краставица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krastavica/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Feb 2022 17:52:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png краставица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krastavica/ 32 32 Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonska-piperka-280-krastavici-259-ananas-120-denari/ Sat, 05 Feb 2022 17:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=454573

Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, не! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните.

Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна!

Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула.

Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари.

Ова се цените на кои денеска наидовме во еден од поголемите маркети во Скопје.

Додека се мислевме дали да ги купиме бабурите, дојде и една повозрасна жена исто така тргнала да купи бабури за да ги полни за ручек. Но, планот за ручек се смени кога ги виде цените, видно нервозна искоментира „ове е кражба на народот“.

Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата.

Преземени од news.mk

The post Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! appeared first on Република.

]]>

Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, не! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните. Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна! Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула. Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари. Ова се цените на кои денеска наидовме во еден од поголемите маркети во Скопје. Додека се мислевме дали да ги купиме бабурите, дојде и една повозрасна жена исто така тргнала да купи бабури за да ги полни за ручек. Но, планот за ручек се смени кога ги виде цените, видно нервозна искоментира „ове е кражба на народот“. Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата. Преземени од news.mk

The post Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! appeared first on Република.

]]>