Кратово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kratovo/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 12:09:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кратово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kratovo/ 32 32 По Скопје, денеска Фестивалот „Културен амалгам“ продолжува во Кратово https://arhiva3.republika.mk/scena/film/po-skopje-deneska-festivalot-kulturen-amalgam-prodolzhuva-vo-kratovo/ Sat, 27 Jul 2024 13:29:46 +0000 https://republika.mk/?p=800766

Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“, кој беше отворен синоќа со изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, денеска продолжува во Културниот дом „Лазар Софијанов“ во Кратово.

Во месец август, фестивалот продолжува во сродните културни центри во Крушево (6 август) и Битола (22 август), со цел да ги отвори вратите кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија, преку поставување темели за соработка во различни средини и низ различни градови.

- Соработката на Културно информативниот центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да биде основа за понатамошно проширување и низ останатите градови низ Македонија и со збогатување на програмата со останати уметнички дисциплини како музиката, театарот, книжевноста, стрипот, велат од КИЦ.

Фестивалот синоќа почна во Скопје, изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, составена од дваесет досега необјавени црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети од музичкиот свет. Фотографиите се снимени во периодот 2023 до 2024 година на различни локации. Потоа фестивалот продолжи во Салонот 19:19, каде беа прикажани четири кратки филмови на Саша Станишиќ.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

The post По Скопје, денеска Фестивалот „Културен амалгам“ продолжува во Кратово appeared first on Република.

]]>

Интердисциплинарниот и мултимедијален фестивал „Културен амалгам“, кој беше отворен синоќа со изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, денеска продолжува во Културниот дом „Лазар Софијанов“ во Кратово. Во месец август, фестивалот продолжува во сродните културни центри во Крушево (6 август) и Битола (22 август), со цел да ги отвори вратите кон вистинска и коренита децентрализација на културата во Македонија, преку поставување темели за соработка во различни средини и низ различни градови. - Соработката на Културно информативниот центар – Скопје со останатите центри, преку меѓуинституционалниот и мултимедијален фестивал треба да биде основа за понатамошно проширување и низ останатите градови низ Македонија и со збогатување на програмата со останати уметнички дисциплини како музиката, театарот, книжевноста, стрипот, велат од КИЦ. Фестивалот синоќа почна во Скопје, изложбата „24“ на Никола Јовановиќ во салонот Империјал 2, составена од дваесет досега необјавени црно-бели фотографии на кои се прикажани портрети од музичкиот свет. Фотографиите се снимени во периодот 2023 до 2024 година на различни локации. Потоа фестивалот продолжи во Салонот 19:19, каде беа прикажани четири кратки филмови на Саша Станишиќ. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам.

The post По Скопје, денеска Фестивалот „Културен амалгам“ продолжува во Кратово appeared first on Република.

]]>
Соседите се пријавуваат за сведоци: Адвокатски тим бесплатно ќе ја брани жената која им пресуди на сопругот и свекорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sosedite-se-prijavuvaat-za-svedotsi-advokatski-tim-besplatno-ke-ja-brani-zhenata-koja-im-presudi-na-soprugot-i-svekorot/ Sun, 23 Jun 2024 08:03:24 +0000 https://republika.mk/?p=789875

Триесет и шестгодишната жена, жртва на семејно насилство, која ги уби својот сопруг и свекорот во семејната куќа во Кратово доби правна помош и адвокатска канцеларија која ќе ја застапува Pro bono во случајот и на судскиот процес.

Сe rработи за многу ситна жена која сè уште има траги од критичниот ден. Сметам дека ниедно семејство не треба да го помине ова што го помина обвинетата и нејзините малолетни дечиња. Ни претстои долга правна битка, вели за „Телма“ адвокатот Христијан Георгиевски.

Адвокатот Георгиевски и неговиот тим веќе поднеле жалба да се замени мерката притвор. Од полицијата во Скопје Куманово и Кратово како и од центрите за социјална работа побарале комплетна документација за сите досега поднесени пријави од осомничената како и против неа. Неколку соседи веќе се пријавиле како сведоци, а не откриваат дали е побарано психијатриско вештачење и дали во моментот на кривичното дело таа била физички нападната и од свекорот.

Сега осомничената стапува во брак во 2011 година и се сели во Кратово кај сопругот со кого има две малолетни деца. Физичките и психички тортури почнуваат по раѓањето на двете деца, и често се случувало пред нивните очи.

The post Соседите се пријавуваат за сведоци: Адвокатски тим бесплатно ќе ја брани жената која им пресуди на сопругот и свекорот appeared first on Република.

]]>

Триесет и шестгодишната жена, жртва на семејно насилство, која ги уби својот сопруг и свекорот во семејната куќа во Кратово доби правна помош и адвокатска канцеларија која ќе ја застапува Pro bono во случајот и на судскиот процес.
Сe rработи за многу ситна жена која сè уште има траги од критичниот ден. Сметам дека ниедно семејство не треба да го помине ова што го помина обвинетата и нејзините малолетни дечиња. Ни претстои долга правна битка, вели за „Телма“ адвокатот Христијан Георгиевски.
Адвокатот Георгиевски и неговиот тим веќе поднеле жалба да се замени мерката притвор. Од полицијата во Скопје Куманово и Кратово како и од центрите за социјална работа побарале комплетна документација за сите досега поднесени пријави од осомничената како и против неа. Неколку соседи веќе се пријавиле како сведоци, а не откриваат дали е побарано психијатриско вештачење и дали во моментот на кривичното дело таа била физички нападната и од свекорот. Сега осомничената стапува во брак во 2011 година и се сели во Кратово кај сопругот со кого има две малолетни деца. Физичките и психички тортури почнуваат по раѓањето на двете деца, и често се случувало пред нивните очи.

The post Соседите се пријавуваат за сведоци: Адвокатски тим бесплатно ќе ја брани жената која им пресуди на сопругот и свекорот appeared first on Република.

]]>
Детали за двојното убиство во Кратово: Жената пријавувала насилство во домот, но имало и пријави против неа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-dvojnoto-ubistvo-vo-kratovo-zhenata-prijavuvala-nasilstvo-vo-domot-no-imalo-i-prijavi-protiv-nea/ Fri, 14 Jun 2024 17:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=787681

Семејното насилство одамна било проблем во домот на 36-годишната В.И. и нејзиниот сопруг, во Кратово. Жената пријавувала насилството во домот, но имало и пријави против неа.

Засега нема потврда, дали мотивот за злосторството е поврзан со семејно насилство, објави „Телма“.

Но, од Кратово вчера одекна веста дека сопругата си го убила својот сопруг и неговиот татко.

Осомничената користела нож како оружје за убиството.

The post Детали за двојното убиство во Кратово: Жената пријавувала насилство во домот, но имало и пријави против неа appeared first on Република.

]]>

Семејното насилство одамна било проблем во домот на 36-годишната В.И. и нејзиниот сопруг, во Кратово. Жената пријавувала насилството во домот, но имало и пријави против неа. Засега нема потврда, дали мотивот за злосторството е поврзан со семејно насилство, објави „Телма“. Но, од Кратово вчера одекна веста дека сопругата си го убила својот сопруг и неговиот татко. Осомничената користела нож како оружје за убиството.  

The post Детали за двојното убиство во Кратово: Жената пријавувала насилство во домот, но имало и пријави против неа appeared first on Република.

]]>
Ги нападнала со остар предмет: Детали за двојното убиство во Кратово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gi-napadnala-so-ostar-predmet-detali-za-dvojnoto-ubistvo-vo-kratovo/ Fri, 14 Jun 2024 08:18:09 +0000 https://republika.mk/?p=787483

Полициски службеници од ОВР Кратово вчеравечер околу 22:08 часот, ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово.

Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информира МВР.

По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.

В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Ги нападнала со остар предмет: Детали за двојното убиство во Кратово appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ОВР Кратово вчеравечер околу 22:08 часот, ја лишиле од слобода В.И.(36) од Кратово. Таа се сомничи дека во семејната куќа во Кратово со остар предмет ги нападнала нејзиниот сопруг Ј.И.(38) и неговиот татко С.И.(63), кои починале од здобиените повреди, информира МВР. По насоки на јавен обвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. В.И. била приведена и задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Ги нападнала со остар предмет: Детали за двојното убиство во Кратово appeared first on Република.

]]>
Двојно убиство во Кратово: Го убила сопругот, па му пресудила и на свекорот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvojno-ubistvo-vo-kratovo-go-ubila-soprugot-pa-mu-presudila-i-na-svekorot/ Fri, 14 Jun 2024 07:02:42 +0000 https://republika.mk/?p=787409

Двојно убиство синоќа го потресе Кратово.

Според информациите, жена на возраст од 37 години со нож го усмртила својот сопруг, а потоа и својот свекор.

Жената е приведена во полициска станица.

На терен е јавен обвинител, полиција и брза помош

The post Двојно убиство во Кратово: Го убила сопругот, па му пресудила и на свекорот appeared first on Република.

]]>

Двојно убиство синоќа го потресе Кратово. Според информациите, жена на возраст од 37 години со нож го усмртила својот сопруг, а потоа и својот свекор. Жената е приведена во полициска станица. На терен е јавен обвинител, полиција и брза помош

The post Двојно убиство во Кратово: Го убила сопругот, па му пресудила и на свекорот appeared first on Република.

]]>
Наместо фудбал, во Кратово како да се играше ватерполо https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/namesto-fudbal-vo-kratovo-kako-da-se-igrashe-vaterpolo/ Sun, 21 Apr 2024 19:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=769035

Силекс и Шкупи одиграа без голови на мечот на стадионот во Кратово, каде немаше нормални услови за игра. Во Кратово наврна пороен дожд кој го потопи теренот. На повеќе места имаше мали „езерца“, кои едноставно не дозволуваа да има нормална игра.

Топката воопшто не можеше да се движи, па често играчите мораа буквално само да ја исфрлаат што е можно подалеку.

Во второто полувреме, ситуацијата на еден дел од теренот се подобри, па фудбалерите на двата тима се обидуваа на тој дел да направат акција, но очекувано, немаше голови на овој натпревар.

The post Наместо фудбал, во Кратово како да се играше ватерполо appeared first on Република.

]]>

Силекс и Шкупи одиграа без голови на мечот на стадионот во Кратово, каде немаше нормални услови за игра. Во Кратово наврна пороен дожд кој го потопи теренот. На повеќе места имаше мали „езерца“, кои едноставно не дозволуваа да има нормална игра. Топката воопшто не можеше да се движи, па често играчите мораа буквално само да ја исфрлаат што е можно подалеку. Во второто полувреме, ситуацијата на еден дел од теренот се подобри, па фудбалерите на двата тима се обидуваа на тој дел да направат акција, но очекувано, немаше голови на овој натпревар.

The post Наместо фудбал, во Кратово како да се играше ватерполо appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Да ја вратиме државата на народот на 24 април, а потоа и 8 мај https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-da-ja-vratime-drzhavata-na-narodot-na-24-april-a-potoa-i-8-maj/ Fri, 19 Apr 2024 18:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=768185

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не дозволиме никогаш повеќе да се повторат. Ветуваа дека ќе донеле правда и мир, а ниту правда ниту мир донесоа, никогаш полошо не се живеело криминалци царуваат со градовите, а оние кои треба да се одговорни за правдата и мирот се најверни коалициони партнери на криминалците, изјави претседателот од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кратово.

Мицкоски нагласи дека законите не важат за сите подеднакво, државата му е украдена на народот и со неа управува мала тесна клика на власта која континуирано ја понижува, ограбува и срами Македонија, како и дека има цикличен артаноиден режим во Македонија.

Шансата за сето ова да се промени ја имаме на 24 април да излеземе да го заокружиме бројот 2 да ја поддржиме идната претседателка Гордана Силјановска Давкова а потоа уште помасовно на 8 мај, Македонија не само горда, да ја направиме и повторно твоја, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека оваа власт ветуваше подобар живот и за земјоделците, за пензионерите, учениците, за здравството, но наместо тоа гледаме да нема загарантиран откуп за земјоделците, да нема учебници за учениците, пензионерите да протестираат за пензии, а во здравството видовме како се запали модуларната и луѓе загинаа, а бевме во првите 5 држави по смртност во корона пандемијата.

Мицкоски се осврна и на ДУИ за кои рече дека ги напаѓа затоа што се криминалци.

Тие ме нарекуваат анти Албанец, не јас сум анти ДУИ криминалците. Ќе зборувам против принципот на владеење „како до сега“ како му рече Ахмети на Ковачевски. Ќе бидам против системот на владеење каде момчиња кои само што се од фамилијата Ахмети купуваат милионски имоти во центрите на градовите, тие кои се дел од тоа семејство и сватови имаат возен парк од неколку милиони евра, а народот нема леб да јаде, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека по 8 мај владата на коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има задача сите кои ја ограбија и понижија Македонија да ги прати во затвор, доста беше од овие стотина разбојници кои ја уништија Македонија.

Говорејќи за Пендаровски, Мицкоски потсети како Пендаровски едно зборува наутро, друго на пладне, а навечер ги демантира двете, како и дека во меѓувреме ќе кажува дека Гоце Делчев бил Бугарин, дека ако не бил претседател ќе се селел од Македонија, ќе навредува дама како професорката Гордана Силјановска Давкова.

Од друга страна имаме титан како професорката Силјановска Давкова која изминативе години ги бранеше македонските национални интереси, заслужува поддршка и историска победа на овие избори. Таа застана заедно со нас во првите редови одлучи за да се бори за Македонија за својот народ, за сите нас за достоинствена просперитетна држава со можности и шанса за секого, истакна Мицкоски.

Мицкоски повика сите масовно да се обединиме на 24 април да му помогнеме на Пендаровски да ги пакува куферите, да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа на 8 мај да ја направиме Македонија и повторно горда и повторно горда и да стигнеме до 61 пратеник, да ја ослободиме Македонија од овие стотина разбојници од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ.

The post Мицкоски: Да ја вратиме државата на народот на 24 април, а потоа и 8 мај appeared first on Република.

]]>

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не дозволиме никогаш повеќе да се повторат. Ветуваа дека ќе донеле правда и мир, а ниту правда ниту мир донесоа, никогаш полошо не се живеело криминалци царуваат со градовите, а оние кои треба да се одговорни за правдата и мирот се најверни коалициони партнери на криминалците, изјави претседателот од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кратово. Мицкоски нагласи дека законите не важат за сите подеднакво, државата му е украдена на народот и со неа управува мала тесна клика на власта која континуирано ја понижува, ограбува и срами Македонија, како и дека има цикличен артаноиден режим во Македонија.
Шансата за сето ова да се промени ја имаме на 24 април да излеземе да го заокружиме бројот 2 да ја поддржиме идната претседателка Гордана Силјановска Давкова а потоа уште помасовно на 8 мај, Македонија не само горда, да ја направиме и повторно твоја, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека оваа власт ветуваше подобар живот и за земјоделците, за пензионерите, учениците, за здравството, но наместо тоа гледаме да нема загарантиран откуп за земјоделците, да нема учебници за учениците, пензионерите да протестираат за пензии, а во здравството видовме како се запали модуларната и луѓе загинаа, а бевме во првите 5 држави по смртност во корона пандемијата. Мицкоски се осврна и на ДУИ за кои рече дека ги напаѓа затоа што се криминалци.
Тие ме нарекуваат анти Албанец, не јас сум анти ДУИ криминалците. Ќе зборувам против принципот на владеење „како до сега“ како му рече Ахмети на Ковачевски. Ќе бидам против системот на владеење каде момчиња кои само што се од фамилијата Ахмети купуваат милионски имоти во центрите на градовите, тие кои се дел од тоа семејство и сватови имаат возен парк од неколку милиони евра, а народот нема леб да јаде, нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека по 8 мај владата на коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има задача сите кои ја ограбија и понижија Македонија да ги прати во затвор, доста беше од овие стотина разбојници кои ја уништија Македонија. Говорејќи за Пендаровски, Мицкоски потсети како Пендаровски едно зборува наутро, друго на пладне, а навечер ги демантира двете, како и дека во меѓувреме ќе кажува дека Гоце Делчев бил Бугарин, дека ако не бил претседател ќе се селел од Македонија, ќе навредува дама како професорката Гордана Силјановска Давкова.
Од друга страна имаме титан како професорката Силјановска Давкова која изминативе години ги бранеше македонските национални интереси, заслужува поддршка и историска победа на овие избори. Таа застана заедно со нас во првите редови одлучи за да се бори за Македонија за својот народ, за сите нас за достоинствена просперитетна држава со можности и шанса за секого, истакна Мицкоски.
Мицкоски повика сите масовно да се обединиме на 24 април да му помогнеме на Пендаровски да ги пакува куферите, да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа на 8 мај да ја направиме Македонија и повторно горда и повторно горда и да стигнеме до 61 пратеник, да ја ослободиме Македонија од овие стотина разбојници од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ.  

The post Мицкоски: Да ја вратиме државата на народот на 24 април, а потоа и 8 мај appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Во рамките на проектот „Злетовица“, изградба на шест мали и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-vo-ramkite-na-proektot-zletovitsa-izgradba-na-shest-mali-i-dve-hidrotsentrali-so-tsevkovodi-za-vodosnabduvane-na-opshtinite-probishtip-i-na-kratovo/ Fri, 19 Apr 2024 17:44:46 +0000 https://republika.mk/?p=768170

Изминатите години се години кои се црно минато за нашата држава. Години кои ќе сакаме да ги заборавиме и никогаш повеќе да не ни се повторат. Години на тешки национални предавства, криминал и корупција од енормни размери, опасна економска катастрофа, јавен долг од 8,8 милијарди евра, најниски плати и пензии во Европа, а највисока инфлација во регионот и пошироко. СДС-ДУИ забегаа во секоја смисла на зборот, без никакви чувства, без никакви сопирачки, рече Драган Ковачки носител на листата на пратеници во третата изборна единица од митингот во Кратово во рамките на предизборната кампања за парламентарни и претседателски избори.

Ковачки истакна дека иселувањето има земено загрижувачки размери, огромен дел од младите размислуваат за селење во странство и скоро да нема фамилија што нема свои блиски раселени по белиот свет, при што запраша каде се сега СДС да оставаат чевли пред Влада, како симбол за сите наши што се иселија.

Устата им е полна со Европската Унија, рече Ковачки и додаде, ама во Европската Унија заминаа само тие што се иселија, сите останати сме тука во татковината, грчевито се бориме на парчето земја кое го населувале нашите татковци, дедовци и прадедовци и сакаме тука да останеме, да живееме нормално и да бидеме во друштво со европските народи.

Ковачки посочи дека за тоа да се реализира треба работа, многу работа, многу напредок и љубов за сопствената земја за што ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и во иднина ќе работи за интересите на сите граѓани и на граѓаните од Кратово.

Пред присутните на народниот собир во Кратово, Ковачки наброја дел од проектите предвидени во предизборната програма „Платформа 1198“ кои ќе бидат реализирани во градот во наредниот четири годишен мандат.

„• Во рамките на третата фаза од проектот „Злетовица“ – Предвидуваме изградба на шест мали хидроцентрали меѓу кои и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово;

• Предвидуваме заживување на проектот „Плавица“ и отворање на Рудникот за бакар, злато и сребро;

• Изградба на дом за стари лица во Кратово;

• Реконструкција на детска градинка Царка Андреевска;

• Реконструкција на градска сала;

• Регулација на речно корито и изградба на колекторски систем за уредување на дел од Манцева река и дел од Кратовска река;

• Реконструкција на патиштата до селата Близанци, Куново, Мушково и Нежилово до Каврак;

• Изградба на мала пречистителна станица во село Приковци;

• Реконструкција на зградата на поранешна Кристалограверница и многу други проекти кои што планираме да ги реализираме во Кратово“, рече Ковачки.

The post Ковачки: Во рамките на проектот „Злетовица“, изградба на шест мали и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово appeared first on Република.

]]>

Изминатите години се години кои се црно минато за нашата држава. Години кои ќе сакаме да ги заборавиме и никогаш повеќе да не ни се повторат. Години на тешки национални предавства, криминал и корупција од енормни размери, опасна економска катастрофа, јавен долг од 8,8 милијарди евра, најниски плати и пензии во Европа, а највисока инфлација во регионот и пошироко. СДС-ДУИ забегаа во секоја смисла на зборот, без никакви чувства, без никакви сопирачки, рече Драган Ковачки носител на листата на пратеници во третата изборна единица од митингот во Кратово во рамките на предизборната кампања за парламентарни и претседателски избори. Ковачки истакна дека иселувањето има земено загрижувачки размери, огромен дел од младите размислуваат за селење во странство и скоро да нема фамилија што нема свои блиски раселени по белиот свет, при што запраша каде се сега СДС да оставаат чевли пред Влада, како симбол за сите наши што се иселија.
Устата им е полна со Европската Унија, рече Ковачки и додаде, ама во Европската Унија заминаа само тие што се иселија, сите останати сме тука во татковината, грчевито се бориме на парчето земја кое го населувале нашите татковци, дедовци и прадедовци и сакаме тука да останеме, да живееме нормално и да бидеме во друштво со европските народи.
Ковачки посочи дека за тоа да се реализира треба работа, многу работа, многу напредок и љубов за сопствената земја за што ВМРО-ДПМНЕ како во минатото, така и во иднина ќе работи за интересите на сите граѓани и на граѓаните од Кратово. Пред присутните на народниот собир во Кратово, Ковачки наброја дел од проектите предвидени во предизборната програма „Платформа 1198“ кои ќе бидат реализирани во градот во наредниот четири годишен мандат. „• Во рамките на третата фаза од проектот „Злетовица“ – Предвидуваме изградба на шест мали хидроцентрали меѓу кои и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово; • Предвидуваме заживување на проектот „Плавица“ и отворање на Рудникот за бакар, злато и сребро; • Изградба на дом за стари лица во Кратово; • Реконструкција на детска градинка Царка Андреевска; • Реконструкција на градска сала; • Регулација на речно корито и изградба на колекторски систем за уредување на дел од Манцева река и дел од Кратовска река; • Реконструкција на патиштата до селата Близанци, Куново, Мушково и Нежилово до Каврак; • Изградба на мала пречистителна станица во село Приковци; • Реконструкција на зградата на поранешна Кристалограверница и многу други проекти кои што планираме да ги реализираме во Кратово“, рече Ковачки.  

The post Ковачки: Во рамките на проектот „Злетовица“, изградба на шест мали и две хидроцентрали со цевководи за водоснабдување на општините Пробиштип и на Кратово appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Народен митинг во општина Кратово – Македонија повторно твоја! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zhivo-naroden-miting-vo-opshtina-kratovo-makedonija-povtorno-tvoja/ Fri, 19 Apr 2024 16:50:19 +0000 https://republika.mk/?p=768148

The post Следете во живо: Народен митинг во општина Кратово – Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

]]>

The post Следете во живо: Народен митинг во општина Кратово – Македонија повторно твоја! appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во Кратово по лажните пријави во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dojava-za-bomba-vo-kratovo-po-lazhnite-prijavi-vo-ohrid/ Wed, 28 Feb 2024 14:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=749320

Денеска (28.02.2024) околу 10:35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку СМС порака добиле закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава.

Денеска (28.02.2024 година) околу 10:00 часот добиена е пријава за поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Дојава за бомба во Кратово по лажните пријави во Охрид appeared first on Република.

]]>

Денеска (28.02.2024) околу 10:35 во СВР Куманово, вработена во кабелски оператор во Кратово пријавила дека преку СМС порака добиле закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава. Денеска (28.02.2024 година) околу 10:00 часот добиена е пријава за поставени бомби во два деловни објекти, едно училиште, еден хотел и една такси компанија во Охрид. СВР Охрид и припадници на Единицата за антитероризам при МВР презедоа мерки и извршија детални проверки на локациите, по што е констатирано дека се работи за лажни пријави. Се преземаат мерки за расчистување на случаите, по што, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.  

The post Дојава за бомба во Кратово по лажните пријави во Охрид appeared first on Република.

]]>
Николовски: Ќе реализираме голем број на капитални проекти во Кратово во идната 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikolovski-kje-realizirame-golem-broj-na-kapitalni-proekti-vo-kratovo-vo-idnata-2023-godina/ Sat, 24 Dec 2022 11:48:22 +0000 https://republika.mk/?p=589450

И покрај големите проблеми и тешката состојба предизвикани од светската економска и енергетска криза, која предизвика инфлација и поскапување на сите услуги и трошоците за живот, Општина Кратово планира реализација на голем број проекти во нареднава 2023 година.

Ова е главната поента од обраќањето на Тодорче Николовски, градоначалник на Општина Кратово на средба на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коалицијата која што се одржа во Кочани.

Општина Кратово ја наследив со голема кадровска неекипираност во општинските служби, недостаток на проекти и технички документации, но и со комплицирана соработка со Министерството за транспорт и врски и останатите органи на централната власт, која за нас е многу потребна, пред се поради статусот на централното градско подрачје кое е прогласено за Културно наследство од особено значење. Општина Кратово, заедно со својата администрација и Совет, со максимални напори и голем труд успеа да изработи голем број на проекти и градежни активности – кажа градоначалникот Николовски.

Кратовскиот градоначалник најави реализација на голем број на капитални проекти за идната 2023 година, кои покрај од сопствени општински средства, би биле реализирани и со финансиски средства од други тела и агенции.

Во 2023 година ќе се изврши реконструкција на улицата „Јосиф Даскалов“ која е една од најважните сообраќајници во централното градско јадро, а за чија реализација се потребни 12,6 милиони денари. Со овој проект е предвидена реконструкција и целосна замена на старата коцка. Тука е и капиталниот проект за асфалтирање на улицата „ Ѓорѓи Какашевски“, на потегот наречен „Млачки пут“ за чија реализација обезбедивме 5 милиони денари. Веќе се завршени постапките и избран е изведувач за уредување на кејот на Кратовска река, каде ќе се изградат пешачки мостови, ќе се постават заштитни огради, ново осветлување, ќе се изгради пешачка патека до спомен костурницата. Во тек се постапките за избор на понудувач за уредување на платото пред Домот на културата во Кратово, а се планира и ревитализација на турскиот затвор. Обезбедивме средства во износ од 3 милиони денари од ТАВ програмата за изградба на водовод во селото Полови, а обезбедени се и средства во износ од 4,6 милиони денари за набавка на градежна машина која ќе биде од огромно значење за секојдневните активности на нашата општина – додаде градоначалникот Николовски.

Градоначалникот на Кратово најави реализација на повеќе проекти и со средства кои планира да ги обезбеди преку Северноисточниот регион за кои општината има изработени технички документации, а тука се реконструкција на повеќе локални улици и патишта, како што се „Вера Пазаванска“, дел од улица „Табачка маала“, дел од улица „Планинска“, изградба на пешачка патека од црквата „Свети Ѓорги Кратовски“ со местото Габреш и многу други проекти.

Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

The post Николовски: Ќе реализираме голем број на капитални проекти во Кратово во идната 2023 година appeared first on Република.

]]>

И покрај големите проблеми и тешката состојба предизвикани од светската економска и енергетска криза, која предизвика инфлација и поскапување на сите услуги и трошоците за живот, Општина Кратово планира реализација на голем број проекти во нареднава 2023 година. Ова е главната поента од обраќањето на Тодорче Николовски, градоначалник на Општина Кратово на средба на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коалицијата која што се одржа во Кочани.
Општина Кратово ја наследив со голема кадровска неекипираност во општинските служби, недостаток на проекти и технички документации, но и со комплицирана соработка со Министерството за транспорт и врски и останатите органи на централната власт, која за нас е многу потребна, пред се поради статусот на централното градско подрачје кое е прогласено за Културно наследство од особено значење. Општина Кратово, заедно со својата администрација и Совет, со максимални напори и голем труд успеа да изработи голем број на проекти и градежни активности – кажа градоначалникот Николовски.
Кратовскиот градоначалник најави реализација на голем број на капитални проекти за идната 2023 година, кои покрај од сопствени општински средства, би биле реализирани и со финансиски средства од други тела и агенции.
Во 2023 година ќе се изврши реконструкција на улицата „Јосиф Даскалов“ која е една од најважните сообраќајници во централното градско јадро, а за чија реализација се потребни 12,6 милиони денари. Со овој проект е предвидена реконструкција и целосна замена на старата коцка. Тука е и капиталниот проект за асфалтирање на улицата „ Ѓорѓи Какашевски“, на потегот наречен „Млачки пут“ за чија реализација обезбедивме 5 милиони денари. Веќе се завршени постапките и избран е изведувач за уредување на кејот на Кратовска река, каде ќе се изградат пешачки мостови, ќе се постават заштитни огради, ново осветлување, ќе се изгради пешачка патека до спомен костурницата. Во тек се постапките за избор на понудувач за уредување на платото пред Домот на културата во Кратово, а се планира и ревитализација на турскиот затвор. Обезбедивме средства во износ од 3 милиони денари од ТАВ програмата за изградба на водовод во селото Полови, а обезбедени се и средства во износ од 4,6 милиони денари за набавка на градежна машина која ќе биде од огромно значење за секојдневните активности на нашата општина – додаде градоначалникот Николовски.
Градоначалникот на Кратово најави реализација на повеќе проекти и со средства кои планира да ги обезбеди преку Северноисточниот регион за кои општината има изработени технички документации, а тука се реконструкција на повеќе локални улици и патишта, како што се „Вера Пазаванска“, дел од улица „Табачка маала“, дел од улица „Планинска“, изградба на пешачка патека од црквата „Свети Ѓорги Кратовски“ со местото Габреш и многу други проекти. Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

The post Николовски: Ќе реализираме голем број на капитални проекти во Кратово во идната 2023 година appeared first on Република.

]]>
Во Кратово се отвора изложба „Везот – белег на традицијата во Кратовскиот регион“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-kratovo-se-otvora-izlozba-vezot-beleg-na-tradicijata-vo-kratovskiot-region/ Tue, 18 Oct 2022 07:40:45 +0000 https://republika.mk/?p=562375

Во Музејот на град Кратово денеска ќе биде отворена тематската етнолошка изложба „Везот - белег на традицијата во Кратовскиот регион“, која има за цел да го претстави везот од Кратовскиот регион од фондот на текстилни етнолошки предмети при Музејот на град Кратово.

Од Музејот наведуваат дека посетителите ќе можат да го видат везот на текстилните етнолошки предмети коj бил создаван од вредните раце на кратовските жени кои со својата инвентивност создале голем број на ремек дела.

Со изобилството на форми со разновидни орнаментални решенија, почнувајки од застапеноста на старите традиционални, со докажани естетски вредности, до оние пренесувани од разни индустриски орнаментирани изработки, преку мостри пренесувани од други краеви, се до поновите кои во естетска смисла значат опаѓање на естетскиот критериум. Затоа Музејот на град Кратово одлучи да ви го престави везот на текстилните етнолошки предмети од Кратовскиот регион како дел од материјалната култура како наше национално богатство изработувано од вештите раце на овој народ и кој останува да се чува во етнолошката збирка на Музејот - посочија од Музејот.

The post Во Кратово се отвора изложба „Везот – белег на традицијата во Кратовскиот регион“ appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на град Кратово денеска ќе биде отворена тематската етнолошка изложба „Везот - белег на традицијата во Кратовскиот регион“, која има за цел да го претстави везот од Кратовскиот регион од фондот на текстилни етнолошки предмети при Музејот на град Кратово. Од Музејот наведуваат дека посетителите ќе можат да го видат везот на текстилните етнолошки предмети коj бил создаван од вредните раце на кратовските жени кои со својата инвентивност создале голем број на ремек дела.