кредит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kredit/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 13:19:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кредит Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kredit/ 32 32 Се бара решение: Државата и банките преговараат за рокот на отплата на кредитите за приватниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-bara-reshenie-drzhavata-i-bankite-pregovaraat-za-rokot-na-otplata-na-kreditite-za-privatniot-sektor/ Fri, 01 Nov 2024 14:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=833123

Министерството за финансии и комерцијалните банки разговараат за рокот на отплата на кредитите за приватниот сектор, откако е постигнат е договор за дефинирање на каматната стапка и нејзиното субвенционирање од страна на државата која се јавува како посредник со цел да се охрабрат компаниите да инвестираат во земјава, информираше денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска по брифингот со новинарите.

Разговорите со банките ги почнавме некаде од месец август и од тогаш до денес сме имале состаноци, пред две недели го постигнавме договорот во насока на дефинирање на каматната стапка и нејзиното субвенционирање од страна на државата, како што било впрочем и во минатото. Од 2011 година навака има многу кредитни линии коишто се поминати преку Владата, односно Министерството за финансии, дадени на приватниот сектор каде што субвенционирањето било од страна на државата. Ние пробавме да направиме обид со банките, барем да го поделиме тој трошок, но тие сметаат дека ризикот го преземаат, и тоа е така, ризикот го преземаат банките и за сметка на тоа нормално може да се појави некој ризичен кредит, затоа тие инсистираа каматата да ја покриеме комплетно ние и на крајот се согласивме - рече Димитриеска-Кочоска во изјава за медиумите.

Отворено е, додаде министерката, прашањето за рокот на отплата на кредитите, каде државата бара продолжување на роковите од седум на петнаесет години.

Она што е како отворено прашање по кое што се уште разговараме, тоа е рокот на отплата. Ние баравме рокот на отплата да биде 15 години со вклучени 3 години грејс период, согласно интерни процедури и политики на банките. Тие имаат рокови на отплата од 7 до 10 години и оставивме простор тука да видиме како ќе се договориме во насока на тоа дали може да го продолжат рокот за отплата на кредитите, затоа што целата оваа суштина и ова учество на државата во одобрување на кредитите е токму насочено кон тоа да се одобрат кредити на приватниот сектор на еден подолг период, односно подолг период на отплата да има, затоа што сметаме дека така ќе се охрабрат уште повеќе кога ќе знаат дека во годината оптоварувањето е помало, ќе се охрабрат повеќе да инвестираат, тоа беше нашата идеја - посочи Димитреска-Кочоска.

Како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски, половина од средствата од унгарскиот кредит од половина милијарда евра кои веќе се легнати на сметката на Народната банка ќе бидат за компаниите, односно кредити за компаниите, а останатите средства за капитални инвестиции, дел за општините, дел за централната Влада.

Веќе сме во преговори со банките како овој процес ќе функционира во пракса за да останат истите услови. Морам да кажам дека почетоците на овие преговори не се онакви какви што ние очекувавме, но тоа што е. Ќе разговараме со банките па ќе видиме до каде ќе стигнеме. Но, во секој случај компаниите ќе ги имаат истите услови коишто ги имаше оној заем, односно 3,25 проценти камата, 3 години грејс период и период на отплата до 12 години - појасни Мицкоски на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на 29. минатиот месец.

The post Се бара решение: Државата и банките преговараат за рокот на отплата на кредитите за приватниот сектор appeared first on Република.

]]>

Кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/koi-se-razlikite-megu-lichni-zaemi-i-delovni-zaemi/ Fri, 16 Aug 2024 12:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=807245

Лични и Деловни Заеми - Главни Разлики, Услови и Карактеристики

Доколку сте заинтересирани за аплицирање за кредит, би било добро да знаете кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми, како и условите за подигање ваков тип на кредити. Во продолжение ќе објасниме како да разликувате меѓу личен заем и деловен заем и кои се условите за овие кредити.

Кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми?
Со оглед на тоа што станува збор за два различни видови на кредит, личните и деловните заеми воглавно се разликуваат во нивната намена, износот на заем, условите и каматите, процесот на аплицирање, осигурување и слично.

Но, кога е потребен деловен заем и кои се поволни лични заеми во зависност од вашите потреби? Главните услови и разлики меѓу личен и деловен заем се:

Намена

Личен заем, што би можело да биди и во форма на брз кредит, се користи за лични потреби и представува финансирање за покривање лични трошоци, како консолидација на веќе постоечки долгови, финансирање на големи купувања, реновирање, поправки, медицински и останати неочекувани трошоци.

Деловен заем, од друга страна, представува кредит за фирма кој се користи за проширување на бизнис, отворање нови локации, обезбедување обртни средства за управување, финансирање маркетинг активности, развој на нови производи и услуги, итн.

Кредитоспособност
Кај личните заеми, банките и финансиските друштва задолжително ја проверуваат кредитоспособноста на поединецот кој аплицира за потрошувачки кредит. Исто така, се проверуваат и други фактори, како кредитната историја, приходите и личните долгови.

Кај деловни заеми, кредитоспособноста се базира на кредитната историја на бизнисот, односно фирмата, неговата профитабилност и деловна стратегија. Во некои случаеви, може да е потребна и лична гаранција од сопственикот на бизнисот.

Износ на заем
Износот на заем во лични и деловни кредити драстично се разликува. Додека личните заеми почнуваат со минимален износ од неколку стотици евра, деловните кредити најчесто започнуваат од суми како 5,000 евра за помали бизниси, или над 50,000 евра за поголеми компании.

Кај личните заеми, како фактори што влијаат на износот ќе ги споменеме кредитната историја, стабилноста на приходите, тековните долгови, и моменталната финансиска ситуација на кредитобарателот. Додека пак, кај деловните заеми, фактори кои влијаат на износот на заемот се големината на бизнисот, профитабилноста, кредитната историја, деловниот план, залог, осигурување итн.

Услови и камати
Кај личните заеми, каматните стапки се фиксни или варијабилни, додека рокот на отплата е типично краток и варира од 1 до 10 години. Кај кредит за фирма, условите и каматите се најчесто одредени зависно од природата на бизнисот, типот на заемот и други индивидуални фактори. Роковите за отплата се најчесто подолги од оние кај потрошувачки кредит, особено кај заеми на повисоки износи.

Процес на аплицирање
Процесот на аплицирање за личен заем е брз и вклучува минимална документација. Од друга страна, деловните заеми имаат долг и сложен процес на аплицирање и обемна документација која се состои од бизнис планови, финансиски извештаи, докази за деловна активност и други документи зависно од индивидуалниот случај.

Заклучок

Бидејќи деловните и личните заеми се дополнителни финансии за две различни категории на корисници, од исклучителна важност е да се знае кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми како и условите за нивно аплицирање и отплата.

Меѓу главните одлики на овие два типа на кредити, најлесно ќе дознаете како да разликувате меѓу личен заем и деловен заем според тоа што личните кредити се за физички, додека деловините за правни лица. Условите, износите, и каматите се најчесто одредени во зависност од индивидуални фактори на корисникот на кредит, но се често изработени по најповолните услови, како за кредитобарателот, така и за кредитодавателот.

Комерцијална објава

The post Кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми? appeared first on Република.

]]>

Лични и Деловни Заеми - Главни Разлики, Услови и Карактеристики

Доколку сте заинтересирани за аплицирање за кредит, би било добро да знаете кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми, како и условите за подигање ваков тип на кредити. Во продолжение ќе објасниме како да разликувате меѓу личен заем и деловен заем и кои се условите за овие кредити. Кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми? Со оглед на тоа што станува збор за два различни видови на кредит, личните и деловните заеми воглавно се разликуваат во нивната намена, износот на заем, условите и каматите, процесот на аплицирање, осигурување и слично. Но, кога е потребен деловен заем и кои се поволни лични заеми во зависност од вашите потреби? Главните услови и разлики меѓу личен и деловен заем се: Намена Личен заем, што би можело да биди и во форма на брз кредит, се користи за лични потреби и представува финансирање за покривање лични трошоци, како консолидација на веќе постоечки долгови, финансирање на големи купувања, реновирање, поправки, медицински и останати неочекувани трошоци. Деловен заем, од друга страна, представува кредит за фирма кој се користи за проширување на бизнис, отворање нови локации, обезбедување обртни средства за управување, финансирање маркетинг активности, развој на нови производи и услуги, итн. Кредитоспособност Кај личните заеми, банките и финансиските друштва задолжително ја проверуваат кредитоспособноста на поединецот кој аплицира за потрошувачки кредит. Исто така, се проверуваат и други фактори, како кредитната историја, приходите и личните долгови. Кај деловни заеми, кредитоспособноста се базира на кредитната историја на бизнисот, односно фирмата, неговата профитабилност и деловна стратегија. Во некои случаеви, може да е потребна и лична гаранција од сопственикот на бизнисот. Износ на заем Износот на заем во лични и деловни кредити драстично се разликува. Додека личните заеми почнуваат со минимален износ од неколку стотици евра, деловните кредити најчесто започнуваат од суми како 5,000 евра за помали бизниси, или над 50,000 евра за поголеми компании. Кај личните заеми, како фактори што влијаат на износот ќе ги споменеме кредитната историја, стабилноста на приходите, тековните долгови, и моменталната финансиска ситуација на кредитобарателот. Додека пак, кај деловните заеми, фактори кои влијаат на износот на заемот се големината на бизнисот, профитабилноста, кредитната историја, деловниот план, залог, осигурување итн. Услови и камати Кај личните заеми, каматните стапки се фиксни или варијабилни, додека рокот на отплата е типично краток и варира од 1 до 10 години. Кај кредит за фирма, условите и каматите се најчесто одредени зависно од природата на бизнисот, типот на заемот и други индивидуални фактори. Роковите за отплата се најчесто подолги од оние кај потрошувачки кредит, особено кај заеми на повисоки износи. Процес на аплицирање Процесот на аплицирање за личен заем е брз и вклучува минимална документација. Од друга страна, деловните заеми имаат долг и сложен процес на аплицирање и обемна документација која се состои од бизнис планови, финансиски извештаи, докази за деловна активност и други документи зависно од индивидуалниот случај.

Заклучок

Бидејќи деловните и личните заеми се дополнителни финансии за две различни категории на корисници, од исклучителна важност е да се знае кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми како и условите за нивно аплицирање и отплата. Меѓу главните одлики на овие два типа на кредити, најлесно ќе дознаете како да разликувате меѓу личен заем и деловен заем според тоа што личните кредити се за физички, додека деловините за правни лица. Условите, износите, и каматите се најчесто одредени во зависност од индивидуални фактори на корисникот на кредит, но се често изработени по најповолните услови, како за кредитобарателот, така и за кредитодавателот.
Комерцијална објава

The post Кои се разликите меѓу лични заеми и деловни заеми? appeared first on Република.

]]>
Жена од Србија го отплати кредит во Швајцарија, па викна музика https://arhiva3.republika.mk/zivot/zhena-od-srbija-go-otplati-kredit-vo-shvajtsarija-pa-vikna-muzika/ Wed, 24 Jul 2024 20:39:52 +0000 https://republika.mk/?p=784076

За многу луѓе, заемот во Швајцарија беше голема животна грешка, откако не можеа да си ги платат долговите. Една жена успеала да го исплати овој заем, па решила да прослави со музика

„Госпоѓата го исплати кредитот во CHF! Навистина не е шега, не е изданието „не се случи“, последната рата од кредитот ја прослави со прослава и музика договорена токму за тој настан!

Оваа слика им ја испратила жена чија свекрва штотуку го исплатила тој заем во швајцарски франци.

„Ова може да биде анегдота. Свекрва ми постојано велеше: „Кога ќе платам, ќе славам!“ А денес навистина слави. Со музика и како што доликува – објави таа со слика од прославата.

The post Жена од Србија го отплати кредит во Швајцарија, па викна музика appeared first on Република.

]]>

За многу луѓе, заемот во Швајцарија беше голема животна грешка, откако не можеа да си ги платат долговите. Една жена успеала да го исплати овој заем, па решила да прослави со музика „Госпоѓата го исплати кредитот во CHF! Навистина не е шега, не е изданието „не се случи“, последната рата од кредитот ја прослави со прослава и музика договорена токму за тој настан! Оваа слика им ја испратила жена чија свекрва штотуку го исплатила тој заем во швајцарски франци. „Ова може да биде анегдота. Свекрва ми постојано велеше: „Кога ќе платам, ќе славам!“ А денес навистина слави. Со музика и како што доликува – објави таа со слика од прославата.

The post Жена од Србија го отплати кредит во Швајцарија, па викна музика appeared first on Република.

]]>
Жена дошла во банка со мртов човек за да земе кредит на негово име https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zhena-doshla-vo-banka-so-mrtov-chovek-za-da-zeme-kredit-na-negovo-ime/ Sat, 20 Apr 2024 13:29:49 +0000 https://republika.mk/?p=768468

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде што жена била уапсена откако наводно се обидела да добие заем од банка, во друштво на мртов човек?!

Приказната за прв пат ја објави ТВ Глобо, најголемиот бразилски пренос на вести, а снимката стана вирална на социјалните мрежи.

На видеото гледаме жена која стои покрај блед постар маж во инвалидска количка. Се гледа како го држи за врат и го нарекува „вујко“. Таа наводно се претставила како внука на човекот и побарала заем од 3.400 долари.

Вујко, слушаш? Треба да го потпишете (договорот за заем). Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи не можам да го сторам тоа за тебе“, вели таа.

Вработената во банката, која ја снимила снимката, одговара:

Изгледа не е добро, неговата боја“.

Вработената возвраќа:

Тој е таков“. Тој не кажува ништо“.

Вработените во банката набрзо повикале полиција.

Тој веќе беше мртов во банката. Главната работа е да се продолжи истрагата за да се пронајдат членовите на семејството и да се дознае повеќе за случајот“, изјави началникот на полицијата, Фабио Луиз, за ТВ Глобо.

Ако се покаже дека жената е виновна, таа може да биде одговорна за обид за измама.

Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина.

https://twitter.com/MoreCrazyClips/status/1780573926998810686

The post Жена дошла во банка со мртов човек за да земе кредит на негово име appeared first on Република.

]]>

Неверојатна приказна доаѓа од Рио де Жанеиро, каде што жена била уапсена откако наводно се обидела да добие заем од банка, во друштво на мртов човек?! Приказната за прв пат ја објави ТВ Глобо, најголемиот бразилски пренос на вести, а снимката стана вирална на социјалните мрежи. На видеото гледаме жена која стои покрај блед постар маж во инвалидска количка. Се гледа како го држи за врат и го нарекува „вујко“. Таа наводно се претставила како внука на човекот и побарала заем од 3.400 долари.
Вујко, слушаш? Треба да го потпишете (договорот за заем). Ако не потпишеш, нема шанси, бидејќи не можам да го сторам тоа за тебе“, вели таа.
Вработената во банката, која ја снимила снимката, одговара:
Изгледа не е добро, неговата боја“.
Вработената возвраќа:
Тој е таков“. Тој не кажува ништо“.
Вработените во банката набрзо повикале полиција.
Тој веќе беше мртов во банката. Главната работа е да се продолжи истрагата за да се пронајдат членовите на семејството и да се дознае повеќе за случајот“, изјави началникот на полицијата, Фабио Луиз, за ТВ Глобо.
Ако се покаже дека жената е виновна, таа може да биде одговорна за обид за измама. Надлежните ги истражуваат околностите под кои мажот починал, а неговото тело е пренесено во Институтот за судска медицина. https://twitter.com/MoreCrazyClips/status/1780573926998810686

The post Жена дошла во банка со мртов човек за да земе кредит на негово име appeared first on Република.

]]>
Неколкупати му платила по 270 евра: Излажал возрасна жена дека е од странска банка и сака да и помогне да добие евтин кредит https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nekolkupati-mu-platila-po-270-evra-izlazhal-vozrasna-zhena-deka-e-od-stranska-banka-i-saka-da-i-pomogne-da-dobie-evtin-kredit/ Tue, 23 Jan 2024 17:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=736068

На 22.01.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице.

Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка.

Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Неколкупати му платила по 270 евра: Излажал возрасна жена дека е од странска банка и сака да и помогне да добие евтин кредит appeared first on Република.

]]>

На 22.01.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице. Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка. Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Неколкупати му платила по 270 евра: Излажал возрасна жена дека е од странска банка и сака да и помогне да добие евтин кредит appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-potpishuvaneto-na-100-milioni-evra-kredit-za-esm-ne-e-za-pres-konferentsii-tuku-najgolem-poraz-koj-do-sega-se-ima-slucheno/ Tue, 22 Aug 2023 16:38:01 +0000 https://republika.mk/?p=674690

Министре, пресов Ви е како за на мали деца да им поткажете нешто и да ги подлажете...

1. Споредба на реализација на Буџетот дајте со планот за 2023. Потоа може да заклучувате дали е добро или не.

2. Пред нето ДДВ има една ставка која се вика "Исплата на поврат на ДДВ". Ќе замолам вашите служби да проверат (кога веќе вие не знаете) колку изнесува. Не мора да прашате во УЈП, прашајте го стопанството по колку време си ги чека парите. Е, кога таа ставка ќе биде реална, тогаш кај ДДВ немате раст од 4,8% туку помалку во однос на лани. А колкава требаше да биде во однос на лани знаете? Проверете се уште еднаш, ве молам.

По ДДВ-то се гледа дека нешто не е добро со економијата. И тоа очекувам да одговорите што е. Грешно планирање, сива економија или ја пеплосавте, економијата.

И второ потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено. 100 милиони евра се пари кои наместо за инвестиции, ќе завршат за покривање на редовно работење, плати и скапи тендери во четири очи за ископи и што уште не. Пораз е најголемата компнија во државна сопственост да се донесе во таков колапс, да биде загубар со години и да не може да си обезбеди плати за своите вработени.

Но, ве разбирам, иако не оправдувам, вие како министер славите денес зошто нема да вршите исплата на милионски износи од буџетот кон ЕСМ како досега. Ионака нема веќе од каде да исплаќате. Како што започнав буџетот не е полн, туку за жал празен.

П.С. На крај ДДВ според ваши проекции треба да биде за 21,21% повеќе од 2022 за да можат да се остварат оние 1.276 милиони евра кои сами сте ги планирале.

The post Димитриеска Кочоска: Потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено appeared first on Република.

]]>

Министре, пресов Ви е како за на мали деца да им поткажете нешто и да ги подлажете... 1. Споредба на реализација на Буџетот дајте со планот за 2023. Потоа може да заклучувате дали е добро или не. 2. Пред нето ДДВ има една ставка која се вика "Исплата на поврат на ДДВ". Ќе замолам вашите служби да проверат (кога веќе вие не знаете) колку изнесува. Не мора да прашате во УЈП, прашајте го стопанството по колку време си ги чека парите. Е, кога таа ставка ќе биде реална, тогаш кај ДДВ немате раст од 4,8% туку помалку во однос на лани. А колкава требаше да биде во однос на лани знаете? Проверете се уште еднаш, ве молам. По ДДВ-то се гледа дека нешто не е добро со економијата. И тоа очекувам да одговорите што е. Грешно планирање, сива економија или ја пеплосавте, економијата. И второ потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено. 100 милиони евра се пари кои наместо за инвестиции, ќе завршат за покривање на редовно работење, плати и скапи тендери во четири очи за ископи и што уште не. Пораз е најголемата компнија во државна сопственост да се донесе во таков колапс, да биде загубар со години и да не може да си обезбеди плати за своите вработени. Но, ве разбирам, иако не оправдувам, вие како министер славите денес зошто нема да вршите исплата на милионски износи од буџетот кон ЕСМ како досега. Ионака нема веќе од каде да исплаќате. Како што започнав буџетот не е полн, туку за жал празен. П.С. На крај ДДВ според ваши проекции треба да биде за 21,21% повеќе од 2022 за да можат да се остварат оние 1.276 милиони евра кои сами сте ги планирале.

The post Димитриеска Кочоска: Потпишувањето на 100 милиони евра кредит за ЕСМ не е за прес конференции, туку најголем пораз кој до сега се има случено appeared first on Република.

]]>
Ова е многу важно: Ниту една банка не смее да наплати провизија за предвремена отплата на кредитот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-e-mnogu-vazhno-nitu-edna-banka-ne-smee-da-naplati-provizija-za-predvremena-otplata-na-kreditot/ Sun, 30 Apr 2023 17:38:05 +0000 https://republika.mk/?p=635584

Договорите за брзите кеш кредити се еклатантен пример за легална пљачка која што ја дозволува државата, вели за Детектор адвокатот Јанаки Митровски.

Овие договори се еклатантен пример за легална пљачка која што за жал се дозволува. Инаку и за банките кога ги споменувате, е добро да се знае дека Законот за облигациони односи ги штити примачите на кредит од наплаќање на пенали за предвремено враќање на кредитот, каде што банката не смее да наплаќа па дури и да стои така во договорот, сум видел некаде дека стои и 5% пенали да се плаќаат. Слободно сите граѓани нека си го уплатат износот кој го должат без пеналите за предвремена отплата, верувајте ми дека банките нема да тужат, бидејќи во Законот за облигациони односи со големи букви стои дека немаат право на тоа.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/retko-koj-od-graganite-znae-deka-ima-rok-od-14-dena-vo-koj-mozhe-da-se-otkazhe-od-kreditot/

Ќе ги платите само каматите кои се доспеани, ниту други камати треба да враќате, но во Законот за финансиски друштва нема ваква одредба, објаснува Митровски.

The post Ова е многу важно: Ниту една банка не смее да наплати провизија за предвремена отплата на кредитот appeared first on Република.

Знаете ли дека имате рок од 14 дена во кој може да се откажете од кредитот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/znaete-li-deka-imate-rok-od-14-dena-vo-koj-mozhe-da-se-otkazhete-od-kreditot/ Sun, 30 Apr 2023 15:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=635559

Економската криза заедно со инфлацијата ги натера граѓаните дополнително да се задолжуваат, вели за Детектор Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи. Таа апелира да се внимава на условите кога се земаат кредити за да бидат заштитени при нивното отплаќање.

За брзите кредити потенцираше дека надлежните треба да посветат повеќе внимание на начинот на кој тие се рекламираат пред граѓаните.

Таа им објаснува на граѓаните дека имаат законско право 14 дена по земањето на кредитот да се откажат од него без трошоци.

Кога ќе го земете кредитот, прво може да се откажете од него по 14 дена. Ретко кој од нив тоа го знае, а финансиските друштва тоа никаде не го објавуваат. Секој може да ги направи тоа. Тоа е според Законот за заштита на потрошувачи. Точно тоа го вели. Има таков период од 14 дена, дали е тоа за овие, важи за сите кредити. Тука има трошоци само за одобрувањето на кредитот. Само тие трошоци. Меѓутоа и тие треба да се на разумно ниво, да не бидат енормни, објаснува Лончар за Детектор.

The post Знаете ли дека имате рок од 14 дена во кој може да се откажете од кредитот? appeared first on Република.

]]>

Економската криза заедно со инфлацијата ги натера граѓаните дополнително да се задолжуваат, вели за Детектор Маријана Лончар Велкова од Организацијата на потрошувачи. Таа апелира да се внимава на условите кога се земаат кредити за да бидат заштитени при нивното отплаќање. За брзите кредити потенцираше дека надлежните треба да посветат повеќе внимание на начинот на кој тие се рекламираат пред граѓаните. Таа им објаснува на граѓаните дека имаат законско право 14 дена по земањето на кредитот да се откажат од него без трошоци.
Кога ќе го земете кредитот, прво може да се откажете од него по 14 дена. Ретко кој од нив тоа го знае, а финансиските друштва тоа никаде не го објавуваат. Секој може да ги направи тоа. Тоа е според Законот за заштита на потрошувачи. Точно тоа го вели. Има таков период од 14 дена, дали е тоа за овие, важи за сите кредити. Тука има трошоци само за одобрувањето на кредитот. Само тие трошоци. Меѓутоа и тие треба да се на разумно ниво, да не бидат енормни, објаснува Лончар за Детектор.

The post Знаете ли дека имате рок од 14 дена во кој може да се откажете од кредитот? appeared first on Република.

]]>
Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг земал кредит во негово име https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kavadarchanets-prijavil-vo-politsija-deka-nekoj-drug-zemal-kredit-vo-negovo-ime/ Fri, 27 Jan 2023 11:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=601614

Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг земал кредит во негово име, информираше денеска портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.

Вчера во 10.00 часот во Полициската станица во Кавадарци, кавадарчанецот Р.Л.(44) пријавил дека на 25 јануари добил телефонски повик од финансиско друштво дека има рата за плаќање кредит. Според пријавеното, тој не аплицирал за кредит во финансиско друштво, по што сфатил дека неговите лични податоци биле злоупотребени, појасни Самарџиев.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг земал кредит во негово име appeared first on Република.

Бесими: Средствата од ПЛЛ инструментот на ММФ стануваат достапни за справување со кризата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/besimi-sredstvata-od-pll-instrumentot-na-mmf-stanuvaat-dostapni-za-spravuvanje-so-krizata/ Tue, 15 Nov 2022 19:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=574181

Министерот за финансии Фатмир Бесими, во образложение на Предлог-законот пред матичната собраниска Комисија рече дека обезбедувањето средства преку овој Инструмент е дел од стремежите на Владата и Министерството за финансии, во овие услови на криза кога на пазарите на капитал се високи цените, да се обезбеди финансирање по најповолни услови.

Со Законот, како што рече, е предвидено РС Македонија да има пристап до 530 милиони евра, од кои до крајот на годината треба да се повлечат 110 милиони евра, а наредната 155 милиони евра. Тоа се средства потребни за справување со последиците од енергетската криза и поддршка на граѓаните и стопанството кои се најпотребни во претстојната зима, истакнува министерот Бесими.

Целта на овој инструмент е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики.

Министерот потенцира дека Инструментот за претпазливост и ликвидност е воспоставен во 2011 година и е наменет за земјите членки на Меѓународниот монетарен фонд – ММФ со здрави основи и политики и докажана практика за имплементација на политиките и кои во даден момент може да имаат и потреба од финансирање заради одредени ризици што би можеле да доведат до таква потреба.

„За да може една земја да се квалификува да го користи овој Инструмент е да има здрави економски основи и институционални рамки на политики; да имплементира и да има докажана практика на имплементирање здрави политики и да остане посветена на одржување таквите здрави политики во иднина.

Одборот на ММФ средствата треба да ги одобри до крајот на овој месец. Предвидено е да се користат во наредните 24 месеци. Рокот на отплата на средствата што ќе се повлечат е утврден на три години и три месеци од повлекување на износот од средствата. Каматната стапка по која се обезбедуваат средствата во овој момент изнесува од 3,66 до 4,66 %.

Ова е само еден од начините на кој оваа година се обезбеди финансирањето на буџетскиот дефицит. Моделот кој се примени од страна на Министерството за финансии и Владата овозможи заштеда само по основ на камата од 40 милиони евра годишно.

The post Бесими: Средствата од ПЛЛ инструментот на ММФ стануваат достапни за справување со кризата appeared first on Република.

]]>

Министерот за финансии Фатмир Бесими, во образложение на Предлог-законот пред матичната собраниска Комисија рече дека обезбедувањето средства преку овој Инструмент е дел од стремежите на Владата и Министерството за финансии, во овие услови на криза кога на пазарите на капитал се високи цените, да се обезбеди финансирање по најповолни услови. Со Законот, како што рече, е предвидено РС Македонија да има пристап до 530 милиони евра, од кои до крајот на годината треба да се повлечат 110 милиони евра, а наредната 155 милиони евра. Тоа се средства потребни за справување со последиците од енергетската криза и поддршка на граѓаните и стопанството кои се најпотребни во претстојната зима, истакнува министерот Бесими. Целта на овој инструмент е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики. Министерот потенцира дека Инструментот за претпазливост и ликвидност е воспоставен во 2011 година и е наменет за земјите членки на Меѓународниот монетарен фонд – ММФ со здрави основи и политики и докажана практика за имплементација на политиките и кои во даден момент може да имаат и потреба од финансирање заради одредени ризици што би можеле да доведат до таква потреба. „За да може една земја да се квалификува да го користи овој Инструмент е да има здрави економски основи и институционални рамки на политики; да имплементира и да има докажана практика на имплементирање здрави политики и да остане посветена на одржување таквите здрави политики во иднина. Одборот на ММФ средствата треба да ги одобри до крајот на овој месец. Предвидено е да се користат во наредните 24 месеци. Рокот на отплата на средствата што ќе се повлечат е утврден на три години и три месеци од повлекување на износот од средствата. Каматната стапка по која се обезбедуваат средствата во овој момент изнесува од 3,66 до 4,66 %. Ова е само еден од начините на кој оваа година се обезбеди финансирањето на буџетскиот дефицит. Моделот кој се примени од страна на Министерството за финансии и Владата овозможи заштеда само по основ на камата од 40 милиони евра годишно.

The post Бесими: Средствата од ПЛЛ инструментот на ММФ стануваат достапни за справување со кризата appeared first on Република.

]]>
Украина договори 5 милијарди долари заем од ММФ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-dogovori-5-milijardi-dolari-zaem-od-mmf/ Sat, 13 Aug 2022 20:03:10 +0000 https://republika.mk/?p=540035

Обезбедувањето нов заем од пет милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе помогне да се убедат другите украински кредитори дека макроекономската ситуација во таа земја разурната од војна е под контрола.

Ова го изјави главниот економски советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Новото финансирање од ММФ ќе служи како сидро околу 18 месеци додека не се договори поголем финансиски пакет вреден меѓу 15 и 20 милијарди долари, кои што треба да ѝ помогнат на Украина да ја надминат економската криза предизвикана од руската инвазија, изјави советникот Олег Устенко.

Украинскиот гувернер Кирило Шевченко пред две недели изјави дека бараат од ММФ заем до 20 милијарди долари за период од две до три години. Ваквото големо барање предизвика интензивни дискусии во ММФ бидејќи може да покрене и прашања за одржливоста на долгот на Украина.

„Програмата на ММФ од 5 милијарди долари ќе биде во согласност со претходните нивоа на финансирање и може да биде катализатор за финансирање од други извори, вклучувајќи ги ЕУ, САД и други земји“, рече Устенко.

Претходната програма за финансирање на ММФ за Украина беше откажана во март, а наместо тоа меѓународната финансиска институција ѝ додели на земјата итен заем од 1,4 милијарди долари со само неколку услови во првите недели од руската инвазија.

Во меѓувреме, вчера две глобални рејтинг агенции - Стандард и Пурс и Фич - го намалија рејтингот за надворешниот долг на Украина, велејќи дека сметаат дека реструктуирањето на долгот на земјата е проблематично.

На почетокот на оваа недела, имено, странските кредитори на Украина го исполнија барањето на земјата за двегодишно замрзнување на отплатата на обврзниците во вредност од речиси 20 милијарди долари, со што избегнаа неуреден банкрот.

S&P го намали рејтингот на долгот на Украина во странска валута од „CC/C“ на „SD/SD“.

„Со оглед на тоа што објавените услови за реструктуирање, а во согласност со нашите критериуми, сметаме дека таа трансакција е проблематична и еднаква на неисполнување на кредити“, изјавија од S&P. Фич го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Украина од „Ц“ на „РД“.

Поради руската инвазија, Украина годинава ја очекува економски пад од 35 до 40 отсто, а во државната каса месечен дефицит од пет милијарди долари. Устенко рече дека Украина се надева оти преговорите со ММФ за нов заем, вреден до 20 милијарди долари, ќе бидат брзи и дека ќе се постигне прелиминарен договор пред истекот на мораториумот за исплата на обврзниците на странските инвеститори.

The post Украина договори 5 милијарди долари заем од ММФ appeared first on Република.

]]>

Обезбедувањето нов заем од пет милијарди долари од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе помогне да се убедат другите украински кредитори дека макроекономската ситуација во таа земја разурната од војна е под контрола.

Ова го изјави главниот економски советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Новото финансирање од ММФ ќе служи како сидро околу 18 месеци додека не се договори поголем финансиски пакет вреден меѓу 15 и 20 милијарди долари, кои што треба да ѝ помогнат на Украина да ја надминат економската криза предизвикана од руската инвазија, изјави советникот Олег Устенко. Украинскиот гувернер Кирило Шевченко пред две недели изјави дека бараат од ММФ заем до 20 милијарди долари за период од две до три години. Ваквото големо барање предизвика интензивни дискусии во ММФ бидејќи може да покрене и прашања за одржливоста на долгот на Украина. „Програмата на ММФ од 5 милијарди долари ќе биде во согласност со претходните нивоа на финансирање и може да биде катализатор за финансирање од други извори, вклучувајќи ги ЕУ, САД и други земји“, рече Устенко. Претходната програма за финансирање на ММФ за Украина беше откажана во март, а наместо тоа меѓународната финансиска институција ѝ додели на земјата итен заем од 1,4 милијарди долари со само неколку услови во првите недели од руската инвазија. Во меѓувреме, вчера две глобални рејтинг агенции - Стандард и Пурс и Фич - го намалија рејтингот за надворешниот долг на Украина, велејќи дека сметаат дека реструктуирањето на долгот на земјата е проблематично. На почетокот на оваа недела, имено, странските кредитори на Украина го исполнија барањето на земјата за двегодишно замрзнување на отплатата на обврзниците во вредност од речиси 20 милијарди долари, со што избегнаа неуреден банкрот. S&P го намали рејтингот на долгот на Украина во странска валута од „CC/C“ на „SD/SD“. „Со оглед на тоа што објавените услови за реструктуирање, а во согласност со нашите критериуми, сметаме дека таа трансакција е проблематична и еднаква на неисполнување на кредити“, изјавија од S&P. Фич го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Украина од „Ц“ на „РД“. Поради руската инвазија, Украина годинава ја очекува економски пад од 35 до 40 отсто, а во државната каса месечен дефицит од пет милијарди долари. Устенко рече дека Украина се надева оти преговорите со ММФ за нов заем, вреден до 20 милијарди долари, ќе бидат брзи и дека ќе се постигне прелиминарен договор пред истекот на мораториумот за исплата на обврзниците на странските инвеститори.

The post Украина договори 5 милијарди долари заем од ММФ appeared first on Република.

]]>
Камчев за 5-те милиони евра подигнал кредит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kamchev-za-5-te-milioni-evra-podignal-kredit/ Fri, 29 Apr 2022 18:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=495527

Обвинетиот бизнисмен Орце Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра на државниот буџет откако се спогодил со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Империја“.

Ова го соопшти раководителката на Обвинителството, Вилма Русковска на прашање на „Топ тема“, дали парите кои ги уплатил се чисти. Според нејзините информации кои ги добила од обвинителката која го води случајот, Камчев зел кредит и дека хипотеките треба да ги испита банката.

Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор.

Според информацијата Русковска појаснила дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.

The post Камчев за 5-те милиони евра подигнал кредит appeared first on Република.

]]>

Обвинетиот бизнисмен Орце Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра на државниот буџет откако се спогодил со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Империја“. Ова го соопшти раководителката на Обвинителството, Вилма Русковска на прашање на „Топ тема“, дали парите кои ги уплатил се чисти. Според нејзините информации кои ги добила од обвинителката која го води случајот, Камчев зел кредит и дека хипотеките треба да ги испита банката. Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор. Според информацијата Русковска појаснила дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.

The post Камчев за 5-те милиони евра подигнал кредит appeared first on Република.

]]>
Познат идентитетот на лицата кои подигнале кредит во име на лице со попреченост од Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poznat-identitetot-na-licata-koi-podignale-kredit-vo-ime-na-lice-so-poprechenost-od-delchevo/ Wed, 23 Mar 2022 22:51:54 +0000 https://republika.mk/?p=477405

Познат идентитетот на лицата кои измамиле лице со попреченост од Делчево подигнувајки кредит во негово име. Случајот во полиција го пријави делчевецот Невзат Фејзулов, кој во понеделникот за МИА информираше дека за кредитот на неговиот син Денис Фејзулов бил информиран телефонски, при што му било напоменато дека неговиот син должи сума од околу 3000 евра.

Во врска со случајот денеска од полицијата информираа дека по преземените мерки констатирано е дека 42-годишниот делчевец бил измамен од лицата М.У. од Делчево и М.А од Штип.

Како што е пријавено, во текот на месец јануари 2022 година тие го убедиле, доведувајки го во заблуда, да земе кредит од неколку финансиски друштва, по што му ги зеле парите и заминале, велат од полицијата повикувајки се на соопштението од СВР од каде е преземен случајот.

Во тек се преземање понатамошни мерки, по што е најавена соодветна кривична пријава.

The post Познат идентитетот на лицата кои подигнале кредит во име на лице со попреченост од Делчево appeared first on Република.

]]>

Познат идентитетот на лицата кои измамиле лице со попреченост од Делчево подигнувајки кредит во негово име. Случајот во полиција го пријави делчевецот Невзат Фејзулов, кој во понеделникот за МИА информираше дека за кредитот на неговиот син Денис Фејзулов бил информиран телефонски, при што му било напоменато дека неговиот син должи сума од околу 3000 евра. Во врска со случајот денеска од полицијата информираа дека по преземените мерки констатирано е дека 42-годишниот делчевец бил измамен од лицата М.У. од Делчево и М.А од Штип.
Како што е пријавено, во текот на месец јануари 2022 година тие го убедиле, доведувајки го во заблуда, да земе кредит од неколку финансиски друштва, по што му ги зеле парите и заминале, велат од полицијата повикувајки се на соопштението од СВР од каде е преземен случајот.
Во тек се преземање понатамошни мерки, по што е најавена соодветна кривична пријава.

The post Познат идентитетот на лицата кои подигнале кредит во име на лице со попреченост од Делчево appeared first on Република.

]]>
Млада охриѓанка се обидела да земе кредит на име на починат роднина https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mlada-ohrigjanka-se-obidela-da-zeme-kredit-na-ime-na-pochinat-rodnina/ Tue, 08 Mar 2022 09:13:33 +0000 https://republika.mk/?p=469391

Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје ја лишиле од слобода В.М.(35) од Охрид.

На 02.03.2022 во 18.54 часот Е.О.(24) од Скопје, информираа денеска од МВР, пријавила дека во 17.32 часот пријавената поднела електронска апликација за кредит во финансиско друштво од Скопје на подрачје на Кисела Вода, а подоцна направила обид за подигање на пари со туѓа лична карта на починато лице, со што сторила кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ казниво по член 249 од Кривичниот законик.

Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода и по извршениот разговор, В.М. го признала делото.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

The post Млада охриѓанка се обидела да земе кредит на име на починат роднина appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Кисела Вода при СВР Скопје ја лишиле од слобода В.М.(35) од Охрид. На 02.03.2022 во 18.54 часот Е.О.(24) од Скопје, информираа денеска од МВР, пријавила дека во 17.32 часот пријавената поднела електронска апликација за кредит во финансиско друштво од Скопје на подрачје на Кисела Вода, а подоцна направила обид за подигање на пари со туѓа лична карта на починато лице, со што сторила кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ казниво по член 249 од Кривичниот законик. Лицето е задржано во Полициска станица Кисела Вода и по извршениот разговор, В.М. го признала делото. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок

The post Млада охриѓанка се обидела да земе кредит на име на починат роднина appeared first on Република.

]]>
Гевгеличанец со кредит отворил ресторан, финансиска полиција го казнила 7.000 евра и забрана за работа за лажен сертификат на гостите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gevgelichanec-so-kredit-otvoril-restoran-finansiska-policija-go-kaznila-7-000-evra-i-zabrana-za-rabota-za-lazen-sertifikat-na-gostite/ Sun, 13 Feb 2022 09:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=457792

Гевгеличанец, еснаф, зел кредит за да отвори ресторан, пишува Јован укузел на својот фејсбук профил.

Вработил луѓе, делел плата. Му се паркира финансиска полиција, му маваат 7000(!) евра казна и забрана за работа поради 4 гости кои покажале лажен кoвид сeртификат. Човекот, виден граѓанин е буквално скршен. Да ти еб*м системот.

The post Гевгеличанец со кредит отворил ресторан, финансиска полиција го казнила 7.000 евра и забрана за работа за лажен сертификат на гостите appeared first on Република.