Кримска платформа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krimska-platforma/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 07:08:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кримска платформа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krimska-platforma/ 32 32 Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gashi-vo-riga-na-tretiot-parlamentaren-samit-na-megunarodnata-krimska-platforma/ Wed, 23 Oct 2024 07:08:22 +0000 https://republika.mk/?p=830025

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши ќе учествува на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Рига, Летонија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши воедно е и претседател на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа на Собранието, а во состав на Делегацијата е и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Даига Миерина, спикерка на Парламентот на Летонија.

На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти, 10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија. Пленарната сесија ќе се фокусира на начините за помош, поддршка и обнова на Украина, стои во соопштението.

Се очекува претседателот Гаши да оствари билатерални средби на маргините на Самитот.

Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, а Вториот во 2023 година во Прага, Чешка Република.

The post Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши ќе учествува на Третиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи во Рига, Летонија. Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши воедно е и претседател на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа на Собранието, а во состав на Делегацијата е и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. Самитот е во коорганизација на Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада на Украина и Даига Миерина, спикерка на Парламентот на Летонија. На Самитот ќе учествуваат над 20 претседатели на парламенти, 10 потпретседатели на парламенти и претседатели на парламентарни собранија. Пленарната сесија ќе се фокусира на начините за помош, поддршка и обнова на Украина, стои во соопштението. Се очекува претседателот Гаши да оствари билатерални средби на маргините на Самитот. Инаугуративниот самит на Кримската платформа се одржа во Киев на 23 август 2021 година на ниво на шефови на држави и влади. Првиот Самит на Парламентарната димензија на Кримската платформа се одржа во 2022 година во Загреб, Република Хрватска, а Вториот во 2023 година во Прага, Чешка Република.

The post Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа appeared first on Република.

]]>