Кралица Елизабета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kralica-elizabeta/ За подобро да се разбереме Fri, 26 May 2023 09:58:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Кралица Елизабета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kralica-elizabeta/ 32 32 ФБИ: ИРА сакала да изврши атентат врз Кралицата Елизабета при нејзината посета на САД во 1983 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fbi-ira-sakala-da-izvrshi-atentat-vrz-kralitsata-elizabeta-pri-nejzinata-poseta-na-sad-vo-1983-godina/ Fri, 26 May 2023 09:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=644835

Британската кралица Елизабета Втора се соочила со потенцијална закана за атентат за време на посетата на САД во 1983 година, се наведува во неодамна објавените документи на американското Федерално истражно биро, чија содржина денеска ги објави Би-би-си.

Според документите на ФБИ, задолжено за безбедноста на британската кралица, заканата доаѓала од Ирската републиканска армија (ИРА).

Полицаец од Сан Франциско ги предупредил агентите на ФБИ дека маж сака да се освети за неговата ќерка, која загинала во Северна Ирска од гумен куршум.

Заканата била упатена на 4 февруари 1983 година, околу еден месец пред посетата на кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип на Калифорнија.

Тој планираше да ѝ наштети на кралицата Елизабета со фрлање на предмет од мостот Голден гејт врз „Кралската јахта Британија“ или да ја елиминира кралицата за време на нејзината посета на националниот парк Јосемит, се наведува во документот на ФБИ.

Како одговор на заканата, Тајната служба планирала да го затвори мостот Голден Гејт за пешаци додека се приближува јахтата, но, не е познато какви мерки биле преземени во Јосемит.

ФБИ не соопшти дали некој е уапсен.

The post ФБИ: ИРА сакала да изврши атентат врз Кралицата Елизабета при нејзината посета на САД во 1983 година appeared first on Република.

]]>

Британската кралица Елизабета Втора се соочила со потенцијална закана за атентат за време на посетата на САД во 1983 година, се наведува во неодамна објавените документи на американското Федерално истражно биро, чија содржина денеска ги објави Би-би-си. Според документите на ФБИ, задолжено за безбедноста на британската кралица, заканата доаѓала од Ирската републиканска армија (ИРА). Полицаец од Сан Франциско ги предупредил агентите на ФБИ дека маж сака да се освети за неговата ќерка, која загинала во Северна Ирска од гумен куршум. Заканата била упатена на 4 февруари 1983 година, околу еден месец пред посетата на кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг принцот Филип на Калифорнија. Тој планираше да ѝ наштети на кралицата Елизабета со фрлање на предмет од мостот Голден гејт врз „Кралската јахта Британија“ или да ја елиминира кралицата за време на нејзината посета на националниот парк Јосемит, се наведува во документот на ФБИ. Како одговор на заканата, Тајната служба планирала да го затвори мостот Голден Гејт за пешаци додека се приближува јахтата, но, не е познато какви мерки биле преземени во Јосемит. ФБИ не соопшти дали некој е уапсен.

The post ФБИ: ИРА сакала да изврши атентат врз Кралицата Елизабета при нејзината посета на САД во 1983 година appeared first on Република.

]]>
Откриена вистината за последните денови на кралицата: Елизабета ја криела тешката болест од јавноста, а ова се симптомите! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/otkriena-vistinata-za-poslednite-denovi-na-kralicata-elizabeta-ja-kriela-teshkata-bolest-od-javnosta-a-ova-se-simptomite/ Sat, 26 Nov 2022 11:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=578475

Кралицата Елизабета Втора се борела со многу сериозна форма на рак во последните месеци од својот живот, се вели во најновата биографија напишана од Џајлс Бредрет, пријател на принцот Филип, пишува „Mirror“.

Во својата нова книга „Елизабет: Интимен портрет“, Брандрет тврди дека кралицата имала ретка форма на рак на коските.

Слушнав дека кралицата има форма на миелом – рак на коскената срцевина, што може да објасни зошто била постојано уморна и имала проблеми со движењето во последната година од животот. Најчестиот симптом на миелом е болка во коските, особено во карлицата и грбот. Оваа болест најчесто ги погодува постарите лица, напиша тој.

Во моментов не постои лек за болеста, но некои третмани може да го спречат слабеењето на коските и да ја намалат сериозноста на симптомите, како и да го продолжат животот на заболените за два до три месеци.

Брандрет, исто така, тврди дека Елизабет имала периоди кога се чувствувала многу лошо, но сепак била решена да продолжи со своите должности по смртта на принцот Филип во април минатата година.

Официјалната причина за смртта на кралицата е староста.

The post Откриена вистината за последните денови на кралицата: Елизабета ја криела тешката болест од јавноста, а ова се симптомите! appeared first on Република.

]]>

Кралицата Елизабета Втора се борела со многу сериозна форма на рак во последните месеци од својот живот, се вели во најновата биографија напишана од Џајлс Бредрет, пријател на принцот Филип, пишува „Mirror“. Во својата нова книга „Елизабет: Интимен портрет“, Брандрет тврди дека кралицата имала ретка форма на рак на коските. Слушнав дека кралицата има форма на миелом – рак на коскената срцевина, што може да објасни зошто била постојано уморна и имала проблеми со движењето во последната година од животот. Најчестиот симптом на миелом е болка во коските, особено во карлицата и грбот. Оваа болест најчесто ги погодува постарите лица, напиша тој. Во моментов не постои лек за болеста, но некои третмани може да го спречат слабеењето на коските и да ја намалат сериозноста на симптомите, како и да го продолжат животот на заболените за два до три месеци. Брандрет, исто така, тврди дека Елизабет имала периоди кога се чувствувала многу лошо, но сепак била решена да продолжи со своите должности по смртта на принцот Филип во април минатата година. Официјалната причина за смртта на кралицата е староста.

The post Откриена вистината за последните денови на кралицата: Елизабета ја криела тешката болест од јавноста, а ова се симптомите! appeared first on Република.

]]>
Чарлс остави едно празно место во првиот ред на погребот на кралицата: Еве зошто https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/charls-ostavi-edno-prazno-mesto-vo-prviot-red-na-pogrebot-na-kralicata-eve-zoshto/ Tue, 20 Sep 2022 09:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=552505

Стотици гости присуствуваа на погребот на кралицата во меморијалната капела на кралот Џорџ VI. Членовите на кралското семејство, нивниот персонал и важни политички фигури присуствуваа на погребната церемонија, при што кралот Чарлс остави празно место во првиот ред во симболична почит на традицијата што ја започна неговата мајка.

Според кралскиот протокол, никој не смее да седи пред кралицата за да не ѝ го блокира погледот, а оваа традиција ќе ја продолжи и новиот крал. Капелата на кралот Џорџ VI, беше приватна капела на кралицата, но таа никогаш не се чувствуваше удобно да седи во првиот ред.

Кралицата обично седела во вториот ред со својот сопруг, покојниот принц Филип, оставајќи празно столче во првиот ред, за, според протоколот, никој да не ѝ го блокира погледот. Минатата година, таа беше снимена на погребот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, како седи сама во вториот ред поради тогашните ограничувања за Ковид-19.

Кралот Чарлс ѝ оддаде последна почит на покојната кралица со овој симболичен гест.

The post Чарлс остави едно празно место во првиот ред на погребот на кралицата: Еве зошто appeared first on Република.

]]>

Стотици гости присуствуваа на погребот на кралицата во меморијалната капела на кралот Џорџ VI. Членовите на кралското семејство, нивниот персонал и важни политички фигури присуствуваа на погребната церемонија, при што кралот Чарлс остави празно место во првиот ред во симболична почит на традицијата што ја започна неговата мајка. Според кралскиот протокол, никој не смее да седи пред кралицата за да не ѝ го блокира погледот, а оваа традиција ќе ја продолжи и новиот крал. Капелата на кралот Џорџ VI, беше приватна капела на кралицата, но таа никогаш не се чувствуваше удобно да седи во првиот ред. Кралицата обично седела во вториот ред со својот сопруг, покојниот принц Филип, оставајќи празно столче во првиот ред, за, според протоколот, никој да не ѝ го блокира погледот. Минатата година, таа беше снимена на погребот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, како седи сама во вториот ред поради тогашните ограничувања за Ковид-19. Кралот Чарлс ѝ оддаде последна почит на покојната кралица со овој симболичен гест.

The post Чарлс остави едно празно место во првиот ред на погребот на кралицата: Еве зошто appeared first on Република.

]]>
Луѓето кои служат со љубов се ретки, а водачите кои служат со љубов сè уште поретки, рекоа на мисата за Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lugjeto-koi-sluzat-so-ljubov-se-retki-a-vodachite-koi-sluzat-so-ljubov-se-ushte-se-poretki-rekoa-na-misata-za-elizabeta-vtora/ Mon, 19 Sep 2022 13:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=552268

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора го започна своето последно патување од Лондон до замокот Виндзор, каде што ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг војводата од Единбург.

Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон на рутата низ главниот град на Британија за да го кажат своето последно збогум, додека милиони ширум светот го гледаа државниот погреб на телевизија.

Кралот Чарлс Трети и неговите браќа и сестри одеа зад ковчегот додека заминуваше од Вестминстерската опатија по државниот погреб, додека другите членови на кралското семејство патуваа со автомобил.

За време на богослужбата, кралот Чарлс беше видно трогнат и неколку пати за малку ќе заплачеше особено додека се пееше националната химна во Опатијата. Тој во венецот на ковчегот, кој е направен со цвеќиња кои лично ги избрал, стави рачно напишана порака до неговата мајка.

Во љубов и посветено сеќавање, пишуваше во пораката.

По поворката од Вестминистерската опатија до Велингтон Арх во Хајд Парк ковчегот со возило се пренесува до капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

Во капелата 15 часот по Гринич ќе се одржи церемонија, по што ќе следи приватна погребна служба на која ќе присуствуваат високи членови на најтесното кралско семејство.

На погребот на кралицата во Вестминстерската опатија присуствуваа околу 2.000 луѓе, меѓу кои и членови на кралски семејства од цела Европа, политичари од сите страни на политичкиот спектар и светски лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.

Кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила одеа веднаш зад ковчегот додека влегуваа во готската црква за богослужбата, по што следеа принцезата Ана и нејзиниот сопруг вицеадмиралот Тим Лоренс, потоа принцот Ендрју, а зад него и принцот Едвард и неговата сопруга Софи.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа со своите родители, а беа следени од принцот Хари и неговата сопруга Меган и други членови на кралското семејство.

За време на својата проповед, надбискупот од Кентербери Џастин Велби рече дека изливот на емоции за кралицата „произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, која сега ја нема“.

Велби ја опиша кралицата дека допрела „мноштво животи“ и оти била „радост“ за многумина.

– Луѓето кои служат со љубов се ретки во која било област од животот. Водачите кои служат со љубов сè уште се поретки. Но во сите случаи оние кои служат ќе бидат сакани и запаметени кога ќе се заборават оние кои се држат до власта и привилегиите, рече тој.

– Тагата на овој ден – што ја чувствува не само семејството на покојната кралица, туку и целата нација, Комонвелтот и светот – произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, кои сега ги нема, додаде.

Велби, стоејќи во црквата каде што кралеви и кралици се крунисани од 1066 година, исто така рече дека кралицата на својот 21-ви роденден изјавила „дека целиот нејзин живот ќе биде посветен на служење на нацијата и Комонвелтот“.

Тој додаде: „Ретко кога такво ветување е толку добро одржано. Малкумина лидери го добиваат изливот на љубов што го видовме“.

Помеѓу химните испеани на богослужбата, беше изведена и „Господ е мојот пастир“ која се пееше и на свадбата на кралицата со војводата од Единбург во опатијата во 1947 година.

Последен од кралицата во Вестминистерската опатија се прости кралскиот гајдаџија, полицаец од прва класа, Пол Брнс кој ја отсвире традиционалната тажалка „Спиј, мила, спиј“. Беа отсвирени и The Last Post, Reveille и националната химна.

Вечерва во Виндзор ќе се одржи приватен погреб со високи членови на кралското семејство, каде што кралицата повторно ќе се соедини со нејзиниот сопруг, војводата од Единбург.

Последното почивалиште на кралицата ќе биде меморијалната капела на кралот Џорџ Шести, анекс на главната капела каде што биле погребани нејзината мајка и татко, заедно со пепелта на нејзината сестра, принцезата Маргарет.

Ковчегот на Филип ќе се премести од кралскиот свод во меморијалната капела за да биде до ковчегот на кралицата.

Денешниот државен погреб на кралицата Елизабета Втора се смета за најголемата безбедносна операција во истортијата на Велика Британија, надминувајќи ја операцијата за платинестиот јубилеен викенд и Олимпијадата во Лондон 2012 година.

The post Луѓето кои служат со љубов се ретки, а водачите кои служат со љубов сè уште поретки, рекоа на мисата за Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора го започна своето последно патување од Лондон до замокот Виндзор, каде што ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг војводата од Единбург. Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон на рутата низ главниот град на Британија за да го кажат своето последно збогум, додека милиони ширум светот го гледаа државниот погреб на телевизија. Кралот Чарлс Трети и неговите браќа и сестри одеа зад ковчегот додека заминуваше од Вестминстерската опатија по државниот погреб, додека другите членови на кралското семејство патуваа со автомобил. За време на богослужбата, кралот Чарлс беше видно трогнат и неколку пати за малку ќе заплачеше особено додека се пееше националната химна во Опатијата. Тој во венецот на ковчегот, кој е направен со цвеќиња кои лично ги избрал, стави рачно напишана порака до неговата мајка.
Во љубов и посветено сеќавање, пишуваше во пораката.
По поворката од Вестминистерската опатија до Велингтон Арх во Хајд Парк ковчегот со возило се пренесува до капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор. Во капелата 15 часот по Гринич ќе се одржи церемонија, по што ќе следи приватна погребна служба на која ќе присуствуваат високи членови на најтесното кралско семејство. На погребот на кралицата во Вестминстерската опатија присуствуваа околу 2.000 луѓе, меѓу кои и членови на кралски семејства од цела Европа, политичари од сите страни на политичкиот спектар и светски лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон. Кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила одеа веднаш зад ковчегот додека влегуваа во готската црква за богослужбата, по што следеа принцезата Ана и нејзиниот сопруг вицеадмиралот Тим Лоренс, потоа принцот Ендрју, а зад него и принцот Едвард и неговата сопруга Софи. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа со своите родители, а беа следени од принцот Хари и неговата сопруга Меган и други членови на кралското семејство. За време на својата проповед, надбискупот од Кентербери Џастин Велби рече дека изливот на емоции за кралицата „произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, која сега ја нема“. Велби ја опиша кралицата дека допрела „мноштво животи“ и оти била „радост“ за многумина. – Луѓето кои служат со љубов се ретки во која било област од животот. Водачите кои служат со љубов сè уште се поретки. Но во сите случаи оние кои служат ќе бидат сакани и запаметени кога ќе се заборават оние кои се држат до власта и привилегиите, рече тој. – Тагата на овој ден – што ја чувствува не само семејството на покојната кралица, туку и целата нација, Комонвелтот и светот – произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, кои сега ги нема, додаде. Велби, стоејќи во црквата каде што кралеви и кралици се крунисани од 1066 година, исто така рече дека кралицата на својот 21-ви роденден изјавила „дека целиот нејзин живот ќе биде посветен на служење на нацијата и Комонвелтот“. Тој додаде: „Ретко кога такво ветување е толку добро одржано. Малкумина лидери го добиваат изливот на љубов што го видовме“. Помеѓу химните испеани на богослужбата, беше изведена и „Господ е мојот пастир“ која се пееше и на свадбата на кралицата со војводата од Единбург во опатијата во 1947 година. Последен од кралицата во Вестминистерската опатија се прости кралскиот гајдаџија, полицаец од прва класа, Пол Брнс кој ја отсвире традиционалната тажалка „Спиј, мила, спиј“. Беа отсвирени и The Last Post, Reveille и националната химна. Вечерва во Виндзор ќе се одржи приватен погреб со високи членови на кралското семејство, каде што кралицата повторно ќе се соедини со нејзиниот сопруг, војводата од Единбург. Последното почивалиште на кралицата ќе биде меморијалната капела на кралот Џорџ Шести, анекс на главната капела каде што биле погребани нејзината мајка и татко, заедно со пепелта на нејзината сестра, принцезата Маргарет. Ковчегот на Филип ќе се премести од кралскиот свод во меморијалната капела за да биде до ковчегот на кралицата. Денешниот државен погреб на кралицата Елизабета Втора се смета за најголемата безбедносна операција во истортијата на Велика Британија, надминувајќи ја операцијата за платинестиот јубилеен викенд и Олимпијадата во Лондон 2012 година.

The post Луѓето кои служат со љубов се ретки, а водачите кои служат со љубов сè уште поретки, рекоа на мисата за Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deneska-kje-bide-pogrebana-kralicata-elizabeta-vtora/ Mon, 19 Sep 2022 07:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=552099

Две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон.

Државниот погреб на кралицата Елизабета, еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, ќе се одржи во Вестминстерската опатија, а меѓу 2.000 гости ќе бидат и јапонскиот цар Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден.

Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да ја следат погребната поворка. Велика Британија денеска речиси ќе застане. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени. Збогувањето ќе може да се гледа во стотина кина и во паркови на големи монитори.

Попладне, ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде однесена во замокот Виндзор каде ќе биде погребана вечер во кругот на најтесното семејство.

Ковчегот на кралицата, кој моментално е изложен во лондонската палата Вестминстер, утрово ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија каде ќе се одржи државен погреб. Поворката започнува во 11:35 часот по средноевропско време. Ковчегот ќе биде поставен на лафет кој ќе го влечат офицери на морнарицата, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година.

Поворката зад ковчегот ќе ја предводи кралот Чарлс Трети. и членовите на британското кралско семејство, и ќе стигне до портите на Вестминстерската опатија за 17 минути. Пред лафетот ќе одат 200 гајдаџии и тапанари на Кралското воено воздухопловство.

Иако богослужбата на свештеникот Дејвид Хојл ќе започне на пладне по средноевропско време, опатијата ќе биде отворена три часа порано за да се сместат 2.000-те гости. Покрај државници, политичари и монарси, на погребот ќе присуствуваат и 200 луѓе на кои кралицата им оддаде почест во јуни годинава, пред сè здравствени работници ангажирани во пандемијата на Ковид-19.

Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, по што во црквата и целото Обединето Кралство ќе има двоминутно молчење. Државниот погреб ќе заврши околу 13 часот со интонирање на националната химна, последен поздрав со труба и проштална песна од кралскиот гајдаџија.

Странските државници потоа ќе присуствуваат на прием организиран од шефот на дипломатијата Џејмс Клеверли, во седиштето на Англиканската црква веднаш до опатијата. Поворката со ковчегот, пак, ќе тргне од Лондон до Хајд Парк, придружувана од ѕвоната на Биг Бен, а потоа ковчегот со погребна кола ќе биде однесен до Виндзор, на југоисток, триесетина километри од главниот град.

Од 16:00 часот по средноевропско време ќе почне нова поворка предводена од членовите на кралската коњаница, која ќе помине петкилометарска „Долга прошетка“ на пат кон замокот Виндзор. Кралското семејство ќе се приклучи на поворката кон капелата Свети Џорџ.

На верската служба ќе има 800 луѓе, меѓу кои и членови на персоналот на кралицата. Во 20 часот и 30 минути, кралицата ќе биде погребана, во кругот на најтесното семејство, во меморијалната капелата на нејзиниот татко Џорџ Пети.

https://youtu.be/T9o6m4Mhk0U

The post Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси, денеска ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон. Државниот погреб на кралицата Елизабета, еден од најголемите логистички предизвици во британската историја, ќе се одржи во Вестминстерската опатија, а меѓу 2.000 гости ќе бидат и јапонскиот цар Нарухито, францускиот претседател Емануел Макрон, американскиот претседател Џо Бајден. Погребот ќе го обезбедуваат повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија, бидејќи се очекува рекорден број луѓе да ја следат погребната поворка. Велика Британија денеска речиси ќе застане. Продавниците, канцелариите, рестораните ќе бидат затворени. Збогувањето ќе може да се гледа во стотина кина и во паркови на големи монитори. Попладне, ковчегот на кралицата Елизабета Втора ќе биде однесена во замокот Виндзор каде ќе биде погребана вечер во кругот на најтесното семејство. Ковчегот на кралицата, кој моментално е изложен во лондонската палата Вестминстер, утрово ќе биде пренесен во Вестминстерската опатија каде ќе се одржи државен погреб. Поворката започнува во 11:35 часот по средноевропско време. Ковчегот ќе биде поставен на лафет кој ќе го влечат офицери на морнарицата, што е традиција од погребот на кралицата Викторија во 1901 година. Поворката зад ковчегот ќе ја предводи кралот Чарлс Трети. и членовите на британското кралско семејство, и ќе стигне до портите на Вестминстерската опатија за 17 минути. Пред лафетот ќе одат 200 гајдаџии и тапанари на Кралското воено воздухопловство. Иако богослужбата на свештеникот Дејвид Хојл ќе започне на пладне по средноевропско време, опатијата ќе биде отворена три часа порано за да се сместат 2.000-те гости. Покрај државници, политичари и монарси, на погребот ќе присуствуваат и 200 луѓе на кои кралицата им оддаде почест во јуни годинава, пред сè здравствени работници ангажирани во пандемијата на Ковид-19. Проповедта ќе ја одржи надбискупот од Кентербери, Џастин Велби, по што во црквата и целото Обединето Кралство ќе има двоминутно молчење. Државниот погреб ќе заврши околу 13 часот со интонирање на националната химна, последен поздрав со труба и проштална песна од кралскиот гајдаџија. Странските државници потоа ќе присуствуваат на прием организиран од шефот на дипломатијата Џејмс Клеверли, во седиштето на Англиканската црква веднаш до опатијата. Поворката со ковчегот, пак, ќе тргне од Лондон до Хајд Парк, придружувана од ѕвоната на Биг Бен, а потоа ковчегот со погребна кола ќе биде однесен до Виндзор, на југоисток, триесетина километри од главниот град. Од 16:00 часот по средноевропско време ќе почне нова поворка предводена од членовите на кралската коњаница, која ќе помине петкилометарска „Долга прошетка“ на пат кон замокот Виндзор. Кралското семејство ќе се приклучи на поворката кон капелата Свети Џорџ. На верската служба ќе има 800 луѓе, меѓу кои и членови на персоналот на кралицата. Во 20 часот и 30 минути, кралицата ќе биде погребана, во кругот на најтесното семејство, во меморијалната капелата на нејзиниот татко Џорџ Пети. https://youtu.be/T9o6m4Mhk0U

The post Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Илјадници луѓе ја испратија кралицата Елизабета на своето последно патување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iljadnici-lugje-ja-ispratija-kralicata-elizabeta-na-svoeto-posledno-patuvanje/ Sun, 18 Sep 2022 15:52:39 +0000 https://republika.mk/?p=552015

Ковчегот на најдолготрајниот монарх во Обединетото Кралство го напушти својот сакан замок „Балморал“ и пристигна во Лондон. По патот, илјадници луѓе излегоа да ја гледаат последната поворка на кралицата Елизабета Втора. Нивната спонтана тага е вистинска, а исто така и болката што заврши една ера. Како што гледа светот сега, Британците емотивно ѝ се придружуваат на својата кралица, која беше константа во турбулентните времиња. Таа беше единственото нешто што не се промени од 1950-тите до денес и милиони луѓе сметаа дека таа постојаност е утеха.

Смртта на кралицата е важна не само за Британците туку и за целиот свет. Таа ја надгледуваше мирната транзиција од империја во комонвелт, ослободувајќи речиси една четвртина од Земјината топка од британската власт. Ниту една друга империја во историјата никогаш не се расформирала без граѓанска војна, инвазија или финансиски колапс.

При нејзиното раѓање, таа не беше во линијата за наследник на круната, која ја носеше братот на нејзиниот татко и се очекуваше да се пренесе кај неговите деца. Сепак, низа неверојатни настани, вклучувајќи и историска абдикација, ја поставија на тронот во 1952 година. Елизабета едноставно можеше да претседава со протоколарните настани и да ужива во нејзините замоци и ловечки домови. Но таа не го стори тоа. Кралицата стана најголемиот британски амбасадор, освојувајќи ја поддршката од африканските брегови до островите во Тихи Океан. Таа ја обезбеди постојаноста за да може да се случи промената и да ѝ се стави крај на Британската Империја на поинаков начин од оној со кој се соочија француската, холандската или шпанската империја, преку мирот, слободната трговија и продолжување (на многу места) на англискиот правен систем.

Нејзиното наследство вклучува и триумф, кој се чинеше невозможен во 1960-тите и 1970-тите, спасувајќи ја самата институција на монархија. Образованите класи, во тие денови, ја сметаа круната за средновековна реликвија и отворено дебатираа за нејзино укинување. Тие беа вчудовидени во јуни 1977 година, за време на сребрениот јубилеј на кралицата, од големите толпи и паради што беа спонтано организирани низ Британија и, што е уште поизненадувачки, низ Комонвелтот. Кралицата уживаше огромна емоционална поддршка, па така, на крајот, сите дебати за укинување на монархијата избледеа.

Британија е најстарата континуирано оперативна демократија во светот. Таа нема пишан устав, туку непроменливи правила, кои малку се менувале низ вековите. Монархијата нема извршна моќ, но суверенот ја отелотворува нацијата. Оваа симболична моќ може да влијае на реалниот свет. За време на Втората светска војна, отворената поддршка на кралот Џорџ за премиерот Винстон Черчил и неговите постојани повици за отпор против нацизмот ја обликуваа неизбришливата слика на овој храбар народ, кој сам и со години се соочуваше со варварството. Кралицата Елизабета Втора беше еднакво непоколеблива и ефикасна.

Овие непроменливи правила се засноваат на силни традиции, кои ѝ даваат значење на монархијата. Така, кога Советот на престолот го прогласува Чарлс Трети за крал на Англија, тоа е повеќе од церемонијално. Тоа е потпишување договор меѓу владетелот и поданиците. Суверенот дава заклетва за обврските, кои по традиција се негови. Тој ќе ја заштити црквата како поглавар на Англиканската заедница, светска унија на верници што е втора по големина група во христијанството. Тој ќе го одржува единството на нацијата и, пред сè, се обврзува дека ќе му служи цел живот. Нема сомнение дека Елизабета Втора сериозно ја сфати својата заклетва и нејзиното наследство се потпира на таа едноставна вистина.

Кралицата сподели многу важни лекции со светот. Елизабета Втора беше последниот шеф на државата што ги доживеа Втората светска војна и нејзините злосторства. Кога Елизабета се искачи на тронот, Советскиот Сојуз беше под власта на Јосиф Сталин, а Кина беше управувана од Мао Ѕедунг. Таа ја ценеше демократијата и ги потсети своите поданици на нејзината неспоредлива вредност.

Демократијата мора постојано да се брани. Таа е кревка и, за нејзините непријатели, често изгледа поделено, слабо и несигурно во себе. Последната и најуниверзална лекција на Елизабета Втора е дека Западот мора да го врати своето верување во себе, како што кралицата никогаш не пропушти да го стори, и во самата демократија. Демократијата е единствениот подарок на Британија за светот што вреди да се зачува.

The post Илјадници луѓе ја испратија кралицата Елизабета на своето последно патување appeared first on Република.

]]>

Ковчегот на најдолготрајниот монарх во Обединетото Кралство го напушти својот сакан замок „Балморал“ и пристигна во Лондон. По патот, илјадници луѓе излегоа да ја гледаат последната поворка на кралицата Елизабета Втора. Нивната спонтана тага е вистинска, а исто така и болката што заврши една ера. Како што гледа светот сега, Британците емотивно ѝ се придружуваат на својата кралица, која беше константа во турбулентните времиња. Таа беше единственото нешто што не се промени од 1950-тите до денес и милиони луѓе сметаа дека таа постојаност е утеха. Смртта на кралицата е важна не само за Британците туку и за целиот свет. Таа ја надгледуваше мирната транзиција од империја во комонвелт, ослободувајќи речиси една четвртина од Земјината топка од британската власт. Ниту една друга империја во историјата никогаш не се расформирала без граѓанска војна, инвазија или финансиски колапс. При нејзиното раѓање, таа не беше во линијата за наследник на круната, која ја носеше братот на нејзиниот татко и се очекуваше да се пренесе кај неговите деца. Сепак, низа неверојатни настани, вклучувајќи и историска абдикација, ја поставија на тронот во 1952 година. Елизабета едноставно можеше да претседава со протоколарните настани и да ужива во нејзините замоци и ловечки домови. Но таа не го стори тоа. Кралицата стана најголемиот британски амбасадор, освојувајќи ја поддршката од африканските брегови до островите во Тихи Океан. Таа ја обезбеди постојаноста за да може да се случи промената и да ѝ се стави крај на Британската Империја на поинаков начин од оној со кој се соочија француската, холандската или шпанската империја, преку мирот, слободната трговија и продолжување (на многу места) на англискиот правен систем. Нејзиното наследство вклучува и триумф, кој се чинеше невозможен во 1960-тите и 1970-тите, спасувајќи ја самата институција на монархија. Образованите класи, во тие денови, ја сметаа круната за средновековна реликвија и отворено дебатираа за нејзино укинување. Тие беа вчудовидени во јуни 1977 година, за време на сребрениот јубилеј на кралицата, од големите толпи и паради што беа спонтано организирани низ Британија и, што е уште поизненадувачки, низ Комонвелтот. Кралицата уживаше огромна емоционална поддршка, па така, на крајот, сите дебати за укинување на монархијата избледеа. Британија е најстарата континуирано оперативна демократија во светот. Таа нема пишан устав, туку непроменливи правила, кои малку се менувале низ вековите. Монархијата нема извршна моќ, но суверенот ја отелотворува нацијата. Оваа симболична моќ може да влијае на реалниот свет. За време на Втората светска војна, отворената поддршка на кралот Џорџ за премиерот Винстон Черчил и неговите постојани повици за отпор против нацизмот ја обликуваа неизбришливата слика на овој храбар народ, кој сам и со години се соочуваше со варварството. Кралицата Елизабета Втора беше еднакво непоколеблива и ефикасна. Овие непроменливи правила се засноваат на силни традиции, кои ѝ даваат значење на монархијата. Така, кога Советот на престолот го прогласува Чарлс Трети за крал на Англија, тоа е повеќе од церемонијално. Тоа е потпишување договор меѓу владетелот и поданиците. Суверенот дава заклетва за обврските, кои по традиција се негови. Тој ќе ја заштити црквата како поглавар на Англиканската заедница, светска унија на верници што е втора по големина група во христијанството. Тој ќе го одржува единството на нацијата и, пред сè, се обврзува дека ќе му служи цел живот. Нема сомнение дека Елизабета Втора сериозно ја сфати својата заклетва и нејзиното наследство се потпира на таа едноставна вистина. Кралицата сподели многу важни лекции со светот. Елизабета Втора беше последниот шеф на државата што ги доживеа Втората светска војна и нејзините злосторства. Кога Елизабета се искачи на тронот, Советскиот Сојуз беше под власта на Јосиф Сталин, а Кина беше управувана од Мао Ѕедунг. Таа ја ценеше демократијата и ги потсети своите поданици на нејзината неспоредлива вредност. Демократијата мора постојано да се брани. Таа е кревка и, за нејзините непријатели, често изгледа поделено, слабо и несигурно во себе. Последната и најуниверзална лекција на Елизабета Втора е дека Западот мора да го врати своето верување во себе, како што кралицата никогаш не пропушти да го стори, и во самата демократија. Демократијата е единствениот подарок на Британија за светот што вреди да се зачува.

The post Илјадници луѓе ја испратија кралицата Елизабета на своето последно патување appeared first on Република.

]]>
Како ги поминала последните денови кралицата Елизабета? Многу сакала да гледа временска прогноза https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kako-gi-pominala-poslednite-denovi-kralicata-elizabeta-mnogu-sakala-da-gleda-vremenska-prognoza/ Sun, 18 Sep 2022 10:22:31 +0000 https://republika.mk/?p=551897

Ричард Кеј, Британец кој важи за експерт за кралското семејство во таа земја и поранешен близок пријател на принцезата Дијана, во статија за „Дејли Меил“ опиша како изгледале последните денови на кралицата Елизабета во шкотскиот замок Балморал.

Четири дена пред да умре, кралицата имаше важна објава за групата што ја покани да ги помине деновите со неа во Балморал. Вечерата таа недела ќе биде неформална, рече таа. Нема костуми и вратоврски за мажите и нема долги фустани за жените и, необично, немаше ниту гајдаџии, кои со децении се незаменлива традиција за секој настан и вечера во замокот, напиша Кај.

Единственото нешто што не се смени кога сите седнаа на масата вечерта беше присуството на кралицата, вели Кеј.

Тој тврди дека присутните во замокот биле забавувани од опсесијата на кралицата со временската прогноза на Би-Би-Си. Се вели дека кралицата била воодушевена од метеорологот Томас Шафернакер, па секоја вечер морала да ја гледа прогнозата кога тој ја водел.

Се забавуваше со хаосот што ќе настанеше кога другите водители требаше да го прочитаат неговото име, а таа обожаваше да го гледа, пишува Кеј.

Таа го загуби своето најстаро куче ова лето. Кралицата пристигна во Балморал ова лето, и веднаш ја погоди смртта на кучето по име Кенди. Загубата беше огромен удар за кралицата бидејќи Кенди беше нејзиното најстаро и најдолго преживеано куче.

Тогаш одлучила дека не сака Кенди да биде погребана во Балморал, како другите кучиња, туку во Виндзор. Поради ова, персоналот верувал дека кралицата ќе се врати во Виндзор веднаш по одморот за да го организира тоа. Сепак, тоа не се случи.

The post Како ги поминала последните денови кралицата Елизабета? Многу сакала да гледа временска прогноза appeared first on Република.

]]>

Ричард Кеј, Британец кој важи за експерт за кралското семејство во таа земја и поранешен близок пријател на принцезата Дијана, во статија за „Дејли Меил“ опиша како изгледале последните денови на кралицата Елизабета во шкотскиот замок Балморал. Четири дена пред да умре, кралицата имаше важна објава за групата што ја покани да ги помине деновите со неа во Балморал. Вечерата таа недела ќе биде неформална, рече таа. Нема костуми и вратоврски за мажите и нема долги фустани за жените и, необично, немаше ниту гајдаџии, кои со децении се незаменлива традиција за секој настан и вечера во замокот, напиша Кај. Единственото нешто што не се смени кога сите седнаа на масата вечерта беше присуството на кралицата, вели Кеј. Тој тврди дека присутните во замокот биле забавувани од опсесијата на кралицата со временската прогноза на Би-Би-Си. Се вели дека кралицата била воодушевена од метеорологот Томас Шафернакер, па секоја вечер морала да ја гледа прогнозата кога тој ја водел. Се забавуваше со хаосот што ќе настанеше кога другите водители требаше да го прочитаат неговото име, а таа обожаваше да го гледа, пишува Кеј. Таа го загуби своето најстаро куче ова лето. Кралицата пристигна во Балморал ова лето, и веднаш ја погоди смртта на кучето по име Кенди. Загубата беше огромен удар за кралицата бидејќи Кенди беше нејзиното најстаро и најдолго преживеано куче. Тогаш одлучила дека не сака Кенди да биде погребана во Балморал, како другите кучиња, туку во Виндзор. Поради ова, персоналот верувал дека кралицата ќе се врати во Виндзор веднаш по одморот за да го организира тоа. Сепак, тоа не се случи.

The post Како ги поминала последните денови кралицата Елизабета? Многу сакала да гледа временска прогноза appeared first on Република.

]]>
Дали е ова Kралицата Елизабета или Алекс Фергусон? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dali-e-ova-kralicata-elizabeta-ili-aleks-ferguson/ Thu, 15 Sep 2022 07:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=550870

Мурал насликан во чест на Елизабета Втора ги поделени мислењата на интернет, при што некои се жалат на очигледниот недостаток на сличност со покојната кралица. Исто така, на социјалните мрежи многумина тврдеа дека тој повеќе личи на легендарниот фудбалски тренер Сер Алекс Фергусон.

Од смртта на кралицата на 96-годишна возраст минатата недела, луѓето ширум Велика Британија и ширум светот оддадоа почит на различни начини.

Во западен Лондон, уметникот Јигнеш Пател и неговиот братучед Јаш Пател насликаа голем мурал на покојната кралица. Дуото помина два дена завршувајќи го уметничкото дело, кое беше насликано на двокатна куќа на Кингсли Роуд, пренесува Би-Би-Си.

„Ние ја сакаме кралицата, а кога почина, мислевме дека мораме да и оддадеме почит“, изјави Јигнеш за Би-Би-Си.

Сепак, муралот беше брутално критикуван на социјалните мрежи, а неколку луѓе истакнаа дека повеќе личи на легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон. Еден корисник го исмејувал муралот сугерирајќи дека првично бил негов портрет кој во последен момент добил поинаква креативна насока.

„Матеј... дали сè уште го сликаш муралот на Сер Алекс Фергусон“, „Да... јас сум на половина пат. Зошто?“ „Имаше промена на планот. Погледнете што можете да направите“, се пошегува тој во твит.

Друг ја имаше истата идеја, коментирајќи: „Голема почит за Алекс Фергусон“.

The post Дали е ова Kралицата Елизабета или Алекс Фергусон? appeared first on Република.

]]>

Мурал насликан во чест на Елизабета Втора ги поделени мислењата на интернет, при што некои се жалат на очигледниот недостаток на сличност со покојната кралица. Исто така, на социјалните мрежи многумина тврдеа дека тој повеќе личи на легендарниот фудбалски тренер Сер Алекс Фергусон. Од смртта на кралицата на 96-годишна возраст минатата недела, луѓето ширум Велика Британија и ширум светот оддадоа почит на различни начини. Во западен Лондон, уметникот Јигнеш Пател и неговиот братучед Јаш Пател насликаа голем мурал на покојната кралица. Дуото помина два дена завршувајќи го уметничкото дело, кое беше насликано на двокатна куќа на Кингсли Роуд, пренесува Би-Би-Си. „Ние ја сакаме кралицата, а кога почина, мислевме дека мораме да и оддадеме почит“, изјави Јигнеш за Би-Би-Си. Сепак, муралот беше брутално критикуван на социјалните мрежи, а неколку луѓе истакнаа дека повеќе личи на легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон. Еден корисник го исмејувал муралот сугерирајќи дека првично бил негов портрет кој во последен момент добил поинаква креативна насока. „Матеј... дали сè уште го сликаш муралот на Сер Алекс Фергусон“, „Да... јас сум на половина пат. Зошто?“ „Имаше промена на планот. Погледнете што можете да направите“, се пошегува тој во твит. Друг ја имаше истата идеја, коментирајќи: „Голема почит за Алекс Фергусон“.

The post Дали е ова Kралицата Елизабета или Алекс Фергусон? appeared first on Република.

]]>
Поворката со ковчегот на кралицата тргна од Балморал за Единбург https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/povorkata-so-kovchegot-na-kralicata-trgna-od-balmoral-za-edinburg/ Sun, 11 Sep 2022 09:27:05 +0000 https://republika.mk/?p=549661

Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска.

Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата.

Поворката ќе помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа.

Долж рутата има илјадници луѓе кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата.

Ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што ќе остане до утре попладне.

The post Поворката со ковчегот на кралицата тргна од Балморал за Единбург appeared first on Република.

]]>

Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска. Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата. Поворката ќе помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа. Долж рутата има илјадници луѓе кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата. Ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што ќе остане до утре попладне.

The post Поворката со ковчегот на кралицата тргна од Балморал за Единбург appeared first on Република.

]]>
Ден Д+2: Еве што ќе се случува денеска по смртта на кралицата Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/den-d-2-eve-shto-kje-se-sluchuva-deneska-po-smrtta-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Sun, 11 Sep 2022 07:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=549626

Светските агенции ја објавуваат временската рамка на настаните што се очекува да се случат денеска по смртта на британската кралица Елизабета Втора.

Денеска е Денот Д+2 во Протоколот за што се случува по смртта на кралицата, со кодно име „Лондонски мост“. Ова се должи на објавата од четвртокот вечерта, што значи дека плановите беа поместени еден ден за да се овозможи спроведување на сложените аранжмани.

Недела, 11 септември

10:00: Се очекува поворката со ковчегот да го напушти замокот Балморал – каде што кралицата почина во четвртокот. Се очекува повеќе луѓе да се соберат по патеката по која ќе патува поворката од Балморал до главниот град на Шкотска.

10:12: Прво ќе се упати кон блискиот град Балатер во Абердиншир, поминувајќи покрај А93. Почестите ќе ги водат лорд-полковниците од Абердиншир, како и високи офицери и советници. Поворката потоа ќе патува по А93, преку Абојн, Банчори и Друмоук.

11:20: Потоа се очекува да пристигне во Абердин околу еден час подоцна, каде што лордот Провост од Абердин, во својата улога како лорд-поручник, ќе го предводи оддавањето почит во паркот Дути.

14:00: Поворката ќе пристигне во Данди околу 14 часот, откако ќе патува на југ по А90. Јавноста е поканета да оддаде почит на безбедни места долж патот А90 кај крстосницата меѓу Форфар и Кингсвеј.

16:00: Поворката потоа ќе се упати кон Единбург, каде што се очекува првата министерка Никола Старџен и другите партиски лидери во Шкотска да го набљудуваат ковчегот додека поминува покрај шкотскиот парламент. Сите тротоари долж трасата од северот на градот до шкотскиот Парламент ќе бидат заградени со огради за да и се овозможи на јавноста да гледа од таму.

Од таму, ковчегот ќе биде однесен во палатата Холирудхаус, каде што ќе остане цела ноќ.

The post Ден Д+2: Еве што ќе се случува денеска по смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Светските агенции ја објавуваат временската рамка на настаните што се очекува да се случат денеска по смртта на британската кралица Елизабета Втора. Денеска е Денот Д+2 во Протоколот за што се случува по смртта на кралицата, со кодно име „Лондонски мост“. Ова се должи на објавата од четвртокот вечерта, што значи дека плановите беа поместени еден ден за да се овозможи спроведување на сложените аранжмани.

Недела, 11 септември

10:00: Се очекува поворката со ковчегот да го напушти замокот Балморал – каде што кралицата почина во четвртокот. Се очекува повеќе луѓе да се соберат по патеката по која ќе патува поворката од Балморал до главниот град на Шкотска. 10:12: Прво ќе се упати кон блискиот град Балатер во Абердиншир, поминувајќи покрај А93. Почестите ќе ги водат лорд-полковниците од Абердиншир, како и високи офицери и советници. Поворката потоа ќе патува по А93, преку Абојн, Банчори и Друмоук. 11:20: Потоа се очекува да пристигне во Абердин околу еден час подоцна, каде што лордот Провост од Абердин, во својата улога како лорд-поручник, ќе го предводи оддавањето почит во паркот Дути. 14:00: Поворката ќе пристигне во Данди околу 14 часот, откако ќе патува на југ по А90. Јавноста е поканета да оддаде почит на безбедни места долж патот А90 кај крстосницата меѓу Форфар и Кингсвеј. 16:00: Поворката потоа ќе се упати кон Единбург, каде што се очекува првата министерка Никола Старџен и другите партиски лидери во Шкотска да го набљудуваат ковчегот додека поминува покрај шкотскиот парламент. Сите тротоари долж трасата од северот на градот до шкотскиот Парламент ќе бидат заградени со огради за да и се овозможи на јавноста да гледа од таму. Од таму, ковчегот ќе биде однесен во палатата Холирудхаус, каде што ќе остане цела ноќ.

The post Ден Д+2: Еве што ќе се случува денеска по смртта на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Принцот Вилијам објави емотивно обраќање за кралицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/princot-vilijam-objavi-emotivno-obrakjanje-za-kralicata/ Sat, 10 Sep 2022 17:59:42 +0000 https://republika.mk/?p=549545

Принцот од Велс, Вилијам, и оддаде почит на својата баба, кралицата Елизабета Втора, во обраќање кое го објави палатата Кенсингтон. Обраќањето го пренесуваме во целот:

„Во четвртокот, светот загуби извонреден лидер, чија посветеност кон земјата, кралството и Комонвелтот беше апсолутна. Толку многу ќе се зборува во деновите што следат за значењето на нејзиното историско владеење.

Јас, меѓутоа, изгубив баба. И додека тагувам што ја загубив, се чувствувам и неверојатно благодарен.

Имав корист од мудроста и уверувањето на кралицата до мојата петта деценија. Мојата сопруга имаше 20 години нејзино водство и поддршка. Моите три деца поминуваа празници со неа и создадоа спомени кои ќе траат цел живот.

Таа беше покрај мене во моите најсреќни моменти. И беше покрај мене во најтажните денови од мојот живот. Знаев дека ќе дојде овој ден, но ќе помине некое време додека не почне вистински да се чувствува реалноста на животот без баба.

И благодарам за љубезноста што ја покажа за моето семејство и за мене. И ѝ благодарам во име на мојата генерација што даде пример за служење и достоинство во јавниот живот кој беше од различна возраст, но секогаш важен за сите нас.

Познати се зборовите на мојата баба која рече дека тагата е цената што ја плаќаме за љубовта. Целата тага што ќе ја чувствуваме во наредните недели ќе биде доказ за љубовта што ја чувствувавме кон нашата извонредна кралица.

Ќе го почитувам нејзиниот спомен со тоа што ќе го поддржам мојот татко, кралот, на секој начин што можам”.

The post Принцот Вилијам објави емотивно обраќање за кралицата appeared first on Република.

]]>

Принцот од Велс, Вилијам, и оддаде почит на својата баба, кралицата Елизабета Втора, во обраќање кое го објави палатата Кенсингтон. Обраќањето го пренесуваме во целот: „Во четвртокот, светот загуби извонреден лидер, чија посветеност кон земјата, кралството и Комонвелтот беше апсолутна. Толку многу ќе се зборува во деновите што следат за значењето на нејзиното историско владеење. Јас, меѓутоа, изгубив баба. И додека тагувам што ја загубив, се чувствувам и неверојатно благодарен. Имав корист од мудроста и уверувањето на кралицата до мојата петта деценија. Мојата сопруга имаше 20 години нејзино водство и поддршка. Моите три деца поминуваа празници со неа и создадоа спомени кои ќе траат цел живот. Таа беше покрај мене во моите најсреќни моменти. И беше покрај мене во најтажните денови од мојот живот. Знаев дека ќе дојде овој ден, но ќе помине некое време додека не почне вистински да се чувствува реалноста на животот без баба. И благодарам за љубезноста што ја покажа за моето семејство и за мене. И ѝ благодарам во име на мојата генерација што даде пример за служење и достоинство во јавниот живот кој беше од различна возраст, но секогаш важен за сите нас. Познати се зборовите на мојата баба која рече дека тагата е цената што ја плаќаме за љубовта. Целата тага што ќе ја чувствуваме во наредните недели ќе биде доказ за љубовта што ја чувствувавме кон нашата извонредна кралица. Ќе го почитувам нејзиниот спомен со тоа што ќе го поддржам мојот татко, кралот, на секој начин што можам”.

The post Принцот Вилијам објави емотивно обраќање за кралицата appeared first on Република.

]]>
Тајното писмо на кралицата Елизабета ќе биде отворено за 63 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajnoto-pismo-na-kralicata-elizabeta-kje-bide-otvoreno-za-63-godini/ Sat, 10 Sep 2022 17:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=549539

Во соодветен ден по ваш избор, во 2085 година, ве замолувам да го отворите овој плик и да им ја пренесете на граѓаните на Сиднеј мојата порака, стои на пликот на писмото.

Кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија во ноември 1986 година. По тој повод, таа напиша писмо до граѓаните на Сиднеј, а писмото тајно беше чувано во трезор во зградата на кралицата Викторија.

Писмото не смее да се отвори уште 63 години.

Наводно ниту персоналот на кралицата не ја знае неговата содржина. Тоа е адресирано до градоначалникот на Сиднеј, а видлив е само делот кој содржи упатства за отворање и читање на писмото.

Инаку, кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија 16 пати, првпат во 1954 година.

Во 1999 година, Австралијците гласаа на референдум за тоа дали сакаат да станат република, но 54 отсто од гласачите одлучија да останат уставна монархија.

The post Тајното писмо на кралицата Елизабета ќе биде отворено за 63 години appeared first on Република.

]]>

Во соодветен ден по ваш избор, во 2085 година, ве замолувам да го отворите овој плик и да им ја пренесете на граѓаните на Сиднеј мојата порака, стои на пликот на писмото. Кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија во ноември 1986 година. По тој повод, таа напиша писмо до граѓаните на Сиднеј, а писмото тајно беше чувано во трезор во зградата на кралицата Викторија. Писмото не смее да се отвори уште 63 години. Наводно ниту персоналот на кралицата не ја знае неговата содржина. Тоа е адресирано до градоначалникот на Сиднеј, а видлив е само делот кој содржи упатства за отворање и читање на писмото. Инаку, кралицата Елизабета Втора ја посети Австралија 16 пати, првпат во 1954 година. Во 1999 година, Австралијците гласаа на референдум за тоа дали сакаат да станат република, но 54 отсто од гласачите одлучија да останат уставна монархија.

The post Тајното писмо на кралицата Елизабета ќе биде отворено за 63 години appeared first on Република.

]]>
Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-kje-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta-vtora/ Fri, 09 Sep 2022 20:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=549282

Претседателот на САД Џо Бајден денеска изјави дека ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, по нејзината смрт завчера.

Да. Се уште не ги знам деталите, но ќе одам, им кажа Бајден на новинарите за време на патувањето за Охајо.

Датумот и деталите за погребот на кралицата не се утврдени, но ќе бидат објавени „во догледно време“, според Бакингемската палата. Погребот се очекува да се одржи во следните 10 дена во Вестминстерската опатија во центарот на Лондон.

Бајден ја познава кралицата три децении и се сретна со неа три пати, последен пат во јуни 2021 година, кога таа им беше домаќин нему и на првата дама во замокот Виндзор за време на нивната посета на Велика Британија за да присуствуваат на самитот на лидерите на Групата седум.

 

The post Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД Џо Бајден денеска изјави дека ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора, по нејзината смрт завчера.
Да. Се уште не ги знам деталите, но ќе одам, им кажа Бајден на новинарите за време на патувањето за Охајо.
Датумот и деталите за погребот на кралицата не се утврдени, но ќе бидат објавени „во догледно време“, според Бакингемската палата. Погребот се очекува да се одржи во следните 10 дена во Вестминстерската опатија во центарот на Лондон. Бајден ја познава кралицата три децении и се сретна со неа три пати, последен пат во јуни 2021 година, кога таа им беше домаќин нему и на првата дама во замокот Виндзор за време на нивната посета на Велика Британија за да присуствуваат на самитот на лидерите на Групата седум.  

The post Бајден ќе присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора appeared first on Република.

]]>
Како настана лажната вест на „Би-би-си“ за смртта на кралицата Елизабета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-nastana-laznata-vest-na-bi-bi-si-za-smrtta-na-kralicata-elizabeta/ Fri, 09 Sep 2022 13:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=549120

Смртта на британската кралица Елизабета предизвика огромен број реакции и внимание во светската јавност.

Сепак, освен како историски маркантен настан, со оглед на тоа што последен пат кога починал еден британски монарх беше пред 70 години, смртта на Елизабета втора, предизвика огромни контроверзии поради наводно објавена лажна вест за нејзината смрт.

Со години, во британските медиуми протекуваа детали од Протоколот подготвен во случај на смрт на Кралицата, а овојпат голема бура крена „лажната вест“која велеѓе дека таа починала, пишува „Вашингтон пост“.

Неколку часа пред официјално да биде објавено дека кралицата Елизабета починала, таа информација беше споделена на социјалните мрежи од анкерот на британскиот национален сервис „Би-би-си“, Јалда Хаким, со што беше прекршен предвидениот Протокол, кој предвидува дека таа вест ќе биде објавена во јавноста директно од Бакингемската палата.

Важна вест. Кралицата Елизабета почина на 96 години, информираат од Бакингемската палата - стоеше во објавата на новинарката на „Би-би-си“.

https://republika.mk/vesti/svet/pochina-kralicata-elizabeta-vtora/

Сепак, брзо по објавата, тој твит беше избришан, а потоа заменет со корекција.

Твитнав дека имало соопштение за смртта на кралицата. Ова беше неточно, немаше соопштение и затоа го избришав твитот - напиша Хаким, во објаснувањето.

Неколку часа по ваквиот „демант“ на новинарот на „Би-би-си“, официјално се огласија од Кралското семејство.

Кралицата умре мирно во Балморал попладнево.

Веб-страницата на кралското семејство стана црна, со едноставна остра слика на кралицата и порака: „Кралица Елизабета II 1926 - 2022 година“.

https://republika.mk/vesti/svet/sega-e-oficijalno-pochina-britanskata-kralica-elizabeta/

На тој начин, светската јавност официјално беше известена дека кралицата Елизабета починала.

The post Како настана лажната вест на „Би-би-си“ за смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>

Смртта на британската кралица Елизабета предизвика огромен број реакции и внимание во светската јавност. Сепак, освен како историски маркантен настан, со оглед на тоа што последен пат кога починал еден британски монарх беше пред 70 години, смртта на Елизабета втора, предизвика огромни контроверзии поради наводно објавена лажна вест за нејзината смрт. Со години, во британските медиуми протекуваа детали од Протоколот подготвен во случај на смрт на Кралицата, а овојпат голема бура крена „лажната вест“која велеѓе дека таа починала, пишува „Вашингтон пост“. Неколку часа пред официјално да биде објавено дека кралицата Елизабета починала, таа информација беше споделена на социјалните мрежи од анкерот на британскиот национален сервис „Би-би-си“, Јалда Хаким, со што беше прекршен предвидениот Протокол, кој предвидува дека таа вест ќе биде објавена во јавноста директно од Бакингемската палата.
Важна вест. Кралицата Елизабета почина на 96 години, информираат од Бакингемската палата - стоеше во објавата на новинарката на „Би-би-си“.
https://republika.mk/vesti/svet/pochina-kralicata-elizabeta-vtora/ Сепак, брзо по објавата, тој твит беше избришан, а потоа заменет со корекција.
Твитнав дека имало соопштение за смртта на кралицата. Ова беше неточно, немаше соопштение и затоа го избришав твитот - напиша Хаким, во објаснувањето.
Неколку часа по ваквиот „демант“ на новинарот на „Би-би-си“, официјално се огласија од Кралското семејство.
Кралицата умре мирно во Балморал попладнево.
Веб-страницата на кралското семејство стана црна, со едноставна остра слика на кралицата и порака: „Кралица Елизабета II 1926 - 2022 година“. https://republika.mk/vesti/svet/sega-e-oficijalno-pochina-britanskata-kralica-elizabeta/ На тој начин, светската јавност официјално беше известена дека кралицата Елизабета починала.

The post Како настана лажната вест на „Би-би-си“ за смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>
Ирски навивачи еуфорично се радуваа на смртта на кралицата Елизабета https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/irski-navivachi-euforichno-se-raduvaa-na-smrtta-na-kralicata-elizabeta/ Fri, 09 Sep 2022 11:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=549072

Додека смртта на британската кралица Елизабета втора предизвика реакции и изјави на тага, имаше и такви што јавно се израдуваа на нејзиното починување.

Станува збор за навивачите на ирскиот фудбалски клуб Шамрок, кои на мечот од Конференциската лига против Ѓургарден ја славеа и правеа пародија од нејзината смрт.

Лизи е во ковчег, Лизи во ковчег - ечеше навивачката песна на стадионот.

https://twitter.com/NorthWestNHPUK/status/1567995334504189953?cxt=HHwWgsC8qd_c0cIrAAAA

Средбата во Даблин, инаку, заврши без голови.

 

The post Ирски навивачи еуфорично се радуваа на смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>

Додека смртта на британската кралица Елизабета втора предизвика реакции и изјави на тага, имаше и такви што јавно се израдуваа на нејзиното починување. Станува збор за навивачите на ирскиот фудбалски клуб Шамрок, кои на мечот од Конференциската лига против Ѓургарден ја славеа и правеа пародија од нејзината смрт.
Лизи е во ковчег, Лизи во ковчег - ечеше навивачката песна на стадионот.
https://twitter.com/NorthWestNHPUK/status/1567995334504189953?cxt=HHwWgsC8qd_c0cIrAAAA Средбата во Даблин, инаку, заврши без голови.  

The post Ирски навивачи еуфорично се радуваа на смртта на кралицата Елизабета appeared first on Република.

]]>
Чарлс бил со кралицата кога починала https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/charls-bil-so-kralicata-koga-pochinala/ Fri, 09 Sep 2022 09:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=549026

Вчера на 96 години почина британската Кралица Елизабета Втора, а на смртната постела бил нејзиниот син и наследник – кралот Чарлс Трети.

Заедно со неговата помлада сестра, принцезата Ана, тој бил покрај креветот на мајка си додека не починала.

Другите членови на кралското семејство не пристигнале навреме во Шкотска.

Принцовите Вилијам, Едвард и Ендру дојдоа веднаш по смртта, а принцот Хари дури вечерта, неколку часа откако во медиумите беше објавена веста за нејзината смрт.

 

The post Чарлс бил со кралицата кога починала appeared first on Република.

]]>

Вчера на 96 години почина британската Кралица Елизабета Втора, а на смртната постела бил нејзиниот син и наследник – кралот Чарлс Трети. Заедно со неговата помлада сестра, принцезата Ана, тој бил покрај креветот на мајка си додека не починала. Другите членови на кралското семејство не пристигнале навреме во Шкотска. Принцовите Вилијам, Едвард и Ендру дојдоа веднаш по смртта, а принцот Хари дури вечерта, неколку часа откако во медиумите беше објавена веста за нејзината смрт.  

The post Чарлс бил со кралицата кога починала appeared first on Република.

]]>
Што мислела кралицата Елизабета за своето семејство? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shto-mislela-kralicata-elizabeta-za-svoeto-semejstvo/ Fri, 09 Sep 2022 09:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=548978

Правила, протоколи, официјални настани, се што се подразбирало за титулата кралица, Елизабета Втора знаела најдобро да го почитува, дури и за време на големите животни кризи, се трудела професионално да се однесува со кралските должности.

Но, нејзините потомци имаа многу животни предизвици кои кралицата стоички ги поднесуваше. Од Дајана, па до Камила, Меган и Хари, семејни несогласувања и мистеријата што се случува зад затворените врати на Бакингемската палата, сето тоа ја ја интересираше јавноста. Но, што мислела Елизабета Втора за членовите на своето семејство?

За принцезата Дајана

Односот меѓу кралицата Елизабета и Дајана бил пристоен, но формален, воден од фактот дека таа била сопруга на нејзиниот најстар син и иден монарх. Кралицата го одобри изборот на Чарлс, односно ја одобри жената за која верувала дека е Дајана. Ако не дала одобрување, врската немала да напредува.

За Чарлс и Камила

Принцот од Велес во 2005 година се ожени со својата долгогодишна љубов, Камила Паркер. Тој брак беше кулминација на врската која траеше четири децении, скандализирајќи ја Англиија, светот и кралицата Елизабета. И покрај разводот, трагичната смрт на принцезата Дајана, принцот од Велс и војвотката се појавија силен тим, а нивната бурна врска докажува дека понекогаш членовите на кралските семејства доживуваат среќен крај. Во пораката испратена до нацијата по повод 70 години од владеењето на кралицата, нејзиното височество неочекувано изрази искрена желба Камила да биде позната како сопруга на крал кога принцот од Велс ќе стане владетел.

За Кејт и Вилијам

Кралицата била импресионирана од Кејт Мидлтон, која го обожавала и го сакала Вилијам поради него, а не поради неговата титула. Биографот на Дијана, Ендрју Мортон велел дека кралицата поминува многу повеќе време со Кејт и Вилијам, отколку што поминувала со Чарлс и Дијана. Едноставно, не сакала да се повтори грешката. Според Мортон, се што се случило во врска со Кејт и Вилијм било прилично стратешко, промислено.

За Меган и Хари

Ако трагичната смрт на Дајана ја потресе Бакингемската палата, доаѓањето на новата војвотка и сопруга Меган Маркл ја раниша темелите на семејството. Меган, која изјавуваше дека не била свесна во што се вплеткала, се трудеше да ги заврши сите обврски кои ги доби со титулата војвотка. Но, за жал, не одеше се планот, на Хари и Меган решија да се откажат од титулата.

Кралицата имаше изјава која се разликуваше од дотогаш дадените изјави на интервјуто на Меган и Хари кое тие и го дадоа на Опра Винфри.

Во кратката изјава од 61 збор, кралицата вели дека е тажна откако чула за предизвиците на Меган и Хари. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на семејството, додавајќи дека некои сеќавања може да варираат, што се однесува на загриженоста која тие ја искажаа во интервјуто. Коментарот укажува на несогалсување меѓу семејството во врска со некои тврдења дадени во интервјуто, изјави тогаш анонимен извор од кралското семејство.

 

The post Што мислела кралицата Елизабета за своето семејство? appeared first on Република.

]]>

Правила, протоколи, официјални настани, се што се подразбирало за титулата кралица, Елизабета Втора знаела најдобро да го почитува, дури и за време на големите животни кризи, се трудела професионално да се однесува со кралските должности. Но, нејзините потомци имаа многу животни предизвици кои кралицата стоички ги поднесуваше. Од Дајана, па до Камила, Меган и Хари, семејни несогласувања и мистеријата што се случува зад затворените врати на Бакингемската палата, сето тоа ја ја интересираше јавноста. Но, што мислела Елизабета Втора за членовите на своето семејство? За принцезата Дајана Односот меѓу кралицата Елизабета и Дајана бил пристоен, но формален, воден од фактот дека таа била сопруга на нејзиниот најстар син и иден монарх. Кралицата го одобри изборот на Чарлс, односно ја одобри жената за која верувала дека е Дајана. Ако не дала одобрување, врската немала да напредува. За Чарлс и Камила Принцот од Велес во 2005 година се ожени со својата долгогодишна љубов, Камила Паркер. Тој брак беше кулминација на врската која траеше четири децении, скандализирајќи ја Англиија, светот и кралицата Елизабета. И покрај разводот, трагичната смрт на принцезата Дајана, принцот од Велс и војвотката се појавија силен тим, а нивната бурна врска докажува дека понекогаш членовите на кралските семејства доживуваат среќен крај. Во пораката испратена до нацијата по повод 70 години од владеењето на кралицата, нејзиното височество неочекувано изрази искрена желба Камила да биде позната како сопруга на крал кога принцот од Велс ќе стане владетел. За Кејт и Вилијам Кралицата била импресионирана од Кејт Мидлтон, која го обожавала и го сакала Вилијам поради него, а не поради неговата титула. Биографот на Дијана, Ендрју Мортон велел дека кралицата поминува многу повеќе време со Кејт и Вилијам, отколку што поминувала со Чарлс и Дијана. Едноставно, не сакала да се повтори грешката. Според Мортон, се што се случило во врска со Кејт и Вилијм било прилично стратешко, промислено. За Меган и Хари Ако трагичната смрт на Дајана ја потресе Бакингемската палата, доаѓањето на новата војвотка и сопруга Меган Маркл ја раниша темелите на семејството. Меган, која изјавуваше дека не била свесна во што се вплеткала, се трудеше да ги заврши сите обврски кои ги доби со титулата војвотка. Но, за жал, не одеше се планот, на Хари и Меган решија да се откажат од титулата. Кралицата имаше изјава која се разликуваше од дотогаш дадените изјави на интервјуто на Меган и Хари кое тие и го дадоа на Опра Винфри. Во кратката изјава од 61 збор, кралицата вели дека е тажна откако чула за предизвиците на Меган и Хари. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на семејството, додавајќи дека некои сеќавања може да варираат, што се однесува на загриженоста која тие ја искажаа во интервјуто. Коментарот укажува на несогалсување меѓу семејството во врска со некои тврдења дадени во интервјуто, изјави тогаш анонимен извор од кралското семејство.  

The post Што мислела кралицата Елизабета за своето семејство? appeared first on Република.

]]>
Сочувство од Владата на Република Македонија до Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sochuvstvo-od-vladata-na-republika-severna-makedonija-do-obedineto-kralstvo-na-velika-britanija-i-severna-irska/ Thu, 08 Sep 2022 20:30:31 +0000 https://republika.mk/?p=548853

Во името на граѓаните и Владата на Република Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество Кралицата Елизабета II, стои во пораката со сочувство упатена вечерва од Владата.

Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот.

Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи.

The post Сочувство од Владата на Република Македонија до Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска appeared first on Република.

]]>

Во името на граѓаните и Владата на Република Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното височество Кралицата Елизабета II, стои во пораката со сочувство упатена вечерва од Владата.
Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години. Нејзиното владеење беше сведок и светол факел врз планетарното освестување и транзиција кон демократски системи ширум светот. Истовремено во овие трезвени моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи.

The post Сочувство од Владата на Република Македонија до Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска appeared first on Република.

]]>
Хронологија на една најавена смрт: Британските власти го активираат планот подготвен за случај на починувањето на Кралицата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hronologija-na-edna-najavena-smrt-britanskite-vlasti-go-aktiviraat-planot-podgotven-za-sluchaj-na-pochinuvanjeto-na-kralicata/ Thu, 08 Sep 2022 15:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=548394

Вестите за здравствена состојба и смртта на британската кралица Елизабета втора беа главна вест на сите светски медиуми, кои од минута во минута ги следат случувањата поврзани со неа.

Британски „Гардијан“ објави хронологија на клучни настани поврзани со кралицата Елизабета Втора.

21 јули 2022 година: Кралицата отпатува во нејзиниот приватен замок Балморал во Шкотска на почетокот на нејзиниот традиционален летен одмор.

28 јули 2022 година: Принцот од Велс ја претставува кралицата на церемонијата на отворање на Игрите на Комонвелтот и чита порака од кралицата која е ставена во штафетата на Игрите на Комонвелтот.

8 август 2022 година: Традиционалното добредојде на кралицата во замокот Балморал од страна на гардата на честа, наводно, се одвива приватно во рамките на теренот, соопшти извор близок до кралското семејство.

Ова е промена во согласност со настаните за да се приспособат на удобноста на нејзиното височество“.

3 септември 2022 година: Кралицата го пропушта собирот Браемар, популарен настан на игрите на Хајленд, а принцот од Велс официјално ја отвора новата структура за да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата. Се подразбира дека одлуката е донесена за погодност на шефот на државата.

6 септември 2022 година: Кралицата го прими Борис Џонсон во замокот Балморал додека тој ја напушта функцијата пред таа да ја пречека Лиз Трас за да ја замоли да формира влада и да стане премиер.

За прв пат во историјата на нејзиното владеење, кралицата Елизабета го изврши предавањето на должностите во Абердиншир, а не во Бакингемската палата.

7 септември: Кралицата го одложи состанокот на Советот на тајните откако кралските лекари ѝ препорачаа да се одмори.

8 септември: Бакингемската палата објави дека кралицата е под медицински надзор во Балморал, а кралските лекари рекоа дека се загрижени за нејзиното здравје.

Членовите на кралското семејство, вклучително и принцот од Велс, војводата од Кембриџ, принцезата кралска и војводата и војвотката од Сасекс, брзаат да бидат со неа.

https://republika.mk/vesti/svet/site-chetiri-deca-se-so-kralicata-se-ochekuva-pristignuvanjeto-na-hari-i-megan/

По починувањето на кралицата Елизабета, британските власти ќе го стават во извршување подготвениот план за се што ќе следи во наредните денови – од начинот на кој ќе се соопштува веста до самиот погреб. Постапката која дава насоки за тоа што да се прави во случај на смрт на кралицата е наречена „Операција Лондон Бриџ“.

The post Хронологија на една најавена смрт: Британските власти го активираат планот подготвен за случај на починувањето на Кралицата appeared first on Република.

]]>

Вестите за здравствена состојба и смртта на британската кралица Елизабета втора беа главна вест на сите светски медиуми, кои од минута во минута ги следат случувањата поврзани со неа. Британски „Гардијан“ објави хронологија на клучни настани поврзани со кралицата Елизабета Втора. 21 јули 2022 година: Кралицата отпатува во нејзиниот приватен замок Балморал во Шкотска на почетокот на нејзиниот традиционален летен одмор. 28 јули 2022 година: Принцот од Велс ја претставува кралицата на церемонијата на отворање на Игрите на Комонвелтот и чита порака од кралицата која е ставена во штафетата на Игрите на Комонвелтот. 8 август 2022 година: Традиционалното добредојде на кралицата во замокот Балморал од страна на гардата на честа, наводно, се одвива приватно во рамките на теренот, соопшти извор близок до кралското семејство.
Ова е промена во согласност со настаните за да се приспособат на удобноста на нејзиното височество“.
3 септември 2022 година: Кралицата го пропушта собирот Браемар, популарен настан на игрите на Хајленд, а принцот од Велс официјално ја отвора новата структура за да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата. Се подразбира дека одлуката е донесена за погодност на шефот на државата. 6 септември 2022 година: Кралицата го прими Борис Џонсон во замокот Балморал додека тој ја напушта функцијата пред таа да ја пречека Лиз Трас за да ја замоли да формира влада и да стане премиер. За прв пат во историјата на нејзиното владеење, кралицата Елизабета го изврши предавањето на должностите во Абердиншир, а не во Бакингемската палата. 7 септември: Кралицата го одложи состанокот на Советот на тајните откако кралските лекари ѝ препорачаа да се одмори. 8 септември: Бакингемската палата објави дека кралицата е под медицински надзор во Балморал, а кралските лекари рекоа дека се загрижени за нејзиното здравје. Членовите на кралското семејство, вклучително и принцот од Велс, војводата од Кембриџ, принцезата кралска и војводата и војвотката од Сасекс, брзаат да бидат со неа. https://republika.mk/vesti/svet/site-chetiri-deca-se-so-kralicata-se-ochekuva-pristignuvanjeto-na-hari-i-megan/ По починувањето на кралицата Елизабета, британските власти ќе го стават во извршување подготвениот план за се што ќе следи во наредните денови – од начинот на кој ќе се соопштува веста до самиот погреб. Постапката која дава насоки за тоа што да се прави во случај на смрт на кралицата е наречена „Операција Лондон Бриџ“.

The post Хронологија на една најавена смрт: Британските власти го активираат планот подготвен за случај на починувањето на Кралицата appeared first on Република.

]]>
Почина кралицата Елизабета втора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-kralicata-elizabeta-vtora/ Thu, 08 Sep 2022 15:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=548741

Почина британската кралица Елизабета втора.

Веста прв ја објави Би-би-си, пренесувајќи изјава на Бакингемската палата.

https://republika.mk/vesti/svet/site-chetiri-deca-se-so-kralicata-se-ochekuva-pristignuvanjeto-na-hari-i-megan/

Нешто подоцна, веста официјално ја потврдија и од Бакингемската палата.

The post Почина кралицата Елизабета втора appeared first on Република.

]]>

Почина британската кралица Елизабета втора. Веста прв ја објави Би-би-си, пренесувајќи изјава на Бакингемската палата. https://republika.mk/vesti/svet/site-chetiri-deca-se-so-kralicata-se-ochekuva-pristignuvanjeto-na-hari-i-megan/ Нешто подоцна, веста официјално ја потврдија и од Бакингемската палата.

The post Почина кралицата Елизабета втора appeared first on Република.

]]>