кралица на божиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kralica-na-bozikj/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Nov 2022 15:43:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кралица на божиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kralica-na-bozikj/ 32 32 Мараја Кери го изгуби правото да биде единствената „Кралица на Божиќ“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/maraja-keri-go-izgubi-pravoto-da-bide-edinstvenata-kralica-na-bozikj/ Wed, 16 Nov 2022 16:06:10 +0000 https://republika.mk/?p=574611

Мараја Кери нема да го има ексклузивното право да го користи изразот „Кралица на Божиќ“. Во тоа ја спречи пејачката Елизабет Чен.

Божиќ е сезона на давање, а не сезона на одземање и не е в ред поединец да се обидува да поседува и монополизира прекар како „Кралицата на Божиќ“ поради бедниот материјализам, порача Чен, која исто така често ja нарекуваат со тој назив, со оглед на тоа што напишала повеќе од 1000 Божиќни песни.

Мараја Кери, лани во март официјално поднесе барање да ги заштити епитетите „Кралица на Божиќ“, „QOC” и „Принцеза на Божиќ“. Таа бараше ексклузивни права да ги користи тие зборови на кутии на парфеми, лосиони, лакови, накит, чаши, чоколадно млеко, кокосова вода, како и украси, играчки, облека за кучиња, маски, долна облека и маици.

Како независна уметничка и сопственичка на мал бизнис, мојата работа во животот е зближување меѓу луѓето за празниците, поради што ме нарекуваа и кралица на Божиќ. Тоа ќе треба да се доделува и на други во иднина. Мојата цел во оваа борба беше да се спротивставам на узурпирањето на овој заштитен знак, не само за да се заштитам себеси, туку и идните кралици на Божиќ, порача Чен.

Со оглед на тоа дека Божиќ секоја година се одбележува со хитовите од албумот на Кери „Merry Christmas“ (Среќен Божиќ) објавен во средината на 90-тите, пејачката ја доби неформалната титула „Кралица на Божиќ“. Чен, пак, верува дека титулата „Кралица на Божиќ“ би требало требало да ѝ припадне на Дева Марија.

The post Мараја Кери го изгуби правото да биде единствената „Кралица на Божиќ“ appeared first on Република.

]]>