кренар лога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krenar-loga/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 10:54:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кренар лога Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krenar-loga/ 32 32 Филков: Ја разбирам нервозата на Лога, понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/filkov-ja-razbiram-nervozata-na-loga-ponatamoshniot-dijalog-ke-se-odviva-pred-nadlezhnite-organi/ Thu, 17 Oct 2024 10:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=827983

Министерот за правда, Игор Филков, стои зад вчерашните изјави дека неговиот претходник, Кренар Лога, пред да замине од функцијата со себе го зел класифицираниот документ со препораките за Судскиот совет изработен од оценската мисија на Европската комисија. Поранешниот министер Лога, по обвинувањето од Филков, на социјалните мрежи објави дека писмото е добиено по електорнски пат, а го добиле и останатите институции, а делот што бил класифициран само за министерот, е архивиран од службено лице во Министерството.

„Се што имав да кажам во врска со работата на мојот претходник кажав вчера и стојам зад тоа. Ја разбирам неговата нервоза, меѓутоа понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи“, кусо рече министерот Филков одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на канцеларијата на Комисијата за парична помош на жртви од кривично дело со насилство.

Лога вчера објави дека два дена по назначувањето на Филков, неколкупати го побарал за средба телефонски, преку СМС пораки и преку Кабинетот од каде го известиле дека тие ќе го побараат за средба, до која се уште не дошло.

The post Филков: Ја разбирам нервозата на Лога, понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи appeared first on Република.

]]>

Поздрав пред одење од Лога – и до 10 пати поскапи нотарски услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pozdrav-pred-odene-od-loga-i-do-10-pati-poskapi-notarski-uslugi/ Thu, 20 Jun 2024 18:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=789429

Десетина дена пред да ја напушти фотелјата, министерот за правда во заминување Кренар Лога ги покачи нотарските тарифи за два до 10 пати. Новата нотарска тарифа е објавена во Службен весник на 12 јуни, но ниту владата, ниту Министерството за правда не се „пофалија“ со покачувањето на цените.

Лога ја потпишал новата тарифа уште во февруари, но Владата дала согласност дури по завршувањето на изборите, иако во соопштенијата по владините седници немаше ваква информација.

Новите цени ќе важат од 1 септември годинава.

Најголемо поскапување има кај составувањето на нотарски акти од помала вредност. За актите од стотици или милиони евра речиси и да нема промени или поскапувањето е минимално.

Целата сторија на Телма

The post Поздрав пред одење од Лога – и до 10 пати поскапи нотарски услуги appeared first on Република.

]]>

Десетина дена пред да ја напушти фотелјата, министерот за правда во заминување Кренар Лога ги покачи нотарските тарифи за два до 10 пати. Новата нотарска тарифа е објавена во Службен весник на 12 јуни, но ниту владата, ниту Министерството за правда не се „пофалија“ со покачувањето на цените. Лога ја потпишал новата тарифа уште во февруари, но Владата дала согласност дури по завршувањето на изборите, иако во соопштенијата по владините седници немаше ваква информација. Новите цени ќе важат од 1 септември годинава. Најголемо поскапување има кај составувањето на нотарски акти од помала вредност. За актите од стотици или милиони евра речиси и да нема промени или поскапувањето е минимално. Целата сторија на Телма

The post Поздрав пред одење од Лога – и до 10 пати поскапи нотарски услуги appeared first on Република.

]]>
Лога: Распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители преставува дисциплинирање на судската власт https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-raspushtaneto-na-sudskiot-sovet-i-sovetot-na-javni-obviniteli-prestavuva-distsiplinirane-na-sudskata-vlast/ Fri, 14 Jun 2024 13:48:09 +0000 https://republika.mk/?p=787594

- Обидот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски, да се распуштат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, е обид да се дисциплинира судската власт, истакна денеска техничкиот министер за правда Кренар Лога, на брифинг со новинарите.

На брифингот, Лога нагласи дека со распуштањето на двата уставни органи и прекинот на нивните мандати се загрозува судската независност. Тој посочи на судска пресуда од Европскиот суд за човекови права, за повреда на Конвенцијата во случајот Гржеда против Полска, каде на судија од Полска предвремено му бил завршен мандатот за член на полскиот Национален судски совет, со што ЕСЧП донел одлука дека судството било изложено на мешање од страна на извршната власт.

– Денеска имав можност да споделам со новинарите две битни пресуди од домашна институција, како и од Европскиот суд за човекови права. И во првиот и во вториот предмет се докажува дека не може да се направи прекин на мандат на институција која е загарантирана со право од Уставот. Ја имаме пресудата од Европскиот суд за човекови права за предметот Гржеда против Полска, каде децидно се кажува од страна на судот дека има повреда и дека била загрозена судската независност. Со тоа судството било изложено од мешање на извршната власт, рече Лога.

Во контекст на најавените реформи во судството од страна на Мицкоски, техничкиот министер Лога укажа на уште една пресуда од Управниот суд на Република Македонија, поврзана со Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка на работен однос од втор степен.

– Втората пресуда е од Управниот суд на Република Македонија, поврзана со Државната комисија за одлучување на државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка на работен однос од втор степен. Имаме две пресуди кои ни кажуваат дека не треба да има прекин на мандат или распуштање на овие уставни органи, порача Лога.

По завршување на брифингот со новинарите, Лога одржа прес-конференција на која му посака успех на идниот министер за правда и му порача дека е отворен да ги сподели неговите досегашни искуства, бидејќи како што рече, не е грешка да се признае вина или прими совет од политички противник.

– Добро е да ги наследи сите добри и лоши искуства од наша страна. И на мандатарот и на другите министри им посакувам успех. Не е грешка ако признаете вина, не е грешка ако примите совет од вашите политички противници. Јас советувам дека треба да биде помирен за тоа како треба да ги прифати сите решенија. Уште кога се отвори прашањето за Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ доби покана и можност да има претседател на таа работна група и до последен момент кога беше отворено прашањето за планот за раст од Европска унија беа поканети, но за жал не беа присутни,

The post Лога: Распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители преставува дисциплинирање на судската власт appeared first on Република.

]]>

- Обидот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски, да се распуштат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, е обид да се дисциплинира судската власт, истакна денеска техничкиот министер за правда Кренар Лога, на брифинг со новинарите. На брифингот, Лога нагласи дека со распуштањето на двата уставни органи и прекинот на нивните мандати се загрозува судската независност. Тој посочи на судска пресуда од Европскиот суд за човекови права, за повреда на Конвенцијата во случајот Гржеда против Полска, каде на судија од Полска предвремено му бил завршен мандатот за член на полскиот Национален судски совет, со што ЕСЧП донел одлука дека судството било изложено на мешање од страна на извршната власт.
– Денеска имав можност да споделам со новинарите две битни пресуди од домашна институција, како и од Европскиот суд за човекови права. И во првиот и во вториот предмет се докажува дека не може да се направи прекин на мандат на институција која е загарантирана со право од Уставот. Ја имаме пресудата од Европскиот суд за човекови права за предметот Гржеда против Полска, каде децидно се кажува од страна на судот дека има повреда и дека била загрозена судската независност. Со тоа судството било изложено од мешање на извршната власт, рече Лога.
Во контекст на најавените реформи во судството од страна на Мицкоски, техничкиот министер Лога укажа на уште една пресуда од Управниот суд на Република Македонија, поврзана со Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка на работен однос од втор степен.
– Втората пресуда е од Управниот суд на Република Македонија, поврзана со Државната комисија за одлучување на државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка на работен однос од втор степен. Имаме две пресуди кои ни кажуваат дека не треба да има прекин на мандат или распуштање на овие уставни органи, порача Лога.
По завршување на брифингот со новинарите, Лога одржа прес-конференција на која му посака успех на идниот министер за правда и му порача дека е отворен да ги сподели неговите досегашни искуства, бидејќи како што рече, не е грешка да се признае вина или прими совет од политички противник.
– Добро е да ги наследи сите добри и лоши искуства од наша страна. И на мандатарот и на другите министри им посакувам успех. Не е грешка ако признаете вина, не е грешка ако примите совет од вашите политички противници. Јас советувам дека треба да биде помирен за тоа како треба да ги прифати сите решенија. Уште кога се отвори прашањето за Изборниот законик, ВМРО-ДПМНЕ доби покана и можност да има претседател на таа работна група и до последен момент кога беше отворено прашањето за планот за раст од Европска унија беа поканети, но за жал не беа присутни,

The post Лога: Распуштањето на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители преставува дисциплинирање на судската власт appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-loga-ja-urna-doverbata-vo-sudstvoto-a-slednata-vlada-predvodena-od-vmro-dpmne-ke-se-obide-da-ja-zgolemi/ Wed, 12 Jun 2024 11:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=786921

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот Совет е лош посочи дека таа реформа беше поддржано од половина милион граѓани

Што се однесува до самата реформа ние излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласа, објавивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа која што јавно ја зборувавме. Јас на секој настан, на секоја средба со граѓаните јавно го зборував - рече Мицкоски.

То додаде: Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат наместо да има судството доверба кај граѓаните 2,3,5 % да направи реформи и таа доверба да ја зголеми, за жал ја пропушти. Сега ќе дојде некој друг на негово место кој што се надевам дека ќе успее барем двоцифрена да ја направи, и тоа многу двоцифрена. За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судство да биде Зајас, мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува.

На крај претседателот Мицкоски порача дека треба да се почитува волјата на повеќе од половина милион граѓани кои на 8ми Мај јасно и недвосмислено ја дадоа за поддршката за овој тип на реформи и реформски процеси.

Така што ве молам да ја почитуваме волјата на повеќе од половина милион граѓани, а сега како коалиција и повеќе 600.000 граѓани кои што не изборите на 8ми мај јасно, недвосмислено ја дадоа поддршката за овој тип на реформи и овој тип на реформски процеси - додаде Мицкоски

The post Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање поврзано со изјавата на Кренар Лога дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Судскиот Совет е лош посочи дека таа реформа беше поддржано од половина милион граѓани
Што се однесува до самата реформа ние излеговме пред граѓаните, добивме половина милион гласа, објавивме фронт и борба против криминалот и корупцијата и една од мерките беше таа која што јавно ја зборувавме. Јас на секој настан, на секоја средба со граѓаните јавно го зборував - рече Мицкоски.
То додаде: Господинот Кренар Лога имаше можност во својот мандат наместо да има судството доверба кај граѓаните 2,3,5 % да направи реформи и таа доверба да ја зголеми, за жал ја пропушти. Сега ќе дојде некој друг на негово место кој што се надевам дека ќе успее барем двоцифрена да ја направи, и тоа многу двоцифрена. За жал тој одлучи наместо да работи за граѓаните, плодна почва од каде што ќе се изнајдат кадрите во обвинителството посебно и судство да биде Зајас, мислам дека лоша локација на google maps нашол, требало да најде поинаква, а тоа е во канцеларијата на министерот за правда, со експертите да работи и да соработува. На крај претседателот Мицкоски порача дека треба да се почитува волјата на повеќе од половина милион граѓани кои на 8ми Мај јасно и недвосмислено ја дадоа за поддршката за овој тип на реформи и реформски процеси.
Така што ве молам да ја почитуваме волјата на повеќе од половина милион граѓани, а сега како коалиција и повеќе 600.000 граѓани кои што не изборите на 8ми мај јасно, недвосмислено ја дадоа поддршката за овој тип на реформи и овој тип на реформски процеси - додаде Мицкоски

The post Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството, а следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја зголеми appeared first on Република.

]]>
Лога ги користи последните денови власт, испратил писмо до амбасадорите дека е „oсобено загрижен“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-gi-koristi-poslednite-denovi-vlast-ispratil-pismo-do-ambasadorite-deka-e-osobeno-zagrizhen/ Tue, 04 Jun 2024 08:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=784574

Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје, до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во РСМ и до Европската Комисија во Брисел, во кое изразува загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории-Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, соопштија од Министерството за правда.

Во продолжение Ви го пренесуваме писмото во целост:

„Почитувани екселенции,

Ценејќи ја Вашата досегашна континуирана поддршка изразена преку многубројните проекти и вложени средства, кои несомнено придонеле за реформските процеси, како и обезбедување на цврсти гаранции на владеење на правото, со вознемиреност и загриженост Ви се обраќам со ова писмо.

Во оваа прилика би сакал да Ве информирам и да го насочам Вашето внимание кон најавите за „упад”, кој се подготвува од парламентарното мнозинство во правосудниот систем. Паралелно со најавите за реформа на органите на управата и реорганизација на министерствата, владеачкото мнозинство соопшти дека подготвува и пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.

Изјавите од партиски функционери за мене лично и за Министерството за правда се неприфатливи и недозволиви не заради одбрана на поединци во овие органи, туку за независноста и непристрасноста на овие институции за кои имаме добиено извештај од Оценската мисија каде точно е наведено што треба да се преземе од страна на органите на државата за подобрување на состојбите во судството.

Иако како министер за правда минатата година кога се случија настаните во Судскиот совет, јавно излегов со став за престанок на мандатот на членовите за кој не добив поддршка од коалиционите партнери ниту од опозициските партии, а исто така и по оддржани консултации со Ваши претставници, ми беше сугерирано дека Оценската мисија ќе ја скенира состојбата во Судскиот совет и ќе даде препораки за надминување на состојбите, за што добивме и Извештај. Препораките од Извештајот со особено внимание беа разгледани од највиските претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Дотолку повеќе, што овие препораки се дел од најзначајните документи, како што се: Стратегијата за развој на правосудниот сектор, Патоказот за владеење на правото, како и Планот за раст. Дополнително ,беше формирарана работна група за законски реформи на Судскиот совет каде во повеќе наврати беа поканети претставници на тогашната опозициска партија и сегашен носител на владејачкото мнозинство, ВМРО ДПМНЕ, на што не добивме повратен одговор.

Изразуваме сериозна загриженост што поставеноста на ваквата концентрација на моќ на трите власти кај една политичка партија ќе значи на пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година, коишто неспорно создадоа заробена држава, констатирано во повеќебројни извештаи од меѓународните организации.

Ваквите најави се избрзани и опасни, и цениме дека од страна на владејачкото мнозинство треба да се почитува процесот на правилно креирање на политики кое вклучува оценка на состојбите и консултација за сите претстојни обврски и одговорности кои Република Cеверна Македонија ги има во договор со Европската Унија и останатите меѓународни партнери.

Особено загрижен

Министер за правда Кренар Лога“

The post Лога ги користи последните денови власт, испратил писмо до амбасадорите дека е „oсобено загрижен“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје, до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во РСМ и до Европската Комисија во Брисел, во кое изразува загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории-Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, соопштија од Министерството за правда. Во продолжение Ви го пренесуваме писмото во целост: „Почитувани екселенции, Ценејќи ја Вашата досегашна континуирана поддршка изразена преку многубројните проекти и вложени средства, кои несомнено придонеле за реформските процеси, како и обезбедување на цврсти гаранции на владеење на правото, со вознемиреност и загриженост Ви се обраќам со ова писмо. Во оваа прилика би сакал да Ве информирам и да го насочам Вашето внимание кон најавите за „упад”, кој се подготвува од парламентарното мнозинство во правосудниот систем. Паралелно со најавите за реформа на органите на управата и реорганизација на министерствата, владеачкото мнозинство соопшти дека подготвува и пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители. Изјавите од партиски функционери за мене лично и за Министерството за правда се неприфатливи и недозволиви не заради одбрана на поединци во овие органи, туку за независноста и непристрасноста на овие институции за кои имаме добиено извештај од Оценската мисија каде точно е наведено што треба да се преземе од страна на органите на државата за подобрување на состојбите во судството. Иако како министер за правда минатата година кога се случија настаните во Судскиот совет, јавно излегов со став за престанок на мандатот на членовите за кој не добив поддршка од коалиционите партнери ниту од опозициските партии, а исто така и по оддржани консултации со Ваши претставници, ми беше сугерирано дека Оценската мисија ќе ја скенира состојбата во Судскиот совет и ќе даде препораки за надминување на состојбите, за што добивме и Извештај. Препораките од Извештајот со особено внимание беа разгледани од највиските претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Дотолку повеќе, што овие препораки се дел од најзначајните документи, како што се: Стратегијата за развој на правосудниот сектор, Патоказот за владеење на правото, како и Планот за раст. Дополнително ,беше формирарана работна група за законски реформи на Судскиот совет каде во повеќе наврати беа поканети претставници на тогашната опозициска партија и сегашен носител на владејачкото мнозинство, ВМРО ДПМНЕ, на што не добивме повратен одговор. Изразуваме сериозна загриженост што поставеноста на ваквата концентрација на моќ на трите власти кај една политичка партија ќе значи на пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година, коишто неспорно создадоа заробена држава, констатирано во повеќебројни извештаи од меѓународните организации. Ваквите најави се избрзани и опасни, и цениме дека од страна на владејачкото мнозинство треба да се почитува процесот на правилно креирање на политики кое вклучува оценка на состојбите и консултација за сите претстојни обврски и одговорности кои Република Cеверна Македонија ги има во договор со Европската Унија и останатите меѓународни партнери. Особено загрижен Министер за правда Кренар Лога“

The post Лога ги користи последните денови власт, испратил писмо до амбасадорите дека е „oсобено загрижен“ appeared first on Република.

]]>
Албанците ќе се развластеле: Лога реагира на создавањето на нови министерства https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/albantsite-ke-se-razvlastele-loga-reagira-na-sozdvaneto-na-novi-ministerstva/ Mon, 03 Jun 2024 08:45:24 +0000 https://republika.mk/?p=784306

Давањето поддршка од страна на ВРЕДИ за програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ (Програма 1198) преку менување на системски закони со 2/3 мнозинство, создавајќи министерства/ресори за да ги развластуваат Албанците, покажува нивна примерна вазалност, реагира Кренар Лога.

Создавањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го прави Министерот за економија неважен и само декор, односно министер без ресор.

Истото се очекува да се случи и со Министерството за труд и социјална политика, одземајќи ги надлежностите за предучилишното образование,  односно градинките, и префрлувајќи ги тие надлежности во Министерството за образование, што ќе направи уште едно министерство водено од Албанци безвредно

The post Албанците ќе се развластеле: Лога реагира на создавањето на нови министерства appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-zoshto-loga-ne-beshe-zagrizhen-koga-tselo-dui-i-zajas-na-ahmeti-beshe-vgraden-vo-sudskiot-sistem-na-drzhavata/ Wed, 29 May 2024 19:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=782931

Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок? Прашаа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? Ислам Абази првиот човек на организиран криминал, Бурим Сејдини, претседателот на Управен суд и Али Ахмети, лидерот на интегративците се родум од кичевското село Зајас. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во Врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Добрила Кацарска стана Уставен судија откако работата ја заврши со политичките прогони во основниот кривичен суд, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-reagira-na-soopshtenieto-na-vmro-dpmne-za-katsarska/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? appeared first on Република.

]]>

Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок? Прашаа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? Ислам Абази првиот човек на организиран криминал, Бурим Сејдини, претседателот на Управен суд и Али Ахмети, лидерот на интегративците се родум од кичевското село Зајас. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во Врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Добрила Кацарска стана Уставен судија откако работата ја заврши со политичките прогони во основниот кривичен суд, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-reagira-na-soopshtenieto-na-vmro-dpmne-za-katsarska/

The post ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? appeared first on Република.

]]>
Лога реагира на соопштението на ВМРО ДПМНЕ за Кацарска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-reagira-na-soopshtenieto-na-vmro-dpmne-za-katsarska/ Wed, 29 May 2024 19:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=782926

Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија, се вели во реакцијата на министерот за правда, Кренар Лога.

Како министер и како министертво сме имале период на дебати и со претседателот и Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира во јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции. Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како на изборна кампања, истакна Лога.

Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции, додава тој.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-zoshto-loga-ne-beshe-zagrizhen-koga-tselo-dui-i-zajas-na-ahmeti-beshe-vgraden-vo-sudskiot-sistem-na-drzhavata/

The post Лога реагира на соопштението на ВМРО ДПМНЕ за Кацарска appeared first on Република.

]]>

Остро ја осудуваме деградирачката реторика на политичката партија која претендира да управува со оваа држава. Нападот врз независните институции е неприфатлив јазик за една земја членка на НАТО и земја која се наоѓа пред пристапување во Европската Унија, се вели во реакцијата на министерот за правда, Кренар Лога.
Како министер и како министертво сме имале период на дебати и со претседателот и Уставниот суд воопшто, но во ниту еден момент тоа не било причина да се девалвира во јазик на омраза и лични квалификации кои потоа се манифестираат на улица и како закани кон носителите на јавни функции. Сè уште има одлуки на Уставниот суд за кои не делиме исти ставови, но во ниту еден момент истите не смеат да послужат како изговор за оспорување на тие пресуди и деградирачки коментари. Ја повикуваме политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да се издигне на висината на задачата што ја чека, и да не се однесува како на изборна кампања, истакна Лога.
Патот на консолидирање на демократските институции поминува низ почитување од страна на партиите и релевантните институции, додава тој. https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-zoshto-loga-ne-beshe-zagrizhen-koga-tselo-dui-i-zajas-na-ahmeti-beshe-vgraden-vo-sudskiot-sistem-na-drzhavata/

The post Лога реагира на соопштението на ВМРО ДПМНЕ за Кацарска appeared first on Република.

]]>
Уште еден албански политичар бесен што новата претседателка се заколна во Република Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-eden-albanski-politichar-besen-shto-novata-pretsedatelka-se-zakolna-vo-republika-makedonija/ Sun, 12 May 2024 13:55:11 +0000 https://republika.mk/?p=777335

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА) од крилото на Зијадин Села, во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-severna-pretsedatelkata-se-zakolna-vo-makedonija/

Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како в.дф, наведува Лога во реакцијата објавена на Фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.

Претходно реагираше и координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, кому покрај неспоменувањето на Северна, му сметало и што новата претседателка зборувала за единство, а спомнала само двајца лидери на партии и не кажала ништо суштинско и не се осврнала на евроинтеграциите.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ademi-mnogu-zhali-shto-pretsedatelkata-vo-govorot-ne-gi-spomenala-eu-i-nato/

The post Уште еден албански политичар бесен што новата претседателка се заколна во Република Македонија appeared first on Република.

]]>

Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА) од крилото на Зијадин Села, во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна. https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-severna-pretsedatelkata-se-zakolna-vo-makedonija/
Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како в.дф, наведува Лога во реакцијата објавена на Фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.
Претходно реагираше и координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, кому покрај неспоменувањето на Северна, му сметало и што новата претседателка зборувала за единство, а спомнала само двајца лидери на партии и не кажала ништо суштинско и не се осврнала на евроинтеграциите. https://republika.mk/vesti/makedonija/ademi-mnogu-zhali-shto-pretsedatelkata-vo-govorot-ne-gi-spomenala-eu-i-nato/

The post Уште еден албански политичар бесен што новата претседателка се заколна во Република Македонија appeared first on Република.

]]>
Палчо пиша од Турција: Го обвини министерот Лога дека ја кочи екстрадицијата поради изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/palcho-pisha-od-turtsija-go-obvini-ministerot-loga-deka-ja-kochi-ekstraditsijata-poradi-izborite/ Thu, 02 May 2024 10:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=773341

Партијата „Десна“ на Фејсбук објави писмо за кое тврди дека лично го напишал Љупчо Палевски – Палчо.Тој го писмото го обвинини  министерот за правда Кренар Лога дека  правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава.

За Лога вели „суши лаже“ кога станува збор за неговото испорачување во Македонија

Аргументот дека извршувате партиски политички наредби, а не спроведување на законски обврски е тоа што на 5 декември и на сослушувањето на 23 декември одбрав брза постапка за моја екстрадиција со моја согласност, на слободна волја без противење. Судот во Баликесир во три недели ја заврши целата постапка а од 17 јануари годинава предметот се наоѓа на маса кај вашиот колега министер за правда на Турција, стои во писмото од кое се објавени и копии напишани во ракопис.

The post Палчо пиша од Турција: Го обвини министерот Лога дека ја кочи екстрадицијата поради изборите appeared first on Република.

]]>

Партијата „Десна“ на Фејсбук објави писмо за кое тврди дека лично го напишал Љупчо Палевски – Палчо.Тој го писмото го обвинини  министерот за правда Кренар Лога дека  правел калкулации и застој со екстрадицијата поради изборите во земјава. За Лога вели „суши лаже“ кога станува збор за неговото испорачување во Македонија
Аргументот дека извршувате партиски политички наредби, а не спроведување на законски обврски е тоа што на 5 декември и на сослушувањето на 23 декември одбрав брза постапка за моја екстрадиција со моја согласност, на слободна волја без противење. Судот во Баликесир во три недели ја заврши целата постапка а од 17 јануари годинава предметот се наоѓа на маса кај вашиот колега министер за правда на Турција, стои во писмото од кое се објавени и копии напишани во ракопис.

The post Палчо пиша од Турција: Го обвини министерот Лога дека ја кочи екстрадицијата поради изборите appeared first on Република.

]]>
Добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, информира министерот за правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dobieno-odobrenie-za-ekstraditsija-na-lupcho-palevski-palcho-informira-ministerot-za-pravda/ Tue, 30 Apr 2024 14:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=772698

Министерството за правда информира дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Почитувани граѓании и непочитуван г. Ковачки, Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува по сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на минстерството за правда“, напиша министерот за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи.

Додека се чека на екстрадицијата, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во меѓувреме, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси, кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

The post Добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, информира министерот за правда appeared first on Република.

]]>

Министерството за правда информира дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.
Почитувани граѓании и непочитуван г. Ковачки, Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува по сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на минстерството за правда“, напиша министерот за правда, Кренар Лога на социјалните мрежи.
Додека се чека на екстрадицијата, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Во меѓувреме, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор. По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси, кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

The post Добиено одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, информира министерот за правда appeared first on Република.

]]>
Ковачки го праша Кренар Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али Ахмети? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-go-prasha-krenar-loga-kakvo-e-chuvstvoto-da-se-bide-privrzok-na-ali-ahmeti/ Sun, 28 Apr 2024 14:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=771941

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата, праша Драган Ковачки.

Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.Знаете зошто е така?

Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.

Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.

Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија?

Едното со другото не оди.

Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни.

Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај.
Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

The post Ковачки го праша Кренар Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али Ахмети? appeared first on Република.

]]>

Господине Лога, вие сте непозната личност, исто како вашиот труд за Македонија.Ако не бевте министер за правда, немаше јавноста да знае дека воопшто постоите. Но последиците од вашата неспособност се познати. Тие се бројат со најкатастрофалните извештаи за државата во поглед на правдата, праша Драган Ковачки. Вие сте министер за правда кога довербата во судството е под 3%.Знаете зошто е така? Затоа што другар на Али од Зајас е Ислам Абази, првиот човек на организиран криминал, како и Бурим Сејдини, исто од Зајас, кој е претседател на Управниот суд. Претседателите на основните судови во Тетово и Кичево, Хасан Асани и Амдије Зенку се поранешни функционери и активисти на ДУИ. Во врховниот суд е и Шпенд Деваја, сопругот на поранешната градоначалничка Теута Арифи.
Ова судство е на ДУИ. Затоа нема одговорност за ниту еден од ДУИ и нивните слуги од СДС.
Кога веќе лажно морализирате и си ја приграбувате идејата за Европска Македонија, да ве прашам, како е чувството да сте привезок на Али, да седите во неговиот скут и да зборите за Македонија? Едното со другото не оди. Еден Палчо од Турција го екстрадирате како да го носите од месечината. Ете толку сте способни. Вашата пресуда доаѓа од народот на 8 мај. Колку вие подалеку од политика, толку повеќе Македонија повторно на народот.

The post Ковачки го праша Кренар Лога: Какво е чувството да се биде приврзок на Али Ахмети? appeared first on Република.

]]>
Конечно: Потпишани барања за екстрадиции на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/potpishani-barana-za-ekstraditsii-na-sheval-muaremi-i-muhamed-chajani/ Tue, 19 Mar 2024 12:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=756321

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани.

Барањата откако ќе бидат преведени, како што појаснуваат од Министерството за правда, ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати.

МВР распиша меѓународна потерница која беше објавена и на веб страницата на инистерството по Шеваљ Муареми, за кој постојат сомненија дека бил дел од меѓународна организирана криминална група осомничена за повеќе кривични дела.

Кривични пријави во јануари годинава, беа поднесени против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства.

Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, која ја предводел Муареми од село Грчец.

The post Конечно: Потпишани барања за екстрадиции на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани. Барањата откако ќе бидат преведени, како што појаснуваат од Министерството за правда, ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати. МВР распиша меѓународна потерница која беше објавена и на веб страницата на инистерството по Шеваљ Муареми, за кој постојат сомненија дека бил дел од меѓународна организирана криминална група осомничена за повеќе кривични дела. Кривични пријави во јануари годинава, беа поднесени против 16 лица кои се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, убиства и обиди за убиства. Сите биле членови на меѓународна организирана криминална група, која ја предводел Муареми од село Грчец.

The post Конечно: Потпишани барања за екстрадиции на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани appeared first on Република.

]]>
Aбази, Лога и Хајрулахи си организираа демек патување за да станат аџии во Саудиска Арабија https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/abazi-loga-i-hajrulahi-si-organiziraa-demek-patuvane-za-da-stanat-adhii/ Mon, 11 Mar 2024 21:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=753826

The post Aбази, Лога и Хајрулахи си организираа демек патување за да станат аџии во Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>

The post Aбази, Лога и Хајрулахи си организираа демек патување за да станат аџии во Саудиска Арабија appeared first on Република.

]]>
Џафери го праќа Лога во Tурција за да провери до каде е екстрадицијата на Палевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-go-praka-loga-vo-turtsija-za-da-proveri-do-kade-e-ekstraditsijata-na-palevski/ Tue, 06 Feb 2024 07:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=740792

Делегација предводена од министерот за правда Кренар Лога на 8 февруари ќе престојува во Анкара каде ќе има средби со официјалните турски претставници, а едно од прашањата за коишто ќе се разговара е екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Техничкиот премиер Талат Џафери во интервју за МИА вели дека не сака да прејудицира дали овие разговори би можеле да ја забрзаат екстрадицијата на Палевски, но нагласува дека е неопходна лична и директна комуникација за да се види што треба дополнително да се направи.

-Па сега не сакам да прејудицирам која, што ќе биде содржината на разговорите таму. Но, во секој случај неопходна е комуникацијата директна и лична таму да се биде, за да се види кои би биле постапките, процедурите, што би требало дополнително, евентуално, да се направи. Затоа е таа лична комуникација и е воспоставена во рамки на меѓународната соработка со соодветните братски институции со коишто соработуваме и со коишто соодветно имаме билатерални спогодби за комуникации, рече Џафери во интервју за МИА.

Од Министерството за правда за МИА потврдија дека Лога ќе престојува во официјална посета на Турција на 8 февруари заедно со претставници на правосудството. Ќе се сретне со министерот за правда на Република Турција, а предвидени се и средби со претседателот на Собранието, со претседателите на Уставниот и Врховниот суд, како и со претставници на Академијата за судии и јавни обвинители.

Од Министерството за правда посочуваат дека не можат да споделат официјални информации кога би бил екстрадиран Палевски, а за тоа колку време тој може да остане во Турција е прашање за турските власти согласно нивните закони. Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи

The post Џафери го праќа Лога во Tурција за да провери до каде е екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>

Делегација предводена од министерот за правда Кренар Лога на 8 февруари ќе престојува во Анкара каде ќе има средби со официјалните турски претставници, а едно од прашањата за коишто ќе се разговара е екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Техничкиот премиер Талат Џафери во интервју за МИА вели дека не сака да прејудицира дали овие разговори би можеле да ја забрзаат екстрадицијата на Палевски, но нагласува дека е неопходна лична и директна комуникација за да се види што треба дополнително да се направи.
-Па сега не сакам да прејудицирам која, што ќе биде содржината на разговорите таму. Но, во секој случај неопходна е комуникацијата директна и лична таму да се биде, за да се види кои би биле постапките, процедурите, што би требало дополнително, евентуално, да се направи. Затоа е таа лична комуникација и е воспоставена во рамки на меѓународната соработка со соодветните братски институции со коишто соработуваме и со коишто соодветно имаме билатерални спогодби за комуникации, рече Џафери во интервју за МИА.
Од Министерството за правда за МИА потврдија дека Лога ќе престојува во официјална посета на Турција на 8 февруари заедно со претставници на правосудството. Ќе се сретне со министерот за правда на Република Турција, а предвидени се и средби со претседателот на Собранието, со претседателите на Уставниот и Врховниот суд, како и со претставници на Академијата за судии и јавни обвинители. Од Министерството за правда посочуваат дека не можат да споделат официјални информации кога би бил екстрадиран Палевски, а за тоа колку време тој може да остане во Турција е прашање за турските власти согласно нивните закони. Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи

The post Џафери го праќа Лога во Tурција за да провери до каде е екстрадицијата на Палевски appeared first on Република.

]]>
Лога контра Таравари: Да одиме самостојно на избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-kontra-taravari-da-odime-samostojno-na-izbori/ Sat, 03 Feb 2024 17:34:44 +0000 https://republika.mk/?p=740090

Откако лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, се огласи генералниот секретар на АА и министер за правда Кренар Лога, кој вели дека единствено засега донесена одлука е за самостоен изборен настап.

„Ве информирам дека Алијанса за Албанците не разгледува никакви барања до своите партиски тела, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание за изборите. Во сила има одлука на Централното претседателство, кое е изгласано едногласно да излеземе на избори сами. Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е АА да излезе сама на парламентарни избори“, напиша Лога на Фејсбук.

Претходно, Таравари напиша: „Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Македонија. Како претседател на Алијанса за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го поздравиме овој процес кој го нарекувам голема и долго чекана промена“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/za-da-ne-go-smenat-taravari-najavi-deka-na-izbori-ke-odi-so-albanskata-opozitsija/

The post Лога контра Таравари: Да одиме самостојно на избори appeared first on Република.

]]>

Откако лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, се огласи генералниот секретар на АА и министер за правда Кренар Лога, кој вели дека единствено засега донесена одлука е за самостоен изборен настап.
„Ве информирам дека Алијанса за Албанците не разгледува никакви барања до своите партиски тела, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание за изборите. Во сила има одлука на Централното претседателство, кое е изгласано едногласно да излеземе на избори сами. Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е АА да излезе сама на парламентарни избори“, напиша Лога на Фејсбук.
Претходно, Таравари напиша: „Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Македонија. Како претседател на Алијанса за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го поздравиме овој процес кој го нарекувам голема и долго чекана промена“.   https://republika.mk/vesti/makedonija/za-da-ne-go-smenat-taravari-najavi-deka-na-izbori-ke-odi-so-albanskata-opozitsija/

The post Лога контра Таравари: Да одиме самостојно на избори appeared first on Република.

]]>
Лога верува дека Палевски ќе биде екстрадиран релативно брзо, но рано е да се зборува https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/loga-veruva-deka-palevski-ke-bide-ekstradiran-relativno-brzo-no-rano-e-da-se-zboruva/ Sat, 09 Dec 2023 11:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=721247

Министерот за правда Кренар Лога се надева дека Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција во земјава, но, рече, рано е да се зборува бидејќи уште не се искористени сите правни лекови. Очекува претстојнава седмица Турција да ги земе нашите барања во постапката.

Многу е рано да се зборува за што било како што кажавме и пред два дена. Релативно брзо ние очекуваме да биде испратен во Македонија, но треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме. Испратени се документи неколку пати – преку ДХЛ, по електронски пат, преку нашето МНР и Амбасадата. Така што, верувам од понеделник натаму сите овие наши барања ќе бидат преземени во натамошната постапка во Турција - рече Лога пред почетокот на панел-дискусијата „Активирај се против насилство врз жените и девојките“ што ја организираше неговата партија Алијанса за Албанците.

Министерството за правда во четвртокот (7 декември) го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски. Од Министерството пред два дена соопштија дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до Интерпол.

Барањето за екстрадација што министерот Лога го потпиша завчера доаѓа по апсењето на Палевски на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

The post Лога верува дека Палевски ќе биде екстрадиран релативно брзо, но рано е да се зборува appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога се надева дека Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција во земјава, но, рече, рано е да се зборува бидејќи уште не се искористени сите правни лекови. Очекува претстојнава седмица Турција да ги земе нашите барања во постапката.
Многу е рано да се зборува за што било како што кажавме и пред два дена. Релативно брзо ние очекуваме да биде испратен во Македонија, но треба да видиме дали ќе ги искористи сите правни лекови и дали системот во Турција ќе дозволи тоа да биде на начин како што ние побаравме. Испратени се документи неколку пати – преку ДХЛ, по електронски пат, преку нашето МНР и Амбасадата. Така што, верувам од понеделник натаму сите овие наши барања ќе бидат преземени во натамошната постапка во Турција - рече Лога пред почетокот на панел-дискусијата „Активирај се против насилство врз жените и девојките“ што ја организираше неговата партија Алијанса за Албанците.
Министерството за правда во четвртокот (7 декември) го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски. Од Министерството пред два дена соопштија дека оригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до Интерпол. Барањето за екстрадација што министерот Лога го потпиша завчера доаѓа по апсењето на Палевски на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

The post Лога верува дека Палевски ќе биде екстрадиран релативно брзо, но рано е да се зборува appeared first on Република.

]]>
Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-go-potpisha-baraneto-za-ekstraditsija-na-lupcho-palevski/ Wed, 06 Dec 2023 14:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=720399

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски и откако ќе биде преведено на турски јазик ќе биде веднаш испратено на турските власти, односно до Министерството за правда на Република Турција.

Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција и постапување од нивна страна во најкус можен рок по што Љупчо Палевски ќе биде изведен пред органите на правдата во нашата земја, стои во соопштенито од Правда.

Министерството за правда, претходно информира дека постапката за екстрадиција е почната и побарале од надлежните турски власти Палевски да биде задржан во притвор сѐ до завршувањето на постапката. Барањето, како што соопштија претходно од министерстовото, се праќа по ДХЛ (претходно по електронски пат преку ИНТЕРПОЛ).

The post Лога го потпиша барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски appeared first on Република.

Лога: Ја почнуваме постапката за екстрадиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-ja-pochnuvame-postapkata-za-ekstraditsija/ Wed, 06 Dec 2023 08:30:13 +0000 https://republika.mk/?p=720217

Министерот за правда Кренар Лога за „4NEWS.mk“ рече дека уште утрово, со почетокот на работниот ден, ќе започнат со подготовка на соодветната документација за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо од Турција во земјава.

Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка, вели Лога.

Вчера турската полиција го уапси првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

На повеќе од 100 страници е напишана кривична пријава за убиството на скопјанката и велешанецот, а опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.

The post Лога: Ја почнуваме постапката за екстрадиција appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога за „4NEWS.mk“ рече дека уште утрово, со почетокот на работниот ден, ќе започнат со подготовка на соодветната документација за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо од Турција во земјава. Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка, вели Лога. Вчера турската полиција го уапси првоосомничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На повеќе од 100 страници е напишана кривична пријава за убиството на скопјанката и велешанецот, а опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.

The post Лога: Ја почнуваме постапката за екстрадиција appeared first on Република.

]]>
Лога: Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-smrtnata-kazna-e-zabraneta-kaj-nas-no-mislam-deka-bi-bila-spas-za-tie-monstrumi/ Mon, 04 Dec 2023 13:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=719502

И јас сум гневен како и сите граѓани на оваа држава. Уставот ја забранува смртната казна а исто така ние имаме усвоено и протоколи и други конвенции каде се забранува смртната казна, кажа денеска министерот за правда Кренар Лога одговарајќи на новинарско прашање.

Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан. Доживотна казна затвор е најмала казна што треба да ја изречат нашите институции - кажа Лога.

Лога потенцираше дека тој има доверба во институциите и дека на крајот ќе им биде изречена заслужената казна на како што тој вели монструмите.

The post Лога: Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми appeared first on Република.