„Крај Вардарот Џез“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kraj-vardarot-dzez/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Apr 2024 08:13:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Крај Вардарот Џез“ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kraj-vardarot-dzez/ 32 32 Петтото издание на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во чест на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pettoto-izdanie-na-festivalot-kraj-vardarot-dhez-vo-chest-na-mirko-popov/ Thu, 11 Apr 2024 08:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=764818

Од 20 до 27 април ќе се одржи петтото издание на „Крај Вардарот Џез“. Фестивал кој произлезе од големата љубов, визионерство и посветена работа на Мирко Попов и Владан Дробицки за интегрирање автори и изведувачи од македонската музичка сцена во сферата на џез, светска и современа музика. Годинашното фестивалско издание нуди исклучителна програма на македонска авторска музика селектирана од Попов и Дробицки, која излегува од границите на музичките жанрови, спојувајќи џез, електроника и современа музика.

„Крај Вардарот Џез Фестивал 2024“ се реализира во чест на Мирко Попов. Визионер, иницијатор, куратор и организатор на фестивалот и целокупната музичка дејност поврзана со работата на „ПМГ Џез“, сублејбл за џез и светска музика на матичната дискографска куќа „ПМГ Рекордингс“. „ПМГ Џез“ зад себе има 46 изданија македонска музика.

Со голема жар и посветеност Попов и Дробицки работеа на програмата на годинашниот фестивал, чија реализација не успеа да ја дочека. Во негова чест, тимот на „Крај Вардарот Џез Фестивал“, со истиот ентузијазам и посветеност го реализира ова фестивалско издание. Симболично како во легендата за настанувањето на градот Скопје „Големата камена глава“ и соколот кој ги чувал луѓето во градот се додека нивната душа не стане посилна од силата на Љубомор за да го победат со сложност, Мирко Попов е соколот на Скопје. Како и во песната „Море сокол пие, Вода на Вардаро… !” која беше инспирација за името на фестивалот.

Програмата се состои од три вечери, кои ќе се реализираат во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар Лабораториум.

На 20 април во едукативниот културен центар Лабораториум во 21 часот ќе настапат „Cobalt Code Unit“. Фракција од четири млади музички аскети, кои неуморно талкаат низ пространствата на јужнобалканските традиции на импровизирана и ритуална музика, контемплирајќи ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Имаат издадено два албуми „Rural“ и „Soilwork“ и еден видео албум „The Yadro Concert“.

На 23 април во Македонската филхамонија, во 20 часот публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект „Мирисот на липите“ на Дуња Иванова со концерт на пијано и Тина Иванова, како автор на текст и наратор на приказна за липите на „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“... Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Како 44 издание за ПМГ Џез е албумот во живо од концерт на пијано на Иванова на музика од Пандевска, реализиран во рамки на програмата “Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“.

Веднаш потоа во 21 часот следи концерт на Биг Бенд - музика на Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Кире Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал.

На 27 април во Лабораториум, вечерта ќе започне со концерт на „Macedonian Free Society“. Нов креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачки израз и соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез музика, во состав: Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ, Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за „ПМГ Џез“, како 46 издание, излезе и првиот албум на „Macedonian Free Society“.

Во 22 часот ќе започне настапот на „Поетроника“. Еден од највозбудливите музички проекти кој го иновира начинот на изведба на современа македонска поезија во форма на поетско-музички перформанс. Модерен и динамичен поглед врз македонската поезија интерпретирана од Оливер Митковски, еден од најголемите актери од средната генерација во придружба на современа електронска музика во авторство и изведба на Андреја Ристески-Салпе. Поетроника фрла ново светло на стиховите од Ацо Караманов, Гого Ивановски, Славко Јаневски, Игор Исаковски, па се до Горан Петрески, Владимир Лукаш, Оливера Ќорвезироска и Ѓоко Здравески.

Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар Лабораториум. Концертниот настап „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажбата на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Програмата за 20 април е бесплатна.

 

The post Петтото издание на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Од 20 до 27 април ќе се одржи петтото издание на „Крај Вардарот Џез“. Фестивал кој произлезе од големата љубов, визионерство и посветена работа на Мирко Попов и Владан Дробицки за интегрирање автори и изведувачи од македонската музичка сцена во сферата на џез, светска и современа музика. Годинашното фестивалско издание нуди исклучителна програма на македонска авторска музика селектирана од Попов и Дробицки, која излегува од границите на музичките жанрови, спојувајќи џез, електроника и современа музика. „Крај Вардарот Џез Фестивал 2024“ се реализира во чест на Мирко Попов. Визионер, иницијатор, куратор и организатор на фестивалот и целокупната музичка дејност поврзана со работата на „ПМГ Џез“, сублејбл за џез и светска музика на матичната дискографска куќа „ПМГ Рекордингс“. „ПМГ Џез“ зад себе има 46 изданија македонска музика. Со голема жар и посветеност Попов и Дробицки работеа на програмата на годинашниот фестивал, чија реализација не успеа да ја дочека. Во негова чест, тимот на „Крај Вардарот Џез Фестивал“, со истиот ентузијазам и посветеност го реализира ова фестивалско издание. Симболично како во легендата за настанувањето на градот Скопје „Големата камена глава“ и соколот кој ги чувал луѓето во градот се додека нивната душа не стане посилна од силата на Љубомор за да го победат со сложност, Мирко Попов е соколот на Скопје. Како и во песната „Море сокол пие, Вода на Вардаро… !” која беше инспирација за името на фестивалот. Програмата се состои од три вечери, кои ќе се реализираат во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар Лабораториум. На 20 април во едукативниот културен центар Лабораториум во 21 часот ќе настапат „Cobalt Code Unit“. Фракција од четири млади музички аскети, кои неуморно талкаат низ пространствата на јужнобалканските традиции на импровизирана и ритуална музика, контемплирајќи ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Имаат издадено два албуми „Rural“ и „Soilwork“ и еден видео албум „The Yadro Concert“. На 23 април во Македонската филхамонија, во 20 часот публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект „Мирисот на липите“ на Дуња Иванова со концерт на пијано и Тина Иванова, како автор на текст и наратор на приказна за липите на „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“... Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Како 44 издание за ПМГ Џез е албумот во живо од концерт на пијано на Иванова на музика од Пандевска, реализиран во рамки на програмата “Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“. Веднаш потоа во 21 часот следи концерт на Биг Бенд - музика на Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Кире Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал. На 27 април во Лабораториум, вечерта ќе започне со концерт на „Macedonian Free Society“. Нов креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачки израз и соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез музика, во состав: Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ, Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за „ПМГ Џез“, како 46 издание, излезе и првиот албум на „Macedonian Free Society“. Во 22 часот ќе започне настапот на „Поетроника“. Еден од највозбудливите музички проекти кој го иновира начинот на изведба на современа македонска поезија во форма на поетско-музички перформанс. Модерен и динамичен поглед врз македонската поезија интерпретирана од Оливер Митковски, еден од најголемите актери од средната генерација во придружба на современа електронска музика во авторство и изведба на Андреја Ристески-Салпе. Поетроника фрла ново светло на стиховите од Ацо Караманов, Гого Ивановски, Славко Јаневски, Игор Исаковски, па се до Горан Петрески, Владимир Лукаш, Оливера Ќорвезироска и Ѓоко Здравески. Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар Лабораториум. Концертниот настап „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажбата на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Програмата за 20 април е бесплатна.  

The post Петтото издание на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе понуди најквалитетна музичка понуда досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chetvrto-izdanie-na-festivalot-kraj-vardarot-dhez-ke-ponudi-najkvalitetna-muzichka-ponuda-dosega/ Tue, 02 May 2023 07:36:46 +0000 https://republika.mk/?p=635900

Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ ќе биде отворено на 18 мај. Трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Организаторите предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“ за развој на сцената на светска музика на Балканот, и соработува со еден од најрелевантните промотери на музика во земјава – „Аудиокултура“.

Во четврток на 18 мај, во 20 часот на малата сцена во Филхармонија, фестивалот ќе биде отворен со настап на Дамир Имери Трио (Македонија), тивка легенда на современата македонска музика. Тромбонист и мултиинструменталист, човек кој првите десетина години од својот работен век ги минува во МРТ, каде соработува со уметници од форматот на Драган Ѓаконовски - Шпато, Александар Џамбазов, Илија Пејовски... Настапувал на сите музички сцени низ земјава и соработувал со истакнати светски познати музичари: Душко Гојковиќ, Реј Чарлс и Џани Басо. Во триото, покрај него, членуваат и Ади Имери и Александар Ванчовски. Мајсторски третираат современ џез според сопствените афинитети и се добро познати во пософистицираните музички кругови.

Истата вечер, на фестивалот ќе настапат и Перфорто (Perforto) од Полска, со Ола Ржепка на пијано и Лукаш Марчинијак на електрична гитара. Гостувањето на Перфорто на „Крај Вардарот Џез Фестивал“ е поддржано во рамките на европскиот проект „МОСТ“ во програмата за размена на фестивали и се реализира во соработката со Катовице ЏезАрт Фестивал од Полска.

Перфорто е жичано дуо за електрична гитара и пијано, а користат и дополнителни инструменти од дрво, метал, хартија и други материјали. Во импровизацијата ги истражуваат физичките карактеристики на звукот, како што се висината, темброт, интензитетот и неговите последици во временска линија. Интензивно, деликатно, продорно и радикално музичко доживување.

Во петок на 19 мај, во 19 часот, во лобито на кино Фросина - МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“.

Од 21 часот во киното Фросина ќе се реализираат два концерти, на Букршлиев/Томевски и Кондовски/Дробицки (Македонија). Соработувајќи долги години како композитори и изведувачи во повеќе македонски џез ансамбли, Филип Букршлиев и Благојче Томевски успеаја да развијат телепатска вештина за музичка комуникација, благословена од необичната звучна палета, формирана од инструментите што ги користат: бас кларинет и гитара. Во оваа прилика ќе го промовираат материјалот од албумот „Something Lonely in the Bone“ (ПМГЏез, 2023 година). Настапот на „Кондовски/Дробицки“ е логична прогресија на нивните чести соработки, што резултираше со неколку изданија на ПМГЏез. Владан Дробицки (тромбонист) е еден од водечките џез музичари во земјата, додека Глигор Кондовски (виолина, електроника) исцртува езотерична фигура, лизгајќи се помеѓу класика, експеримент, џез, фотографија и филм.

Во сабота, во денсинг салата на МКЦ, во 21 часот ќе настапат „Ларта“ (Македонија), проектен состав на тапанарот Дино Милосављевиќ, кој, минатата година за „ПМГ Џез“ издаде прв самостоен албум „Fragments“, во соработка со долгогодишните пријатели Ѓоко Максимовски - бас, Васко Бојаџиски - саксофон и Владан Дробицки - тромбон. Милосављевиќ е еден од најистакнатите тапанари во регионов. Соработува со врвни и познати музичари и уметници, како „Сетстат“, „Кабадајас“, „Алшар“ - проект на Никола Коџабашија, „Беневентан трио“ и „Инфјус“. Милосављевиќ е еден од основачите на „Skopje Drum Talks“, првото здружение за едукација и поддршка на тапанари во земјава.

Фестивалското издание ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui) од Хрватска, загрепски квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, електроника и рокенрол. Уште со првиот албум од 2012 година, обезбедија култен статус на хрватската музичка сцена. Во 2017 снимија албум со џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија и композиција со легендарната дива Јосипа Лисац.

https://www.youtube.com/watch?v=WJ_V8c7R7ZU

Досега имаат издадено 6 студиски албуми. Седум пати се закитија со најпрестижната хрватска музичка награда „Порин“ во различни категории, и четири пати со наградата на независните музичките новинари Рок&Оф. Работат и музика за театар и за филм. Чуи ќе настапи во состав Тони Старешиниќ (клавијатури и електроника), Војкан Јациќ (саксофон и електроника), Иван Левачиќ (тапани) и Конрад Ловренчиќ (бас). Досега имаат настапувано на сите големи џез и рок фестивали низ Хрватска и Европа. Хрватската музичка критика ги доживува како моментално главна концертна атракција во нивната земја.

За затворањето на фестивалот, по 23 часот предвидена забава со ПМГЏез диџеј сет на Мирко Попов, во лобито на киното Фросина.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура. Фестивалот се реализира во соработка со МКЦ и Филхармонија, а негови партнери се Аудиокултура и Божиновски часовници и накит.

 

The post Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе понуди најквалитетна музичка понуда досега appeared first on Република.

]]>

Четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ ќе биде отворено на 18 мај. Трите фестивалски вечери ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар. Организаторите предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија. Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“ за развој на сцената на светска музика на Балканот, и соработува со еден од најрелевантните промотери на музика во земјава – „Аудиокултура“. Во четврток на 18 мај, во 20 часот на малата сцена во Филхармонија, фестивалот ќе биде отворен со настап на Дамир Имери Трио (Македонија), тивка легенда на современата македонска музика. Тромбонист и мултиинструменталист, човек кој првите десетина години од својот работен век ги минува во МРТ, каде соработува со уметници од форматот на Драган Ѓаконовски - Шпато, Александар Џамбазов, Илија Пејовски... Настапувал на сите музички сцени низ земјава и соработувал со истакнати светски познати музичари: Душко Гојковиќ, Реј Чарлс и Џани Басо. Во триото, покрај него, членуваат и Ади Имери и Александар Ванчовски. Мајсторски третираат современ џез според сопствените афинитети и се добро познати во пософистицираните музички кругови. Истата вечер, на фестивалот ќе настапат и Перфорто (Perforto) од Полска, со Ола Ржепка на пијано и Лукаш Марчинијак на електрична гитара. Гостувањето на Перфорто на „Крај Вардарот Џез Фестивал“ е поддржано во рамките на европскиот проект „МОСТ“ во програмата за размена на фестивали и се реализира во соработката со Катовице ЏезАрт Фестивал од Полска. Перфорто е жичано дуо за електрична гитара и пијано, а користат и дополнителни инструменти од дрво, метал, хартија и други материјали. Во импровизацијата ги истражуваат физичките карактеристики на звукот, како што се висината, темброт, интензитетот и неговите последици во временска линија. Интензивно, деликатно, продорно и радикално музичко доживување. Во петок на 19 мај, во 19 часот, во лобито на кино Фросина - МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“. Од 21 часот во киното Фросина ќе се реализираат два концерти, на Букршлиев/Томевски и Кондовски/Дробицки (Македонија). Соработувајќи долги години како композитори и изведувачи во повеќе македонски џез ансамбли, Филип Букршлиев и Благојче Томевски успеаја да развијат телепатска вештина за музичка комуникација, благословена од необичната звучна палета, формирана од инструментите што ги користат: бас кларинет и гитара. Во оваа прилика ќе го промовираат материјалот од албумот „Something Lonely in the Bone“ (ПМГЏез, 2023 година). Настапот на „Кондовски/Дробицки“ е логична прогресија на нивните чести соработки, што резултираше со неколку изданија на ПМГЏез. Владан Дробицки (тромбонист) е еден од водечките џез музичари во земјата, додека Глигор Кондовски (виолина, електроника) исцртува езотерична фигура, лизгајќи се помеѓу класика, експеримент, џез, фотографија и филм. Во сабота, во денсинг салата на МКЦ, во 21 часот ќе настапат „Ларта“ (Македонија), проектен состав на тапанарот Дино Милосављевиќ, кој, минатата година за „ПМГ Џез“ издаде прв самостоен албум „Fragments“, во соработка со долгогодишните пријатели Ѓоко Максимовски - бас, Васко Бојаџиски - саксофон и Владан Дробицки - тромбон. Милосављевиќ е еден од најистакнатите тапанари во регионов. Соработува со врвни и познати музичари и уметници, како „Сетстат“, „Кабадајас“, „Алшар“ - проект на Никола Коџабашија, „Беневентан трио“ и „Инфјус“. Милосављевиќ е еден од основачите на „Skopje Drum Talks“, првото здружение за едукација и поддршка на тапанари во земјава. Фестивалското издание ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui) од Хрватска, загрепски квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, електроника и рокенрол. Уште со првиот албум од 2012 година, обезбедија култен статус на хрватската музичка сцена. Во 2017 снимија албум со џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија и композиција со легендарната дива Јосипа Лисац. https://www.youtube.com/watch?v=WJ_V8c7R7ZU Досега имаат издадено 6 студиски албуми. Седум пати се закитија со најпрестижната хрватска музичка награда „Порин“ во различни категории, и четири пати со наградата на независните музичките новинари Рок&Оф. Работат и музика за театар и за филм. Чуи ќе настапи во состав Тони Старешиниќ (клавијатури и електроника), Војкан Јациќ (саксофон и електроника), Иван Левачиќ (тапани) и Конрад Ловренчиќ (бас). Досега имаат настапувано на сите големи џез и рок фестивали низ Хрватска и Европа. Хрватската музичка критика ги доживува како моментално главна концертна атракција во нивната земја. За затворањето на фестивалот, по 23 часот предвидена забава со ПМГЏез диџеј сет на Мирко Попов, во лобито на киното Фросина. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура. Фестивалот се реализира во соработка со МКЦ и Филхармонија, а негови партнери се Аудиокултура и Божиновски часовници и накит.  

The post Четврто издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе понуди најквалитетна музичка понуда досега appeared first on Република.

]]>
„Сетстат“ во проширен состав – оркестар ќе настапат вечерва на „Крај Вардарот Џез“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/setstat-vo-proshiren-sostav-orkestar-kje-nastapat-vecherva-na-kraj-vardarot-dzez/ Sat, 24 Sep 2022 08:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=553674

Втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија.

Настапуваат култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во невидено издание досега, во проширен состав-оркестар. Сетстат ќе се претстават со специјална селекција на музички материјал од својот три децениски опус, кој ќе биде наново аранжиран за ваков состав. Ова ќе биде единствен и прв настап од ваков тип поставен во Филхармонија. Сетстат имаат издадено 9 студиски албуми, а во очи на фестивалот ќе се појави нивниот нов, 10ти албум, насловен како „Соба 107“.

„Ние не сакаме да зборуваме за некаков „јубилеј“. Едноставно не се чувствуваме „престарени“ за оваа работа. Се уште сме деца. Наталоженото искуство од годините, па ако сакате и од децениите, ни дава можност само поинаку да ги гледаме работите. Го завршивме нашиот нов албум „Соба 107“ кој светлината на денот ќе ја дочека вечерва на концертот. Во настапот на Сетстат интегриравме четворица млади македонски џез музичари, кои најдоа свој израз при снимањето на новиот албум на „Соба 107“. Многу логично за нас беше да ги поканиме на заеднички настап. Морам да признаам дека енергијата со која тие ни пристапија за нас е исклучително инспиративна“, вели Владан Дробицки, лидер на џез формацијата Сетстат.

Во оваа специјална вечер, пред Сетстат Оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија.

Toka Shitet е уметничко име на Идриз Амети, кој има 4 студиски албуми зад себе. Како соло уметник свири на шаркија (традиционален балкански инструмент). Амети е присутен на музичката сцена од 1986 година и работи со различни бендови и уметници.

 

„Крај Вардарот Џез” е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, а оваа година е селектиран како еден од 10те фестивали од Балканот, кои ќе учествуваат во програмата за размена на Фестивали и клубови (FEX - Festival & Club Exchange Program), која се имплементира во рамки на платформата МОСТ музика (MOST music). Целта е да се поттикне музичкиот пазар на Балканот преку поврзување и поддршка на уметници, менаџери, фестивали и институции и да го доближи до светскиот музички пазар. Ова му овозможува на КВЏ во текот на 2023 година програмска соработка со Тандем фестивал од Европа во рамки на која ќе се овозможи гостување на домашни музичари на фестивалот во Европа и обратно, директна соработка помеѓу организаторите на обата фестивали, отворање нова мрежа на соработници со останатите учесници во програмата и секако поголема видливост и препознаеност на „Крај Вардарот Џез“ во поширокиот европски музички контекст. Работата на платформата МОСТ музика е поддржана од програмата Креативна Европа на ЕУ.

 

The post „Сетстат“ во проширен состав – оркестар ќе настапат вечерва на „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>

Втората фестивалска вечер на „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија. Настапуваат култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во невидено издание досега, во проширен состав-оркестар. Сетстат ќе се претстават со специјална селекција на музички материјал од својот три децениски опус, кој ќе биде наново аранжиран за ваков состав. Ова ќе биде единствен и прв настап од ваков тип поставен во Филхармонија. Сетстат имаат издадено 9 студиски албуми, а во очи на фестивалот ќе се појави нивниот нов, 10ти албум, насловен како „Соба 107“. „Ние не сакаме да зборуваме за некаков „јубилеј“. Едноставно не се чувствуваме „престарени“ за оваа работа. Се уште сме деца. Наталоженото искуство од годините, па ако сакате и од децениите, ни дава можност само поинаку да ги гледаме работите. Го завршивме нашиот нов албум „Соба 107“ кој светлината на денот ќе ја дочека вечерва на концертот. Во настапот на Сетстат интегриравме четворица млади македонски џез музичари, кои најдоа свој израз при снимањето на новиот албум на „Соба 107“. Многу логично за нас беше да ги поканиме на заеднички настап. Морам да признаам дека енергијата со која тие ни пристапија за нас е исклучително инспиративна“, вели Владан Дробицки, лидер на џез формацијата Сетстат. Во оваа специјална вечер, пред Сетстат Оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија. Toka Shitet е уметничко име на Идриз Амети, кој има 4 студиски албуми зад себе. Како соло уметник свири на шаркија (традиционален балкански инструмент). Амети е присутен на музичката сцена од 1986 година и работи со различни бендови и уметници.   „Крај Вардарот Џез” е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, а оваа година е селектиран како еден од 10те фестивали од Балканот, кои ќе учествуваат во програмата за размена на Фестивали и клубови (FEX - Festival & Club Exchange Program), која се имплементира во рамки на платформата МОСТ музика (MOST music). Целта е да се поттикне музичкиот пазар на Балканот преку поврзување и поддршка на уметници, менаџери, фестивали и институции и да го доближи до светскиот музички пазар. Ова му овозможува на КВЏ во текот на 2023 година програмска соработка со Тандем фестивал од Европа во рамки на која ќе се овозможи гостување на домашни музичари на фестивалот во Европа и обратно, директна соработка помеѓу организаторите на обата фестивали, отворање нова мрежа на соработници со останатите учесници во програмата и секако поголема видливост и препознаеност на „Крај Вардарот Џез“ во поширокиот европски музички контекст. Работата на платформата МОСТ музика е поддржана од програмата Креативна Европа на ЕУ.  

The post „Сетстат“ во проширен состав – оркестар ќе настапат вечерва на „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>
Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ настапува вечерва на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/svetski-poznatiot-pijanist-dejan-ilijikj-nastapuva-vecherva-na-festivalot-kraj-vardarot-dzez/ Fri, 23 Sep 2022 08:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=553389

Вечерва, со почеток во 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија започнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Фестивалот е во организација на дискографската куќа „ПМГЏез“.

На првата интернационална фестивалска вечер настапуваат Спејс Трио (Space Trio) од Бугарија и најреномираниот српски џез состав, Ејот (Eyot).

Дејан Илијиќ е светски познат пијанист и фронтмен на водечкиот српски џез состав „Ејот“, кои романтично и еклектично комбинираат џез со локални и светски етно мотиви. Ејот се најзафатениот српски џез ансамбл, според бројот и фреквентноста на настапите ширум светските џез арени.

Вечерва, покрај Ејот во рамки на фестивалот настапуваат и Спејс Трио, формација од добро познати музичари од бугарската вибрантна фри-импро сцена. Специјално за настапот во Скопје ќе им се придружи истакнатиот џез музичар од помладата генерација од Скопје, Дени Омерагиќ (Светлост, Одрон Ритуал Оркестар).

Втората фестивалска вечер ќе се одржи утревечер на 24 септември во Македонската филхармонија со концертен настап на сега веќе култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Публиката ќе има можност да ги слушне во проширен состав-оркестар. Во оваа специјална вечер, пред Сетстат Оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија.

Фестивалот се организира во соработка со Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, и се реализира со поддршка на Министерството за култура на Македонија.

 

The post Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ настапува вечерва на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва, со почеток во 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија започнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Фестивалот е во организација на дискографската куќа „ПМГЏез“. На првата интернационална фестивалска вечер настапуваат Спејс Трио (Space Trio) од Бугарија и најреномираниот српски џез состав, Ејот (Eyot). Дејан Илијиќ е светски познат пијанист и фронтмен на водечкиот српски џез состав „Ејот“, кои романтично и еклектично комбинираат џез со локални и светски етно мотиви. Ејот се најзафатениот српски џез ансамбл, според бројот и фреквентноста на настапите ширум светските џез арени. Вечерва, покрај Ејот во рамки на фестивалот настапуваат и Спејс Трио, формација од добро познати музичари од бугарската вибрантна фри-импро сцена. Специјално за настапот во Скопје ќе им се придружи истакнатиот џез музичар од помладата генерација од Скопје, Дени Омерагиќ (Светлост, Одрон Ритуал Оркестар). Втората фестивалска вечер ќе се одржи утревечер на 24 септември во Македонската филхармонија со концертен настап на сега веќе култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Публиката ќе има можност да ги слушне во проширен состав-оркестар. Во оваа специјална вечер, пред Сетстат Оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија. Фестивалот се организира во соработка со Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, и се реализира со поддршка на Министерството за култура на Македонија.  

The post Светски познатиот пијанист Дејан Илијиќ настапува вечерва на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>
Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pochnuva-festivalot-kraj-vardarot-dzez-vo-filharmonija/ Mon, 19 Sep 2022 12:32:58 +0000 https://republika.mk/?p=552248

Годинашното, трето по ред издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи на 23 и 24 септември во Филхармонија.

„Крај Вардарот Џез” е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, а оваа година е селектиран како еден од 10те фестивали од Балканот, кои ќе учествуваат во програмата за размена на Фестивали и клубови (FEX - Festival & Club Exchange Program), која се имплементира во рамки на платформата МОСТ музика (MOST music). Целта е да се поттикне музичкиот пазар на Балканот преку поврзување и поддршка на уметници, менаџери, фестивали и институции и да го доближи до светскиот музички пазар. Ова му овозможува на КВЏ во текот на 2023 година програмска соработка со Тандем фестивал од Европа во рамки на која ќе се овозможи гостување на домашни музичари на фестивалот во Европа и обратно, директна соработка помеѓу организаторите на обата фестивали, отворање нова мрежа на соработници со останатите учесници во програмата и секако поголема видливост и препознаеност на „Крај Вардарот Џез“ во поширокиот европски музички контекст. Работата на платформата МОСТ музика е поддржана од програмата Креативна Европа на ЕУ.

Идејни творци на „Крај Вардарот Џез“ се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов.

На денешната конференција за печат Попов истакна дека фестивалот произлегол од потребата да поддржат една нова генерација домашни музичари, чија музика во себе ги интегрира и балансира автохтониот и светски современ израз.

Со две изданија зад себе, и публика, која брои и до 2.000 посетители, „Крај Вардарот Џез” успеа да воспостави континуитет и стана еден од очекуваните годишни настани во Скопје. Фестивалот е една од активностите на „ПМГ Џез“ (суб-лејбл на издавачката куќа „ПМГ Рекордингс“), кој ги следи мисијата и работата на издавачката куќа со цел да воспостави континуирана, вибрантна и динамична џез сцена во нашата земја, вели Попов.

Заложбата на ПМГ Џез е, пред се, пронаоѓање, продукција, издавање и промоција на современа џез и етно (world) музика од домашни квалитетни автори.

Во пресрет на фестивалот, Дробицки истакна дека досега имаат издадено 34 изданија.

А покрај вообичаениот формат на издавање на ЦД и во дигитална форма, ПМГ Џез досега има и 2 изданија на винил (грамофонска плоча): музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 1” и „Стела” на Љубојна. Оваа година ќе се појави и третиот винил, музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 2 - Нов Бран”, вели Дробицки.

Првата, интернационална фестивалска вечер на 23 септември во Македонската филармонија ќе почне во 20 часот со извонредни музичари од регионот и настап на Спејс Трио (Space Trio) од Бугарија и најреномираниот српски џез состав, Ејот (Eyot) од Ниш.

Спејс Трио / Space Trio (Бугарија) е формација од добро познати музичари од бугарската вибрантна фри-импро сцена. Групата работи по принципот на „инстант композиција“ а ја води спонтаноста во изразот. Специјално за настапот во Скопје на составот ќе му се придружи истакнатиот џез музичар од помладата генерација од Скопје, Дени Омерагиќ (Светлост, Одрон Ритуал Оркестар).

EYOT (Србија) е најреномираниот српски џез состав во последнава деценија, во регионот и на светската сцена. Нивната музика претставува еклектичен звук помеѓу рок и џез, панк и амбиент, импресионизам и романтизам, во исто време цврсто потпирајќи се на традиционалната музика на Балканот и источна Европа.

Втората фестивалска вечер ќе се одржи на 24 септември во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот со концертен настап на сега веќе култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во досега невидено издание, во проширен состав-оркестар. Сетстат ќе се претстават со специјална селекција на музички материјал од својот три децениски опус, кој ќе биде наново аранжиран за ваков состав. Ова ќе биде единствен и прв настап од ваков тип поставен во Филхармонија. Сетстат имаат издадено 9 студиски албуми, а во очи на фестивалот ќе се појави нивниот нов, 10ти албум по ред.

Во оваа специјална вечер, пред Сетстат Оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија.

Фестивалот се организира во соработка со Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, и се реализира со поддршка на Министерството за култура на Македонија.

 

The post Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Годинашното, трето по ред издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи на 23 и 24 септември во Филхармонија. „Крај Вардарот Џез” е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, а оваа година е селектиран како еден од 10те фестивали од Балканот, кои ќе учествуваат во програмата за размена на Фестивали и клубови (FEX - Festival & Club Exchange Program), која се имплементира во рамки на платформата МОСТ музика (MOST music). Целта е да се поттикне музичкиот пазар на Балканот преку поврзување и поддршка на уметници, менаџери, фестивали и институции и да го доближи до светскиот музички пазар. Ова му овозможува на КВЏ во текот на 2023 година програмска соработка со Тандем фестивал од Европа во рамки на која ќе се овозможи гостување на домашни музичари на фестивалот во Европа и обратно, директна соработка помеѓу организаторите на обата фестивали, отворање нова мрежа на соработници со останатите учесници во програмата и секако поголема видливост и препознаеност на „Крај Вардарот Џез“ во поширокиот европски музички контекст. Работата на платформата МОСТ музика е поддржана од програмата Креативна Европа на ЕУ. Идејни творци на „Крај Вардарот Џез“ се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов. На денешната конференција за печат Попов истакна дека фестивалот произлегол од потребата да поддржат една нова генерација домашни музичари, чија музика во себе ги интегрира и балансира автохтониот и светски современ израз.
Со две изданија зад себе, и публика, која брои и до 2.000 посетители, „Крај Вардарот Џез” успеа да воспостави континуитет и стана еден од очекуваните годишни настани во Скопје. Фестивалот е една од активностите на „ПМГ Џез“ (суб-лејбл на издавачката куќа „ПМГ Рекордингс“), кој ги следи мисијата и работата на издавачката куќа со цел да воспостави континуирана, вибрантна и динамична џез сцена во нашата земја, вели Попов.
Заложбата на ПМГ Џез е, пред се, пронаоѓање, продукција, издавање и промоција на современа џез и етно (world) музика од домашни квалитетни автори. Во пресрет на фестивалот, Дробицки истакна дека досега имаат издадено 34 изданија.
А покрај вообичаениот формат на издавање на ЦД и во дигитална форма, ПМГ Џез досега има и 2 изданија на винил (грамофонска плоча): музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 1” и „Стела” на Љубојна. Оваа година ќе се појави и третиот винил, музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 2 - Нов Бран”, вели Дробицки.
Првата, интернационална фестивалска вечер на 23 септември во Македонската филармонија ќе почне во 20 часот со извонредни музичари од регионот и настап на Спејс Трио (Space Trio) од Бугарија и најреномираниот српски џез состав, Ејот (Eyot) од Ниш. Спејс Трио / Space Trio (Бугарија) е формација од добро познати музичари од бугарската вибрантна фри-импро сцена. Групата работи по принципот на „инстант композиција“ а ја води спонтаноста во изразот. Специјално за настапот во Скопје на составот ќе му се придружи истакнатиот џез музичар од помладата генерација од Скопје, Дени Омерагиќ (Светлост, Одрон Ритуал Оркестар). EYOT (Србија) е најреномираниот српски џез состав во последнава деценија, во регионот и на светската сцена. Нивната музика претставува еклектичен звук помеѓу рок и џез, панк и амбиент, импресионизам и романтизам, во исто време цврсто потпирајќи се на традиционалната музика на Балканот и источна Европа. Втората фестивалска вечер ќе се одржи на 24 септември во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот со концертен настап на сега веќе култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во досега невидено издание, во проширен состав-оркестар. Сетстат ќе се претстават со специјална селекција на музички материјал од својот три децениски опус, кој ќе биде наново аранжиран за ваков состав. Ова ќе биде единствен и прв настап од ваков тип поставен во Филхармонија. Сетстат имаат издадено 9 студиски албуми, а во очи на фестивалот ќе се појави нивниот нов, 10ти албум по ред. Во оваа специјална вечер, пред Сетстат Оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија. Фестивалот се организира во соработка со Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, и се реализира со поддршка на Министерството за култура на Македонија.  

The post Почнува фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи во Македонска филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dzez-festivalot-kraj-vardarot-dzez-kje-se-odrzi-vo-makedonska-filharmonija/ Wed, 07 Sep 2022 08:01:06 +0000 https://republika.mk/?p=548150

Годинашното, трето по ред издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи на 23 и 24 септември во Македонската филхармонија.

Идејни творци на фестивалот се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов.

„Крај Вардарот Џез” е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, кој веќе три години во континуитет на домашната публика и ги претставува најрецентните авторски остварувања, високо ценети и реномирани автори, но и млади, веќе наградувани и признaени таленти.

Фестивалот произлезе од потребата да поддржиме една нова генерација домашни музичари, чија музика во себе ги интегрира и балансира автохтониот и светски современ израз. Со две изданија зад себе, и публика, која брои и до 2.000 посетители, „Крај Вардарот Џез” успеа да воспостави континуитет и стана еден од очекуваните годишни настани во Скопје. Фестивалот е една од активностите на „ПМГ Џез“ (суб-лејбл на издавачката куќа „ПМГ Рекордингс“), кој ги следи мисијата и работата на издавачката куќа со цел да воспостави континуирана, вибрантна и динамична џез сцена во нашата земја. Заложбата на ПМГ Џез е, пред се, пронаоѓање, продукција, издавање и промоција на современа џез и етно (world) музика од домашни квалитетни автори. Досега има 34 изданија, а покрај вообичаениот формат на издавање на ЦД и во дигитална форма, ПМГ Џез досега има и 2 изданија на винил (грамофонска плоча): музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 1” и „Стела” на Љубојна. Оваа година ќе се појави и третиот винил, музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 2 - Нов Бран”, велат Попов и Дробицки.

Првата, интернационална фестивалска вечер на 23 септември во Македонската филармонија ќе почне во 20 часот со извонредни музичари од регионот и настап на Спејс Трио (Space Trio) од Бугарија и најреномираниот српски џез состав, Ејот (Eyot) од Ниш.

[caption id="attachment_548152" align="alignnone" width="1500"] EYOT[/caption]

Спејс Трио / Space Trio (Бугарија) е формација од добро познати музичари од бугарската вибрантна фри-импро сцена. Групата работи по принципот на „инстант композиција“ а ја води спонтаноста во изразот. Спејс Трио се современи слободни импровизатори и креатори на звук, неограничени од стил или класификација. Тоа се луѓе кои обрнуваат внимание на вибрациите, не како реакција на фиксирана идеална изведба, туку, како авантура и се чини, секогаш звучат различно. Членови на оваа формација се: Живко Братанов – пиано, Георги Ангелов – перкусии, Васил Хаџигрудев – контрабас. Специјално за настапот во Скопје на составот ќе му се придружи истакнатиот џез музичар од помладата генерација од Скопје, Дени Омерагиќ (Светлост, Одрон Ритуал Оркестар).

[caption id="attachment_548153" align="alignnone" width="2048"] Space Trio[/caption]

EYOT (Србија) е најреномираниот српски џез состав во последнава деценија, во регионот и на светската сцена. Фронтмен е виртуозот на клавир Дејан Илијиќ, а составот го комплетираат: Милош Војводиќ на тапани, Марко Стојилковиќ, бас и Слаѓан Миленковиќ на гитара. Нивната музика претставува еклектичен звук помеѓу рок и џез, панк и амбиент, импресионизам и романтизам, во исто време цврсто потпирајќи се на традиционалната музика на Балканот и источна Европа.

Втората фестивалска вечер ќе се одржи на 24 септември во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот со концертен настап на сега веќе култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во досега невидено издание, во проширен состав-оркестар. Сетстат ќе се претстават со специјална селекција на музички материјал од својот три децениски опус, кој ќе биде наново аранжиран за ваков состав. Ова ќе биде единствен и прв настап од ваков тип поставен во Филхармонија. Сетстат имаат издадено 9 студиски албуми, а во очи на фестивалот ќе се појави нивниот нов, 10ти албум по ред.

[caption id="attachment_548151" align="alignnone" width="1417"] Сетстат Оркестар[/caption]

Во оваа специјална вечер, пред Сетстат Оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија.

Toka Shitet е уметничко име на Идриз Амети, кој има 4 студиски албуми зад себе. Како соло уметник свири на шаркија (традиционален балкански инструмент). Амети е присутен на музичката сцена од 1986 година и работи со различни бендови и уметници.

Цената на билетот за една фестивалска вечер е 400 денари и можат да се купат на билетарата на Македонската филхармонија, која работи од 10 до 20 часот секој работен ден од понеделник до петок и во сабота од 10 до 14 часот.

Бројот на билетите е строго ограничен.

Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи во Македонска филхармонија appeared first on Република.

]]>

Годинашното, трето по ред издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи на 23 и 24 септември во Македонската филхармонија. Идејни творци на фестивалот се џез музичарот Владан Дробицки и музичарот и продуцент Мирко Попов. „Крај Вардарот Џез” е меѓународен фестивал на современ џез, светска и етно музика, кој веќе три години во континуитет на домашната публика и ги претставува најрецентните авторски остварувања, високо ценети и реномирани автори, но и млади, веќе наградувани и признaени таленти.
Фестивалот произлезе од потребата да поддржиме една нова генерација домашни музичари, чија музика во себе ги интегрира и балансира автохтониот и светски современ израз. Со две изданија зад себе, и публика, која брои и до 2.000 посетители, „Крај Вардарот Џез” успеа да воспостави континуитет и стана еден од очекуваните годишни настани во Скопје. Фестивалот е една од активностите на „ПМГ Џез“ (суб-лејбл на издавачката куќа „ПМГ Рекордингс“), кој ги следи мисијата и работата на издавачката куќа со цел да воспостави континуирана, вибрантна и динамична џез сцена во нашата земја. Заложбата на ПМГ Џез е, пред се, пронаоѓање, продукција, издавање и промоција на современа џез и етно (world) музика од домашни квалитетни автори. Досега има 34 изданија, а покрај вообичаениот формат на издавање на ЦД и во дигитална форма, ПМГ Џез досега има и 2 изданија на винил (грамофонска плоча): музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 1” и „Стела” на Љубојна. Оваа година ќе се појави и третиот винил, музичка компилација од различни изведувачи „Крај Вардарот Џез 2 - Нов Бран”, велат Попов и Дробицки.
Првата, интернационална фестивалска вечер на 23 септември во Македонската филармонија ќе почне во 20 часот со извонредни музичари од регионот и настап на Спејс Трио (Space Trio) од Бугарија и најреномираниот српски џез состав, Ејот (Eyot) од Ниш. [caption id="attachment_548152" align="alignnone" width="1500"] EYOT[/caption] Спејс Трио / Space Trio (Бугарија) е формација од добро познати музичари од бугарската вибрантна фри-импро сцена. Групата работи по принципот на „инстант композиција“ а ја води спонтаноста во изразот. Спејс Трио се современи слободни импровизатори и креатори на звук, неограничени од стил или класификација. Тоа се луѓе кои обрнуваат внимание на вибрациите, не како реакција на фиксирана идеална изведба, туку, како авантура и се чини, секогаш звучат различно. Членови на оваа формација се: Живко Братанов – пиано, Георги Ангелов – перкусии, Васил Хаџигрудев – контрабас. Специјално за настапот во Скопје на составот ќе му се придружи истакнатиот џез музичар од помладата генерација од Скопје, Дени Омерагиќ (Светлост, Одрон Ритуал Оркестар). [caption id="attachment_548153" align="alignnone" width="2048"] Space Trio[/caption] EYOT (Србија) е најреномираниот српски џез состав во последнава деценија, во регионот и на светската сцена. Фронтмен е виртуозот на клавир Дејан Илијиќ, а составот го комплетираат: Милош Војводиќ на тапани, Марко Стојилковиќ, бас и Слаѓан Миленковиќ на гитара. Нивната музика претставува еклектичен звук помеѓу рок и џез, панк и амбиент, импресионизам и романтизам, во исто време цврсто потпирајќи се на традиционалната музика на Балканот и источна Европа. Втората фестивалска вечер ќе се одржи на 24 септември во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот со концертен настап на сега веќе култните „Сетстат“, кои одбележуваат 30 години јубилеј од своето постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во досега невидено издание, во проширен состав-оркестар. Сетстат ќе се претстават со специјална селекција на музички материјал од својот три децениски опус, кој ќе биде наново аранжиран за ваков состав. Ова ќе биде единствен и прв настап од ваков тип поставен во Филхармонија. Сетстат имаат издадено 9 студиски албуми, а во очи на фестивалот ќе се појави нивниот нов, 10ти албум по ред. [caption id="attachment_548151" align="alignnone" width="1417"] Сетстат Оркестар[/caption] Во оваа специјална вечер, пред Сетстат Оркестар ќе настапи „Toka Shitet“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата Blla Blla Blla со соло изведба на авторска музика на шаркија. Toka Shitet е уметничко име на Идриз Амети, кој има 4 студиски албуми зад себе. Како соло уметник свири на шаркија (традиционален балкански инструмент). Амети е присутен на музичката сцена од 1986 година и работи со различни бендови и уметници. Цената на билетот за една фестивалска вечер е 400 денари и можат да се купат на билетарата на Македонската филхармонија, која работи од 10 до 20 часот секој работен ден од понеделник до петок и во сабота од 10 до 14 часот. Бројот на билетите е строго ограничен. Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура.

The post Џез фестивалот „Крај Вардарот Џез“ ќе се одржи во Македонска филхармонија appeared first on Република.

]]>
Вечерва почнува фестивалот „Крај Вардарот џез“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/vecherva-pochnuva-festivalot-kraj-vardarot-dzez-2/ Thu, 14 Apr 2022 07:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=488220

Два концерта на македонските музички состави „Стој, После!“ и „Кантон6“ во реализација на „ПМГ Џез“ ќе се одржат вечерва во Макка бар, со што ќе се обележи почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“.

„ПМГ Џез“ посочија дека младиот и талентиран Мартин Џорлев од составот „Стој, После!“, денеска прв пат по издавањето на својот прв албум „Умре ти, се родив јас“ ќе може да проследиме дел од интересно музичко патување.

Тие појаснија дека албумот се состои од четири делови: доживување/дознавање, сеќавање/истражување, шум шума загуба и псалм, и е достапен за преслушување на Јутјуб каналот на составот.

На концертот ќе се претстави и електро-етно-џез составот „Катнон6“. Во состав на веќе признатите музичари и културни дејци Мирко Попов, Синиша Евтимов и Владан Дробицки ќе можете да слушнете дел од композициите кои се најдоа на последниот студиски албум „#Џезас“, кој музички не води низ различни мистични, епски и историски трансформации и доживувања поврзани со вистината за настанокот на џезот и неговата 500.000 годишно постоење како македонска традиционална музика, додадоа организаторите.

The post Вечерва почнува фестивалот „Крај Вардарот џез“ appeared first on Република.

]]>

Два концерта на македонските музички состави „Стој, После!“ и „Кантон6“ во реализација на „ПМГ Џез“ ќе се одржат вечерва во Макка бар, со што ќе се обележи почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“. „ПМГ Џез“ посочија дека младиот и талентиран Мартин Џорлев од составот „Стој, После!“, денеска прв пат по издавањето на својот прв албум „Умре ти, се родив јас“ ќе може да проследиме дел од интересно музичко патување. Тие појаснија дека албумот се состои од четири делови: доживување/дознавање, сеќавање/истражување, шум шума загуба и псалм, и е достапен за преслушување на Јутјуб каналот на составот. На концертот ќе се претстави и електро-етно-џез составот „Катнон6“. Во состав на веќе признатите музичари и културни дејци Мирко Попов, Синиша Евтимов и Владан Дробицки ќе можете да слушнете дел од композициите кои се најдоа на последниот студиски албум „#Џезас“, кој музички не води низ различни мистични, епски и историски трансформации и доживувања поврзани со вистината за настанокот на џезот и неговата 500.000 годишно постоење како македонска традиционална музика, додадоа организаторите.

The post Вечерва почнува фестивалот „Крај Вардарот џез“ appeared first on Република.

]]>
Два концерта на „ПМГ Џез“ на почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/dva-koncerta-na-pmg-dzez-na-pochetokot-na-dzez-festivalot-kraj-vardarot-dzez/ Thu, 14 Apr 2022 07:18:23 +0000 https://republika.mk/?p=488180

Два концерта на македонските музички состави „Стој, После!“ и „Кантон6“ во реализација на „ПМГ Џез“ ќе се одржат вечерва во Макка бар, со што ќе се обележи почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“.

„ПМГ Џез“ посочија дека младиот и талентиран Мартин Џорлев од составот „Стој, После!“, денеска прв пат по издавањето на својот прв албум „Умре ти, се родив јас“ ќе може да проследиме дел од интересно музичко патување.

Тие појаснија дека албумот се состои од четири делови: доживување/дознавање, сеќавање/истражување, шум шума загуба и псалм, и е достапен за преслушување на Јутјуб каналот на составот.

На концертот ќе се претстави и електро-етно-џез составот „Катнон6“. Во состав на веќе признатите музичари и културни дејци Мирко Попов, Синиша Евтимов и Владан Дробицки ќе можете да слушнете дел од композициите кои се најдоа на последниот студиски албум „#Џезас“, кој музички не води низ различни мистични, епски и историски трансформации и доживувања поврзани со вистината за настанокот на џезот и неговата 500.000 годишно постоење како македонска традиционална музика, додадоа организаторите.

 

The post Два концерта на „ПМГ Џез“ на почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“ appeared first on Република.

]]>

Два концерта на македонските музички состави „Стој, После!“ и „Кантон6“ во реализација на „ПМГ Џез“ ќе се одржат вечерва во Макка бар, со што ќе се обележи почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“. „ПМГ Џез“ посочија дека младиот и талентиран Мартин Џорлев од составот „Стој, После!“, денеска прв пат по издавањето на својот прв албум „Умре ти, се родив јас“ ќе може да проследиме дел од интересно музичко патување. Тие појаснија дека албумот се состои од четири делови: доживување/дознавање, сеќавање/истражување, шум шума загуба и псалм, и е достапен за преслушување на Јутјуб каналот на составот.
На концертот ќе се претстави и електро-етно-џез составот „Катнон6“. Во состав на веќе признатите музичари и културни дејци Мирко Попов, Синиша Евтимов и Владан Дробицки ќе можете да слушнете дел од композициите кои се најдоа на последниот студиски албум „#Џезас“, кој музички не води низ различни мистични, епски и историски трансформации и доживувања поврзани со вистината за настанокот на џезот и неговата 500.000 годишно постоење како македонска традиционална музика, додадоа организаторите.
 

The post Два концерта на „ПМГ Џез“ на почетокот на џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“ appeared first on Република.

]]>