козјак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozjak/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 10:14:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png козјак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozjak/ 32 32 Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/manastirot-prohor-pchinski-bezbeden-pozharot-na-planinata-kozjak-se-gasne-so-helikopteri/ Wed, 31 Jul 2024 10:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=801947

Хеликоптери на МВР на Србија во моментов го гаснат пожарот што гори на планината Козјак над манастирот Прохор Пчињски. Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот, јави дописникот на МИА од Белград.

Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот што веќе неколку дена беснее на планината Козјак, во чие подножје се наоѓа ова православно светилиште. Пожарот од манастирот е оддалечен околу 2 километри воздушна линија, а 15 километри територијално, изјави за порталот Бујановачке, Бранимир Стојанчиќ од организацијата Предел со извонредни карактеристики на Пчињската долина (ПИО).

Стојанчиќ кажа дека пожарот од Македонија, каде што гори од неделата, во вторникот се проширил на територијата на Србија, поточно општина Бујановац, но дека среќна околност е што пожарот гори на врвовите на Козјак, далеку од населбата и самиот манастир.

Тој додаде дека службата ПИО уште порано оспособила планински патишта што сега многу им ја олеснува работата на пожарникарите и спасувачите на терен.

Во гаснењето на пожарот учествуваат десет наши луѓе. Денеска очекуваме хеликоптери, кои вчера ја надлетуваа областа. Голема штета е што гори квалитетна шума, изјави Стојанчиќ.

Синоќа вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денеска два хеликоптери на Хеликоптерската единица на МВР ќе го гаснат пожарот што се прошири од Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски.

Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац, изјави министерот Дачиќ.

The post Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери appeared first on Република.

]]>

Хеликоптери на МВР на Србија во моментов го гаснат пожарот што гори на планината Козјак над манастирот Прохор Пчињски. Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот, јави дописникот на МИА од Белград. Манастирскиот комплекс е безбеден од пожарот што веќе неколку дена беснее на планината Козјак, во чие подножје се наоѓа ова православно светилиште. Пожарот од манастирот е оддалечен околу 2 километри воздушна линија, а 15 километри територијално, изјави за порталот Бујановачке, Бранимир Стојанчиќ од организацијата Предел со извонредни карактеристики на Пчињската долина (ПИО). Стојанчиќ кажа дека пожарот од Македонија, каде што гори од неделата, во вторникот се проширил на територијата на Србија, поточно општина Бујановац, но дека среќна околност е што пожарот гори на врвовите на Козјак, далеку од населбата и самиот манастир. Тој додаде дека службата ПИО уште порано оспособила планински патишта што сега многу им ја олеснува работата на пожарникарите и спасувачите на терен. Во гаснењето на пожарот учествуваат десет наши луѓе. Денеска очекуваме хеликоптери, кои вчера ја надлетуваа областа. Голема штета е што гори квалитетна шума, изјави Стојанчиќ. Синоќа вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека денеска два хеликоптери на Хеликоптерската единица на МВР ќе го гаснат пожарот што се прошири од Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски. Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац, изјави министерот Дачиќ.

The post Манастирот Прохор Пчињски безбеден, пожарот на планината Козјак се гасне со хеликоптери appeared first on Република.

]]>
Спасен маж кој добил срцеви провлеми додека сам рибарел на Козјак https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spasen-mazh-koj-dobil-srtsevi-provlemi-dodeka-sam-ribarel-na-kozjak/ Thu, 13 Jul 2023 07:17:30 +0000 https://republika.mk/?p=660680

Центарот за управување со кризи известува дека вчера координирал акција за спасување на риболовец кој колабирал на езерото „Козјак“.

Во периодот по 19.00 часот на Единствениот број за итни ситуации 112 е добиен повик од возрасно лице – рекреативен риболовец на езерото Козјак, коешто заради проблеми со срцето снеможело и било во животозагрозувачка ситуација. Лицето, дека имало повеќе сила, успеало да прати и дигитална локација на телефони во Скопје, а потоа не било контактибилно, известува ЦУК.

Неговата локација веќе ја имале и дежурните од Единствениот број за итни случаи 112, кога тој успеал да се јави на бројот. Неговиот телефонски број бил даден и во Итната медицинска помош, со што се имало можност и лекар да комуницира со лицето за медицински совети согласно можностите и ситуацијата.

Со брзата и професионалната интервенција на Итната медицинска помош, во содејство со Полицијата и со дежурните од „Јасен“ на пунктот „Кула“, возрасното лице во животозагрозувачка ситуација заради проблеми со срцето прво било пронајдено покрај брегот на езерото „Козјак“. Затоа, во тој период на интервенција за спасување на лицето, бил прекинат патот со времен режим на сообрќај, освен за Медицински тимови. Инаку, во попладневниот и вечерен период патот низ ЈП „Јасен“ е отворен само за сообраќај во еден правец – кон Скопје, а наутро од Скопје кон езерото. Медицинскиот тим од Итна медицинска помош на лице место го згрижил пациентот и со болничко возило се упатил прво кон Општа болница во Прилеп, а потоа, согласно медицинската проценка, со медицинско болничко возило и лекарски надѕор, било упатено кон Клиниката за кардиологија во Скопје, нагласува ЦУК.

Според, последните информации кои се добиени во ЦУК, риболовецот сега е во контактибилна состојба. Од таму на граѓаните им порачуваат внимателно престојување во природа, со полна батерија на мобилниот телефон, да се носи вода и други течности со себе, како и да се има заштита од сонце во овој период на топли температури.

The post Спасен маж кој добил срцеви провлеми додека сам рибарел на Козјак appeared first on Република.

Скопјанец ограбил чамец на Козјак https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanec-ograbil-chamec-na-kozjak/ Fri, 22 Apr 2022 12:00:14 +0000 https://republika.mk/?p=492244

На 21.04.2022 во 15.20 часот во Скопје од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода во рамки на Единицата за внатрешни работи Кисела Вода при СВР Скопје е лишен од слобода Д.Д.(22) од Скопје, за кого била распишана потерница, со која се барал поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, казниво по чл.236 од Кривичниот законик.

Тој на 22/23.05.2021 од чамец на езерото Козјак одзел мотор, разна риболовна опрема и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Д.Д. бил приведен во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

The post Скопјанец ограбил чамец на Козјак appeared first on Република.

]]>

На 21.04.2022 во 15.20 часот во Скопје од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода во рамки на Единицата за внатрешни работи Кисела Вода при СВР Скопје е лишен од слобода Д.Д.(22) од Скопје, за кого била распишана потерница, со која се барал поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“, казниво по чл.236 од Кривичниот законик. Тој на 22/23.05.2021 од чамец на езерото Козјак одзел мотор, разна риболовна опрема и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист. Д.Д. бил приведен во полициска станица, со него бил извршен службен разговор и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

The post Скопјанец ограбил чамец на Козјак appeared first on Република.

]]>