КРИК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krik/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 16:11:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КРИК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krik/ 32 32 Предавање на политичката теоретичарка Изабел Лорај на КРИК – фестивалот за критичка култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/predavane-na-politichkata-teoreticharka-izabel-loraj-na-krik-festivalot-za-kritichka-kultura/ Sun, 30 Jun 2024 16:09:42 +0000 https://republika.mk/?p=792174

Програмата на деветтото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура продолжува утре, на први јули во 19:30 часот, во Националната галерија Чифте амам, со предавање на една од најинтересните современи промислувачки на квир феминизмот, Изабел Лорај.

Таа ќе одржи предавање насловено како „Презентистичка демократија: Практика на грижа и квир долг“, во кое ќе се тематизираат сегашните практики и потенцијали на општествената грижа, кои можат да бидат основа за моделот на демократија во сегашноста.

Сегашноста, која несомнено се одликува со екстремни услови на прекарност во работата и животот, исто така отвора поле во кое споделената прекаријарност и взаемно зависење може да се зачува. Новата концепција на прекаријарност се заснова на квир/црн и конечно лош долг, долг кон меѓусебната зависност, во смисла на бескрајно должнички односи на грижа. Наспроти машкиот долг, кој наложува сигурност и е насочен кон иднината, долг кој воспоставува фиксни индивидуализирани субјективности, оној кој не ја експлоатира работата, туку општественоста и животот, и кој се базира на односот заемодавач-заемопримач, Изабел го повикува квир долгот како средство за дисперзија на грижата и политиката во сегашноста“, се вели во најавата за предавањето.

После предавањето на англиски јазик, во разговор со Артан Садику, ќе се дискутираат прашањата: Како да се ослободиме од позицијата на субјективитетот на долгот што ни го наметнува сегашниот систем? И како да се организира дисперзирана социјализирана грижа за да се бориме против временската оскудица на сегашноста?

Изабел Лорај е политичка теоретичарка и професорка по квир студии на Академијата за медиумски уметности (KHM) во Келн и работи за transversal texts (transversal.at), платформата за издаваштво на Европскиот институт за прогресивни културни политики (eipcp). Таа е авторка на неколку книги, меѓу кои „Состојба на несигурност: Влада на несигурните“, „Демократија во политичката сегашност: Квир- феминистичка теорија“.

 

The post Предавање на политичката теоретичарка Изабел Лорај на КРИК – фестивалот за критичка култура appeared first on Република.

]]>

Програмата на деветтото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура продолжува утре, на први јули во 19:30 часот, во Националната галерија Чифте амам, со предавање на една од најинтересните современи промислувачки на квир феминизмот, Изабел Лорај. Таа ќе одржи предавање насловено како „Презентистичка демократија: Практика на грижа и квир долг“, во кое ќе се тематизираат сегашните практики и потенцијали на општествената грижа, кои можат да бидат основа за моделот на демократија во сегашноста.
Сегашноста, која несомнено се одликува со екстремни услови на прекарност во работата и животот, исто така отвора поле во кое споделената прекаријарност и взаемно зависење може да се зачува. Новата концепција на прекаријарност се заснова на квир/црн и конечно лош долг, долг кон меѓусебната зависност, во смисла на бескрајно должнички односи на грижа. Наспроти машкиот долг, кој наложува сигурност и е насочен кон иднината, долг кој воспоставува фиксни индивидуализирани субјективности, оној кој не ја експлоатира работата, туку општественоста и животот, и кој се базира на односот заемодавач-заемопримач, Изабел го повикува квир долгот како средство за дисперзија на грижата и политиката во сегашноста“, се вели во најавата за предавањето.
После предавањето на англиски јазик, во разговор со Артан Садику, ќе се дискутираат прашањата: Како да се ослободиме од позицијата на субјективитетот на долгот што ни го наметнува сегашниот систем? И како да се организира дисперзирана социјализирана грижа за да се бориме против временската оскудица на сегашноста? Изабел Лорај е политичка теоретичарка и професорка по квир студии на Академијата за медиумски уметности (KHM) во Келн и работи за transversal texts (transversal.at), платформата за издаваштво на Европскиот институт за прогресивни културни политики (eipcp). Таа е авторка на неколку книги, меѓу кои „Состојба на несигурност: Влада на несигурните“, „Демократија во политичката сегашност: Квир- феминистичка теорија“.  

The post Предавање на политичката теоретичарка Изабел Лорај на КРИК – фестивалот за критичка култура appeared first on Република.

]]>
Контрапункт ја објави „Уметност и револуција“ на македонски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontrapunkt-ja-objavi-umetnost-i-revolutsija-na-makedonski-jazik/ Sat, 29 Jun 2024 16:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=791899

Во рамки на 9-тото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура, годинава Контрапункт, во својата едиција Пунктум посветена на новите критичко-теориски правци на мислата и дејствувањето, ја објавува „Уметност и револуција“ на македонски јазик една од три книги од еден од најзначајните и најпредизвикувачките теоретичари на уметноста и филозофи, комплексно полемичниот Гералд Рауниг.

„Уметност и револуција“ ќе биде промовирана на 3 јули, со почеток во 19:30 часот во Националната галерија „Чифте амам“, низ дијалог помеѓу Рауниг и Ивана Драгшиќ.

Оваа култната книга е во брилијантен превод од германски јазик на Катерина Шекутковска.

 

The post Контрапункт ја објави „Уметност и револуција“ на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Во рамки на 9-тото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура, годинава Контрапункт, во својата едиција Пунктум посветена на новите критичко-теориски правци на мислата и дејствувањето, ја објавува „Уметност и револуција“ на македонски јазик една од три книги од еден од најзначајните и најпредизвикувачките теоретичари на уметноста и филозофи, комплексно полемичниот Гералд Рауниг. „Уметност и револуција“ ќе биде промовирана на 3 јули, со почеток во 19:30 часот во Националната галерија „Чифте амам“, низ дијалог помеѓу Рауниг и Ивана Драгшиќ. Оваа култната книга е во брилијантен превод од германски јазик на Катерина Шекутковска.  

The post Контрапункт ја објави „Уметност и револуција“ на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Со предавање за Палестина продолжува осмото издание на КРИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-predavane-za-palestina-prodolzhuva-osmoto-izdanie-na-krik/ Thu, 07 Sep 2023 07:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=679533

Cо предавањето „Во потрага по убавината на Палестина за време на окупација“ на Раед Саадех, започнува вториот дел од осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапункт“. Оваа година фестивалот се оржува на тема „Заробени во слободата – уметноста и заедницата“.

Предавањето ќе се одржи на 9 септември, 2023 (сабота), во КСП „Центар – Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн бр.2), со почеток во 20 часот.

За да се заштити континуираното постоење на Палестинците како окупирана нација и нивната политичка иднина, како и да се зачува нивното материјално и нематеријално наследство, особено во позагрозените области, оние кои се блиску до населбите, но и во оддалечените области, од витално значење е да се бараат карактеристични елементи кои ги формулираат специфичните идентитети на овие потенцијални дестинации со културно наследство, каде туризмот може да се согледа како алатка за издржливост и развој. Идејата за потрагата по убавината на Палестина која е вкоренета во нејзината демографска, културна, еколошка и природна разновидност е од витално значење за народот чии корени и наративи се оспорувани и искоренети од израелската окупација. Ова предавање ќе се обиде да претстави пристап кон одржлива сензибилизација на специфичните културни идентитети на овие локалитети и методологија за селата, градовите и другите заедници, со цел да се формулира стратегија на одржливост и развој.

Раед Саадех е активист и застапник на туризмот во заедницата и зачувувањето на културното наследство во Палестина. Тој е поранешен претседател на арапската (палестинска) хотелска асоцијација. Тој е ко-основач и претседател на „Розана“ – здружние за конзервација на архитектонското наследство и развој на руралниот туризам, со седиште во Бирзеит. Раед Саадех е, исто така, сопственик и генерален директор на хотелот Ерусалим, во Ерусалим, хотел за наследство, за кој тој ги направи концептот и дизајнот. Првично обучен како машински инженер Дипл. на Универзитетот Сиракуза, во Њујорк, по што магистрирал на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв, во Кливленд. Тој е ко-основач и член на одборот на „Палестинскиот уметнички суд“, член на одборот на Фондацијата за современа уметност „Мамал“, претседател на организацијата „Sunbula“ за фер трговија и развој на ракотворби и ко-основач и поранешен претседател на „Yabous Productions“ за изведувачки уметности. Неговите сегашни напори се фокусирани на развивање на концептот на туристички одбор на Алкудс/Ерусалим, кој е наменет да ги максимизира економските придонеси и придобивки на локалната заедница во Алкудс. Исто така, тој е и еден од главните лидери и ко-основач на „Мрежата за искуствени палестински туристички организации“, како и ко-основач и претседавач на „Palestinian Heritage Trail“.

Како и во последните неколку години, КРИК се одвива во неколку кластери низ годината, бидејќи обидот да ја живееме и поттикнуваме критичката култура не може да биде еднократен – тоа е влог кој трае континуирано и постојано, велат организаторите.

Низ разни теориски, уметнички и социјални практики ќе ги испитуваме и истражуваме, формите на рабните, субверзивни стратегии на алтернативни простори на слободата кои ќе стојат наспрема репресивните општествени и институционални форми кои го контролираат нашето слободно време, сфатено како време во кое ги остваруваме нашите императивни цели, поврзано со создавањето на општествени заедници кои се грижат за заедничкото добро, за зелените политики аплицирани во сите сегменти на заедницата и кои сакаат да ги редефинираат актуелните, капиталистички, „пазарни“ политички концепти кои безмилосно газат врз сѐ што треба да го создава емпатичниот, праведен и солидарен поредок.

 

The post Со предавање за Палестина продолжува осмото издание на КРИК appeared first on Република.

]]>

Cо предавањето „Во потрага по убавината на Палестина за време на окупација“ на Раед Саадех, започнува вториот дел од осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапункт“. Оваа година фестивалот се оржува на тема „Заробени во слободата – уметноста и заедницата“. Предавањето ќе се одржи на 9 септември, 2023 (сабота), во КСП „Центар – Јадро“ (ул. Алберт Ајнштајн бр.2), со почеток во 20 часот. За да се заштити континуираното постоење на Палестинците како окупирана нација и нивната политичка иднина, како и да се зачува нивното материјално и нематеријално наследство, особено во позагрозените области, оние кои се блиску до населбите, но и во оддалечените области, од витално значење е да се бараат карактеристични елементи кои ги формулираат специфичните идентитети на овие потенцијални дестинации со културно наследство, каде туризмот може да се согледа како алатка за издржливост и развој. Идејата за потрагата по убавината на Палестина која е вкоренета во нејзината демографска, културна, еколошка и природна разновидност е од витално значење за народот чии корени и наративи се оспорувани и искоренети од израелската окупација. Ова предавање ќе се обиде да претстави пристап кон одржлива сензибилизација на специфичните културни идентитети на овие локалитети и методологија за селата, градовите и другите заедници, со цел да се формулира стратегија на одржливост и развој. Раед Саадех е активист и застапник на туризмот во заедницата и зачувувањето на културното наследство во Палестина. Тој е поранешен претседател на арапската (палестинска) хотелска асоцијација. Тој е ко-основач и претседател на „Розана“ – здружние за конзервација на архитектонското наследство и развој на руралниот туризам, со седиште во Бирзеит. Раед Саадех е, исто така, сопственик и генерален директор на хотелот Ерусалим, во Ерусалим, хотел за наследство, за кој тој ги направи концептот и дизајнот. Првично обучен како машински инженер Дипл. на Универзитетот Сиракуза, во Њујорк, по што магистрирал на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв, во Кливленд. Тој е ко-основач и член на одборот на „Палестинскиот уметнички суд“, член на одборот на Фондацијата за современа уметност „Мамал“, претседател на организацијата „Sunbula“ за фер трговија и развој на ракотворби и ко-основач и поранешен претседател на „Yabous Productions“ за изведувачки уметности. Неговите сегашни напори се фокусирани на развивање на концептот на туристички одбор на Алкудс/Ерусалим, кој е наменет да ги максимизира економските придонеси и придобивки на локалната заедница во Алкудс. Исто така, тој е и еден од главните лидери и ко-основач на „Мрежата за искуствени палестински туристички организации“, како и ко-основач и претседавач на „Palestinian Heritage Trail“. Како и во последните неколку години, КРИК се одвива во неколку кластери низ годината, бидејќи обидот да ја живееме и поттикнуваме критичката култура не може да биде еднократен – тоа е влог кој трае континуирано и постојано, велат организаторите. Низ разни теориски, уметнички и социјални практики ќе ги испитуваме и истражуваме, формите на рабните, субверзивни стратегии на алтернативни простори на слободата кои ќе стојат наспрема репресивните општествени и институционални форми кои го контролираат нашето слободно време, сфатено како време во кое ги остваруваме нашите императивни цели, поврзано со создавањето на општествени заедници кои се грижат за заедничкото добро, за зелените политики аплицирани во сите сегменти на заедницата и кои сакаат да ги редефинираат актуелните, капиталистички, „пазарни“ политички концепти кои безмилосно газат врз сѐ што треба да го создава емпатичниот, праведен и солидарен поредок.  

The post Со предавање за Палестина продолжува осмото издание на КРИК appeared first on Република.

]]>
На фестивалот КРИК гостува Мaргрет Гребович https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-festivalot-krik-gostuva-margret-grebovich/ Fri, 19 May 2023 16:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=642760

Во рамки на програмата на годинешново осмо издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, кој е тематски насловен како „Заробени во слободата“, гостува Мaргрет Гребович, која ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Изумот на збогатувањето: кучиња, луѓе, храна и работа“. Настанот ќе се одржи в сабота на 20 мај со почеток во 20 часот во просториите на КСП Центар Јадро.

Фокусот на професорката Гребович е континенталнaта филозофија. Таа ги истражува еколошката имагинација и желба. Гребович е особено заинтересирана за дивината, јавните земјишта, дивите животни и чувањето миленичиња. Во изминатите две години таа спроведува теренско истражување на јужната граница на САД, пишувајќи за миграцијата и зачувувањето.

Настанот ќе се одржи на англиски јазик.

The post На фестивалот КРИК гостува Мaргрет Гребович appeared first on Република.

]]>

Во рамки на програмата на годинешново осмо издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, кој е тематски насловен како „Заробени во слободата“, гостува Мaргрет Гребович, која ќе одржи предавање проследено со дискусија на тема „Изумот на збогатувањето: кучиња, луѓе, храна и работа“. Настанот ќе се одржи в сабота на 20 мај со почеток во 20 часот во просториите на КСП Центар Јадро. Фокусот на професорката Гребович е континенталнaта филозофија. Таа ги истражува еколошката имагинација и желба. Гребович е особено заинтересирана за дивината, јавните земјишта, дивите животни и чувањето миленичиња. Во изминатите две години таа спроведува теренско истражување на јужната граница на САД, пишувајќи за миграцијата и зачувувањето. Настанот ќе се одржи на англиски јазик.

The post На фестивалот КРИК гостува Мaргрет Гребович appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику во Чифте амам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-subjekt-ivna-politika-od-artan-sadiku-vo-chifte-amam/ Tue, 24 Jan 2023 11:05:03 +0000 https://republika.mk/?p=600431

Вечерва, со почеток во 19 часот во Национална галерија „Чифте амам“ ќе се одржи промоцијата на книгата на Артан Садику, провокативно насловена „Субјект(ивна) политика“. Книгата е во издание на „Контрапункт“  во рамки на својата едиција за критичка теорија, политичка филозофија и современа култура „Пунктум“, која произлезе од платформата за критичка култура КРИК.

Промоцијата ќе биде во формат на дијалог помеѓу Артан Садику и Славчо Димитров кој е водечкиот теоретичар во сферата на критичката теорија, родовите и квир наративите. Артан Садику е еден од најмаркатните, исклучителните промислувачи на општеството, граѓанинот, новите форми на отпор и поинаквите, отстапувачки и неретко радикални форми на заедницата.

Садику е истражувач, теоретичар и активист кој има докторат по филозофија. Негови примарни научни интереси се теориите на субјектот, феминизмот, радикалните пракси во политиката и уметноста. Работел во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје каде ја водел Школата за критика и политика и е основач на Левичарското Движење Солидарност и Културниот Клуб Синдиката. Студирал и истражувал во универзитетите во Минхен, Балтимор, Осло и Амстердам.

Димитров има дипломирано на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет на УКИМ, Скопје. Магистрира, првин, на Родови студии и филозофија на Институтот Евро-Балкан, а потоа на катедрата за Мултидисциплинарни родови студии на Универзитет на Кембриџ. Моментално ја работи својата докторска теза на Факултетот за медиуми и комуникации СИНГИДУНУМ во Белград.

Седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура започна во јуни, 2022 година и се одвиваше во неколку сесии на тема „Во постојан отпор“. Програмски уредници се Искра Гешоска и Артан Садику. Учесници на седмото издание на фестивалот беа: Нејтан Браун, Синтија Мичел (Канада), Билал Јилмаз (Турција), Лидија Хаѕиоану (Грција), во соработка со Тииит! Инк, Шејла Камериќ (Босна и Херцеговина), Петар Милат (Хрватска), Станимир Панајотов, Ангел Симитчев, Мартин Луканов, Иван Шентов (Бугарија), Феликс Фалцук, Јохана Хершел (Германија), Сезгин Бојник (Косово/Финска), Бен Вотсон (Велика Британија), Милица Пекиќ (Србија), Славчо Димитров, Никола Маџиров, Ивана Хаџиевска, Владимир Јанковски, Елизабета Шелева, Ивана Драгшиќ, Тамара Ристовска и други (Македонија).

 

The post Промоција на „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток во 19 часот во Национална галерија „Чифте амам“ ќе се одржи промоцијата на книгата на Артан Садику, провокативно насловена „Субјект(ивна) политика“. Книгата е во издание на „Контрапункт“  во рамки на својата едиција за критичка теорија, политичка филозофија и современа култура „Пунктум“, која произлезе од платформата за критичка култура КРИК. Промоцијата ќе биде во формат на дијалог помеѓу Артан Садику и Славчо Димитров кој е водечкиот теоретичар во сферата на критичката теорија, родовите и квир наративите. Артан Садику е еден од најмаркатните, исклучителните промислувачи на општеството, граѓанинот, новите форми на отпор и поинаквите, отстапувачки и неретко радикални форми на заедницата. Садику е истражувач, теоретичар и активист кој има докторат по филозофија. Негови примарни научни интереси се теориите на субјектот, феминизмот, радикалните пракси во политиката и уметноста. Работел во Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје каде ја водел Школата за критика и политика и е основач на Левичарското Движење Солидарност и Културниот Клуб Синдиката. Студирал и истражувал во универзитетите во Минхен, Балтимор, Осло и Амстердам. Димитров има дипломирано на катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет на УКИМ, Скопје. Магистрира, првин, на Родови студии и филозофија на Институтот Евро-Балкан, а потоа на катедрата за Мултидисциплинарни родови студии на Универзитет на Кембриџ. Моментално ја работи својата докторска теза на Факултетот за медиуми и комуникации СИНГИДУНУМ во Белград. Седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура започна во јуни, 2022 година и се одвиваше во неколку сесии на тема „Во постојан отпор“. Програмски уредници се Искра Гешоска и Артан Садику. Учесници на седмото издание на фестивалот беа: Нејтан Браун, Синтија Мичел (Канада), Билал Јилмаз (Турција), Лидија Хаѕиоану (Грција), во соработка со Тииит! Инк, Шејла Камериќ (Босна и Херцеговина), Петар Милат (Хрватска), Станимир Панајотов, Ангел Симитчев, Мартин Луканов, Иван Шентов (Бугарија), Феликс Фалцук, Јохана Хершел (Германија), Сезгин Бојник (Косово/Финска), Бен Вотсон (Велика Британија), Милица Пекиќ (Србија), Славчо Димитров, Никола Маџиров, Ивана Хаџиевска, Владимир Јанковски, Елизабета Шелева, Ивана Драгшиќ, Тамара Ристовска и други (Македонија).  

The post Промоција на „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Изложба „Сенките на занаетите“ на Билал Јилмаз утре на програмата на фестивалот „КРИК“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-senkite-na-zanaetite-na-bilal-jilmaz-utre-na-programata-na-festivalot-krik/ Wed, 29 Jun 2022 11:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=521095

Во рамки на програмата на седмото издание на „КРИК“, фестивалот за критичка култура, утревевечер (четврток, 30 јуни) во КСП Центар – Јадро, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Сенките на занаетите: инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз.

Изложбата е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура во Скопје, реализирано за време на едномесечениот престој на уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану во рамките на КРИК – фестивал за критичка култура, заедно со учество на локални креативци. Во контекст на нивниот проект Creative – Craft Platform (Креативна платформа за занаети), Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану имаат цел да воспостават мрежи и заедници на занаети и креативци во контекст на предизвиците кои ги носи со себе постиндустриското општество“, стои во соопштението од фестивалот.

Како што информираат оттаму, проектот нуди алатки за воспоставување колективна архива на занаетчиската култура и активирање на креативците да размислуваат за потенцијалот на занаетчиството, притоа документирајќи и разбирајќи ги аспектите на трансформацијата на занаетчиството во современиот контекст.

Скопје е првиот град кој е мапиран надвор од Турција, по Истанбул и Ајвалик. Партиципативното истражување реализирано во изминатите неколку недели е претставено на интерактивна дигитална мапа. Тоа е првиот чекор кон формирање на локална заедница на креативци и занаети, која ќе стане дел од динамична меѓународна мрежа на мапирани градови. Инсталацијата го визуелизира процесот на мапирање и истражување, преку предмети и звуци кои го претставуваат занаетчискиот пејзаж на градот, додаваат оттаму.

 

The post Изложба „Сенките на занаетите“ на Билал Јилмаз утре на програмата на фестивалот „КРИК“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на програмата на седмото издание на „КРИК“, фестивалот за критичка култура, утревевечер (четврток, 30 јуни) во КСП Центар – Јадро, во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Сенките на занаетите: инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз.
Изложбата е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура во Скопје, реализирано за време на едномесечениот престој на уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану во рамките на КРИК – фестивал за критичка култура, заедно со учество на локални креативци. Во контекст на нивниот проект Creative – Craft Platform (Креативна платформа за занаети), Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану имаат цел да воспостават мрежи и заедници на занаети и креативци во контекст на предизвиците кои ги носи со себе постиндустриското општество“, стои во соопштението од фестивалот.
Како што информираат оттаму, проектот нуди алатки за воспоставување колективна архива на занаетчиската култура и активирање на креативците да размислуваат за потенцијалот на занаетчиството, притоа документирајќи и разбирајќи ги аспектите на трансформацијата на занаетчиството во современиот контекст.
Скопје е првиот град кој е мапиран надвор од Турција, по Истанбул и Ајвалик. Партиципативното истражување реализирано во изминатите неколку недели е претставено на интерактивна дигитална мапа. Тоа е првиот чекор кон формирање на локална заедница на креативци и занаети, која ќе стане дел од динамична меѓународна мрежа на мапирани градови. Инсталацијата го визуелизира процесот на мапирање и истражување, преку предмети и звуци кои го претставуваат занаетчискиот пејзаж на градот, додаваат оттаму.
 

The post Изложба „Сенките на занаетите“ на Билал Јилмаз утре на програмата на фестивалот „КРИК“ appeared first on Република.

]]>
Поетско читање вечерва на фестивалот КРИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetsko-chitanje-vecherva-na-festivalot-krik/ Fri, 24 Jun 2022 10:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=519219

Во рамки на програмата на КРИК – фестивал за критичка култура вечерва, 24 јуни ќе се одржи поетско читање и одбележување на двотомното издание на преводот од француски на англиски јазик на книгата на Нејтан Браун, „Сенката на Бодлер — Есеј за поетската определба“ Ќе биде промовирано и придружното изднаие на анализата на преведувачот Џед Расула. Станува збор за заеднички издавачки меѓународен проект на Мултимедијалниот институт од Загреб и Контрапункт од Скопје. Настанот ќе се одржи во предворјето на Даут пашин амам. За изданието ќе говори Петар Милат (Хрватска).

Централна, неизбежна противречност се провлекува низ Цвеќињата на злото: да се биде одлучен значи да се одреди. Во Бодлеровата сенка, Нејтан Браун го разјаснува и теоретизира овој дијалектички проблем на определување кој се проткајува низ духовните, сексуалните, метафизичките, социјалните и естетските драми на обемот на Бодлер. Комбинирајќи блиска формална анализа на одредени песни со синтетичко разбирање на книгата како целина, притоа развивајќи филозофски пристап способен да се справи со нејзините сложени иронии, Браун ги проучува фигурите на посредување низ поглавјата фокусирани на смртта, празнината и актуелноста на општественото, вели професорот Браун.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот Конкордија, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“, и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

Петар Милат моментално работи како програмски раководител во Мултимедијалниот институт / MaMa [Загреб, Хрватска], каде е задолжен за издаваштво, експериментална музика и филмски програми. Од 2008 година тој е директор на Филмскиот фестивал за човекови права, фестивал на cinéma d'auteur engagé. Главниот фокус на неговото истражување е врската помеѓу нормативната социјална и естетска теорија. Во 2018 година бил член на жирито на фестивалот за кратки филмови во Оберхаузен.

Синоќа, во магичниот простор на Сули ан се одржа настанот „Гозба или за љубовта” концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми, каде што Елизабета Шелева, Славчо Димитров, Никола Маџиров, Владимир Јанковски, Петар Милат (Хрватска), Милица Пекиќ (Србија) и Ивана Хаџиевска и Артан Садику со храна и пијалок заедно со публиката говореа за нивните сфаќања за демократија и слободата во 21 – век. Како треба да изгледа вистински демократска заедница, дали развојот на технологијата ни донесе повеќе слобода, дали вистинската демократска заедница е утопија, каква е улогата на љубовта во политиката, беа некои од темите за кои се разговараше на овој настан.

КРИК – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси.

Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат во јавната сфера критичка дебата преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми.

Тимот на КРИК - фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Петар Милат, Јана Коцевска, Тијана Ана, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ.

Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност

The post Поетско читање вечерва на фестивалот КРИК appeared first on Република.

]]>

Во рамки на програмата на КРИК – фестивал за критичка култура вечерва, 24 јуни ќе се одржи поетско читање и одбележување на двотомното издание на преводот од француски на англиски јазик на книгата на Нејтан Браун, „Сенката на Бодлер — Есеј за поетската определба“ Ќе биде промовирано и придружното изднаие на анализата на преведувачот Џед Расула. Станува збор за заеднички издавачки меѓународен проект на Мултимедијалниот институт од Загреб и Контрапункт од Скопје. Настанот ќе се одржи во предворјето на Даут пашин амам. За изданието ќе говори Петар Милат (Хрватска).
Централна, неизбежна противречност се провлекува низ Цвеќињата на злото: да се биде одлучен значи да се одреди. Во Бодлеровата сенка, Нејтан Браун го разјаснува и теоретизира овој дијалектички проблем на определување кој се проткајува низ духовните, сексуалните, метафизичките, социјалните и естетските драми на обемот на Бодлер. Комбинирајќи блиска формална анализа на одредени песни со синтетичко разбирање на книгата како целина, притоа развивајќи филозофски пристап способен да се справи со нејзините сложени иронии, Браун ги проучува фигурите на посредување низ поглавјата фокусирани на смртта, празнината и актуелноста на општественото, вели професорот Браун.
Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот Конкордија, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“, и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“. Петар Милат моментално работи како програмски раководител во Мултимедијалниот институт / MaMa [Загреб, Хрватска], каде е задолжен за издаваштво, експериментална музика и филмски програми. Од 2008 година тој е директор на Филмскиот фестивал за човекови права, фестивал на cinéma d'auteur engagé. Главниот фокус на неговото истражување е врската помеѓу нормативната социјална и естетска теорија. Во 2018 година бил член на жирито на фестивалот за кратки филмови во Оберхаузен. Синоќа, во магичниот простор на Сули ан се одржа настанот „Гозба или за љубовта” концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми, каде што Елизабета Шелева, Славчо Димитров, Никола Маџиров, Владимир Јанковски, Петар Милат (Хрватска), Милица Пекиќ (Србија) и Ивана Хаџиевска и Артан Садику со храна и пијалок заедно со публиката говореа за нивните сфаќања за демократија и слободата во 21 – век. Како треба да изгледа вистински демократска заедница, дали развојот на технологијата ни донесе повеќе слобода, дали вистинската демократска заедница е утопија, каква е улогата на љубовта во политиката, беа некои од темите за кои се разговараше на овој настан. КРИК – фестивал за критичка култура е платформа која се застапува за афирмација нa уметничките и културните практики, нивните критички капацитети и нивната применливост во анимирање и критичкото мобилизирање општествените процеси. Програмите на КРИК се креирани за да поттикнат во јавната сфера критичка дебата преку која би се промовирал социо-културниот капитал како јадро кое е длабоко поврзано со најрелевантните политички и општествени теми. Тимот на КРИК - фестивал за критичка култура се: Искра Гешоска, Артан Садику, Петар Милат, Јана Коцевска, Тијана Ана, Станимир Панајотов, Наташа Гелева, Ѓорѓе Јовановиќ. Логистички партнери на фестивалот се: Националната Галерија на Македонија, КСП Центар-Јадро и Музеј на современата уметност

The post Поетско читање вечерва на фестивалот КРИК appeared first on Република.

]]>
Со предавање на Нејтан Браун почнува 7. издание на КРИК https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-predavanje-na-nejtan-braun-pochnuva-7-izdanie-na-krik/ Tue, 21 Jun 2022 12:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=518069

Вечерва (21 јуни) во 20 часот, во просториите на Чифте Амам, започнува јавната програма на седмото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, во организација на Контрапукт. Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун, со предавањето насловено „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот Конкордија, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“, и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот Хамлет и Хегеловата Феноменологија на духот вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“ Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамки на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како с’рж на физичките и метафизичките грижи кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“.

 

The post Со предавање на Нејтан Браун почнува 7. издание на КРИК appeared first on Република.

]]>

Вечерва (21 јуни) во 20 часот, во просториите на Чифте Амам, започнува јавната програма на седмото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, во организација на Контрапукт. Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун, со предавањето насловено „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“. Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот Конкордија, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“, и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“. „Шекспировиот Хамлет и Хегеловата Феноменологија на духот вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“ Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамки на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како с’рж на физичките и метафизичките грижи кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“.  

The post Со предавање на Нејтан Браун почнува 7. издание на КРИК appeared first on Република.

]]>