја потенцирал важноста на шведската развојна поддршка за реформските процесите во Македонија, особено во областа на владеење на правото, демократизација на општеството, развивање на пазарна економија, како и заштита на животната средина и ублажување на негативните последици од климатските промени. Во соопштението се додава дека Османи се заблагодарил за принципиелната и конзистентна шведска поддршка за брз и мериторен напредок во пристапниот процес на Македонија кон полноправно членство во ЕУ, особено имајќи го во предвид претстојното шведско претседавање со Советот на Унијата во првата половина од 2023 година. Дополнително, министерот Османи информирал дека Македонија ги депонирала во Стејт департментот на САД, инструментите за ратификација на протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО, со очекување процесот целосно да се заокружи и што поскоро приклучување на двете земји како полнопра вни членки во Алијансата.

The post Османи ја испрати шведската амбасадорка, Форсгрен Бенгтсон appeared first on Република.

]]>