крипто валути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kripto-valuti/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Oct 2024 06:26:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крипто валути Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kripto-valuti/ 32 32 68-годишна скопјанка измамена со крипто валути https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/68-godishna-skopjanka-izmamena-so-kripto-valuti/ Thu, 24 Oct 2024 07:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=830373

Во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари.

Според пријавеното, измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во крипто валути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро сметка која претходно и била дадена од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 

The post 68-годишна скопјанка измамена со крипто валути appeared first on Република.

]]>

Во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во периодот од 07.10.2024 до 20.10.2024 била измамена за сума од 215.497 денари. Според пријавеното, измамата е направена преку социјална мрежа, за наводно инвестирање во крипто валути, при што во наведениот период оштетената ги уплатила парите на жиро сметка која претходно и била дадена од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.  

The post 68-годишна скопјанка измамена со крипто валути appeared first on Република.

]]>
Илјадници луѓе ги загубија своите заштеди во еден од најголемите крипто скандали досега https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/iljadnitsi-luge-gi-zagubija-svoite-zashtedi-vo-eden-od-najgolemite-kripto-skandali-dosega/ Mon, 20 Mar 2023 20:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=621739

Се верува дека илјадници луѓе ги загубиле своите заштеди откако инвестирале во апликација за тргување со криптовалути наречена „iEarn Bot“.

Експертите кои ја истражувале оваа компанија велат дека овој случај би можел да биде еден од најголемите крипто скандали досега.

Тргувањето со криптовалути стана популарно затоа што на луѓето често им ветуваат големи профити за краткорочни инвестиции, но агенциите за спроведување на законот предупредуваат на зголемен број измами и им препорачуваат на инвеститорите да бидат претпазливи, се вели во извештајот на Би-Би-Си.

Во Романија, десетици личности од висок профил, вклучително и владини функционери и академици, беа убедени да инвестираат преку апликацијата бидејќи беше спонзорирана од Габриел Гараис, водечки ИТ експерт во земјата, но Гараис тврди дека и тој бил измамен да ги инвестира своите заштеди во апликацијата.по што ги изгубил парите.

Човекот именуван од страна на веб-страницата iEarn Bot како основач на компанијата, изјави за британскиот јавен сервис дека никогаш не слушнал за компанијата и потврди дека поднел пријава во полиција.

Технолошкиот институт во Масачусетс, заедно со компаниите како Huawei и Qualcomm, се именувани како „стратешки партнери“ на iEarn Bot, но и тие тврдат дека немаат сознанија на компанијата и не работат со неа.

Компанијата „iEarn Bot“ нема објавено никакви информации за контакт на својата веб-страница.

The post Илјадници луѓе ги загубија своите заштеди во еден од најголемите крипто скандали досега appeared first on Република.

]]>

Се верува дека илјадници луѓе ги загубиле своите заштеди откако инвестирале во апликација за тргување со криптовалути наречена „iEarn Bot“. Експертите кои ја истражувале оваа компанија велат дека овој случај би можел да биде еден од најголемите крипто скандали досега. Тргувањето со криптовалути стана популарно затоа што на луѓето често им ветуваат големи профити за краткорочни инвестиции, но агенциите за спроведување на законот предупредуваат на зголемен број измами и им препорачуваат на инвеститорите да бидат претпазливи, се вели во извештајот на Би-Би-Си. Во Романија, десетици личности од висок профил, вклучително и владини функционери и академици, беа убедени да инвестираат преку апликацијата бидејќи беше спонзорирана од Габриел Гараис, водечки ИТ експерт во земјата, но Гараис тврди дека и тој бил измамен да ги инвестира своите заштеди во апликацијата.по што ги изгубил парите. Човекот именуван од страна на веб-страницата iEarn Bot како основач на компанијата, изјави за британскиот јавен сервис дека никогаш не слушнал за компанијата и потврди дека поднел пријава во полиција. Технолошкиот институт во Масачусетс, заедно со компаниите како Huawei и Qualcomm, се именувани како „стратешки партнери“ на iEarn Bot, но и тие тврдат дека немаат сознанија на компанијата и не работат со неа. Компанијата „iEarn Bot“ нема објавено никакви информации за контакт на својата веб-страница.

The post Илјадници луѓе ги загубија своите заштеди во еден од најголемите крипто скандали досега appeared first on Република.

]]>
Бугарска банка правела измами со криптовалути https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarska-banka-pravela-izmami-so-kriptovaluti/ Fri, 13 Jan 2023 11:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=596417

Бугарското обвинителството денеска се очекува да соопшти повеќе детали за специјалната акција за крипто-измами со можно бугарско учество. Во Бугарија синоќа е покрената е голема истрага против позната бугарска банка за криптовалути.

Инспекторите тврдат дека 94 милијарди долари промет поминал преку платформата NEXO, која е поврзана со поранешен пратеник. Над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и даночни кривични дела.

Во изминатите месеци, криптобанката имаше проблеми и во САД за работа без лиценца, но не и во Бугарија.

За еден од главните клиенти на криптобанката во Бугарија се наведува дека финансирал терористички акти.

Во текот на акцијата во Софија над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и даночни кривични дела. Пребарани се повеќе од 15 адреси поврзани со криптобанката. Платформата тргува со криптовалути на берзи во Британија, Швајцарија, САД и офшор дестинации.

The post Бугарска банка правела измами со криптовалути appeared first on Република.

]]>

Бугарското обвинителството денеска се очекува да соопшти повеќе детали за специјалната акција за крипто-измами со можно бугарско учество. Во Бугарија синоќа е покрената е голема истрага против позната бугарска банка за криптовалути. Инспекторите тврдат дека 94 милијарди долари промет поминал преку платформата NEXO, која е поврзана со поранешен пратеник. Над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и даночни кривични дела. Во изминатите месеци, криптобанката имаше проблеми и во САД за работа без лиценца, но не и во Бугарија. За еден од главните клиенти на криптобанката во Бугарија се наведува дека финансирал терористички акти. Во текот на акцијата во Софија над 300 обвинители и специјални полицајци проверуваат дали има податоци за перење пари и даночни кривични дела. Пребарани се повеќе од 15 адреси поврзани со криптобанката. Платформата тргува со криптовалути на берзи во Британија, Швајцарија, САД и офшор дестинации.

The post Бугарска банка правела измами со криптовалути appeared first on Република.

]]>
Пари од турска обложувачка мафија преку криптовалути завршувале во Македонија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pari-od-turska-oblozuvachka-mafija-preku-kriptovaluti-zavrshuvale-vo-makedonija/ Tue, 09 Aug 2022 11:51:44 +0000 https://republika.mk/?p=538340

Турскиот весник „Милиет“ пишува дека се уапсени 59 лица, кои биле вмешани во обложувачки скандал.

Истрагата траеела осум месеци а резултира со апсење на осомничените низ осум турски градови. Турската полиција ги следела движењата на сметките на членовите на оваа банда. Утврдено е дека за период од околу една година тие оствариле промет од една милијарда турски лири, или во превод 55 милиони евра.

Собраните пари се акумулирале на сметките на роднини на водачите на бандата. Со други зборови, за да не бидат следени од Централната банка, со ситни трансакции како 10 или 15 илјади долари парите се движеле низ банките и се собирале на сметките. Потоа се претворале во криптовалути и завршувале во Македонија.

Пишувањата тврдат дека ова е најголемата турска илегална обложувачка банда. Вклучените во скандалот се членови на терористичка и вооружена организација.

The post Пари од турска обложувачка мафија преку криптовалути завршувале во Македонија appeared first on Република.

]]>

Турскиот весник „Милиет“ пишува дека се уапсени 59 лица, кои биле вмешани во обложувачки скандал. Истрагата траеела осум месеци а резултира со апсење на осомничените низ осум турски градови. Турската полиција ги следела движењата на сметките на членовите на оваа банда. Утврдено е дека за период од околу една година тие оствариле промет од една милијарда турски лири, или во превод 55 милиони евра. Собраните пари се акумулирале на сметките на роднини на водачите на бандата. Со други зборови, за да не бидат следени од Централната банка, со ситни трансакции како 10 или 15 илјади долари парите се движеле низ банките и се собирале на сметките. Потоа се претворале во криптовалути и завршувале во Македонија. Пишувањата тврдат дека ова е најголемата турска илегална обложувачка банда. Вклучените во скандалот се членови на терористичка и вооружена организација.

The post Пари од турска обложувачка мафија преку криптовалути завршувале во Македонија appeared first on Република.

]]>
Во Србија најмногу на Балканот се копаат биткоинти https://arhiva3.republika.mk/vesti/vo-srbija-najmnogu-na-balkanot-se-kopaat-bitkointi/ Wed, 03 Aug 2022 17:48:55 +0000 https://republika.mk/?p=536536

Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во Адрија-регионот по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот Блумберг Адрија, повикувајќи се на анализата на компанијата TripleA.

Според таа анализа, инвеститорите во криптовалути сочинуваат 1,9 отсто од населението во Србија, додека на второ место се жителите на Словенија, кои се 1,7 отсто од вкупното население.

Во Хрватска криптовалути поседуваат 1,6 отсто од населението, 1,4 отсто во Босна и Херцеговина, а 1,3 отсто од населението во Македонија инвестирало во виртуелни пари, покажуваат податоците на TripleA објавени од Блумберг Адриа.

The post Во Србија најмногу на Балканот се копаат биткоинти appeared first on Република.

]]>

Во Србија во криптовалути инвестирале 127.461 инвеститори, што ја прави прва во Адрија-регионот по бројот на инвеститори во криптовалути во однос на бројот на жители, објави порталот Блумберг Адрија, повикувајќи се на анализата на компанијата TripleA. Според таа анализа, инвеститорите во криптовалути сочинуваат 1,9 отсто од населението во Србија, додека на второ место се жителите на Словенија, кои се 1,7 отсто од вкупното население. Во Хрватска криптовалути поседуваат 1,6 отсто од населението, 1,4 отсто во Босна и Херцеговина, а 1,3 отсто од населението во Македонија инвестирало во виртуелни пари, покажуваат податоците на TripleA објавени од Блумберг Адриа.

The post Во Србија најмногу на Балканот се копаат биткоинти appeared first on Република.

]]>
Севернокорејските сајбер-криминалци краделе криптовалути за да ја финансираат програмата за ракетно оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/severnokorejskite-sajber-kriminalci-kradele-kriptovaluti-za-da-ja-finansiraat-programata-za-raketno-oruzje/ Sun, 06 Feb 2022 20:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=454830

Севернокорејските сајбер-криминалци украле криптовалути во вредност од неколку милиони долари за да ја финансираат програмата за ракетно оружје, се вели во извештајот на Обединетите нации.

Во периодот меѓу 2020 и 2021 година, повеќе од 50 милиони дигитални пари биле украдени во сајбер напади, обелодени истрагата , пренесува Би-Би-Си. 

Таквите напади се „важен извор на приходи“ за нуклеарната и балистичка нуклеарна програма на Пјонгјанг, додаваат ОН.

Сајбер нападите се насочени кон најмалку три размени на криптовалути во Северна Америка, Европа и Азија.

Во извештајот се цитира и студија објавена во јануари од безбедносната компанија „Чајнализис“, во која се наведува дека сајбер напаѓачите од Северна Кореја можеби успеале да украдат до 400 милиони долари во криптовалути минатата година.

The post Севернокорејските сајбер-криминалци краделе криптовалути за да ја финансираат програмата за ракетно оружје appeared first on Република.

]]>

Севернокорејските сајбер-криминалци украле криптовалути во вредност од неколку милиони долари за да ја финансираат програмата за ракетно оружје, се вели во извештајот на Обединетите нации. Во периодот меѓу 2020 и 2021 година, повеќе од 50 милиони дигитални пари биле украдени во сајбер напади, обелодени истрагата , пренесува Би-Би-Си.  Таквите напади се „важен извор на приходи“ за нуклеарната и балистичка нуклеарна програма на Пјонгјанг, додаваат ОН. Сајбер нападите се насочени кон најмалку три размени на криптовалути во Северна Америка, Европа и Азија. Во извештајот се цитира и студија објавена во јануари од безбедносната компанија „Чајнализис“, во која се наведува дека сајбер напаѓачите од Северна Кореја можеби успеале да украдат до 400 милиони долари во криптовалути минатата година.

The post Севернокорејските сајбер-криминалци краделе криптовалути за да ја финансираат програмата за ракетно оружје appeared first on Република.

]]>