кражби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krazbi/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 07:54:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кражби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krazbi/ 32 32 Кражби во ниви: Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување… https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krazhbi-vo-nivi-se-kradat-grozje-sadnitsi-delovi-od-sistemi-za-navodnuvane/ Fri, 20 Sep 2024 07:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=818035

Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи - Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР - Велес.

Од почетокот на годината до 18 септември, во СВР - Велес пријавени се вкупно 35 кражби во ниви и земјоделски имоти. Притоа, во четири случаи било одземено грозје од лозови насади. Исто така, граѓаните пријавувале дека им биле одземени дрвја - садници, делови од системи за наводнување, делови од земјоделски машини, алати и други предмети, појасни Ѓаковска.

Инаку, кавадаречката полиција на 15 септември приведе три лица од Кавадарци, поради кражба од нива.

Полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41-годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54-годишно лице од кавадаречкото село Ваташа, беше тогаш официјалната информација од СВР - Велес.

Оттаму тогаш додадоа дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Кражби во ниви: Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување… appeared first on Република.

]]>

Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување и од земјоделски машини, алати и други предмети од ниви и земјоделски имоти на територијата што ја покрива Секторот за внатрешни работи - Велес. Оваа информација ја потврди за МИА, Биљана Ѓаковска, портпарол во СВР - Велес.
Од почетокот на годината до 18 септември, во СВР - Велес пријавени се вкупно 35 кражби во ниви и земјоделски имоти. Притоа, во четири случаи било одземено грозје од лозови насади. Исто така, граѓаните пријавувале дека им биле одземени дрвја - садници, делови од системи за наводнување, делови од земјоделски машини, алати и други предмети, појасни Ѓаковска.
Инаку, кавадаречката полиција на 15 септември приведе три лица од Кавадарци, поради кражба од нива.
Полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода Н.В., на возраст од 43 години, Р.В., 20-годишно лице и 41-годишната С.В., поради извршена кражба од нива во близина на Кавадарци, сопственост на Л.Р., 54-годишно лице од кавадаречкото село Ваташа, беше тогаш официјалната информација од СВР - Велес.
Оттаму тогаш додадоа дека по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Кражби во ниви: Се крадат грозје, садници, делови од системи за наводнување… appeared first on Република.

]]>
Пронајдени накит и електрични апарати: Расчистени три тешки кражби во гостиварско Дебреше https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeni-nakit-i-elektrichni-aparati-raschisteni-tri-teshki-krazhbi-vo-gostivarsko-debreshe/ Tue, 17 Sep 2024 16:01:04 +0000 https://republika.mk/?p=817179

Полицијата расчисти три кражби кои биле извршени во куќи во гостиварското село Дебреше. Две лица се осомничени како сторители откако кај нив се пронајдени електрични апарати и накит кои претходно ги украле.

Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, по спроведените активности, надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово расчистила три тешки кражби, пријавени во Полициското одделение Галате.

Кражбите се случиле во три куќи сопственост на С.Б., Г.Б. и С.Б. во гостиварско Дебреше во периодот од 03.08 до 09.09.2024. По преземени мерки, на 10 септември од слобода биле лишени А.К.(43) од гостиварско Леуново и С.С.(36) од Дебреше, вели портпаролот Реџепи.

Тој напомена дека по извршените претреси, кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела и им биле вратени на сопствениците. По документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветен поднесок.

The post Пронајдени накит и електрични апарати: Расчистени три тешки кражби во гостиварско Дебреше appeared first on Република.

]]>

Полицијата расчисти три кражби кои биле извршени во куќи во гостиварското село Дебреше. Две лица се осомничени како сторители откако кај нив се пронајдени електрични апарати и накит кои претходно ги украле. Според портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, по спроведените активности, надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар – СВР Тетово расчистила три тешки кражби, пријавени во Полициското одделение Галате.
Кражбите се случиле во три куќи сопственост на С.Б., Г.Б. и С.Б. во гостиварско Дебреше во периодот од 03.08 до 09.09.2024. По преземени мерки, на 10 септември од слобода биле лишени А.К.(43) од гостиварско Леуново и С.С.(36) од Дебреше, вели портпаролот Реџепи.
Тој напомена дека по извршените претреси, кај нив биле пронајдени повеќе предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела и им биле вратени на сопствениците. По документирање на случаите, против лицата ќе следува соодветен поднесок.

The post Пронајдени накит и електрични апарати: Расчистени три тешки кражби во гостиварско Дебреше appeared first on Република.

]]>
Кражбите на храна во маркетите стануваат сè почести откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/krazhbite-na-hrana-vo-marketite-stanuvaat-se-pochesti-otkako-tsenite-na-osnovnite-zhivotni-potrebi-drastichno-porasnaa/ Sat, 27 Jul 2024 13:01:26 +0000 https://republika.mk/?p=800783

Вработените сведочат за зголемен број инциденти, особено откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа, пишува Денар.мк

Според нив, најмногу се крадат производи со висока вредност, но не се поштедени ни оние кои се дел од секојдневната потрошувачка како кашкавалот, путерот, сирењето, паштетите... Чоколадите исто така често завршуваат во џебовите на крадците.

Целиот текст овде.

The post Кражбите на храна во маркетите стануваат сè почести откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа appeared first on Република.

]]>

Вработените сведочат за зголемен број инциденти, особено откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа, пишува Денар.мк Според нив, најмногу се крадат производи со висока вредност, но не се поштедени ни оние кои се дел од секојдневната потрошувачка како кашкавалот, путерот, сирењето, паштетите... Чоколадите исто така често завршуваат во џебовите на крадците. Целиот текст овде.

The post Кражбите на храна во маркетите стануваат сè почести откако цените на основните животни потреби драстично пораснаа appeared first on Република.

]]>
Приведен гостиварец, за една ноќ извршил три кражби https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-gostivarets-za-edna-nok-izvrshil-tri-krazhbi/ Thu, 11 Jul 2024 10:45:06 +0000 https://republika.mk/?p=795784

Вчера во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода Т.М.(43) од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат.

Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

 

The post Приведен гостиварец, за една ноќ извршил три кражби appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода Т.М.(43) од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат. Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
 
 

The post Приведен гостиварец, за една ноќ извршил три кражби appeared first on Република.

]]>
Уапсен 45-годишен разбојник кој крадел од автомобили и куќи во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-45-godishen-razbojnik-koj-kradel-od-avtomobili-i-kuki-vo-kumanovo/ Fri, 08 Mar 2024 17:21:54 +0000 https://republika.mk/?p=752769

На 7 март во 17:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ф.(45) од Куманово.

Тој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово.

А.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

The post Уапсен 45-годишен разбојник кој крадел од автомобили и куќи во Куманово appeared first on Република.

]]>

На 7 март во 17:15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Ф.(45) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил повеќе кражби од возила и приватни имоти во Куманово. А.Ф. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

The post Уапсен 45-годишен разбојник кој крадел од автомобили и куќи во Куманово appeared first on Република.

]]>
„Заклучувајте ги возилата, не оставајте ни очила за сонце во нив“: СВР Тетово ги предупредува туристите на Маврово и Попова Шапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zakluchuvajte-gi-vozilata-ne-ostavajte-ni-ochila-za-sontse-vo-niv-svr-tetovo-gi-predupreduva-turistite-na-mavrovo-i-popova-shapka/ Mon, 22 Jan 2024 10:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=735394

На зимско туристичките центри Маврово и Попова Шапка, посебно за викендите, зголемен е бројот на гостите и посетителите, а кои најчесто пристигнуваат со нивни возила, потсетуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово од каде уште еднаш апелираат до сопствениците на возилата задолжително да ги заклучуваат и на седиштата да не оставаат вредни предмети, чанти, паричници, мобилни телефони, лаптоп компјутери, очила за сонце и друго, зашто, ваквите предмети се мета за крадци кои со оштетување на стаклата стигнуваат до целта.

На возачите им се советува, исто така, задолжително да поседуваат зимска опрема, што претставува и нивна законска обврска до 15-ти март годинава. Покрај тоа, им се укажува и на потребата да не ги оставаат возилата каде ќе стигнат и на тој начин да го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, туку исклучиво на наменски определените локации во овие два центри. Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел сопствениците на возилата да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои секојдневно го регулираат сообраќајот на овие дестинации, со цел да се избегнат, односно превенираат можни поголеми мешаници со несакани последици, велат од СВР Тетово.

The post „Заклучувајте ги возилата, не оставајте ни очила за сонце во нив“: СВР Тетово ги предупредува туристите на Маврово и Попова Шапка appeared first on Република.

]]>

На зимско туристичките центри Маврово и Попова Шапка, посебно за викендите, зголемен е бројот на гостите и посетителите, а кои најчесто пристигнуваат со нивни возила, потсетуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово од каде уште еднаш апелираат до сопствениците на возилата задолжително да ги заклучуваат и на седиштата да не оставаат вредни предмети, чанти, паричници, мобилни телефони, лаптоп компјутери, очила за сонце и друго, зашто, ваквите предмети се мета за крадци кои со оштетување на стаклата стигнуваат до целта.
На возачите им се советува, исто така, задолжително да поседуваат зимска опрема, што претставува и нивна законска обврска до 15-ти март годинава. Покрај тоа, им се укажува и на потребата да не ги оставаат возилата каде ќе стигнат и на тој начин да го попречуваат нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот, туку исклучиво на наменски определените локации во овие два центри. Секторот за внатрешни работи Тетово и со апел сопствениците на возилата да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници кои секојдневно го регулираат сообраќајот на овие дестинации, со цел да се избегнат, односно превенираат можни поголеми мешаници со несакани последици, велат од СВР Тетово.

The post „Заклучувајте ги возилата, не оставајте ни очила за сонце во нив“: СВР Тетово ги предупредува туристите на Маврово и Попова Шапка appeared first on Република.

]]>
Вашингтон тајмс: Организираните масовни кражби во продавниците стана „катастрофа ширум САД“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vashington-tajms-organiziranite-masovni-krazhbi-vo-prodavnitsite-stana-katastrofa-shirum-sad/ Fri, 05 Jan 2024 07:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=729479

Масовните кражби во продавници во САД станува индустрија од повеќе милијарди долари. Големите трговци на мало се принудени да побараат помош од властите, пишува „Вашингтон тајмс“.

Според изданието, како што е признато во Конгресот, во САД постојат големи организации кои ги обединуваат професионалните крадци, поради што бројот на кражби во продавници расте со невидена брзина. Системот функционира вака: крадците крадат скапа роба од продавници кои лесно се носат, како што се мала електроника или скапи брендирани додатоци, потоа им ги даваат на бандите, а тие прават украдената роба да изгледа легално и ја продаваат преку пазарите.

Проблемот станал толку голем што трговците проценуваат дека штетата од кражба во продавници надминува 70 милијарди долари годишно. Трговците на мало се принудени да ги зајакнат безбедносните мерки на сметка на удобноста на клиентите. На пример, тие складираат стоки во задните простории и прикажуваат само нивни слики на полиците. Некои купуваат специјални колички кои автоматски се заклучуваат кога ќе се обидете да ја напуштите продавницата со нив.

Како што забележува публикацијата, претседателот Џо Бајден донесе посебен закон со кој ги обврзува онлајн продавниците потемелно да ги проверуваат стоките што се продаваат на нивните сајтови. Трговците сметаат дека ова е добар прв чекор, но нагласуваат дека не треба да се застане тука.

Големите синџири се обидуваат да добијат посебен центар за борба против кражбите во продавници, кој ќе им помогне на властите, вклучително и на локалните власти, да ги координираат акциите и да собираат податоци за кражбите во продавниците.

The post Вашингтон тајмс: Организираните масовни кражби во продавниците стана „катастрофа ширум САД“ appeared first on Република.

]]>

Масовните кражби во продавници во САД станува индустрија од повеќе милијарди долари. Големите трговци на мало се принудени да побараат помош од властите, пишува „Вашингтон тајмс“. Според изданието, како што е признато во Конгресот, во САД постојат големи организации кои ги обединуваат професионалните крадци, поради што бројот на кражби во продавници расте со невидена брзина. Системот функционира вака: крадците крадат скапа роба од продавници кои лесно се носат, како што се мала електроника или скапи брендирани додатоци, потоа им ги даваат на бандите, а тие прават украдената роба да изгледа легално и ја продаваат преку пазарите. Проблемот станал толку голем што трговците проценуваат дека штетата од кражба во продавници надминува 70 милијарди долари годишно. Трговците на мало се принудени да ги зајакнат безбедносните мерки на сметка на удобноста на клиентите. На пример, тие складираат стоки во задните простории и прикажуваат само нивни слики на полиците. Некои купуваат специјални колички кои автоматски се заклучуваат кога ќе се обидете да ја напуштите продавницата со нив. Како што забележува публикацијата, претседателот Џо Бајден донесе посебен закон со кој ги обврзува онлајн продавниците потемелно да ги проверуваат стоките што се продаваат на нивните сајтови. Трговците сметаат дека ова е добар прв чекор, но нагласуваат дека не треба да се застане тука. Големите синџири се обидуваат да добијат посебен центар за борба против кражбите во продавници, кој ќе им помогне на властите, вклучително и на локалните власти, да ги координираат акциите и да собираат податоци за кражбите во продавниците.

The post Вашингтон тајмс: Организираните масовни кражби во продавниците стана „катастрофа ширум САД“ appeared first on Република.

]]>
Анархија во САД по намалувањето на казните за ситни кражби, се затвораат цели ланци на продавници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/anarhija-vo-sad-po-namaluvaneto-na-kaznite-za-sitni-krazhbi-se-zatvoraat-tseli-lantsi-na-prodavnitsi/ Thu, 28 Sep 2023 08:23:39 +0000 https://republika.mk/?p=685887

Националната федерација за широка потрошувачка (НРФ) излезе со анкета што покажува дека кражбите по продавници и трговски центри во САД станале национална епидемија, пишува весникот „Волстрит журнал“. Толпа од гневни млади луѓе пак ограби неколку продавници во Филаделфија.

Според резултатите од анкетата, во 2022 година претежно од кражби ритејлерите останале „кусок“ за 1,6 отсто, пресметано во процент од вкупните продажби или загуба од 112 милијарди долари, изјавија од НРФ.

Таргет, еден од најголемите марки во САД за продажба на стока за широка потрошувачка, вчера соопшти дека поради овој проблем затвора девет продавици во четири сојузни држави.

Не можеме да продолжиме да ги управуваме овие продавници поради тоа што кражбите и организираниот ритејл криминал се закана за безбедноста на нашиот тим и гостите, и создаваат неодржливи бизнис перформанси, изјавија од Таргет.

Ритејл гигантот затвора две продавнбици во Сиетл, сојузна држава Вашингтон, три во Портленд, Орегон, три во Сан Франциско и Оукленд, Калифoрнија, и една во Њујорк. Компанијата истакна дека и покрај тоа што вложила во повеќе обезбедување од трети компании и имплементација на инструменти за одвраќање на кражбите“ одлучено е да се затворат локациите.

Толпа од гневни млади луѓе синоќа ограбија неколку продавници во Филаделфија. За време на дивеењето беа уништени три продавници меѓу кои и една на технолошката компанија „Епл“ која продава Ајфони. Полицијата уапси педесеттина лица, се вршат истрагит за оштетениот имот низ градот. Биле пријавени 76 инциденти. Полицијата утврдува дали „имало организиран караван од разни возила што оделе од една до друга локација“.


Кражбите по трговските центри во некои градови како Филаделфија и Њујорк се должи на разлабавеното работење на органите за безбедност и обвинителството, смета весникот.

Во Филаделфија до септември годинава органите извесиле за 424 кражби по продавници, додека за истото време во 2017 бројот бил 1.500.

https://republika.mk/vesti/svet/maloletnitsi-napravija-haos-masoven-grabezh-vo-filadelfija/

Слично е и во Њујорк во местата како Харлем. „Волстрит журнал“ пишува дека за време на градоначалниците Руди Џулијани и Мајк Блумберг овој дел од градот станал пристојно место за живот, „а сега се враќа во криминал и безредија“.

Џорџ Сорос и прогресивните окружни обвинители кои тој ги финансира тврдат дека им помагаат на сиромашните и малцинствата, но овие заедници се главните жртви на кражбите со дивеење, пишува весникот.

The post Анархија во САД по намалувањето на казните за ситни кражби, се затвораат цели ланци на продавници appeared first on Република.

]]>

Националната федерација за широка потрошувачка (НРФ) излезе со анкета што покажува дека кражбите по продавници и трговски центри во САД станале национална епидемија, пишува весникот „Волстрит журнал“. Толпа од гневни млади луѓе пак ограби неколку продавници во Филаделфија. Според резултатите од анкетата, во 2022 година претежно од кражби ритејлерите останале „кусок“ за 1,6 отсто, пресметано во процент од вкупните продажби или загуба од 112 милијарди долари, изјавија од НРФ. Таргет, еден од најголемите марки во САД за продажба на стока за широка потрошувачка, вчера соопшти дека поради овој проблем затвора девет продавици во четири сојузни држави.
Не можеме да продолжиме да ги управуваме овие продавници поради тоа што кражбите и организираниот ритејл криминал се закана за безбедноста на нашиот тим и гостите, и создаваат неодржливи бизнис перформанси, изјавија од Таргет.
Ритејл гигантот затвора две продавнбици во Сиетл, сојузна држава Вашингтон, три во Портленд, Орегон, три во Сан Франциско и Оукленд, Калифoрнија, и една во Њујорк. Компанијата истакна дека и покрај тоа што вложила во повеќе обезбедување од трети компании и имплементација на инструменти за одвраќање на кражбите“ одлучено е да се затворат локациите. Толпа од гневни млади луѓе синоќа ограбија неколку продавници во Филаделфија. За време на дивеењето беа уништени три продавници меѓу кои и една на технолошката компанија „Епл“ која продава Ајфони. Полицијата уапси педесеттина лица, се вршат истрагит за оштетениот имот низ градот. Биле пријавени 76 инциденти. Полицијата утврдува дали „имало организиран караван од разни возила што оделе од една до друга локација“. Кражбите по трговските центри во некои градови како Филаделфија и Њујорк се должи на разлабавеното работење на органите за безбедност и обвинителството, смета весникот. Во Филаделфија до септември годинава органите извесиле за 424 кражби по продавници, додека за истото време во 2017 бројот бил 1.500. https://republika.mk/vesti/svet/maloletnitsi-napravija-haos-masoven-grabezh-vo-filadelfija/ Слично е и во Њујорк во местата како Харлем. „Волстрит журнал“ пишува дека за време на градоначалниците Руди Џулијани и Мајк Блумберг овој дел од градот станал пристојно место за живот, „а сега се враќа во криминал и безредија“.
Џорџ Сорос и прогресивните окружни обвинители кои тој ги финансира тврдат дека им помагаат на сиромашните и малцинствата, но овие заедници се главните жртви на кражбите со дивеење, пишува весникот.

The post Анархија во САД по намалувањето на казните за ситни кражби, се затвораат цели ланци на продавници appeared first on Република.

]]>
Украинци и Руси здружно ограбувале бегалци, им нашле над 1,25 милиони украдени евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraintsi-i-rusi-zdruzhno-ograbuvale-begaltsi-im-nashle-nad-1-25-milioni-ukradeni-evra/ Fri, 03 Mar 2023 16:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=615680

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила десет лица поради ограбување украински бегалци во регионите Валенсија и Мурсија, јавува Анадолија.

Седум од уапсените се Украинци, а тројца се Руси од исто семејство поради помагање во грабежите“, се вели во соопштението.

Полицијата навела дека цел на криминалната група биле украински бегалци кои вообичаено со себе ги носат сите свои заштеди и вредни работи.

По рациите, полицијата пронашла и запленила повеќе од 1,25 милиони евра украдени пари и вредни предмети, вклучувајќи часовници, накит, мобилни телефони, лаптопи и колекции поштенски марки.

Криминалната организација дејствувала систематски, тврдат од полицијата.

Ограбени биле седум бегалски семејства или поединци кои живеат во градовите Торевиеја и Орихуела на Коста Бланка.

Осомничените, девет мажи и една жена, се соочуваат со различни обвиненија, меѓу кои разбојништво, припадност во криминална организација и нарушување на приватноста.

Откако избувна војната во Украина минатата година, Шпанија прими близу 168.000 украински бегалци.

The post Украинци и Руси здружно ограбувале бегалци, им нашле над 1,25 милиони украдени евра appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција денеска соопшти дека уапсила десет лица поради ограбување украински бегалци во регионите Валенсија и Мурсија, јавува Анадолија. Седум од уапсените се Украинци, а тројца се Руси од исто семејство поради помагање во грабежите“, се вели во соопштението. Полицијата навела дека цел на криминалната група биле украински бегалци кои вообичаено со себе ги носат сите свои заштеди и вредни работи. По рациите, полицијата пронашла и запленила повеќе од 1,25 милиони евра украдени пари и вредни предмети, вклучувајќи часовници, накит, мобилни телефони, лаптопи и колекции поштенски марки.
Криминалната организација дејствувала систематски, тврдат од полицијата.
Ограбени биле седум бегалски семејства или поединци кои живеат во градовите Торевиеја и Орихуела на Коста Бланка. Осомничените, девет мажи и една жена, се соочуваат со различни обвиненија, меѓу кои разбојништво, припадност во криминална организација и нарушување на приватноста. Откако избувна војната во Украина минатата година, Шпанија прими близу 168.000 украински бегалци.

The post Украинци и Руси здружно ограбувале бегалци, им нашле над 1,25 милиони украдени евра appeared first on Република.

]]>
Близу 100 лица уапсени во Турција поради кражби во погодените подрачја https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/blizu-100-litsa-uapseni-vo-turtsija-poradi-krazhbi-vo-pogodenite-podrachja/ Sat, 11 Feb 2023 20:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=607884

Турските безбедносни тимови денеска уапсија најмалку 98 осомничени за наводно ограбување оштетени згради по силните земјотреси што го потресоа регионот, јавува Анадолија.

Според безбедносни извори кои сакале да останат анонимни поради ограничувањата на медиумите, безбедносните тимови спроведоа истрага против најмалку 42 осомничени во јужната турска провинција Хатај поради тврдењата за грабежи на згради оштетени од земјотресот.

Уапсени се 40 осомничени, а безбедносните тимови заплениле 11.000 долари, 70.000 турски лири (3.700 долари), 20 мобилни телефони, осум лаптопи, пет апарати, шест пиштоли и три пушки, како и накит и банкарски картички на различни луѓе, велат изворите.

Други двајца осомничени, претставувајќи се како хуманитарни работници, биле уапсени откако наводно се обиделе да ограбат шест камиони со храна за жртвите од земјотресот во провинцијата Хатај.

Одделно, безбедносните тимови уапсија шестмина осомничени во истанбулската област Бејкоз за измама на жртва од земјотресот во јужен Газиантеп, по телефон.

На жртвата, Недим Акарсу, му се јавиле осомничените кои се претставиле како телекомуникациски работници и рекле дека би можеле да помогнат откако тој ќе ги даде неговите лични банкарски информации.

Акарсу ја известил полицијата откако сфатил дека парите на неговата банкарска сметка биле преместени на друга сметка. Уапсени се шестмина осомничени.

Како дел од одделните истраги што ги започнаа обвинителите во јужната, погодена од земјотресот провинција Кахраманмарас, тројца од петте осомничени беа уапсени бидејќи потрагата по преостанатите двајца е во тек. Осомничените наводно се бараат за кражба на апарати од малопродажба.

Земјотресите со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, со центар во Кахраманмарас, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции и според најновите податоци, загинаа над 25.000 луѓе.

 

The post Близу 100 лица уапсени во Турција поради кражби во погодените подрачја appeared first on Република.

]]>

Турските безбедносни тимови денеска уапсија најмалку 98 осомничени за наводно ограбување оштетени згради по силните земјотреси што го потресоа регионот, јавува Анадолија. Според безбедносни извори кои сакале да останат анонимни поради ограничувањата на медиумите, безбедносните тимови спроведоа истрага против најмалку 42 осомничени во јужната турска провинција Хатај поради тврдењата за грабежи на згради оштетени од земјотресот. Уапсени се 40 осомничени, а безбедносните тимови заплениле 11.000 долари, 70.000 турски лири (3.700 долари), 20 мобилни телефони, осум лаптопи, пет апарати, шест пиштоли и три пушки, како и накит и банкарски картички на различни луѓе, велат изворите. Други двајца осомничени, претставувајќи се како хуманитарни работници, биле уапсени откако наводно се обиделе да ограбат шест камиони со храна за жртвите од земјотресот во провинцијата Хатај. Одделно, безбедносните тимови уапсија шестмина осомничени во истанбулската област Бејкоз за измама на жртва од земјотресот во јужен Газиантеп, по телефон. На жртвата, Недим Акарсу, му се јавиле осомничените кои се претставиле како телекомуникациски работници и рекле дека би можеле да помогнат откако тој ќе ги даде неговите лични банкарски информации. Акарсу ја известил полицијата откако сфатил дека парите на неговата банкарска сметка биле преместени на друга сметка. Уапсени се шестмина осомничени. Како дел од одделните истраги што ги започнаа обвинителите во јужната, погодена од земјотресот провинција Кахраманмарас, тројца од петте осомничени беа уапсени бидејќи потрагата по преостанатите двајца е во тек. Осомничените наводно се бараат за кражба на апарати од малопродажба. Земјотресите со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, со центар во Кахраманмарас, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 провинции и според најновите податоци, загинаа над 25.000 луѓе.  

The post Близу 100 лица уапсени во Турција поради кражби во погодените подрачја appeared first on Република.

]]>
17-годишник кој со пластичен пиштол ограбувал обложувалници низ Скопје, доцна ноќва уапсен во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/17-godishnik-koj-so-plastichen-pishtol-ograbuval-oblozuvalnici-niz-skopje-docna-nokjva-uapsen-vo-aerodrom/ Sat, 28 May 2022 10:02:24 +0000 https://republika.mk/?p=507929

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи – ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ноќеска околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром привеле 17-годишник од с.Зелениково, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ во спортска обложувалница во нас.Драчево. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил десет кривични дела „разбојништво“, соопшти МВР.

На 27.05.2022 околу 09.00 часот во спортска обложувалница, 17-годишникот со закана со пластичен пиштол од вработената одзел пари, а истиот ден, на идентичен начин извршил разбојништво и во уште една спортска обложувалница.

Исто кривично дело извршил и на 26.05.2022 во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, на 23.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Аеродром, на 17.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Кисела Вода, на 06.05.2022 и на 30.04.2022 во обложувалници на подрачјето на Аеродром. Уште три разбојништва во спортски обложувалници 17-годишникот признал дека извршил на подрачјето на Аеродром, и тоа на 27.03.2022, на 23.03.2022 во 21.00 часот и на 03.12.2021 околу 18.00 часот, кога со закана од вработените одзел пари. Кај приведениот биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела.

Во координација со Јавен обвинител за малолетници, по документирање на случаите, против него ќе следи соодветна кривична пријава.

The post 17-годишник кој со пластичен пиштол ограбувал обложувалници низ Скопје, доцна ноќва уапсен во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи – ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ноќеска околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром привеле 17-годишник од с.Зелениково, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ во спортска обложувалница во нас.Драчево. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил десет кривични дела „разбојништво“, соопшти МВР. На 27.05.2022 околу 09.00 часот во спортска обложувалница, 17-годишникот со закана со пластичен пиштол од вработената одзел пари, а истиот ден, на идентичен начин извршил разбојништво и во уште една спортска обложувалница. Исто кривично дело извршил и на 26.05.2022 во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, на 23.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Аеродром, на 17.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Кисела Вода, на 06.05.2022 и на 30.04.2022 во обложувалници на подрачјето на Аеродром. Уште три разбојништва во спортски обложувалници 17-годишникот признал дека извршил на подрачјето на Аеродром, и тоа на 27.03.2022, на 23.03.2022 во 21.00 часот и на 03.12.2021 околу 18.00 часот, кога со закана од вработените одзел пари. Кај приведениот биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Во координација со Јавен обвинител за малолетници, по документирање на случаите, против него ќе следи соодветна кривична пријава.

The post 17-годишник кој со пластичен пиштол ограбувал обложувалници низ Скопје, доцна ноќва уапсен во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Со недели краделе бакарни кабли, штетата проценета на 35.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/so-nedeli-kradele-bakarni-kabli-shtetata-proceneta-na-35-000-evra/ Wed, 13 Apr 2022 14:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=488004

СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет лица и тоа Е.З.(50) од Битола, С.Д.(30), С.Д.(28), Ф.А.(37) и О.А.(36) сите од Скопје, осомничени за сторени 28 кривични дела, од кои 12 „тешка кражба“, по две „уништување или оштетување јавни инсталации“ и помагање при „прикривање“ и по едно кривично дело „кражба“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“.

По претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10.06.2021 до 09.07.2021 на повеќе различни локации, информираа денеска од МВР, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отварал шахтата (кабловско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.

The post Со недели краделе бакарни кабли, штетата проценета на 35.000 евра appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје поднесе кривична пријава против пет лица и тоа Е.З.(50) од Битола, С.Д.(30), С.Д.(28), Ф.А.(37) и О.А.(36) сите од Скопје, осомничени за сторени 28 кривични дела, од кои 12 „тешка кражба“, по две „уништување или оштетување јавни инсталации“ и помагање при „прикривање“ и по едно кривично дело „кражба“ и „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средство“. По претходен меѓусебен договор меѓу пријавените, во периодот од 10.06.2021 до 09.07.2021 на повеќе различни локации, информираа денеска од МВР, првопријавениот со употреба на физичка сила ја отварал шахтата (кабловско окно), сопственост на телекомуникациска компанија, а потоа со бонсек ги сечеле бакарните кабли, ги одземале и ги товарале во возило, со што причиниле материјална штета од 2.149.919 денари.

The post Со недели краделе бакарни кабли, штетата проценета на 35.000 евра appeared first on Република.

]]>
Во Германија пораст на кражби на горива https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-porast-na-krazbi-na-goriva/ Mon, 28 Mar 2022 11:49:57 +0000 https://republika.mk/?p=479830

Во Германија е забележано зголемување на бројот на кражби на горива на бензинските пумпи.

Тенденција на пораст на случаите на кражби на горива е регистрирана и минатата година, односно и пред цената на дериватите драстичното да се зголеми поради кризата во Украина.

Германското списание „Билд“ објави податоци дека лани во земјата се регистрирани 5.800 случаи на кражби на горива, што е за 70 проценти повеќе во споредба со 2020 година.

Независно што речиси сите бензински пумпи во Германија се покриени со постојан видео-надзор, се поголем е бројот на возачи што се дрзнуваат да го наполнат резервоарот на своето возило и да заминат без да платат.

Полицијата нема објаснување за таквата појава.

Само последниот месец снимивме дури десет такви дела, ја пренесува „Билд“ изјавата на Гинтер Фридел, шеф на Здружението на бензински пумпи во Баварија, што е значително повеќе во споредба со 2021 годна кога тој број не надминувал шест случаи месечно.

Истовремено е регистриран намален број кражби на автомобили, додека е зголемен бројот на кражби на автоделови. Најчесто мета на крадците се катализаторите на возилата.

The post Во Германија пораст на кражби на горива appeared first on Република.

]]>

Во Германија е забележано зголемување на бројот на кражби на горива на бензинските пумпи. Тенденција на пораст на случаите на кражби на горива е регистрирана и минатата година, односно и пред цената на дериватите драстичното да се зголеми поради кризата во Украина. Германското списание „Билд“ објави податоци дека лани во земјата се регистрирани 5.800 случаи на кражби на горива, што е за 70 проценти повеќе во споредба со 2020 година. Независно што речиси сите бензински пумпи во Германија се покриени со постојан видео-надзор, се поголем е бројот на возачи што се дрзнуваат да го наполнат резервоарот на своето возило и да заминат без да платат. Полицијата нема објаснување за таквата појава.
Само последниот месец снимивме дури десет такви дела, ја пренесува „Билд“ изјавата на Гинтер Фридел, шеф на Здружението на бензински пумпи во Баварија, што е значително повеќе во споредба со 2021 годна кога тој број не надминувал шест случаи месечно.
Истовремено е регистриран намален број кражби на автомобили, додека е зголемен бројот на кражби на автоделови. Најчесто мета на крадците се катализаторите на возилата.

The post Во Германија пораст на кражби на горива appeared first on Република.

]]>
Атанасов: Се уништува културното наследство, има ли план Владата да го заштити? https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/atanasov-se-unishtuva-kulturnoto-nasledstvo-ima-li-plan-vladata-da-go-zashtiti/ Mon, 07 Feb 2022 16:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=455283

Во врска со зачестените незаконски дејствија врз културното наследство во последниoв период, како што е веќе по вторпат кражбата на оловните плочи од манастирот во Матејче или сличната кражба на оловни плочи од безистенот во Штип, ВМРО-ДПМНЕ искажува голема загриженост во врска со наведените криминални дејствија врз недвижното културно наследство, ова денеска преку прес-конференција го истакна Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа прилика упатуваме прашање до министерството за култура, односно до Управата за заштита на културното наследство, како и до Владата на Република Македонија, дали воопшто е донесен Националниот акционен план за превенција на криминалитетот против културното наследство, кој се донесува по предлог на Управата за заштита на културното наследство по член 103 од Законот за заштита на културното наследство. Ова прашање го упатуваме со крајна сериозност, бидејќи дел од Акциониот план содржи исклучително важни мерки за превенцијана криминалитетот против културното наследство, и тоа:

1) Оцена за постојните ризици од незаконски дејствија и состојбата со криминалитетот против културното наследство;

2) Приоритети на политиката за безбедносна заштита на културното наследство;

3) Општи и посебни мерки на превенција на криминалитетот против културното наследство;

4) Субјекти одговорни за спроведување на Акциониот план, вели тој.

Атанасов додава дека нагласуваме дека Управата за заштита на културното наследство истата и координира со реализација на Акциониот план.

-Понатаму, укажуваме дека државата, во лицето на јавните установи за заштита, како и самте имателите на заштитените добра, во однос на недозволените ископувања, НАМЕРНОТО ОШТЕТУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ, кражби, присвојување, прикривање, недозволена трговија, криумчарење и други незаконски дејствија против културното наследство има обврска да донесе и тоа:

1) Превентивни мерки со кои ќе се намалат можностите за појава на ризик од незаконски дејствија;

2) Мерки на противдејство со кои ќе се намалат загубите или штетните последици од незаконските дејствија ако ризикот се оствари, сето ова е по член 102 од Законот за заштита на културното наследство.

ВМРО-ДПМНЕ овие законски облигации ги нагласува бидејќи во рацете на Управата за заштита на културното наследство е исклучително важната улога за безбедноста на културното наследство, бидејќи:

1) Ја следи состојбата со безбедносната заштита на културното наследство;

2) Врши безбедносна процена на ризиците од незаконски дејствија против културното наследство;

3) Определува итни мерки на безбедносна заштита на културното наследство во опасност и ПОСЕБНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСНА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ;

4) Издава стручни упатства за спроведување на безбедносната заштита на културното наследство;

5) Предлага преземање мерки на безбедносна заштита на културното наследство.

Односно Двата законски предвидени плана за безбедност на културното наследство и тоа:

1) Планот за превентивна заштита на културното наследство од незаконски дејствија;

2) Планот за итна акција во случај на незаконски дејствија во надлежност на јавните установи за заштита во вакви ризични ситуации не треба да останат мртво слово на хартија, а овластените службени лица за безбедност на културното наследство во Управата за заштита на културното наследство да извршат проверка на ефикасноста на мерките за безбедносна заштита и да проценат дали е соодветен степенот на постојниот ризик и да утврдат дали ризикот е прифатлив, вели Атанасов.

Тој додава и дека исто така, нагласуваме дека при загрозена безбедност на културното наследство, овластените службени лица за безбедност на културното наследство, кои според членот 105 од Законот за заштита на културното наследство треба да поседуваат безбедносен сертификат за пристап и користење на класифицирани информации, треба да соработува со криминалистичката полиција, царинските органи, јавните обвинителства.

Во таа насока, ВМРО-ДПМНЕ јавно го поставува прашањето дали надлежниот овластен раководител на Одделението за превенција на културното наследство при Управата за заштита на културното наследство, ги поседува соодветните легитимациски документи за извршување на оваа дејност? Сето ова ВМРО-ДПМНЕ го истакнува заради големата загриженост за вандалското однесување кон културното наследство кое истовремено претставува и идентитетски и силен културолошки белег на Република Македонија, вели Атанасов.

https://www.youtube.com/watch?v=MUboQkbl1x0

The post Атанасов: Се уништува културното наследство, има ли план Владата да го заштити? appeared first on Република.

]]>

Во врска со зачестените незаконски дејствија врз културното наследство во последниoв период, како што е веќе по вторпат кражбата на оловните плочи од манастирот во Матејче или сличната кражба на оловни плочи од безистенот во Штип, ВМРО-ДПМНЕ искажува голема загриженост во врска со наведените криминални дејствија врз недвижното културно наследство, ова денеска преку прес-конференција го истакна Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.
Во оваа прилика упатуваме прашање до министерството за култура, односно до Управата за заштита на културното наследство, како и до Владата на Република Македонија, дали воопшто е донесен Националниот акционен план за превенција на криминалитетот против културното наследство, кој се донесува по предлог на Управата за заштита на културното наследство по член 103 од Законот за заштита на културното наследство. Ова прашање го упатуваме со крајна сериозност, бидејќи дел од Акциониот план содржи исклучително важни мерки за превенцијана криминалитетот против културното наследство, и тоа: 1) Оцена за постојните ризици од незаконски дејствија и состојбата со криминалитетот против културното наследство; 2) Приоритети на политиката за безбедносна заштита на културното наследство; 3) Општи и посебни мерки на превенција на криминалитетот против културното наследство; 4) Субјекти одговорни за спроведување на Акциониот план, вели тој. Атанасов додава дека нагласуваме дека Управата за заштита на културното наследство истата и координира со реализација на Акциониот план. -Понатаму, укажуваме дека државата, во лицето на јавните установи за заштита, како и самте имателите на заштитените добра, во однос на недозволените ископувања, НАМЕРНОТО ОШТЕТУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ, кражби, присвојување, прикривање, недозволена трговија, криумчарење и други незаконски дејствија против културното наследство има обврска да донесе и тоа: 1) Превентивни мерки со кои ќе се намалат можностите за појава на ризик од незаконски дејствија; 2) Мерки на противдејство со кои ќе се намалат загубите или штетните последици од незаконските дејствија ако ризикот се оствари, сето ова е по член 102 од Законот за заштита на културното наследство. ВМРО-ДПМНЕ овие законски облигации ги нагласува бидејќи во рацете на Управата за заштита на културното наследство е исклучително важната улога за безбедноста на културното наследство, бидејќи: 1) Ја следи состојбата со безбедносната заштита на културното наследство; 2) Врши безбедносна процена на ризиците од незаконски дејствија против културното наследство; 3) Определува итни мерки на безбедносна заштита на културното наследство во опасност и ПОСЕБНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСНА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ; 4) Издава стручни упатства за спроведување на безбедносната заштита на културното наследство; 5) Предлага преземање мерки на безбедносна заштита на културното наследство. Односно Двата законски предвидени плана за безбедност на културното наследство и тоа: 1) Планот за превентивна заштита на културното наследство од незаконски дејствија; 2) Планот за итна акција во случај на незаконски дејствија во надлежност на јавните установи за заштита во вакви ризични ситуации не треба да останат мртво слово на хартија, а овластените службени лица за безбедност на културното наследство во Управата за заштита на културното наследство да извршат проверка на ефикасноста на мерките за безбедносна заштита и да проценат дали е соодветен степенот на постојниот ризик и да утврдат дали ризикот е прифатлив, вели Атанасов.
Тој додава и дека исто така, нагласуваме дека при загрозена безбедност на културното наследство, овластените службени лица за безбедност на културното наследство, кои според членот 105 од Законот за заштита на културното наследство треба да поседуваат безбедносен сертификат за пристап и користење на класифицирани информации, треба да соработува со криминалистичката полиција, царинските органи, јавните обвинителства.
Во таа насока, ВМРО-ДПМНЕ јавно го поставува прашањето дали надлежниот овластен раководител на Одделението за превенција на културното наследство при Управата за заштита на културното наследство, ги поседува соодветните легитимациски документи за извршување на оваа дејност? Сето ова ВМРО-ДПМНЕ го истакнува заради големата загриженост за вандалското однесување кон културното наследство кое истовремено претставува и идентитетски и силен културолошки белег на Република Македонија, вели Атанасов.
https://www.youtube.com/watch?v=MUboQkbl1x0

The post Атанасов: Се уништува културното наследство, има ли план Владата да го заштити? appeared first on Република.

]]>