Красниќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krasnikji/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Nov 2022 10:03:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Красниќи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/krasnikji/ 32 32 Красниќи: Не добив уверување дека Курти знае да се справи со ситуацијата во северно Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/krasnikji-ne-dobiv-uveruvanje-deka-kurti-znae-da-se-spravi-so-situacijata-vo-severno-kosovo/ Tue, 08 Nov 2022 10:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=571315

Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи по состанокот што премиерот Албин Курти го свика со опозициските лидери по повод случувањата на северот од земјата, изјави дека не добил уверување оти Владата знае во кој правец да се движи за да ја задржи контролата врз ситуацијата создадена по излегувањето на Србите од косовските институции, јави дописникот на МИА од Приштина.

По завршувањето на состанокот, Красниќи пред медиумите изјави дека Владата ќе ја има поддршката на СВР за одржување на суверенитетот во општините на северот на државата, населени со мнозинско српско население.

Не можам да речам дека излегов со некое цврсто уверување дека Владата знае во кој правец треба да се движи за да ја одржи ситуацијата под контрола. Го изразив ставот на ПДК дека во овој момент на Косово му требаат одговорни дејствија. Што се однесува до одржувањето на суверенитетот врз четирите северни општини, Владата треба да ги преземе потребните дејствија и за тоа ќе ја има поддршката на ПДК со сите можности што ги имаме, изјави Красниќи.

Според него, Косово е влезено во ситуација која можела да се избегне.

The post Красниќи: Не добив уверување дека Курти знае да се справи со ситуацијата во северно Косово appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи по состанокот што премиерот Албин Курти го свика со опозициските лидери по повод случувањата на северот од земјата, изјави дека не добил уверување оти Владата знае во кој правец да се движи за да ја задржи контролата врз ситуацијата создадена по излегувањето на Србите од косовските институции, јави дописникот на МИА од Приштина. По завршувањето на состанокот, Красниќи пред медиумите изјави дека Владата ќе ја има поддршката на СВР за одржување на суверенитетот во општините на северот на државата, населени со мнозинско српско население.