Кристифер Хил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristifer-hil/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Feb 2023 09:08:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кристифер Хил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kristifer-hil/ 32 32 Хил: На Балканот има многу историско наследство, повеќе од потребно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hil-na-balkanot-ima-mnogu-istorisko-nasledstvo-poveke-od-potrebno/ Thu, 09 Feb 2023 09:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=606789

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, изјави дека земјите од балканскиот регион мора да имаат модели на соработка, истакнувајќи дека проектот „Отворен Балкан“ е многу позитивен.

„Ми се допаѓа што беше развиен овде на Балканот, не беше наметнат однадвор. Ние го поддржуваме како и другите проекти за регионална интеграција“, рече Хил за РТС, пренесе Бета.

На прашањето кои други предизвици остануваат со поцелосна економска интеграција, тој изјави дека „очигледно има политички предизвици – наследени проблеми и недоверба“.

„Би рекол дека овде има многу историско наследство, повеќе од потребно, мора да најдеме начин да го надминеме“, нагласи Хил

The post Хил: На Балканот има многу историско наследство, повеќе од потребно appeared first on Република.

]]>

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, изјави дека земјите од балканскиот регион мора да имаат модели на соработка, истакнувајќи дека проектот „Отворен Балкан“ е многу позитивен.

„Ми се допаѓа што беше развиен овде на Балканот, не беше наметнат однадвор. Ние го поддржуваме како и другите проекти за регионална интеграција“, рече Хил за РТС, пренесе Бета.

На прашањето кои други предизвици остануваат со поцелосна економска интеграција, тој изјави дека „очигледно има политички предизвици – наследени проблеми и недоверба“.

„Би рекол дека овде има многу историско наследство, повеќе од потребно, мора да најдеме начин да го надминеме“, нагласи Хил

The post Хил: На Балканот има многу историско наследство, повеќе од потребно appeared first on Република.

]]>
Кристофер Хил, американски амбасадор во Србија: Реално е да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kristofer-hil-amerikanski-ambasador-vo-srbija-realno-e-da-se-ochekuva-formirane-na-zaednitsata-na-srpskite-opshtini-do-krajot-na-godinava/ Wed, 08 Feb 2023 13:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=606549

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека САД инсистираат да се спроведе сè што е договорено во Бриселскиот договор и изрази уверување дека е реално да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава.

- Основното прашање е да се позанимаваме со она што се нарекува Заедница на српски општини, што произлегува од првичниот бриселски договор, изјави Хил за телевизијата К1, нагласувајќи дека тој апсолутно мора да се спроведе за луѓето да имаат доверба во идните договори, пренесе Бета.

Зборувајќи за рокот за формирање на ЗСО, Хил изјави дека „смета дека се зборува за разумни рокови кога се вели дека тоа е можно до крајот на годината“.

- Сепак, не сум сигурен дека можеме да зборуваме дури и за рокови, но луѓето треба да прават нешто секој ден за да се дојде до решение. Но, мислам дека е реално да се предложи сето тоа да се случи оваа година. Мислам дека оваа година е значајна година и француско-германскиот предлог е позитивен и може да се спроведе, додаде тој.

Хил истакна дека кога станува збор за косовското прашање, САД „апсолутно го поддржуваат она што го направија Европејците, особено предлогот што доаѓа од Французите и Германците“ и дека се обидуваат да стават до знаење дека сакаат да бидат дел од процесот и гаранција за исходот од преговорите.

Тој рече дека решението за косовското прашање е решение за Србија, решение на Балканот, но и решение за Европа.

- САД имаат долгорочни интереси во овој континент и овој регион. Она што треба да го направиме е да работиме со Европејците на решение за тие проблеми, посочи американскиот амбасадор.

Тој додаде дека Вашингтонскиот договор не треба да се заобиколи бидејќи „таму се разговарало за многу важни работи како што е економијата за да се осигура дека Приштина и Белград можат да решат некои прашања кои директно влијаат на животот на луѓето на терен“.

The post Кристофер Хил, американски амбасадор во Србија: Реално е да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава appeared first on Република.

]]>

Американскиот амбасадор во Србија Кристофер Хил денеска изјави дека САД инсистираат да се спроведе сè што е договорено во Бриселскиот договор и изрази уверување дека е реално да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава. - Основното прашање е да се позанимаваме со она што се нарекува Заедница на српски општини, што произлегува од првичниот бриселски договор, изјави Хил за телевизијата К1, нагласувајќи дека тој апсолутно мора да се спроведе за луѓето да имаат доверба во идните договори, пренесе Бета. Зборувајќи за рокот за формирање на ЗСО, Хил изјави дека „смета дека се зборува за разумни рокови кога се вели дека тоа е можно до крајот на годината“. - Сепак, не сум сигурен дека можеме да зборуваме дури и за рокови, но луѓето треба да прават нешто секој ден за да се дојде до решение. Но, мислам дека е реално да се предложи сето тоа да се случи оваа година. Мислам дека оваа година е значајна година и француско-германскиот предлог е позитивен и може да се спроведе, додаде тој. Хил истакна дека кога станува збор за косовското прашање, САД „апсолутно го поддржуваат она што го направија Европејците, особено предлогот што доаѓа од Французите и Германците“ и дека се обидуваат да стават до знаење дека сакаат да бидат дел од процесот и гаранција за исходот од преговорите. Тој рече дека решението за косовското прашање е решение за Србија, решение на Балканот, но и решение за Европа. - САД имаат долгорочни интереси во овој континент и овој регион. Она што треба да го направиме е да работиме со Европејците на решение за тие проблеми, посочи американскиот амбасадор. Тој додаде дека Вашингтонскиот договор не треба да се заобиколи бидејќи „таму се разговарало за многу важни работи како што е економијата за да се осигура дека Приштина и Белград можат да решат некои прашања кои директно влијаат на животот на луѓето на терен“.

The post Кристофер Хил, американски амбасадор во Србија: Реално е да се очекува формирање на Заедницата на српските општини до крајот на годинава appeared first on Република.

]]>
Хил: Србите кога ќе се разбудат ќе видат дека Албанците го зазеле Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/hil-srbite-koga-kje-se-razbudat-kje-vidat-deka-albancite-go-zazele-kosovo/ Mon, 10 Oct 2022 16:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=559535

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека Србија е во специфични околности кога станува збор за воведување санкции против Русија, главно поради големата зависност од руски енергетски извори и дека во прашање е сложена слика за да може само да се каже „приклучете ни се во санкциите“, јави дописникот на МИА од Белград.

Да беше само до нас (САД), а не до Србија, ние би рекле дека мора да се приклучите на санкциите, но ние разбираме дека постојат специфични околности за Србија, изјави Хил на ТВ Хепи, одговарајќи на прашањето како санкциите на ЕУ против Русија би можеле да влијаат на Србија ако побргу не донесе одлуки.

Тој изрази очекување дека „ќе ја има Србија покрај себе“ и истакна дека сè започнува со енергетската независност и дека Србија треба да има различни избори.

Сигурен сум дека во иднина ќе биде во ред Србија да има избор да зема гас од Русија, но тоа сега не е во ред и затоа треба да и се помогне на Србија во тој избор - рече Хил.

На прашањето за решавање на косовскиот проблем, Хил рече дека било во овој или следниот век „Србите кога ќе се разбудат, ќе видат дека Албанците го зеле Косово за себе“, и затоа, како што рече, тој се надева дека во меѓувреме ќе се постигне нормализација, за да се продолжи со работи кои се важни за просечните луѓе.

Хил оцени дека западните земји бараат од Белград и Приштина да се држат до процесот на дијалог и да се обидат да ги намалат тензиите и да создадат простор меѓусебно да разговараат за да постигнат нормални односи.

На прашањето дали случајот со Косово може да се спореди со случајот со украинските територии кои беа припоени кон Русија, Хил рече дека нема многу сличности, бидејќи Украина е во друга позиција.

Соседот на Украина, Русија, ја напаѓа Украина и нејзините цивили, а во меѓувреме ги анектира нејзините територии. Вакви работи немаме видено од почетокот на 20 век, забележа Хил и оцени дека ова е поинаква ситуација од онаа поврзана со Косово што се случи пред 23 години.

На прашањето колку бенефиции Србија може да добие во соработка со западните земји во областа на енергетиката, Хил рече дека на Србија и е потребен „бустер“ во овој поглед.

Една од причините за нашата загриженост во соработката со Србија сега е однесувањето на Русија бидејќи не знаеме што е следно. Она што Путин го направи со Русија е поинаква Русија од онаа на која јас се сеќавам. Веќе не е земја што има најголема поезија, бројни нобеловци, … ова е поинаква Русија и мислам дека треба да бидеме подготвени за тоа и дека најдобра форма на подготовка е сите да работиме заедно уште поблиску - рече Хил.

На прашањето која би била најдобра одлука што би можела да ја донесе Србија во оваа ситуација, Хил рече дека најдобро би било да се поврзе со западните земји, да се фокусира на тоа што може да се направи сега и да продолжи во таа насока.

САД навистина сакаат да застанат крај Србија, која ја гледаме како историски пријател, партнер и во зависност од тоа што ќе преземе Србија, во иднина таа може да стане наш сојузник, но тоа ќе биде прашање за Србија, изјави американскиот амбасадор во Белград.

The post Хил: Србите кога ќе се разбудат ќе видат дека Албанците го зазеле Косово appeared first on Република.

]]>

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, денеска изјави дека Србија е во специфични околности кога станува збор за воведување санкции против Русија, главно поради големата зависност од руски енергетски извори и дека во прашање е сложена слика за да може само да се каже „приклучете ни се во санкциите“, јави дописникот на МИА од Белград. Да беше само до нас (САД), а не до Србија, ние би рекле дека мора да се приклучите на санкциите, но ние разбираме дека постојат специфични околности за Србија, изјави Хил на ТВ Хепи, одговарајќи на прашањето како санкциите на ЕУ против Русија би можеле да влијаат на Србија ако побргу не донесе одлуки. Тој изрази очекување дека „ќе ја има Србија покрај себе“ и истакна дека сè започнува со енергетската независност и дека Србија треба да има различни избори.
Сигурен сум дека во иднина ќе биде во ред Србија да има избор да зема гас од Русија, но тоа сега не е во ред и затоа треба да и се помогне на Србија во тој избор - рече Хил.
На прашањето за решавање на косовскиот проблем, Хил рече дека било во овој или следниот век „Србите кога ќе се разбудат, ќе видат дека Албанците го зеле Косово за себе“, и затоа, како што рече, тој се надева дека во меѓувреме ќе се постигне нормализација, за да се продолжи со работи кои се важни за просечните луѓе. Хил оцени дека западните земји бараат од Белград и Приштина да се држат до процесот на дијалог и да се обидат да ги намалат тензиите и да создадат простор меѓусебно да разговараат за да постигнат нормални односи. На прашањето дали случајот со Косово може да се спореди со случајот со украинските територии кои беа припоени кон Русија, Хил рече дека нема многу сличности, бидејќи Украина е во друга позиција. Соседот на Украина, Русија, ја напаѓа Украина и нејзините цивили, а во меѓувреме ги анектира нејзините територии. Вакви работи немаме видено од почетокот на 20 век, забележа Хил и оцени дека ова е поинаква ситуација од онаа поврзана со Косово што се случи пред 23 години. На прашањето колку бенефиции Србија може да добие во соработка со западните земји во областа на енергетиката, Хил рече дека на Србија и е потребен „бустер“ во овој поглед.
Една од причините за нашата загриженост во соработката со Србија сега е однесувањето на Русија бидејќи не знаеме што е следно. Она што Путин го направи со Русија е поинаква Русија од онаа на која јас се сеќавам. Веќе не е земја што има најголема поезија, бројни нобеловци, … ова е поинаква Русија и мислам дека треба да бидеме подготвени за тоа и дека најдобра форма на подготовка е сите да работиме заедно уште поблиску - рече Хил.
На прашањето која би била најдобра одлука што би можела да ја донесе Србија во оваа ситуација, Хил рече дека најдобро би било да се поврзе со западните земји, да се фокусира на тоа што може да се направи сега и да продолжи во таа насока. САД навистина сакаат да застанат крај Србија, која ја гледаме како историски пријател, партнер и во зависност од тоа што ќе преземе Србија, во иднина таа може да стане наш сојузник, но тоа ќе биде прашање за Србија, изјави американскиот амбасадор во Белград.

The post Хил: Србите кога ќе се разбудат ќе видат дека Албанците го зазеле Косово appeared first on Република.

]]>