Козма и Дамјан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozma-i-damjan/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jul 2024 09:47:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Козма и Дамјан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozma-i-damjan/ 32 32 Православните верници ги слават браќата Козма и Дамјан: Денеска никако не правете го ова https://arhiva3.republika.mk/zivot/pravoslavnite-vernitsi-gi-slavat-brakata-kozma-i-damjan-deneska-nikako-ne-pravete-go-ova/ Sun, 14 Jul 2024 11:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=796616

Денес, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари.

Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен.

Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“.

Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството.

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Обичаи

Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот.

По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

The post Православните верници ги слават браќата Козма и Дамјан: Денеска никако не правете го ова appeared first on Република.

]]>

Денес, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари. Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен. Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“. Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството. Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме… Обичаи Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот. По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

The post Православните верници ги слават браќата Козма и Дамјан: Денеска никако не правете го ова appeared first on Република.

]]>
Денеска се празнуваат светите браќа Козма и Дамјан, празник на големите господови лекари https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/deneska-se-praznuvaat-svetite-braka-kozma-i-damjan-praznik-na-golemite-gospodovi-lekari/ Fri, 14 Jul 2023 05:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=661094

Светите бесребреници Козма и Дамјан

Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот Карин. Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети браќа оковани во синџири. По долго испрашување царот им нареди да се одречат од Христа, а да им принесат жртви на идолите. Но Козма и Дамјан не само што не го послушаа царот туку уште и му посоветуваа и самиот да отстапи од мртвите идоли и да Го признае единствениот вистински Бог. „Нашиот Бог не е создаден, туку е Создател на с ? , а вашите богови се човечки измислици и дела од рацете на уметниците. И да ги немаше уметниците да ви ги направат тие богови, вие не би имале пред што да се поклонувате.“ После чудото извршено над самиот цар – бидејќи чудесно го исцелија од една тешка мака – царот и самиот ја изјави својата вера во Христа и ги пушти браќата во мир. А тие продолжија да Го слават Господа и да исцелуваат болни, а и самите беа од народот прославувани на сите страни. Им позавиде на славата еден лекар, којшто некогаш им беше учител и под изговор заедно да појдат да берат лековити билки ги однесе в планина, па ги уби со камења. Чесно пострадаа за верата Христова во 284 година. Нивниот спомен остана траен во Црквата на земјата, а душите им се преселија во Царството Божјо, за да живеат вечно во слава и радост.

Тропар
Свети бесребреници и чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги болестите наши: бесплатно примивте, бесплатно дајте ни.

Кондак
Откако примивте благодат на исцеленија, им давате здравје на оние што се во неволји, лекари и преславни чудотворци; но со вашата посета ја поразивте и дрскоста на воинствениците, исцелувајќи го светот со чудеса.

Преподобниот патрициј Петар

Овој светител беше цариградски благородник и војвода во времето на царот Никифор. Во една од војните со Бугарите царот Никифор беше убиен, а Петар со педесетмина грчки војводи и кнезови беше заробен и фрлен во затвор. Од затворот чудесно го ослободи Свети Јован Богослов. Тогаш тој ја презре целата светска слава, си ги остави жената и синот и се оддалечи на гората Олимп, каде што како монах и ученик на Свети Јоаникиј Велики се подвизуваше триесет и четири години. После смртта на жена му и на син му, се насели во Цариград, каде што во пост и во молитва помина уште осум години и се упокои во Господа во 865 година, во седумдесет и седмата година од неговиот живот.

Тропар
Чистотата на верата во тебе, оче преподобен Петре, те удостои на застапништво од Јован Богословот, а водител доби во ликот на Јоаникиј Великиот, кој во живот врлински те воведе, каде Христов подвижник постана, кој и денес се моли за оние кои кон него припаѓаат и Бога Го прославуваат.

Светиот маченик Потит

Тринаесетгодишно момче родум од Сардинија. Претрпе многу маки за Христа и од татко му и од гонителите на христијанството. Убиен е со меч во времето на царот Антонин (138 г. – 161 г.). Претходно ја исцели и ја крсти царевата ќерка Агнија.

Тропар
Кој може убавината на венецот твој да ја искаже, Потите свет Христов мачениче: искален од благодатта Господова, накитен со ревноста за верата, исплетен во огнот на трпението. Радувај се, Божји младенецу и за нас моли се, зашто преку тебе Христос светот го прослави и верата во мноштво народ заблеска.

The post Денеска се празнуваат светите браќа Козма и Дамјан, празник на големите господови лекари appeared first on Република.

]]>

Светите бесребреници Козма и Дамјан Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим царуваше царот Карин. Пред него гонителите на христијанството ги доведоа овие свети браќа оковани во синџири. По долго испрашување царот им нареди да се одречат од Христа, а да им принесат жртви на идолите. Но Козма и Дамјан не само што не го послушаа царот туку уште и му посоветуваа и самиот да отстапи од мртвите идоли и да Го признае единствениот вистински Бог. „Нашиот Бог не е создаден, туку е Создател на с ? , а вашите богови се човечки измислици и дела од рацете на уметниците. И да ги немаше уметниците да ви ги направат тие богови, вие не би имале пред што да се поклонувате.“ После чудото извршено над самиот цар – бидејќи чудесно го исцелија од една тешка мака – царот и самиот ја изјави својата вера во Христа и ги пушти браќата во мир. А тие продолжија да Го слават Господа и да исцелуваат болни, а и самите беа од народот прославувани на сите страни. Им позавиде на славата еден лекар, којшто некогаш им беше учител и под изговор заедно да појдат да берат лековити билки ги однесе в планина, па ги уби со камења. Чесно пострадаа за верата Христова во 284 година. Нивниот спомен остана траен во Црквата на земјата, а душите им се преселија во Царството Божјо, за да живеат вечно во слава и радост. Тропар Свети бесребреници и чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги болестите наши: бесплатно примивте, бесплатно дајте ни. Кондак Откако примивте благодат на исцеленија, им давате здравје на оние што се во неволји, лекари и преславни чудотворци; но со вашата посета ја поразивте и дрскоста на воинствениците, исцелувајќи го светот со чудеса. Преподобниот патрициј Петар Овој светител беше цариградски благородник и војвода во времето на царот Никифор. Во една од војните со Бугарите царот Никифор беше убиен, а Петар со педесетмина грчки војводи и кнезови беше заробен и фрлен во затвор. Од затворот чудесно го ослободи Свети Јован Богослов. Тогаш тој ја презре целата светска слава, си ги остави жената и синот и се оддалечи на гората Олимп, каде што како монах и ученик на Свети Јоаникиј Велики се подвизуваше триесет и четири години. После смртта на жена му и на син му, се насели во Цариград, каде што во пост и во молитва помина уште осум години и се упокои во Господа во 865 година, во седумдесет и седмата година од неговиот живот. Тропар Чистотата на верата во тебе, оче преподобен Петре, те удостои на застапништво од Јован Богословот, а водител доби во ликот на Јоаникиј Великиот, кој во живот врлински те воведе, каде Христов подвижник постана, кој и денес се моли за оние кои кон него припаѓаат и Бога Го прославуваат. Светиот маченик Потит Тринаесетгодишно момче родум од Сардинија. Претрпе многу маки за Христа и од татко му и од гонителите на христијанството. Убиен е со меч во времето на царот Антонин (138 г. – 161 г.). Претходно ја исцели и ја крсти царевата ќерка Агнија. Тропар Кој може убавината на венецот твој да ја искаже, Потите свет Христов мачениче: искален од благодатта Господова, накитен со ревноста за верата, исплетен во огнот на трпението. Радувај се, Божји младенецу и за нас моли се, зашто преку тебе Христос светот го прослави и верата во мноштво народ заблеска.

The post Денеска се празнуваат светите браќа Козма и Дамјан, празник на големите господови лекари appeared first on Република.

]]>
Напомош да е денот, ги славиме Козма и Дамјан https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/napomosh-da-e-denot-gi-slavime-kozma-i-damjan/ Thu, 14 Jul 2022 07:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=528457

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан.

Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година.

Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат.

Исто така на овој ден болните даваат завет на Светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето.

Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните.

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. БСе упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

На денешен ден, по народното верување не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.
Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

The post Напомош да е денот, ги славиме Козма и Дамјан appeared first on Република.

]]>

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан. Браќата Козма и Дамјан потекнуваа од Рим. Беа крстени уште во детството и воспитани во христијански дух. Господ им даде таква благодат што лечеа со обично положување на раце. И тоа лечеа не само луѓе, туку и животни. Со сила. Не со лекарства. А се држеа до зборовите на Спасителот: бесплатно добивте, бесплатно давајте, па за тој свој труд не сакаа да примат плата од луѓето. Дури, кога го наследија големиот имот од родителите, го раздадоа на сиромашни. Овие беспрекорни образи на православната христијанска светост пострадаа од зависта на некој нивен поранешен ученик, кој ги повика во планина божем да собираат лековити билки, а ги уби со камења. Пострадаа во 284 година. Овие светци се сметаат за заштитиници на лекарите. Се верува дека браќата чудотворци ги лечат болните кои искрено ќе им се помолат. Исто така на овој ден болните даваат завет на Светите Козма и Дамјан дека посебно ќе ги слават по оздравувањето. Обичај е и здравите луѓе на овој ден да се помолат на Бог и светците за здравје на ближните. Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование. Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. БСе упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите. На денешен ден, по народното верување не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

The post Напомош да е денот, ги славиме Козма и Дамјан appeared first on Република.

]]>