Креативна Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kreativna-evropa/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Dec 2023 07:44:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Креативна Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kreativna-evropa/ 32 32 Отворен e повикот за „Изведувачка Европа“ поддржан од Програмата „Креативна Европа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-e-povikot-za-izveduvachka-evropa-poddrzhan-od-programata-kreativna-evropa/ Tue, 05 Dec 2023 07:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=719730

Објавен e повикот за грантовата линија од Програмата „Креативна Европа“, потпрограма Култура на Европската Унија, насловена „Изведувачка Европа“ („Perform Europе“).

Станува збор за грантова линија која е наменета за соработка во областа на изведувачките уметности во 40-те земји учеснички во програмата „Креативна Европа“, меѓу кои е и Македонија.

За повикот се одвоени средства во висина од 2,1 милиони евра, за поддршка на 35 партнерства, а во проектите да учествуваат минимум тројца партнери од минимум три земји од Креативна Европа. Секоја проект апликација да вклучуваа најмалку едно дело од областа на изведувачките уметности (со исклучок на музика во живо) што треба да биде претставено во минимум на три различни земји од програмата „Креативна Европа“.

Организациите и индивидуалците од областа на изведувачки уметности се повикани да креираат партнерства и да предложат влијателни идеи кои ќе генерираат вистински промени, фокусирајќи се барем на еден од наведените приоритети на овој повик: инклузивност и различност, како и борба против климатските промени.

Кандидатите можат да аплицираат за грантови во поделени во три категории и тоа: Мали партнерски проекти (до 12 илјади евра), проекти со средно партнерство (до 32 илјади евра), големи партнерски проекти (до 60 илјади евра).

Краен рок за доставување на апликациите на овој повик на кој можат да учествуваат и македонските оператори, е 31 март 2024 година, 23:59 часот преку веб-страната на Perform Europе https://performeurope.eu/.

Партнерите апликантите може да ги најдат преку алатката за барање на партнери на веб страницата на Perform Europe https://performeurope.eu/login/.

The post Отворен e повикот за „Изведувачка Европа“ поддржан од Програмата „Креативна Европа“ appeared first on Република.

]]>

Објавен e повикот за грантовата линија од Програмата „Креативна Европа“, потпрограма Култура на Европската Унија, насловена „Изведувачка Европа“ („Perform Europе“). Станува збор за грантова линија која е наменета за соработка во областа на изведувачките уметности во 40-те земји учеснички во програмата „Креативна Европа“, меѓу кои е и Македонија. За повикот се одвоени средства во висина од 2,1 милиони евра, за поддршка на 35 партнерства, а во проектите да учествуваат минимум тројца партнери од минимум три земји од Креативна Европа. Секоја проект апликација да вклучуваа најмалку едно дело од областа на изведувачките уметности (со исклучок на музика во живо) што треба да биде претставено во минимум на три различни земји од програмата „Креативна Европа“. Организациите и индивидуалците од областа на изведувачки уметности се повикани да креираат партнерства и да предложат влијателни идеи кои ќе генерираат вистински промени, фокусирајќи се барем на еден од наведените приоритети на овој повик: инклузивност и различност, како и борба против климатските промени. Кандидатите можат да аплицираат за грантови во поделени во три категории и тоа: Мали партнерски проекти (до 12 илјади евра), проекти со средно партнерство (до 32 илјади евра), големи партнерски проекти (до 60 илјади евра). Краен рок за доставување на апликациите на овој повик на кој можат да учествуваат и македонските оператори, е 31 март 2024 година, 23:59 часот преку веб-страната на Perform Europе https://performeurope.eu/. Партнерите апликантите може да ги најдат преку алатката за барање на партнери на веб страницата на Perform Europe https://performeurope.eu/login/.  

The post Отворен e повикот за „Изведувачка Европа“ поддржан од Програмата „Креативна Европа“ appeared first on Република.

]]>
Во Гостивар презентирани можности за културни проекти финансирани од ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-gostivar-prezentirani-mozhnosti-za-kulturni-proekti-finansirani-od-eu/ Thu, 26 Jan 2023 14:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=601333

Повиците за проекти од програмата „Креативна Европа“ денес беа презентирани во Гостивар пред претставници на невладиниот сектор, установи и институции. Присутните на настанот што се одржа во Центарот за култура АСНОМ, имаа можност да слушнат подетално околу условите и аплицирањето за категориите „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“. Програмата ја спроведува Министерството за култура, и е наменета за културните и креативните сектори.

Оваа презентација се прави со цел да ги информираме и мотивираме потенцијалните апликанти доколку се во можност да се вклучат во повиците кои се тековни за оваа 2023-та година. Сепак, Програмата трае до 2027-ма година и редовно на годишно ниво се објавуваат повици, така добро е да се запознаат со критериумите и начините на аплицирање, да одлучат дали можеби ќе се јават на повик во некоја од наредните години. Инаку, станува збор за повеќегодишни европски копродукциски проекти кои може да траат до 48 месеци. Вклучени се 42 земји од кои нашите организации може да си најдат партнери и да изработуваат заеднички проекти во сите области на културните и креативни области почнувјаќи од архитектура, издаваштво, музика, визуелни уметности итн., појасни Билјана Прентоска од Министерство за култура.

извор: Гостиварпрес.мк

The post Во Гостивар презентирани можности за културни проекти финансирани од ЕУ appeared first on Република.

Апликациите за програмата „Креативна Европа“ не мора да се специфизирани конкретно за културните и креативните сектори https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/aplikatsiite-za-programata-kreativna-evropa-ne-mora-da-se-spetsifizirani-konkretno-za-kulturnite-i-kreativnite-sektori/ Wed, 25 Jan 2023 08:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=600708

Информативна сесија за програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура се одржа во Музејот на Македонска борба во Скопје, на која заинтересираните апликанти можеа да слушнат нешто повеќе околу тековните повици. Програмата ја спроведува Министерството за култура, и е наменета за културните и креативните сектори.

За време на сесијата, Билјана Прентоска од Министерство за култура – Одделение за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Култура, ги презентираше повиците за категориите „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“ за оваа година.

Целата програма ја спроведува Министерството за култура преку Одделението за „Креативна Европа“ – потпрограма Култура. Културните и креативните сектори опфаќаат голем број на сектори, дисциплини и организации. Можат да бидат владини, невладини, локални или образовни установи, приватни организации или приватни бизниси, кои делуваат во креативните и културните сектори, изјави Прентоска пред почетокот на информативната сесија.

Таа напомена дека дијапазонот на апликантите е навистина многу широк, дури, како што рече, не мора да се специфизирани конкретно за културните и креативните сектори. Но, доколку можат со нивната активност да дадат придонес во овој сектор, добредојдени се да аплицираат.

Програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура е за наредниот седум годишен циклус, односно завршува во 2027 година. Краен рок на поднесување на апликациите е 23 февруари.

Втората категорија е категорија за „Циркулација на европски книжевни дела“, по претходната програма од нашиот издавачки сектор, затоа што тие беа потенцијалните апликанти, и позната беше како категорија за литературни и книжевни преводи. Новата програма има нови финеси, нови приоритети, нов начин на поднесување на електронската апликација, додаде Прентоска.

Таа појасни дека Одделение за Креативна Европа на ЕУ во Министерството за култура паузирало минатите две години поради спроведување на процесот на преговори за политичко учество во оваа програма со потпишување на меѓународен договор преку Министерството за култура и ЕУ. Но, како што додаде, тоа не значи дека апликантите не аплицирале изминативе две години, бидејќи програмата ретроактивно се спроведуваше во земјите кои не се членки на ЕУ и кои ги спроведуваат тие процеси на потпишување на меѓународен договор.

Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“ – Скопје го претстави проектот „Музиката поврзува: Рок музиката поттикнува инклузија низ Европа“, а своите проекти ги претставија и двата културни оператори „Бата пресс милениум“ и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка“.

Серијата информативни сесии продолжува уште во четири градови – на 25 јануари во Велес, на 26 јануари во Tетово и Гостивар, а на 27 јануари ќе биде организиран информативен настан во Штип.

The post Апликациите за програмата „Креативна Европа“ не мора да се специфизирани конкретно за културните и креативните сектори appeared first on Република.

]]>

Информативна сесија за програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура се одржа во Музејот на Македонска борба во Скопје, на која заинтересираните апликанти можеа да слушнат нешто повеќе околу тековните повици. Програмата ја спроведува Министерството за култура, и е наменета за културните и креативните сектори. За време на сесијата, Билјана Прентоска од Министерство за култура – Одделение за Креативна Европа на ЕУ – Потпрограма Култура, ги презентираше повиците за категориите „Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“ за оваа година.
Целата програма ја спроведува Министерството за култура преку Одделението за „Креативна Европа“ – потпрограма Култура. Културните и креативните сектори опфаќаат голем број на сектори, дисциплини и организации. Можат да бидат владини, невладини, локални или образовни установи, приватни организации или приватни бизниси, кои делуваат во креативните и културните сектори, изјави Прентоска пред почетокот на информативната сесија.
Таа напомена дека дијапазонот на апликантите е навистина многу широк, дури, како што рече, не мора да се специфизирани конкретно за културните и креативните сектори. Но, доколку можат со нивната активност да дадат придонес во овој сектор, добредојдени се да аплицираат. Програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура е за наредниот седум годишен циклус, односно завршува во 2027 година. Краен рок на поднесување на апликациите е 23 февруари.
Втората категорија е категорија за „Циркулација на европски книжевни дела“, по претходната програма од нашиот издавачки сектор, затоа што тие беа потенцијалните апликанти, и позната беше како категорија за литературни и книжевни преводи. Новата програма има нови финеси, нови приоритети, нов начин на поднесување на електронската апликација, додаде Прентоска.
Таа појасни дека Одделение за Креативна Европа на ЕУ во Министерството за култура паузирало минатите две години поради спроведување на процесот на преговори за политичко учество во оваа програма со потпишување на меѓународен договор преку Министерството за култура и ЕУ. Но, како што додаде, тоа не значи дека апликантите не аплицирале изминативе две години, бидејќи програмата ретроактивно се спроведуваше во земјите кои не се членки на ЕУ и кои ги спроведуваат тие процеси на потпишување на меѓународен договор. Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“ – Скопје го претстави проектот „Музиката поврзува: Рок музиката поттикнува инклузија низ Европа“, а своите проекти ги претставија и двата културни оператори „Бата пресс милениум“ и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка“. Серијата информативни сесии продолжува уште во четири градови – на 25 јануари во Велес, на 26 јануари во Tетово и Гостивар, а на 27 јануари ќе биде организиран информативен настан во Штип.

The post Апликациите за програмата „Креативна Европа“ не мора да се специфизирани конкретно за културните и креативните сектори appeared first on Република.

]]>