Кралски филхармониски оркестар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kralski-filharmoniski-orkestar/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Oct 2022 15:04:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кралски филхармониски оркестар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kralski-filharmoniski-orkestar/ 32 32 Трпчески одушеви во Загреб на концертот со Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/trpcheski-odushevi-vo-zagreb-na-koncertot-so-kralskiot-filharmoniski-orkestar-od-london/ Sun, 09 Oct 2022 07:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=558950

Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон со пијанистот Симон Трпчески и диригентот и уметнички директор на оркестарот Василиј Петренко вечерва продолжува во Вроцлав, Полска, а на 12 октомври ќе заврши во Каунас, Литванија. Нашиот пијанист своите концертни настапи до крајот на месецов ги продолжува во Романија, Ирска и САД.

Трпчески, кого хрватскиот печат го нарекува еден од најбараните пијанисти на денешницата, деновиве е солист на турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон, во чии рамки синоќа блесна и на големата сцена на „Ватрослав Лисински“ во Загреб.

Ова се деби концерти на Трпчески со овој реномиран светски оркестар што минатата година одбележа 75 години постоење. Од „… Лисински“ настанот го најавија како „концерт на годината“. Одушевената загрепска публика и Трпчески и оркестарот ја наградија со по две изведби на бис.

На турнејата што почна на 2 октомври во „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон, а продолжи во петокот во Братислава, Словачка, Трпчески учествува во изведбата на концертот за пијано и оркестар во а-мол, опус 16 од Едвард Григ. Со Петренко нашиот пијанист има долгогодишна соработка, додека британскиот печат ги нарекува „тим од соништата“.

The post Трпчески одушеви во Загреб на концертот со Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон appeared first on Република.

]]>

Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон со пијанистот Симон Трпчески и диригентот и уметнички директор на оркестарот Василиј Петренко вечерва продолжува во Вроцлав, Полска, а на 12 октомври ќе заврши во Каунас, Литванија. Нашиот пијанист своите концертни настапи до крајот на месецов ги продолжува во Романија, Ирска и САД. Трпчески, кого хрватскиот печат го нарекува еден од најбараните пијанисти на денешницата, деновиве е солист на турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон, во чии рамки синоќа блесна и на големата сцена на „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Ова се деби концерти на Трпчески со овој реномиран светски оркестар што минатата година одбележа 75 години постоење. Од „… Лисински“ настанот го најавија како „концерт на годината“. Одушевената загрепска публика и Трпчески и оркестарот ја наградија со по две изведби на бис. На турнејата што почна на 2 октомври во „Ројал Фестивал Хол“ во Лондон, а продолжи во петокот во Братислава, Словачка, Трпчески учествува во изведбата на концертот за пијано и оркестар во а-мол, опус 16 од Едвард Григ. Со Петренко нашиот пијанист има долгогодишна соработка, додека британскиот печат ги нарекува „тим од соништата“.

The post Трпчески одушеви во Загреб на концертот со Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон appeared first on Република.

]]>