кредитирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kreditiranje/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 10:41:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кредитирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kreditiranje/ 32 32 Се шопингувало, купувало станови и автомобили: Во март било зголеменo кредитирањето на домаќинствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-shopinguvalo-kupuvalo-stanovi-i-avtomobili-vo-mart-bilo-zgolemeno-kreditiraneto-na-domakinstvata/ Fri, 19 Apr 2024 10:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=767981

Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3 проценти, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 6,1 процент и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка.

Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,8 проценти. Месечниот и годишниот раст, посочува НБ; се резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута.

Кај кредитите на корпоративниот сектор во март нема промена во споредба со претходниот месец. На годишна основа, е забележан раст од 5,4 проценти, којшто во целост произлегува од зголеменото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута.

Во март 2024 година, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,4 проценти и еден процент, соодветно, при годишен раст од 5,8 проценти и 10,4 проценти, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 1,8 проценти и 13,1 процент на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечен и годишен пад од 0,8 проценти и 6,8 проценти, соодветно. Во март, негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,3 проценти, при годишно зголемување од 6,1 процент. Кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен пад од 1,7 процент, додека на годишна основа се намалени за 21,2 проценти, информира НБ.

Вкупните депозити во март, се намалени за 0,9 проценти на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“. Споредено на годишна основа, остварен е раст од 9,3 проценти, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“.

Како што наведува централната банка, вкупните депозити на домаќинствата во март се повисоки за 0,1 процент и 8,7 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно. Растот кај двете основи се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити.

Во март, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4 проценти на месечно ниво. Надолната промена пред сè се должи на намалените депозитни пари, при дополнителен пад и на краткорочните депозити, а во услови на раст на долгорочните депозити. На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2 проценти, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти.

The post Се шопингувало, купувало станови и автомобили: Во март било зголеменo кредитирањето на домаќинствата appeared first on Република.

]]>

Вкупните кредити, во март, забележаа месечен раст од 0,3 проценти, поради зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“. Годишниот раст изнесува 6,1 процент и се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, објави денеска Народната банка. Кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,5 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,8 проценти. Месечниот и годишниот раст, посочува НБ; се резултат на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во странска валута. Кај кредитите на корпоративниот сектор во март нема промена во споредба со претходниот месец. На годишна основа, е забележан раст од 5,4 проценти, којшто во целост произлегува од зголеменото кредитирање во денари, во услови на пад на кредитите во странска валута. Во март 2024 година, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е забележан месечен раст од 0,4 проценти и еден процент, соодветно, при годишен раст од 5,8 проценти и 10,4 проценти, соодветно. Автомобилските кредити, овој месец, се зголемени за 1,8 проценти и 13,1 процент на месечна и на годишна основа, соодветно, додека кредитите одобрени на кредитните картички забележаа месечен и годишен пад од 0,8 проценти и 6,8 проценти, соодветно. Во март, негативните салда на тековните сметки остварија месечен раст од 2,3 проценти, при годишно зголемување од 6,1 процент. Кај кредитите одобрени врз други основи е остварен месечен пад од 1,7 процент, додека на годишна основа се намалени за 21,2 проценти, информира НБ. Вкупните депозити во март, се намалени за 0,9 проценти на месечна основа, во целост како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор, при раст на депозитите на секторот „домаќинства“. Споредено на годишна основа, остварен е раст од 9,3 проценти, поради зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес кон растот на депозитите на секторот „домаќинства“. Како што наведува централната банка, вкупните депозити на домаќинствата во март се повисоки за 0,1 процент и 8,7 проценти на месечна и на годишна основа, соодветно. Растот кај двете основи се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити. Во март, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се намалени за 2,4 проценти на месечно ниво. Надолната промена пред сè се должи на намалените депозитни пари, при дополнителен пад и на краткорочните депозити, а во услови на раст на долгорочните депозити. На годишно ниво, депозитите на корпоративниот сектор се зголемени за 12,2 проценти, во поголем дел како резултат на растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при дополнителен позитивен придонес и на останатите компоненти.

The post Се шопингувало, купувало станови и автомобили: Во март било зголеменo кредитирањето на домаќинствата appeared first on Република.

]]>
Банките очекуваат влошување на условите за кредитирање, но и поголема побарувачка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bankite-ochekuvaat-vloshuvanje-na-uslovite-za-kreditiranje-no-i-pogolema-pobaruvachka/ Fri, 23 Dec 2022 11:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=589139

Според последната Анкета на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за кредитирање на банките од Централна, Источна и Југоисточна Европа, зголемената корпоративна побарувачка за ликвидност и побарувачката на домаќинствата за станбени кредити доведоа до зголемување на барањата за заеми во регионот. Банките очекуваат севкупната побарувачка за кредити дополнително да се зголеми во текот на следните шест месеци, иако со поумерено темпо, со барањата за обртни средства на фирмите за покривање на потребите за ликвидност како главен двигател. Фиксните инвестиции и малопродажните сегменти, вклучително и за потрошувачки кредити и домување, се очекува да се намалат.

Банките очекуваат условите за понудата на кредити- кои банките за финансирање се подготвени да им ги обезбедат на своите клиенти - значително да се влошат во следните шест месеци. Кредитните стандарди се заострија, особено на хипотекарниот пазар, поради ефектите од војната во Украина, повисоката инфлација и каматните стапки и општото забавување на економиите. Оттука, робусната кредитна побарувачка ќе се соочи со построги услови за понуда. И покрај предвидувањата, квалитетот на кредитот еволуираше позитивно во последните шест месеци. Сепак, со оглед на неповолните економски изгледи, банките повторно очекуваат зголемување на нефункционалните кредити во следните шест месеци.

И покрај неповолните економски очекувања, банките во Централна, Источна и Југоисточна Европа повторно известуваат за солиден пристап до финансирање, благодарение на одржливите подобрувања во финансирањето на мало и корпоративните депозити. Во иднина, во контекст на влошените глобални услови, банките предвидуваат заострени услови за снабдување и се подготвуваат за потенцијално зголемување на нефункционалните кредити - вели Дебора Револтела, главниот економист во ЕИБ.

Гледајќи ја долгорочната стратегија, прекуграничните банкарски групи покажуваат позитивни намери кон своето работење во регионот, при што повеќе од половината имаат намера да го задржат сегашното ниво на работење, додека речиси една третина имаат намера селективно да се прошируваат. Сепак, 10 отсто од банкарските групи (во споредба со нула во претходниот бран на анкети) ја сигнализираа својата намера за селективно намалување на активноста во регионот. И покрај неизвесноста и зголемените ризици, повеќето меѓународни банкарски групи остануваат уверени во потенцијалот на регионот.

Улогата на следење на банките преку ваква анкета е клучна за да се разбере како економијата ќе се развива и прецизно да се проценат финансиските услови во Европа. Благодарение на напорите на економистите на ЕИБ, имаме преглед на економското опкружување на ЦИЈИЕ, што ќе ни овозможи да ги обезбедиме потребните финансии за соодветно да одговориме на потребите на луѓето и бизнисите во регионот - посочи Потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

The post Банките очекуваат влошување на условите за кредитирање, но и поголема побарувачка appeared first on Република.

]]>

Според последната Анкета на Европската инвестициска банка (ЕИБ) за кредитирање на банките од Централна, Источна и Југоисточна Европа, зголемената корпоративна побарувачка за ликвидност и побарувачката на домаќинствата за станбени кредити доведоа до зголемување на барањата за заеми во регионот. Банките очекуваат севкупната побарувачка за кредити дополнително да се зголеми во текот на следните шест месеци, иако со поумерено темпо, со барањата за обртни средства на фирмите за покривање на потребите за ликвидност како главен двигател. Фиксните инвестиции и малопродажните сегменти, вклучително и за потрошувачки кредити и домување, се очекува да се намалат. Банките очекуваат условите за понудата на кредити- кои банките за финансирање се подготвени да им ги обезбедат на своите клиенти - значително да се влошат во следните шест месеци. Кредитните стандарди се заострија, особено на хипотекарниот пазар, поради ефектите од војната во Украина, повисоката инфлација и каматните стапки и општото забавување на економиите. Оттука, робусната кредитна побарувачка ќе се соочи со построги услови за понуда. И покрај предвидувањата, квалитетот на кредитот еволуираше позитивно во последните шест месеци. Сепак, со оглед на неповолните економски изгледи, банките повторно очекуваат зголемување на нефункционалните кредити во следните шест месеци.
И покрај неповолните економски очекувања, банките во Централна, Источна и Југоисточна Европа повторно известуваат за солиден пристап до финансирање, благодарение на одржливите подобрувања во финансирањето на мало и корпоративните депозити. Во иднина, во контекст на влошените глобални услови, банките предвидуваат заострени услови за снабдување и се подготвуваат за потенцијално зголемување на нефункционалните кредити - вели Дебора Револтела, главниот економист во ЕИБ.
Гледајќи ја долгорочната стратегија, прекуграничните банкарски групи покажуваат позитивни намери кон своето работење во регионот, при што повеќе од половината имаат намера да го задржат сегашното ниво на работење, додека речиси една третина имаат намера селективно да се прошируваат. Сепак, 10 отсто од банкарските групи (во споредба со нула во претходниот бран на анкети) ја сигнализираа својата намера за селективно намалување на активноста во регионот. И покрај неизвесноста и зголемените ризици, повеќето меѓународни банкарски групи остануваат уверени во потенцијалот на регионот.
Улогата на следење на банките преку ваква анкета е клучна за да се разбере како економијата ќе се развива и прецизно да се проценат финансиските услови во Европа. Благодарение на напорите на економистите на ЕИБ, имаме преглед на економското опкружување на ЦИЈИЕ, што ќе ни овозможи да ги обезбедиме потребните финансии за соодветно да одговориме на потребите на луѓето и бизнисите во регионот - посочи Потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова.

The post Банките очекуваат влошување на условите за кредитирање, но и поголема побарувачка appeared first on Република.

]]>