козметика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozmetika/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Mar 2023 10:08:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png козметика Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozmetika/ 32 32 Козметиката која е одржлива, не тестира на животни и се грижи за природата станува сè поатрактивна https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/kozmetikata-koja-e-odrzhliva-ne-testira-na-zhivotni-i-se-grizhi-za-prirodata-stanuva-se-poatraktivna/ Fri, 03 Mar 2023 10:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=615442

Козметика која своите производи не ги тестира врз животни, се грижи за природата, се бори за заштита на околината и животните и е одржлива станува сè поатрактивна и повеќе барана. Важно е како е направен кремот за лице, шампонот за коса, млекото за тело. Какви производи се користени, дали се нарушени етичките норми во создавањето, дали трговијата е фер? И уште поважно е дека амбалажата може да се реупотреби, повторно да се наполни и со тоа да се спречи да се создава отпад.

За овие прашања се говореше на дебатата „Убавина што носи промени“, која беше организирана по повод отворањето на британскиот козметички бренд The Body Shop, кому му се важни човековите права, инклузивноста и заштитата на животните и планетата.

Индустријата за разубавување е посочена како еден од актерите кои мора од корен да се променат во борбата со климатските промени за да биде поодржлива и да остава помал отпечаток врз околината и живиот свет.

Модераторката на настанот, Ана Јовковска ги отвори прашањата околу изборот на продукти за секојдневна употреба како и за тоа дека секој човек може да има влијание врз промените.

Сите можеме да имаме влијание врз промените ако користиме производи направени од состојки добиени со фер-трговија со заедниците, што значи дека се добиени на одржлив начин или директно од производителите кои се платени фер, без користење детски труд, вели Јовковска.

Таа додаде дека секој може да избере да не користи амбалажа за една употреба за производите што ги користиме секојдневно.

Важно е да се говори за промените во општеството, за отпадот, за тестирањето врз животни, за грижата за себе, го сведочевме маршот на убавината. Ваквите дебати се повеќе од потребни во времето во кое живееме, рече музичарката Леана Таќи.

Современото општество наметнува високи и нереални стандарди за убавината. На трибината се говореше и за козметиката како ритуал на љубов кон себеси. Новинарката Марија Атанасовска зборуваше за достоинственото стареење.

Се почесто сме сведоци за прекрасни жени кои одбираат да не ја бојат косата, но тоа не значи дека тие се занемаруваат себе. Напротив, се негуваат соодветно на својата возраст и избираат достоинствено да стареат, и тоа е љубов кон себе, вели Атанасовска.

The post Козметиката која е одржлива, не тестира на животни и се грижи за природата станува сè поатрактивна appeared first on Република.

]]>

Козметика која своите производи не ги тестира врз животни, се грижи за природата, се бори за заштита на околината и животните и е одржлива станува сè поатрактивна и повеќе барана. Важно е како е направен кремот за лице, шампонот за коса, млекото за тело. Какви производи се користени, дали се нарушени етичките норми во создавањето, дали трговијата е фер? И уште поважно е дека амбалажата може да се реупотреби, повторно да се наполни и со тоа да се спречи да се создава отпад. За овие прашања се говореше на дебатата „Убавина што носи промени“, која беше организирана по повод отворањето на британскиот козметички бренд The Body Shop, кому му се важни човековите права, инклузивноста и заштитата на животните и планетата. Индустријата за разубавување е посочена како еден од актерите кои мора од корен да се променат во борбата со климатските промени за да биде поодржлива и да остава помал отпечаток врз околината и живиот свет. Модераторката на настанот, Ана Јовковска ги отвори прашањата околу изборот на продукти за секојдневна употреба како и за тоа дека секој човек може да има влијание врз промените.