кратење на буџет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kratenje-na-budzet/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Jul 2022 07:30:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кратење на буџет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kratenje-na-budzet/ 32 32 Костадиновска-Стојчевска: Причината за кратењето на буџетот е поради зголемените плати во националните установи и во останатите институции кои се под Министерството за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-prichinata-za-kratenjeto-na-budzetot-e-poradi-zgolemenite-plati-vo-nacionalnite-ustanovi-i-vo-ostanatite-institucii-koi-se-pod-ministerstvoto-za-kultura/ Thu, 28 Jul 2022 07:30:14 +0000 https://republika.mk/?p=534079

Во емисијата „10 Минути“ гостуваше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која говореше околу кратењето на буџетот на Министерството за култура.

Според министерката, причината за кратењето на буџетот е поради зголемените плати на вработените во националните установи и во останатите институции кои се под Министерството.

Според неа, енормно се зголемени платите во културата.

Точно е дека енормно се зголемени платите во секторот култура, јас би можела и со некои цифри како пример… Од 2017 година до 2018 година пр. библиотекар советник за континуирано стручно образование од нето плата 23.369 денари, сега со новиот колективен договор и со овој ребаланс кој што се направи за тие плати да се одржат, е 49.158 денари, вели Министерката Костадиновска – Стојчевска.

Таа додава дека јавната администрација не подлежи под овој колективен договор, но се прават напори и тие да добијат еден вид бенефит.

The post Костадиновска-Стојчевска: Причината за кратењето на буџетот е поради зголемените плати во националните установи и во останатите институции кои се под Министерството за култура appeared first on Република.

]]>

Во емисијата „10 Минути“ гостуваше министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која говореше околу кратењето на буџетот на Министерството за култура. Според министерката, причината за кратењето на буџетот е поради зголемените плати на вработените во националните установи и во останатите институции кои се под Министерството. Според неа, енормно се зголемени платите во културата.
Точно е дека енормно се зголемени платите во секторот култура, јас би можела и со некои цифри како пример… Од 2017 година до 2018 година пр. библиотекар советник за континуирано стручно образование од нето плата 23.369 денари, сега со новиот колективен договор и со овој ребаланс кој што се направи за тие плати да се одржат, е 49.158 денари, вели Министерката Костадиновска – Стојчевска.
Таа додава дека јавната администрација не подлежи под овој колективен договор, но се прават напори и тие да добијат еден вид бенефит.

The post Костадиновска-Стојчевска: Причината за кратењето на буџетот е поради зголемените плати во националните установи и во останатите институции кои се под Министерството за култура appeared first on Република.

]]>
Асоцијацијата на независна културна сцена ЈАДРО: Незадоволни сме од нетранспарентиот однос на Костадиновска-Стојчевска, не прифаќаме кратења во буџетот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/asocijacijata-na-nezavisna-kulturna-scena-jadro-nezadovolni-sme-od-netransparentiot-odnos-na-kostadinovska-stojchevska-ne-prifakjame-kratenja-vo-budzetot/ Tue, 12 Jul 2022 08:22:19 +0000 https://republika.mk/?p=527390

ЈАДРО – Асоцијацијата на независна културна сцена реагира на последните најави за кратење на буџетот на веќе одобрените проекти од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата, со прецизна сума од 31%.

Незадоволни сме од нетранспарентиот однос на министерската Бисера Костадиновска-Стојчевска и на Министерството за култура на Република Северна Македнија во однос на начинот на менаџирање со буџетот за култура во време на криза.

Независниот културен сектор веќе претрпе огромна штета, како последица од кризата со пандемијата, а одлуката за кратење претставува опасност за целосно укинување на долгогодишни програми и гаснење на мали организации чијшто опстанок директно зависи од овие средства. Револтирани сме од негрижата и непрепознавањето на предизвиците со кои независниот сектор се соочува и нивната улога во креирањето на културните политики. Културните работници, уметниците, неформалните групи и организациите што работат во независниот културен сектор не беа навремено информирани и консултирани, и не се согласни со какво било намалување на средствата за работа, за кои веќе имаат потпишано договори. Би сакале да посочиме дека многумина од културните работници во независниот културен сектор немаат други извори на финансирање, работат хонорарно, немаат обезбедени плати, здравствено и пензиско осигурување, а сепак придонесуваат во огромна мерка за развојот на современата култура.

Независниот културен сектор не е претставен од страна на консултираните синдикати, со кои министерката Костадиновска-Стојчевска разговарала, ниту ги имаат истите потреби како културните работници од јавните институции од културата. Независниот културен сектор е директно зависен од финансиите на Министерството, што се секако помалку од доволни. Секторот не може да понуди како што вели Костадиновска-Стојчевска „богато културно постковид лето во сиот сјај” без поддршката од Министерството. Кршењето на веќе потпишаните договори од страна на Министерството за култура, е неприфатливо. Министерството за култура како институција мора да ги штити нашите интересите и на сите оние што вложуваат во културата и покрај прекарните услови за работа.

Ја потсетуваме министерката за култура дека на средбата одржана во февруари оваа година, со цел запознавање со работата на ЈАДРО Асоцијацијата, таа беше информирана за потребата од зголемување на буџетот за култура и од формирање на посебен фонд и на посебна дејност – буџетска линија во рамки на Министерството за култура за независниот културен сектор. Затоа, со цел унапредување на домашната културна продукција, очекуваме фактички заложби во оваа насока со кои веќе одамна доцниме.

The post Асоцијацијата на независна културна сцена ЈАДРО: Незадоволни сме од нетранспарентиот однос на Костадиновска-Стојчевска, не прифаќаме кратења во буџетот appeared first on Република.

]]>

ЈАДРО – Асоцијацијата на независна културна сцена реагира на последните најави за кратење на буџетот на веќе одобрените проекти од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата, со прецизна сума од 31%.
Незадоволни сме од нетранспарентиот однос на министерската Бисера Костадиновска-Стојчевска и на Министерството за култура на Република Северна Македнија во однос на начинот на менаџирање со буџетот за култура во време на криза. Независниот културен сектор веќе претрпе огромна штета, како последица од кризата со пандемијата, а одлуката за кратење претставува опасност за целосно укинување на долгогодишни програми и гаснење на мали организации чијшто опстанок директно зависи од овие средства. Револтирани сме од негрижата и непрепознавањето на предизвиците со кои независниот сектор се соочува и нивната улога во креирањето на културните политики. Културните работници, уметниците, неформалните групи и организациите што работат во независниот културен сектор не беа навремено информирани и консултирани, и не се согласни со какво било намалување на средствата за работа, за кои веќе имаат потпишано договори. Би сакале да посочиме дека многумина од културните работници во независниот културен сектор немаат други извори на финансирање, работат хонорарно, немаат обезбедени плати, здравствено и пензиско осигурување, а сепак придонесуваат во огромна мерка за развојот на современата култура. Независниот културен сектор не е претставен од страна на консултираните синдикати, со кои министерката Костадиновска-Стојчевска разговарала, ниту ги имаат истите потреби како културните работници од јавните институции од културата. Независниот културен сектор е директно зависен од финансиите на Министерството, што се секако помалку од доволни. Секторот не може да понуди како што вели Костадиновска-Стојчевска „богато културно постковид лето во сиот сјај” без поддршката од Министерството. Кршењето на веќе потпишаните договори од страна на Министерството за култура, е неприфатливо. Министерството за култура како институција мора да ги штити нашите интересите и на сите оние што вложуваат во културата и покрај прекарните услови за работа. Ја потсетуваме министерката за култура дека на средбата одржана во февруари оваа година, со цел запознавање со работата на ЈАДРО Асоцијацијата, таа беше информирана за потребата од зголемување на буџетот за култура и од формирање на посебен фонд и на посебна дејност – буџетска линија во рамки на Министерството за култура за независниот културен сектор. Затоа, со цел унапредување на домашната културна продукција, очекуваме фактички заложби во оваа насока со кои веќе одамна доцниме.

The post Асоцијацијата на независна културна сцена ЈАДРО: Незадоволни сме од нетранспарентиот однос на Костадиновска-Стојчевска, не прифаќаме кратења во буџетот appeared first on Република.

]]>