крил петков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kril-petkov/ За подобро да се разбереме Mon, 21 Mar 2022 09:05:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крил петков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kril-petkov/ 32 32 Петков за „Катимерини“: Поддршка за ЕУ перспективата на Скопје, но со гаранции во Уставот за правата на Бугарите во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/petkov-za-katimerini-poddrshka-za-eu-perspektivata-na-skopje-no-so-garancii-vo-ustavot-za-pravata-na-bugarite-vo-makedonija/ Mon, 21 Mar 2022 09:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=475941

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ изразува поддршка за европската перспектива на Македонија, но додава дека е потребно прво да се решат одредени прашања, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Македонија со гаранции во Уставот.

Ние сме за европската перспектива на Македонија, како и на Албанија. Но, постојат одредени работи што треба прво да се решат, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Македонија, со гаранции во рамките на Уставот. Имаме план и многу добра комуникација со Владата на Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред - изјави бугарскиот премиер.

Говорејќи за енергетската соработка со Грција, Петков вели дека по последните случувања „потребна е поголема диверзификација на енергетските извори“ и на тоа тесно работат со грчката Влада, а целта, како што рече е, „да се зајакнат енергетските поврзувања на двете земји преку гасоводот ИГБ, за Бугарија да има пристап до гасот од Азербејџан, но и до резервите на течен природен гас ЛНГ во Александруполи“.

Во однос на перспективата за билатерален договор за снабдување со нуклеарна енергија од Бугарија за Грција, бугарскиот премиер објаснува дека на Грција ѝ е потребна поевтина струја, а Бугарија има нуклеарна енергија, па така двете земји можат да работат заедно „градејќи долгорочни односи преку создавањето нуклеарна централа, со взаемна корист, во област која е значајна алтернатива за недостигот на енергија во нашиот регион“.

Петков додаде дека во оваа фаза се разгледуваат потенцијалните добавувачи и се спроведува студија, по што ќе бидат доставени конкретни предлози до Грција и во период од 12 месеци би можело да постои јасна слика за целиот проект.

The post Петков за „Катимерини“: Поддршка за ЕУ перспективата на Скопје, но со гаранции во Уставот за правата на Бугарите во Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ изразува поддршка за европската перспектива на Македонија, но додава дека е потребно прво да се решат одредени прашања, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Македонија со гаранции во Уставот.
Ние сме за европската перспектива на Македонија, како и на Албанија. Но, постојат одредени работи што треба прво да се решат, како што е почитувањето на правата на Бугарите во Македонија, со гаранции во рамките на Уставот. Имаме план и многу добра комуникација со Владата на Македонија и се надеваме дека брзо ќе одиме напред - изјави бугарскиот премиер.
Говорејќи за енергетската соработка со Грција, Петков вели дека по последните случувања „потребна е поголема диверзификација на енергетските извори“ и на тоа тесно работат со грчката Влада, а целта, како што рече е, „да се зајакнат енергетските поврзувања на двете земји преку гасоводот ИГБ, за Бугарија да има пристап до гасот од Азербејџан, но и до резервите на течен природен гас ЛНГ во Александруполи“. Во однос на перспективата за билатерален договор за снабдување со нуклеарна енергија од Бугарија за Грција, бугарскиот премиер објаснува дека на Грција ѝ е потребна поевтина струја, а Бугарија има нуклеарна енергија, па така двете земји можат да работат заедно „градејќи долгорочни односи преку создавањето нуклеарна централа, со взаемна корист, во област која е значајна алтернатива за недостигот на енергија во нашиот регион“. Петков додаде дека во оваа фаза се разгледуваат потенцијалните добавувачи и се спроведува студија, по што ќе бидат доставени конкретни предлози до Грција и во период од 12 месеци би можело да постои јасна слика за целиот проект.

The post Петков за „Катимерини“: Поддршка за ЕУ перспективата на Скопје, но со гаранции во Уставот за правата на Бугарите во Македонија appeared first on Република.

]]>