Крај Вардарот џез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kraj-vardarot-dhez/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Apr 2024 08:18:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Крај Вардарот џез Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kraj-vardarot-dhez/ 32 32 Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontserti-na-macedonian-free-society-i-poetronika-na-poslednata-festivalska-vecher-od-kraj-vardarot-dhez-2/ Sat, 27 Apr 2024 08:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=771604

Последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“, во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот со концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“.

„Macedonian Free Society“ е составен од Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за ПМГ Џез, како 46 издание, излезе и нивниот прв албум.

„Поетроника“ е поетско-музички перформанс во симбиоза со авторска електронска музика, изведена во живо во од актерот Оливер Митковски и Андреја Ристески – Салпе, автор и продуцент, еден од водечките современи македонски електронски артисти.

Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар „Лабораториум“.

The post Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>

Последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“, во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот со концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“. „Macedonian Free Society“ е составен од Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за ПМГ Џез, како 46 издание, излезе и нивниот прв албум. „Поетроника“ е поетско-музички перформанс во симбиоза со авторска електронска музика, изведена во живо во од актерот Оливер Митковски и Андреја Ристески – Салпе, автор и продуцент, еден од водечките современи македонски електронски артисти. Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар „Лабораториум“.

The post Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“ appeared first on Република.

]]>
Викендов почнува „Крај Вардарот Џез“: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vikendov-pochnuva-kraj-vardarot-dhez-tri-festivalski-vecheri-i-pet-kontsertni-nastapi-koi-koketiraat-so-avangardni-stilovi/ Thu, 18 Apr 2024 11:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=767516

Денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа конференција за печат во пресрет на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, кој ќе се одржи од 20 до 27 април. Програмата се состои од 3 вечери и 5 концертни настапи, кои ќе се реализираат во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар Лабораториум.

Годинашното издание ќе се одржи во чест на Мирко Попов, кој заедно со Владан Дробицки се идејни творци на фестивалот. Со голема жар и посветеност Попов и Дробицки работеа на програмата на годинашниот фестивал, чија реализација не успеа да ја дочека.

„Иновативноста во градење на фестивалската програма е присутна како во творештвото на авторите кои настапуваат на фестивалот, така и во начинот на презентација на нивната музика. Ова е особено евидентно во годинашното фестивалско издание преку интердисциплинарниот пристап на програмата која ги надминуваат границите на уметничките дисциплини и музичките жанрови спојувајќи џез, електроника, современа музика, поезија и проза“, рече Виолета Качакова, дел од тимот на КВЏ.

„Фестивалот е тесно поврзан со дискографската куќа „ПМГ Џез“. Со 47 изданија македонска џез, светска и современа музика, освен како издавачи, континуирано организираме концертни и слушачки промоции. Домашната музика станува достапна до меѓународни музички професионалци и куратори, кои го признаваат нејзиниот квалитет, преку низа награди за најдобри џез албуми и композиции на дел од изданијата за ПМГ Џез, доделени од музичките платформи „Bandcamp“ и „All About Jazz“. Непосредно пред почетокот на фестивалот „ПМГ Џез“ излезе со 3 нови изданија на изведувачи, кои ќе настапат на фестивалот“, објасни Качакова.

На самото отворање на 20 април, во Лабораториум, во 21 часот ќе настапат „Cobalt Code Unit“, фракција од четири млади музички аскети, кои успеваат да ја спојат традицијата, современиот џез, африканскиот бит и бучавата на индустрискиот метеж.

На 23 април во Македонската филхамонија, во 20 часот, публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект „Мирисот на липите“ на Дуња Иванова на пијано и Тина Иванова, како автор на текст и наратор на приказна.

„Иницијална каписла за овој проект се заедничките спомени со сестра ми Тина и мирисот на липите, кој не потсетува на нашето детство и заедничката потреба да создадеме нешто храбро“, рече Дуња Иванова.

Веднаш потоа во 21 часот следи концерт на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски со музика на еден од стожерите на современата џез композиција - Кире Костов.

„Се што научив за музиката и свирењето научив од Шпато и од Кире Костов и многу сум врзан за неговото творештво. Владан и Мирко направија избор од негови компизиции, кои под мојата палка ќе ги изведе Биг бендот“, изјави Мирковски.

На 27 април во Лабораториум, во 21 часот, вечерта ќе започне со концерт на „Macedonian Free Society“, нов креативен, (о)слободен, инспиративен, предизвикувачки израз и соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез музика. Во 22 часот ќе започне настапот на „Поетроника“. Еден од највозбудливите проекти кој во форма на поетско-музички перформанс ја спојува македонската поезија со современа електронска музика. Модерен и динамичен поглед врз македонската поезија интерпретирана од актерот Оливер Митковски, во придружба на современа електронска музика во авторство и изведба на Андреја Ристески-Салпе.

„Музиката и поезијата се во совршена симбиоза. Музиката на Салпе, иако е електронска има елементи и на џез и етно. Тој креира совршена таписерија од звуци, а нарацијата, поезијата ги крши сите клишеа. Целта ни беше да се сруши баналниот начин на интерпретација на поезија“, изјави Митковски.

Дробицки, кој заедно со Попов ја креираа програмата за годинашниов фестивал, вели дека основна водилка им била: „Да понудиме програма, која ќе се разликува од се што работевме досега – храбра и оригинална музика. Промовираме нови проекти, кои кокетираат со авангардните музички стилови- „Кобалт Код Унит“ и „Маседониан Фри Сосајати“. Со „Поетроника“ ни се виде интересен спојот на избрана македонска поезија и музичка подлога, сублимат на модерни електронски стилови. Како контраст, избравме камерен концерт со музика на една од најпродуктивните македонски композиторки Ана Пандевска во изведба на Дуња Иванова и надополнета со текст и нарација на Тина Иванова. Едновремено, му оддаваме почит на еден од најголемите македонски музичари, кој творел и работел во областа на џезот и оставил огромна трага во современата поп музика, господинот Кире Костов“, вели Дробицки.

Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажбата на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Програмата за 20 април е бесплатна. Билетите се достапни на следниве линкови:https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzblok24 (за блок карта)

https://bileti.mk/e/krajvardarotjazz24 (за 23 април)

https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzfest24 (за 27 април)

Фото: Димитар Апостолов

The post Викендов почнува „Крај Вардарот Џез“: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови appeared first on Република.

]]>

Денеска во едукативниот културен центар „Лабораториум“ се одржа конференција за печат во пресрет на петтото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“, кој ќе се одржи од 20 до 27 април. Програмата се состои од 3 вечери и 5 концертни настапи, кои ќе се реализираат во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар Лабораториум.   Годинашното издание ќе се одржи во чест на Мирко Попов, кој заедно со Владан Дробицки се идејни творци на фестивалот. Со голема жар и посветеност Попов и Дробицки работеа на програмата на годинашниот фестивал, чија реализација не успеа да ја дочека. „Иновативноста во градење на фестивалската програма е присутна како во творештвото на авторите кои настапуваат на фестивалот, така и во начинот на презентација на нивната музика. Ова е особено евидентно во годинашното фестивалско издание преку интердисциплинарниот пристап на програмата која ги надминуваат границите на уметничките дисциплини и музичките жанрови спојувајќи џез, електроника, современа музика, поезија и проза“, рече Виолета Качакова, дел од тимот на КВЏ. „Фестивалот е тесно поврзан со дискографската куќа „ПМГ Џез“. Со 47 изданија македонска џез, светска и современа музика, освен како издавачи, континуирано организираме концертни и слушачки промоции. Домашната музика станува достапна до меѓународни музички професионалци и куратори, кои го признаваат нејзиниот квалитет, преку низа награди за најдобри џез албуми и композиции на дел од изданијата за ПМГ Џез, доделени од музичките платформи „Bandcamp“ и „All About Jazz“. Непосредно пред почетокот на фестивалот „ПМГ Џез“ излезе со 3 нови изданија на изведувачи, кои ќе настапат на фестивалот“, објасни Качакова.   На самото отворање на 20 април, во Лабораториум, во 21 часот ќе настапат „Cobalt Code Unit“, фракција од четири млади музички аскети, кои успеваат да ја спојат традицијата, современиот џез, африканскиот бит и бучавата на индустрискиот метеж. На 23 април во Македонската филхамонија, во 20 часот, публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект „Мирисот на липите“ на Дуња Иванова на пијано и Тина Иванова, како автор на текст и наратор на приказна. „Иницијална каписла за овој проект се заедничките спомени со сестра ми Тина и мирисот на липите, кој не потсетува на нашето детство и заедничката потреба да создадеме нешто храбро“, рече Дуња Иванова. Веднаш потоа во 21 часот следи концерт на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски со музика на еден од стожерите на современата џез композиција - Кире Костов. „Се што научив за музиката и свирењето научив од Шпато и од Кире Костов и многу сум врзан за неговото творештво. Владан и Мирко направија избор од негови компизиции, кои под мојата палка ќе ги изведе Биг бендот“, изјави Мирковски.   На 27 април во Лабораториум, во 21 часот, вечерта ќе започне со концерт на „Macedonian Free Society“, нов креативен, (о)слободен, инспиративен, предизвикувачки израз и соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез музика. Во 22 часот ќе започне настапот на „Поетроника“. Еден од највозбудливите проекти кој во форма на поетско-музички перформанс ја спојува македонската поезија со современа електронска музика. Модерен и динамичен поглед врз македонската поезија интерпретирана од актерот Оливер Митковски, во придружба на современа електронска музика во авторство и изведба на Андреја Ристески-Салпе. „Музиката и поезијата се во совршена симбиоза. Музиката на Салпе, иако е електронска има елементи и на џез и етно. Тој креира совршена таписерија од звуци, а нарацијата, поезијата ги крши сите клишеа. Целта ни беше да се сруши баналниот начин на интерпретација на поезија“, изјави Митковски. Дробицки, кој заедно со Попов ја креираа програмата за годинашниов фестивал, вели дека основна водилка им била: „Да понудиме програма, која ќе се разликува од се што работевме досега – храбра и оригинална музика. Промовираме нови проекти, кои кокетираат со авангардните музички стилови- „Кобалт Код Унит“ и „Маседониан Фри Сосајати“. Со „Поетроника“ ни се виде интересен спојот на избрана македонска поезија и музичка подлога, сублимат на модерни електронски стилови. Како контраст, избравме камерен концерт со музика на една од најпродуктивните македонски композиторки Ана Пандевска во изведба на Дуња Иванова и надополнета со текст и нарација на Тина Иванова. Едновремено, му оддаваме почит на еден од најголемите македонски музичари, кој творел и работел во областа на џезот и оставил огромна трага во современата поп музика, господинот Кире Костов“, вели Дробицки. Фестивалот е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и Лабораториум. Концертот „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажбата на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Програмата за 20 април е бесплатна. Билетите се достапни на следниве линкови:https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzblok24 (за блок карта) https://bileti.mk/e/krajvardarotjazz24 (за 23 април) https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzfest24 (за 27 април)   Фото: Димитар Апостолов      

The post Викендов почнува „Крај Вардарот Џез“: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови appeared first on Република.

]]>
„Крај Вардарот џез“: Три фестивалски вечери со најквалитетна и најразновидна програма и неколку промоции на нови музички изданија https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kraj-vardarot-dhez-tri-festivalski-vecheri-so-najkvalitetna-i-najraznovidna-programa-i-nekolku-promotsii-na-novi-muzichki-izdanija/ Wed, 17 May 2023 11:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=641731

Утревечер, почнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“ во организација на дискографската куќа „ПМГ Џез“ и ќе трае до 20 мај.

Организаторите на фестивалот на денешната конференција за печат ја најавија програмата за трите фестивалски вечери, кои ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар и предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија.

Ми се чини дека нашиот фестивал полека почнува да добива облик, па и да стои на сопствени нозе. Четврто издание, најквалитетна и најразновидна понуда досега, атрактивни гости, цврста автентична домашна програма, како директен одраз на работата на нашата дискографска куќа. Фестивалот активно соработува со европската програма МОСТ, локалните културни оператери „Аудиокултура“, а се јавуваат и други потенцијални соработници. Полека, но сигурно, обликуваме нешто препознатливо, нашата визија е се појасна и за нас и за публиката. Одиме напред“, истакна Мирко Попов, кооорганизатор на фестивалот.

Фестивалот ќе биде отворен утревечер, во 20 часот на малата сцена во Филхармонија со настап на Дамир Имери Трио (Р.Македонија). Тромбонистот Имери е тивка легенда на современата македонска музика. Во триото, покрај него, членуваат и Ади Имери и Ратко Даутовски. Истата вечер, на фестивалот ќе настапат Перфорто (Perforto) од Полска, со Ола Ржепка на пијано и Лукаш Марчинијак на електрична гитара. Гостувањето на Перфорто на „Крај Вардарот Џез Фестивал“ е поддржано во рамките на европскиот проект „МОСТ“ во програмата за размена на фестивали и се реализира во соработката со Катовице ЏезАрт Фестивал од Полска.

Во петок на 19 мај, во 19 часот, во лобито на кино Фросина - МКЦ во рамки на „Крај Вардарот Сесии со Аудиокултура“ ќе биде промовирано најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“. Веднаш потоа, од 21 часот во киното Фросина ќе се реализираат два концерти, Филип Букршлиев/Благојче Томевски (Р.Македонија)на бас кларинет и гитара и настап на Глигор Кондовски/Владан Дробицки (Р.Македонија) на виолина, електроника и тромбон.

Во сабота, во денсинг салата на МКЦ, во 21 часот ќе настапат „Ларта“ (Р.Македонија), проектен состав на тапанарот Дино Милосављевиќ. Фестивалското издание ќе се заокружи со ѕвездите на фестивалот „Чуи“ (Chui) од Хрватска, загрепски квартет, чија визија е спој на џез со современа клупска танцова музика, електроника и рокенрол. Досега имаат издадено 6 студиски албуми. Седум пати се закитија со најпрестижната хрватска музичка награда „Порин“ во различни категории, и четири пати со наградата на независните музичките новинари „Рок&Оф“. Соработуваа со џез оркестарот на Хрватската Радио Телевизија и направија композиција со легендарната дива Јосипа Лисац. Чуи ќе настапи во состав: Тони Старешиниќ (клавијатури и електроника), Војкан Јациќ (саксофон и електроника), Иван Левачиќ (тапани) и Конрад Ловренчиќ (бас).

За затворањето на фестивалот, по 23 часот предвидена забава со ПМГЏез диџеј сет на Мирко Попов, во лобито на киното Фросина.

Како организатори, не израдува вибрантноста на домашната сцена. Едноставно немаше можности за концертна презентација на сите аудио остварувања на ПМГЏез. Моравме да направиме избор од четири проекти реализирани изминатата година. Успеавме да го поканиме за настап, во моментот најжешкиот хрватски џез состав ЧУИ, кој само пред некоја недела освоил три ПОРИН награди (имаат вкупно седум ). Не израдува понудата на нашиот полски партнер од проектот -програма за размена на фестивали, така што составувањето на музичката програма беше мошне едноставно, вели Владан Дробицки, коорганизатор на „Крај Вардарот Џез“.

Фестивалот е дел од програмата за размена на фестивали („FEX-Festival Exchange“) на европскиот проект „МОСТ“ за развој на сцената на светска музика на Балканот, и соработува со еден од најрелевантните промотери на музика во земјава – „Аудиокултура“, а поддржан е од Министерство за култура на Република Македонија.

Дизајн за визуелните решенија на фестивалот ги направи Виолета Качакова.  

The post „Крај Вардарот џез“: Три фестивалски вечери со најквалитетна и најразновидна програма и неколку промоции на нови музички изданија appeared first on Република.