КП Центар Јадро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kp-centar-jadro/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Nov 2022 08:06:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png КП Центар Јадро Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kp-centar-jadro/ 32 32 Групна изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ од вечерва во КП Центар-Јадро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/grupna-izlozba-mesta-na-darezlivost-transformativni-stanici-od-vecherva-vo-kp-centar-jadro/ Fri, 18 Nov 2022 08:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=575216

КЦП Центар-Јадро вечерва со почеток во 20 часот ја отвора на групната изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ (ЛИНК) на која ќе бидат претставени проектите:

„Создаваме град, градиме иднина“! на Културно ЕХО
„Човеколики неволи“ на Ивана Мирчевска
„Заедно дишеме“на Симона Манчева
„Добро.Подобро.ЧИСТО!“ на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски
„Лета, лета, Локубија“ на Елена Чемерска

ЗА ПРОЕКТОТ „Места на дарежливост -трансформативни станици“

 

Земајќи го предвид фактот дека уметниците во нашата земја работат и делуваат во затворени кругови на реципиенти на нивната продукција и тоа дека тие низ своите проекти не делуваат доволно во насока на развивање на уметнички содржини што би имале поголем социјален импакт во општеството, преку проектот „Места на дарежливост -трансформативни станици“ сакавме да создадеме простор за поттикнување на креативните потенцијали кај уметниците и другите целни групи користејќи нови методологии, тактики и вештини кои се поврзани со социјално ангажираната уметност со цел да се овозможи успешно активно делување и проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво.

Уметноста има сѐ поголема улога при воведувањето на политичките и социјалните прашања во јавната сфера. Уметноста со своите средства и можности ја развива стратегијата за свесна етичка политика во уметничката продукција. Денес ова може да се дефинира со создавање на заедништво преку заедничко авторство и со еманципациски потенцијал на колективните методи, како основа за уметничкото творештво – нешто што ги надминува различните нивоа на класа, пол, образование, професии, социјална и политичка наобразба и животно искуство. Нешто што нѐ истиснува од зоната на удобност. Без оглед на гео-политичкиот аспект, знакот на уметничката ориентација кон општественото односно политичкото е некаков заеднички склоп на желби, за да се одврзе традиционалната врска помеѓу уметничкиот предмет, уметникот и публиката.

Во контекст на партиципативната уметност, уметникот се оддалечува од идејата на индивидуален продуцент и повеќе се придвижува кон идејата на некој кој создава услови за реализација на уметничко дело. Ова може да се дефинира како еден вид на социјален преврат, кој во својот есеј „Социјален пресврт: Соработка и нејзините задоволства“ крајно прецизно го дефинира историчарката на уметност Клер Бишоп. „Уметноста, која може да се разбере во контекст на идејата за општествен пресврт, обично се случува надвор од музеите односно галериите. Овие проекти обично се во соработка односно се партиципативни и се насочени кон конструктивни општествени промени. “

По распишаниот конкурс за реализација на проекти беа селектирани пет автори и уметнички групи кои во периодот мај- ноември 2022 ги реализираа своите партиципативни уметнички дела.

Проектот Места на дарежливост -трансформативни станици им овозможи на уметниците (поединци, уметнички колективи, формални и неформални групи и организации од областа на културата), активистите и активните граѓани од РМакедонија да се обединат и да приложат свои проекти кои се занимаваат со темите и проблемите во областа на:

 

● животната средина

● аниткорупцијата

● човековите права

● дискриминацијата

● социјалната правда

 

Преку овој повик сакавме да го стимулираме напуштањето на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.

Исто така сакаме да развиеме комуникација за проблемите со публиката и пошироката јавност преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите; мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството ќе создаде партнерства и ќе воспостави органски врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.

Пошироката јавност преку овие проекти ќе се запознае повеќе не само со социјално ангажираната пракса туку и со потенцијалите на овој вид на уметничка пракса да направи промени во заедницата и да делува во подигање на свеста за темите и проблемите во областа на:

 

● животната средина

● аниткорупцијата

● човековите права

● дискриминацијата

● социјалната правда

The post Групна изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ од вечерва во КП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>

КЦП Центар-Јадро вечерва со почеток во 20 часот ја отвора на групната изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ (ЛИНК) на која ќе бидат претставени проектите: „Создаваме град, градиме иднина“! на Културно ЕХО „Човеколики неволи“ на Ивана Мирчевска „Заедно дишеме“на Симона Манчева „Добро.Подобро.ЧИСТО!“ на Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски „Лета, лета, Локубија“ на Елена Чемерска ЗА ПРОЕКТОТ „Места на дарежливост -трансформативни станици“  
Земајќи го предвид фактот дека уметниците во нашата земја работат и делуваат во затворени кругови на реципиенти на нивната продукција и тоа дека тие низ своите проекти не делуваат доволно во насока на развивање на уметнички содржини што би имале поголем социјален импакт во општеството, преку проектот „Места на дарежливост -трансформативни станици“ сакавме да создадеме простор за поттикнување на креативните потенцијали кај уметниците и другите целни групи користејќи нови методологии, тактики и вештини кои се поврзани со социјално ангажираната уметност со цел да се овозможи успешно активно делување и проактивност на заедницата во насока на отварање и решавање на проблеми и прашања на микро ниво. Уметноста има сѐ поголема улога при воведувањето на политичките и социјалните прашања во јавната сфера. Уметноста со своите средства и можности ја развива стратегијата за свесна етичка политика во уметничката продукција. Денес ова може да се дефинира со создавање на заедништво преку заедничко авторство и со еманципациски потенцијал на колективните методи, како основа за уметничкото творештво – нешто што ги надминува различните нивоа на класа, пол, образование, професии, социјална и политичка наобразба и животно искуство. Нешто што нѐ истиснува од зоната на удобност. Без оглед на гео-политичкиот аспект, знакот на уметничката ориентација кон општественото односно политичкото е некаков заеднички склоп на желби, за да се одврзе традиционалната врска помеѓу уметничкиот предмет, уметникот и публиката. Во контекст на партиципативната уметност, уметникот се оддалечува од идејата на индивидуален продуцент и повеќе се придвижува кон идејата на некој кој создава услови за реализација на уметничко дело. Ова може да се дефинира како еден вид на социјален преврат, кој во својот есеј „Социјален пресврт: Соработка и нејзините задоволства“ крајно прецизно го дефинира историчарката на уметност Клер Бишоп. „Уметноста, која може да се разбере во контекст на идејата за општествен пресврт, обично се случува надвор од музеите односно галериите. Овие проекти обично се во соработка односно се партиципативни и се насочени кон конструктивни општествени промени. “ По распишаниот конкурс за реализација на проекти беа селектирани пет автори и уметнички групи кои во периодот мај- ноември 2022 ги реализираа своите партиципативни уметнички дела. Проектот Места на дарежливост -трансформативни станици им овозможи на уметниците (поединци, уметнички колективи, формални и неформални групи и организации од областа на културата), активистите и активните граѓани од РМакедонија да се обединат и да приложат свои проекти кои се занимаваат со темите и проблемите во областа на:   ● животната средина ● аниткорупцијата ● човековите права ● дискриминацијата ● социјалната правда   Преку овој повик сакавме да го стимулираме напуштањето на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката. Исто така сакаме да развиеме комуникација за проблемите со публиката и пошироката јавност преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите; мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството ќе создаде партнерства и ќе воспостави органски врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници. Пошироката јавност преку овие проекти ќе се запознае повеќе не само со социјално ангажираната пракса туку и со потенцијалите на овој вид на уметничка пракса да направи промени во заедницата и да делува во подигање на свеста за темите и проблемите во областа на:   ● животната средина ● аниткорупцијата ● човековите права ● дискриминацијата ● социјалната правда

The post Групна изложба „Места на дарежливост -трансформативни станици“ од вечерва во КП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>
Работилница за партиципативна уметност со визуелната уметница Андреја Кулунчиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rabotilnica-za-participativna-umetnost-so-vizuelnata-umetnica-andreja-kulunchikj/ Wed, 26 Oct 2022 10:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=565813

Од 28.10.2022 до 02.11.2022, КСП Центар Јадро, организира работилница за партиципативна уметност со визуелната уметница Андреја Кулунчиќ.

Цел на работилницата:
◾️На работилницата ќе се разговара и работи во насока на разбирање на општествено ангажираната практика како медиум за создавање на уметничко дело.
◾️Ќе се бараат/лоцираат невралгичните точки во современиот општествен живот како потенцијални теми за креација на уметнички дела како и изнаоѓање на медиуми за соодветна социјална практика за создавање на делата.
◾️Ќе се разговара за употребата на медиумите кои директно му се обраќаат на гледачот без користење на галериите како посредници, на пример, присвојувањето на медиумскиот простор за уметничка работа како што се весниците, билбордите и "city light" постерите, уличните акции, колаборативните проекти, интернетот итн.
◾️Работилницата ќе се фокусира на разработката на идеите на учесниците.
---------------------------------------------
За кого е наменета работилницата?
◾️работилницата е наменета за сите мотивирани, локални визуелни уметници кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност
◾️ работилницата е наменета и за сите мотивирани, локални уметници од разни уметнички дисциплини кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност
◾️ работилницата е наменета за антрополози, филозофи и социолози кои сакаат да ги зголемат своите знаења за социјално ангажираната уметност и кои што преку ова искуство би влегле во понатамошни заеднички проекти со уметници
◾️работилницата е наменета за сите кои сакаат да научат како да ја аплицираат својата уметност надвор од музеите и галериите
◾️Работилницата е наменета за возрасни, над 23 години.
---------------------------------------------
Линк за пријава 👉https://forms.gle/1UMe2MaBfv6KKCju5
---------------------------------------------

 

Андреја Кулунчиќ е визуелна уметница која ги доведува во прашање различните аспекти на општествените односи и општествената практика во нејзините дела. Таа е заинтересирана за општествено ангажирани теми, соочувањето со различни публики и соработка во колективни проекти. Низ своите проекти воспоставува свои интердисциплинарни мрежи, доживувајќи ја уметничката работа како истражување, процес на соработка (ко-креација) и самоорганизација. Честопати бара публиката активно да соработува и да го „заврши“ делото. Во процесот на создавање на делата често го користи мултидисциплинарниот пристап, во кој специфичните уметнички вештини се надополнуваат со комплементарни вештини од други области. Учествувала на важни меѓународни изложби како што се: Documenta11 (Касел, Германија), Manifesta4 (Франкфурт/Мајна, Германија), 8-то Истанбулско биенале (Турција), Американскиот ефект (Музејот на американската уметност Витни, Њујорк), 10-то триенале на Индија, Биенале во Ливерпул (Велика Британија), Ден на трудот (П.С.1, Њујорк). Живее во Загреб, каде што предава на Академијата за ликовни уметности, насока Нови медиуми.
Веб-страница: www.andreja.info

The post Работилница за партиципативна уметност со визуелната уметница Андреја Кулунчиќ appeared first on Република.

]]>

Од 28.10.2022 до 02.11.2022, КСП Центар Јадро, организира работилница за партиципативна уметност со визуелната уметница Андреја Кулунчиќ. Цел на работилницата: ◾️На работилницата ќе се разговара и работи во насока на разбирање на општествено ангажираната практика како медиум за создавање на уметничко дело. ◾️Ќе се бараат/лоцираат невралгичните точки во современиот општествен живот како потенцијални теми за креација на уметнички дела како и изнаоѓање на медиуми за соодветна социјална практика за создавање на делата. ◾️Ќе се разговара за употребата на медиумите кои директно му се обраќаат на гледачот без користење на галериите како посредници, на пример, присвојувањето на медиумскиот простор за уметничка работа како што се весниците, билбордите и "city light" постерите, уличните акции, колаборативните проекти, интернетот итн. ◾️Работилницата ќе се фокусира на разработката на идеите на учесниците. --------------------------------------------- За кого е наменета работилницата? ◾️работилницата е наменета за сите мотивирани, локални визуелни уметници кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност ◾️ работилницата е наменета и за сите мотивирани, локални уметници од разни уметнички дисциплини кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност ◾️ работилницата е наменета за антрополози, филозофи и социолози кои сакаат да ги зголемат своите знаења за социјално ангажираната уметност и кои што преку ова искуство би влегле во понатамошни заеднички проекти со уметници ◾️работилницата е наменета за сите кои сакаат да научат како да ја аплицираат својата уметност надвор од музеите и галериите ◾️Работилницата е наменета за возрасни, над 23 години. --------------------------------------------- Линк за пријава 👉https://forms.gle/1UMe2MaBfv6KKCju5 ---------------------------------------------   Андреја Кулунчиќ е визуелна уметница која ги доведува во прашање различните аспекти на општествените односи и општествената практика во нејзините дела. Таа е заинтересирана за општествено ангажирани теми, соочувањето со различни публики и соработка во колективни проекти. Низ своите проекти воспоставува свои интердисциплинарни мрежи, доживувајќи ја уметничката работа како истражување, процес на соработка (ко-креација) и самоорганизација. Честопати бара публиката активно да соработува и да го „заврши“ делото. Во процесот на создавање на делата често го користи мултидисциплинарниот пристап, во кој специфичните уметнички вештини се надополнуваат со комплементарни вештини од други области. Учествувала на важни меѓународни изложби како што се: Documenta11 (Касел, Германија), Manifesta4 (Франкфурт/Мајна, Германија), 8-то Истанбулско биенале (Турција), Американскиот ефект (Музејот на американската уметност Витни, Њујорк), 10-то триенале на Индија, Биенале во Ливерпул (Велика Британија), Ден на трудот (П.С.1, Њујорк). Живее во Загреб, каде што предава на Академијата за ликовни уметности, насока Нови медиуми. Веб-страница: www.andreja.info

The post Работилница за партиципативна уметност со визуелната уметница Андреја Кулунчиќ appeared first on Република.

]]>
Изложбата „Пикторијализам“ на Јана Луловска и Сашо Алушевски во КСП Центар-Јадро https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-piktorijalizam-na-jana-lulovska-i-sasho-alushevski-vo-ksp-centar-jadro/ Mon, 16 May 2022 11:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=502888

На 16 мај, 2022, во 20 часот, во КСП Центар-Јадро е отворањето на изложбата „Пикторијализам“ на Јана Луловска и Сашо Алушевски.

На изложбата „Пикторијализам“, Јана Луловска и Сашо Алушевски презентираат триесетина фотографии. Следејќи ги начелата на пикторијализмот (историски уметничкофотографски стил во кој фотографот ја ‘манипулира’ фотографијата за да создаде уметничко дело) изложените дела се ‘меки’ и ‘тактилни’. Изработени во една од постарите и денес ретко употребувани техники, цијанотипија, заедничко за фотографиите на двајцата автори е основната желба нивните дела да ја разбудат имагинацијата на гледачот и да ја прикажат убавината на природата која човекот се повеќе ја занемарува.

Емотивното, сугестивното и монохромниот третман на избраниот мотив се сеприсутни а со изложените дела, Луловска и Алушевски јасно ни покажуваат дека фотографскиот апарат и фотограмскиот колаж се исто толку моќни алатки колку што е и сликарската четкичка, а воедно и дека цијанотипијата и фотограмијата се уметнички техники што можат да ја инспирираат нашата фантазија.

Јана Луловска е мултимедијален уметник. Завршила додипломски студии на Националната Академија за Театарска и Филмска Уметност„Крсто Сарафов”, во Софија, Бугарија, специјализација уметничка и применета фотографија. Имала самостојни изложби во Македонија, Бугарија, САД и учествувала на повеќе групни изложби во Македонија, САД, Бугарија, Грција, Белгија, Италија, Хрватска. Учествувала на интернационални резиденции и креативни работилници во Македонија и странство. Во својата работа Луловска се фокусира на темите феминизам, екологија и природа, слободно изразување/граѓанско општество, психологија, емоционалност, перцепција, свесност, култура, филозофија, наука. Во моментов таа работи на женското наследство, животна средина/екологија и инклузивност.

Сашо Алушевски живее во Скопје, Македонија. Го интересираат формите на експресија. Тотален меланколик. Или сангвиник? Зависи во каков момент ќе го фатите. Внатрешната навигација му се раководи од месечината. Понекогаш фотографира. Прв македонски фотограф кој систематски ги негува благородните фотографски процеси. Во длабока врска со темната уметност- колодиумската фотографија. Вели дека подобро готви отколку што фотографира. Често се наоѓа во контексти на размена на знаења, искуства и вештини. Убеден е дека целата вселена е игра или шега. Животот му е едно фаустовско клише, но тој вели дека е клацкање помеѓу алтер егата на Хомер Симсон и Хаклбери Фин. Се чувствува глупо да пишува за себе во трето лице. Учествувал на над 80 групни изложби во светот и често е наградуван. Имал девет самостојни поставки.

The post Изложбата „Пикторијализам“ на Јана Луловска и Сашо Алушевски во КСП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>

На 16 мај, 2022, во 20 часот, во КСП Центар-Јадро е отворањето на изложбата „Пикторијализам“ на Јана Луловска и Сашо Алушевски. На изложбата „Пикторијализам“, Јана Луловска и Сашо Алушевски презентираат триесетина фотографии. Следејќи ги начелата на пикторијализмот (историски уметничкофотографски стил во кој фотографот ја ‘манипулира’ фотографијата за да создаде уметничко дело) изложените дела се ‘меки’ и ‘тактилни’. Изработени во една од постарите и денес ретко употребувани техники, цијанотипија, заедничко за фотографиите на двајцата автори е основната желба нивните дела да ја разбудат имагинацијата на гледачот и да ја прикажат убавината на природата која човекот се повеќе ја занемарува. Емотивното, сугестивното и монохромниот третман на избраниот мотив се сеприсутни а со изложените дела, Луловска и Алушевски јасно ни покажуваат дека фотографскиот апарат и фотограмскиот колаж се исто толку моќни алатки колку што е и сликарската четкичка, а воедно и дека цијанотипијата и фотограмијата се уметнички техники што можат да ја инспирираат нашата фантазија. Јана Луловска е мултимедијален уметник. Завршила додипломски студии на Националната Академија за Театарска и Филмска Уметност„Крсто Сарафов”, во Софија, Бугарија, специјализација уметничка и применета фотографија. Имала самостојни изложби во Македонија, Бугарија, САД и учествувала на повеќе групни изложби во Македонија, САД, Бугарија, Грција, Белгија, Италија, Хрватска. Учествувала на интернационални резиденции и креативни работилници во Македонија и странство. Во својата работа Луловска се фокусира на темите феминизам, екологија и природа, слободно изразување/граѓанско општество, психологија, емоционалност, перцепција, свесност, култура, филозофија, наука. Во моментов таа работи на женското наследство, животна средина/екологија и инклузивност. Сашо Алушевски живее во Скопје, Македонија. Го интересираат формите на експресија. Тотален меланколик. Или сангвиник? Зависи во каков момент ќе го фатите. Внатрешната навигација му се раководи од месечината. Понекогаш фотографира. Прв македонски фотограф кој систематски ги негува благородните фотографски процеси. Во длабока врска со темната уметност- колодиумската фотографија. Вели дека подобро готви отколку што фотографира. Често се наоѓа во контексти на размена на знаења, искуства и вештини. Убеден е дека целата вселена е игра или шега. Животот му е едно фаустовско клише, но тој вели дека е клацкање помеѓу алтер егата на Хомер Симсон и Хаклбери Фин. Се чувствува глупо да пишува за себе во трето лице. Учествувал на над 80 групни изложби во светот и често е наградуван. Имал девет самостојни поставки.

The post Изложбата „Пикторијализам“ на Јана Луловска и Сашо Алушевски во КСП Центар-Јадро appeared first on Република.

]]>