кремљ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kremlj/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 10:44:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кремљ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kremlj/ 32 32 Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети, тоа ќе ја продлабочи нивната вмешаност, констатира Кремљ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-sad-i-dozvolat-na-ukraina-da-koristi-raketi-toa-ke-ja-prodlabochi-nivnata-vmeshanost-konstatira-kreml/ Mon, 18 Nov 2024 10:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=839103

Доколку СAД и дозволат на Украина да користи оружје од американско производство за напади на руска територија, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите и продлабочување на вмешаноста на САД во конфликтот меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин претходно јавно го кажал својот став за потенцијалната дозвола на САД за употреба на ракети, односно дека употребата на такво оружје значи директно учество на земјите од НАТО во конфликтот во Украина, пренесува руска новинска агенција.

Песков посочи дека наводите за дозволата од САД се уште не се официјално потврдени. Тој оцени дека администрацијата на американскиот претседател има намера да продолжи да предизвикува тензии во Украина.

Знаете, сè уште има извештаи во западните медиуми, но јасно е дека администрацијата во заминување во Вашингтон има намера да преземе чекори за да продолжи да долева масло на огнот и да предизвика дополнителна ескалација на тензиите во врска со овој конфликт, рече Песков.

Според „Њујорк Тајмс“ и извештаите на агенциите и други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATAЦMС за напади длабоко во руска територија.

The post Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети, тоа ќе ја продлабочи нивната вмешаност, констатира Кремљ appeared first on Република.

]]>

Доколку СAД и дозволат на Украина да користи оружје од американско производство за напади на руска територија, тоа ќе доведе до зголемување на тензиите и продлабочување на вмешаноста на САД во конфликтот меѓу Русија и Украина, соопшти денеска Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека рускиот претседател Владимир Путин претходно јавно го кажал својот став за потенцијалната дозвола на САД за употреба на ракети, односно дека употребата на такво оружје значи директно учество на земјите од НАТО во конфликтот во Украина, пренесува руска новинска агенција. Песков посочи дека наводите за дозволата од САД се уште не се официјално потврдени. Тој оцени дека администрацијата на американскиот претседател има намера да продолжи да предизвикува тензии во Украина. Знаете, сè уште има извештаи во западните медиуми, но јасно е дека администрацијата во заминување во Вашингтон има намера да преземе чекори за да продолжи да долева масло на огнот и да предизвика дополнителна ескалација на тензиите во врска со овој конфликт, рече Песков. Според „Њујорк Тајмс“ и извештаите на агенциите и други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден вчера и одобрила на Украина да користи крстосувачки ракети со долг дострел ATAЦMС за напади длабоко во руска територија.

The post Ако САД и дозволат на Украина да користи ракети, тоа ќе ја продлабочи нивната вмешаност, констатира Кремљ appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Ќе реагираме на украинските напади на руско тло со американско оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-ke-reagirame-na-ukrainskite-napadi-na-rusko-tlo-so-amerikansko-oruzhje/ Wed, 11 Sep 2024 12:02:05 +0000 https://republika.mk/?p=815374

Кремљ денеска го најави рускиот „соодветен одговор“ доколку САД ѝ дозволат на Украина да удри длабоко во Русија со ракетните системи ATACM.

Запрашан дали САД ќе ги укинат ограничувањата за употребата на оружје со долг дострел од Украинаво војната против Русија, како што се ракетните системи ATACM, американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека неговата администрација „во моментов се занимава со тоа прашање“,

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неколку наврати го повика Западот да им дозволи на неговите сили да користат западно оружје со долг дострел за да ја нападнат Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека се чини дека Вашингтон веќе одлучил да и дозволи на Украина да користи оружје за далекуметни напади во Русија.

Вашингтон претходно се двоумеше да и достави на Украина оружје со долг дострел за напад на цели во Русија, плашејќи се дека таквиот потег би можел да го ескалира двеиполгодишниот конфликт

The post Кремљ: Ќе реагираме на украинските напади на руско тло со американско оружје appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска го најави рускиот „соодветен одговор“ доколку САД ѝ дозволат на Украина да удри длабоко во Русија со ракетните системи ATACM. Запрашан дали САД ќе ги укинат ограничувањата за употребата на оружје со долг дострел од Украинаво војната против Русија, како што се ракетните системи ATACM, американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека неговата администрација „во моментов се занимава со тоа прашање“, Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неколку наврати го повика Западот да им дозволи на неговите сили да користат западно оружје со долг дострел за да ја нападнат Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека се чини дека Вашингтон веќе одлучил да и дозволи на Украина да користи оружје за далекуметни напади во Русија. Вашингтон претходно се двоумеше да и достави на Украина оружје со долг дострел за напад на цели во Русија, плашејќи се дека таквиот потег би можел да го ескалира двеиполгодишниот конфликт

The post Кремљ: Ќе реагираме на украинските напади на руско тло со американско оружје appeared first on Република.

]]>
Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за разговори и го чека новиот курс на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-go-pozdravi-stavot-na-zelenski-za-razgovori-i-go-cheka-noviot-kurs-na-sad/ Mon, 22 Jul 2024 17:19:20 +0000 https://republika.mk/?p=799294

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можни преговори за ставање крај на војната меѓу двете земји, пренесе ДПА.

Ова е подобро од изјавите дека се исклучени какви било контакти со руската страна и со шефот на руската држава, изјави во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

- Се разбира, да се зборува со еден или друг тон за дијалог е многу подобро отколку да се зборува за намерата да се бориме до последниот Украинец, додаде тој.

Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски претходно рече дека може да разговара и со рускиот претседател Владимир Путин, иако претходно со декрет исклучи таква можност.

Во интервјуто Зеленски ја потврди својата начелна подготвеност да преговара со руските претставници на нов мировен самит.

И дали тоа ќе биде Путин или не, нема разлика, рече тој.

Русија претходно ја отфрли можноста Зеленски да присуствува на каков било мировен самит и исто така го доведе во прашање неговиот легитимитет како претседател. Песков сега сепак рече дека останува да се види што точно се крие зад последните коментари на Зеленски.

Украина се брани од руската инвазија од февруари 2022 година.

Како одговор на руската нелегална анексија на украинските региони Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск во есента 2022 година, Зеленски издаде декрет дека Украина нема да води мировни преговори со Русија додека Путин е претседател.

Песков, исто така, јасно стави до знаење дека Русија чека да види што ќе се случува по повлекувањето на американскиот претседател Џо Бајден од кампањата за претседателските избори во САД.

Сè додека Бајден останува на функцијата, ништо нема да се промени во однос на американската помош за Украина, што ќе ја продолжи војната, истакна тој.

Ништо добро не се очекува, рече Песков за Бајден.

Приоритет на Русија е до крај да ги следи сопствените цели во соседната земја, додаде тој.

Сепак, иднината на односите меѓу Русија и САД е од огромно значење за Москва бидејќи тие „сега минуваат низ најлошото време во нивната историја“.

Песков беше внимателен и во врска со улогата на американската потпретседателка Камала Харис, која Бајден ја поддржа како негова замена во изборната трка.

Досега таа не се истакнала преку некој конкретен придонес во односите меѓу двете земји, туку само преку прилично непријателски забелешки за Русија, рече Песков.

 

The post Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за разговори и го чека новиот курс на САД appeared first on Република.

]]>

Русија денеска позитивно одговори на коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за можни преговори за ставање крај на војната меѓу двете земји, пренесе ДПА.
Ова е подобро од изјавите дека се исклучени какви било контакти со руската страна и со шефот на руската држава, изјави во Москва портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
- Се разбира, да се зборува со еден или друг тон за дијалог е многу подобро отколку да се зборува за намерата да се бориме до последниот Украинец, додаде тој. Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски претходно рече дека може да разговара и со рускиот претседател Владимир Путин, иако претходно со декрет исклучи таква можност. Во интервјуто Зеленски ја потврди својата начелна подготвеност да преговара со руските претставници на нов мировен самит.
И дали тоа ќе биде Путин или не, нема разлика, рече тој.
Русија претходно ја отфрли можноста Зеленски да присуствува на каков било мировен самит и исто така го доведе во прашање неговиот легитимитет како претседател. Песков сега сепак рече дека останува да се види што точно се крие зад последните коментари на Зеленски. Украина се брани од руската инвазија од февруари 2022 година. Како одговор на руската нелегална анексија на украинските региони Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск во есента 2022 година, Зеленски издаде декрет дека Украина нема да води мировни преговори со Русија додека Путин е претседател. Песков, исто така, јасно стави до знаење дека Русија чека да види што ќе се случува по повлекувањето на американскиот претседател Џо Бајден од кампањата за претседателските избори во САД. Сè додека Бајден останува на функцијата, ништо нема да се промени во однос на американската помош за Украина, што ќе ја продолжи војната, истакна тој.
Ништо добро не се очекува, рече Песков за Бајден.
Приоритет на Русија е до крај да ги следи сопствените цели во соседната земја, додаде тој. Сепак, иднината на односите меѓу Русија и САД е од огромно значење за Москва бидејќи тие „сега минуваат низ најлошото време во нивната историја“. Песков беше внимателен и во врска со улогата на американската потпретседателка Камала Харис, која Бајден ја поддржа како негова замена во изборната трка.
Досега таа не се истакнала преку некој конкретен придонес во односите меѓу двете земји, туку само преку прилично непријателски забелешки за Русија, рече Песков.
 

The post Кремљ го поздрави ставот на Зеленски за разговори и го чека новиот курс на САД appeared first on Република.

]]>
Кремљ ги отфрла наводите дека Русија планирала убиство на директорот на германска компанија за оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-gi-otfrla-navodite-deka-rusija-planirala-ubistvo-na-direktorot-na-germanska-kompanija-za-oruzhje/ Fri, 12 Jul 2024 11:03:23 +0000 https://republika.mk/?p=796137

Медиумските извештаи дека Русија планирала атентат на извршниот директор на германскиот производител на оружје "Рајнметал" се базираат на „лажни“ информации од анонимни извори, соопшти денеска Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите доаѓаат од анонимни извори, дека не содржат „сериозна документација“ и дека затоа „не можат да се сфатат сериозно“, пренесува Радио Слободна Европа..

Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс вчера објавија дека американските разузнавачки служби откриле дека Русија планира атентат на извршниот директор на „Рајнметал", која произведува артилериски гранати и воени возила за Украина. Си-Ен-Ен во својот извештај се повика на пет неименувани американски и западни функционери, наведувајќи дека САД за сето тоа ја информирале Германија, чии безбедносни служби успеале да го заштитат Папергер.

The post Кремљ ги отфрла наводите дека Русија планирала убиство на директорот на германска компанија за оружје appeared first on Република.

]]>

Медиумските извештаи дека Русија планирала атентат на извршниот директор на германскиот производител на оружје "Рајнметал" се базираат на „лажни“ информации од анонимни извори, соопшти денеска Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извештаите доаѓаат од анонимни извори, дека не содржат „сериозна документација“ и дека затоа „не можат да се сфатат сериозно“, пренесува Радио Слободна Европа.. Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс вчера објавија дека американските разузнавачки служби откриле дека Русија планира атентат на извршниот директор на „Рајнметал", која произведува артилериски гранати и воени возила за Украина. Си-Ен-Ен во својот извештај се повика на пет неименувани американски и западни функционери, наведувајќи дека САД за сето тоа ја информирале Германија, чии безбедносни служби успеале да го заштитат Папергер.

The post Кремљ ги отфрла наводите дека Русија планирала убиство на директорот на германска компанија за оружје appeared first on Република.

]]>
Кремљ го отфрли извештајот за „Хавана синдромот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-go-otfrli-izveshtajot-za-havana-sindromot/ Mon, 01 Apr 2024 12:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=760939

Портпаролот на Кремљ Димитри Песков денеска го демантираше извештајот во кој се тврди дека руската разузнавачка служба стои зад „Хавана синдромот“ кој ги разболува американските дипломати и шпиони ширум светот.

Песков додаде дека никогаш не биле обезбедени докази за поддршка на тоа тврдење и дека тоа е неосновано, пренесуваат британските медиуми.

Извештајот за синдромот го објави новинарската група „Инсајдер медиа груп“, тврдејќи дека постои единица „29155“ на руската разузнавачка служба ГРУ чии членови се наградени за развој на „несмртоносно акустично оружје“.

„Хавана синдром“, чии симптоми вклучуваат вртоглавица, гадење, главоболки и проблеми со меморијата, првпат беше забележан кај американските дипломати во Куба во 2016 и 2017 година.

The post Кремљ го отфрли извештајот за „Хавана синдромот“ appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ Димитри Песков денеска го демантираше извештајот во кој се тврди дека руската разузнавачка служба стои зад „Хавана синдромот“ кој ги разболува американските дипломати и шпиони ширум светот. Песков додаде дека никогаш не биле обезбедени докази за поддршка на тоа тврдење и дека тоа е неосновано, пренесуваат британските медиуми. Извештајот за синдромот го објави новинарската група „Инсајдер медиа груп“, тврдејќи дека постои единица „29155“ на руската разузнавачка служба ГРУ чии членови се наградени за развој на „несмртоносно акустично оружје“. „Хавана синдром“, чии симптоми вклучуваат вртоглавица, гадење, главоболки и проблеми со меморијата, првпат беше забележан кај американските дипломати во Куба во 2016 и 2017 година.

The post Кремљ го отфрли извештајот за „Хавана синдромот“ appeared first on Република.

]]>
Кремљ ќе возврати ако ЕУ го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-ke-vozvrati-ako-eu-go-koristi-profitot-od-zamrznatite-ruski-sredstva-za-kupuvane-oruzhje-za-ukraina/ Thu, 21 Mar 2024 12:01:14 +0000 https://republika.mk/?p=756979

Кремљ соопшти дека Русија ќе преземе возвратни мерки во согласност со сопствените интереси и ќе ги искористи сите правни механизми со кои располага, доколку Европската унија го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина.

Ова го коментираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се разговара за ова прашање.

The post Кремљ ќе возврати ако ЕУ го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина appeared first on Република.

]]>

Кремљ соопшти дека Русија ќе преземе возвратни мерки во согласност со сопствените интереси и ќе ги искористи сите правни механизми со кои располага, доколку Европската унија го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина. Ова го коментираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред состанокот на лидерите на ЕУ на кој треба да се разговара за ова прашање.

The post Кремљ ќе возврати ако ЕУ го користи профитот од замрзнатите руски средства за купување оружје за Украина appeared first on Република.

]]>
Песков: Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, би можело да му биде предадено на неговото семејство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-kreml-nema-informatsii-koga-teloto-na-ruskiot-opozitsiski-lider-aleksej-navalni-bi-mozhelo-da-mu-bide-predadeno-na-negovoto-semejstvo/ Mon, 19 Feb 2024 19:35:29 +0000 https://republika.mk/?p=745822

Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во притвор, би можело да му биде предадено на неговото семејство по завршување на потребните процедури, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова прашање не треба да биде упатено до нас. Ние не се занимаваме со тоа, тоа не е опис на работата на претседателската администрација“, рече Песков, пренесува ТАСС.

Тој оцени дека изјавите на западните политичари, кои го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, се „дрско“ и додаде дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки, но резултатите од истрагата се уште не се донесени јавен.

The post Песков: Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, би можело да му биде предадено на неговото семејство appeared first on Република.

]]>

Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во притвор, би можело да му биде предадено на неговото семејство по завршување на потребните процедури, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Ова прашање не треба да биде упатено до нас. Ние не се занимаваме со тоа, тоа не е опис на работата на претседателската администрација“, рече Песков, пренесува ТАСС. Тој оцени дека изјавите на западните политичари, кои го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални, се „дрско“ и додаде дека истрагата е во тек и дека се преземаат сите неопходни мерки, но резултатите од истрагата се уште не се донесени јавен.

The post Песков: Кремљ нема информации кога телото на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, би можело да му биде предадено на неговото семејство appeared first on Република.

]]>
Кремљ ја демантира веста на Телеграм дека Путин е мртов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-ja-demantira-vesta-na-telegram-deka-putin-e-mrtov/ Fri, 27 Oct 2023 09:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=695473

Телеграмскиот канал „Генерал Свр“, кој со месеци тврди дека рускиот претседател Владимир Путин има рак и е неизлечиво болен, објави дека Путин починал во својата палата во Валдај, северно од Москва.

На објавената информација реагираше Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за државните медиуми РИА Новости изјави дека објавата на Телеграм е „апсурдна шега“.

Ваквите видови објави спаѓаат во категоријата лажни вести, за кои многу медиуми упорно пишуваат и дискутираат. Тоа предизвикува потсмев во Кремљ – изјави Песков за РИА Новости.

Претходно оваа недела, Песков ги негираше наводите дека Путин доживеал срцев удар и исто така одговори на извештаите дека рускиот претседател користел двојник за одредени настани.

 

The post Кремљ ја демантира веста на Телеграм дека Путин е мртов appeared first on Република.

]]>

Телеграмскиот канал „Генерал Свр“, кој со месеци тврди дека рускиот претседател Владимир Путин има рак и е неизлечиво болен, објави дека Путин починал во својата палата во Валдај, северно од Москва. На објавената информација реагираше Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за државните медиуми РИА Новости изјави дека објавата на Телеграм е „апсурдна шега“.
Ваквите видови објави спаѓаат во категоријата лажни вести, за кои многу медиуми упорно пишуваат и дискутираат. Тоа предизвикува потсмев во Кремљ – изјави Песков за РИА Новости.
Претходно оваа недела, Песков ги негираше наводите дека Путин доживеал срцев удар и исто така одговори на извештаите дека рускиот претседател користел двојник за одредени настани.  

The post Кремљ ја демантира веста на Телеграм дека Путин е мртов appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Неприфатливо е Бајден да го споредува Путин со Хамас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-neprifatlivo-e-bajden-da-go-sporeduva-putin-so-hamas/ Fri, 20 Oct 2023 12:47:25 +0000 https://republika.mk/?p=693322

Кремљ денеска објави дека е неприфатливо да се споредува рускиот претседател Владимир Путин со палестинската милитантна група Хамас, во изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека заканата за руските граѓани експоненцијално ќе порасне кога Израел ќе ја започне очекуваната копнена операција во обид да го собори Хамас од Газа.

Песков одби да каже кој ќе ја претставува Русија на мировниот самит за палестинскиот конфликт во Каиро во сабота, велејќи дека тоа е прашање на Министерството за надворешни работи, објави Гардијан.

Русија и САД не разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток во билатерални формати, рече Песков, пренесе РИА Новости.

Контактите, се разбира, се одвиваат во рамките на Советот за безбедност, но немаше чисто билатерални, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали имало контакти меѓу Москва и Вашингтон за ситуацијата на Блискиот Исток.

Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат една заедничка работа: тие сакаат целосно да ја уништат демократијата во соседството“, рече Бајден во обраќањето до нацијата во четвртокот, пренесува Гласот на Америка.

The post Кремљ: Неприфатливо е Бајден да го споредува Путин со Хамас appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска објави дека е неприфатливо да се споредува рускиот претседател Владимир Путин со палестинската милитантна група Хамас, во изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека заканата за руските граѓани експоненцијално ќе порасне кога Израел ќе ја започне очекуваната копнена операција во обид да го собори Хамас од Газа. Песков одби да каже кој ќе ја претставува Русија на мировниот самит за палестинскиот конфликт во Каиро во сабота, велејќи дека тоа е прашање на Министерството за надворешни работи, објави Гардијан. Русија и САД не разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток во билатерални формати, рече Песков, пренесе РИА Новости. Контактите, се разбира, се одвиваат во рамките на Советот за безбедност, но немаше чисто билатерални, рече Песков одговарајќи на новинарско прашање дали имало контакти меѓу Москва и Вашингтон за ситуацијата на Блискиот Исток. Хамас и Путин претставуваат различни закани, но тие имаат една заедничка работа: тие сакаат целосно да ја уништат демократијата во соседството“, рече Бајден во обраќањето до нацијата во четвртокот, пренесува Гласот на Америка.

The post Кремљ: Неприфатливо е Бајден да го споредува Путин со Хамас appeared first on Република.

]]>
Кремљ негира дека руските сили погодиле црква во Одеса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-negira-deka-ruskite-sili-pogodile-tsrkva-vo-odesa/ Mon, 24 Jul 2023 10:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=664680

Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле црква во Одеса, која беше оштетена во текот на ноќта во нападите што го погодија историскиот центар на градот во јужна Украина.

„Нашите вооружени сили никогаш не ја таргетираат социјалната инфраструктура, а уште помалку црквите... Ги негираме тие обвинувања, тоа е апсолутно погрешно. Станува збор за (украинските) противвоздушни ракети кои беа лансирани и ја уништија црквата“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека во претходната ноќ Русија истрелала 19 ракети кон пристаништето Одеса, при што едно лице загина, а околу 15 лица се повредени.

Според извештаите, над 200 години старата црква на Преображение Господово, која е дел од светското наследство на УНЕСКО, била погодена и оштетена.

The post Кремљ негира дека руските сили погодиле црква во Одеса appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле црква во Одеса, која беше оштетена во текот на ноќта во нападите што го погодија историскиот центар на градот во јужна Украина.
„Нашите вооружени сили никогаш не ја таргетираат социјалната инфраструктура, а уште помалку црквите... Ги негираме тие обвинувања, тоа е апсолутно погрешно. Станува збор за (украинските) противвоздушни ракети кои беа лансирани и ја уништија црквата“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вчера изјави дека во претходната ноќ Русија истрелала 19 ракети кон пристаништето Одеса, при што едно лице загина, а околу 15 лица се повредени. Според извештаите, над 200 години старата црква на Преображение Господово, која е дел од светското наследство на УНЕСКО, била погодена и оштетена.

The post Кремљ негира дека руските сили погодиле црква во Одеса appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Внимателно го следиме Самитот на НАТО и ќе преземеме мерки за заштита на безбедноста на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-vnimatelno-go-sledime-samitot-na-nato-i-ke-prezememe-merki-za-zashtita-na-bezbednosta-na-rusija/ Tue, 11 Jul 2023 14:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=660089

Кремљ денеска соопшти дека многу внимателно го следи Самитот на НАТО во Вилнус и оти ќе направи „темелна анализа“ на изјавите на западните лидери, и како резултат на тоа ќе преземе мерки за заштита на безбедноста на Русија.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека „европските лидери изгледа не разбираат дека придвижувањето на инфраструктурата на НАТО поблиску до границите на Русија е грешка и дека напредокот на западната воена алијанса во Централна и Источна Европа е она што доведе до сегашната криза во Украина“.

Според него, евентуалниот прием на Украина во НАТО е исклучително опасен за европската безбедност и тоа треба да го разберат луѓето кои носат такви одлуки.

Песков се осврна и на членството на Шведска во НАТО ќе има јасни негативни последици за безбедноста на Русија, а Москва ќе одговори со мерки слични на оние што ги презеде откако Финска се приклучи Алијансата.

Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров наведе дека Москва подготвува „соодветни мерки“ во очекување на натамошното проширување на НАТО. Тој не изнесе повеќе детали.

The post Кремљ: Внимателно го следиме Самитот на НАТО и ќе преземеме мерки за заштита на безбедноста на Русија appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека многу внимателно го следи Самитот на НАТО во Вилнус и оти ќе направи „темелна анализа“ на изјавите на западните лидери, и како резултат на тоа ќе преземе мерки за заштита на безбедноста на Русија. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека „европските лидери изгледа не разбираат дека придвижувањето на инфраструктурата на НАТО поблиску до границите на Русија е грешка и дека напредокот на западната воена алијанса во Централна и Источна Европа е она што доведе до сегашната криза во Украина“. Според него, евентуалниот прием на Украина во НАТО е исклучително опасен за европската безбедност и тоа треба да го разберат луѓето кои носат такви одлуки. Песков се осврна и на членството на Шведска во НАТО ќе има јасни негативни последици за безбедноста на Русија, а Москва ќе одговори со мерки слични на оние што ги презеде откако Финска се приклучи Алијансата. Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров наведе дека Москва подготвува „соодветни мерки“ во очекување на натамошното проширување на НАТО. Тој не изнесе повеќе детали.

The post Кремљ: Внимателно го следиме Самитот на НАТО и ќе преземеме мерки за заштита на безбедноста на Русија appeared first on Република.

]]>
Кремљ вети „противмерки“ поради испораката на француски ракети со долг дострел во Киев https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-veti-protivmerki-poradi-isporakata-na-frantsuski-raketi-so-dolg-dostrel-vo-kiev/ Tue, 11 Jul 2023 12:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=660080

Кремљ оцени денеска дека испораката на француски ракети со долг дострел за Украина, која ја најави Емануел Макрон, е „грешка“ што ќе ја принуди Русија да преземе „противмерки“ во конфликтот во Украина.

Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, со сериозни последици за украинската страна, бидејќи, се разбира, ќе не принуди да преземеме противмерки - изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на првиот ден од Самитот на НАТО што се одржува во Вилнус, најави дека Франција ќе и испорача на Украина ракети со долг дострел „Скалп“.

Крстосувачката ракета „Сторм Шедоу“, која француската војска ја нарекува „Скалп“, заеднички ја развиле Велика Британија и Франција, а се лансира од воздух.

Обединетото Кралство во мај најави дека ќе испрати ракети со долг дострел во Украина.

The post Кремљ вети „противмерки“ поради испораката на француски ракети со долг дострел во Киев appeared first on Република.

]]>

Кремљ оцени денеска дека испораката на француски ракети со долг дострел за Украина, која ја најави Емануел Макрон, е „грешка“ што ќе ја принуди Русија да преземе „противмерки“ во конфликтот во Украина.
Од наша гледна точка, ова е погрешна одлука, со сериозни последици за украинската страна, бидејќи, се разбира, ќе не принуди да преземеме противмерки - изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, на првиот ден од Самитот на НАТО што се одржува во Вилнус, најави дека Франција ќе и испорача на Украина ракети со долг дострел „Скалп“. Крстосувачката ракета „Сторм Шедоу“, која француската војска ја нарекува „Скалп“, заеднички ја развиле Велика Британија и Франција, а се лансира од воздух. Обединетото Кралство во мај најави дека ќе испрати ракети со долг дострел во Украина.

The post Кремљ вети „противмерки“ поради испораката на француски ракети со долг дострел во Киев appeared first on Република.

]]>
Украина: Во тек е отворена војна во Кремљ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-vo-tek-e-otvorena-vojna-vo-kreml/ Fri, 30 Jun 2023 06:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=656702

Во тек се судири помеѓу припадниците на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и на Министерство за одбрана, изјави претставникот на Главната разузнавачка управа (ХУР) Андриј Черниак.

Според нашите процени, веќе има отворена војна меѓу така наречените кули на Кремљ, што ќе резултира со физичка ликвидација на водачите на конкурентските фракции, изјави Черниак.

Тој додаде дека бунтот на паравоената група „Вагнер“ ја разоткри слабоста на рускиот претседател Владимир Путин и ги охрабри руските елити да се борат меѓу себе за моќ.

Медиумите, исто така, сугерираат дека бунтот предизвикал тензии меѓу политичкото и военото раководство на Русија.

Си-ен-ен претходно соопшти дека одредени личности меѓу руските разузнавачи и воениот персонал можеби биле предупредени за бунтот и одлучиле да не се мешаат.

The post Украина: Во тек е отворена војна во Кремљ appeared first on Република.

]]>

Во тек се судири помеѓу припадниците на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) и на Министерство за одбрана, изјави претставникот на Главната разузнавачка управа (ХУР) Андриј Черниак. Според нашите процени, веќе има отворена војна меѓу така наречените кули на Кремљ, што ќе резултира со физичка ликвидација на водачите на конкурентските фракции, изјави Черниак. Тој додаде дека бунтот на паравоената група „Вагнер“ ја разоткри слабоста на рускиот претседател Владимир Путин и ги охрабри руските елити да се борат меѓу себе за моќ. Медиумите, исто така, сугерираат дека бунтот предизвикал тензии меѓу политичкото и военото раководство на Русија. Си-ен-ен претходно соопшти дека одредени личности меѓу руските разузнавачи и воениот персонал можеби биле предупредени за бунтот и одлучиле да не се мешаат.

The post Украина: Во тек е отворена војна во Кремљ appeared first on Република.

]]>
Кремљ гради луксузен бункер во Москва наменет за руската елита https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-gradi-luksuzen-bunker-vo-moskva-namenet-za-ruskata-elita/ Mon, 05 Jun 2023 11:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=648007

Кремљ планира да изгради бункер под ВИП болницата во Москва за да ја заштити руската елита од напади со украински беспилотни летала и ракети, пишува Телеграф. Плановите за изградба на бункер од 800 лица со системи за ладење филтрирање на воздухот беа откриени по нападот на украински беспилотно летало врз луксузното предградие на Москва.

Бункерот ќе има можност да го исчисти воздухот од „хемиско оружје за масовно уништување“. Исто така, во бункерот ќе може да се „вршат медицински зафати во воени услови“, пишуваат медиумите за тендерската документација.

Додека Кремљ брзо ги објави плановите за бункер под ексклузивната Централна клиничка болница, некои московјани ги критикуваа функционерите дека не успеале да ги заштитат обичните луѓе. Најмалку три беспилотни летала ги избегнаа системите за воздушна одбрана околу Москва во вторникот, а потоа се урнаа во Рубиловка, луксузно станбено предградие во кое живеат многу руски богаташи.

„Каде ќе бегаме?“
Една од резиденциите на Владимир Путин се наоѓа во близина на Рубиловка, а аналитичарите велат дека можеби таа била цел на мета. Никој не е повреден, но оштетувањата на „елитните“ станбени згради вознемириле некои локални жители и сликите на руски офицери на ФСБ како ги полеваат јагленосаните останки на украинските беспилотни летала на улица во Москва ги вознемирија граѓаните.

„Каде ќе бегаме? Каде е бункерот? напиша една жена на мрежата Телеграм по првата експлозија што одекна низ главниот град на Русија. Спротивно на тоа, луѓето кои живеат во Киев веќе развија заеднички план за справување со напади со беспилотни летала и ракети. Тие ги исмеваа московјаните што конечно накратко го доживеаја она што мораа да го издржат во последните 15 месеци.

Руски милионери почнаа да градат приватни засолништа
Москва има длабок систем на метро дизајниран од советски инженери за да издржи нуклеарен напад. Најдлабоката подземна станица е Парк Победа, која е 83 метри под земја, што е три пати поголема од длабочината на просечната лондонска метро станица. Главоболка за многу московјани е фактот што метро станиците се ретко распоредени.

Руските медиуми веќе објавија дека цените за изнајмување на станови во близина на метро станиците веќе се зголемени. Некои руски милионери почнаа да градат приватни засолништа за воздушни напади. Никита Малежик, основач на BunkerHouse, беше цитиран од руските медиуми во ноември дека побарувачката за засолништа направени по нарачка скокнала за 430 отсто откако Владимир Путин ја нареди првата руска мобилизација по Втората светска војна.

На својата веб-страница, BunkerHouse наведува дека може да изгради приватно засолниште во Москва во рок од 21 ден од добивањето на нарачката. „Опремете го вашето безбедно засолниште, на само 10 метри од вас. Веќе нема да се плашите дека ќе задоцните и ќе имате време да земете сè што ви треба, мирно и без брзање“, стои во описот на фотографиите од засолништата опремени со винарски визби, луксузни кујни и домашни кина.

Фото илустрација: ЕПА

 

The post Кремљ гради луксузен бункер во Москва наменет за руската елита appeared first on Република.

]]>

Кремљ планира да изгради бункер под ВИП болницата во Москва за да ја заштити руската елита од напади со украински беспилотни летала и ракети, пишува Телеграф. Плановите за изградба на бункер од 800 лица со системи за ладење филтрирање на воздухот беа откриени по нападот на украински беспилотно летало врз луксузното предградие на Москва. Бункерот ќе има можност да го исчисти воздухот од „хемиско оружје за масовно уништување“. Исто така, во бункерот ќе може да се „вршат медицински зафати во воени услови“, пишуваат медиумите за тендерската документација. Додека Кремљ брзо ги објави плановите за бункер под ексклузивната Централна клиничка болница, некои московјани ги критикуваа функционерите дека не успеале да ги заштитат обичните луѓе. Најмалку три беспилотни летала ги избегнаа системите за воздушна одбрана околу Москва во вторникот, а потоа се урнаа во Рубиловка, луксузно станбено предградие во кое живеат многу руски богаташи. „Каде ќе бегаме?“ Една од резиденциите на Владимир Путин се наоѓа во близина на Рубиловка, а аналитичарите велат дека можеби таа била цел на мета. Никој не е повреден, но оштетувањата на „елитните“ станбени згради вознемириле некои локални жители и сликите на руски офицери на ФСБ како ги полеваат јагленосаните останки на украинските беспилотни летала на улица во Москва ги вознемирија граѓаните. „Каде ќе бегаме? Каде е бункерот? напиша една жена на мрежата Телеграм по првата експлозија што одекна низ главниот град на Русија. Спротивно на тоа, луѓето кои живеат во Киев веќе развија заеднички план за справување со напади со беспилотни летала и ракети. Тие ги исмеваа московјаните што конечно накратко го доживеаја она што мораа да го издржат во последните 15 месеци. Руски милионери почнаа да градат приватни засолништа Москва има длабок систем на метро дизајниран од советски инженери за да издржи нуклеарен напад. Најдлабоката подземна станица е Парк Победа, која е 83 метри под земја, што е три пати поголема од длабочината на просечната лондонска метро станица. Главоболка за многу московјани е фактот што метро станиците се ретко распоредени. Руските медиуми веќе објавија дека цените за изнајмување на станови во близина на метро станиците веќе се зголемени. Некои руски милионери почнаа да градат приватни засолништа за воздушни напади. Никита Малежик, основач на BunkerHouse, беше цитиран од руските медиуми во ноември дека побарувачката за засолништа направени по нарачка скокнала за 430 отсто откако Владимир Путин ја нареди првата руска мобилизација по Втората светска војна. На својата веб-страница, BunkerHouse наведува дека може да изгради приватно засолниште во Москва во рок од 21 ден од добивањето на нарачката. „Опремете го вашето безбедно засолниште, на само 10 метри од вас. Веќе нема да се плашите дека ќе задоцните и ќе имате време да земете сè што ви треба, мирно и без брзање“, стои во описот на фотографиите од засолништата опремени со винарски визби, луксузни кујни и домашни кина. Фото илустрација: ЕПА  

The post Кремљ гради луксузен бункер во Москва наменет за руската елита appeared first on Република.

]]>
Кремљ им порача на функционерите да не користат ајфони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-im-poracha-na-funktsionerite-da-ne-koristat-ajfoni/ Mon, 20 Mar 2023 11:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=621548

Руската претседателска администрација им порача на функционерите да престанат да користат ајфони на Епл поради загриженоста дека уредите би можеле да бидат осетливи на западните разузнавачки агенции, објави денеска рускиот весник „Комерсант“.

На семинарот организиран од Кремљ за функционери вклучени во внатрешната политика, првиот заменик-шеф на кабинетот на рускиот претседател, Сергеј Кириенко, им рекол на службениците да ги сменат мобилните телефони до 1 април, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на неименувани извори.

„Готово е со ајфоните: фрлете ги или дајте им ги на децата“, цитира „Комерсант“ еден од учесниците на состанокот кој додава: „Сите мора да го направат тоа во март“.

Кремљ може да даде други уреди со различни оперативни системи да го заменат ајфонот, пишува „Комерсант“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не може да го потврди извештајот, но дека паметните телефони и онака не можат да се користат за официјални цели.

Претседателот Владимир Путин секогаш велеше дека нема паметен телефон, иако Песков рече дека Путин повремено користи Интернет

The post Кремљ им порача на функционерите да не користат ајфони appeared first on Република.

]]>

Руската претседателска администрација им порача на функционерите да престанат да користат ајфони на Епл поради загриженоста дека уредите би можеле да бидат осетливи на западните разузнавачки агенции, објави денеска рускиот весник „Комерсант“. На семинарот организиран од Кремљ за функционери вклучени во внатрешната политика, првиот заменик-шеф на кабинетот на рускиот претседател, Сергеј Кириенко, им рекол на службениците да ги сменат мобилните телефони до 1 април, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на неименувани извори. „Готово е со ајфоните: фрлете ги или дајте им ги на децата“, цитира „Комерсант“ еден од учесниците на состанокот кој додава: „Сите мора да го направат тоа во март“. Кремљ може да даде други уреди со различни оперативни системи да го заменат ајфонот, пишува „Комерсант“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека не може да го потврди извештајот, но дека паметните телефони и онака не можат да се користат за официјални цели. Претседателот Владимир Путин секогаш велеше дека нема паметен телефон, иако Песков рече дека Путин повремено користи Интернет

The post Кремљ им порача на функционерите да не користат ајфони appeared first on Република.

]]>
Лавров кажа која држава им е следна цел: Молдавија може да стане следната Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-kazha-koja-drzhava-im-e-sledna-tsel-moldavija-mozhe-da-stane-slednata-ukraina/ Fri, 03 Feb 2023 15:31:53 +0000 https://republika.mk/?p=604425

Додека Русија води освојувачка војна во Украина, Кремљ им се заканува и на другите соседни земји. Имено, на прашањето на еден од водечките новинари за војна, Дмитриј Кисељов – која земја од поранешниот СССР „би можела да стане нов антируски центар“, првиот дипломат на Путин, Сергеј Лавров, накратко изјави – Молдавија, пренесува хрватски Јутарњи.

Според Лавров, „Молдавија може да стане следната Украина“. Тој го обвини Западот кој, според него, „ја поттикнува Молдавија против Русија и има намера таа да игра улога во проектот против Русија“. Лавров изјави дека тенденцијата на актуелните молдавски власти „да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО сведочи за нивната антируска политика“.

Молдавија веднаш по руската агресија врз Украина побара прием во ЕУ, а во јуни 2022 година заедно со Украина доби кандидатски статус, но ниту побара, ниту најави прием во НАТО, особено што за тоа ќе бидат потребни промени во устав според кој Молдавија е воено неутрална земја. Лавров директно ја нападна молдавската претседателка Маја Санда, за која вели дека „ја турка Молдавија во НАТО“, дека е „романска државјанка“ и дека „подготвува обединување со Романија“.

Во Кишињев таквите зборови на министерот за надворешни работи на Путин ги сфатија како отворена закана и веруваат дека тие можат да станат нова цел во воените планови на Путин за проширување на Русија.

Портпаролот на молдавското Министерство за надворешни работи, Даниел Вода, вели дека ова се „сериозни заканувачки пораки од руската дипломатија“ и дека молдавското население и политика имаат право на сопствени стратешки одлуки и приоритети, а членството во ЕУ е едно од нив.

The post Лавров кажа која држава им е следна цел: Молдавија може да стане следната Украина appeared first on Република.

]]>

Додека Русија води освојувачка војна во Украина, Кремљ им се заканува и на другите соседни земји. Имено, на прашањето на еден од водечките новинари за војна, Дмитриј Кисељов – која земја од поранешниот СССР „би можела да стане нов антируски центар“, првиот дипломат на Путин, Сергеј Лавров, накратко изјави – Молдавија, пренесува хрватски Јутарњи. Според Лавров, „Молдавија може да стане следната Украина“. Тој го обвини Западот кој, според него, „ја поттикнува Молдавија против Русија и има намера таа да игра улога во проектот против Русија“. Лавров изјави дека тенденцијата на актуелните молдавски власти „да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО сведочи за нивната антируска политика“. Молдавија веднаш по руската агресија врз Украина побара прием во ЕУ, а во јуни 2022 година заедно со Украина доби кандидатски статус, но ниту побара, ниту најави прием во НАТО, особено што за тоа ќе бидат потребни промени во устав според кој Молдавија е воено неутрална земја. Лавров директно ја нападна молдавската претседателка Маја Санда, за која вели дека „ја турка Молдавија во НАТО“, дека е „романска државјанка“ и дека „подготвува обединување со Романија“. Во Кишињев таквите зборови на министерот за надворешни работи на Путин ги сфатија како отворена закана и веруваат дека тие можат да станат нова цел во воените планови на Путин за проширување на Русија. Портпаролот на молдавското Министерство за надворешни работи, Даниел Вода, вели дека ова се „сериозни заканувачки пораки од руската дипломатија“ и дека молдавското население и политика имаат право на сопствени стратешки одлуки и приоритети, а членството во ЕУ е едно од нив.

The post Лавров кажа која држава им е следна цел: Молдавија може да стане следната Украина appeared first on Република.

]]>
Кремљ ја менува временската зона во окупираната територија на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-ja-menuva-vremenskata-zona-vo-okupiranata-teritorija-na-ukraina/ Fri, 27 Jan 2023 17:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=601739

Кремљ денеска објави дека ќе започне со наметнување на московската временска зона во деловите на Украина кои се незаконски анектирани и делумно контролирани од руските сили.

Руското Министерство за индустрија и трговија ја објави веста на својот канал на Телеграм, велејќи дека четирите региони на Украина припоени од Русија – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје – „ќе се префрлат на московско време“.

Четири украински региони беа незаконски анектирани од рускиот претседател Владимир Путин во есента 2022 година, по спроведувањето на, како што најголемиот дел од меѓународната заедница ги оквалификува, „лажни“ референдуми. Русија не контролира целосно ниту еден регион, а западните влади го оценија потегот за нелегитимен.

„Постепена синхронизација на руското законодавство е во тек откако четири нови ентитети беа примени во земјата“, соопшти руското Министерство. „Во блиска иднина ДНР (самопрогласена Народна Република Доњецк), ЛНР (самопрогласена Луганска Народна Република), Запорожје и Херсонската област ќе бидат дел од друга временска зона, во која дејствува московско време.

Временската зона во Москва е еден час понапред од источноевропското стандардно време, кое е во сила низ цела Украина.

Министерството додаде дека тие поднеле нацрт-закон за ова прашање до руската Државна дума и тој допрва треба да биде потпишан.

Русија веќе го направи тоа на Крим, кога Путин го анектираше полуостровот во 2014 година. Во март 2014 година, временската зона на Крим беше официјално усогласена со таа на Москва, ставајќи го целиот полуостров еден час пред Украина.

Овој потег доаѓа неколку недели откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека процесот на интеграција на територијата е во „полн замав“. – -Осигурувањето на безбедноста на цивилите кои живеат таму е главната цел на операцијата, рече Песков.

The post Кремљ ја менува временската зона во окупираната територија на Украина appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска објави дека ќе започне со наметнување на московската временска зона во деловите на Украина кои се незаконски анектирани и делумно контролирани од руските сили. Руското Министерство за индустрија и трговија ја објави веста на својот канал на Телеграм, велејќи дека четирите региони на Украина припоени од Русија – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје – „ќе се префрлат на московско време“. Четири украински региони беа незаконски анектирани од рускиот претседател Владимир Путин во есента 2022 година, по спроведувањето на, како што најголемиот дел од меѓународната заедница ги оквалификува, „лажни“ референдуми. Русија не контролира целосно ниту еден регион, а западните влади го оценија потегот за нелегитимен. „Постепена синхронизација на руското законодавство е во тек откако четири нови ентитети беа примени во земјата“, соопшти руското Министерство. „Во блиска иднина ДНР (самопрогласена Народна Република Доњецк), ЛНР (самопрогласена Луганска Народна Република), Запорожје и Херсонската област ќе бидат дел од друга временска зона, во која дејствува московско време. Временската зона во Москва е еден час понапред од источноевропското стандардно време, кое е во сила низ цела Украина. Министерството додаде дека тие поднеле нацрт-закон за ова прашање до руската Државна дума и тој допрва треба да биде потпишан. Русија веќе го направи тоа на Крим, кога Путин го анектираше полуостровот во 2014 година. Во март 2014 година, временската зона на Крим беше официјално усогласена со таа на Москва, ставајќи го целиот полуостров еден час пред Украина. Овој потег доаѓа неколку недели откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека процесот на интеграција на територијата е во „полн замав“. – -Осигурувањето на безбедноста на цивилите кои живеат таму е главната цел на операцијата, рече Песков.

The post Кремљ ја менува временската зона во окупираната територија на Украина appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Испораки на германски тенкови за Украина не навестуваат ништо добро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kreml-isporaki-na-germanski-tenkovi-za-ukraina-ne-navestuvaat-nishto-dobro-2/ Tue, 24 Jan 2023 12:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=600478

Испорака на тенкови „Леопард” од германско производство за Украина не навестува „ништо добро“, предупреди денеска Кремљ, во време кога расте притисокот врз Берлин да дозволи доставување германско оружје на Киев.

Таквите испораки нема да донесат ништо добро за руско-германските односи - рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека тоа „ќе остави неизбришлива трага“.

Полска денеска побара од Германија дозвола да испрати од своите тенкови „Леопард 2“ од германско производство во Украина.

Варшава претходно објави дека е подготвена да испрати 14 тенкови за Киев како дел од меѓународната коалиција, но тоа наиде на колебање во Берлин, кој е под зголемен притисок да ги одобри испораките.

Варшава соопшти дека по однос на прашањето разговара со околу 15 земји од меѓународната коалиција, бидејќи бројни европски армии поседуваат такви тенкови кои би можеле да имаат значително влијание врз украинскиот конфликт.

The post Кремљ: Испораки на германски тенкови за Украина не навестуваат ништо добро appeared first on Република.

]]>

Испорака на тенкови „Леопард” од германско производство за Украина не навестува „ништо добро“, предупреди денеска Кремљ, во време кога расте притисокот врз Берлин да дозволи доставување германско оружје на Киев.
Таквите испораки нема да донесат ништо добро за руско-германските односи - рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека тоа „ќе остави неизбришлива трага“.
Полска денеска побара од Германија дозвола да испрати од своите тенкови „Леопард 2“ од германско производство во Украина. Варшава претходно објави дека е подготвена да испрати 14 тенкови за Киев како дел од меѓународната коалиција, но тоа наиде на колебање во Берлин, кој е под зголемен притисок да ги одобри испораките. Варшава соопшти дека по однос на прашањето разговара со околу 15 земји од меѓународната коалиција, бидејќи бројни европски армии поседуваат такви тенкови кои би можеле да имаат значително влијание врз украинскиот конфликт.

The post Кремљ: Испораки на германски тенкови за Украина не навестуваат ништо добро appeared first on Република.

]]>
Секој мировен предлог за Украина мора да прифати дека четирите припоени региони сега се дел од руската територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sekoj-miroven-predlog-za-ukraina-mora-da-prifati-deka-chetirite-pripoeni-regioni-sega-se-del-od-ruskata-teritorija/ Wed, 28 Dec 2022 12:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=590954

Кремљ тврди дека секој мировен предлог за ставање крај на војната во Украина ќе мора да ја прифати „новата реалност”, според која четири украински региони се анектирани од Русија.

Ниту еден мировен план за Украина не може да постои доколку не се земе предвид припојувањето на четири нови региони во Руската Федерација. Ова денеска пред новинарите го изјави прес-секретарот на шефот на руската држава Дмитриј Песков.

Засега нема „мировен план” за Украина, да почнеме со ова, рече портпаролот на Кремљ како одговор на барањето да се коментира иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготовка на „мировен план” до февруари, кога тој би сакал да одржи мировен самит, со посредство на ОН.

На 30 септември Русија официјално ги анектираше Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, иако борбите во овие региони продолжија. Анексијата уследи по референдумот што Украина и западните земји го опишаа како „измама” и целосно незаконски. Извештаите сугерираат дека жителите на тие региони биле принудени да гласаат и не можеле да ги напуштат областите додека не заврши спроведувањето на референдумот.

Русија не контролира целосно ниту еден од четирите региони. Делови од Херсон, вклучително и градот Херсон и областите околу реката Днепар, беа вратени под контрола на Украина во ноември по повлекувањето на Русија.

The post Секој мировен предлог за Украина мора да прифати дека четирите припоени региони сега се дел од руската територија appeared first on Република.

]]>

Кремљ тврди дека секој мировен предлог за ставање крај на војната во Украина ќе мора да ја прифати „новата реалност”, според која четири украински региони се анектирани од Русија. Ниту еден мировен план за Украина не може да постои доколку не се земе предвид припојувањето на четири нови региони во Руската Федерација. Ова денеска пред новинарите го изјави прес-секретарот на шефот на руската држава Дмитриј Песков. Засега нема „мировен план” за Украина, да почнеме со ова, рече портпаролот на Кремљ како одговор на барањето да се коментира иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за подготовка на „мировен план” до февруари, кога тој би сакал да одржи мировен самит, со посредство на ОН. На 30 септември Русија официјално ги анектираше Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, иако борбите во овие региони продолжија. Анексијата уследи по референдумот што Украина и западните земји го опишаа како „измама” и целосно незаконски. Извештаите сугерираат дека жителите на тие региони биле принудени да гласаат и не можеле да ги напуштат областите додека не заврши спроведувањето на референдумот. Русија не контролира целосно ниту еден од четирите региони. Делови од Херсон, вклучително и градот Херсон и областите околу реката Днепар, беа вратени под контрола на Украина во ноември по повлекувањето на Русија.

The post Секој мировен предлог за Украина мора да прифати дека четирите припоени региони сега се дел од руската територија appeared first on Република.

]]>
Кремљ: Нема предлози за новогодишно примирје во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kremlj-nema-predlozi-za-novogodishno-primirje-vo-ukraina/ Wed, 14 Dec 2022 11:32:45 +0000 https://republika.mk/?p=585523

Кремљ денеска соопшти дека не добил никакви предлози од Киев за запирање на борбите во Украина за време на претстојниот празничен период и дека прекин на огнот не бил на агендата на Москва.

Не, од никого не се примени никакви предлози и ниту една тема од ваков вид не е на дневен ред, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на прашањето дали Русија ќе ги паузира нападите за Божик или за Нова Година.

The post Кремљ: Нема предлози за новогодишно примирје во Украина appeared first on Република.

]]>

Кремљ денеска соопшти дека не добил никакви предлози од Киев за запирање на борбите во Украина за време на претстојниот празничен период и дека прекин на огнот не бил на агендата на Москва. Не, од никого не се примени никакви предлози и ниту една тема од ваков вид не е на дневен ред, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на прашањето дали Русија ќе ги паузира нападите за Божик или за Нова Година.

The post Кремљ: Нема предлози за новогодишно примирје во Украина appeared first on Република.

]]>