краток расказ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kratok-raskaz/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Dec 2022 18:35:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png краток расказ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kratok-raskaz/ 32 32 Расказ од Иван Додовски објавен во американското списание „Туркославија“ на Универзитетот во Ајова https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raskaz-od-ivan-dodovski-objaven-vo-amerikanskoto-spisanie-turkoslavija-na-univerzitetot-vo-ajova/ Sun, 04 Dec 2022 18:35:11 +0000 https://republika.mk/?p=581761

Краткиот расказ „Средување на куќата“ на македонскиот писател Иван Додовски е објавен во првиот број на новото американско специјализирано списание за преводна литература „Туркославија“, кое се издава на англиски јазик во соработка со Универзитетот во Ајова од САД. Преводот е на Вил Фирт.

„Средување на куќата“ е дел од книгата раскази „Големиот куфер“ (издание на „Темплум“, 2005) на Иван Додовски, која доживеа издание на германски јазик и беше претставена на Саемот на книгата во Лајпциг во 2008 година.

Иван Додовски е македонски писател, поет и професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Објавил четири збирки поезија: „Седенка со ликот“ (1991), „Луда луна“ (1995), „Света лудост“ (1999) и „Тревога“ (2020), збирката раскази „Големиот куфер“ (2005) и повеќе академски книжевни и театролошки студии.

Вил Фирт е книжевен преведувач, кој живее и работи во Берлин. Студирал германски, руски и словенски јазици на Националниот универзитет на Австралија во Канбера и завршил постдипломски студии по јужнословенска филологија во Загреб и на Институтот Пушкин во Москва. Преведува од руски, македонски и сите варијанти на српско-хрватскиот јазик на англиски, како и на германски. Превел дела од М. Крлежа, М. Црњански, од современи хрватски и босански автори, како и дела од македонските писатели Петре М. Андреевски, Луан Старова, Румена Бужаровска, Иван Додовски и други.

 

The post Расказ од Иван Додовски објавен во американското списание „Туркославија“ на Универзитетот во Ајова appeared first on Република.

]]>

Краткиот расказ „Средување на куќата“ на македонскиот писател Иван Додовски е објавен во првиот број на новото американско специјализирано списание за преводна литература „Туркославија“, кое се издава на англиски јазик во соработка со Универзитетот во Ајова од САД. Преводот е на Вил Фирт. „Средување на куќата“ е дел од книгата раскази „Големиот куфер“ (издание на „Темплум“, 2005) на Иван Додовски, која доживеа издание на германски јазик и беше претставена на Саемот на книгата во Лајпциг во 2008 година. Иван Додовски е македонски писател, поет и професор по критичка теорија и литература на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Објавил четири збирки поезија: „Седенка со ликот“ (1991), „Луда луна“ (1995), „Света лудост“ (1999) и „Тревога“ (2020), збирката раскази „Големиот куфер“ (2005) и повеќе академски книжевни и театролошки студии. Вил Фирт е книжевен преведувач, кој живее и работи во Берлин. Студирал германски, руски и словенски јазици на Националниот универзитет на Австралија во Канбера и завршил постдипломски студии по јужнословенска филологија во Загреб и на Институтот Пушкин во Москва. Преведува од руски, македонски и сите варијанти на српско-хрватскиот јазик на англиски, како и на германски. Превел дела од М. Крлежа, М. Црњански, од современи хрватски и босански автори, како и дела од македонските писатели Петре М. Андреевски, Луан Старова, Румена Бужаровска, Иван Додовски и други.  

The post Расказ од Иван Додовски објавен во американското списание „Туркославија“ на Универзитетот во Ајова appeared first on Република.

]]>
Распишан првиот Конкурс за расказ за млади автори „Тврдоглави“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raspishan-prviot-konkurs-za-raskaz-za-mladi-avtori-tvrdoglavi/ Wed, 23 Nov 2022 07:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=577170

Распишан е првиот Конкурс за краток расказ за млади автори „Тврдоглави“. На конкурсот со по еден расказ можат да учествуваат автори на возраст од 16 до 25 години. Расказот треба да биде необјавен, напишан на македонски јазик и да не надминува 10.000 карактери.

Конкурсот е отворен до 31 декември 2022 година, а расказите се испраќаат под шифра на електронската адреса konkurstvrdoglavi@gmail.com

Тричлената жири-комисија, која ќе биде составена од еминентни писатели, критичари и професори, ќе додели три награди, и тоа прва награда во вредност од 60.000 денари, втора награда од 20.000 денари и трета награда од 10.000 денари.

Резултатите на конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 25 јануари 2023 година, а врачувањето на наградите ќе биде на 31 јануари 2023 година.

Трите првопласирани раскази ќе бидат објавени во посебна публикација.

 

The post Распишан првиот Конкурс за расказ за млади автори „Тврдоглави“ appeared first on Република.

]]>

Распишан е првиот Конкурс за краток расказ за млади автори „Тврдоглави“. На конкурсот со по еден расказ можат да учествуваат автори на возраст од 16 до 25 години. Расказот треба да биде необјавен, напишан на македонски јазик и да не надминува 10.000 карактери. Конкурсот е отворен до 31 декември 2022 година, а расказите се испраќаат под шифра на електронската адреса konkurstvrdoglavi@gmail.com Тричлената жири-комисија, која ќе биде составена од еминентни писатели, критичари и професори, ќе додели три награди, и тоа прва награда во вредност од 60.000 денари, втора награда од 20.000 денари и трета награда од 10.000 денари. Резултатите на конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 25 јануари 2023 година, а врачувањето на наградите ќе биде на 31 јануари 2023 година. Трите првопласирани раскази ќе бидат објавени во посебна публикација.  

The post Распишан првиот Конкурс за расказ за млади автори „Тврдоглави“ appeared first on Република.

]]>