Кристијан Ериксен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristijan-eriksen/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Mar 2022 14:54:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристијан Ериксен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristijan-eriksen/ 32 32 Пред девет месеци колабираше на терен, а сега се врати со гол за Данска https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pred-devet-meseci-kolabirashe-na-teren-a-sega-se-vrati-so-gol-za-danska/ Sun, 27 Mar 2022 14:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=479334

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен со гол во пријателскиот натпревар против Холандија (2-4) вчеравечер во Амстердам имаше незаборавно враќање во националниот тим, девет месеци откако колабираше на теренот на ЕУРО2020.

Ериксен се запиша во листата на стрелци во 48 минута, само две минути по влегувањето во игра од клупата за резерви на дуелот во Амстердам, точно 288 денови откако доживеа речиси смртоносен срцев удар.

Данецот колабираше за време на натпреварот против Финска на ЕУРО2020 на стадионот „Паркен“ во Копенхаген и потоа мораше да му биде вграден апарат за регулирање на работата на срцето.

Ериксен (30), кој ја продолжи клупската кариера на 26 февруари во дресот на англискиот прволигаш Брентфорд, го запиша на дуелот против Холандија својот 110. настап за Данска.

 

The post Пред девет месеци колабираше на терен, а сега се врати со гол за Данска appeared first on Република.

]]>

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен со гол во пријателскиот натпревар против Холандија (2-4) вчеравечер во Амстердам имаше незаборавно враќање во националниот тим, девет месеци откако колабираше на теренот на ЕУРО2020. Ериксен се запиша во листата на стрелци во 48 минута, само две минути по влегувањето во игра од клупата за резерви на дуелот во Амстердам, точно 288 денови откако доживеа речиси смртоносен срцев удар. Данецот колабираше за време на натпреварот против Финска на ЕУРО2020 на стадионот „Паркен“ во Копенхаген и потоа мораше да му биде вграден апарат за регулирање на работата на срцето. Ериксен (30), кој ја продолжи клупската кариера на 26 февруари во дресот на англискиот прволигаш Брентфорд, го запиша на дуелот против Холандија својот 110. настап за Данска.  

The post Пред девет месеци колабираше на терен, а сега се врати со гол за Данска appeared first on Република.

]]>
„Навивач“ фрли со паричка кон Ериксен https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/navivach-frli-so-parichka-kon-eriksen/ Sun, 27 Mar 2022 09:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=479188

Кристијан Ериксен синоќа повторно го облече дресот на данската фудбалска репрезентација откако минатото лето доживеа срцев удар за време на Европското првенство.

Влезе во игра во второто полувреме на пријателската со Холандија и само две минути подоцна постигна гол. Данска го загуби натпреварот со 4-2 во Амстердам, но главен актер секако беше Ериксен.

По завршувањето на дуелот, додека фудбалерот даваше изјава за медиумите, некој од трибините фрли со паричка кон него.

The post „Навивач“ фрли со паричка кон Ериксен appeared first on Република.

]]>

Кристијан Ериксен синоќа повторно го облече дресот на данската фудбалска репрезентација откако минатото лето доживеа срцев удар за време на Европското првенство. Влезе во игра во второто полувреме на пријателската со Холандија и само две минути подоцна постигна гол. Данска го загуби натпреварот со 4-2 во Амстердам, но главен актер секако беше Ериксен. По завршувањето на дуелот, додека фудбалерот даваше изјава за медиумите, некој од трибините фрли со паричка кон него.

The post „Навивач“ фрли со паричка кон Ериксен appeared first on Република.

]]>
Ериксен: Бев мртов пет минути, сакам да играм на Мундијалот во Катар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/eriksen-bev-mrtov-pet-minuti-sakam-da-igram-na-mundijalot-vo-katar/ Wed, 05 Jan 2022 08:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=440771

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен во интервју за локалната телевизија DR1 TV ексклузивно проговори за најтешките моменти во својата кариера, изнесувајќи досега непознати детали, но и желба да се врати во репрезентацијата и да настапи на Мундијалот 2022 во Катар.

Ериксен, кој во интервјуто за данската телевизија рече дека бил мртов пет минути, последен пат се појави на фудбалскиот терен на 12 јуни кога претрпе срцев застој во финишот на дуелот против Финска во Копенхаген на ЕУРО22.

Сега данскиот фудбалер е во потрага по нов клуб, а голема желба му е да се врати во репрезентацијата и да настапи на Светското првенство.

Мојата цел е да играм на Мундијалот во Катар. Сакам да играм, тоа е мојот начин на размислување цело време. Тоа е цел, сон. Дали ќе бидам избран е друга работа. Но, мојот сон е да се вратам. Сигурен сум дека можам да се вратам, бидејќи се чувствувам подобро. Физички сум во врвна форма, изјави Ериксен.

The post Ериксен: Бев мртов пет минути, сакам да играм на Мундијалот во Катар appeared first on Република.

]]>

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен во интервју за локалната телевизија DR1 TV ексклузивно проговори за најтешките моменти во својата кариера, изнесувајќи досега непознати детали, но и желба да се врати во репрезентацијата и да настапи на Мундијалот 2022 во Катар. Ериксен, кој во интервјуто за данската телевизија рече дека бил мртов пет минути, последен пат се појави на фудбалскиот терен на 12 јуни кога претрпе срцев застој во финишот на дуелот против Финска во Копенхаген на ЕУРО22. Сега данскиот фудбалер е во потрага по нов клуб, а голема желба му е да се врати во репрезентацијата и да настапи на Светското првенство.
Мојата цел е да играм на Мундијалот во Катар. Сакам да играм, тоа е мојот начин на размислување цело време. Тоа е цел, сон. Дали ќе бидам избран е друга работа. Но, мојот сон е да се вратам. Сигурен сум дека можам да се вратам, бидејќи се чувствувам подобро. Физички сум во врвна форма, изјави Ериксен.

The post Ериксен: Бев мртов пет минути, сакам да играм на Мундијалот во Катар appeared first on Република.

]]>