Кристин Баумгартнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristin-baumgartner/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Sep 2023 14:16:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристин Баумгартнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristin-baumgartner/ 32 32 Кевин Костнер блиску до спогодба по разводот: Според него мирно, а сопругата вели морала да ги прифати неговите услови https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kevin-kostner-blisku-do-spogodba-po-razvodot-spored-nego-mirno-a-soprugata-veli-morala-da-gi-prifati-negovite-uslovi/ Fri, 22 Sep 2023 19:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=684168

Мачниот, горок и, според многумина, „малициозен“ развод на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер, се чини, е блиску до мирна завршница. Според гласноговорникот на глумецот, двајцата се смириле и успеале да најдат решение.

Кевин и Кристин Костнер дојдоа до пријателски и заеднички договор за решавање на сите прашања поврзани со нивната разводна постапка, изјави неговиот претставник за магазинот „Пипл“ (People).

Во истовреме, пак, извори блиски до Кристин велат дека таа морала да се согласи со условите на Костнер.

Кристин немаше друг избор освен да се согласи со она што го бара Кевин, бидејќи тој ја имаше целата моќ и ги држи конците во свои раце. Ако продолжи со борбата, на крајот таа ќе загуби сѐ... Исто така, таа вели и дека ова е победа за децата, бидејќи ниту едно дете не сака да мине низ вакво нешто, особено пред очите на јавноста“, открива пријател на Кристин за „Дејли мејл“.

Според неименуваниот извор, таа всушност никогаш не сакала да биде дел од „целиот тој циркус“ и претпочитала работите да ги решат вон Судот.

Инаку, сѐ почна кога Кристин побарала од познатиот глумец да ѝ плаќа 175.057 долари месечно за нивните три деца да живеат на ист начин со секој родител. Баумгартнер притоа, наводно, во документите тврдела дека децата, на пример, кога се со својот татко, престојуваат во куќа на плажа во вредност меѓу 65 и 95 милиони долари и патуваат со приватни авиони додека се на луксузен одмор со него.

Глумецот, од своја страна, тврдеше дека поранешната сопруга, инаку дизајнерка за чанти, се грижи само за подобрување и одржување на својот животен стил.

The post Кевин Костнер блиску до спогодба по разводот: Според него мирно, а сопругата вели морала да ги прифати неговите услови appeared first on Република.

]]>

Мачниот, горок и, според многумина, „малициозен“ развод на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер, се чини, е блиску до мирна завршница. Според гласноговорникот на глумецот, двајцата се смириле и успеале да најдат решение.
Кевин и Кристин Костнер дојдоа до пријателски и заеднички договор за решавање на сите прашања поврзани со нивната разводна постапка, изјави неговиот претставник за магазинот „Пипл“ (People).
Во истовреме, пак, извори блиски до Кристин велат дека таа морала да се согласи со условите на Костнер.
Кристин немаше друг избор освен да се согласи со она што го бара Кевин, бидејќи тој ја имаше целата моќ и ги држи конците во свои раце. Ако продолжи со борбата, на крајот таа ќе загуби сѐ... Исто така, таа вели и дека ова е победа за децата, бидејќи ниту едно дете не сака да мине низ вакво нешто, особено пред очите на јавноста“, открива пријател на Кристин за „Дејли мејл“.
Според неименуваниот извор, таа всушност никогаш не сакала да биде дел од „целиот тој циркус“ и претпочитала работите да ги решат вон Судот. Инаку, сѐ почна кога Кристин побарала од познатиот глумец да ѝ плаќа 175.057 долари месечно за нивните три деца да живеат на ист начин со секој родител. Баумгартнер притоа, наводно, во документите тврдела дека децата, на пример, кога се со својот татко, престојуваат во куќа на плажа во вредност меѓу 65 и 95 милиони долари и патуваат со приватни авиони додека се на луксузен одмор со него. Глумецот, од своја страна, тврдеше дека поранешната сопруга, инаку дизајнерка за чанти, се грижи само за подобрување и одржување на својот животен стил.

The post Кевин Костнер блиску до спогодба по разводот: Според него мирно, а сопругата вели морала да ги прифати неговите услови appeared first on Република.

]]>