криминали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kriminali/ За подобро да се разбереме Sun, 06 Oct 2024 14:36:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png криминали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kriminali/ 32 32 Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си, ќе ви помогнеме да ја исчистите ДУИ од криминалните структури https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-ahmeti-pomiri-se-opozitsija-si-ke-vi-pomogneme-da-ja-ischistite-dui-od-kriminalnite-strukturi/ Sun, 06 Oct 2024 14:36:47 +0000 https://republika.mk/?p=823515

Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови, му порача денеска од Охрид премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Како што истакна Мицкоски, Ахмети треба да покаже визионерство преку проекти и идеи, како и да покаже дека ја почитува Македонија.

Мицкоски во обраќањето на 33. годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ апелира и до останатите опозициски партии, да излезат од сегашната матрица, да ги надминатат суетите и потребата се да се критикува по секоја цена и наместо тоа, да излезат со нивни предлози за креирање уште подобри решенија.

Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зеат празни, за 20 години повеќе од 100 000 Албанци се иселија од државата. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, да си дофрлуваме и да подгреваме тензии. Знам дека ти одговара да влегуваш во конфликти со мене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна, теснопартиска политика. Надмини го тоа, придонесете со предлози и проекти. Јас ви ветувам, ќе прифатиме се што ќе значи прогрес и развој на земјата. Не е добро секогаш кога сте опозиција да почнувате етнички теми, а кога сте на власт да станувате зелена партија, истакна Мицкоски.

Додаде и дека Албанците во земјава живеат лошо.

Неспороно е дека дел од Албанците го почитуваат Ахмети, но зошто да не ја заслужи почитта и од Македонците? Покажа визионерство за некои работи, но треба да покаже визионерство и преку проекти, идеи и визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се, опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа, а за тоа што го правеа има институт што се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам, ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури, потенцира Мицкоски.

Тој упати порака и до останатата опозиција.

До кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за идеи и проекти. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминиете го тоа, суетата и потребата се да се критикува по секоја цена. Еве, за почеток, поддржете ги мерките за младите, понатаму предложете и вие ваши мерки. Ако постои можност, ви ветувам дека ќе ги прифатиме, истакна Мицкоски.

Конференцијата е насловена „Иднина за сите, сега!“, а се одржува во СЦ „Билјанини извори“.

The post Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си, ќе ви помогнеме да ја исчистите ДУИ од криминалните структури appeared first on Република.

]]>

Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови, му порача денеска од Охрид премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Како што истакна Мицкоски, Ахмети треба да покаже визионерство преку проекти и идеи, како и да покаже дека ја почитува Македонија. Мицкоски во обраќањето на 33. годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ апелира и до останатите опозициски партии, да излезат од сегашната матрица, да ги надминатат суетите и потребата се да се критикува по секоја цена и наместо тоа, да излезат со нивни предлози за креирање уште подобри решенија.
Реформирај ја партијата. Реформирано ДУИ е важно за татковината. Исчисти ги криминалците од твоите редови, ќе ти помогнеме и ние во тоа. Ова е наша заедничка татковина. Дали гледаш колку Албанци дневно се иселуваат? Куќите во твојот Зајас зеат празни, за 20 години повеќе од 100 000 Албанци се иселија од државата. Чија одговорност е тоа? Немам време за јавни надмудрувања, да си дофрлуваме и да подгреваме тензии. Знам дека ти одговара да влегуваш во конфликти со мене и со ВМРО-ДПМНЕ, но тоа е дневна, теснопартиска политика. Надмини го тоа, придонесете со предлози и проекти. Јас ви ветувам, ќе прифатиме се што ќе значи прогрес и развој на земјата. Не е добро секогаш кога сте опозиција да почнувате етнички теми, а кога сте на власт да станувате зелена партија, истакна Мицкоски.
Додаде и дека Албанците во земјава живеат лошо.
Неспороно е дека дел од Албанците го почитуваат Ахмети, но зошто да не ја заслужи почитта и од Македонците? Покажа визионерство за некои работи, но треба да покаже визионерство и преку проекти, идеи и визии. Треба да покажеш дека ја почитуваш Македонија. Помири се, опозиција си, а дел од твоите најблиски соработници треба да се свесни за тоа што го правеа, а за тоа што го правеа има институт што се вика одговорност. Ти ветив и ти ветувам, ќе ти помогнеме да ја исчистите ДУИ од таквите криминални структури, потенцира Мицкоски.
Тој упати порака и до останатата опозиција.
До кога ќе бидете заложници на истиот ментален склоп. Ајде заедно да ги надминеме поделбите и наместо дополнително да го делиме народот, да се обединиме преку дебата за идеи и проекти. Не може се што ќе направиме да не чини. Надминиете го тоа, суетата и потребата се да се критикува по секоја цена. Еве, за почеток, поддржете ги мерките за младите, понатаму предложете и вие ваши мерки. Ако постои можност, ви ветувам дека ќе ги прифатиме, истакна Мицкоски.
Конференцијата е насловена „Иднина за сите, сега!“, а се одржува во СЦ „Билјанини извори“.

The post Мицкоски до Ахмети: Помири се, опозиција си, ќе ви помогнеме да ја исчистите ДУИ од криминалните структури appeared first on Република.

]]>
Лефков: Измените во Кривичен законик се облик на висока корупција, власта направи да не може да се гонат нивни криминали https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-izmenite-vo-krivichen-zakonik-se-oblik-na-visoka-koruptsija-vlasta-napravi-da-ne-mozhe-da-se-gonat-nivni-kriminali/ Fri, 20 Oct 2023 17:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=693414

Ако се водите од логиката на Артан Груби и информациите кои тој ги лиферува, стручњакот за игри на среќа и тендери, да оставиме тој да ги толкува, но најодговорно кажувам кворумот не беше направен од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а власта треба да си ја преземе одговорноста за она што го направи, а не да лиферува такви лажни вести, изјави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Само вистина“ на Канал 5 во врска со измените од Кривичен законик.

Ако имаме еден закон кој во Собрание стигна со европско знаменце и злоупотреба на европските процедури, експресно се најде на комисија за европски прашања, нашата одлука беше да ги кажеме нашите аргументи против овој закон и секако да гласаме против, рече тој.

Лефков потенцираше дека останува фактот дека самото донесување на овој Кривичен законик, начинот, постапката, целите и последиците претставуваат најнов облик на висока корупција.

Тоа што се случува во државата и со донесувањето на Кривичниот законик е висока корупција, во која се вклучени и владата и претставници во законодавниот дом, нагласи Лефков.

Лефков посочи дека тоа што власта не сака да се зборува дека со овие измени на КЗ нема да може да се гонат криминали направени од оваа власт.

Во изминатиот период за време на владата на СДС и ДУИ практично со овие измени на Кривичниот законик бришење на став 5 од член 353 кој е однесува на јавни набавки, бришење на членот 394 кој се однесува на злосторничко здружување и намалување на затворските казни до 3 години, се предизвикува кривичните дела направени од страна на оваа власт да застаруваат следната година кога ќе се промени власта, рече тој.

Лефков потсети дека не може да бидат гонети ниту преиспитувани набавките на Васко Ковачевски за РЕК Битола, спорните набавки на јаглен, не може бидат испитувани набавките на вакцини, одлуките на Онкологија кога бил ставен надвор од употреба КАТО системот.

Тоа е еден скриен бенефит кој не се говори во јавноста. Со овие измени се оневозможува гонење и водење на кривични постапки и кога Заев беше премиер, изјави Лефков.

The post Лефков: Измените во Кривичен законик се облик на висока корупција, власта направи да не може да се гонат нивни криминали appeared first on Република.

Мицкоски: До нас стигнаа многу информации за многу сомнежи за сторен криминал на ДУИ и функционери на ДУИ и ние сме должни тоа да го објавиме и да се бориме против тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-do-nas-stignaa-mnogu-informatsii-za-mnogu-somnezhi-za-storen-kriminal-na-dui-i-funktsioneri-na-dui-i-nie-sme-dolzhni-toa-da-go-objavime-i-da-se-borime-protiv-toa/ Fri, 06 Oct 2023 18:37:07 +0000 https://republika.mk/?p=688726

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Фокус“ беше запрашан како се случи до тој степен да ескалираат односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Политичкото подземје лиферува многу теории на заговори и така се обидува да ја замагли вистинската слика, а таа е дека ова ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против секој обид за криминал и корупција. До нас стигнаа многу информации за многу сомнежи за сторен криминал на ДУИ и функционери на ДУИ и ние сме должни тоа да го објавиме и да се бориме против тоа“, одговори Мицкоски.

Тој посочи дека еден ден, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги води институциите, ќе го истражат сето ова, кое во голема мера е поткрепено со докази, и врз основа на тие докази тие лица кои тоа го направиле да бидат изведени пред правдата. И оние теории на заговори.

На прашањето дали сега работата е отидена предалеку и може да се најде во проблем ако мора да прави влада со ДУИ, ако само со нив може да стигне до мнозинство, како што СДСМ се најде после последните избори, Мицкоски одговори:

„Граѓаните одлучуваат каква ќе биде идната влада, но нашата желба е ДУИ после 20 години да помине 4 години во опозиција, за да може да се реформира, реструктуира, да се освежи кадровски, за да може после 4 години да настапи на избори“.

Додека пак на прашањето дали верува дека албанската опозиција има капацитет да го порази ДУИ, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски нагласи:

„Цениме дека обединета опозиција кај албанските политички партии има голем капацитет да ја победи ДУИ. Дали тоа ќе се случи не знам. Но за жал, после оваа изјава тие ќе бидат предмет на кампања од ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ застанува до нив, зборува позитивно за нив, а не за ДУИ, и тоа може да биде прогласено за антиалбаски гест. Но, ова е антикриминален гест, ништо повеќе“.

The post Мицкоски: До нас стигнаа многу информации за многу сомнежи за сторен криминал на ДУИ и функционери на ДУИ и ние сме должни тоа да го објавиме и да се бориме против тоа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Фокус“ беше запрашан како се случи до тој степен да ескалираат односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
„Политичкото подземје лиферува многу теории на заговори и така се обидува да ја замагли вистинската слика, а таа е дека ова ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори против секој обид за криминал и корупција. До нас стигнаа многу информации за многу сомнежи за сторен криминал на ДУИ и функционери на ДУИ и ние сме должни тоа да го објавиме и да се бориме против тоа“, одговори Мицкоски.
Тој посочи дека еден ден, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги води институциите, ќе го истражат сето ова, кое во голема мера е поткрепено со докази, и врз основа на тие докази тие лица кои тоа го направиле да бидат изведени пред правдата. И оние теории на заговори. На прашањето дали сега работата е отидена предалеку и може да се најде во проблем ако мора да прави влада со ДУИ, ако само со нив може да стигне до мнозинство, како што СДСМ се најде после последните избори, Мицкоски одговори: