криптовалути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kriptovaluti/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Nov 2024 18:35:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png криптовалути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kriptovaluti/ 32 32 МВР предупредува на зголемен број на измами со криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-predupreduva-na-zgolemen-broj-na-izmami-so-kriptovaluti/ Sun, 24 Nov 2024 18:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=841370

Во последниот период се почести се измамите поврзани со наводни инвестиции со криптовалути, преку кои граѓаните стануваат жртви на сајбер криминал. И Министерството за внатрешни работи и банките во земјава предупредуваат на внимателност при користењето на дигиталните банкарски услуги. Од банките посебно предупредуваат да се избегнува инсталирање на непознат софтвер од трети лица на уредите кои се користат за електронско банкарство, како и посебно да се внимава при онлајн трансакции, односно советуваат да се префрлуваат средства само на сметки кои им се познати. Од МВР за Алсат велат дека во изминатиот период веќе имаат добиено и неколку пријави од граѓани за ваков тип на измами.

“Секторот за компјутерски криминал има добиено околу десетина пријави. Се работи за лица кои нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат”, велат од МВР.

Дел од граѓаните со кои разговаравме се свесни дека инвестирањето во криптовалути претставува ризик за потенцијално да бидат предмет на измама.

“Јас персонално не, не сум ризикувал да инвестирам во тие платформи, но знам некои кои инвестирале, но загубија многу”, рече еден граѓанин.

„Не сум инвестирал, не сум добро запознаен со криптовалутите, така да не можам многу да коментирам„, рече еден граѓанин.

„Да, да јас се интересирам за тоа, но треба да бидеме внимателни и внимателно да постапуваме со тие работи„, додаде друг.

Експертите за сајбер безбедност велат дека најчесто измамите се случуваат поради отворање на небезбедни страници или небезбедни берзи за инвестирање со криптовалути, а иако не постои посебен уред за заштита, сепак постојат начини како може да проверите дали вашето вложување е безбедно.

Небезбедните веб-страници може да ги препознаете така што почнуваат со http, го немаат https протоколот, S е протоколот за заштита, исто така тоа важи и за берзите. Доколку берзата е на http тоа значи дека е некоја интерна и има комуникација што не е обезбедена преку тој интернет протокол. Покрај овој начин на заштита, граѓаните се советуваат и да не отвораат сомнителни линкови и документи што не доаѓаат од познати и проверени извори, бидејќи истите може да водат кон страници каде повторно можат да бидат предмет на измама.

Извор: Алсат

The post МВР предупредува на зголемен број на измами со криптовалути appeared first on Република.

]]>

Во последниот период се почести се измамите поврзани со наводни инвестиции со криптовалути, преку кои граѓаните стануваат жртви на сајбер криминал. И Министерството за внатрешни работи и банките во земјава предупредуваат на внимателност при користењето на дигиталните банкарски услуги. Од банките посебно предупредуваат да се избегнува инсталирање на непознат софтвер од трети лица на уредите кои се користат за електронско банкарство, како и посебно да се внимава при онлајн трансакции, односно советуваат да се префрлуваат средства само на сметки кои им се познати. Од МВР за Алсат велат дека во изминатиот период веќе имаат добиено и неколку пријави од граѓани за ваков тип на измами.
“Секторот за компјутерски криминал има добиено околу десетина пријави. Се работи за лица кои нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите кои бараат начин да инвестираат”, велат од МВР.
Дел од граѓаните со кои разговаравме се свесни дека инвестирањето во криптовалути претставува ризик за потенцијално да бидат предмет на измама.
“Јас персонално не, не сум ризикувал да инвестирам во тие платформи, но знам некои кои инвестирале, но загубија многу”, рече еден граѓанин.
„Не сум инвестирал, не сум добро запознаен со криптовалутите, така да не можам многу да коментирам„, рече еден граѓанин. „Да, да јас се интересирам за тоа, но треба да бидеме внимателни и внимателно да постапуваме со тие работи„, додаде друг. Експертите за сајбер безбедност велат дека најчесто измамите се случуваат поради отворање на небезбедни страници или небезбедни берзи за инвестирање со криптовалути, а иако не постои посебен уред за заштита, сепак постојат начини како може да проверите дали вашето вложување е безбедно. Небезбедните веб-страници може да ги препознаете така што почнуваат со http, го немаат https протоколот, S е протоколот за заштита, исто така тоа важи и за берзите. Доколку берзата е на http тоа значи дека е некоја интерна и има комуникација што не е обезбедена преку тој интернет протокол. Покрај овој начин на заштита, граѓаните се советуваат и да не отвораат сомнителни линкови и документи што не доаѓаат од познати и проверени извори, бидејќи истите може да водат кон страници каде повторно можат да бидат предмет на измама. Извор: Алсат

The post МВР предупредува на зголемен број на измами со криптовалути appeared first on Република.

]]>
Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/baba-68-kopala-kripto-valuti-izmamena-za-215-497-denari/ Wed, 23 Oct 2024 16:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=830270

На 22.10.2024 во 15 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари, соопшти МВР.

Според пријавеното во полиција, измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во крипто валути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро сметка која претходно и била дадена од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари appeared first on Република.

]]>

На 22.10.2024 во 15 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари, соопшти МВР. Според пријавеното во полиција, измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во крипто валути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро сметка која претходно и била дадена од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Баба (68) „копала“ крипто валути, измамена за 215.497 денари appeared first on Република.

]]>
Целиот свет трага по оваа Бугарка – измамничка со криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/tseliot-svet-traga-po-ovaa-bugarka-izmanichka-so-kriptovaluti/ Tue, 23 Jan 2024 19:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=735662

Бугарката Ружа Игнатова може да се нарече измамничка на векот. Харизматична бизнисменка од Бугарија измамила милиони луѓе ширум светот од речиси 4 милијарди долари со лажната криптовалута „OneCoin“.

Живееше навистина раскошно, од прослава на својот роденден во легендарниот V&A (Музејот на Викторија и Алберт) со настап на Том Џонс до поседување неколку имоти во Софија, Бугарија и Созопол, таа живеше како кралица.

Не се знае каде се крие Ружа Игњатова, но пребегнатата крипто кралица се откри со оглас за скапи недвижнини. Се претпоставува дека е во Дубаи каде го има променето идентитетот. Има 43 години.

Нејзиниот луксузен пентхаус од 12,5 милиони фунти (14,2 милиони евра) беше ставен на продажба, а според новите правила за транспарентност во Велика Британија, таа мораше да биде откриена како сопственик.

Но, основачот на измамничката компанија „OneCoin“ не е виден пет години и моментално е на листата на 10-те најбарани бегалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ).
Исчезна на 25 октомври 2017 година, откако доби информација дека интензивна полициска истрага за нејзината измама во Софија.

Компанијата „OneCoin“ е основана во 2014 година и ги има направено најголемите познати измами со виртуелни валути, а ФБИ проценува дека ги оштетила жртвите за четири милијарди долари.

Само во Велика Британија, инвеститорите изгубиле повеќе од 100 милиони фунти (114 милиони евра).

The post Целиот свет трага по оваа Бугарка – измамничка со криптовалути appeared first on Република.

]]>

Бугарката Ружа Игнатова може да се нарече измамничка на векот. Харизматична бизнисменка од Бугарија измамила милиони луѓе ширум светот од речиси 4 милијарди долари со лажната криптовалута „OneCoin“. Живееше навистина раскошно, од прослава на својот роденден во легендарниот V&A (Музејот на Викторија и Алберт) со настап на Том Џонс до поседување неколку имоти во Софија, Бугарија и Созопол, таа живеше како кралица. Не се знае каде се крие Ружа Игњатова, но пребегнатата крипто кралица се откри со оглас за скапи недвижнини. Се претпоставува дека е во Дубаи каде го има променето идентитетот. Има 43 години. Нејзиниот луксузен пентхаус од 12,5 милиони фунти (14,2 милиони евра) беше ставен на продажба, а според новите правила за транспарентност во Велика Британија, таа мораше да биде откриена како сопственик. Но, основачот на измамничката компанија „OneCoin“ не е виден пет години и моментално е на листата на 10-те најбарани бегалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ). Исчезна на 25 октомври 2017 година, откако доби информација дека интензивна полициска истрага за нејзината измама во Софија. Компанијата „OneCoin“ е основана во 2014 година и ги има направено најголемите познати измами со виртуелни валути, а ФБИ проценува дека ги оштетила жртвите за четири милијарди долари. Само во Велика Британија, инвеститорите изгубиле повеќе од 100 милиони фунти (114 милиони евра).

The post Целиот свет трага по оваа Бугарка – измамничка со криптовалути appeared first on Република.

]]>
Историската одлука на Вол Стрит: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/istoriskata-odluka-na-vol-strit-prvpat-odobreni-fondovi-koi-investiraat-vo-bitkoin/ Sat, 13 Jan 2024 12:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=732585

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри формирање фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин.

Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко.

Тоа доведе до зголемување на вредноста на оваа валута.

Вредноста на биткоинот се зголеми веднаш по возбудата околу зголемената веројатност за одобрување на средствата, скокајќи за речиси 200 отсто од почетокот на минатата година, иако биткоинот останува околу 30 отсто под својот врв постигнат за време на бумот во 2021 година.

Цената на биткоинот е главно стабилна по објавувањето на одобрувањето на новите фондови, тргувајќи го близу највисокото ниво во последните две години од околу 46. 000 долари.

Регулаторите ги одобрија сите 11 апликации што чекаат за биткоин ЕТФ, вклучувајќи ги Блекрок, Грејскејл и Фиделити.

The post Историската одлука на Вол Стрит: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин appeared first on Република.

]]>

Американската Комисија за хартии од вредност по првпат одобри формирање фондови со кои се тргува на берза, а кои директно инвестираат во биткоин. Овој потег, кој беше најавен како значаен настан за секторот на дигитални средства, ќе го прошири пристапот до најголемата криптовалута на Вол Стрит и пошироко. Тоа доведе до зголемување на вредноста на оваа валута. Вредноста на биткоинот се зголеми веднаш по возбудата околу зголемената веројатност за одобрување на средствата, скокајќи за речиси 200 отсто од почетокот на минатата година, иако биткоинот останува околу 30 отсто под својот врв постигнат за време на бумот во 2021 година. Цената на биткоинот е главно стабилна по објавувањето на одобрувањето на новите фондови, тргувајќи го близу највисокото ниво во последните две години од околу 46. 000 долари. Регулаторите ги одобрија сите 11 апликации што чекаат за биткоин ЕТФ, вклучувајќи ги Блекрок, Грејскејл и Фиделити.

The post Историската одлука на Вол Стрит: Првпат одобрени фондови кои инвестираат во биткоин appeared first on Република.

]]>
Хакерите годинава украле две милијарди долари во криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hakerite-godinava-ukrale-dve-milijardi-dolari-vo-kriptovaluti/ Tue, 26 Dec 2023 16:31:47 +0000 https://republika.mk/?p=726889

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари во криптовалути, но оваа сума е помала од минатата година, соопштија компании специјализирани за кибер безбедност.

Компанијата „Дифај“(De.Fi) верува дека хакерите во оваа 2023 година присвоиле две милијарди долари во криптовалути, што, според нејзиниот извештај, „ги истакнува постојаната ранливост и предизвиците во рамките на екосистемот „Дифај“, пишува порталот ТечКранч (TechCrunch).

Компанијата за блокчејн „ТРМ Лабс“ (TRM Labs) претходно во декември процени дека хакерите само годинава украле криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари.

Ваквиот исход е подобар од тој во 2022 година, годината кога, според „Чаиналисис“ (Chainalysis), хакерите украдоа рекордни 3,8 милијарди долари во криптовалути.

„Најуспешни“ на овој пазар на кражби на криптовалути со хакерски напади лани беа хакерите од Северна Кореја, познати како „Групацијата Лазар“, кои украдоа криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари.

 

The post Хакерите годинава украле две милијарди долари во криптовалути appeared first on Република.

]]>

Хакерите ширум светот годинава украле милијарди долари во криптовалути, но оваа сума е помала од минатата година, соопштија компании специјализирани за кибер безбедност. Компанијата „Дифај“(De.Fi) верува дека хакерите во оваа 2023 година присвоиле две милијарди долари во криптовалути, што, според нејзиниот извештај, „ги истакнува постојаната ранливост и предизвиците во рамките на екосистемот „Дифај“, пишува порталот ТечКранч (TechCrunch). Компанијата за блокчејн „ТРМ Лабс“ (TRM Labs) претходно во декември процени дека хакерите само годинава украле криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари. Ваквиот исход е подобар од тој во 2022 година, годината кога, според „Чаиналисис“ (Chainalysis), хакерите украдоа рекордни 3,8 милијарди долари во криптовалути. „Најуспешни“ на овој пазар на кражби на криптовалути со хакерски напади лани беа хакерите од Северна Кореја, познати како „Групацијата Лазар“, кои украдоа криптовалути во вредност од 1,7 милијарди долари.  

The post Хакерите годинава украле две милијарди долари во криптовалути appeared first on Република.

]]>
Турскиот „крал на криптовалутите“ осуден на 11 илјади години затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/turskiot-kral-na-kriptovalutite-osuden-na-11-iljadi-godini-zatvor/ Fri, 08 Sep 2023 17:56:02 +0000 https://republika.mk/?p=680050

Турскиот „крал на криптовалутите“ Фарук Фатих Озер, неговиот брат Гувен и сестрата Серап се осудени на по 11.196 години затвор за измама на инвеститори од десетици милиони долари, објави Би-Би-Си.

Поради тоа што украл две милијарди долари од неговите клиенти, шефот на една од најголемите турски крипто берзи е осуден на 11.196 години, 10 месеци и 15 дена затвор. За споредба, последното ледено доба завршило пред околу 11.000 години, пишува Еуроњуз.

Во 2021 година, Озер побегна во Албанија со парите на инвеститорите откако неговата берза за криптовалути Тодекс ненадејно пропадна. Во јуни оваа година тој беше екстрадиран во Турција и на судењето беше прогласен за виновен за перење пари, измама и организиран криминал.

На краткото судење во Истанбул, сестрата и братот на Озер се прогласени за виновни за истите обвиненија и осудени на иста казна. Ваквите затворски казни станаа вообичаени во Турција по укинувањето на смртната казна во 2004 година во обид да се исполнат условите за влез во Европската Унија. Така, минатата година телевизискиот проповедник Аднан Октар беше осуден на 8.658 години затвор за измама и сексуални злосторства, а десет негови следбеници добија исти казни.

Што се однесува до Озер, Обвинителството побара казна од 40.562 години затвор, но тој е осуден на речиси четири пати помалку.

The post Турскиот „крал на криптовалутите“ осуден на 11 илјади години затвор appeared first on Република.

]]>

Турскиот „крал на криптовалутите“ Фарук Фатих Озер, неговиот брат Гувен и сестрата Серап се осудени на по 11.196 години затвор за измама на инвеститори од десетици милиони долари, објави Би-Би-Си. Поради тоа што украл две милијарди долари од неговите клиенти, шефот на една од најголемите турски крипто берзи е осуден на 11.196 години, 10 месеци и 15 дена затвор. За споредба, последното ледено доба завршило пред околу 11.000 години, пишува Еуроњуз. Во 2021 година, Озер побегна во Албанија со парите на инвеститорите откако неговата берза за криптовалути Тодекс ненадејно пропадна. Во јуни оваа година тој беше екстрадиран во Турција и на судењето беше прогласен за виновен за перење пари, измама и организиран криминал. На краткото судење во Истанбул, сестрата и братот на Озер се прогласени за виновни за истите обвиненија и осудени на иста казна. Ваквите затворски казни станаа вообичаени во Турција по укинувањето на смртната казна во 2004 година во обид да се исполнат условите за влез во Европската Унија. Така, минатата година телевизискиот проповедник Аднан Октар беше осуден на 8.658 години затвор за измама и сексуални злосторства, а десет негови следбеници добија исти казни. Што се однесува до Озер, Обвинителството побара казна од 40.562 години затвор, но тој е осуден на речиси четири пати помалку.

The post Турскиот „крал на криптовалутите“ осуден на 11 илјади години затвор appeared first on Република.

]]>
Британија сака да ги регулира и даночи криптовалутите како игра на среќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-saka-da-gi-regulira-i-danochi-kriptovalutite-kako-igra-na-sreka/ Thu, 18 May 2023 19:41:22 +0000 https://republika.mk/?p=642405

Обединетото Кралство се приклучува на иницијативите за контрола на пазарот на криптовалути.  Комитетот за финансии на Долниот дом на британскиот парламент објави извештај во кој на владата и се препорачува да го регулира и означи тргувањето со криптовалути како игра на среќа.

Доколку предлогот биде прифатен, властите ќе можат да ги оданочат сите трансакции направени во согласност со Законот за коцкање. Се разбира, сè ќе помине под образложение дека станува збор за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, а членови на парламентот дури тврдат дека иновациите „ќе го поттикнат развојот на индустријата“.

Но, претставниците на самата индустрија имаат поинакво мислење. Британската асоцијација за тргување со криптовалути „CryptoUK“ внимателно забележува дека извештајот е целосно во спротивност со минатогодишната понуда на Министерството за финансии да ја трансформира Велика Британија во „Светски технолошки центар за крипто средства“.

The post Британија сака да ги регулира и даночи криптовалутите како игра на среќа appeared first on Република.

]]>

Обединетото Кралство се приклучува на иницијативите за контрола на пазарот на криптовалути.  Комитетот за финансии на Долниот дом на британскиот парламент објави извештај во кој на владата и се препорачува да го регулира и означи тргувањето со криптовалути како игра на среќа. Доколку предлогот биде прифатен, властите ќе можат да ги оданочат сите трансакции направени во согласност со Законот за коцкање. Се разбира, сè ќе помине под образложение дека станува збор за борба против перење пари и финансирање на тероризмот, а членови на парламентот дури тврдат дека иновациите „ќе го поттикнат развојот на индустријата“. Но, претставниците на самата индустрија имаат поинакво мислење. Британската асоцијација за тргување со криптовалути „CryptoUK“ внимателно забележува дека извештајот е целосно во спротивност со минатогодишната понуда на Министерството за финансии да ја трансформира Велика Британија во „Светски технолошки центар за крипто средства“.

The post Британија сака да ги регулира и даночи криптовалутите како игра на среќа appeared first on Република.

]]>
САД, Јапонија и Јужна Кореа тврдат дека Cеверна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-japonija-i-juzhna-korea-tvrdat-deka-ceverna-koreja-krade-kriptovaluti-i-gi-koristi-za-vooruzhuvane/ Tue, 11 Apr 2023 06:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=629648

Јужна Кореја, САД и Јапонија преку заедничко соопштение изразија загриженост поради „злонамерните активности“ на Cеверна Кореја, со кои се финансира нејзината програма за оружје.

Официјални лица и експерти од САД и од сојузничките земји тврдат дека криптовалутите украдени од страна на севернокорејски хакери се клучни за финансирање на програмата за оружје на Пјонгјанг.

Ја повторуваме нашата загриженост дека севернокорејските ИТ работници продолжуваат да користат лажни идентитети и државјанства за да ги избегнат санкциите и да собираат средства за ракетните програми, се посочува во заедничката изјава.

Во соопштението се додава дека Вашингтон, Сеул и Токио се загрижени поради „крадење и перење пари, како и собирање информации преку малициозни кибер активности“ и ги повика членките на ОН да соработуваат со резолуцијата на Советот за безбедност за враќање на севернокорејските работници на нивната територија.

The post САД, Јапонија и Јужна Кореа тврдат дека Cеверна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување appeared first on Република.

]]>

Јужна Кореја, САД и Јапонија преку заедничко соопштение изразија загриженост поради „злонамерните активности“ на Cеверна Кореја, со кои се финансира нејзината програма за оружје. Официјални лица и експерти од САД и од сојузничките земји тврдат дека криптовалутите украдени од страна на севернокорејски хакери се клучни за финансирање на програмата за оружје на Пјонгјанг.
Ја повторуваме нашата загриженост дека севернокорејските ИТ работници продолжуваат да користат лажни идентитети и државјанства за да ги избегнат санкциите и да собираат средства за ракетните програми, се посочува во заедничката изјава.
Во соопштението се додава дека Вашингтон, Сеул и Токио се загрижени поради „крадење и перење пари, како и собирање информации преку малициозни кибер активности“ и ги повика членките на ОН да соработуваат со резолуцијата на Советот за безбедност за враќање на севернокорејските работници на нивната територија.

The post САД, Јапонија и Јужна Кореа тврдат дека Cеверна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување appeared first on Република.

]]>
Продолжуваат потресите во крипто светот: Генесис поднесе барање за банкрот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/prodolzhuvaat-potresite-vo-kripto-svetot-genesis-podnese-barane-za-bankrot/ Fri, 20 Jan 2023 19:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=599241

Заемодавачот на криптовалути Genesis поднесе барање за стечај. Компанијата неодамна беше обвинета од американските регулатори Комисијата за хартии од вредност (SEC) за нелегална продажба на крипто. Генесис е дел од Групацијата за дигитални валути (DCG), конгломерат од повеќе од 200 крипто-фокусирани бизниси.

Неликвидноста на Genesis е поврзана со банкротот на FTX, кој падна во ноември минатата година поради наводите за измама.

Genesis првично беше поставена како биткоин за тргување „на шалтер“, овозможувајќи трговија со големи количини крипто. Претходно овој месец, таа објави дека отпушта 30 отсто од својот персонал, намалувајќи го на 145 вработени. „Со нетрпение очекуваме да го унапредиме нашиот дијалог со DCG и советниците на нашите доверители додека се обидуваме да спроведеме пат за максимизирање на вредноста и да обезбедиме најдобра можност за нашиот бизнис да се појави добро позициониран за иднината“, рече привремениот извршен директор на Genesis, Дерар Ислим во соопштение.

Genesis беше погодена од колапсот на друга крипто фирма, Three Arrows Capital, која банкротираше во јуни минатата година. Таа рече дека има побарувања од 1,2 милијарди долари од Three Arrows, компанија уништена со колапсот на со колапсот на криптовалутите Luna и TerraUSD во мај.

Ова е само последниот во серијата шокови во секторот, кој беше наречен „крипто зима“ од некои аналитичари, опишувајќи го падот на вредноста на криптовалутите.

Genesis е исто така вмешан во висок спор со Gemini, во сопственост на поранешните олимписки веслачи, браќата близнаци Камерон и Тајлер Винклвос, за судбината на 900 милиони долари во имот што клиентите на Gemini ги депонирале кај заемодавачот. Производот, наречен Gemini Earn, беше продаден на инвеститорите како шанса да заработат дури 7,4% камата на нивните имоти во криптовалути.

Околу 340.000 корисници на Earn не можат да пристапат до нивните средства од ноември, кога Genesis ги запре повлекувањата поради нестабилноста на крипто-пазарите.

Минатата недела американскиот регулатор ги обвини и Genesis и Gemini за незаконска продажба на крипто средства на инвеститори. Близнаците Winklevoss рекоа дека со нетрпение очекуваат да ја одбранат акцијата, но DCG досега не коментираше.

Камерон Винклвос твитна набргу откако Genesis поднесе барање за стечај. Поднесувањето на стечај е уште еден удар бидејќи сè уште се чувствуваат ефектите од колапсот на FTX. Основачот Сем Бенкмен-Фрид е обвинет за измама откако ги пренасочил средствата депонирани од милиони клиенти на неговата платформа FTX и ги префрлил без овластување во Аламеда хеџ фонд.

Во декември, 30-годишникот беше екстрадиран од Бахамите, каде што беше сместена FTX, назад во САД каде што формално се изјасни за невин по обвиненијата за измама на клиенти и инвеститори. Тој беше ослободен со кауција од 250 милиони долари, негирајќи ги обвинувањата.

The post Продолжуваат потресите во крипто светот: Генесис поднесе барање за банкрот appeared first on Република.

]]>

Заемодавачот на криптовалути Genesis поднесе барање за стечај. Компанијата неодамна беше обвинета од американските регулатори Комисијата за хартии од вредност (SEC) за нелегална продажба на крипто. Генесис е дел од Групацијата за дигитални валути (DCG), конгломерат од повеќе од 200 крипто-фокусирани бизниси. Неликвидноста на Genesis е поврзана со банкротот на FTX, кој падна во ноември минатата година поради наводите за измама. Genesis првично беше поставена како биткоин за тргување „на шалтер“, овозможувајќи трговија со големи количини крипто. Претходно овој месец, таа објави дека отпушта 30 отсто од својот персонал, намалувајќи го на 145 вработени. „Со нетрпение очекуваме да го унапредиме нашиот дијалог со DCG и советниците на нашите доверители додека се обидуваме да спроведеме пат за максимизирање на вредноста и да обезбедиме најдобра можност за нашиот бизнис да се појави добро позициониран за иднината“, рече привремениот извршен директор на Genesis, Дерар Ислим во соопштение. Genesis беше погодена од колапсот на друга крипто фирма, Three Arrows Capital, која банкротираше во јуни минатата година. Таа рече дека има побарувања од 1,2 милијарди долари од Three Arrows, компанија уништена со колапсот на со колапсот на криптовалутите Luna и TerraUSD во мај. Ова е само последниот во серијата шокови во секторот, кој беше наречен „крипто зима“ од некои аналитичари, опишувајќи го падот на вредноста на криптовалутите. Genesis е исто така вмешан во висок спор со Gemini, во сопственост на поранешните олимписки веслачи, браќата близнаци Камерон и Тајлер Винклвос, за судбината на 900 милиони долари во имот што клиентите на Gemini ги депонирале кај заемодавачот. Производот, наречен Gemini Earn, беше продаден на инвеститорите како шанса да заработат дури 7,4% камата на нивните имоти во криптовалути. Околу 340.000 корисници на Earn не можат да пристапат до нивните средства од ноември, кога Genesis ги запре повлекувањата поради нестабилноста на крипто-пазарите. Минатата недела американскиот регулатор ги обвини и Genesis и Gemini за незаконска продажба на крипто средства на инвеститори. Близнаците Winklevoss рекоа дека со нетрпение очекуваат да ја одбранат акцијата, но DCG досега не коментираше. Камерон Винклвос твитна набргу откако Genesis поднесе барање за стечај. Поднесувањето на стечај е уште еден удар бидејќи сè уште се чувствуваат ефектите од колапсот на FTX. Основачот Сем Бенкмен-Фрид е обвинет за измама откако ги пренасочил средствата депонирани од милиони клиенти на неговата платформа FTX и ги префрлил без овластување во Аламеда хеџ фонд. Во декември, 30-годишникот беше екстрадиран од Бахамите, каде што беше сместена FTX, назад во САД каде што формално се изјасни за невин по обвиненијата за измама на клиенти и инвеститори. Тој беше ослободен со кауција од 250 милиони долари, негирајќи ги обвинувањата.

The post Продолжуваат потресите во крипто светот: Генесис поднесе барање за банкрот appeared first on Република.

]]>
Директорка во училиште си донела машини за копање криптовалути – дури и си вработила лице само за тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/direktorka-vo-uchilishte-si-donela-mashini-za-kopanje-kriptovaluti-duri-i-si-vrabotila-lice-samo-za-toa/ Fri, 23 Dec 2022 08:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=589015

Директорката на ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Стапар, Ј.М. (50) е уапсена под сомнение дека организирала „копање“ на криптовалути со поставување на т.н. „риги“ за „копање“, дознава „Блиц“.

Дополнително, како што не официјално дознава српски „Блиц“, таа вработила едно лице во училиштето да се занимава исклучиво со тие задачи.

Во големата акција на Службата за справување против организиран криминал и Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, Ј.М. е уапсена заедно со 34 лица од територијата на градовите Сомбор, Нови Сад и општините Бачка Паланка и Апатин, поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела.

Тие се товарат за здружување за извршување на кривични дела, неовластен пристап до заштитен компјутер, компјутерска мрежа и електронска база на податоци.

Засега не се знае дали сите соработувале меѓу себе, бидејќи дел од уа псените се осомничени дека измамиле луѓе продавајќи им „наместени резултати“ преку социјалните мрежи.

Она што неофицијално го дознава „Блиц“ е дека Ј.М. имала поставени ,,ригови“ за „минирање“ на повеќе локации во градот и дека постои причина да се сомнева дека за неа работеле повеќе луѓе.

The post Директорка во училиште си донела машини за копање криптовалути – дури и си вработила лице само за тоа appeared first on Република.

]]>

Директорката на ОУ „Бранко Радичевиќ“ во Стапар, Ј.М. (50) е уапсена под сомнение дека организирала „копање“ на криптовалути со поставување на т.н. „риги“ за „копање“, дознава „Блиц“. Дополнително, како што не официјално дознава српски „Блиц“, таа вработила едно лице во училиштето да се занимава исклучиво со тие задачи. Во големата акција на Службата за справување против организиран криминал и Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал, Ј.М. е уапсена заедно со 34 лица од територијата на градовите Сомбор, Нови Сад и општините Бачка Паланка и Апатин, поради сомнение дека сториле повеќе кривични дела. Тие се товарат за здружување за извршување на кривични дела, неовластен пристап до заштитен компјутер, компјутерска мрежа и електронска база на податоци. Засега не се знае дали сите соработувале меѓу себе, бидејќи дел од уа псените се осомничени дека измамиле луѓе продавајќи им „наместени резултати“ преку социјалните мрежи. Она што неофицијално го дознава „Блиц“ е дека Ј.М. имала поставени ,,ригови“ за „минирање“ на повеќе локации во градот и дека постои причина да се сомнева дека за неа работеле повеќе луѓе.

The post Директорка во училиште си донела машини за копање криптовалути – дури и си вработила лице само за тоа appeared first on Република.

]]>
Македонски кол-центар вклучен во голема европска измама со криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonski-kol-centar-vkluchen-vo-golema-evropska-izmama-so-kriptovaluti/ Fri, 11 Nov 2022 15:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=572845

Во голема меѓународна акција откриена е инвестициска измама со употреба на криптовалути на која жртви биле стотици илјади лица од целиот свет. Еден од центрите од каде се вршела измамата, според сомненијата е и Македонија.

Станува збор за акција која ја координираа Европравда и Европол, а вчера и завчера (8 и 9 ноември) акцијата била спроведена во Македонија, Албанија, Бугарија, Грузија и Украина. Биле претресени 15 кол-центри, а уапсени се пет осомничени.

Од нашите институции во акцијата учествувале еден обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и 28 полицајци од МВР. Претрес бил извршен во еден од 15-те кол-центри и засега нема уапсено лице. Петмината уапсени за кои соопшти Европравда се во Албанија – четворица и во Грузија – еден.

Претресите во останатите 14 кол-центри, пак, биле во: Албанија – 6, Грузија – 5 и Украина 3.

Осомничените се претставувале како брокери кои со мали инвестиции може да им помогнат на инвеститорите да заработат големи суми пари. Во реалноста организираната криминална група ги измамила жртвите на начин што ја стекнала нивната доверба преку Интернет и преку професионално поставените центри за повици или други начини на т.н. социјален инженеринг. Со ова тие ги охрабрувале жртвите да инвестираат преку веб-платформи кои всушност се контролирани од криминалната група и на тој начин последователно губеле големи суми пари, соопшти Европравда.

Оттаму потенцираат дека станува збор за истрага чиишто размери се без преседан. Собраните докази покажуваат дека измамите почнале најмалку од 2016 година и досега се проценува дека има стотици илјади жртви ширум светот. Проценките се оти на годишно ниво, групата правела штета од 50 милиони евра.

Истрагата за оваа онлајн измама се води од 2018 година, а во моментов се отворени судски случаи во седум земји.

Во претресите претходните два дена биле запленети над 500 електронски уреди (компјутери, лаптопи, хард-дискови, УСБ), над 340 00 евра во кеш, неколку мобилни телефони, „паричници“ со криптовалути, имоти, лични документи, банкарски картички и стотици други документи.

Во соопштението објавено по спроведената акција, од Европравда на потенцијалните инвеститори ги советуваат да бидат дополнително внимателни кога прават онлајн инвестиции во криптовалути и да проверат дали веб-платформите каде вложуваат им припаѓаат на легални компании или не.

The post Македонски кол-центар вклучен во голема европска измама со криптовалути appeared first on Република.

]]>

Во голема меѓународна акција откриена е инвестициска измама со употреба на криптовалути на која жртви биле стотици илјади лица од целиот свет. Еден од центрите од каде се вршела измамата, според сомненијата е и Македонија. Станува збор за акција која ја координираа Европравда и Европол, а вчера и завчера (8 и 9 ноември) акцијата била спроведена во Македонија, Албанија, Бугарија, Грузија и Украина. Биле претресени 15 кол-центри, а уапсени се пет осомничени. Од нашите институции во акцијата учествувале еден обвинител од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и 28 полицајци од МВР. Претрес бил извршен во еден од 15-те кол-центри и засега нема уапсено лице. Петмината уапсени за кои соопшти Европравда се во Албанија – четворица и во Грузија – еден. Претресите во останатите 14 кол-центри, пак, биле во: Албанија – 6, Грузија – 5 и Украина 3.
Осомничените се претставувале како брокери кои со мали инвестиции може да им помогнат на инвеститорите да заработат големи суми пари. Во реалноста организираната криминална група ги измамила жртвите на начин што ја стекнала нивната доверба преку Интернет и преку професионално поставените центри за повици или други начини на т.н. социјален инженеринг. Со ова тие ги охрабрувале жртвите да инвестираат преку веб-платформи кои всушност се контролирани од криминалната група и на тој начин последователно губеле големи суми пари, соопшти Европравда.
Оттаму потенцираат дека станува збор за истрага чиишто размери се без преседан. Собраните докази покажуваат дека измамите почнале најмалку од 2016 година и досега се проценува дека има стотици илјади жртви ширум светот. Проценките се оти на годишно ниво, групата правела штета од 50 милиони евра. Истрагата за оваа онлајн измама се води од 2018 година, а во моментов се отворени судски случаи во седум земји. Во претресите претходните два дена биле запленети над 500 електронски уреди (компјутери, лаптопи, хард-дискови, УСБ), над 340 00 евра во кеш, неколку мобилни телефони, „паричници“ со криптовалути, имоти, лични документи, банкарски картички и стотици други документи. Во соопштението објавено по спроведената акција, од Европравда на потенцијалните инвеститори ги советуваат да бидат дополнително внимателни кога прават онлајн инвестиции во криптовалути и да проверат дали веб-платформите каде вложуваат им припаѓаат на легални компании или не.

The post Македонски кол-центар вклучен во голема европска измама со криптовалути appeared first on Република.

]]>
Барел нафта 93 долари: Пазарот на криптовалути бележи раст https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/barel-nafta-93-dolari-pazarot-na-kriptovaluti-belezi-rast/ Tue, 13 Sep 2022 08:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=550268

Цената на нафтата од утрово е во благ пораст. На лондонскиот пазар вредноста на барелот е 93 долари, што е зголемување во однос на вчерашниот ден кога цената беше 91 долар.

Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено. Вредноста на биткоинот е 22.394 долари, што е зголемување за речиси 3 отсто. Другите криптовалути се исто така во плус.

The post Барел нафта 93 долари: Пазарот на криптовалути бележи раст appeared first on Република.

]]>

Цената на нафтата од утрово е во благ пораст. На лондонскиот пазар вредноста на барелот е 93 долари, што е зголемување во однос на вчерашниот ден кога цената беше 91 долар. Пазарот на криптовалути од утрово е во зелено. Вредноста на биткоинот е 22.394 долари, што е зголемување за речиси 3 отсто. Другите криптовалути се исто така во плус.

The post Барел нафта 93 долари: Пазарот на криптовалути бележи раст appeared first on Република.

]]>
Ковачевски сака со закон да забрани копање криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-saka-so-zakon-da-zabrani-kopanje-kriptovaluti/ Tue, 06 Sep 2022 21:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=548111

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбеднос, апелираше да не се копаат криптовалути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна.

Тој порача дека Владата размислува копањето криптовалути да го забрани со закон.

За тоа ќе треба законско решение да се донесе. Се додека не се донесе, мора да се оди со апел, а доколку се работи за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови. Во овој период не треба да се прави поради недостигот на електрична енергија. Јас сум во комуникација со систе соседни држави, меѓутоа секој има свои специфики. Косово е во најтешка ситуација. Таму веќе има рестрикции и сите во нашите можности помагаме колку што можеме, бидејќи на крајот на денот соседите се тие кои што први треба да си помагаат - изјави Ковачевски.

Пред осум месеци, косовската влада го забрани копањето на криптовалути за да ја намали потрошувачката на електрична енергија во време кога земјата се соочува со енергетска криза.

The post Ковачевски сака со закон да забрани копање криптовалути appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбеднос, апелираше да не се копаат криптовалути зашто потрошувачката на струја при овој процес е енормна. Тој порача дека Владата размислува копањето криптовалути да го забрани со закон.
За тоа ќе треба законско решение да се донесе. Се додека не се донесе, мора да се оди со апел, а доколку се работи за правни лица, знаете дека воведовме тарифирање во блокови. Во овој период не треба да се прави поради недостигот на електрична енергија. Јас сум во комуникација со систе соседни држави, меѓутоа секој има свои специфики. Косово е во најтешка ситуација. Таму веќе има рестрикции и сите во нашите можности помагаме колку што можеме, бидејќи на крајот на денот соседите се тие кои што први треба да си помагаат - изјави Ковачевски.
Пред осум месеци, косовската влада го забрани копањето на криптовалути за да ја намали потрошувачката на електрична енергија во време кога земјата се соочува со енергетска криза.

The post Ковачевски сака со закон да забрани копање криптовалути appeared first on Република.

]]>
Ви праќаат линк со ветување за лесна заработка: МВР предупредува за измами преку криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vi-prakjaat-link-so-vetuvanje-za-lesna-zarabotka-mvr-predupreduva-za-izmami-preku-kriptovaluti/ Sat, 23 Jul 2022 08:57:34 +0000 https://republika.mk/?p=532360

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи информира за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација.

Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути.

Откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано. На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин, појаснуваат од МВР.

Како резултат на тоа, се посочува, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути.

Со цел да се избегне таквото сценарио, експертите редовно ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами. Се советуваат граѓаните, за да избегнат вакви измами, пред сѐ, да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери. За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции, се наведува во соопштението

За тоа што можат да направат граѓаните се препорачува:

-Секогаш да побараат финансиски совети пред да дадат пари или да инвестираат средства;

-Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање;

-Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит;

-Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници и

-Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика воедно, апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

The post Ви праќаат линк со ветување за лесна заработка: МВР предупредува за измами преку криптовалути appeared first on Република.

]]>

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи информира за забележана зачестена појава во изминатиов период, каде непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни електронски адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку кои се ветува лесна заработка со исполнување на одредени задачи кои се доделуваат на дневно ниво од самиот сервис или апликација. Како што наведуваат од МВР, измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, добиваат кориснички профил преку кој може да купат одреден пакет во зависност од паричните средства кои се подготвени првично да ги инвестираат преку купување на претплатнички пакети во криптовалути.
Откако корисникот ќе ја направи иницијалната инвестиција, добива одредени задачи кои вклучуваат посета на веб-страни или преглед на видеа за кои добиваат соодветен надомест, во зависнот од пакетот што го имаат избрано. На овој начин сѐ повеќе граѓани влегуваат на пазарот за криптовалути, но немаат доволно знаење или информации како да го направат тоа на безбеден начин, појаснуваат од МВР.
Како резултат на тоа, се посочува, зачестија измамите, во кои граѓаните остануваат без илјадници евра и криптовалути.
Со цел да се избегне таквото сценарио, експертите редовно ги предупредуваат граѓаните да внимаваат да не станат жртви на инвестициски измами. Се советуваат граѓаните, за да избегнат вакви измами, пред сѐ, да бидат претпазливи кон сите понуди што ветуваат нереално високи приходи за многу краток временски период – ова е првиот и најочигледен знак дека станува збор за измамнички намери. За време на комуникацијата не треба да се даваат на никого доверливи лични податоци, фотографии од лични документи, банкарски картички, како и еднократни лозинки за апликации за банкарство преку Интернет или други податоци за овластување на банкарски трансакции, се наведува во соопштението
За тоа што можат да направат граѓаните се препорачува:
-Секогаш да побараат финансиски совети пред да дадат пари или да инвестираат средства; -Да ги одбијат ненајавените повици за можности за инвестирање; -Да се информираат и да побараат непристрасни финансиски совети пред да инвестираат пари кон понудите што ветуваат сигурна инвестиција, гарантирани приноси и голем профит; -Ако некогаш инвестирале во измама, измамниците најверојатно ќе ги наведат повторно или ќе ги продадат нивните информации на други измамници и -Да стапат во контакт со полиција доколку се посомневаат во нешто.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика воедно, апелира граѓаните и правните субјекти да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

The post Ви праќаат линк со ветување за лесна заработка: МВР предупредува за измами преку криптовалути appeared first on Република.

]]>
Ревизорите не пронајдоа докази дека се копале криптовалути во ГТЦ и се крадела струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/revizorite-ne-pronajdoa-dokazi-deka-se-kopale-kriptovaluti-vo-gtc-i-se-kradela-struja/ Tue, 19 Jul 2022 12:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=531063

Финансиските извештаи не ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје на ден 31 декември 2020 година, како и финансиската успешност и паричните текови за годината која завршува со тој датум, во согласност со применливата рамка за известување, се наведува во конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Градски трговски центар Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп Скопје, објавен од Државниот завод за ревизија.

Постојат недоследности во начинот на спроведување на пописот на средствата и изворите на средствата и отстранувањето на средствата од сметководствената евиденција на расходуваните средства без истите да бидат физички отстранети, се посочува во извештајот и тоа; дел од залихите се застарени; не извршеното запишување на правото на сопственост на земјиштето и на дел од деловниот простор на деловниот објект; не е реално и објективно искажана вредноста во финансиските извештаи на деловниот објект – Градски трговски центар; постои неусогласеност меѓу вредноста на основната главнина евидентирана во трговските книги и запишаниот основачки влог во Централниот регистар на РСМ и во Статутот на друштвото и недоследности при спроведувањето на ЗЈН.

Во периодот на вршење на ревизијата во СВР Скопје е пријавена кражба на електрична енергија поради наводна интернет трговија со крипто валути. Согласно издаденото Соопштение на МВР од 16.11.2021 година, од страна на СВР Скопје е постапено и е утврдено дека: „ не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик односно не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути во просторот на Градскиот трговски центар Скопје, се вели меѓу другото во извештајот од Државниот завод за ревизија.

Во ревизорскиот извештај стои дека финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

The post Ревизорите не пронајдоа докази дека се копале криптовалути во ГТЦ и се крадела струја appeared first on Република.

]]>

Финансиските извештаи не ги прикажуваат вистинито и објективно, во сите материјални аспекти, финансиската состојба на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје на ден 31 декември 2020 година, како и финансиската успешност и паричните текови за годината која завршува со тој датум, во согласност со применливата рамка за известување, се наведува во конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2020 година на Градски трговски центар Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп Скопје, објавен од Државниот завод за ревизија. Постојат недоследности во начинот на спроведување на пописот на средствата и изворите на средствата и отстранувањето на средствата од сметководствената евиденција на расходуваните средства без истите да бидат физички отстранети, се посочува во извештајот и тоа; дел од залихите се застарени; не извршеното запишување на правото на сопственост на земјиштето и на дел од деловниот простор на деловниот објект; не е реално и објективно искажана вредноста во финансиските извештаи на деловниот објект – Градски трговски центар; постои неусогласеност меѓу вредноста на основната главнина евидентирана во трговските книги и запишаниот основачки влог во Централниот регистар на РСМ и во Статутот на друштвото и недоследности при спроведувањето на ЗЈН.
Во периодот на вршење на ревизијата во СВР Скопје е пријавена кражба на електрична енергија поради наводна интернет трговија со крипто валути. Согласно издаденото Соопштение на МВР од 16.11.2021 година, од страна на СВР Скопје е постапено и е утврдено дека: „ не постојат елементи за сторено кривично дело, казниво согласно Кривичниот законик односно не е констатирана кражба на електрична енергија ниту се лоцирани компјутери за копање на крипто валути во просторот на Градскиот трговски центар Скопје, се вели меѓу другото во извештајот од Државниот завод за ревизија.
Во ревизорскиот извештај стои дека финансиските трансакции и информации, рефлектирани во финансиските извештаи на Градски трговски центар, Акционерско друштво за издавање на деловен простор под закуп, Скопје се во согласност со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

The post Ревизорите не пронајдоа докази дека се копале криптовалути во ГТЦ и се крадела струја appeared first on Република.

]]>
Најголемата платформа за трговија со криптовалути ги запре исплатите во биткоини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najgolemata-platforma-za-trgovija-so-kriptovaluti-gi-zapre-isplatite-vo-bitkoini/ Mon, 13 Jun 2022 15:50:32 +0000 https://republika.mk/?p=514640

„Binance“, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите“.

Основачот и извршен директор на „Binance“, Чангпенг Жао, прво на Твитер објави дека проблемот ќе биде решен во рок од триесет минути. Сепак, подоцна тој се поправи и напиша дека „веројатно ќе биде потребно малку подолго да се поправи таа ситуација отколку што била првичната проценка“.

Жао додаде дека „тоа влијае само врз биткоин мрежата“ и дека „сопствениците сè уште можат да повлечат биткоини на други мрежи како „BEP-20“.

Тој додаде дека средствата се „САФУ“, а САФУ е кратенката за „Безбеден капитален фонд за корисници“, што е фонд што „Binance“ го основа во 2018 година за да ги заштити корисниците и нивните средства.

Оваа вест доаѓа во време кога биткоинот падна за повеќе од 10 отсто, или под 24.000 долари за парче, што е најниско ниво од декември 2020 година. Најголемата криптовалута во светот е погодена од макроекономски проблеми, вклучително и неверојатната инфлација.

Оваа вест експресно го вознемири светот на криптовалутите и поради утринската вест за прекин на сите трансакции, а најважно за исплатите на компанијата Целзиус, која нуди услуги за заклучување на криптовалутите, на кои дава одреден процент камата. Во соопштението што компанијата го испрати се наведува дека се суспендирани сите „плаќања, замени и трансфери помеѓу сметките поради екстремните пазарни услови“ и дека тоа го прават со цел „Целзиус да го стават во подобра позиција за да ги исполни своите обврски со текот на времето“, односно на корисниците да им ги овозможи сите трансакции. Целзиус е една од најголемите компании во областа на овие услуги.

The post Најголемата платформа за трговија со криптовалути ги запре исплатите во биткоини appeared first on Република.

]]>

„Binance“, најголемата светска дигитална платформа за тргување со криптовалути, соопшти дека привремено ги прекинува плаќањата во биткоини поради, како што наведува, „застој во трансакциите“. Основачот и извршен директор на „Binance“, Чангпенг Жао, прво на Твитер објави дека проблемот ќе биде решен во рок од триесет минути. Сепак, подоцна тој се поправи и напиша дека „веројатно ќе биде потребно малку подолго да се поправи таа ситуација отколку што била првичната проценка“. Жао додаде дека „тоа влијае само врз биткоин мрежата“ и дека „сопствениците сè уште можат да повлечат биткоини на други мрежи како „BEP-20“. Тој додаде дека средствата се „САФУ“, а САФУ е кратенката за „Безбеден капитален фонд за корисници“, што е фонд што „Binance“ го основа во 2018 година за да ги заштити корисниците и нивните средства. Оваа вест доаѓа во време кога биткоинот падна за повеќе од 10 отсто, или под 24.000 долари за парче, што е најниско ниво од декември 2020 година. Најголемата криптовалута во светот е погодена од макроекономски проблеми, вклучително и неверојатната инфлација. Оваа вест експресно го вознемири светот на криптовалутите и поради утринската вест за прекин на сите трансакции, а најважно за исплатите на компанијата Целзиус, која нуди услуги за заклучување на криптовалутите, на кои дава одреден процент камата. Во соопштението што компанијата го испрати се наведува дека се суспендирани сите „плаќања, замени и трансфери помеѓу сметките поради екстремните пазарни услови“ и дека тоа го прават со цел „Целзиус да го стават во подобра позиција за да ги исполни своите обврски со текот на времето“, односно на корисниците да им ги овозможи сите трансакции. Целзиус е една од најголемите компании во областа на овие услуги.

The post Најголемата платформа за трговија со криптовалути ги запре исплатите во биткоини appeared first on Република.

]]>
Лагард: Криптовалутите се безвредни и треба да бидат регулирани за луѓето да не останат без ништо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lagard-kriptovalutite-se-bezvredni-i-treba-da-bidat-regulirani-za-lugjeto-da-ne-ostanat-bez-nishto/ Tue, 24 May 2022 20:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=506186

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, смета дека криптовалутите се „безвредни“ и дека нивната употреба треба да биде регулирана за да се спречи луѓето да ги вложат своите животни заштеди во нив.

Она што навистина ме загрижува кога станува збор за криптосредствата е дека тие инвестиции треба да ги направат луѓе кои се свесни дека можат да изгубат сè. Овие луѓе немаат разбирање за ризиците, кој ќе изгуби се, а кој страшно ќе се разочара, поради што мислам дека треба да бидат регулирани. Мојата скромна проценка е дека тие не вредат ништо, дека не се засноваат на ништо, дека не постои основен имот што би делувал како безбедносно сидро - изјави Лагард за Блумберг.

Лагард претходно беше резервирана кога станува збор за криптовалутите, барајќи поголема регулација на биткоинот. Минатата година таа изјави дека не го смета биткоинот за вистинска валута, додавајќи дека централните банки нема во скоро време да го чуваат во своите резерви, потсетува „Бизнис инсајдер“.

Лагард вели дека биткоин токенот се користел за некои „смешни работи“, вклучително и за перење пари.

На почетокот на мај имаше огромен пад на вредноста на криптовалутите, што ги наведе водечките пазарни „играчи“ да размислуваат за построга пазарна регулација.

The post Лагард: Криптовалутите се безвредни и треба да бидат регулирани за луѓето да не останат без ништо appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, смета дека криптовалутите се „безвредни“ и дека нивната употреба треба да биде регулирана за да се спречи луѓето да ги вложат своите животни заштеди во нив.
Она што навистина ме загрижува кога станува збор за криптосредствата е дека тие инвестиции треба да ги направат луѓе кои се свесни дека можат да изгубат сè. Овие луѓе немаат разбирање за ризиците, кој ќе изгуби се, а кој страшно ќе се разочара, поради што мислам дека треба да бидат регулирани. Мојата скромна проценка е дека тие не вредат ништо, дека не се засноваат на ништо, дека не постои основен имот што би делувал како безбедносно сидро - изјави Лагард за Блумберг.
Лагард претходно беше резервирана кога станува збор за криптовалутите, барајќи поголема регулација на биткоинот. Минатата година таа изјави дека не го смета биткоинот за вистинска валута, додавајќи дека централните банки нема во скоро време да го чуваат во своите резерви, потсетува „Бизнис инсајдер“. Лагард вели дека биткоин токенот се користел за некои „смешни работи“, вклучително и за перење пари. На почетокот на мај имаше огромен пад на вредноста на криптовалутите, што ги наведе водечките пазарни „играчи“ да размислуваат за построга пазарна регулација.

The post Лагард: Криптовалутите се безвредни и треба да бидат регулирани за луѓето да не останат без ништо appeared first on Република.

]]>
Села: Во училишта раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sela-vo-uchilishta-rakovodeni-od-dui-se-kopaat-kriptovaluti-kade-e-policijata/ Mon, 16 May 2022 20:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=503096

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 обвини за „копање“ криптовалути во училишни објекти.

Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите, посочи тој.

Села додава дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња ќе излезе јавно на прес конференција.

 

The post Села: Во училишта раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата? appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 обвини за „копање“ криптовалути во училишни објекти.
Имам информации дека во училишта кои се раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата и што преземаат институциите, посочи тој.
Села додава дека кога ќе има повеќе и конкретни информации и имиња ќе излезе јавно на прес конференција.  

The post Села: Во училишта раководени од ДУИ се копаат криптовалути, каде е полицијата? appeared first on Република.

]]>
Хакери украле криптовалута во вредност од 615 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hakeri-ukrale-kriptovaluta-vo-vrednost-od-615-milioni-dolari/ Tue, 29 Mar 2022 18:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=480479

Блокчејн компанијата Ронин денеска соопшти дека хакери извлекле криптовалута во вредност од 615 милиони долари од нејзиниот систем, што веројатно е најголемата кражба од ваков вид во историјата.

На 23 март хакери украле 173.600 етер токени и 25,5 милиони токени САД Коини. Вкупната вредност на овие криптовалути во моментов изнесува 614 милиони долари.
Ронин денеска ја открил кражбата.

„Соработуваме директно со голем број владини агенции за да се осигураме дека криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, велат од компанијата чиј фокус се видео игри.

The post Хакери украле криптовалута во вредност од 615 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Блокчејн компанијата Ронин денеска соопшти дека хакери извлекле криптовалута во вредност од 615 милиони долари од нејзиниот систем, што веројатно е најголемата кражба од ваков вид во историјата. На 23 март хакери украле 173.600 етер токени и 25,5 милиони токени САД Коини. Вкупната вредност на овие криптовалути во моментов изнесува 614 милиони долари. Ронин денеска ја открил кражбата. „Соработуваме директно со голем број владини агенции за да се осигураме дека криминалците ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, велат од компанијата чиј фокус се видео игри.

The post Хакери украле криптовалута во вредност од 615 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Русија размислува на „пријателските земји“ да им дозволи да плаќаат за гас и нафта во биткоини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-razmisluva-na-prijatelskite-zemji-da-im-dozvoli-da-plakjaat-za-gas-i-nafta-vo-bitkoini/ Sun, 27 Mar 2022 17:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=479386

Русија размислува да го прифати биткоинот како валута со која „пријателските“ земји би можеле да плаќаат за нафта и гас, изјавил претседателот на Комитетот за енергетика на Државната дума на Русија, Павел Завални, пренесува „Би-Би-Си“.

Претходно оваа недела, рускиот претседател Владимир Путин, соопшти дека Русија ќе бара пд  „непријателските“ земји да плаќаат за нејзиниот гас во рубљи, што ќе ја зајакне руската валута, која изгуби повеќе од 20 отсто од својата вредност оваа година.

Санкциите што ги воведоа Велика Британија, САД и Европската Унија, ја оптоварија руската рубља и ги зголемија цените.

https://twitter.com/BBCWorld/status/1507250986586460161?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507250986586460161%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3899521%2Frusija-razmatra-placanje-energenata-bitkoinom-kriptovalute-bi-bile-prihvatljive-od-prijateljskih-zemalja

Завални истакнал дека Кина и Турција се меѓу „пријателските“ земји кои „не биле вклучени во притисокот на санкциите“.

Долго време ѝ предлагаме на Кина да се префрли на порамнување во национални валути за рубли и јуани - вели Завални, додавајќи дека во случајот со Турција тоа би биле лири и рубли, но и дека можат да тргуваат со криптовалути.

Аналитичарите велат дека Русија може да има корист од усвојувањето популарна криптовалута, и покрај ризиците.

Русија брзо го чувствува влијанието на санкциите без преседан - вели Дејвид Бродсток, висок истражувач во Институтот за енергетски студии во Сингапур.

Според него, има потреба од зајакнување на руската економија и на многу начини биткоинот се смета за средство за висок раст. Сепак, еден од главните „пријателски“ трговски партнери за Русија е Кина, која забранува употреба на криптовалути, што јасно го ограничува потенцијалот за плаќања со биткоини.

The post Русија размислува на „пријателските земји“ да им дозволи да плаќаат за гас и нафта во биткоини appeared first on Република.

]]>

Русија размислува да го прифати биткоинот како валута со која „пријателските“ земји би можеле да плаќаат за нафта и гас, изјавил претседателот на Комитетот за енергетика на Државната дума на Русија, Павел Завални, пренесува „Би-Би-Си“. Претходно оваа недела, рускиот претседател Владимир Путин, соопшти дека Русија ќе бара пд  „непријателските“ земји да плаќаат за нејзиниот гас во рубљи, што ќе ја зајакне руската валута, која изгуби повеќе од 20 отсто од својата вредност оваа година. Санкциите што ги воведоа Велика Британија, САД и Европската Унија, ја оптоварија руската рубља и ги зголемија цените. https://twitter.com/BBCWorld/status/1507250986586460161?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507250986586460161%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3899521%2Frusija-razmatra-placanje-energenata-bitkoinom-kriptovalute-bi-bile-prihvatljive-od-prijateljskih-zemalja Завални истакнал дека Кина и Турција се меѓу „пријателските“ земји кои „не биле вклучени во притисокот на санкциите“.
Долго време ѝ предлагаме на Кина да се префрли на порамнување во национални валути за рубли и јуани - вели Завални, додавајќи дека во случајот со Турција тоа би биле лири и рубли, но и дека можат да тргуваат со криптовалути.
Аналитичарите велат дека Русија може да има корист од усвојувањето популарна криптовалута, и покрај ризиците.
Русија брзо го чувствува влијанието на санкциите без преседан - вели Дејвид Бродсток, висок истражувач во Институтот за енергетски студии во Сингапур.
Според него, има потреба од зајакнување на руската економија и на многу начини биткоинот се смета за средство за висок раст. Сепак, еден од главните „пријателски“ трговски партнери за Русија е Кина, која забранува употреба на криптовалути, што јасно го ограничува потенцијалот за плаќања со биткоини.

The post Русија размислува на „пријателските земји“ да им дозволи да плаќаат за гас и нафта во биткоини appeared first on Република.

]]>