кожа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozha/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Nov 2023 07:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png кожа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/kozha/ 32 32 Oвие намирници и штетат на кожата https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/ovie-namirnitsi-i-shteta-na-kozhata/ Sat, 25 Nov 2023 12:37:46 +0000 https://republika.mk/?p=716055

Некои велат: „Ти си тоа што јадеш“, па се чини, многу медицински стручњаци се согласуваат со таа изрека, нагласувајќи ја директната врска меѓу исхраната и здравствената состојба на кожата, косата и ноктите.

Како што стареат, кај луѓето се забележуваат знаци на слабеење и опаѓање на косата. Проретчената коса може да биде предизвикана и од други причини - генетика, недостатоци во исхраната, па дури и надворешни фактори како што е стилизирањето. Но, и одредени видови храна може да предизвикаат проблеми со кожата и косата, па нутриционистите истакнуваат дека треба да се биде внимателен, на пр., со белиот леб.

Тоа, се вели, ако се јаде одвреме-навреме, нема веднаш да предизвика опаѓање на косата, но ако во исхрана нема есенцијални хранливи материи како рибофлавин, биотин, фолати и витамин Б-12 и се јаде претежно преработена храна, тоа не ѝ прави никаква услуга на косата.

Освен бел леб, и тестенините и оризот имаат висок гликемиски индекс, што може да предизвика воспаление и да доведе до сувост и пукање на косата.

Натаму - чипсот е познат по високата количина сол, а содржи и значително многу шеќер. Кога има вишок сол и гликоза во телото, тоа им пречи на протеините колаген и еластин, коишто ѝ даваат цврстина и еластичност на кожата.

Високиот внос на шеќер и сол ги стврднува протеините на кожата, правејќи ја послаба, потенка и помалку хидрирана. А сувата кожа е поподложна на чести воспаленија, црвенило, отоци и предвремени брчки. Според тоа, воопшто, солената конзервирана храна треба да се остави на полиците на продавниците ако целта е блескава, здрава и сјајна кожа.

Солената храна го дехидрира телото, што предизвикува кожата да лачи повеќе маснотии. Конзервираната храна содржи и многу состојки и намирници непогодни за кожа склона кон акни.

За млечните производи, исто така, научните истражувања покажуваат дека влијаат на лачењето маснотии во самата кожа. Иако внесувањето витамин Д и калциум е од суштинско значење за целокупното здравје, нутриционистите предупредуваат дека прекумерното јадење млечни производи може да предизвика прекумерно помрсна кожа и коса

The post Oвие намирници и штетат на кожата appeared first on Република.

]]>

Некои велат: „Ти си тоа што јадеш“, па се чини, многу медицински стручњаци се согласуваат со таа изрека, нагласувајќи ја директната врска меѓу исхраната и здравствената состојба на кожата, косата и ноктите. Како што стареат, кај луѓето се забележуваат знаци на слабеење и опаѓање на косата. Проретчената коса може да биде предизвикана и од други причини - генетика, недостатоци во исхраната, па дури и надворешни фактори како што е стилизирањето. Но, и одредени видови храна може да предизвикаат проблеми со кожата и косата, па нутриционистите истакнуваат дека треба да се биде внимателен, на пр., со белиот леб. Тоа, се вели, ако се јаде одвреме-навреме, нема веднаш да предизвика опаѓање на косата, но ако во исхрана нема есенцијални хранливи материи како рибофлавин, биотин, фолати и витамин Б-12 и се јаде претежно преработена храна, тоа не ѝ прави никаква услуга на косата. Освен бел леб, и тестенините и оризот имаат висок гликемиски индекс, што може да предизвика воспаление и да доведе до сувост и пукање на косата. Натаму - чипсот е познат по високата количина сол, а содржи и значително многу шеќер. Кога има вишок сол и гликоза во телото, тоа им пречи на протеините колаген и еластин, коишто ѝ даваат цврстина и еластичност на кожата. Високиот внос на шеќер и сол ги стврднува протеините на кожата, правејќи ја послаба, потенка и помалку хидрирана. А сувата кожа е поподложна на чести воспаленија, црвенило, отоци и предвремени брчки. Според тоа, воопшто, солената конзервирана храна треба да се остави на полиците на продавниците ако целта е блескава, здрава и сјајна кожа. Солената храна го дехидрира телото, што предизвикува кожата да лачи повеќе маснотии. Конзервираната храна содржи и многу состојки и намирници непогодни за кожа склона кон акни. За млечните производи, исто така, научните истражувања покажуваат дека влијаат на лачењето маснотии во самата кожа. Иако внесувањето витамин Д и калциум е од суштинско значење за целокупното здравје, нутриционистите предупредуваат дека прекумерното јадење млечни производи може да предизвика прекумерно помрсна кожа и коса

The post Oвие намирници и штетат на кожата appeared first on Република.

]]>
Пет намирници што помагаат во намалување на целулитот https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/pet-namirnitsi-shto-pomagaat-vo-namaluvane-na-tselulitot/ Thu, 24 Aug 2023 15:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=675476

Пазарот е полн средства и производи за кожа, за кои се тврди дека го намалуваат целулитот, но доаѓаат со минимални докази за нивната делотворност, пишува „Кликс“.

Многу од овие производи може привремено да го затегнат горниот слој на кожата, велат познавачите, но не можат да го решат основниот проблем под кожата. Наместо тоа, личноста треба да се сосредоточи на здравите навики поврзани со тежината, исхраната, внесот на течности и соодветна физичка активност.

Дополнителната тежина може да го направи целулитот повидлив. Ова значи намалување на калориите онаму каде што има смисла во индивидуалниот животен стил, како што е дозирање на оброците, помалку додадено масло или помала количина шеќери во исхраната. Тоа може да значи и подобрување на рутината за вежбање со кардиоваскуларни активности и тренинг за отпорност. Следат пет намирници коишто може да помогнат во намалување на целулитот.

Боровинки

Јадењето овошје воопшто, како и зеленчукот, постојано се поврзуваат со посакуваната помала телесна тежина. Боровинките, меѓу другото, ја намалуваат и опасноста од хронични болести како што е високиот крвен притисок, објави „Европскиот журнал за нутриција“ (European Journal of Nutrition).

Леќа

Како и другите мешунки како што се грав, папуда или грашок, и леќата е одличен извор на влакна. Исто така, откриено е дека предизвикуваат и губење на тежината за луѓето кои ги консумираат редовно, се наведува во напис на американскиот „Журнал за клиничка нутриција“.

Круши

Тие се едно од овошјата со најмногу растителни влакна - просечно околу шест грама во овошка. Круката особено се препорачува исечкана па натопена во путер од кикирики, или измешана во овесна каша.

Печурки

Toa е „месото“ во растителното царство. Со својот богат вкус, печурките се ставаат во јадења со месо - обично се мешаат со пилешко или говедско месо, заради поразновиден вкус, но и да се намалат калориите.

Банани

Најчесто важат за извор на калиум - минерал поврзан со контролата на отекувањата, бидејќи има обратна врска со натриумот. Задржувањето течности поради високиот внос на сол во исхраната може да доведе до отоци коишто водат до појава на целулит.

The post Пет намирници што помагаат во намалување на целулитот appeared first on Република.

]]>

Пазарот е полн средства и производи за кожа, за кои се тврди дека го намалуваат целулитот, но доаѓаат со минимални докази за нивната делотворност, пишува „Кликс“. Многу од овие производи може привремено да го затегнат горниот слој на кожата, велат познавачите, но не можат да го решат основниот проблем под кожата. Наместо тоа, личноста треба да се сосредоточи на здравите навики поврзани со тежината, исхраната, внесот на течности и соодветна физичка активност. Дополнителната тежина може да го направи целулитот повидлив. Ова значи намалување на калориите онаму каде што има смисла во индивидуалниот животен стил, како што е дозирање на оброците, помалку додадено масло или помала количина шеќери во исхраната. Тоа може да значи и подобрување на рутината за вежбање со кардиоваскуларни активности и тренинг за отпорност. Следат пет намирници коишто може да помогнат во намалување на целулитот.

Боровинки

Јадењето овошје воопшто, како и зеленчукот, постојано се поврзуваат со посакуваната помала телесна тежина. Боровинките, меѓу другото, ја намалуваат и опасноста од хронични болести како што е високиот крвен притисок, објави „Европскиот журнал за нутриција“ (European Journal of Nutrition).

Леќа

Како и другите мешунки како што се грав, папуда или грашок, и леќата е одличен извор на влакна. Исто така, откриено е дека предизвикуваат и губење на тежината за луѓето кои ги консумираат редовно, се наведува во напис на американскиот „Журнал за клиничка нутриција“.

Круши

Тие се едно од овошјата со најмногу растителни влакна - просечно околу шест грама во овошка. Круката особено се препорачува исечкана па натопена во путер од кикирики, или измешана во овесна каша.

Печурки

Toa е „месото“ во растителното царство. Со својот богат вкус, печурките се ставаат во јадења со месо - обично се мешаат со пилешко или говедско месо, заради поразновиден вкус, но и да се намалат калориите.

Банани

Најчесто важат за извор на калиум - минерал поврзан со контролата на отекувањата, бидејќи има обратна врска со натриумот. Задржувањето течности поради високиот внос на сол во исхраната може да доведе до отоци коишто водат до појава на целулит.

The post Пет намирници што помагаат во намалување на целулитот appeared first on Република.

]]>