Кристијан Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristijan-trajkovski/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Jun 2022 17:24:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристијан Трајковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristijan-trajkovski/ 32 32 Трајковски ја повлече кандидатурата: Конгресот на НСДП е фалсификуван и секоја одлука од овој состав на делегати е нелегитимна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-ja-povleche-kandidaturata-kongresot-na-nsdp-e-falsifikuvan-i-sekoja-odluka-od-ovoj-sostav-na-delegati-e-nelegitimna/ Sat, 04 Jun 2022 17:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=511172

Кандидатот за претседател на НСДП Кристијан Трајковски кој претходно најави дека на петтиот Конгрес на партијата ќе се самокандидира за иден претседател на НСДП, вели дека овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, и затоа ја повлекува кандидатурата за претседател.

На денешниот, петти Конгрес на НСДП, видовме дека одредени структури во партијата продолжија со своите намери да им го одземат правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија. Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на единствениот кандидат за Претседател. Видовме и како овие структури се служеа со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат.

На крај видовме како, истите овие луѓе го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумнаесет години. За жал, легитимитетот а изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и уништени се сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП.

Поради тоа, не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на овој нелегитимен конгрес и носењето на одлуки на истиот, одлучив да ја повлечам мојата најавена кандидатура за Претседател на НСДП.

Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, истакнува Трајковски во соопштението.

The post Трајковски ја повлече кандидатурата: Конгресот на НСДП е фалсификуван и секоја одлука од овој состав на делегати е нелегитимна appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател на НСДП Кристијан Трајковски кој претходно најави дека на петтиот Конгрес на партијата ќе се самокандидира за иден претседател на НСДП, вели дека овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, и затоа ја повлекува кандидатурата за претседател.
На денешниот, петти Конгрес на НСДП, видовме дека одредени структури во партијата продолжија со своите намери да им го одземат правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија. Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на единствениот кандидат за Претседател. Видовме и како овие структури се служеа со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат. На крај видовме како, истите овие луѓе го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумнаесет години. За жал, легитимитетот а изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и уништени се сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП. Поради тоа, не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на овој нелегитимен конгрес и носењето на одлуки на истиот, одлучив да ја повлечам мојата најавена кандидатура за Претседател на НСДП. Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, истакнува Трајковски во соопштението.

The post Трајковски ја повлече кандидатурата: Конгресот на НСДП е фалсификуван и секоја одлука од овој состав на делегати е нелегитимна appeared first on Република.

]]>
Трајковски: Не е точно дека се повлеков од трката за претседател на НСДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-ne-e-tochno-deka-se-povlekov-od-trkata-za-pretsedatel-na-nsdp/ Thu, 26 May 2022 17:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=507369

Актуелниот организациски секретар на партијата НСДП, која е дел од владејачката коалиција, Кристијан Трајковски, преку соопштение до медиумите демантира дека ја повлекол кандидатурата за лидер на партијата.

Демантот следува откако до дел од медиумите беше испратено соопштение дека Трајковски ја повлекол кандидатурата и пратеникот Горан Мисовски е единствен кандидат.

Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на кандидатот. Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко. Од таа причина ги информирам медиумите и јавноста дека ваквата постапка ме поттикнува да уште посилно да продолжам во мојата борба за слободна и демократска НСДП. На 4 јуни, на петтиот конгрес на партијата, согласно статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити, вели Трајковски.

Нема да дозволам, додава Трајковски, да ја изневерам довербата на членовите и нивната искрена желба за демократски промени во партијата. Тој ги повика сите делегати и членови на конгресот на 4 јуни да постапат согласно сопственото убедување, волја и морал.

Партиските игри помеѓу различни струи во НСДП почнаа откако актуелниот претседател Тито Петковски најави повлекување од лидерската позиција.

The post Трајковски: Не е точно дека се повлеков од трката за претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>

Актуелниот организациски секретар на партијата НСДП, која е дел од владејачката коалиција, Кристијан Трајковски, преку соопштение до медиумите демантира дека ја повлекол кандидатурата за лидер на партијата. Демантот следува откако до дел од медиумите беше испратено соопштение дека Трајковски ја повлекол кандидатурата и пратеникот Горан Мисовски е единствен кандидат.
Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на кандидатот. Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко. Од таа причина ги информирам медиумите и јавноста дека ваквата постапка ме поттикнува да уште посилно да продолжам во мојата борба за слободна и демократска НСДП. На 4 јуни, на петтиот конгрес на партијата, согласно статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити, вели Трајковски.
Нема да дозволам, додава Трајковски, да ја изневерам довербата на членовите и нивната искрена желба за демократски промени во партијата. Тој ги повика сите делегати и членови на конгресот на 4 јуни да постапат согласно сопственото убедување, волја и морал. Партиските игри помеѓу различни струи во НСДП почнаа откако актуелниот претседател Тито Петковски најави повлекување од лидерската позиција.

The post Трајковски: Не е точно дека се повлеков од трката за претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>
Трајковски: Во НСДП се води битка за иднината на партијата, ќе ги издржиме притисоците и заканите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-vo-nsdp-se-vodi-bitka-za-idninata-na-partijata-kje-gi-izdrzime-pritisocite-i-zakanite/ Tue, 24 May 2022 08:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=506300

Изминатиов период, во НСДП се води битка за иднината на партијата. Дали ќе биде демократска, прогресивна сила на македонската политичка сцена или ќе биде преземена од недемократски структури, навикнати да работат само за своите, лични интереси, вели во своето обраќање до медиумите Кристијан Трајковски, организациски Секретар на НСДП.

На овие структури не им одговараат промени. Ним им пречи гласна и самостојна НСДП, која ќе го продолжи патот со своите коалициски партнери, но ќе биде коректор, наместо апологет на поголемите политички партии. Ним им треба партија која ќе им служи само како гарант за фотељите во кои се толку долго, што веќе ги сметаат за нивно лично право.

Нивото на демократскиот развој на секое општество зависи од нивото на внатрешната демократија на партиите. Членството и делегатите на НСДП ќе ги издржат и овие притисоци и закани. Имаме победено многу посилни и помоќни режими и противници. Ќе победи демократијата и сега!, истакнува тој.

На 4-ти јуни, порача Трајковски, Конгресот на НСДП ќе гласа слободно и демократски.

Конгресот ќе гласа за најдобриот кандидат, со најдобрите идеи и програма, за каднидатот кој храбро ќе ја профилира НСДП во партија на 21-от век, способна да се носи рамо до рамо со најголемите политички сили во Македонија, додава организацискиот Секретар на НСДП.

The post Трајковски: Во НСДП се води битка за иднината на партијата, ќе ги издржиме притисоците и заканите appeared first on Република.

]]>

Изминатиов период, во НСДП се води битка за иднината на партијата. Дали ќе биде демократска, прогресивна сила на македонската политичка сцена или ќе биде преземена од недемократски структури, навикнати да работат само за своите, лични интереси, вели во своето обраќање до медиумите Кристијан Трајковски, организациски Секретар на НСДП.
На овие структури не им одговараат промени. Ним им пречи гласна и самостојна НСДП, која ќе го продолжи патот со своите коалициски партнери, но ќе биде коректор, наместо апологет на поголемите политички партии. Ним им треба партија која ќе им служи само како гарант за фотељите во кои се толку долго, што веќе ги сметаат за нивно лично право. Нивото на демократскиот развој на секое општество зависи од нивото на внатрешната демократија на партиите. Членството и делегатите на НСДП ќе ги издржат и овие притисоци и закани. Имаме победено многу посилни и помоќни режими и противници. Ќе победи демократијата и сега!, истакнува тој.
На 4-ти јуни, порача Трајковски, Конгресот на НСДП ќе гласа слободно и демократски.
Конгресот ќе гласа за најдобриот кандидат, со најдобрите идеи и програма, за каднидатот кој храбро ќе ја профилира НСДП во партија на 21-от век, способна да се носи рамо до рамо со најголемите политички сили во Македонија, додава организацискиот Секретар на НСДП.
 
The post Трајковски: Во НСДП се води битка за иднината на партијата, ќе ги издржиме притисоците и заканите appeared first on Република.

]]>
Трајковски: Одлуката на ЦО на НСДП е недемократски донесена со закани и притисоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-odlukata-na-co-na-nsdp-e-nedemokratski-donesena-so-zakani-i-pritisoci/ Sun, 15 May 2022 08:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=502429

Организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски, обвинува дека одлуката на Централниот одбор на партијата да прифати само еден кандидат за претседател е недемократска и донесена под закана и притисоци. Трајковски најави дека нема да се откаже од кандидатурата и поддршка од делегатите и членството ќе побара на одржувањето на конгресот на НСДП.

Не се откажувам од мојата прогресивна визија дека нашата НСДП ќе биде обединета и гласна партија, каде слободата и слободната мисла ќе победат. Само така притисоците, заканите и носењето одлуки од една многу мала, но многу привилегирана група луѓе ќе бидат сеќавање од минатото. Луѓе кои се однесуваат како функциите да се нивно родено право, а не голема обврска и одговорност делегирана од целото членство пред кое тие се должни да поднесат отчет - вели Трајковски.

Вчера од НСДП соопштија дека Централниот одбор го утврдил Горан Мисовски како единствен кандидат за претседател на партијата. Претстојниот конгрес за наследник на Тито Петковски ќе се одржи на 4 јуни.

The post Трајковски: Одлуката на ЦО на НСДП е недемократски донесена со закани и притисоци appeared first on Република.