криминалци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kriminalci/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 08:45:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png криминалци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kriminalci/ 32 32 Ова се најдоверливите телефони кај криминалците https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-se-najdoverlivite-telefoni-kaj-kriminaltsite/ Thu, 31 Oct 2024 20:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=832622

Сите криминалци и политичари користат ист телефон, а тоа не е ниту Андроид ниту Ајфон.Најчесто е Нокиа 3310 или Блекбери.

https://republika.mk/vesti/svet/kakvi-telefoni-koristat-najpoznatite-kriminaltsi-i-dileri-na-droga/

Телефоните на BlackBerry сè уште ги користат американските претседатели, германската канцеларка Ангела Меркел и шефовите на други големи компании ширум светот.

Причината за ова е исклучително едноставна – BlackBerry нуди највисоко ниво на безбедност од прислушување. Во времето кога BlackBerry беше еден од најпопуларните производители на мобилни телефони, луѓето имаа доверба во овие уреди, што не може да се каже за Android.

Крадци, дилери, убијци и бројни криминалци ги користеле услугите на Phantom Secure, која ги модифицирала телефоните за безбедна комуникација – отстранувале камери, микрофони, GPS…

Една од компаниите која се занимава со вакви модификации е Phantom Secure.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-ali-ahmeti-so-stara-nokia-3310-objavuva-videa-na-fejsbuk/

Според ФБИ, компанијата на Рамос е основана исклучиво за да им служи на криминалците, а тие ги модифицирале телефоните како BlackBerry и Android со кои отстранувале камери и микрофони, GPS навигација и отстранувале класични апликации за комуникација и веб-прелистувачи и инсталирале апликации наменети само за комуникација преку безбедни мрежи.

The post Ова се најдоверливите телефони кај криминалците appeared first on Република.

]]>

Сите криминалци и политичари користат ист телефон, а тоа не е ниту Андроид ниту Ајфон.Најчесто е Нокиа 3310 или Блекбери. https://republika.mk/vesti/svet/kakvi-telefoni-koristat-najpoznatite-kriminaltsi-i-dileri-na-droga/ Телефоните на BlackBerry сè уште ги користат американските претседатели, германската канцеларка Ангела Меркел и шефовите на други големи компании ширум светот. Причината за ова е исклучително едноставна – BlackBerry нуди највисоко ниво на безбедност од прислушување. Во времето кога BlackBerry беше еден од најпопуларните производители на мобилни телефони, луѓето имаа доверба во овие уреди, што не може да се каже за Android.
  Крадци, дилери, убијци и бројни криминалци ги користеле услугите на Phantom Secure, која ги модифицирала телефоните за безбедна комуникација – отстранувале камери, микрофони, GPS… Една од компаниите која се занимава со вакви модификации е Phantom Secure.
https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-ali-ahmeti-so-stara-nokia-3310-objavuva-videa-na-fejsbuk/
Според ФБИ, компанијата на Рамос е основана исклучиво за да им служи на криминалците, а тие ги модифицирале телефоните како BlackBerry и Android со кои отстранувале камери и микрофони, GPS навигација и отстранувале класични апликации за комуникација и веб-прелистувачи и инсталирале апликации наменети само за комуникација преку безбедни мрежи.

The post Ова се најдоверливите телефони кај криминалците appeared first on Република.

]]>
Јанев: Целта е да ги замрзнеме имотите на криминалците, јавна тајна е дека и од затвор контролираат банди https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janev-tselta-e-da-gi-zamrzneme-imotite-na-kriminaltsite-javna-tajna-e-deka-i-od-zatvor-kontroliraat-bandi/ Wed, 30 Oct 2024 13:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=832469

Корупцијата за жал е составен дел насекаде, ние интензивно работиме на сузбивање на корупција во сопствените редови, меѓутоа тоа не е доволно, треба да работиме и во останатите инстутиции, меѓутоа и да ги анимираме граѓаните дека не е начин да дадеш нешто под рака за да можеш да оствариш некое свое право, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев на сесијата на НКЕУ-МК за Поглавјето 24 „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“.

Вели дека за да се докаже финансиски криминал мора да се докаже целиот пат на парите, а за тоа од клучно значење е меѓуинституционална соработка, како и меѓународната соработка, која е најнеопходна, бидејќи, вели, криминалците најчесто парите ги вртат и преку повеќе земји од надвор.

Јанев посочи дека треба да се промени културата на живеење, и мора да се даде до знаење на сите дека тоа е нелегално, и сето тоа не е здраво за нашето општество, а нивна цел, како што кажа, ќе биде да тоа да го намалат или минимизираат криминалот и корупцијата.

Не е поентата некого само да ставиме во затвор, има нови трендови - разговаравме со француските и со италијанските колеги и тие велат дека џабе имаме ставено одредени криминални босови во затвор, новите трендови се тоа што тие анимираат луѓе од внатре од затворот, бидејќи имаат пари, тие не им се секнати. Жално е, велат тие, што анимираат деца од 12 годишна возраст и нагоре да извршуваат дури и насилни дејствија па дури и убиства, сето тоа тие го контролираат преку затворите, што е случај и кај нас, тоа е јавна тајна, нема што да го криеме. Тоа доведува кругот да не се затвори и не ставаме крај на одредени дјествија, вели Јанев.

Целта е, додаде, да го фатиме патот на парите, ама целта е и да ги замрзнеме имотите на криминалците.

Сум работел на неколку звучни случаи од минатото, „босот“ од Куманово Бајруш, таму замрзнавме одреден имот и одзедовме некој имот од страна, но не беше доволно. Мислам дека тој човек сега е надвор од затвор, и повторно е активен во легалниот бизнис, што е легитимно. Меѓутоа, на крај на денот, доколку ние сето тоа на време сме го секнале, како што треба, немало да оставиме простор за повторно да генерираме одредени претпоставки за одредени илегални дејствија, истакна Јанев.

Посочи дека една од алатките против корупцијата е воведување дигитализација.

За МВР овде имаме два сегменти - го воведуваме документ менаџер системот, и кејс менаџмент системот заедно со Финансиска полиција сме на иста платформа. Во самата алатка се создадени претпоставки да се вклучи и Обвинителство да ги следи работите на кејс менаџмент системот. Со оваа дигитализација убеден сум дека нема да има веќе случаи во фиока, нема да има нарачки на случаи, нема да има монтирани случаи, бидејќи алатката е еден вид и водич, кај што ги расчленува битијата на кривичните дела внатре. Обвинителот од самото запознавање на случајот, ќе биде во тек со сето тоа, да ги знае силните и слабите страни на тој случај, рече Јанев.

Истакна како нова администрација мора да се стремат да изградат ефикансни, транспарентни и отчетни системи.

Нашата мисија и визија е да бидеме транспарентни, не ние да владееме со народот, туку да служиме на народот, и интенцијата на нашето секојдневно работење е да работиме на превенција а помалку на интервенција. Бидејќи ако влеземе во еден вртлог на неказнивост, вртлог на неоткривање па неказнивост, корупцијата е како малигно ткиво кои од нас зависи дали ќе им дозволиме да бидат бенингни или да бидат малигни, рече Јанев.

Во крајна линија, додаде Јанев, колку што сето тоа е важно за интензивирање на македонскиот пат кон полноправно членство во ЕУ, во иста мера е важно за воспоставување на владеењето на правото како врвен интерес на македонската држава и нејзините граѓани, градење на безбеден и сигурен општествен амбиент.

The post Јанев: Целта е да ги замрзнеме имотите на криминалците, јавна тајна е дека и од затвор контролираат банди appeared first on Република.

]]>

Корупцијата за жал е составен дел насекаде, ние интензивно работиме на сузбивање на корупција во сопствените редови, меѓутоа тоа не е доволно, треба да работиме и во останатите инстутиции, меѓутоа и да ги анимираме граѓаните дека не е начин да дадеш нешто под рака за да можеш да оствариш некое свое право, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев на сесијата на НКЕУ-МК за Поглавјето 24 „Предизвиците во борбата со финансискиот криминал во Македонија: Важноста на ефикасните финансиски истраги“. Вели дека за да се докаже финансиски криминал мора да се докаже целиот пат на парите, а за тоа од клучно значење е меѓуинституционална соработка, како и меѓународната соработка, која е најнеопходна, бидејќи, вели, криминалците најчесто парите ги вртат и преку повеќе земји од надвор. Јанев посочи дека треба да се промени културата на живеење, и мора да се даде до знаење на сите дека тоа е нелегално, и сето тоа не е здраво за нашето општество, а нивна цел, како што кажа, ќе биде да тоа да го намалат или минимизираат криминалот и корупцијата.
Не е поентата некого само да ставиме во затвор, има нови трендови - разговаравме со француските и со италијанските колеги и тие велат дека џабе имаме ставено одредени криминални босови во затвор, новите трендови се тоа што тие анимираат луѓе од внатре од затворот, бидејќи имаат пари, тие не им се секнати. Жално е, велат тие, што анимираат деца од 12 годишна возраст и нагоре да извршуваат дури и насилни дејствија па дури и убиства, сето тоа тие го контролираат преку затворите, што е случај и кај нас, тоа е јавна тајна, нема што да го криеме. Тоа доведува кругот да не се затвори и не ставаме крај на одредени дјествија, вели Јанев.
Целта е, додаде, да го фатиме патот на парите, ама целта е и да ги замрзнеме имотите на криминалците.  
Сум работел на неколку звучни случаи од минатото, „босот“ од Куманово Бајруш, таму замрзнавме одреден имот и одзедовме некој имот од страна, но не беше доволно. Мислам дека тој човек сега е надвор од затвор, и повторно е активен во легалниот бизнис, што е легитимно. Меѓутоа, на крај на денот, доколку ние сето тоа на време сме го секнале, како што треба, немало да оставиме простор за повторно да генерираме одредени претпоставки за одредени илегални дејствија, истакна Јанев.
Посочи дека една од алатките против корупцијата е воведување дигитализација.
За МВР овде имаме два сегменти - го воведуваме документ менаџер системот, и кејс менаџмент системот заедно со Финансиска полиција сме на иста платформа. Во самата алатка се создадени претпоставки да се вклучи и Обвинителство да ги следи работите на кејс менаџмент системот. Со оваа дигитализација убеден сум дека нема да има веќе случаи во фиока, нема да има нарачки на случаи, нема да има монтирани случаи, бидејќи алатката е еден вид и водич, кај што ги расчленува битијата на кривичните дела внатре. Обвинителот од самото запознавање на случајот, ќе биде во тек со сето тоа, да ги знае силните и слабите страни на тој случај, рече Јанев.
Истакна како нова администрација мора да се стремат да изградат ефикансни, транспарентни и отчетни системи.
Нашата мисија и визија е да бидеме транспарентни, не ние да владееме со народот, туку да служиме на народот, и интенцијата на нашето секојдневно работење е да работиме на превенција а помалку на интервенција. Бидејќи ако влеземе во еден вртлог на неказнивост, вртлог на неоткривање па неказнивост, корупцијата е како малигно ткиво кои од нас зависи дали ќе им дозволиме да бидат бенингни или да бидат малигни, рече Јанев.
Во крајна линија, додаде Јанев, колку што сето тоа е важно за интензивирање на македонскиот пат кон полноправно членство во ЕУ, во иста мера е важно за воспоставување на владеењето на правото како врвен интерес на македонската држава и нејзините граѓани, градење на безбеден и сигурен општествен амбиент.

The post Јанев: Целта е да ги замрзнеме имотите на криминалците, јавна тајна е дека и од затвор контролираат банди appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци без разлика дали е на локално или државно ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-nema-mesto-za-kriminaltsi-vo-politikata-graganite-ke-mozhat-da-prijavuvaat-devijantno-odnesuvane-na-poedintsi-bez-razlika-dali-e-na-lokalno-ili-drzhavno-nivo/ Wed, 28 Aug 2024 11:06:38 +0000 https://republika.mk/?p=810845

„Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што ова е стартен ден, јавна набавка којашто ја водела претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето на криминалците во политиката заврши, дека е време е на чесни политичари, луѓе коишто си го сакаат својот народ, својата татковина и ќе работат за интересите на своите сограѓани и својата татковина, и така ќе продолжам и во иднина“, одговори претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски објасни дека во рамките на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија ќе се отвори линија каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на административци и политичари.

„Ако се сеќавате пред неколку дена исто така на едно мое телевизиско интервју дадов уште една изјава во која што кажав специјален тим во рамките на мојот кабинет ќе има отворена линија и ќе разговара со граѓаните, а тие таму ќе пријавуваат девијантно однесување на административци, политичари без разлика дали се тоа на локално или на државно ниво политичари и административци, коишто можеби бараат некаков тип на против услуга да завршат некоја работа којашто на граѓаните им припаѓа под Закон и Устав и таа отворена линија ќе има за цел граѓаните тоа девијантно однесување да го пријават“, соопшти премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски констатираше дека се додека е премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и дека мораме силно да се бориме против криминалот и корупцијата.

„Мораме да се бориме против криминалот и корупцијата, тие се од пандемиски размери кај нас и тоа е основната цел на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Додека јас сум премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и затоа на секој еден именуван и избран функционер од редот на ВМРО-ДПМНЕ му испраќам една порака, а тоа е да го чуваш твојот образ, така ќе го чуваш и мојот и на организацијата и така работиме до сега и така ќе продолжиме во иднина, а секој оној којшто ќе се заборави и којшто мисли дека во политиката треба да ужива а не да биде слуга на граѓаните, без разлика од која структура доаѓа ќе биде казнет, а доколку биде тоа злоупотребено, да има криминал, тогаш ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци без разлика дали е на локално или државно ниво appeared first on Република.

]]>

„Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што ова е стартен ден, јавна набавка којашто ја водела претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето на криминалците во политиката заврши, дека е време е на чесни политичари, луѓе коишто си го сакаат својот народ, својата татковина и ќе работат за интересите на своите сограѓани и својата татковина, и така ќе продолжам и во иднина“, одговори претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.   Премиерот Мицкоски објасни дека во рамките на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Македонија ќе се отвори линија каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на административци и политичари.   „Ако се сеќавате пред неколку дена исто така на едно мое телевизиско интервју дадов уште една изјава во која што кажав специјален тим во рамките на мојот кабинет ќе има отворена линија и ќе разговара со граѓаните, а тие таму ќе пријавуваат девијантно однесување на административци, политичари без разлика дали се тоа на локално или на државно ниво политичари и административци, коишто можеби бараат некаков тип на против услуга да завршат некоја работа којашто на граѓаните им припаѓа под Закон и Устав и таа отворена линија ќе има за цел граѓаните тоа девијантно однесување да го пријават“, соопшти премиерот.   Претседателот на Владата Мицкоски констатираше дека се додека е премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и дека мораме силно да се бориме против криминалот и корупцијата.   „Мораме да се бориме против криминалот и корупцијата, тие се од пандемиски размери кај нас и тоа е основната цел на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Додека јас сум премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и затоа на секој еден именуван и избран функционер од редот на ВМРО-ДПМНЕ му испраќам една порака, а тоа е да го чуваш твојот образ, така ќе го чуваш и мојот и на организацијата и така работиме до сега и така ќе продолжиме во иднина, а секој оној којшто ќе се заборави и којшто мисли дека во политиката треба да ужива а не да биде слуга на граѓаните, без разлика од која структура доаѓа ќе биде казнет, а доколку биде тоа злоупотребено, да има криминал, тогаш ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци без разлика дали е на локално или државно ниво appeared first on Република.

]]>
Браќа познати криминалци со мачета и палки влетале во слаткарница на Широк сокак https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/braka-poznati-kriminaltsi-so-macheta-i-palki-vletale-vo-slatkarnitsa-na-shirok-sokak/ Sun, 09 Jun 2024 10:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=785892

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против три лица, кои се осомничени дека во група сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 од Кривичниот законик.

На 5 јуни попладне, во слаткарница на улицата Широк сокак, осомничените извршиле грубо насилство врз две лица. Замавнувале кон оштетените со мачета и со метална палка, им се заканувале, а со своите дејствија предизвикале страв, несигурност и загрозување и кај останатите гости и случајни минувачи. Двајца од осомничените се браќа, претходно осудувани, соопшти битолското ОЈО.

За едниот од нив по предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Битола определи мерка притвор, а за другиот – куќен притвор во траење од 8 дена.

The post Браќа познати криминалци со мачета и палки влетале во слаткарница на Широк сокак appeared first on Република.

Kaкви телефони користат најпознатите криминалци и дилери на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kakvi-telefoni-koristat-najpoznatite-kriminaltsi-i-dileri-na-droga/ Thu, 11 Apr 2024 09:30:35 +0000 https://republika.mk/?p=764866

Сите криминалци и политичари користат ист телефон, а тоа не е ниту Андроид ниту Ајфон.Најчесто е Нокиа 3310 или Блекбери.

Телефоните на BlackBerry сè уште ги користат американските претседатели, германската канцеларка Ангела Меркел и шефовите на други големи компании ширум светот.

Причината за ова е исклучително едноставна - BlackBerry нуди највисоко ниво на безбедност од прислушување. Во времето кога BlackBerry беше еден од најпопуларните производители на мобилни телефони, луѓето имаа доверба во овие уреди, што не може да се каже за Android.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ali-ahmeti-ima-nokia-3310-ne-pishuva-nitu-sms/

Крадци, дилери, убијци и бројни криминалци ги користеле услугите на Phantom Secure, која ги модифицирала телефоните за безбедна комуникација - отстранувале камери, микрофони, GPS...

Една од компаниите која се занимава со вакви модификации е Phantom Secure.

https://republika.mk/zivot/tehnologija/proverete-po-fioki-originaliot-nokia-3310-se-prodava-za-300-evra/

Според ФБИ, компанијата на Рамос е основана исклучиво за да им служи на криминалците, а тие ги модифицирале телефоните како BlackBerry и Android со кои отстранувале камери и микрофони, GPS навигација и отстранувале класични апликации за комуникација и веб-прелистувачи и инсталирале апликации наменети само за комуникација преку безбедни мрежи.

The post Kaкви телефони користат најпознатите криминалци и дилери на дрога appeared first on Република.

]]>

Сите криминалци и политичари користат ист телефон, а тоа не е ниту Андроид ниту Ајфон.Најчесто е Нокиа 3310 или Блекбери. Телефоните на BlackBerry сè уште ги користат американските претседатели, германската канцеларка Ангела Меркел и шефовите на други големи компании ширум светот. Причината за ова е исклучително едноставна - BlackBerry нуди највисоко ниво на безбедност од прислушување. Во времето кога BlackBerry беше еден од најпопуларните производители на мобилни телефони, луѓето имаа доверба во овие уреди, што не може да се каже за Android. https://republika.mk/vesti/makedonija/ali-ahmeti-ima-nokia-3310-ne-pishuva-nitu-sms/   Крадци, дилери, убијци и бројни криминалци ги користеле услугите на Phantom Secure, која ги модифицирала телефоните за безбедна комуникација - отстранувале камери, микрофони, GPS... Една од компаниите која се занимава со вакви модификации е Phantom Secure. https://republika.mk/zivot/tehnologija/proverete-po-fioki-originaliot-nokia-3310-se-prodava-za-300-evra/ Според ФБИ, компанијата на Рамос е основана исклучиво за да им служи на криминалците, а тие ги модифицирале телефоните како BlackBerry и Android со кои отстранувале камери и микрофони, GPS навигација и отстранувале класични апликации за комуникација и веб-прелистувачи и инсталирале апликации наменети само за комуникација преку безбедни мрежи.

The post Kaкви телефони користат најпознатите криминалци и дилери на дрога appeared first on Република.

]]>
Предизвикувач на сообраќајка и крадец барани со потерница вчера уапсени во Тетовско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/predizvikuvach-na-soobrakajka-i-kradets-barani-so-poternitsa-vchera-uapseni-vo-tetovsko/ Mon, 18 Mar 2024 10:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=755818

Двајца криминалци барани со потерница вчера се уапсени во Тетовско.

Прво полициски службеници на СВР Тетово околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ казниво по член 300 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, велат од тетовската полиција.

Околу 22 часот и 50 минути, пак, на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, велат од СВР Тетово.

The post Предизвикувач на сообраќајка и крадец барани со потерница вчера уапсени во Тетовско appeared first on Република.

]]>

Двајца криминалци барани со потерница вчера се уапсени во Тетовско.
Прво полициски службеници на СВР Тетово околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ казниво по член 300 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, велат од тетовската полиција. Околу 22 часот и 50 минути, пак, на крстосница од улица „Видое Смилевски-Бато“ со улица „29 Ноември“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 34-годишниот К.М. од гостиварско Дебреше, кој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на затворска казна од 2 години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната, велат од СВР Тетово.

The post Предизвикувач на сообраќајка и крадец барани со потерница вчера уапсени во Тетовско appeared first on Република.

]]>
Звицер планирал да го отруе Стефан Ѓукиќ од Шкаљарскиот клан кој има македонски пасош https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zvitser-planiral-da-go-otrue-stefan-gukik-od-shkalarskiot-klan-koj-ima-makedonski-pasosh/ Thu, 14 Mar 2024 11:27:54 +0000 https://republika.mk/?p=754709

Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер планирал да ангажира адвокат за оние кои се обиделе да го убијат  во Киев. Адвокатот пак за време на средбите требало да ги отруе тие што за малку ќе го ликвидираа.

Тој беше тешко ранет на крајот на мај 2020 година во Украина, во елитен дел на Киев, кога група атентатори од Црна Гора и Србија пукаа кон него на улица додека џогираше - неколку куршуми го погодија во пределот на градите, но се опорави по операцијата.

Од сигурна смрт го спасила сопругата Тамара Звитер, која, како што пишуваат тамошните медиуми, истрчала од зградата, ги застрелала напаѓачите со пиштол и ги натерала да побегнат.

Меѓу атентаторите беше и Стефан Ѓукиќ од спротиставениот Шкањарски клан.Тој стана познат на јавноста откако беше обелоденето дека има македонски пасош под името Каче Герги.

Министерот Панче Тошковски во интервуто за „Република“ најави дека ќе бидат проверени сите пасоши дадени на криминалци.

https://www.youtube.com/watch?v=FoCJt9Idx1U&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Звицер планирал да го отруе Стефан Ѓукиќ од Шкаљарскиот клан кој има македонски пасош appeared first on Република.

]]>

Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер планирал да ангажира адвокат за оние кои се обиделе да го убијат  во Киев. Адвокатот пак за време на средбите требало да ги отруе тие што за малку ќе го ликвидираа. Тој беше тешко ранет на крајот на мај 2020 година во Украина, во елитен дел на Киев, кога група атентатори од Црна Гора и Србија пукаа кон него на улица додека џогираше - неколку куршуми го погодија во пределот на градите, но се опорави по операцијата. Од сигурна смрт го спасила сопругата Тамара Звитер, која, како што пишуваат тамошните медиуми, истрчала од зградата, ги застрелала напаѓачите со пиштол и ги натерала да побегнат. Меѓу атентаторите беше и Стефан Ѓукиќ од спротиставениот Шкањарски клан.Тој стана познат на јавноста откако беше обелоденето дека има македонски пасош под името Каче Герги. Министерот Панче Тошковски во интервуто за „Република“ најави дека ќе бидат проверени сите пасоши дадени на криминалци. https://www.youtube.com/watch?v=FoCJt9Idx1U&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title    

The post Звицер планирал да го отруе Стефан Ѓукиќ од Шкаљарскиот клан кој има македонски пасош appeared first on Република.

]]>
Спасовски: Најголем дел од криминалците се веќе зад решетки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-najgolem-del-od-kriminaltsite-se-veke-zad-reshetki/ Sun, 26 Nov 2023 16:10:30 +0000 https://republika.mk/?p=716417

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прашање за пресметките кои во минатиот период се случија во Скопје,  потенцираше дека конечно има разврска со сите нив, имајќи предвид дека тие банди и криминални групи се градени 30 години.

Се отвори конечно едеш широк фронт на борба од страна на МВР против овие структури и за тоа постојат конкретни факти и докази и арументи. Ако ги погледнете криминалните структури, борбата со трговијата со дрога, борбата со трговијата на оружје, кои се лицата коишто се уапсени, кои се тие коишто се наоѓаат на издржување на казни затвор, тоа се структури кои потекнуваат од тие криминални структури коишто биле во Скопје или државата. Не постојат тешки и лесни кривични дела, нема мали и големи криминалци. Криминалците се криминалци. Во водењето на истрагите за кривичните дела, обезбедувањето на доказите се клучната работа којашто ја имаме, така да воопшто не е важно дали е уапсен за едно кривично дело или второ, важно е да се докаже кривичното дело и да имаме неселективна отворена борба која што впрочем се случуваше во изминатите години. Сами бевте сведоци минатата недела на апсење на еден криминалец на една од тие структури од Грчец, којшто беше уапсен на јавно место во центарот на Скопје“, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека интензивната борба со крииналот во последниот период резултираше со намалување на севкупниот криминалитет во државата за 11% во 2023 споредено со 2022 година и со зголемување на ефикасност и откривачката дејност на полицијата за 4%.

Ако погледнете процентуално ќе видите колку е висок процентот на расветлувањето на кривичните дела. Перцепцијата мораме да ја градиме на факти и аргументи. За жал градењето на тие криминални групи и структури трае 30 години. Факт е сега дека отворивме една сериозна битка којашто допринесе да го имате најголемиот дел од тие криминални групи зад решетки, без разлика за какви кривични дела се таму. Интензивно работиме на расчистувањето на овие дела меѓутоа важно е да се приберат доказите. Не може да правиме перцепција за расчистени кривични дела, само за да се задоволи јавноста, без притоа да имаме обезбедени докази“, потенцираше дополнителни статистички показатели министерот Спасовски.

The post Спасовски: Најголем дел од криминалците се веќе зад решетки appeared first on Република.

Британците ќе ѝ плаќаат четири милиони евра годишно на Албанија за да си ги прибере убијците и силувачите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/britantsite-ke-plakaat-chetiri-milioni-evra-godishno-na-albanija-za-da-si-gi-pribere-ubijtsite-i-siluvachite/ Tue, 25 Jul 2023 09:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=665013

Врз основа на договорот потпишан меѓу двете земји, од британските во албанските затвори ќе бидат трансферирани 200 затвореници албански државјани.

Според неодамна ратификуваниот договор Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по четири милиони фунти годишно за да ги преземе 200-те најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога, јави Ора њуз.

Меѓу првите 17 кои ќе бидат трансферирани во албанските затвори, каде треба да ја доиздржат затворската казна е и серискиот убиец Мане Дриза.

Четириесет и петгодишниот Мане Дриза, серискиот убиец, кој инаку е познат како „Ал Пачино“ и „Тони Монтана“ или „Лице со лузна“, е осуден на 336 години затвор. Тој во 1997 година убил татко и син во Албанија и побегнал во Британија. Две години подоцна со секира убил свој сонародник во Британија, по што побегнал во Италија, каде во Сицилија убил двајца мажи, наведува телевизијата.

Останатите се на возраст од 24 до 49 години и се осудени по најмалку 30 години затвор.

Албанскиот министер за правда Улси Мања најави дека депортацијата на затворениците ќе почне во септември.

The post Британците ќе ѝ плаќаат четири милиони евра годишно на Албанија за да си ги прибере убијците и силувачите appeared first on Република.

]]>

Врз основа на договорот потпишан меѓу двете земји, од британските во албанските затвори ќе бидат трансферирани 200 затвореници албански државјани.
Според неодамна ратификуваниот договор Велика Британија на Албанија ќе и плаќа по четири милиони фунти годишно за да ги преземе 200-те најопасни криминалци, осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога, јави Ора њуз.
Меѓу првите 17 кои ќе бидат трансферирани во албанските затвори, каде треба да ја доиздржат затворската казна е и серискиот убиец Мане Дриза.
Четириесет и петгодишниот Мане Дриза, серискиот убиец, кој инаку е познат како „Ал Пачино“ и „Тони Монтана“ или „Лице со лузна“, е осуден на 336 години затвор. Тој во 1997 година убил татко и син во Албанија и побегнал во Британија. Две години подоцна со секира убил свој сонародник во Британија, по што побегнал во Италија, каде во Сицилија убил двајца мажи, наведува телевизијата.
Останатите се на возраст од 24 до 49 години и се осудени по најмалку 30 години затвор. Албанскиот министер за правда Улси Мања најави дека депортацијата на затворениците ќе почне во септември.

The post Британците ќе ѝ плаќаат четири милиони евра годишно на Албанија за да си ги прибере убијците и силувачите appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Има индиции за огромен криминал и лица кои што бараат процент од компаниите кои се поврзани со министерството за здравство и Фондот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ima-inditsii-za-ogromen-kriminal-i-litsa-koi-shto-baraat-protsent-od-kompaniite-koi-se-povrzani-so-ministerstvoto-za-zdravstvo-i-fondot/ Thu, 22 Jun 2023 12:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=654055

При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Здруженијата за ретки болести упатија апел до институциите да реагираат поажурно при набавка на лекови за болните нагласи дека постојат индиции за огромен криминал и лица кои што бараат процент од компаниите кои се поврзани со министерството за здравство и Фондот за здравство.

Јас имам индиции и многу од компаниите кои што се некако поврзани со здравствениот систем во Македонија доаѓаат кај мене и сведочат за огромен криминал кој што се случува. Кога велам огромен криминал мислам на тоа дека тие ги исполниле своите обврски според договорот кој што се барал од нив а за да им биде платено се бараат проценти повратни од страна на лица кои што се дел од министерството за здравство но и од фондот. Што значи тоа? Тоа значи дека криминалците и таму ги завземале клучните позиции. Се додека криминалците царуваат луѓето ќе ни умираат по ходници, нема да добиваат нега, здравствена онаква каква што треба да добиваат, и се додека овие криминалци се таму каде што се луѓето кои што им е потребен лекот „Трикафта“ нема да го имаат во оние количини кои што треба да го имаат, ова вие што го кажавте, итн. Се додека овие криминалци не заминат, Македонија ќе ниже порази, првиот ден кога овие ќе заминат ќе имаме многу работа како идна влада но подготвени сме имаме план да ја вратиме надежта во Македонија и најдобрите денови допрва доаѓаат“, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Има индиции за огромен криминал и лица кои што бараат процент од компаниите кои се поврзани со министерството за здравство и Фондот appeared first on Република.

Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Спасовски? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kolku-kriminaltsi-so-dosie-dobile-dozvola-za-oruzhje-od-komisija-sostavena-od-spasovski/ Tue, 14 Mar 2023 11:25:57 +0000 https://republika.mk/?p=619526

Оливер Спасовски се крие зад флоскули на Фејсбук и не одговара на колку криминалци со досие од списокот „Безбеден град“, МВР со Музафер Каришиќ им издале дозвола за оружје?Дали Каришиќ со комисијата составена од Оливер Спасовски дал одобрение за оружје за Шукри Асани, лице со досие, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка во Скопје?, прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=IC_QpFXuRrY&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Чуму листа на криминалци со досиеја за тежок криминал, чуму проверки, покривање, следење и обработка,  чуму план „Безбеден град“, ако Каришиќ со комисијата на Спасовски им дава дозвола за оружје?

Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

Ова се прашања коишто не смеат да се игнорираат-нагласува Стоилковски.

Каришиќ е лице од доверба на Спасовски и на Тасевски, а началникот на крим-полиција е и прв во комисијата за Одобренија за оружја!

Срамота е Спасовски да се крие  на Фејсбук по скандал дека полиција дава дозволи за оружје на криминалци, додека се случуваат брутални мафијашки ликвидации во центарот на Скопје.Македонија ова со ништо не го заслужила! Неопходни се одговори и одговорност, а не шурување со криминалот.

The post Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Спасовски? appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски се крие зад флоскули на Фејсбук и не одговара на колку криминалци со досие од списокот „Безбеден град“, МВР со Музафер Каришиќ им издале дозвола за оружје?Дали Каришиќ со комисијата составена од Оливер Спасовски дал одобрение за оружје за Шукри Асани, лице со досие, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка во Скопје?, прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=IC_QpFXuRrY&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Чуму листа на криминалци со досиеја за тежок криминал, чуму проверки, покривање, следење и обработка,  чуму план „Безбеден град“, ако Каришиќ со комисијата на Спасовски им дава дозвола за оружје? Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?
Ова се прашања коишто не смеат да се игнорираат-нагласува Стоилковски.
Каришиќ е лице од доверба на Спасовски и на Тасевски, а началникот на крим-полиција е и прв во комисијата за Одобренија за оружја!
Срамота е Спасовски да се крие  на Фејсбук по скандал дека полиција дава дозволи за оружје на криминалци, додека се случуваат брутални мафијашки ликвидации во центарот на Скопје.Македонија ова со ништо не го заслужила! Неопходни се одговори и одговорност, а не шурување со криминалот.

The post Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Спасовски? appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Власта и институциите наместо да ги гонат, се ортаци со најголемите криминалци и наркобосови во државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vmro-dpmne-vlasta-i-institutsiite-namesto-da-gi-gonat-se-ortatsi-so-najgolemite-kriminaltsi-i-narkobosovi-vo-drzhavata/ Sun, 12 Mar 2023 09:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=618683

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека додека МВР на Оливер Спасовски се фали со нешто што никој не го гледа и чувствува, во сред Скопје, на само 300 метри од центарот на главниот град се случува филмско убиство, пасоши се делат на светски криминални босови, криминалот цвета.

Од партијата додаваат дека сето ова и се случува заради тоа што првите луѓе во државата и институциите шеруваат и се ортаци со кримилците и наркобосовите во Македонија, наместо да ги гонат.

Уште еден во низата на криминалци под заштита на власта е Самед Мисини од Ласкарци. Поточно ова лице е близок пријател на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и за тоа е целосно заштитено од кривичните дела кои изминатиов период ги има извршено.

Мисини сред бел ден, во населено место пика со огнено оружје и за ова постои видео на кое јасно се гледа кривичното дело за кое МВР на Оливер Спасовски досега нема превземено никакви дејствија.

Тој се поврзува и со други кривични дела, како што се насилство на избори за бркање на гласачи и набљудувачи, како и за физички напад на бизнисмен. Овој инцидент се има случено токму во кабинетот на поранешниот градоначалникна град Скопје, Петре Шилегов.

Неместо Мисини да биде во затвор тој е чест гостин во кабинетот на директорот на БЈБ, Тасевски.

За сите овие дела на Самед Мисини нема покренато никаква постапка и тоа само заради блискоста со Сашо Тасевски, човекот кој е најодговорен за јавната безбедност во Македонија.

Целосен молк од страна на МВР, Спасовски и Тасевски на прашањата кои беа поставени за ова лице и неговите кривични дела.

Се додека СДС и ДУИ се на чело на државата, Македонија ќе тоне во криминал и корупција. За тоа се потребни избори за што побрзо овие криминалци заминат во историјата, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта и институциите наместо да ги гонат, се ортаци со најголемите криминалци и наркобосови во државата appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека додека МВР на Оливер Спасовски се фали со нешто што никој не го гледа и чувствува, во сред Скопје, на само 300 метри од центарот на главниот град се случува филмско убиство, пасоши се делат на светски криминални босови, криминалот цвета. Од партијата додаваат дека сето ова и се случува заради тоа што првите луѓе во државата и институциите шеруваат и се ортаци со кримилците и наркобосовите во Македонија, наместо да ги гонат.
Уште еден во низата на криминалци под заштита на власта е Самед Мисини од Ласкарци. Поточно ова лице е близок пријател на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и за тоа е целосно заштитено од кривичните дела кои изминатиов период ги има извршено.   Мисини сред бел ден, во населено место пика со огнено оружје и за ова постои видео на кое јасно се гледа кривичното дело за кое МВР на Оливер Спасовски досега нема превземено никакви дејствија.   Тој се поврзува и со други кривични дела, како што се насилство на избори за бркање на гласачи и набљудувачи, како и за физички напад на бизнисмен. Овој инцидент се има случено токму во кабинетот на поранешниот градоначалникна град Скопје, Петре Шилегов.   Неместо Мисини да биде во затвор тој е чест гостин во кабинетот на директорот на БЈБ, Тасевски.   За сите овие дела на Самед Мисини нема покренато никаква постапка и тоа само заради блискоста со Сашо Тасевски, човекот кој е најодговорен за јавната безбедност во Македонија.   Целосен молк од страна на МВР, Спасовски и Тасевски на прашањата кои беа поставени за ова лице и неговите кривични дела.   Се додека СДС и ДУИ се на чело на државата, Македонија ќе тоне во криминал и корупција. За тоа се потребни избори за што побрзо овие криминалци заминат во историјата, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта и институциите наместо да ги гонат, се ортаци со најголемите криминалци и наркобосови во државата appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од Арачиново се шерифи во Скопје затоа што имаат заштита од МВР под Оливер Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vmro-dpmne-kriminalcite-od-arachinovo-se-sherifi-vo-skopje-zatoa-shto-imaat-zashtita-od-mvr-pod-oliver-spasovski/ Sun, 04 Dec 2022 08:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=581569

Криминалците од Арачиново се шерифи во Скопје затоа што имаат заштита од МВР под Оливер Спасовски. Наместо полицијата да ги гони криминалците, тие ги изгониле полицајците од полициска станица, а Оливер Спасовски ги обвини токму полицајците, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо нарко-бандата, Спасовски ги обвини полицајците кои што можеле многу лесно да бидат жртви на оваа криминална група. МВР и чесните полицајци се немоќни да се справат со оваа шерифска банда која што ја знае цело Скопје, само поради тоа што врвот на министерството е соработник на оваа банда.

Функционери од МВР наместо да го гонат криминалот се на линија со оваа група. Откако Спасовски е на чело на МВР, полицијата секојдневно ја тресат скандали а полицајците се се повеќе понижени и доведени во загрозувачка позиција. Македонија е препознаена како земја на корупција и криминал, а МВР како неспособно и без ниеден затворен случај.

Наместо за борба со криминалот, МВР со Спасовски стана познато како соработник за вадење пасоши и туѓ идентитет на белосветски мафијаши, познато по вмешаност во трговија со дрога што и американската ДЕА презема акции на македонската територија, политички функционери од МВР бранат криминалци од униформирани полицајци, се прават обиди да се забошотат свирепи убиства, како она што сега доби судска завршница.

Оливер Спасовски е седум години на власт во МВР, седум години во кои процвета криминалот и корупцијата, а Македонија стана пашалак на шерифи на нарко-банди. Потребни се избори, за расчистување со криминалот, корупцијата и шерифувањето на нарко-картелите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од Арачиново се шерифи во Скопје затоа што имаат заштита од МВР под Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>

Криминалците од Арачиново се шерифи во Скопје затоа што имаат заштита од МВР под Оливер Спасовски. Наместо полицијата да ги гони криминалците, тие ги изгониле полицајците од полициска станица, а Оливер Спасовски ги обвини токму полицајците, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо нарко-бандата, Спасовски ги обвини полицајците кои што можеле многу лесно да бидат жртви на оваа криминална група. МВР и чесните полицајци се немоќни да се справат со оваа шерифска банда која што ја знае цело Скопје, само поради тоа што врвот на министерството е соработник на оваа банда.   Функционери од МВР наместо да го гонат криминалот се на линија со оваа група. Откако Спасовски е на чело на МВР, полицијата секојдневно ја тресат скандали а полицајците се се повеќе понижени и доведени во загрозувачка позиција. Македонија е препознаена како земја на корупција и криминал, а МВР како неспособно и без ниеден затворен случај.   Наместо за борба со криминалот, МВР со Спасовски стана познато како соработник за вадење пасоши и туѓ идентитет на белосветски мафијаши, познато по вмешаност во трговија со дрога што и американската ДЕА презема акции на македонската територија, политички функционери од МВР бранат криминалци од униформирани полицајци, се прават обиди да се забошотат свирепи убиства, како она што сега доби судска завршница.   Оливер Спасовски е седум години на власт во МВР, седум години во кои процвета криминалот и корупцијата, а Македонија стана пашалак на шерифи на нарко-банди. Потребни се избори, за расчистување со криминалот, корупцијата и шерифувањето на нарко-картелите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците од Арачиново се шерифи во Скопје затоа што имаат заштита од МВР под Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>
Ковачевски за пасошите на Вукoтиќ, Звицер и Пекер смета дека е обид за саботажа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-pasoshite-na-vukotikj-zvicer-i-peker-smeta-deka-e-obid-za-sabotaza/ Thu, 27 Oct 2022 18:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=566546

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата ВИН-ВИН рече давањето на пасоши на балканските и светски кланови е обид за саботажа па дури и дека обвинетите се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Oва е опсежна истрага. Истрагата не ја води МВР туку Обвинителство. Нивна е проценката кога ќе се реализира акцијата.  Кога констатиравме дека е обид за саботажа, да обид за саботажа е.Имаше сериозен ризик од тие што беа вклучени а беа блиски до структури на ВМРО да ја напуштат државата.Не знам колку е тоа добро. Истрагата продолжува-објасни министерот.

The post Ковачевски за пасошите на Вукoтиќ, Звицер и Пекер смета дека е обид за саботажа appeared first on Република.

„Видимо се у читуљи“: Kриминалците се плашат да дадат некролог бидејќи можат да бидат следни за убиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vidimo-se-u-chitulji-kriminalcite-se-plashat-da-dadat-nekrolog-bidejkji-mozat-da-bidat-sledni-za-ubistvo/ Wed, 14 Sep 2022 12:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=550714

Убиствата на водачот на Шкаљарскиот клан, Јовица Вукотиќ, како и на Горан Влаовиќ и Миња Шаковиќ, за неполни два месеци, го кренаа на нозе целото подземје по една и пол година примирје и наметнаа во јавноста. прашањето: „Дали војната на криминалците некогаш ќе престане?“.

Повеќе од 60 членови на овие две криминални групи беа убиени во војната меѓу клановите во период од седум години. Истакнати членови, а сега лидери, беа убиени среде бел ден, обично на јавни места.

Шкаљарскиот речиси исчезна а нивната смрт очигледно го променила мотивот на злосторството.Сега криминалците дури и се плашат да дадат некролог за убиениот пријател бидејќи според мафијашките непишани правила тоа значи дека се следна цел.

The post „Видимо се у читуљи“: Kриминалците се плашат да дадат некролог бидејќи можат да бидат следни за убиство appeared first on Република.

]]>

Убиствата на водачот на Шкаљарскиот клан, Јовица Вукотиќ, како и на Горан Влаовиќ и Миња Шаковиќ, за неполни два месеци, го кренаа на нозе целото подземје по една и пол година примирје и наметнаа во јавноста. прашањето: „Дали војната на криминалците некогаш ќе престане?“. Повеќе од 60 членови на овие две криминални групи беа убиени во војната меѓу клановите во период од седум години. Истакнати членови, а сега лидери, беа убиени среде бел ден, обично на јавни места. Шкаљарскиот речиси исчезна а нивната смрт очигледно го променила мотивот на злосторството.Сега криминалците дури и се плашат да дадат некролог за убиениот пријател бидејќи според мафијашките непишани правила тоа значи дека се следна цел.  

The post „Видимо се у читуљи“: Kриминалците се плашат да дадат некролог бидејќи можат да бидат следни за убиство appeared first on Република.

]]>
Залудно набавил блиндирано возило: Tурскиот бизнисмен бил изрешетан со 16 куршуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zaludno-nabavil-blindirano-vozilo-turskiot-biznismen-bil-izreshetan-so-16-kurshumi/ Thu, 10 Feb 2022 19:54:04 +0000 https://republika.mk/?p=456934

Три лица се уапсени во Истанбул во врска со убиството на шефот на турската мафија Халил Фаљали. Еден од нив е Мустафа Сојлемез, шефот на криминалната организација позната како „Браќата Сојлемез“ и уште двајца негови соработници.

По убиството, тројцата со глисер заминале од Северен Кипар во Турција, каде за момент на пат кон брегот биле фатени и од безбедносните камери.Тројцата се на распит во полициската управа во Истанбул.

Возачот Мурат Демирташ го загуби животот за време на нападот, Халил Фаљали облеан во крв со возило на брза помош е пренесен во болницата во Никозија. Му била дадена континуирана масажа и вештачко дишење. И покрај сите интервенции, Фаљали починал во болница. Главниот доктор на болницата проф. Имал повеќе прострелни рани од глава до пети, и не можело да се спаси. Од телото на Фаљали биле извадени 16 куршуми.

https://republika.mk/vesti/balkan/izreshetan-najpoznatiot-kriminalec-vo-severen-kipar-sedat-peker-se-zalel-deka-mu-go-prezel-biznisot-so-kokain-od-juzna-amerika/

Организираното убиство се случило во населбата Чаталкој. Халил Фаљали, поседува хотели, казина и бизниси за виртуелно обложување надвор од Кипар.

Тој како нешто да претчуствувал па неодамна го зголемил бројот на чувари и патувал со оклопно возило. Откако го ставил семејството во блиндираното возило, за прв пат по подолго време патувал со друго возило.

Додека конвојот од три возила, од кои едното му припаѓаше на неговите телохранители, се приближувло кон вилата во Чаталкој, по тесниот и мрачен пат се забавил поради возило што го блокирало патот.

Првиот напаѓач, кој излегол од возилото кое го блокирало патот, прво отворил оган кон возачот Мурат Демирташ, а потоа и врз Халил Фаљали, кој седел на предното седиште од возилото. Тој бил застрелан со калашников. Во оклопното возило зад неговото семејство и третото возило со неговите телохранители не било пукано. Напаѓачите брзо избегале од местото на настанот со две возила, од кои едното било изнајмено, додека чуварите се обидувале да го обезбедат семејството.

The post Залудно набавил блиндирано возило: Tурскиот бизнисмен бил изрешетан со 16 куршуми appeared first on Република.

]]>

Три лица се уапсени во Истанбул во врска со убиството на шефот на турската мафија Халил Фаљали. Еден од нив е Мустафа Сојлемез, шефот на криминалната организација позната како „Браќата Сојлемез“ и уште двајца негови соработници. По убиството, тројцата со глисер заминале од Северен Кипар во Турција, каде за момент на пат кон брегот биле фатени и од безбедносните камери.Тројцата се на распит во полициската управа во Истанбул. Возачот Мурат Демирташ го загуби животот за време на нападот, Халил Фаљали облеан во крв со возило на брза помош е пренесен во болницата во Никозија. Му била дадена континуирана масажа и вештачко дишење. И покрај сите интервенции, Фаљали починал во болница. Главниот доктор на болницата проф. Имал повеќе прострелни рани од глава до пети, и не можело да се спаси. Од телото на Фаљали биле извадени 16 куршуми. https://republika.mk/vesti/balkan/izreshetan-najpoznatiot-kriminalec-vo-severen-kipar-sedat-peker-se-zalel-deka-mu-go-prezel-biznisot-so-kokain-od-juzna-amerika/ Организираното убиство се случило во населбата Чаталкој. Халил Фаљали, поседува хотели, казина и бизниси за виртуелно обложување надвор од Кипар. Тој како нешто да претчуствувал па неодамна го зголемил бројот на чувари и патувал со оклопно возило. Откако го ставил семејството во блиндираното возило, за прв пат по подолго време патувал со друго возило. Додека конвојот од три возила, од кои едното му припаѓаше на неговите телохранители, се приближувло кон вилата во Чаталкој, по тесниот и мрачен пат се забавил поради возило што го блокирало патот. Првиот напаѓач, кој излегол од возилото кое го блокирало патот, прво отворил оган кон возачот Мурат Демирташ, а потоа и врз Халил Фаљали, кој седел на предното седиште од возилото. Тој бил застрелан со калашников. Во оклопното возило зад неговото семејство и третото возило со неговите телохранители не било пукано. Напаѓачите брзо избегале од местото на настанот со две возила, од кои едното било изнајмено, додека чуварите се обидувале да го обезбедат семејството.

The post Залудно набавил блиндирано возило: Tурскиот бизнисмен бил изрешетан со 16 куршуми appeared first on Република.

]]>
Ова го има само на Балкан: Додека играат фудбал, надвор криминалци се пресметуваат https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ova-go-ima-samo-na-balkan-dodeka-igraat-fudbal-nadvor-kriminalci-se-presmetuvaat/ Sun, 23 Jan 2022 14:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=448361

Неверојатна ситуација се случи на пријателскиот фудбалски натпревар во Босна и Херцеговина меѓу Лубушки и Сараево

https://www.youtube.com/watch?v=21KK9cI6GuE

Додека го играле натпреварот недалеку од стадионот се слушнале истрели на криминалци кои се пресметувале во тој момент.

Натпреварот во тој момент не бил прекинат, но ситуацијата била крајно опасна, јавуваат порталите од БиХ. Според првите информации, уапсени се шест лица, а има и повредени. Припадниците на МВР од двата кантона реагираа за што поскоро прекинување на нередите.

The post Ова го има само на Балкан: Додека играат фудбал, надвор криминалци се пресметуваат appeared first on Република.

]]>

Неверојатна ситуација се случи на пријателскиот фудбалски натпревар во Босна и Херцеговина меѓу Лубушки и Сараево   https://www.youtube.com/watch?v=21KK9cI6GuE Додека го играле натпреварот недалеку од стадионот се слушнале истрели на криминалци кои се пресметувале во тој момент. Натпреварот во тој момент не бил прекинат, но ситуацијата била крајно опасна, јавуваат порталите од БиХ. Според првите информации, уапсени се шест лица, а има и повредени. Припадниците на МВР од двата кантона реагираа за што поскоро прекинување на нередите.    

The post Ова го има само на Балкан: Додека играат фудбал, надвор криминалци се пресметуваат appeared first on Република.

]]>
Приведени повеќе криминалци барани со потерници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedeni-povekje-kriminalci-barani-so-poternici/ Thu, 06 Jan 2022 10:57:29 +0000 https://republika.mk/?p=441272

Денеска (06.01.2022) во 03.00 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода Т.Т.(38) од с.Маково. Тој бил баран по потерница од Казнено-поправната установа Затвор Битола за доиздржување затворска казна.

Тој бил предаден во Казнено-поправната устаноца Затвор Битола за доиздржување на казната затвор. На 05.01.2022 во 14.20 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Слатино. Тој бил баран по потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. На 05.01.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле А.А.(23) од Радовиш. Тој бил баран со потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

The post Приведени повеќе криминалци барани со потерници appeared first on Република.

]]>

Денеска (06.01.2022) во 03.00 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода Т.Т.(38) од с.Маково. Тој бил баран по потерница од Казнено-поправната установа Затвор Битола за доиздржување затворска казна. Тој бил предаден во Казнено-поправната устаноца Затвор Битола за доиздржување на казната затвор. На 05.01.2022 во 14.20 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода М.Љ.(47) од с.Слатино. Тој бил баран по потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 206 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната. На 05.01.2022 во 21.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле А.А.(23) од Радовиш. Тој бил баран со потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

The post Приведени повеќе криминалци барани со потерници appeared first on Република.

]]>