крај на пандемијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kraj-na-pandemijata/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Apr 2023 20:29:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png крај на пандемијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kraj-na-pandemijata/ 32 32 Германија прогласи крај на пандемијата на коронавирусот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-proglasi-kraj-na-pandemijata-na-koronavirusot/ Wed, 05 Apr 2023 20:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=627716

Пандемијата на коронавирус во Германија заврши, изјави министерот за здравство, епидемиологот Карл Лотербах.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Лотербах на прес-конференцијата рече дека таа проценка ја направил врз основа на увид во варијанти на вируси, стапки на вакцинација и болнички случаи, пренесува Политико.

Успешно ја надминавме пандемијата во Германија и со добри резултати, изјави Лотербах.

Тој рече дека може да разбере дека има интерес да се праша што тргнало наопаку за време на кризата, но тврди дека германската стратегија во целина успеала, бидејќи сите предизвици биле надминати.

Тој, сепак, додаде дека има некои работи кои, гледајќи наназад, требало да се направат поинаку и прецизира дека сега смета дека долгото затворање на училиштата не било толку потребно.

Владиниот стручен совет за коронавирусот последен пат заседаваше во вторник, а од петок престануваат да важат последните мерки, вклучително и задолжителното носење маски во здравствените установи.

 

The post Германија прогласи крај на пандемијата на коронавирусот appeared first on Република.

]]>

Пандемијата на коронавирус во Германија заврши, изјави министерот за здравство, епидемиологот Карл Лотербах. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Лотербах на прес-конференцијата рече дека таа проценка ја направил врз основа на увид во варијанти на вируси, стапки на вакцинација и болнички случаи, пренесува Политико. Успешно ја надминавме пандемијата во Германија и со добри резултати, изјави Лотербах. Тој рече дека може да разбере дека има интерес да се праша што тргнало наопаку за време на кризата, но тврди дека германската стратегија во целина успеала, бидејќи сите предизвици биле надминати. Тој, сепак, додаде дека има некои работи кои, гледајќи наназад, требало да се направат поинаку и прецизира дека сега смета дека долгото затворање на училиштата не било толку потребно. Владиниот стручен совет за коронавирусот последен пат заседаваше во вторник, а од петок престануваат да важат последните мерки, вклучително и задолжителното носење маски во здравствените установи.  

The post Германија прогласи крај на пандемијата на коронавирусот appeared first on Република.

]]>
СЗО денес може да прогласи крај на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-denes-mozhe-da-proglasi-kraj-na-pandemijata/ Fri, 27 Jan 2023 12:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=601633

Светската здравствена организација (СЗО) денес одржува состанок, 14-ти откако за првпат се појави коронавирусот, а нивниот итен одбор за ковид-19 би можел да му предложи на Генералното собрание укинување на пандемијата, речиси три години откако беше прогласена. Иако одлуката мора да ја донесе главниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус, тој до сега доследно ги следеше советите на одборот во текот на целата пандемија.

Иако нема да ги игнорирам советите на одборот за итни ситуации, и понатаму сум многу загрижен поради ситуацијата во многу земји и сè поголемиот број смртни случаи“, кажа Гебрејесус.

Шефот на СЗО особено се осврна на неодамнешниот пораст на случаите на ковид во Кина, каде во последните два месеци се забележани најмалку 170.000 смртни случаи.

Комисија ќе разгледа дали состојбата со вирусот е сè уште сериозна. Иако пандемијата и понатаму е сериозна, во последните три години дојде до значително подобрување во заштитата на луѓето од вирусот, и со брзи антигенски тестови, лекови и вакцини.

Повеќе од две третини од светската популација досега примиле барем една доза вакцина против ковид. Се очекува комисијата својата одлука да ја објави на 30 јануари.

The post СЗО денес може да прогласи крај на пандемијата appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) денес одржува состанок, 14-ти откако за првпат се појави коронавирусот, а нивниот итен одбор за ковид-19 би можел да му предложи на Генералното собрание укинување на пандемијата, речиси три години откако беше прогласена. Иако одлуката мора да ја донесе главниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус, тој до сега доследно ги следеше советите на одборот во текот на целата пандемија.
Иако нема да ги игнорирам советите на одборот за итни ситуации, и понатаму сум многу загрижен поради ситуацијата во многу земји и сè поголемиот број смртни случаи“, кажа Гебрејесус.
Шефот на СЗО особено се осврна на неодамнешниот пораст на случаите на ковид во Кина, каде во последните два месеци се забележани најмалку 170.000 смртни случаи. Комисија ќе разгледа дали состојбата со вирусот е сè уште сериозна. Иако пандемијата и понатаму е сериозна, во последните три години дојде до значително подобрување во заштитата на луѓето од вирусот, и со брзи антигенски тестови, лекови и вакцини. Повеќе од две третини од светската популација досега примиле барем една доза вакцина против ковид. Се очекува комисијата својата одлука да ја објави на 30 јануари.

The post СЗО денес може да прогласи крај на пандемијата appeared first on Република.

]]>