кражба на струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krazba-na-struja/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 09:49:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кражба на струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krazba-na-struja/ 32 32 Инспектор фатен како краде струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/inspektor-faten-kako-krade-struja/ Mon, 19 Aug 2024 09:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=807900

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. - инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.

На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа, соопшти МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Инспектор фатен како краде струја appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. - инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.
На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

The post Инспектор фатен како краде струја appeared first on Република.

]]>
Левица поднесе кривична против менаџерите на ЕВН, не пријавиле кражба на струја во Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/levica-podnese-krivichna-protiv-menadzerite-na-evn-ne-prijavile-krazba-na-struja-vo-arachinovo/ Tue, 06 Dec 2022 10:51:12 +0000 https://republika.mk/?p=582507

Правниот сектор на Левица до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против двајца менаџери на „Електродистрибуција“ ДООЕЛ: Сашо Салтировски и Јохен Хагеман – поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непријавување на кривично дело или сторител“ – казниво по чл. 364, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна до три години.

Пријавените се товарат дека – во својство на службени лица, управители на компанија за снабдување со електрична енергија – во подолг временски период свесно и намерно прикривале и не пријавувале кражба на струја во поголем износ, односно незаконско користење електрична енергија од страна на жителите на општина Арачиново.

Со толерирање на илегалните приклучоци на електродистрибутивната мрежа, сторена е штета во износ од шест милиони евра годишно.

Очекуваме, надлежното ОЈО – Скопје, сериозно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавените, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за ова продолжено кривично дело, да покрене обвинение против актуелните управители на ова правно лице. Со ова, еднаш-засекогаш би се ставил крај на сè позачестената неказнивост на дивите приклучоци на струја во оваа конкретна општина, во која – благодарение на заштитата дадена од антимакедонската владејачка коалиција на СДС и ДУИ – не важат нашите закони, велат од Левица.

The post Левица поднесе кривична против менаџерите на ЕВН, не пријавиле кражба на струја во Арачиново appeared first on Република.

]]>

Правниот сектор на Левица до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против двајца менаџери на „Електродистрибуција“ ДООЕЛ: Сашо Салтировски и Јохен Хагеман – поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непријавување на кривично дело или сторител“ – казниво по чл. 364, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна до три години. Пријавените се товарат дека – во својство на службени лица, управители на компанија за снабдување со електрична енергија – во подолг временски период свесно и намерно прикривале и не пријавувале кражба на струја во поголем износ, односно незаконско користење електрична енергија од страна на жителите на општина Арачиново. Со толерирање на илегалните приклучоци на електродистрибутивната мрежа, сторена е штета во износ од шест милиони евра годишно. Очекуваме, надлежното ОЈО – Скопје, сериозно да ја земе во работа оваа наша издржана кривична пријава и по неопходниот распит на пријавените, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за ова продолжено кривично дело, да покрене обвинение против актуелните управители на ова правно лице. Со ова, еднаш-засекогаш би се ставил крај на сè позачестената неказнивост на дивите приклучоци на струја во оваа конкретна општина, во која – благодарение на заштитата дадена од антимакедонската владејачка коалиција на СДС и ДУИ – не важат нашите закони, велат од Левица.

The post Левица поднесе кривична против менаџерите на ЕВН, не пријавиле кражба на струја во Арачиново appeared first on Република.

]]>
Граѓаните не плаќаат струја за оние кои ја крадат, тврди Бислимоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gragjanite-ne-plakjaat-struja-za-onie-koi-ja-kradat-tvrdi-bislimoski/ Sun, 13 Nov 2022 22:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=573435

Не, не плаќаат и никогаш не плаќале, тврди директорот на Регулаторна комисија Марко Бислимовски на прашањето дали граѓаните плаќаат струја и за оние кои ја крадат, во интервјуто за Радио слободна Европа (РСЕ).

Бислимовски вели дека одлуките што ги носи РКЕ се такви да не се признава трошок за ненаплата.

– ЕВН хоум треба да наплати 100 проценти од тоа што е испорачано кај самите потрошувачи. Сето тоа што не е фактурирано и сите тие кражби одат на товар на операторот на дистрибутивниот систем, вели тој.

Бислимовскик објаснува дека загубите во мрежа се 13,8 проценти.

РКЕ во 2022 година признава загуби од 12,4 проценти, во 2023 ќе признаваме загуби од 12,2 проценти и таа разлика до реалните загуби не ги признаваме во нашите одлуки и е на товар на операторот на дистрибутивниот систем.

Запрашан дали ако оправданата загуба – загревање на кабли, загуби при трансформација, е 10 проценти, а вие признавате 12,4 проценти, хипотетички дали е тогаш можно тие 2,4 проценти да се кражби коишто ние ги плаќаме.

– Има студија изработена од Електротехничкиот факултет и некаде, во зависност од периодот на годината, загубите на електрична енергија во нашата дистрибутивна мрежа се меѓу 11,5 и 13,5 проценти. Тоа се технички загуби заради структура на мрежа, објаснува Бислимовски.

Во интервјуто за РСЕ, тој вели дека е противник на еветуално зголемување на цената на струјата по Нова година.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-e-protiv-poskapuvanje-na-strujata-za-domakjinstvata-po-nova-godina/

The post Граѓаните не плаќаат струја за оние кои ја крадат, тврди Бислимоски appeared first on Република.

]]>

Не, не плаќаат и никогаш не плаќале, тврди директорот на Регулаторна комисија Марко Бислимовски на прашањето дали граѓаните плаќаат струја и за оние кои ја крадат, во интервјуто за Радио слободна Европа (РСЕ). Бислимовски вели дека одлуките што ги носи РКЕ се такви да не се признава трошок за ненаплата.
– ЕВН хоум треба да наплати 100 проценти од тоа што е испорачано кај самите потрошувачи. Сето тоа што не е фактурирано и сите тие кражби одат на товар на операторот на дистрибутивниот систем, вели тој.
Бислимовскик објаснува дека загубите во мрежа се 13,8 проценти. РКЕ во 2022 година признава загуби од 12,4 проценти, во 2023 ќе признаваме загуби од 12,2 проценти и таа разлика до реалните загуби не ги признаваме во нашите одлуки и е на товар на операторот на дистрибутивниот систем. Запрашан дали ако оправданата загуба – загревање на кабли, загуби при трансформација, е 10 проценти, а вие признавате 12,4 проценти, хипотетички дали е тогаш можно тие 2,4 проценти да се кражби коишто ние ги плаќаме.
– Има студија изработена од Електротехничкиот факултет и некаде, во зависност од периодот на годината, загубите на електрична енергија во нашата дистрибутивна мрежа се меѓу 11,5 и 13,5 проценти. Тоа се технички загуби заради структура на мрежа, објаснува Бислимовски.
Во интервјуто за РСЕ, тој вели дека е противник на еветуално зголемување на цената на струјата по Нова година. https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-e-protiv-poskapuvanje-na-strujata-za-domakjinstvata-po-nova-godina/

The post Граѓаните не плаќаат струја за оние кои ја крадат, тврди Бислимоски appeared first on Република.

]]>
Левица со кривична пријава за кражба на струја во Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-so-krivichna-prijava-za-krazba-na-struja-vo-arachinovo/ Sat, 05 Nov 2022 11:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=569971

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, предвидено и казниво по член 235 – а од Кривичен законик против непознат сторител од Општина Арачиново.

Според ЕВН Хоум, во општина Арачиново нема струја поради дефект од оптоварување на трафостаниците, кое е настанато поради незаконско користење струја од страна на некои жители.

Министерот за економија Бектеши тогаш наведе дека загубите на струја во Арачиново се дури и до 80 отсто, поради диво приклучување на мрежите.

Во ек на светската енергетска криза, недозволиво е одреден број на жители да не ги подмируваат сметките, на штета на оние кои уредно тоа го прават - ниту пак жителите на општината кои совесно ја извршуваат оваа обврска да се соочуваат со потенцијално исклучување поради оние кои не го прават тоа.

Обвинителството да не чека дозвола од ДУИ и СДС да постапи!

Левица ја поднесе оваа кривична пријава за кражба на струја до ОЈО Скопје, кое како овластен орган по службена должност треба да постапи со цел спречување на вакви казниви дела и казнување на нивните сторители.

Со ова несовесно и незаконско постапување од страна на одредени жители од Арачиново, односно со диво приклучување на електричната мрежа, загубите ги покриваат совесните граѓани, кои ја плаќаат струјата и поради тоа добиваат високи сметки во период на огромна инфлација.

The post Левица со кривична пријава за кражба на струја во Арачиново appeared first on Република.

]]>

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, предвидено и казниво по член 235 – а од Кривичен законик против непознат сторител од Општина Арачиново. Според ЕВН Хоум, во општина Арачиново нема струја поради дефект од оптоварување на трафостаниците, кое е настанато поради незаконско користење струја од страна на некои жители. Министерот за економија Бектеши тогаш наведе дека загубите на струја во Арачиново се дури и до 80 отсто, поради диво приклучување на мрежите. Во ек на светската енергетска криза, недозволиво е одреден број на жители да не ги подмируваат сметките, на штета на оние кои уредно тоа го прават - ниту пак жителите на општината кои совесно ја извршуваат оваа обврска да се соочуваат со потенцијално исклучување поради оние кои не го прават тоа. Обвинителството да не чека дозвола од ДУИ и СДС да постапи! Левица ја поднесе оваа кривична пријава за кражба на струја до ОЈО Скопје, кое како овластен орган по службена должност треба да постапи со цел спречување на вакви казниви дела и казнување на нивните сторители. Со ова несовесно и незаконско постапување од страна на одредени жители од Арачиново, односно со диво приклучување на електричната мрежа, загубите ги покриваат совесните граѓани, кои ја плаќаат струјата и поради тоа добиваат високи сметки во период на огромна инфлација.

The post Левица со кривична пријава за кражба на струја во Арачиново appeared first on Република.

]]>
Штом Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, не мора да плаќаат и другите, ќе најде и за нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/shtom-bekteshi-nashol-reshenie-za-strujata-vo-arachinovo-ne-mora-da-plakjaat-i-drugite-kje-najde-i-za-niv/ Fri, 26 Aug 2022 16:24:59 +0000 https://republika.mk/?p=544524

Eксминистерот Џевдет Хајредини ја искоментира прес-конференцијата na министерот за економија Крешник Бектеши, кој се пофали дека успеал да нејаде решение за деценискиот проблем со неплаќање струја во Араичново.

Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите. Ќе најде тој решение и за сите други, пишува зајадливо Хајредини на социјалните мрежи.

 

Три дена Арачиново беше без струја, затоа што имаше дефект поради диви приклучоци. Од ЕВН се пожалија дека нивни екипи се мета на напади, и бараат жителите на Арачиново да не манипулираат и да не оштетуваат броила. Бектеши најави дека од понеделник ЕВН ќе работи на терен во Арачиново, а и дека полицијата ќе постапува по однос на кражбите на струја.

The post Штом Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, не мора да плаќаат и другите, ќе најде и за нив appeared first on Република.

]]>

Eксминистерот Џевдет Хајредини ја искоментира прес-конференцијата na министерот за економија Крешник Бектеши, кој се пофали дека успеал да нејаде решение за деценискиот проблем со неплаќање струја во Араичново. Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите. Ќе најде тој решение и за сите други, пишува зајадливо Хајредини на социјалните мрежи.   Три дена Арачиново беше без струја, затоа што имаше дефект поради диви приклучоци. Од ЕВН се пожалија дека нивни екипи се мета на напади, и бараат жителите на Арачиново да не манипулираат и да не оштетуваат броила. Бектеши најави дека од понеделник ЕВН ќе работи на терен во Арачиново, а и дека полицијата ќе постапува по однос на кражбите на струја.

The post Штом Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, не мора да плаќаат и другите, ќе најде и за нив appeared first on Република.

]]>
Во Скопје се краде струја во вредност од 50 милиони евра, само Арачиново краде 6 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-skopje-se-krade-struja-vo-vrednost-od-50-milioni-evra-samo-arachinovo-krade-6-milioni-evra/ Thu, 18 Aug 2022 10:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=541635

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, објави порталот МКД.мк.

ЕВН како компанија со години се обидува да го унапреди системот за ефикасна наплата на сметките за струја, од 2014 година досега инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа само кон Арачиново...

Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%. Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.

Целиот текст тука

The post Во Скопје се краде струја во вредност од 50 милиони евра, само Арачиново краде 6 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, објави порталот МКД.мк. ЕВН како компанија со години се обидува да го унапреди системот за ефикасна наплата на сметките за струја, од 2014 година досега инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа само кон Арачиново... Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%. Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина. Целиот текст тука

The post Во Скопје се краде струја во вредност од 50 милиони евра, само Арачиново краде 6 милиони евра appeared first on Република.

]]>