кражба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krazba/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 14:50:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кражба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krazba/ 32 32 На вработена во МВР ѝ го украле паричникот додека била на работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-vrabotena-vo-mvr-go-ukrale-parichnikot-dodeka-bila-na-rabota/ Thu, 01 Feb 2024 14:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=739456

Вработена во МВР пријавила дека ѝ е украден паричник додека била на работа.

Вчера во 15.30 часот во Полициска станица Центар, Џ.Д.(39) од Скопје, вработена во МВР, во зградата на МРТВ, пријавила дека во текот на денот, од чанта во нејзината канцеларија ѝ бил одземен паричник, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post На вработена во МВР ѝ го украле паричникот додека била на работа appeared first on Република.

]]>

Крадци на струја оставија дел од Струмица без улично осветлување https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kradtsi-na-struja-ostavija-del-od-strumitsa-bez-ulichno-osvetluvane/ Fri, 26 Jan 2024 08:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=736998

Повеќе улици во Струмица со денови се без улично осветлување поради диво приклучување и влегување во две трафостаници.

Од ЈП Паркиралишта, задолжено за одржување на уличното осветлување, информираат дека заради приклучување на диви потрошувачи на трафостаницата наречена Олимписко село без осветлување е улицата Бетовенова во Турското маало, а уште шест улици во градот се без светло откако изгоре броилото поради насилно влегување трафостаницата наречена Маларична.

Од претпријатието апелираат до граѓаните, дека лицата кои на диво се приклучуваат на столбовите за улично осветлување и намерно предизвикуваат штети дека прават кривично дело и дека ќе се преземат чекори за нивно откривање и изрекување соодветни казни.

Се најавува дека проблемот со немањето улично осветлување денеска ќе биде решен со поставување на ново електрично броило од страна на ЕВН.

The post Крадци на струја оставија дел од Струмица без улично осветлување appeared first on Република.

]]>

Повеќе улици во Струмица со денови се без улично осветлување поради диво приклучување и влегување во две трафостаници. Од ЈП Паркиралишта, задолжено за одржување на уличното осветлување, информираат дека заради приклучување на диви потрошувачи на трафостаницата наречена Олимписко село без осветлување е улицата Бетовенова во Турското маало, а уште шест улици во градот се без светло откако изгоре броилото поради насилно влегување трафостаницата наречена Маларична. Од претпријатието апелираат до граѓаните, дека лицата кои на диво се приклучуваат на столбовите за улично осветлување и намерно предизвикуваат штети дека прават кривично дело и дека ќе се преземат чекори за нивно откривање и изрекување соодветни казни. Се најавува дека проблемот со немањето улично осветлување денеска ќе биде решен со поставување на ново електрично броило од страна на ЕВН.

The post Крадци на струја оставија дел од Струмица без улично осветлување appeared first on Република.

]]>
Жител на Конче извршил шест тешки кражби https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitel-na-konche-izvrshil-shest-teshki-krazhbi/ Fri, 19 Jan 2024 14:05:54 +0000 https://republika.mk/?p=734616

Полициски службеници уапсиле лице од село Габревци баран за шест кривични дела „тешка кражба“.

На 18.01 во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишиле од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информираат од министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, со него бил извршен службен разговор, при што признал дека во реонот на браната „Мантово“, општина Конче, извршил шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, пријавени во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година.

Од МВР соопштија дека лицето е задржано во просториите на Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното обвинителство Радовиш. Посочуваат дека против него се поднесени соодветни пријави по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.

The post Жител на Конче извршил шест тешки кражби appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници уапсиле лице од село Габревци баран за шест кривични дела „тешка кражба“.
На 18.01 во Штип, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишиле од слобода И.А. (31) од село Габревци, општина Конче, кој бил баран од Одделението за внатрешни работи Радовиш поради сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела на подрачје на Радовиш. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во село Габревци, при што биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, информираат од министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, со него бил извршен службен разговор, при што признал дека во реонот на браната „Мантово“, општина Конче, извршил шест кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“, пријавени во периодот од октомври 2023 до јануари 2024 година. Од МВР соопштија дека лицето е задржано во просториите на Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното обвинителство Радовиш. Посочуваат дека против него се поднесени соодветни пријави по член 236 и член 235 од Кривичниот законик.

The post Жител на Конче извршил шест тешки кражби appeared first on Република.

]]>
Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rabotnitsi-vo-termotsentrala-ukrale-rechisi-100-toni-bakar/ Wed, 17 Jan 2024 06:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=733801

Словенија, според пишувањето на Кликс, ја тресе голем скандал откако беше откриено дека вработени во словенечката термоцентрала Шоштањ подолго време краделе бакар од потрошените блокови 1, 2, 3 и 4.

Според неофицијални информации, ископани и продадени се околу 100 тони бакар, пишува словенечки Вечер.

Весникот наведува дека е јасно оти кражбата не можела да биде извршена од поединци, туку од организирана група вработени, бидејќи за пристап до блоковите било потребно одобрение од повеќе претпоставени.

Сфатија дека нешто не е во ред кога сакаа да го испумпаат отпадот од блок 4 и сфатија дека пумпата не работи бидејќи нема повеќе кабел, изјави неименуван сведок за Вечер.

Истрагата на полицијата е во тек, а словенечката полиција засега само потврди дека истражува една од фирмите на подрачјето поради сомнение дека сторила кривично дело голема кражба, за што е предвидена затворска казна до пет години.

The post Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар appeared first on Република.

]]>

Словенија, според пишувањето на Кликс, ја тресе голем скандал откако беше откриено дека вработени во словенечката термоцентрала Шоштањ подолго време краделе бакар од потрошените блокови 1, 2, 3 и 4. Според неофицијални информации, ископани и продадени се околу 100 тони бакар, пишува словенечки Вечер. Весникот наведува дека е јасно оти кражбата не можела да биде извршена од поединци, туку од организирана група вработени, бидејќи за пристап до блоковите било потребно одобрение од повеќе претпоставени.
Сфатија дека нешто не е во ред кога сакаа да го испумпаат отпадот од блок 4 и сфатија дека пумпата не работи бидејќи нема повеќе кабел, изјави неименуван сведок за Вечер.
Истрагата на полицијата е во тек, а словенечката полиција засега само потврди дека истражува една од фирмите на подрачјето поради сомнение дека сторила кривично дело голема кражба, за што е предвидена затворска казна до пет години.

The post Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар appeared first on Република.

]]>
Сред бел ден ја грабна кутијата за хуманитарна помош: Дрска кражба ги шокираше граѓаните на Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sred-bel-den-ja-grabna-kutijata-za-humanitarna-pomosh-drska-krazhba-gi-shokirashe-graganite-na-belgrad/ Sun, 14 Jan 2024 18:19:48 +0000 https://republika.mk/?p=732965

Срамна кражба на кутија за донации поставена од киоск во близина на храмот Свети Сава во Белград, е фатена на снимка објавена на социјалните мрежи. На видсеото се гледа како непознат човек приоѓа, а потоа пред работникот ја зема кутијата однадвор и бега.

Според serbialive_beograd, парите од кутијата биле наменети за помош на Црковната кујна на Верскиот добротворен фонд на СПЦ и за помош на загрозените семејства.

Ги молиме сите луѓе да ни помогнат да ја надоместиме оваа загуба според нивните можности. Нашите најранливи сонародници се во загуба, бидејќи парите од кутијата се наменети за нив“ пишува во описот на објавата.

Набрзо следеа коментари полни со осуда за сторениот криминал.

„Каде ќе ти оди душата?“; „Нека размисли, а вие врзете ги кутиите за донации за да не бидат украдени“, „Дали си поважен за себе отколку да го спасиш животот на детето и здравјето на тоа дете“, се само некои од објавените коментари.

The post Сред бел ден ја грабна кутијата за хуманитарна помош: Дрска кражба ги шокираше граѓаните на Белград appeared first on Република.

]]>

Срамна кражба на кутија за донации поставена од киоск во близина на храмот Свети Сава во Белград, е фатена на снимка објавена на социјалните мрежи. На видсеото се гледа како непознат човек приоѓа, а потоа пред работникот ја зема кутијата однадвор и бега. Според serbialive_beograd, парите од кутијата биле наменети за помош на Црковната кујна на Верскиот добротворен фонд на СПЦ и за помош на загрозените семејства.
Ги молиме сите луѓе да ни помогнат да ја надоместиме оваа загуба според нивните можности. Нашите најранливи сонародници се во загуба, бидејќи парите од кутијата се наменети за нив“ пишува во описот на објавата.
Набрзо следеа коментари полни со осуда за сторениот криминал.
„Каде ќе ти оди душата?“; „Нека размисли, а вие врзете ги кутиите за донации за да не бидат украдени“, „Дали си поважен за себе отколку да го спасиш животот на детето и здравјето на тоа дете“, се само некои од објавените коментари.

The post Сред бел ден ја грабна кутијата за хуманитарна помош: Дрска кражба ги шокираше граѓаните на Белград appeared first on Република.

]]>
Срби ограбувале златари и хотели во Милано, собрале 450.000 евра, само на шишиња вино „заработиле“ 200.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbi-ograbuvale-zlatari-i-hoteli-vo-milano-sobrale-450-000-evra-samo-na-shishina-vino-zarabotile-200-000-evra/ Tue, 02 Jan 2024 20:50:04 +0000 https://republika.mk/?p=729116

Во Милано полицијата уапси двајца државјани на Србија на возраст од 56 и 66 години, кои се осомничени дека се извршители на бројни кражби извршени во периодот од октомври до декември во златарници, хотели и луксузни продавници во модниот кварт со проценет плен од 450 илјади евра.

Истрагите се започнати по кражбата на ланче од 123.000 евра од златарница, а истите лица од хотелот „Четири годишни времиња“ украле 10 шишиња вино во вкупна вредност од 200.000 евра – пренесуваат италијанските медиуми и додаваат:

На почетокот на ноември двајцата заедно со трет соучесник извршиле уште една кражба во златарница во склоп на друг хотел од каде одзеле ланче од 100.000 евра.

Според нив, последниот напад бил кога било украдено шише шампањ „Дом Перињон“ вреден 3.200 евра.

Сторителите се идентификувани, а додека двајца се уапсени, а има потрага по уште две лица, но не се знае дали и тие се државјани на Србија, велат истражителите.

The post Срби ограбувале златари и хотели во Милано, собрале 450.000 евра, само на шишиња вино „заработиле“ 200.000 евра appeared first on Република.

]]>

Во Милано полицијата уапси двајца државјани на Србија на возраст од 56 и 66 години, кои се осомничени дека се извршители на бројни кражби извршени во периодот од октомври до декември во златарници, хотели и луксузни продавници во модниот кварт со проценет плен од 450 илјади евра. Истрагите се започнати по кражбата на ланче од 123.000 евра од златарница, а истите лица од хотелот „Четири годишни времиња“ украле 10 шишиња вино во вкупна вредност од 200.000 евра – пренесуваат италијанските медиуми и додаваат: На почетокот на ноември двајцата заедно со трет соучесник извршиле уште една кражба во златарница во склоп на друг хотел од каде одзеле ланче од 100.000 евра. Според нив, последниот напад бил кога било украдено шише шампањ „Дом Перињон“ вреден 3.200 евра. Сторителите се идентификувани, а додека двајца се уапсени, а има потрага по уште две лица, но не се знае дали и тие се државјани на Србија, велат истражителите.

The post Срби ограбувале златари и хотели во Милано, собрале 450.000 евра, само на шишиња вино „заработиле“ 200.000 евра appeared first on Република.

]]>
Расчистена кражбата на пола тон канабис од Чегране https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/raschistena-krazhbata-na-pola-ton-kanabis-od-chegrane/ Thu, 28 Dec 2023 10:58:16 +0000 https://republika.mk/?p=727457

Полицијата го расчистила случајот со разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране што се случи во ноември годинава и при што беа одземени 44 вреќи со 552,85 килограми канабис. Во врска со случајот поднесени се кривични пријави за пет лица.

Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално - технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26 ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране.

Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера и завчера полициските службеници лишиле од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18).

Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.

The post Расчистена кражбата на пола тон канабис од Чегране appeared first on Република.

]]>

Полицијата го расчистила случајот со разбојништво во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране што се случи во ноември годинава и при што беа одземени 44 вреќи со 552,85 килограми канабис. Во врска со случајот поднесени се кривични пријави за пет лица. Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално - технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26 ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране. Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, вчера и завчера полициските службеници лишиле од слобода пет лица, а Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“ против; Н.И.(39) од Дебар, Н.Р.(29) и Г.С.(36) од Струга и гостиварците Р.Б.(32) и Г.Б.(18). Тие се сомничат дека на 26-ти минатиот месец околу 22 часот и 30 минути физички го нападнале вработениот во обезбедувањето на фабриката во Чегране, а потоа заканувајќи му се со огнено оружје го врзале, по што од просториите на правното лице одзеле 44 вреќи со вкупно 552, 85 килограми канабис.

The post Расчистена кражбата на пола тон канабис од Чегране appeared first on Република.

]]>
Вработен на бензинската пумпа на МВР украл речиси тон гориво од ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-na-benzinskata-pumpa-na-mvr-ukral-rechisi-ton-gorivo-od-noemvri/ Wed, 27 Dec 2023 08:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=727002

Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Б.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, вработен на бензинската пумпа на МВР во касарната Ѓорче Петров во Скопје, од ноември 2023 година противправно за себе изнел повеќе од 800 литри гориво надвор од касарната. На 31.10.2023, на излез од касарната, во неговото возило биле пронајдени неколку канти наполнети со 110 литри дизел и 75 литри бензин, кои ги наполнил на пумпата во касарната, соопшти МВР.

The post Вработен на бензинската пумпа на МВР украл речиси тон гориво од ноември appeared first on Република.

Грабеж во трговски центар во Скопје, нападната вработена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/grabezh-vo-trgovski-tsentar-vo-skopje-napadnata-vrabotena/ Fri, 15 Dec 2023 11:33:33 +0000 https://republika.mk/?p=723272

Вчера во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода А.Ќ.(32) и А.Б.(35), двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во продажен објект во трговски центар на подрачјето на Центар физички ја нападнале вработената и одзеле неколку предмети. Како што соопшти МВР, одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.

Додаваат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Грабеж во трговски центар во Скопје, нападната вработена appeared first on Република.

]]>

Вчера во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода А.Ќ.(32) и А.Б.(35), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во продажен објект во трговски центар на подрачјето на Центар физички ја нападнале вработената и одзеле неколку предмети. Како што соопшти МВР, одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. Додаваат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Грабеж во трговски центар во Скопје, нападната вработена appeared first on Република.

]]>
Вработен во пошта си „присвоил“ над 50.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-poshta-si-prisvoil-nad-50-000-evra/ Mon, 27 Nov 2023 12:49:43 +0000 https://republika.mk/?p=716730

Дебарското одделение за внатрешни работи, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, поднесе кривична пријава против дебранец, вработен во подружницата на „Македонски пошти“ во Центар Жупа, поради неовластено присвојување на над три милиони денари.

Кривична пријава е поднесена против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ - подружница во општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додава дека со тоа Е.М. се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари.

The post Вработен во пошта си „присвоил“ над 50.000 евра appeared first on Република.

Ги собул своите, бирал, па ги земал најубавите туѓи патики: Крадец во џамија „оперирал“ додека другите се молеле https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/gi-sobul-svoite-biral-pa-gi-zemal-najubavite-tugi-patiki-kradets-vo-dhamija-operiral-dodeka-drugite-se-molele/ Sun, 26 Nov 2023 10:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=716332

Сараевскиот имам Мухамед еф. Велиќ на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж краде патики додека останатите се молат.

Како што објасни Велиќ, за време на молитвата, маж влегол во џамијата облечен во патики, ги соблекол своите и му украл нови патики на еден од мажите, кој во тој момент се молел, пренесува Српска инфо.

The post Ги собул своите, бирал, па ги земал најубавите туѓи патики: Крадец во џамија „оперирал“ додека другите се молеле appeared first on Република.

]]>

Сараевскиот имам Мухамед еф. Велиќ на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како маж краде патики додека останатите се молат. Како што објасни Велиќ, за време на молитвата, маж влегол во џамијата облечен во патики, ги соблекол своите и му украл нови патики на еден од мажите, кој во тој момент се молел, пренесува Српска инфо.

The post Ги собул своите, бирал, па ги земал најубавите туѓи патики: Крадец во џамија „оперирал“ додека другите се молеле appeared first on Република.

]]>
Девојка фатена како краде по скопски трговски центар, во полиција ја објаснила нејзината тактика https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/devojka-fatena-kako-krade-po-skopski-trgovski-tsentar-vo-politsija-ja-objasnila-nejzinata-taktika/ Sat, 25 Nov 2023 17:19:45 +0000 https://republika.mk/?p=716229

Во трговски центар на подрачјето на Карпош, на 24 ноември во 21:00 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ја лишиле од слобода Ј.М.(19) со живеалиште во Пробиштип, а со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела кражба и тешка кражба.

Како што информираат денеска од МВР, пријавената од четири различни дуќани во трговскиот центар одземала предмети. Со неа бил извршен службен разговор во кој во целост го појаснила начинот на извршувањето на кривичните дела. Украдените предмети ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

The post Девојка фатена како краде по скопски трговски центар, во полиција ја објаснила нејзината тактика appeared first on Република.

]]>

Во трговски центар на подрачјето на Карпош, на 24 ноември во 21:00 часот, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ја лишиле од слобода Ј.М.(19) со живеалиште во Пробиштип, а со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела кражба и тешка кражба. Како што информираат денеска од МВР, пријавената од четири различни дуќани во трговскиот центар одземала предмети. Со неа бил извршен службен разговор во кој во целост го појаснила начинот на извршувањето на кривичните дела. Украдените предмети ќе бидат вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

The post Девојка фатена како краде по скопски трговски центар, во полиција ја објаснила нејзината тактика appeared first on Република.

]]>
Двајца битолчани фатени со пленот ќе авршат зад решетки https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-bitolchani-fateni-so-plenot-ke-avrshat-zad-reshetki/ Thu, 23 Nov 2023 17:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=715591

На 22.11.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода А.А. (30) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени предмети поврзани со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Истиот ден лишен од слобода бил и неговиот сограѓанин С.С. (21). И кај него биле пронајдени предмети во врска со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

The post Двајца битолчани фатени со пленот ќе авршат зад решетки appeared first on Република.

]]>

На 22.11.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го лишиле од слобода А.А. (30) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени предмети поврзани со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Истиот ден лишен од слобода бил и неговиот сограѓанин С.С. (21). И кај него биле пронајдени предмети во врска со кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.  

The post Двајца битолчани фатени со пленот ќе авршат зад решетки appeared first on Република.

]]>
Малолетници краделе компјутерски делови од училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnitsi-kradele-kompjuterski-delovi-od-uchilishte/ Mon, 20 Nov 2023 18:05:05 +0000 https://republika.mk/?p=714517

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола, денеска повикале на разговор четворица малолетници, сите од битолското село Долно Оризари, во присуство на нивните родители.

Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба" на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев", во село Долно Оризари.

Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.

Во текот на денов, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба Баир во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо" со битолски регистарски ознаки, кое од Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.

The post Малолетници краделе компјутерски делови од училиште appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола, денеска повикале на разговор четворица малолетници, сите од битолското село Долно Оризари, во присуство на нивните родители. Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба" на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев", во село Долно Оризари.
Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Министерството за внатрешни работи.
Во текот на денов, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба Баир во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо" со битолски регистарски ознаки, кое од Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.

The post Малолетници краделе компјутерски делови од училиште appeared first on Република.

]]>
Фатени струмичани како крадат од плантажа за марихуана https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/fateni-strumichani-kako-kradat-od-plantazha-za-marihuana/ Wed, 15 Nov 2023 13:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=701843

Полициски службеници вчера кај место викано „Сушичко стопанство“, на магистралниот пат Ново Село-Струмица, ги привеле А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица.

Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана, соопшти МВР.

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство, лицата се задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Фатени струмичани како крадат од плантажа за марихуана appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници вчера кај место викано „Сушичко стопанство“, на магистралниот пат Ново Село-Струмица, ги привеле А.А.(33) и Р.Џ.(33), двајцата од Струмица. Тие се сомничат дека истиот ден извршиле тешка кражба во плантажи за производство на медицински канабис во атар на село Сушица, струмичко. Кај лицата е пронајдена вреќа во која имало украдени стебла марихуана, соопшти МВР. Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство, лицата се задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Фатени струмичани како крадат од плантажа за марихуана appeared first on Република.

]]>
76 сообраќајни знаци украдени од патиштата околу Прилеп https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/76-soobrakajni-znatsi-ukradeni-od-patishtata-okolu-prilep/ Sat, 11 Nov 2023 16:15:24 +0000 https://republika.mk/?p=700569

Вчера во ОВР-Прилеп, С.В. (62) од Прилеп вработен во Македонија Пат - Прилеп, пријавил дека во временскиот период од 20.06.2023 до 06.11.2023 година непознат сторител одзел 76 сообраќајно-патни знаци.

Според пријавеното знаицте се украдени од регионалните патишта Р-1303 делница Прилеп-Македонски Брод од 3-ти до 30-ти километар, на Р-1306 делница Прилеп-Крушево од 6-ти до 31-ви километар, на А-3 делница Прилеп-Тополчани од 97-ми до 117-ти километар, на А-1К1 делница Прилеп-Фариш од 25-ти до 50-ти километар.

Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post 76 сообраќајни знаци украдени од патиштата околу Прилеп appeared first on Република.

]]>

Вчера во ОВР-Прилеп, С.В. (62) од Прилеп вработен во Македонија Пат - Прилеп, пријавил дека во временскиот период од 20.06.2023 до 06.11.2023 година непознат сторител одзел 76 сообраќајно-патни знаци. Според пријавеното знаицте се украдени од регионалните патишта Р-1303 делница Прилеп-Македонски Брод од 3-ти до 30-ти километар, на Р-1306 делница Прилеп-Крушево од 6-ти до 31-ви километар, на А-3 делница Прилеп-Тополчани од 97-ми до 117-ти километар, на А-1К1 делница Прилеп-Фариш од 25-ти до 50-ти километар. Од МВР преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post 76 сообраќајни знаци украдени од патиштата околу Прилеп appeared first on Република.

]]>
Украдена голема сума од парите собрани за помош на Леонид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradena-golema-suma-od-parite-sobrani-za-pomosh-na-leonid/ Thu, 09 Nov 2023 09:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=699801

Крадци влегле во семејниот дом на Индови од Скопје и украле значителна сума од донациите кои се собираат за скапото лекување на 18-годишниот Леонид. Од МВР за „Фокус“ откриваат дека настанот се случил минатиот месец, на 18-ти, кога од страна на Б.И. било пријавено во полиција дека во периодот од 11.30 до 14.50 часот со подесен предмет било влезено во нивниот дом во Аеродром и биле одземени пари и други предмети.

Иаконема податоци за точната сума на пари која била украдена, на социјалните мрежи и во некои медиуми се објави веста дека биле украдени 50.000 евра, но официјална потврда за тоа се уште нема од надлежната служба.

Од МВР превземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдена голема сума од парите собрани за помош на Леонид appeared first on Република.

]]>

Крадци влегле во семејниот дом на Индови од Скопје и украле значителна сума од донациите кои се собираат за скапото лекување на 18-годишниот Леонид. Од МВР за „Фокус“ откриваат дека настанот се случил минатиот месец, на 18-ти, кога од страна на Б.И. било пријавено во полиција дека во периодот од 11.30 до 14.50 часот со подесен предмет било влезено во нивниот дом во Аеродром и биле одземени пари и други предмети. Иаконема податоци за точната сума на пари која била украдена, на социјалните мрежи и во некои медиуми се објави веста дека биле украдени 50.000 евра, но официјална потврда за тоа се уште нема од надлежната служба. Од МВР превземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдена голема сума од парите собрани за помош на Леонид appeared first on Република.

]]>
Двајца насилници влегле во домот на 47-годишна скопјанка на Бит Пазар и украле пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-nasilnitsi-vlegle-vo-domot-na-47-godishna-skopjanka-na-bit-pazar-i-ukrale-pari/ Fri, 20 Oct 2023 18:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=693435

Денеска (20.10.2023) во 02:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица со употреба на сила влегле во домот на Џ.Н.(47) од Скопје на подрачје на Бит Пазар, физички ја нападнале и ѝ одзеле пари.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Двајца насилници влегле во домот на 47-годишна скопјанка на Бит Пазар и украле пари appeared first on Република.

]]>

Денеска (20.10.2023) во 02:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица со употреба на сила влегле во домот на Џ.Н.(47) од Скопје на подрачје на Бит Пазар, физички ја нападнале и ѝ одзеле пари. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Двајца насилници влегле во домот на 47-годишна скопјанка на Бит Пазар и украле пари appeared first on Република.

]]>
Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидики https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/detali-za-bandata-od-makedonija-koja-kradela-avtomobili-na-halkidiki/ Sat, 09 Sep 2023 12:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=680250

Разбиена е криминална група од Македонија која крадела луксузни возила од викендички на Халкидики, по истрага на полициски службеници од Одделот за безбедност Полигирос.

За случајот, како што беше претходно објавија грчките медиуми, уапсени се 3 лица од Македонија, а поведена е постапка против уште 3 нивни соучесници.

Како што произлезе од полициската истрага, наведените лица формирале криминална организација со структурирани активности и различни улоги, со цел кражба на луксузните возила од голема парична вредност.

Според нивната криминална шема, тие првин ги лоцирале луксузните возила на туристите на Халкидики, а потоа упаѓале во нивните сместувачки капацитети, со цел да им ги одземат клучевите и да ги украдат возилата.

Од досегашната истрага произлезе дека тие учествувале во вкупно 18 кражби на возила на различни делови на Халкидики, од кои се пронајдени седум украдени возила, во една кражба на возило во подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирани возила на подрачјето на Солун.

The post Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>

Разбиена е криминална група од Македонија која крадела луксузни возила од викендички на Халкидики, по истрага на полициски службеници од Одделот за безбедност Полигирос. За случајот, како што беше претходно објавија грчките медиуми, уапсени се 3 лица од Македонија, а поведена е постапка против уште 3 нивни соучесници. Како што произлезе од полициската истрага, наведените лица формирале криминална организација со структурирани активности и различни улоги, со цел кражба на луксузните возила од голема парична вредност. Според нивната криминална шема, тие првин ги лоцирале луксузните возила на туристите на Халкидики, а потоа упаѓале во нивните сместувачки капацитети, со цел да им ги одземат клучевите и да ги украдат возилата. Од досегашната истрага произлезе дека тие учествувале во вкупно 18 кражби на возила на различни делови на Халкидики, од кои се пронајдени седум украдени возила, во една кражба на возило во подрачјето на Солун и во една кражба на регистарски таблички од паркирани возила на подрачјето на Солун.  

The post Детали за бандата од Македонија која крадела автомобили на Халкидики appeared first on Република.

]]>
Украдени 48 овци од штала во Градец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-48-ovtsi-od-shtala-vo-gradets/ Tue, 05 Sep 2023 09:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=678917

Четириесет и двегодишниот А.А. од гостиварското село Градец, вчеравечер во 23 часот во СВР Тетово пријавил дека од неговата штала биле одземени 48 овци.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

The post Украдени 48 овци од штала во Градец appeared first on Република.

]]>

Четириесет и двегодишниот А.А. од гостиварското село Градец, вчеравечер во 23 часот во СВР Тетово пријавил дека од неговата штала биле одземени 48 овци. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од СВР Тетово.

The post Украдени 48 овци од штала во Градец appeared first on Република.

]]>