крај на војната со украина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kraj-na-vojnata-so-ukraina/ За подобро да се разбереме Sun, 09 Apr 2023 15:26:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крај на војната со украина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kraj-na-vojnata-so-ukraina/ 32 32 Папата Франциск побара да се стави крај на војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papata-frantsisk-pobara-da-se-stavi-kraj-na-vojnata-vo-ukraina/ Sun, 09 Apr 2023 15:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=629069

Во својата велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi), поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги осуди нападите на Блискиот Исток, повика да се стави крај на војната во Украина, а ги спомена и настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.

Папата се обрати пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, и ја изрази својата силна загриженост поради неодамнешното интензивирање на нападите на Блискиот Исток, кои, според него, го загрозуваат дијалогот меѓу Израелците и Палестинците. И годинава една од главните пораки на папата беше за Украина кој ја повика меѓународната заедница да стави крај војната, како и на сите крвави конфликти во светот.

Утешете ги ранетите и оние кои ги загубија своите најблиски поради оваа војна и погрижете се заробениците да се вратат живи и здрави во своите семејства, рече папата Франциск.

Тој ги спомена и жртвите од земјотресот што ги погоди Турција и Сирија во февруари, во кој загинаа повеќе од 56.000 луѓе, а штетата се проценува на стотици милијарди евра. Пред пораката, Папата ја предводеше велигденската миса и во својот папамобил помина низ луѓето собрани на плоштадот Свети Петар, благословувајќи ги верниците во топла атмосфера.

The post Папата Франциск побара да се стави крај на војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Во својата велигденска порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi), поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги осуди нападите на Блискиот Исток, повика да се стави крај на војната во Украина, а ги спомена и настраданите во земјотресите во Турција и Сирија. Папата се обрати пред околу 100.000 верници на плоштадот Свети Петар во Ватикан, и ја изрази својата силна загриженост поради неодамнешното интензивирање на нападите на Блискиот Исток, кои, според него, го загрозуваат дијалогот меѓу Израелците и Палестинците. И годинава една од главните пораки на папата беше за Украина кој ја повика меѓународната заедница да стави крај војната, како и на сите крвави конфликти во светот.