кралот чарлс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kralot-charls/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Apr 2024 20:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кралот чарлс Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kralot-charls/ 32 32 Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-se-podgotvuva-da-se-vrati-na-javnite-dolzhnosti-od-slednata-nedela/ Fri, 26 Apr 2024 20:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=771554

Британскиот крал Чарлс Трети се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела, откако лекарите изјавија дека неговото здравје се подобрува.

„Неговото височество Кралот наскоро ќе се врати на јавната активност по период на лекување и опоравување по неговата дијагноза со рак“, се вели во денешното соопштение од Бакингемската палата.

Портпаролот на Бакингемската палата рече дека „неговата програма за лекување ќе продолжи, но лекарите се задоволни од досегашниот напредок за да му дозволат на Кралот да се врати на некои од неговите јавни должности“.

Сепак, обврските ќе бидат „прилагодени колку што е потребно за да се минимизираат ризиците при закрепнувањето на Кралот“.

Во вторник кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ќе посетат центар за рак каде кралската двојка ќе се сретне со медицинските тимови и пациентите, соопшти Бакингемската палата.

Покрај тоа, се планира Чарлс и Камила, на крајот на јуни, да бидат домаќини на средба со јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако.

The post Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс Трети се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела, откако лекарите изјавија дека неговото здравје се подобрува.
„Неговото височество Кралот наскоро ќе се врати на јавната активност по период на лекување и опоравување по неговата дијагноза со рак“, се вели во денешното соопштение од Бакингемската палата.
Портпаролот на Бакингемската палата рече дека „неговата програма за лекување ќе продолжи, но лекарите се задоволни од досегашниот напредок за да му дозволат на Кралот да се врати на некои од неговите јавни должности“. Сепак, обврските ќе бидат „прилагодени колку што е потребно за да се минимизираат ризиците при закрепнувањето на Кралот“. Во вторник кралот Чарлс и неговата сопруга Камила ќе посетат центар за рак каде кралската двојка ќе се сретне со медицинските тимови и пациентите, соопшти Бакингемската палата. Покрај тоа, се планира Чарлс и Камила, на крајот на јуни, да бидат домаќини на средба со јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга, царицата Масако.

The post Кралот Чарлс се подготвува да се врати на јавните должности од следната недела appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/kralot-charls-i-kralitsata-kamila-ke-prisustvuvaat-na-nedelnata-veligdenska-sluzhba-vo-vindzor/ Tue, 26 Mar 2024 14:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=759012

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ќе присуствуваат на велигденската богослужба во капелата на замокот Виндзор в недела, објавија американските медиуми, цитирајќи претставници на Бакингемската палата.

Ова ќе биде прво големо појавување на 75-годишниот британски монарх во јавноста откако минатиот месец му беше дијагностициран рак.

Официјални лица денеска соопштија дека на Чарлс и Камила ќе им се придружат и другите членови на кралското семејство за време на службата во неделата на Велигден во капелата Свети Ѓорѓи.

Кралот е на редовен третман и ги суспендираше речиси сите јавни ангажмани по дијагнозата на ракот. Претставниците на кралското семејство не открија од каква форма на рак боледувал Чарлс, но рекоа дека болеста не е поврзана со неодамнешниот третман на кој бил подложен на бенигна болест на простатата.

Според претставници на кралското семејство, монархот продолжува да ги извршува своите државни должности, вклучително и редовните неделни состаноци со премиерот Риши Сунак и нема да ги пренесе неговите уставни овластувања како шеф на државата.

The post Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ќе присуствуваат на велигденската богослужба во капелата на замокот Виндзор в недела, објавија американските медиуми, цитирајќи претставници на Бакингемската палата. Ова ќе биде прво големо појавување на 75-годишниот британски монарх во јавноста откако минатиот месец му беше дијагностициран рак. Официјални лица денеска соопштија дека на Чарлс и Камила ќе им се придружат и другите членови на кралското семејство за време на службата во неделата на Велигден во капелата Свети Ѓорѓи. Кралот е на редовен третман и ги суспендираше речиси сите јавни ангажмани по дијагнозата на ракот. Претставниците на кралското семејство не открија од каква форма на рак боледувал Чарлс, но рекоа дека болеста не е поврзана со неодамнешниот третман на кој бил подложен на бенигна болест на простатата. Според претставници на кралското семејство, монархот продолжува да ги извршува своите државни должности, вклучително и редовните неделни состаноци со премиерот Риши Сунак и нема да ги пренесе неговите уставни овластувања како шеф на државата.

The post Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе присуствуваат на неделната велигденска служба во Виндзор appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс: Опстанокот на човештвото е загрозен ако не се врати природната рамнотежа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-opstanokot-na-choveshtvoto-e-zagrozen-ako-ne-se-vrati-prirodnata-ramnotezha/ Fri, 01 Dec 2023 11:18:26 +0000 https://republika.mk/?p=718301

Британскиот крал Чарлс денеска на климатскиот самит КОП28 во Дубаи ја изрази својата длабока загриженост дека светот е далеку од решавање на климатската криза.

Во своето обраќање, кралот Чарлс предупреди дека опстанокот на човештвото ќе биде загрозен доколку, како што наведе, „не се врати природната рамнотежа“.

Тој потсети дека учествувал на отворањето на самитот КОП21 во Париз, каде што беше усвоен важниот Париски договор и изрази очекување дека КОП28 ќе биде уште една клучна пресвртница кон вистинска акција во борбата против климатските промени.

The post Кралот Чарлс: Опстанокот на човештвото е загрозен ако не се врати природната рамнотежа appeared first on Република.

]]>

Британскиот крал Чарлс денеска на климатскиот самит КОП28 во Дубаи ја изрази својата длабока загриженост дека светот е далеку од решавање на климатската криза. Во своето обраќање, кралот Чарлс предупреди дека опстанокот на човештвото ќе биде загрозен доколку, како што наведе, „не се врати природната рамнотежа“. Тој потсети дека учествувал на отворањето на самитот КОП21 во Париз, каде што беше усвоен важниот Париски договор и изрази очекување дека КОП28 ќе биде уште една клучна пресвртница кон вистинска акција во борбата против климатските промени.

The post Кралот Чарлс: Опстанокот на човештвото е загрозен ако не се врати природната рамнотежа appeared first on Република.

]]>
Чарлс не сака да ги покани Хари и Меган на неговиот 75-ти роденден, причината е Камила https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/charls-ne-saka-da-gi-pokani-hari-i-megan-na-negoviot-75-ti-rodenden-prichinata-e-kamila/ Mon, 06 Nov 2023 13:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=698826

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл пред три години одлучија да го напуштат кралското семејство и да се преселат во САД.

Дури и тогаш, нивниот однос со монархијата веќе беше прилично затегнат, а работите беа уште полоши по интервјуто што Хари и Меган го дадоа на Опра Винфри, како и мемоарите на Хари „Резерва“.

Во нивните интервјуа и во книгата, тие прилично го „оцрнија“ кралското семејство, а фактот дека принцот не е во најдобри односи со семејството беше забележан и на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс, во март оваа година.

Имено, војводата од Сасекс веднаш по церемонијата се врати во САД кај сопругата и децата, а кралското семејство годинава јавно не го одбележа роденденот на Хари, ниту пак му испрати честитки преку официјалните профили, што вообичаено го прават.

Како што изјави за „Телеграф“ извор близок до британското кралско семејство, Хари не добил многу убави зборови од својот татко, ниту од неговиот брат Вилијам, ниту пред ниту по крунисувањето.

Комуникацијата меѓу кралот и принцот Хари се уште е прилично лоша. Не разговараат многу, ако и воопшто разговараат, изјавил изворот за споменатите медиуми.

Изворот исто така навел дека е познато дека кралот Чарлс е премногу зафатен со обврски, како и дека повеќе сака да комуницира со разговор на телефон, а не преку е-пошта, смс пораки или апликации како Вибер и WhatsApp. Сепак, тоа секако не е причина тој да не разговара со својот син.

Изворот за гореспоменатите медиуми изјавил дека друга причина за ваквата ситуација е „разочарувањето на кралот од начинот на кој Хари ја опишал кралицата Камила во својата книга“.

Имено, принцот за својата маќеа напишал дека е „опасна и злобна“, а истакнал и дека таа и неговиот татко „се виновни за бројните приказни кои кружат за него“.

Имам измешани чувства за тоа дека имам маќеа која неодамна ме жртвуваше на нејзиниот ПР олтар, напиша Хари во својата книга.

 

The post Чарлс не сака да ги покани Хари и Меган на неговиот 75-ти роденден, причината е Камила appeared first on Република.

]]>

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл пред три години одлучија да го напуштат кралското семејство и да се преселат во САД. Дури и тогаш, нивниот однос со монархијата веќе беше прилично затегнат, а работите беа уште полоши по интервјуто што Хари и Меган го дадоа на Опра Винфри, како и мемоарите на Хари „Резерва“. Во нивните интервјуа и во книгата, тие прилично го „оцрнија“ кралското семејство, а фактот дека принцот не е во најдобри односи со семејството беше забележан и на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс, во март оваа година. Имено, војводата од Сасекс веднаш по церемонијата се врати во САД кај сопругата и децата, а кралското семејство годинава јавно не го одбележа роденденот на Хари, ниту пак му испрати честитки преку официјалните профили, што вообичаено го прават. Како што изјави за „Телеграф“ извор близок до британското кралско семејство, Хари не добил многу убави зборови од својот татко, ниту од неговиот брат Вилијам, ниту пред ниту по крунисувањето.
Комуникацијата меѓу кралот и принцот Хари се уште е прилично лоша. Не разговараат многу, ако и воопшто разговараат, изјавил изворот за споменатите медиуми.
Изворот исто така навел дека е познато дека кралот Чарлс е премногу зафатен со обврски, како и дека повеќе сака да комуницира со разговор на телефон, а не преку е-пошта, смс пораки или апликации како Вибер и WhatsApp. Сепак, тоа секако не е причина тој да не разговара со својот син. Изворот за гореспоменатите медиуми изјавил дека друга причина за ваквата ситуација е „разочарувањето на кралот од начинот на кој Хари ја опишал кралицата Камила во својата книга“. Имено, принцот за својата маќеа напишал дека е „опасна и злобна“, а истакнал и дека таа и неговиот татко „се виновни за бројните приказни кои кружат за него“.
Имам измешани чувства за тоа дека имам маќеа која неодамна ме жртвуваше на нејзиниот ПР олтар, напиша Хари во својата книга.
 

The post Чарлс не сака да ги покани Хари и Меган на неговиот 75-ти роденден, причината е Камила appeared first on Република.

]]>
Пендаровски ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс Трети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-ke-odi-na-krunisuvaneto-na-kralot-charls-treti/ Wed, 03 May 2023 08:55:47 +0000 https://republika.mk/?p=636357

Шефот на државата, Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети во сабота на 6-ти мај.

Од кабинетот на Пендаровски потврдија дека добиле покана од Бакнгемската палата и дека претседателот ја прифатил поканата.

На крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.

Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, јави вчера Ројтерс.

Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави.

 

The post Пендаровски ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>

Шефот на државата, Стево Пендаровски ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети во сабота на 6-ти мај. Од кабинетот на Пендаровски потврдија дека добиле покана од Бакнгемската палата и дека претседателот ја прифатил поканата. На крунисувањето биле поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии. Велика Британија не испратила покани за церемонијата на крунисување до лидерите на Русија, Белорусија, Иран, Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела, јави вчера Ројтерс. Кога станува збор за Северна Кореја и Никарагва, поканите биле испратени до високи дипломати, а не до шефови на држави.  

The post Пендаровски ќе оди на крунисувањето на кралот Чарлс Трети appeared first on Република.

]]>
Кралот им дозволи на принцовите Хари и Ендру да ги облечат воените униформи на бдеењето на кралицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kralot-im-dozvoli-na-princovite-hari-i-endru-da-gi-oblechat-voenite-uniformi-na-bdeenjeto-na-kralicata/ Sat, 17 Sep 2022 07:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=551642

Принцот Хари ќе ја носи својата воена униформа за време на бдеењето покрај ковчегот на кралицата Елизабета, која ќе биде опкружена со сите нејзини внуци.

Кралот Чарлс му дал специјална дозвола на својот син Хари и му дозволил да се појави во униформа за време на 15-минутното бдеење во Вестминстерската сала.

Според извор близок до кралското семејство, тој рекол дека одлуката ќе важи само во овој случај.

„Кралот ги покани внуците на кралицата Елизабета и му дозволи на Хари да ја носи својата воена униформа. Кралот Чарлс го направи истиот потег во случајот со својот брат, принцот Ендру, кој ги загуби воените титули откако за неговата вмешаност во скандалот со Џефри Епштајн стана јавно познато,“ изјави тој.

Овој гест е уште еден знак дека кралот Чарлс сака примирје со синот Хари и неговата сопруга Меган, кои се откажаа од кралските должности пред две години и се преселија во САД.

The post Кралот им дозволи на принцовите Хари и Ендру да ги облечат воените униформи на бдеењето на кралицата appeared first on Република.

]]>

Принцот Хари ќе ја носи својата воена униформа за време на бдеењето покрај ковчегот на кралицата Елизабета, која ќе биде опкружена со сите нејзини внуци. Кралот Чарлс му дал специјална дозвола на својот син Хари и му дозволил да се појави во униформа за време на 15-минутното бдеење во Вестминстерската сала. Според извор близок до кралското семејство, тој рекол дека одлуката ќе важи само во овој случај.
„Кралот ги покани внуците на кралицата Елизабета и му дозволи на Хари да ја носи својата воена униформа. Кралот Чарлс го направи истиот потег во случајот со својот брат, принцот Ендру, кој ги загуби воените титули откако за неговата вмешаност во скандалот со Џефри Епштајн стана јавно познато,“ изјави тој.
Овој гест е уште еден знак дека кралот Чарлс сака примирје со синот Хари и неговата сопруга Меган, кои се откажаа од кралските должности пред две години и се преселија во САД.

The post Кралот им дозволи на принцовите Хари и Ендру да ги облечат воените униформи на бдеењето на кралицата appeared first on Република.

]]>
Кралот Чарлс пристигна во Северна Ирска, нацијата тагува по неговата мајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kralot-charls-pristigna-vo-severna-irska-nacijata-taguva-po-negovata-majka/ Tue, 13 Sep 2022 19:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=550515

Кралот Чарлс денеска пристигна во Северна Ирска во рамки на обиколката на четирите делови на Обединетото Кралство, предводејќи ја нацијата која тагува по својата почината кралица Елизабета Втора.

Тој пристигна во Северна Ирска од Шкотска, каде ја придружуваше поворката со ковчегот на кралицата пеш од замокот Единбург до катедралата Свети Егидио.

Луѓето со часови во текот на ноќта чекаа во редици пред катедралата во Единбург за да се простат од кралицата, некои со заспани деца во нивните раце.

Елизабета почина во четвртокот во замокот Балморал во шкотските висорамнини на 96-годишна возраст, по повеќе од седумдеценско владеење.

Предвидено е ковчегот со посмртните останки на кралицата вечерва да бидат префрлени во Лондон, каде наредните четири дена граѓаните ќе можат да се простат од кралицата Елизабета Втора. (МИА)

The post Кралот Чарлс пристигна во Северна Ирска, нацијата тагува по неговата мајка appeared first on Република.

]]>

Кралот Чарлс денеска пристигна во Северна Ирска во рамки на обиколката на четирите делови на Обединетото Кралство, предводејќи ја нацијата која тагува по својата почината кралица Елизабета Втора. Тој пристигна во Северна Ирска од Шкотска, каде ја придружуваше поворката со ковчегот на кралицата пеш од замокот Единбург до катедралата Свети Егидио. Луѓето со часови во текот на ноќта чекаа во редици пред катедралата во Единбург за да се простат од кралицата, некои со заспани деца во нивните раце. Елизабета почина во четвртокот во замокот Балморал во шкотските висорамнини на 96-годишна возраст, по повеќе од седумдеценско владеење. Предвидено е ковчегот со посмртните останки на кралицата вечерва да бидат префрлени во Лондон, каде наредните четири дена граѓаните ќе можат да се простат од кралицата Елизабета Втора. (МИА)

The post Кралот Чарлс пристигна во Северна Ирска, нацијата тагува по неговата мајка appeared first on Република.

]]>
Чарлс Трети прогласен за монарх на Австралија и на Нов Зеланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/charls-treti-proglasen-za-monarh-na-avstralija-i-na-nov-zeland/ Sun, 11 Sep 2022 20:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=549860

Британскиот монарх е шеф на државата во Австралија, како и во Нов Зеланд, иако неговата улога е главно церемонијална

Чарлс Трети официјално е именуван за монарх на Австралија и на Нов Зеланд на церемонии кои се одржаа во главните градови на тие земји.

Во Нов Зеланд во парламентот во Велингтон се одржа прогласувањето на Чарлс Трети за монарх, заменувајќи ја кралицата Елизабета, која почина во четвртокот на 96-годишна возраст.

Зборувајќи од скалите на парламентот, премиерката Џакинда Ардерн рече пред насобраниот народ дека со смртта на кралицата, Нов Зеланд влезе во време на промени.

„Кралот Чарлс Трети постојано ја покажува својата длабока грижа за нашата нација. Нашите луѓе длабоко го ценат овој однос и не се сомневам дека тој ќе се продлабочи“, рече Ардерн.

Во Австралија, во зградата на парламентот во Канбера, генералниот гувернер Дејвид Харли, кој е претставник на британската монархија во таа земја, го прогласи Чарлс Трети за шеф на државата. Прогласот беше одбележан со истрели од 21 топ.

Британскиот монарх е шеф на државата во Австралија, како и во Нов Зеланд, иако неговата улога е главно церемонијална.

Претходно, австралискиот премиер Ентони Албанезе рече дека националниот ден на жалост за кралицата ќе биде 22 септември. Албанезе соопшти дека ќе отпатува за Лондон в четврток, ќе присуствува на погребот на кралицата на 19 септември, а потоа ќе се врати во Австралија на 21 септември.

The post Чарлс Трети прогласен за монарх на Австралија и на Нов Зеланд appeared first on Република.

]]>

Британскиот монарх е шеф на државата во Австралија, како и во Нов Зеланд, иако неговата улога е главно церемонијална Чарлс Трети официјално е именуван за монарх на Австралија и на Нов Зеланд на церемонии кои се одржаа во главните градови на тие земји. Во Нов Зеланд во парламентот во Велингтон се одржа прогласувањето на Чарлс Трети за монарх, заменувајќи ја кралицата Елизабета, која почина во четвртокот на 96-годишна возраст. Зборувајќи од скалите на парламентот, премиерката Џакинда Ардерн рече пред насобраниот народ дека со смртта на кралицата, Нов Зеланд влезе во време на промени. „Кралот Чарлс Трети постојано ја покажува својата длабока грижа за нашата нација. Нашите луѓе длабоко го ценат овој однос и не се сомневам дека тој ќе се продлабочи“, рече Ардерн. Во Австралија, во зградата на парламентот во Канбера, генералниот гувернер Дејвид Харли, кој е претставник на британската монархија во таа земја, го прогласи Чарлс Трети за шеф на државата. Прогласот беше одбележан со истрели од 21 топ. Британскиот монарх е шеф на државата во Австралија, како и во Нов Зеланд, иако неговата улога е главно церемонијална. Претходно, австралискиот премиер Ентони Албанезе рече дека националниот ден на жалост за кралицата ќе биде 22 септември. Албанезе соопшти дека ќе отпатува за Лондон в четврток, ќе присуствува на погребот на кралицата на 19 септември, а потоа ќе се врати во Австралија на 21 септември.

The post Чарлс Трети прогласен за монарх на Австралија и на Нов Зеланд appeared first on Република.

]]>
Гледаше ли Дијана во принцот крал? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gledashe-li-dijana-vo-princot-kral/ Sun, 11 Sep 2022 20:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=549851

Пред крајот на нејзиниот живот, принцезата Дајана не сакаше да ја засака идејата Чарлс да стане крал. Во интервју за BBC Panorama во ноември 1995 година, две години пред трагично да почине, Дајана зборуваше за неговата способност да биде иден крал.

За време на интервјуто за Панорама, новинарот Мартин Башир ја праша Дајана: „Дали мислите дека би имало повеќе смисла, со оглед на брачните тешкотии што ги имавте вие ​​и принцот од Велс, круната директно да премине на вашиот син Вилијам?“

Принцезата Дајана одговорила: „Па, тогаш треба да видите дека Вилијам е многу млад во моментот, па дали сакате таков товар на неговите рамена на таа возраст? Така што, не можам да одговорам на тоа прашање“. Во тоа време Вилијам имаше 13 години.

Башир извршил дополнителен притисок врз принцезата и ја прашал дали сака принцот Вилијам да ја наследи кралицата кога тој ќе стане полнолетен. Дајана беше многу одмерена и рече: „Мојата желба е мојот сопруг да најде душевен мир, а од тоа произлегуваат други работи, да“.

The post Гледаше ли Дијана во принцот крал? appeared first on Република.

]]>

Пред крајот на нејзиниот живот, принцезата Дајана не сакаше да ја засака идејата Чарлс да стане крал. Во интервју за BBC Panorama во ноември 1995 година, две години пред трагично да почине, Дајана зборуваше за неговата способност да биде иден крал. За време на интервјуто за Панорама, новинарот Мартин Башир ја праша Дајана: „Дали мислите дека би имало повеќе смисла, со оглед на брачните тешкотии што ги имавте вие ​​и принцот од Велс, круната директно да премине на вашиот син Вилијам?“ Принцезата Дајана одговорила: „Па, тогаш треба да видите дека Вилијам е многу млад во моментот, па дали сакате таков товар на неговите рамена на таа возраст? Така што, не можам да одговорам на тоа прашање“. Во тоа време Вилијам имаше 13 години. Башир извршил дополнителен притисок врз принцезата и ја прашал дали сака принцот Вилијам да ја наследи кралицата кога тој ќе стане полнолетен. Дајана беше многу одмерена и рече: „Мојата желба е мојот сопруг да најде душевен мир, а од тоа произлегуваат други работи, да“.

The post Гледаше ли Дијана во принцот крал? appeared first on Република.

]]>
Чарлс вечерва ќе се обрати на нацијата, а утре ќе биде прогласен за крал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/charls-vecherva-kje-se-obrati-na-nacijata-a-utre-kje-bide-proglasen-za-kral/ Fri, 09 Sep 2022 07:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=548928

Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред церемонијално тело познато како Пристапен совет.

Крунисувањето би можело да се случи за неколку месеци, јавија денеска британските медиуми.

По смртта на кралицата Елизабета Втора, крал автоматски станува нејзиниот син Чарлс (73), кој е и најстар наследник на британскиот трон.

По враќањето од замокот Балтимор во Шкотска, каде што вчера почина кралицата, тој прво ќе се сретне со премиерката Лиз Трас, а вечерва првпат ќе и се обрати на нацијата.

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде извршен за десет дена, според однапред утврден протокол, а државната жалост се очекува да трае 12 дена.

 

The post Чарлс вечерва ќе се обрати на нацијата, а утре ќе биде прогласен за крал appeared first on Република.

]]>

Чарлс Трети утре официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред церемонијално тело познато како Пристапен совет. Крунисувањето би можело да се случи за неколку месеци, јавија денеска британските медиуми. По смртта на кралицата Елизабета Втора, крал автоматски станува нејзиниот син Чарлс (73), кој е и најстар наследник на британскиот трон. По враќањето од замокот Балтимор во Шкотска, каде што вчера почина кралицата, тој прво ќе се сретне со премиерката Лиз Трас, а вечерва првпат ќе и се обрати на нацијата. Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде извршен за десет дена, според однапред утврден протокол, а државната жалост се очекува да трае 12 дена.  

The post Чарлс вечерва ќе се обрати на нацијата, а утре ќе биде прогласен за крал appeared first on Република.

]]>